Вы находитесь на странице: 1из 4

СУПКУЛТУРА И КОНТРАКУЛТУРА

*СУПКУЛТУРИ

-ВО СЕКОЕ ОПШТЕСТВО ПОСТОИ ЗАЕДНИЧКА КУЛТУРА

-ВО ТАА КУЛТУРА ЧЕСТО СЕ ЈАВУВААТ ПОТКУЛТУРИ ОДНОСНО СУПКУЛТУРИ.

-АЛБЕРТ КОЕН ЈА ДЕФИНИРА ПОТКУЛТУРАТА КАКО ЗБИР НА ВРЕДНОСТИ, ПРАВИЛА И


НОРМИ НА ОДНЕСУВАЊЕ КОИ ЧЛЕНОВИТЕ НА НЕКОЈА ГРУПА ГИ ПОЧИТУВААТ,
ПРЕФЕРИРААТ, УСВОЈУВААТ И ГО ПОТТИКНУВААТ НИВНИОТ ПОНАТАМОШЕН РАЗВИТОК.

- КУЛТУРАТА Е ЗАОКРУЖЕН КУЛТУРЕН СИСТЕМ КОЈ ШТО НЕ Е ИЗОЛИРАН ОД


ВЛАДЕЈАЧКАТА КУЛТУРА.

-СЕКОЈ СЛОЈ НА ОПШТЕСТВОТО МОЖЕ ДА ФОРМИРА СВОЈА ПОТКУЛТУРА.ТАА МОЖЕ ДА


СЕ ФОРМИРА ВО ОДНОС НА ПОЛОТ, ВОЗРАСТА,ПРОФЕСИИТЕ, ДАЛИ ЛУЃЕТО ЖИВЕАТ ВО
ГРАД ИЛИ СЕЛО И СЛИЧНО.

-СПОРЕД КОЕН ПОТКУЛТУРИТЕ ВРШАТ 5 ОСНОВНИ ФУНКЦИИ ВО ОПШТЕСТВОТО

1. ПОТКУЛТУРИТЕ НУДАТ КУЛТУРНИ ЕЛЕМЕНТИ ШТО СОЗДАВААТ ИДЕНТИТЕТ КАЈ


ПОЕДИНЦИТЕ ИЛИ ГРУПИТЕ НАДВОР ОД СИСТЕМОТ.ПРИМЕР-НАЧИНОТ НА
ЖИВЕЕЊЕ,СТИЛОТ НА ОБЛЕКУВАЊЕ И ДРУГИ ВРЕДОСТИ.
2. ПОТКУЛТУРИТЕ НУДАТ РЕШЕНИЈА ЗА ПРОБЛЕМИТЕ НА ОПШТЕСТВЕНАТА
ЗАЕДНИЦА.
3. ПОТКУЛТУРИТЕ ИМ НУДАТ РЕШЕНИЈА НА ПОЕДИНЦИТЕ ЗА НЕКОИ ПРОБЛЕМИ
КОИ НЕМОЖАТ ДА ГИ РЕШАТ ВО РАМКИТЕ НА СИСТЕМОТ.
4. ПОТКУЛТУРИТЕ ГО ОСМИСЛУВААТ СЛОБОДНОТО ВРЕМЕ НА ЛУЃЕТО ВО
ЗАЕДНИЦАТА.
5. ПОТКУЛТУРИТЕ СЕ ПЛАСИРААТ ПРЕКУ СРЕДСТВАТА ЗА МАСОВНА
КОМУНИКАЦИЈА.

*КОНТРАКУЛТУРА

-НЕКОГАШ ПОТКУЛТУРИТЕ МОЖАТ ДА СЕ ПРЕТВОРАТ ВО КОНТРАКУЛТУРИ.

-ТОА МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ КОГА НЕКОЈ ПОЕДИНЕЦ ОДИ ПРОТИВ ОСНОВНИТЕ ЦЕЛИ НА
ВЛАДЕЈАЧКАТА КЛТУРА.

