Вы находитесь на странице: 1из 132

ÃËÀÂÅÍ ÓÐÅÄÍÈÊ

ä-ð Íèêîëà Ïåòðîâ

ÐÅÄÀÊÖÈ£À

ÑÅÊÐÅÒÀÐ ÍÀ ÐÅÄÀÊÖÈ£ÀÒÀ
È ËÅÊÒÎÐ

ì-ð îðƒè Çèìáàêîâ


Содржина
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 3 2016
списание за теорија и практика на образованието
UDK- 37 ISSN 0350-6711 год. LXIX стр.1-128

д-р Томислав Таневски 5 МУЗИКАТА ВП ФИЛМПТ – ПРИМЕНЕТА


МУЗИКА ИЛИ ФУНКЦИПНАЛНА МУЗИКА

д-р Мито Спасевски 18 ДЕТСКИПТ ТЕМАТСКИ СВЕТ ВП


КНИЖЕВНИТЕ ПГЛЕДАЛЦА НА АЦП
КАРАМАНПВ
д-р Мишо Нетков 35 ЕЛЕКТРПНСКИТЕ МЕДИУМИ НА БАЛКАНПТ
МЕДУ МУЛТИКУЛТУРАЛИЗМПТ И
ЕТНПЦЕНТРИЗМПТ

д-р Розалина Попова – 53 СТЕРЕПТИПИТЕ И ПРЕДРАСУДИТЕ ВП


Коскарова ПБРАЗПВАНИЕТП И МПЖНПСТИТЕ ЗА
НИВНП НАДМИНУВАОЕ

д-р Валентина Гулевска 66 ЈАКНЕОЕ НА ИНТЕРКУЛТУРНИТЕ


КПМПЕТЕНЦИИ НА НАСТАВНИЦИТЕ

д-р Арсе Петрески 85 СПЦИПЛПШКИ АСПЕКТИ НА КВАЛИТЕТПТ


НА ВИСПКПТП ПБРАЗПВАНИЕ СППРЕД
БПЛПОСКИПТ ПРПЦЕС

Биљана Димковска 92 СПВРЕМЕНИ МЕТПДИ И ТЕХНИКИ ВП


НАСТАВАТА

д-р Ардита Цека 108 ППЛПЖБАТА НА ЖЕНАТА ВП


СПВРЕМЕНПТП ППШТЕСТВП

Дорди Илиевски 115 ППТРЕБА ПД СТРУЧЕН КАДАР ПП ФИЗИЧКП


И ЗДРАВСТВЕНП ПБРАЗПВАНИЕ ЗА
ВПЗРАСТ ПД ПРВП ДП ШЕСТП ПДДЕЛЕНИЕ

1
Content

PROSVETNO DELO 3 2016


Magazine for theory and practice in education

UDK- 37 ISSN 0350-6711 year. LXIX p.1-128

Ph.D. Tomislav Tanevski 5 THE MUSIC IN A FILM – APPLIED MUSIC OR


FUNCTIONAL MUSIC

Ph.D. Mito Spasevski 18 CHILDREN'S THEMATIC WORLD IN


LITERARY MIRRORS OF ACO KARAMANOV

Ph.D Misho Netkov 35 BALKAN ELECTRONIC MEDIA BETWEEN


MULTICULTURALISM AND
ETHNOCENTRISM

Ph.D Rozalina Popova- 53 THE STEREOTYPES AND PREJUDICES IN


Koskarova EDUCATION AND THE POSSIBILITIES FOR
OVERCOMING THEM

Ph.D. Valentina Gulevska 66 STRENGTHENING OF THE INTERCULTURAL


COMPETENCE OF TEACHERS

Ph.D. Arse Petreski 85 THE SOCIOLOGICAL ASPECTS OF HIGHER


EDUCATION QUALITY BY BOLOGNA
PROCESS

Biljana Dimkovska 92 CONTEMPORARY METHODS AND


TECHNIQUES IN TEACHING PROCESS

Ph. D. Ardita Ceka 108 THE POSITION OF WOMAN IN THE


CONTEMPORARY SOCIETY

Gjorgji Ilievski 115 THE NEED FOR PROFFESSIONAL STAFF OF


PHYSICAL AND HEALTH EDUCATION FOR
CHILDREN FROM THE FIRST TO SIXTH
GRADE

2
Содержание
ПРОСВЕТИТЕЛЬНОЕ ДЕЛО 3 2016
Журнал по теории и практике образования
UDK- 37 ISSN 0350-6711 год. LXVIX стр.1-128

