Вы находитесь на странице: 1из 14

Универзитет „Св.

Кирил и Методиј“ – Скопје


“Економски факултет”-Скопје

Предмет:Информациски технологии

Тема: "Е-бизнис - Технологии за пребарување-


пребарувачки машини”

Изработил: Ментор:
Баткоски Филип52442 Асс.Мијалче Санта

Скопје, Април, 2010


Содржина

Содржина. . . . . . . . . . 1

Вовед . . . . . . . . . . 2

Како работат преработувачките машини . . . . . 3

Историја на пребарувачите . . . . . 4

Најпопуларни пребарувачи – Google . . . . . 5

Македонски пребарувачи
Pogodok.com.mk . . . . . 7

Najdi.org.mk . . . . . . . . . 9

Nabu.com.mk . . . . . . . . . 11

Користена литература . . . . . . . 12

1|Page
Вовед

Глобализацијата постојано се зголемува, а светот станува едно “глобално село”.


Kоличеството на информации што луѓето ги примаат денеска е многу големо, а за тоа е
виновна интернет технологијата. Понекогаш имаме многу информации но не можеме да ја
најдеме вистинската, односно онаа која што во моментот ни е најкорисна. За таа цел е
развиена технологија за пребарување на информации и веб страници. Овие пребарувачки
машини се многу корисни за човекот и се употребуваат во голема мера. Меѓутоа светски
познатите пребарувачи како Google и Yahoo не се прилагодени на македонските зборови и
македонскиот јазик. Поради тоа во последните години во Македонија се појавија неколку
компании кој што направија пребарувачки машини кој се прилагодени на македонскиот
јазик и информациите што ни се потребни од македонските веб страници.
Целта на ова истражување е да видиме колку нашите пребарувачи се корисни,
колку Македонците ги применуваат и една мала компарација со светските пребарувачи за
да видиме во кој сегмент треба нашите пребарувачи да се подобрат. За овој труд ми
помогнаа неколку книги што ги изучувам, но најмногу материјали извлеков од интернет,
поради тоа што за ваква современа тема тука можат да се најдат најмногу информации,
впрочем најчесто користев пребарувачи како странски (Google,Yahoo…) така и
македонски (Погодок, Најди, Набу). Најголем дел, односно повеќе од половина од оваа
анализа е посветена на македонските пребарувачи.

2|Page
1.1.Како работат пребарувачките машини

Пребарувачките машини се направени за да се најдат потребните информации од


интернет. Информациите можат да бидат во форма на веб-страници, слики, информации,
музички фајлови, видео клипови и друго. Технологиите за пребарување работат со
користење на две можни стратегии. Првата стратегија подразбира користење на
специјализирани програми, наречени пајаци или роботи, за креирање индексни бази на
податоци, а втората стратегија се однесува на користење хиерархиски систем на именици.
Роботот е компјутерска програма пребарување што работи на принцип на
индексирање. Роботот може исто така да се нарече мравка, бот, црв итн. Веб роботите се
користат главно за создавање копија на сите посетени страници за подоцнежна обработка
од страна на пребарувач, која ќе ги индексира преземените страници, за да обезбеди брзо
пребарување.
Роботите или пајаците може да се користат за автоматизирање на задачи за
одржување на веб сајт, како што се проверка на линкови или потврдување на HTML код.
Исто така робтотите можат да се користат да се соберат одредени видови на информации
од веб страници, како на пример барање e-mail адреси. Роботот е еден вид софтверски
агент. Во целина тоа започнува со листа на адреси за посета, наречени семиња. Alta Vista е
систем кој ја користи оваа стратегија на пребарување. Кај технологиите за пребарување
кои користат хиерархиски систем на именици сите линкови се откриваат, проверуваат и
класифицираат, забележуваат со активно учество на човечкиот фактор. Тоа значи дека не
се конструираат автоматски од страна на пајаци. Освен со пребарување на клучни
зборови, уште една карактеристика на хиерархиски систем на именици е што нудат
разгледување на нивните содржини по области. Најпознат пребарувач кој ја користи оваа
стратегија е Yahoo. Пребарувачите на интернет постојат уште од самиот почеток на
интернетот. Сепак некои од нас се уште не знаат како да ги искористат правилно. Google,
кој моментално е еден од најпознатите и најдобри пребарувачи во светот има вградено
многу напредни можности, кои внесувајќи ги преку лентата за пребарување можат да ни
дадат моментален пристап до многу корисни информации. Кога сакаме да најдеме некоја
информација одиме на познати пребарувачи или директориуми. Тие се посебни веб
сајтови што ни помагаат да дојдеме до саканата информација. Ако го замислиме