-ТОА СЕ СВОЕВИДНИ ОТСТАПУВАЊА И ТИЕ МОЖАТ ДА ИМ НАШТЕТАТ НА ВРЕДНОСТИТЕ


И МОЖАТ ДА ДОВЕДАТ ДО АЛКОХОЛИЗАМ,ПРОСТИТУЦИЈА, НАРКОМАНИЈА И ДР.
1. КОНТРАКУЛТУРАТА СЕ ЈАВУВА КОГА ПОЕДИНЦИТЕ ИЛИ ЦЕЛИ ОПШТЕСТВЕНИ
ГРУПИ СЕ ПРИНУДНО ФРУСТРИРАНИ КОИ НАЈЧЕСТО ДОАЃААТ ОД СЕМЕЈСТВОТО
ИЛИ ИНСТИТУЦИИТЕ НА ВЛАСТА И ПОРАДИ ТОА ПОЕДИНЦИТЕ НЕМОЖАТ ДА ГИ
ИСПОЛНАТ СВОИТЕ ПРОФЕСИОНАЛНИ ЖЕЛБИ И АМБИЦИИ.
2. КОНТРАКУЛТУРАТА СЕ ЈАВУВА КОГА ПОЕДИНЦИТЕ ИЛИ ОПШТЕСТВЕНИТЕ ГРУПИ
ЌЕ СЕ ИЗГУБАТ ВО СИСТЕМОТ ВРЕДНОСТИ.ТОА СЕ СЛУЧУВА ПОРАДИ ПОЈАВУВАЊЕ
НА НОВИ ВРЕДНОСТИ КОИ СЕ ПРИФАЌААТ ПОТЕШКО.ТОГАШ ЛИЧНОСТА МОЖЕ
ДА ИМА КРИЗА НА СВОЈОТ ИДЕНТИТЕТ.
3. КОНТРАКУЛТУРИТЕ СЕ ПОЈАВУВААТ КОГА ИМА ПОЈАВИ НА НЕДОСТИГ ОД
СОЦИЈАЛНА КОНТРОЛА ИЛИ НЕЕДНАКВА НЕЈЗИНА ПРИМЕНА.ПРИМЕР ЗА ТОА Е
НЕТОЛЕРАНТНОТО ОДНЕСУВАЊЕ НА РОДИТЕЛИТЕ КОН МЛАДИТЕ.

ШТО Е СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА

-ТАА Е ТЕРМИН КОЈ ЧЕСТО СЕ КОРИСТИ НЕ САМО ВО СОЦИОЛОГИЈАТА ТУКУ И ВО


ПСИХОЛОГИЈАТА.

-ТАА МОЖЕ ДА СЕ ДЕФИНИРА КАКО ПРОЦЕС НА ИНТЕГРИРАЊЕ (ВКЛОПУВАЊЕ НА


ЛИЧНОСТА) ВО ОПШТЕСТВОТО.

-ЕДИНКАТА ПРЕКУ СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА ТРЕБА ДА ПРИФАТИ ОДРЕДЕНО ОДНЕСУВАЊЕ.

-ОВОЈ ПРОЦЕС СЕ ОДВИВА ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ ЖИВОТ, НО ВО НЕКОИ ПЕРИОДИ ТОЈ Е


ПОИНТЕНЗИВЕН.НАЈИНТЕНЗИВЕН Е ВО МЛАДОСТА Т.Е. ВО ДЕТСТВОТО.

-ВО ТОЈ ПЕРИОД ДЕЦАТА ГО УЧАТ ТОА ШТО Е ДОЗВОЛЕНО ВО СРЕДИНАТА И Е


НАЈЕЛАСТИЧНО.

-ДЕЦАТА ТОГАШ ГИ УЧАТ И НОРМИТЕ(ПРАВИЛАТА).

-ЛУЃЕТО СО СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА ГИ УСВОЈУВААТ НАЧИНИТЕ НА ОДНЕСУВАЊЕ КОИ СЕ


СМЕТААТ ЗА ПРИФАТЛИВИ И ПОЖЕЛНИ.

-СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА Е ПРОЦЕС НА ИНТЕРАКЦИЈА ВО КОЈ НОВИОТ ЧЛЕН НА


ОПШТЕСТВЕНАТА ЗАЕДНИЦА УСВОЈУВА ВЕШТИНИ,НАВИКИ,НОРМИ,ЗНАЕЊА,
ВРЕДНОСТИ КОИ ШТО СЕ НЕОПХОДНИ ЗА УСПЕШНО ИНТЕГРИРАЊЕ ВО ОПШТЕСТВЕНАТА
ГРУПА ИЛИ ВО ПОШИРОКА ЗАЕДНИЦА.