д-р Томислав Таневски 5 Проблемы оценки и реформы


образования

д-р Мито Спасевски 18 Ребенка тема в мировой


литературе зеркала Ацо
Караманова

д-р Майкл Нетков 35 Электронные сми в Балканах


между мультикультурализмом
расизмом

д-р Розалина Попова- 53 Стереотипы и предрассудки


Коскарова образование и возможности их
преоделение

д-р Валентина Гулевска 66 Современные методы и техника


обучения

д-р Арсе Петреский 85 Социологические аспекты качества


высшего образования
Болонья

Биляна Димковска 92 Современные методы и техника


обучения

д-р Aрдита Цeкa 108 Положение женщин в


современном обществе

Георгик Илиевски 115 Нужно профессиональных кадров


в сфере здравоохранения и
физического образование -
возраст от первого по шестой
класс

3
4
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 5 - 17

д-р Томислав Таневски


Научен труд
Универзитет за аудиовизуелни уметности “ПРОСВЕТНО ДЕЛО“
ЕСРА, Скопје-Париз-Њујорк-Амстердам LXIX,1,2016
UDK:
78:791
791.31:78

МУЗИКАТА ВО ФИЛМОТ – ПРИМЕНЕТА МУЗИКА ИЛИ


ФУНКЦИОНАЛНА МУЗИКА

Апстракт: Aудитивното искуство често пати е над визуелното.


Многу почесто аудитивната перцепција доведува до духовна
експресија, за разлика од визуелната, но кога станува збор за
филм двете компоненти треба да се надополнуваат. Другоста
на аудитивното/музичкото е често пати потенцирана во
филмската уметност. Поради тоа епистемолошкиот статус на
звукот е придавка, а визуелното е именка – “звуците
функционираат како придавки кои само ги опишуваат или
карактеризираат супстанците кои се во основа визуелни и
претставуваат именки“ (Kristijan Mez). Игор Стравински ја
именувал филмската музика како “тапети“, а Едвард Браниган
сметал дека “многу рано се воспоставува рамноправност меѓу
звукот и сликата“, објаснувајќи го концептот на филмската
музика. Но, музиката е таа што понекогаш ја истакнува
суштината на филмот, а сепак не се работа за мјузикл.
Целта на овој труд не е примарно застапување на
аудитивното искуство над визуелното (иако денес е неоспорна
доминацијата на аудитивното), дури ниту нивната
еквиваленција, туку одредување на музиката (неразделно од
saundtrack) како интегрална компонента на филмот.

5
д-р Томислав Таневски – музиката во филмот – применета музика или функционална ....

Поради тоа е неопходно да се бараат алтернативни решенија за


анализа на музиката. Можеби би требало да се започне со
размислувањата за музиката во филмот, а не за музика за филм
и да се побара значењето “делувањето“ на музиката во
филмскиот систем. Во таа смисла, ангажманот на музиката во
содејство со сликата и нарацијата овозможува една продуктивна
интерпретација. Од тие причини музиката во филм би требало
да се именува како функционална музика за разлика од
употребуваниот термин “применета музика“.

Клучни зборови: музика во филм, применета музика,


функционална музика, диегетичка музика, недиегетичка музика,
филмско-визуелен наратив

Концепти на музиката во филмот

Вообичаено проучувањата на оваа тема се одвивале во


рамки на исклучиво филмски или музички студии и од тие
причини не е можно да се опфатат сите пристапи на концептот
за музиката во филмот. Уште повеќе што saundscape (звучната
претстава на филмското остварување) нужно навлегува во
гледишта од повеќе области: историско, музиколошко, културно,
семиотичко и слично. Поради тоа ќе се обидам да се приближам
кон концептите кои воспоставиле доминантен код во тек на
созревањето на седмата уметност, доминантен збир на
музиколошко-семиотички факти во рамки на секундарниот
систем на филмот – филмска музика.
Првите филмски проекции (немите филмови) биле
пратени од “жива музика“ (пијанист или помал оркестар), која
обезбедувала расположение, ритам или директно ја имитирала
акцијата што се одвивала на екранот. Музиката на немиот филм
била заинтересирана директно за diegesis – филмската приказна
и придонела кон создавање на еден практичен изум т.н. cue
sheets – “музика – чаршав“ (одбрани музички парчиња соодветно
да ја истакнат акцијата на било кој филм). Музиката на немиот
филм, иако не секогаш доследно, дала една од темелните