3|Page
интернетот како една голема библиотека, пребарувачите се како библиотекар кај кого би
отишле за да ви најде некоја книга. Пребарувачите всушност се огромни индекси или бази
на податоци во кој што се наоѓаат информации за огромен број веб страни( милијарди).
Најчесто сите поголеми пребарувачи ќе ви овозможат пребарување преку нивните
директориуми, каде што сите сајтови се каталогизирани по категории каде што припаѓаат.

1.2.Историја на пребарувачите

Првото средство кое се користело за пребарување на интернет било “Archie”.


Името значи “архива” без “против” и е направено во 1990 година од Alan Emtage студент
на универзитетот Мек Гил во Монтреал.
Подоцна во 1991 година истражувањата на Марк Мек Кејхил на универзитетот во
Минесота доведоа до две нови пребарувачки машини, Veronika и Jughead. Исто како
Archie, тие бараа имињата на датотеките и насловите да се чуваат во Goopher индекс
системи.
Летото 1993 година биле направени првите обиди за да се направи пребарувач од
Oscar Nierstracz кој направил некоја форма на примитивен пребарувач. Истата година во
јуни е произведен веројатно првиот веб робот кој бил наречен “талкач” од Метју Греј кој
пак студирал и ги вршел истражувањата на МИТ.
Еден од првите “полн текст” пребарувачи бил “WebCrawler”, кој излегол во 1994
година. За разлика од неговите претходници “WebCrawler” користи пребарување на било
кој збор на било кој веб страница, која подоцна стана стандард за сите поголеми
пребарувачи .
После ова се појавуваа многу пребарувачи и се натпреваруваа за популарност како
на пример Magellan, Ewcite, Infoseek, Inktomi, Northern light и AltaVista. Yahoo! Бил меѓу
најпопуларните начини за луѓето да ја најдат посакуваната веб страна но тој работел на
веб директориум. Пребарувачките машини биле мета на инвестиции во доцните 90-ти.
Неколку компании направиле спектакуларни заработки и рекордни добивки што било
многу привлечно за инвеститорите.

4|Page
Некаде околу 2000 година се појави и се издигна на највисоко можно ниво
компанијата Google. Таа со програмата за иновација Page Rank постигна многу поголеми
резултати во иновациите и напредувањата од останатите пребарувачи
Првиот пребарувач што го произведе “Microsoft” бил MSN во есента 1998 година
со резултати од Inktomi. Во 2004 година Мајкрософт започна со развивање на сопствена
технологија за пребарување, со поддршка од својот веб робот наречен (MSN робот)
На 1 јуни 2009 година Мајкрософт ја лансираа ребрендираната пребарувачка машина
Bing.
Yahoo search и Мајкрософт направија договор во кој Yahoo search ќе биде
придвижуван од Мајкрософт Bing технологија.
Според “Hitbow” врвот на популарноста Google го достигнаа во декември 2008
година со (82,7%). Јули 2009 година VTA објави дека Google (78,4%) губат сообраќај кон
Baidu (8,87%) и Bing (3,17%). Уделот на пазарот на Yahoo! Searching (7,16) и AOL(0.6%)
биле исто така во опаѓање. Според Nilsen Net Ratings во САД Google имал (63,2%) удел на
пазарот во мај 2009 година. Во Народна Република Кина, Baidu имал (61,6%) удел на
пазарот за веб пребарување во јули 2009 година.