-ПРОЦЕСОТ НА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА НЕ ЗНАЧИ ИСТО ШТО И КОНФОРМИЗАМ.

-ПОСТОИ РАЗЛИКА ПОМЕЃУ СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА И ВОСПИТНО ОБРАЗОВАНИОТ ПРОЦЕС.


-СО ВОСПИТНО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС СЕ СТЕКНУВААТ НОВИ ЗНАЕЊА, РАЗВОЈ НА
ЛИЧНОСТА И НА МЕНТАЛНИТЕ СПОСОБНОСТИ, ДОДЕКА СО СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА
ЛИЧНОСТА СЕ ФОРМИРА КАКО ДЕЛ ОД ОПШТЕСТВОТО, СЕМЕЈСТВОТО И ДРУГИ
ОПШТЕСТВЕНИ ГРУПИ.

-СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА Е ПОШИРОК ПОИМ.

АГЕНСИ НА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА

-АГЕНС-ФАКТОР

-СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА СЕ ОДВИВА УШТЕ ОД РАЃАЊЕ, А НАЈИНТЕНЗИВНО СЕ ОДВИВА ВО


АДОЛЕСЦЕНЦИЈАТА.

-ТОА Е ПЕРИОД ВО ЖИВОТОТ КОГА ЛИЧНОСТА ПОЧНУВА ДА УЧИ МНОГУ НОВИ НЕШТА.

-НО, СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА И НАТАМУ ВО ЖИВОТОТ.

-НА ОВОЈ ПРОЦЕС ВЛИЈААТ ПОВЕЌЕ ФАКТОРИ МЕЃУ КОИ- СЕМЕЈСТВОТО, УЧИЛИШТЕТО,
ДЕТСКИТЕ ГРУПИ, РЕЛИГИЈАТА ИТН.

-ПОСТОЈАТ ДВА ТИПА НА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА-ПРИМАРНА И СЕКУНДАРНА

1. ПРИМАРНА-СЕ ОДВИВА ВО НАЈРАНИОТ ПЕРИОД ОД ЖИВОТОТ НА ЛИЧНОСТА И


ТОГАШ СЕ УСВОЈУВААТ ОСНОВНИТЕ НАЧИНИ НА ОДНЕСУВАЊЕ.СЕ ОДВИВА ВО
ГРУПИ СО БЛИСКИ КОНТАКТИ.ИГРА ВАЖНА УЛОГА ЗА ПОНАТАМОШНИОТ РАЗВОЈ
НА ЛИЧНОСТА.ТАА ЗАВИСИ ОД ДВА ФАКТОРИ: СЕМЕЈСТВОТО И ГРУПАТА
ВРСНИЦИ.