6
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 5 - 17

поставки на музиката во современиот филм: пласирање на


дополнителни информации, доизградување на филмско-
визуелниот наратив како коментар на начин на еден антички хор.
На слична постапка се наидува и во современиот филм, на
пример во филмот на Слободан Шијан “Кој тоа таму пее“ каде
што клучните сцени се “врамени“ во музичка нумера – коментар
од страна на двајца музичари/наратори. Бидејќи и понатаму ќе
се среќава во текстот, сметам дека овде треба да се дообјасни
терминот diegesis (превземен од Etienne Suri) во однос на
филмската уметност. Диегезa (diegesis) е збиднување прикажано
на филмско платно, вклучувајќи ги и сите структури со значење
кои го објаснуваат или придонесуваат за неговото разбирање
како слика на еден свет, без разлика на тоа колку тој свет личи
или не личи на светот од не филмската стварност. Значи,
диегезата ја чинат редослед на случки на екранот, но и
општествени, психолошки или морални околности од кои овој тек
е условен или пак тој ги условува нив (историски рамки на
случувањата, карактерите на ликовите, заплет и расплет на
дејствието, иконографија на прикажаниот свет, просторно
временска димензија на случувањата и сл.). Поимот диегенеза
всушност е многу поширок со значење од поимите “нарација“ и
“дејство“.
Прекинот со првобитниот начин на озвучување на филм
се случил 1915 година со продукцијата на филмот “Раѓањето на
нацијата“ од David Wark Griffith (1875-1948) која подразбирала
“фиксирана партитура“ – комбинација на оригинални теми
инкорпорирани во веќе постоечка музика, создадена од Joseph
Carl Breil (1870-1926). Пристапот на “кроење“ на филмската
партитура (оригинал/компилација) се нарекува композитна
партитура и таа доминирала се до појавата на Maximilian Raoul
"Max" Steiner (1888-1971), а до реконтекстуализација доаѓа во
последните децении од дваесеттиот век.
Творештвото на Макс Штајнер означува пресврт во
концептот за музиката во филмот и со него се поврзува
раѓањето на класичната филмска партитура (classical film
scoring), односно создавањето на background партитура за секој
филм поединечно.

7
д-р Томислав Таневски – музиката во филмот – применета музика или функционална ....

Стандардната пракса на недиегетичка партитура


(underscore), чиј извор се наоѓа надвор од филмскиот кадар (и
експлицитно и имплицитно), Штајнер ја воспоставил во
филмовите “Симфонија од шест милиони“(1932) и “Кинг Конг“
(1933). Иако, од време на време бил етикетиран како автор на
“Мики Маус“ партитури, тој е првиот композитор кој се посветил
на компликуваното психолошко продлабочување на ликовите, на
нивната полова, етничка и класна разлика. Со партитурата за
филмот “Кинг Конг“ тој го мобилизира музичкото преносно
значење на женскиот идентитет и другоста. Создавајќи ја оваа
партитура го нагризува дотогашниот статус на музиката во
филмот – пред сѐ миметички (во служба на визуелното) и со тоа
музиката започнува да го диференцира раскажувањето од
прикажувањето и да ги извршува обете функции истовремено.
Воедно тоа беше и класичниот период на музиката во филмот
(завршен околу 50-те години од 20-от век), чии најизразити
претставници беа Штајнер и Erich Wolfgang Korngold (1897-
1957) со партитури базирани претежно на романтичарскиот
симфонизам со лајтмотив кој се подразбира и со употреба на
функционални теми. Од друга страна, експерименталните
постапки на современата музика најудобно се сместени во
документарните филмови.
Без сомневање, најинтересен е податокот дека првиот
звучен филм значи истовремено и воспоставување на жанрот
мјузикл во филмот (Jazz Singer, 1927), како логичен тек на
созревањето на Soundscape поаѓајќи од улогата на музиката во
немиот филм, при што диегезата расне од фабулата
распределена на звук/музика, слика и случувања. Мјузиклот е
битен и поради воведувањето на џезот (популарна музика) на
позиции кои до тогаш биле ексклузивен домен на високата
уметност – оваа филмско-музичка форма е своевиден
американски одговор на елитизмот на европската култура. Како
последица на тоа, популарната музика станува стандарден и
дури рамноправен материјал во филмските партитури, со што се
проширува и т.н. музички речник.