2.Најпопуларни пребарувачи
2.1.Google

Google е најпопуларниот пребарувач во светот. Основачи на овој пребарувач се


Лари Пејџ и Сергеј Брин кој што зборот Google го добиле како математички термин за 1
проследено со 100 нули. Името означува огромно количество на информации и опсегот на
Мисијата на Google – да ги организира информациите во светот и да ги направат
универзално достапни и корисни
На google.com можете да најдете информации на многу различни јазици, можете да
проверите спортски и берзански резултати, да најдете наслови на вести, слики, видео,
мапи, патенти и многу повеќе. Со универзаланата технологија на пребарување можете да
ги најдете сите овие работи, комбинирани во едно пребарување. Google започна како
пребарувач и тоа е во срцето на тоа што google го прави денес. Тие посветуваат највеќе
време на пребарувањето, повеќе од било кој друг производ во google.

5|Page
Рекламирање

Како бизнис, Google поголемиот дел од своите приходи го генерира, нудејќи им на


компаниите мерливи, ефективни и високо релевантни рекламирања. Стотици илјадници
го користат Google како место каде што можат многу успешно да се рекламираат.

Технологија
Традиционалните пребарувачи во голема мерка се потпираат на тоа колку често
зборот се појавува на веб страницата. Google користи повеќе од 200 сигнали, вклучувајќи
го и Page Rank алгоритамот, да се испита целиот линк, структурата на вебот и да се утврди
кои статии се најважни.
Page Rank технологијата ја рефлектира важноста на веб страниците со 500 милиони
променливи и 2000000000 термини. Страниците што се важни добиваат повисок Page
Rank
Се почесто се појавуваат на врвот на резултатите на пребарувањето.

Култура

Магазинот Fortune ја прогласи компанијата Google за една од 100-те надјобри


компании за вработување, и воопшто нема сомневање зошто е тоа така. Покрај огромниот
број бенефиции кој Google ги обезбедува за своите вработени се и следниве: бесплатен
автобус опремен со Wi- Fi со кој вработените од крајбрежјата на San Francisco патуваат на
работа и назад, неограничен број на денови за боледување, комплетно платени ски излети,
бесплатно јадење на работа, 5 бесплатни дежурни доктори, бесплатни вакцини против
грип, олимписки базени, бесплатно менување на масло и перење на автомобилите, терени
за ракомет и тенис, организирани забави, користење на машини за перење и сушење
бесплатен прашок и омекнувач, маси за пинг понг и мал фудбал, како и бесплатни
предавања од познати и еминентни предавачи. За најголем дел од работниците најценети
се токму бесплатните оброци. Помеѓу бенефициите неизбежно е да се спомнат и 1200-те

6|Page
опции за секој нов вработен. Всушност не така мал број од поновите вработени во Google
се мултимилионери токму благодарение на опционите права.

3. Македонски пребарувачи
3.1.Pogodok.com.mk

Со подобрување на инфраструктурата и со зголемување на бројот на корисници на


интернет во Македонија се појави потреба за побрз развој на квалитетни содржини во
домашниот интернет. Поради тие причини се јавува се поголема потреба за полесно и
побрзо пребарување на резултати.

Како настанал Погодок


Словенечкото претпријатие д.о.о. поради таквата потреба на македонските
корисници им го направи локалниот пребарувач за Македонија на адресата
www.pogodok.com.mk тоа е еден од локалните пребарувачи од регионалната мрежа
Интерсеек д.о.о. ја развива од 2000година.
Погодок! Е локален пребарувач посебно прилагоден за интернет просторот во
Македонија и првенствено наменет за домашни корисници. Со цел да овозможи
поквалитетно пребарување на домашни содржини од пребарувачите што се употребуваат
досега.
Полесното и побрзото пребарување ги стимулира домашните автори да создаваат
такви содржини. Со тоа им овозможува нивните проекти преку интернетот да живеат и со
тоа да се оствари нивната цел. На тој начин би се стимулирал развојот на квалитетни
содржини во домашниот интернет и би се зголемувало нивото на квалитетот на услугите
кои ги имаме со пристап на интернет.
Погодок има конкуренција, тоа се глобалните светски пребарувачи. Поради
локалната ориентација, подобро познавање на македонскиот јазик и проблемите поврзани
со сличноста на јазиците на соседните земји Погодок! дава подобри резултати во текот на
македонското пребарување во однос на конкуренцијата.