 СЕМЕЈСТВОТО-Е НАЈЗНАЧАЕН ФАКТОР НА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА.ТОА ИМА МНОГУ


ОБВРСКИ И ФУНКЦИИ. ОСВЕН ТОА ШТО ТРЕБА ДА ОБЕЗБЕДУВА МАТЕРИЈАЛНИ
УСЛОВИ ЗА ЕГЗИСТЕНЦИЈА, ТРЕБА ДА ОБЕЗБЕДИ И СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА.ВО НЕГО
ПОЧНУВААТ ПРВИТЕ СОЦИЈАЛНИ КОНТАКТИ И ЕСТЕТСКОТО, ИНТЕЛЕКТУАЛНО И
РАБОТНО ВОСПИТАНИЕ.ДЕЦАТА ВО СЕМЕЈСТВОТО ГИ ИМИТИРААТ ОДНОСНО
УЧАТ ОД ВОЗРАСНИТЕ.ЗА УСПЕШЕН РАЗВОЈ И УСПЕШНА КОМУНИКАЦИЈА ИСТО
ТАКА Е ВАЖНО СЕМЕЈСТВОТО ДА ОБЕЗБЕДИ СЕМЕЕН ХАРМОНИЧЕН ЖИВОТ.АКО
ТОА НЕ СЕ ОВОЗМОЖИ ТОГАШ ДЕЦАТА МОЖЕ ДА СЕ ОДНЕСУВААТ ДЕВИЈАНТНО.
 ДЕТСКИТЕ ГРУПИ-ИСТО ТАКА СЕ ВАЖЕН ФАКТОР ВО СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА.ВО
ОВАА ГРУПА ЧЛЕНОВИТЕ СЕ НА ИСТА ВОЗРАСТ И СЕ ЕМОТИВНО ПОВРЗАНИ
МЕЃУСЕБЕ.ТИЕ СЕКОЈДНЕВНО СЕ ДРУЖАТ И ПОМИНУВААТ МНОГУ ВРЕМЕ
ЗАЕДНО.ЗА МЛАДИТЕ ДА БИДАТ ПРИФАТЕНИ ВО ТАА ГРУПА ТИЕ ТРЕБА ДА ГИ
ПРИФАТАТ НОРМИТЕ НА ГРУПАТА.

2. СЕКУНДАРНАТА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА-ЗА НЕА СЕ ЗНАЧАЈНИ ПРЕДУЧИЛИШНИТЕ И


УЧИЛИШНИТЕ УСТАНОВИ,ЦРКВАТА,СРЕДСТВАТА ЗА МАСОВНА КОМУНИКАЦИЈА
И СЛ.ДЕЦАТА ВО ПРЕДУЧИЛИШНИТЕ И УЧИЛИШНИТЕ УСТАНОВИ СТЕКНУВААТ
ЗНАЕЊА,ПРИФАЌААТ НОРМИ И ВРЕДНОСТИ, ПОДГОТВУВАЈЌИ ГИ ЗА АКТИВЕН И
ЧЕСЕН ЖИВОТ.

 ОПШТЕСТВОТО НА УЧИЛИШТАТА ИМ ДОВЕРИЛО ЗАДАЧА НА МЛАДИТЕ ДА


ИМ ОБЕЗБЕДАТ ЗНАЕЊА,УМЕЕЊА И ВЕШТИНИ И ГИ УПАТУВААТ КОН
УСПЕШНА ИДНИНА ШТО ЗНАЧИ ДЕКА УЧИЛИШТЕТО ИМА МНОГУ ЗНАЧАЈНА
УЛОГА ВО ПРОЦЕСОТ НА СОЦАЛИЗАЦИЈА.
 СРЕДСТВАТА ЗА МАСОВНА КОМУНИКАЦИЈА ДЕНЕС ИМААТ МНОГУ ВАЖНА
УЛОГА ВО ФОРМИРАЊЕТО НА ЛИЧНОСТА.ОД НИВ НАЈВАЖНИ СЕ
ТЕЛЕВИЗИЈАТА, РАДИОТО,ФИЛМОТ И ПЕЧАТОТ.ПРЕКУ НИВ СЕ ПРЕНЕСУВААТ
ИНФОРМАЦИИ, ЕДУКАТИВНИ,ЗАБАВНИ И РЕКРЕАТИВНИ СОДРЖИНИ.ГОЛЕМ
ДЕЛ ОД ОВИЕ СОДЖИНИ ГО ИСПОЛНУВААТ СЛОБОДНОТО ВРЕМЕ НА
МЛАДИТЕ И ВЛИЈААТ ПОЗИТИВНО НА НИВНИОТ РАЗВОЈ.НО, ПОСТОЈАТ И
СОДРЖИНИ КОИ НЕГАТИВНО МОЖАТ ДА ВЛИЈААТ И ТИЕ СОДРЖАТ
НАСИЛСТВО, БРУТАЛНОСТ, КРИМИНАЛ И ДРУГИ НЕМОРАЛНИ ПОЈАВИ.
 РЕЛИГИЈАТА ОВОЗМОЖУВА ДА СЕ СТЕКНАТ РЕЛИГИСКИ ЗНАЕЊА И
ВРЕДНОСТИ И ДА СЕ УСВОЈАТ ЕТИЧКИТЕ НОРМИ И ВРЕДНОСТИ.

Вам также может понравиться