8
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 5 - 17

Во контекст на музиката во филмот, последните децении


од минатиот век можеме да ги сметаме како автентичен музички
пост период. Употребувани се сите постоечки музички жанрови,
нивната слободна синтеза, меѓусебно вкрстување и
реконструирање. Концептот музика во филм прераснал во
доминантен музички вид околу кој се поврзани најзначајните
имиња и остварувања на денешницата. Таа ги преоѓа границите
на областа на музичката уметност и бара прилагодливост и
согледување на базичните, интердисциплинарни аспекти.
Според Баронијан една од важните карактеристики на музиката
во филмот е начинот на кој музиката се однесува и комуницира
со останатите изразни елементи.

Диегетичка и недиегетичка музика во филм

Во анализите на интеракциите помеѓу музиката и филмот,


интерпретативниот пристап кон музиката за филм се однесува
на односот помеѓу сликата и музиката/звукот. Ова
поедноставување се однесува на разграничувањето на музиката
во филмот како музика на изворот (Source Music – музика од
кадар) и музика во позадина (Background Music). Терминот
“музика од кадар“ упатува на прикажувачката функција на
музиката, а не на функцијата на раскажување. Теоретичарката
Клаудија Горбман направила пресврт во дефинирањето на
терминот “музика во филм“ во насока и во сооднос со
нарацијата, а не во исклучив сооднос со сликата. Во нејзината
студија “Unheard Mellodies“, таа ја ресистематизира дотогашната
критичка интерпретативна пракса воведувајќи ја во неа
теоријата на наративот и термините “диегетичко“ и
“недиегетичко“ применети на музиката. Според неа, диегетичка
музика би била еквивалент на “музика од кадар“, а недиегетичка
музика би била еквивалент на бекграунд партитура.
Диегетичката музика се разгледува низ една дијалектичка
структура која ја чинат две рамнини: наративот (филмска
приказна) и нарација (процес со кој наративот се пренесува на
гледачот); а нивни конституенти се творби на музика и слики,
односно нивниот флуктуирачки однос.

9
д-р Томислав Таневски – музиката во филмот – применета музика или функционална ....

Уште поконкретно поврзување на музиката во филмот со


нарацијата формира Иво Блах прикажувајќи го односот кој
изразните средства на звукот/музиката го имаат кон сликата:
реален однос (изворот на звукот се наоѓа во сликата или во
околината на видното поле на објективот вон сликата),
паралелен однос (звукот е пратечка самостојна наративна
рамнина која со значењето се поврзува за сликата) и
контрапунктален однос (каде што гледачот треба да го открие
меѓусебниот сооднос на значење – можност за субјективно
набљудување, конструирање на стварноста). Тој исто така ја
забележува и важноста на невербалниот наратив кој го нарекува
“имплицитен говор“ со потиснато лексичко значење а
потенцирано значење од психолошки аспект, постигнато со
ангажирање на звукот/музиката. Блах имал увид во релативно
сродната дисциплина каде што нејзина основа е всушност
врската помеѓу звукот/музиката и нарацијата а тоа е
радиофонијата. Според него композиторот и режисерот би
требало да бидат на некој начин вешти архитекти на филмската
(музичката) партитура. Најдобар пример за тоа е опусот на
Бернард Херман чии почетоци поврзани со компонирање на
музика за радио драма и соработката со Орсон Велс ќе бидат
успешно пренесени на филмот “Граѓанинот Кејн“.
До 60-те години на минатиот век, недиегетичките
партитури биле вообичаено оркестарски од изворите на
уметничката музика, додека диегетичката партитура по правило
била популарна песна. Нивната разлика континуирано се
истакнувала, па дури и денес постои како конкретна поделба на
композитори и пишувачи на песни (songwriter). Тоа значи дека
долго време проучувањата на музиката за филм се однесувале
на музиколошки анализи со отсуство на интерес .за музиката од
кадар. Причината е очигледна – местото на “вистинската“
уметност се наоѓа во уметничката музика, односно во
оркестарско/симфониска партитура, сместена во бекграунд
музиката. Културниот елитизам резултирал со долготрајно
интерпретативно искривување во ликот на недиегетичката
гломазна класична партитура, која била со статус на заштитена
културна вредност во праксата на интерпретација на музиката во