7|Page
Освен подобро познавање на јазикот, предност е и во честото освежување на
индексот на страниците на македонскиот интернет (најважните страници секој ден, а
останатите еднаш неделно). Поради количината на податоци ниту еден од глобалните
пребарувачи не може толку често да ја освежува својата база и затоа нашите резултати на
пребарување се многу поажурни од оние на конкуренцијата

Основните предности на локалниот пребарувач www.pogodok.com.mk во однос на


глобалните пребарувачи се:
 Комплетно прилагодување на македонскиот јазик ( употреба на кирилица)

 Пребарување со помош на граматички правила кои важат во македонскиот јазик


(на пр. членување)
 Овозможува брзо и едноставно пребарување на комплетната содржина на
домашниот интернет (на com.mk и други домени)
 Базата на податоци редовно се ажурира (дневно и неделно)

 Од пребарувањето се исклучени резултатите за зборови кои се исти или слични на


другите јазици
 Бидејќи со него управува локална компанија побрзо и полесно одговара на
потребите на домашните корисници
 Развој на партнерства со домашните претпријатија и институции овозможува
интеграција на дополнителни локални содржини

Погодок нуди два начина на рекламирање. Покрај вообичаеното рекламирање


преку банер (закуп на одреден број импресии) го нуди и многу популарното рекламирање
по клучни зборови (SEM - Search Engine Marketing), кое овозможува прикажување на
рекламата само кога корисникот преку пребарувачот бара одреден поим (на пример кога
ќе побара поим “Производи од чоколада” ќе се појават реклами на “Витаминка Прилеп”
или “Европа Скопје”. SEM рекламите се плаќаат по избирање (РРС МОДЕЛ) што значи
дека се плаќа за рекламата само кога корисникот ќе ја избере интернет адресата на
претпријатието (спонзорирана врска).

8|Page
Технологија

Пребарувачката технологија на пребарувачот pogodok.com.mk во целина е


изградена во програмскиот јазик Java. Идентична технологија користат и другите локални
пребарувачи - pogodak.hr, pogodak.co.yu и најголемиот словенечки интернет медиум
Najdi.si
Погодок! Користи посебен начин на класификација на пронајдените страници врз
основа на релеватност со помош на на системот Trident Precision Rank. Од големата
количина информации за секое барање во илјадити дел на секунда се анализираат низа на
критериуми со кои се одредува релевантноста и важноста и по тие критеиумите
резултатите на пребарувањето им се претставуваат на корисници. Со други зборови
корисниците за своите барања на првите места во резултатите ги добиваат најважните и
најрелевантните податоци

3.2.Najdi.org.mk

Најди! Е првиот македонски пребарувач. Интерфејсот на Најди! е лесен за


користење, без графички компоненти и има мало време на вчитување. Нуди голем број на
опции што помагаат во оптимизирање на пребарувањето. Не е многу често посетен, има
по 26 посети дневно, но со надеж дека бројот на посетите ќе се зголеми со бројот на
индексирани страници. Пребарувачот е фокусиран на ограничен број на сајтови кој од ден
на ден е се поголем. Сајтовите се индексираат детално со зачувување на разни текстуални
елементи, како што се насловите, изворот и друго. Најди! е основано од Петар Кајевски
кој моментално живее и работ во Лондон. Не многу одамна постоеше голем јаз помеѓу
солидното количество на македонски пишувани материјали на интернет и можноста за
пребарување на истите. Не постоеше сериозен македонски пребарувач, а стандардните
пребарувачи како Google многу површно ги индексираа и се уште ги индексираат
македонските сајтови. Како дополнителен проблем е тоа што малку сајтови имаат интерна
можност за пребарување, па до материјалите може да се пристапи само со навигација.
Резултатот на тој јаз е неможноста на корисниците да лоцираат голем дел од материјалите

9|Page
релевантни за нивните прашања, иако тие материјали постојат во веб верзија. Ова важи и
во спротивната насока, т.е. организациите кои ги создаваат овие материјали имаат
проблем со пласманот на истите до читателите. Тоа било причината за појавувањето на
Најди! Односно првиот македонски пребарувач. Корисниците имаат располагање многу
поголем фонд на страници за пребарување во однос на постоечките пребарувачи. Само за
информација, моментално се индексирани 387.000 македонски страници и преку 40.000
странски. Тој број се зголемува од ден на ден. Најди! нуди македонска и англиска верзија.