10
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 5 - 17

филмот. Како што диегетичката музика и се спротиставувала на


недиегетичката, така и Биг Бенд оркестарот или ревијалниот
ансамбал стоел наспроти симфонискиот оркестар, а класичната
музика наспроти џез и рок звукот. Сепак, традицијата на стилски
вариетети на филмска музика и нивното течение помеѓу
диегетичкото и недиегетичкото, ги прекршува гореспоменатите
спротиставености и владејачкиот статус на симфониската
категорија. Од тие причини, придонесот на појавата на мјузиклот
е огромен не само поради изведувањето на популарна музика,
туку и поради квалитативното приближување на спроти-
ставените жанрови по пат на стилизација при поврзување на
музичките нумери создавани од професионални композитори/
аранжери. На тој начин доаѓа до двонасочно приближување при
што класичната недиегетичка партитура со соодветна обработка
се приближува кон диегетичка, додека популарната музика се
облекува во “сериозен“ добро осмислен (често пати класичен)
аранжман.
Користењето на недиегетичките популарни сонгови денес
е вообичаена постапка, при што се користат различни форми на
популарни песни за дефинирање на карактерот (популарната
музика во underscore статус функционира налик на
традиционална оркестарска партитура). Дури и на местата каде
што симфониската музика доминира во бекграундот, а
популарната музика на onscreen сликата, раздвоеноста помеѓу
музиката од кадар и позадината не мора да биде дадена со
просто раздвојување на музичките стилови, наративните
функции или со хиерархијата на вредности. Од тие причини било
оправдано, дури и неопходно, воведувањето на поделбата на
диегетичка и недиегетичка музика. Но, оваа поделба создала
нов проблем. Имено, диегетичката музика се појавува во повеќе
градации. Мјузиклите на пример нудат прецизна поделба на
овие два вида на музика. Сепак среќаваме спорно место за
дефинирање и разграничување на видот на музиката во филмот
при процесот на звучното претопување (audio dissolve) кој поаѓа
од изворот на придружбата (кој е и видлив и диегетички и
вообичаено е клавир), за потоа да “прошета“ во оркестарска
бекграунд партитура.

11
д-р Томислав Таневски – музиката во филмот – применета музика или функционална ....

Се поставува прашањето: Дали во овој случај се наоѓаме на


територија на диегетичка или недиегетичка музика? Кога
Бернард Херман во воведните тактови за филмот “Таксист“ на
Мартин Скорцезе, широките дисонантни оркестарски блокови ги
стеснува во лелеава џез линија – дали слушаме само подлога за
воведна секвенца или до нас доаѓа реална музика на еден
велеград во ноќта?
Функцијата на музиката во филмот можеме да ја
поставиме така што ќе се послужиме со принципот на
вкрстување на рамнини налик на оној кој го предлага Симор
Четмен како основа на процесот на нарациската структура на
филмот (тој тоа го прави со пресек на дијаграми). Разликата би
била во тоа што во овој случај би се користел тростран
просторен координатен систем кој воспоставува трипартитна
структура на музиката во однос на сликата и нарацијата. На
таков начин, музиката од кадар и музиката на позадината
(диегетичката и недиегетичката музика) би можеле да создаваат
сопствен заеднички кохерентен наративен систем, кој поседува
карактеристики на раскажувачки текстови со одредена
фокализација. Звукот треба да функционира и посредува како
фактор на хомологизацијата на сликата и динамиката на
нарацијата.