Постојат две главни разлики во пристапот кон индексирањето на сајтови како


Најди! и стандардните пребарувачи како Google. Како прво, Најди! ја познава
организацијата на сајтот индексирајќи ги сите релевантни страници и ништо повеќе.
Втората разлика е во тоа што Најди! ја разбива содржината на страниците на пооделни
сајтови, што овозможува богато опишување на написите со полиња како автор, наслов,
датум, но и елиминирање на текстот кој нема врска со самите написи. Покрај HTML
страниците, сајтот индексира и PDF и Word сокументи, кои често содржат многу
информации кои не се објавени како веб страници.

За да се сочуваат авторските права на сопствениците на сајтовите, Најди! не нуди


можност за преглед на кеширани страници (како google) , туку дава само линкови кон
сајтовите, со што пристапот кон материјалот останува под целосна контрола на
сопствениците на сајтовите

10 | P a g e
Табела за главните разлики помеѓу Google и Најди!

пребарувач Гугл Најди


страници и
наоѓа страници*
сајтови
опсег на мал, но со индексирање
индексирани голем на преку 90% од најпо-
:
сајтови пуларните сајтови
покривање на
индексираните мало до средно целосно*
сајтови
пребарување
   по
многу ограничено да
делови од текстот
прилагоден за
македонскиот не да
јазик
сортирање по
датум на не да
објавување
рангирање по
добро лошо
релевантност

3.3. Nabu.com.mk
Пребарувачот е составен од повеќе сервиси кои што нудат различни услуги врз
пребарувањето. Овие сервиси се достапни од главните менија на страната. Треба да се има
предвид дека пребарувачот се обидува да ги најде најдобрите резултати што се видливи на
страната, но не гарантира дека доколку не најде резултати истите податоци навистина не
постојат. Пред да се почне со пребарувањето треба да се има во предвид следново:
 Во пребарувачот nabu.com.mk не е битно дали пребарувате со кирилица или
латиница.

11 | P a g e
 Пребарувачот nabu.com.mk овозможува пребарување на страни според
временскиот период во кој се појавиле со опцијата време.
 Пребарувачот nabu.com.mk автоматски пребарува имиња на фирми од Македонија
според дадена вредност и/или град. За да го направите ова доволно е да напишете
“firma vodovod” или “uslugi vodovod prilep” и резултатите ќе се појават во десниот
дел од страната
На страницата на Набу може да се забележи дека има значаен напредок од
започнувањето со работа. Во горниот дел има линкови за регистрација и за логирање,
централниот дел е секако резервиран за пребарувањата, додека на долниот дел се наоѓа
мала шема на можности кои ги нуди Набу, со некои соодветни примери. Со
започнувањето на пребарувањето и со внесување на збор за пребарување, Набу ви ја
прикажува неговата главна особина. Бидејќи е македонски сајт, како резултат веднаш од
пребарувањето добивате одговори на македонски. Доколку сакате да барате нешто надвор
од границите на Набу треба да пристапите до табот Свет. Сите табови со свое соодветно
име водат до соодветна категорија. Интересен дел е делот Локации, каде имате можност
да внесете одредена локација. Во табот вести можете истовремено да прочитате што е нај
актуелно во светот на вестите и тоа од повеќе македонски и странски организации.
Хардвер е местото каде ќе можете да ги видите моменталните цени на хардверските
компоненти и да видите каде е најисплатливо да купите соодветен хардверски дел. Оглас
пак е дел каде можете да оставите свој оглас, или да најдете она што го барате. Набу има и
свој речник кој служи за преведување на зборови од македонски на англиски и обратно, се
наоѓа десно од резултатите од пребарувањето. Системот на Набу секојдневно се
обновува...

12 | P a g e
Користена литература
1. Информациски технологии – Сашо Јосимовски
2. Менаџмент на човечки ресурси – Димитар Бојаџиоски
3. http://www.pogodok.com.mk/
4. http://nabu.com.mk/
5. http://najdi.org.mk/
6. http://www.makpcworld.com/
7. http://www.google.com/
8. http://www.yahoo.com/
9. http://en.wikipedia.org/wiki/Main_Page

13 | P a g e

Вам также может понравиться