Аналитичка пракса на музиката во филмот

Традиционалниот начин за анализа на концертната и


сценската музика може само делумно да се практикува во
контекстот музика во филм. Секако дека е неопходна
внимателна музиколошка анализа која придонесува кон подобро
разбирање на она што музиката го додава на сликата и
нарацијата. Сепак, интерпретацијата не смее да запре до овде
бидејќи тоа би значело разгледување на функцијата на
филмската музика низ призмата на т.н. “чиста“ музика. Од друга
страна, разбирливо е тоа што филмската музичка литература се
разгледува од аспект на симфониска бекграунд партитура
бидејќи на тоа подрачје најдобро функционираат
традиционалните аналитички средства.

12
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 5 - 17

Сепак и во случај на изолирана музиколошка примена,


вообичаените методи на анализа се доведени во прашање
поради разновидноста на стилови користени во овој жанр
(особено тоа се однесува на променетиот статус на популарната
музика). Музиката во филм бара по подвижна анализа чие
орудие може да биде двојно – и семиотичко и музиколошко,
бидејќи филмската музика само во ретки случаи има по обемна
форма и се третира фрагментирано на законитости кои не се
исклучиво музички. Семиотиката не е во контрадикција со
музикологијата, иако е насочена кон зборот и сликата, таа сепак
може сосем компетентно да направи анализа на музичките
жанрови во спрега со културните кодови, односно да го
анализира патот по кој музиката комуницира со публиката во
одреден контекст и на ој начин да го истакне социјалниот статус
на музиката. Всушност, насоченоста кон зборот и сликата
овозможува филмската музика да се гледа како функционален
предмет кој егзистира внатре во филмот и чија логика се темели
на “преговорите“ помеѓу логиката на филмската уметност и
логиката на музичката уметност.
Музиката во филмот има потреба од двојна анализа
бидејќи се карактеризира со интензивна работа на еден музички
подсистем на самиот филм. Одредена филмска музика може
сосем лежерно да функционира и без филмскиот екран. Таков е
примерот со музиката на Хенри Манчини за филмот “Пинк
Пантер“ на Блејк Едвардс од 1963 година. Партитурата на
Манчини се карактеризира со користење на популарна-џез
музика во класичарски битмап. Темите се одликуваат со
свежина, певливост, прилагодливост (може да се преместуваат
од еден во друг амбиент со мали интервенции), соодветност за
лајтмотивска и варијациона работа. Првата главна тема
пристигнува од светот на џезот и се поврзува за сегментите на
акција на Клузо и сер Чарлс Литон (за драматичните моменти на
филмот). Таа лесно се фрагментира со цел за постигнување
гротеска и се појавува исклучиво во функција на недиегетичка,
underscore партитура. Изведувачкиот состав варира од голем
оркестар до мал камерен состав, со константно нагласен звук на
лимени дувачи како сигнал за опасност.

13
д-р Томислав Таневски – музиката во филмот – применета музика или функционална ....

Во втората тема се воспоставува паралела со сонатниот облик


на класичарската епоха и поседува обележје на лиричност со
модел на популарна песна. Темата осцилира помеѓу повремени
дискретни влезови на фолклор (скијањето во Кортина) и
лежерна музика на заведување која го прати носењето на малку
опијанетата принцеза од страна на жонглерот во еден
гламурозен монденски собир. Втората тема се појавува со
двојна форма и значење: и како диегетичка (на една од забавите
добива и изведувачка и текст) и како недиегетичка; и ја изведува
ревијален ансамбл. Интересно е тоа што партитурата за “Пинк
Пантер“ истовремено дава и машка и женска полова
диференцијација – првата тема означува машки идентитет, а
втората тема женски идентитет. Манчини се служи и со музички
цитати – сегментот на заспаната убавица од Чајковски е во
служба на истакнување на комиката на псеудо -љубовните
сцени.

Заклучок

Врз основа на досега изнесеното, се наметнува едно


поместување во терминологијата на музиката во филмот. Таа и
денес вообичаено се нарекува применета музика. Но, доколку
филмската музика е навистина применета музика, тогаш таа не е
ништо друго освен музика за филм или “тапети за готови
ѕидови“, бидејќи според Игор Стравински “музиката е премногу
возвишена уметност и премногу благородна за да се стави во
служба на друга уметност“. Секако дека оваа изјава на
Стравински е од пеесетите години на минатиот век кога
филмската музика го немала достигнато соодветниот статус. За
тоа сведочи и ставот на Пјер Шефер кој предупредува на
занемарувањето и “варварскиот“ третман на музиката во
процесот на монтажа и музичко миксање. “Применливоста“ на
музиката се одржувала и понатаму, така што Варткест Баронијан
можеби бил во право кога се запрашал за функцијата на
филмската музика – дали се работи за уметност или занает,
дали е изведена уметност или продукт на субкултура, иако го

14
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 5 - 17

забележува постанокот на уметноста вон признатите академски


норми, вон “чистата“ музика.
Доколку денешната филмска музика е применета музика,
така гледано можеби и Бах создавал применета музика како
“службеник“ на црквата Св.Тома во Лајпциг, па и Моцарт и
Хајден пишувале применета музика по налог на нивните
“работодавачи“. Така гледано и Шубертовата применета музика
би била неодминлив бекграунд елемент на Виенските
вечеринки, а музиката на Хендел (“Музика на вода“ и “Музика за
огномет“) би била сјаен звучен “декор“ за кралските забави. Се
чини дека терминот применета музика се користи соодветно
само во случаите на филмските почетоци (“музички чаршафи“)
кога на сликата навистина и биле “пришиени“ парчиња музика и
доаѓало до терминолошки несогласувања поради младоста на
филмската уметност.
Местото на музиката во филм се наоѓа во нејзината
функција во рамки на филмскиот систем и е сосем оправдано
(ако не и неопходно), наместо “применета музика“ да се
нарекува “функционална музика“.
На музиката во филм често и се припишува ограниченост
или условеност од сликата и/или нарацијата, но тие забелешки
може да се припишат практично на секој жанр во историјата на
музиката. Поради тоа е драгоцена и охрабрувачка мислата на
Ерик Волфганг Корнголд: “Не е точно дека филмот ја ограничува
музиката, експресивноста. Музиката е музика било да е
пишувана за сцена, концертна сала или филмско платно. Може
да се менува формата, манирот на пишување, но нема потреба
композиторот да прави компромиси или отстапки кои би се
коселе со она што тој го смета за своја музичка идеологија.
Единственоста на филмот треба да претставува инспирација за
фантазијата на композиторот и проба за неговата јачина.
Филмот е директен пат кој води кон ушите и срцата на
публиката, а сите музичари треба во него да согледуваат големи
можности.“

15
д-р Томислав Таневски – музиката во филмот – применета музика или функционална ....

Tomislav Tanevski, PhD

THE MUSIC IN A FILM – APPLIED MUSIC OR FUNCTIONAL


MUSIC

Abstract: The auditory experience is often above the visual. More


often auditory perception leads to spiritual expression, unlike the
visual, but when it comes to film, the two components should be
complementary. The otherness of the auditory /musical is often
highlighted in the film art. Because of this, the epistemological status
of the sound is an adjective and the visual is a noun - "sounds
function as adjectives used to modify or describe visual objects and it
is through their visualized presence that these objects are
concretized as nouns" (Christian Metz). Igor Stravinsky named film
music as "wallpaper" and Edward Branigan explaining the concept of
film music, considered that “the equality between sound and image is
established, too early". But, sometimes it is the music which
emphasizes the essence of the film, and yet it is not a musical.
The purpose of this paper is not primarily representing
auditory over visual experience (although nowadays the dominance
of auditory is undisputed), not even their equivalence, but defining of
the music (inseparable from soundtrack) as an integral component of
the film. Therefore, it is necessary to look for alternative solutions for
the analysis of music. Maybe it could be started by thinking about the
music in the film and not the music for the film and to seek the
meaning of "operation” of the music in the film system. In that sense,
the involvement of music in conjunction with the image and narration
allows a productive interpretation. For these reasons, the music in a
film should be referred to as functional music unlike the widely used
term "applied music".

Keywords: music in film, applied music, functional music, diegetic


music, non-diegetic music, film and visual narrative

16
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 5 - 17

Користена литература

1. Baronijan, V. (1973) Filmska muzika. Zvuk, Sarajevo, br. 3,


str. 263-270
2. Baronijan, V. (1973) Filmska muzika. Zvuk, Sarajevo, br. 3,
str. 263-270
3. Baronijan, V. (1972) Vizuelizacija muzike i zvuk kao dimenzija
slike i pokreta. Zvuk, Sarajevo, br. 124-125, str. 112-117
4. "Korngold, Erich Wolfgang". Encyclopædia Britannica
Online Library Edition. Encyclopædia Britannica, Inc.
September 13, 2015. Retrieved September 29, 2013
5. Bernardi, Daniel. Hollywood's Chosen People: The Jewish
Experience in American Cinema, Wayne State Univ. Press
(2013) p. 48
6. Mez,K. (1975) Jezik i kinematografski medijum, Institut za
film, Beograd.
7. Endru,Dž.D. (1980), Glavne filmske teorije, Institut za film,
Beograd.
8. Stojanović,D. (1978), Teorija filma, Nolit, Beograd.
9. Stojanović,D. Leksikon filmskih teoretičara.
10. David A. Cook, (2003),A History of Narrative Film (Fourth
Edition),USA.

17
д-р Мито Спасевски – Детскиот тематски свет во книжевните огледалца на Ацо ....

ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА - АНАЛИЗА

д-р Мито Спасевски


Научен труд
Педагошки факултет “ПРОСВЕТНО ДЕЛО“
“Св. Климент Охридски“, Скопје LXIX,1,2016
UDK:
929 Караманов,А.
821.163.3.09

ДЕТСКИОТ ТЕМАТСКИ СВЕТ ВО КНИЖЕВНИТЕ


ОГЛЕДАЛЦА НА АЦО КАРАМАНОВ

Абстракт:Современата македонска литература во својата


развојна историска и творечка генеза, почива врз редица
значајни творци. Секој од нив вградил автентичен и изворен
фундамент во вкупните развојни текови на творечкиот современ
растеж. Еден од авторите кој се заѕида себе си во темелите на
современата македонска литература, е и Ацо Караманов.
Караманов се принесе себе си со возгласот на книжевниот збор
и со својата револуционерна идеја, со нескротлив борбен дух
положувајќи го и својот живот за слободна му татковина, за
Македонија. Во вителот на НОВ, неговиот живот згасна под
отсрелот на окупаторските наезди само на седумнаесет години.
Овој, -по своето битие, по своите идеи и идеали и по својата
национална и поетска дума,- вонвремен седумнаесетгодишник,
зад себе остави гласно и воскренато литературно творештво. Во
пазувите на тоа творештво, здиплено остави и ракатка поетски
остварувања како книжевен мозаик од детскиот тематски свет,
вграден во вчекорувањата на македонската современа
литература за деца.

18
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 18 - 34

Клучни зборови: Караманов, Ацо, поет, вонвремен, знаменит,


воздигнат

1. Ацо Караманов- проследби, студии, истражувања

Во развојните текови на современата македонска


литературта, името на Ацо Карамано е детерминирано како
знаменит показ дека дури и кога се живее кратко, само
седумнаесет години, од себе може да се одгласи многу
творечка светлина. Тој е автор кој напојувањето со сладотеците
на литературната уметност на зборот, го започнува во најраните
кревки младешки години. Ацо Караманов во македонската
современа литература се репрезентира несомнено како еден од
најочевидните и најподатливи литературни ранобудници во
современата македонска литература. Краток живот, а големо
вдахновение.
Во наследство на македонската книжнина Ацо Караманов
& остави вистинско творечко книжевно благо. Знаменит капитал
на поетика и поетски творби, значаен прилог на прозни творби,
дневници, епистоларија.
И не случајно, Караманов со својот краток животен и
гласно речит творечки спацификум како ретко кој автор бил
предмет на бројни книжевно-аналитички проследувања.
Животот и делото на овој редок,голем и сестрано
вдахновен,но краткоживотен македонски млад светилник, како
ретко кој автор кој живеел толку малку, а довтасал толку многи,
толку опфатно и многуаспектно да биде проучуван и
проследуван. И има зошто.
Го нарекуваат вистински “вундеркинд”.1

1
Милан Ѓурчинов “Од сегашен агол”, критички размисли, Македонска академија на
науките и уметностите, Скопје, 2012

19
д-р Мито Спасевски – Детскиот тематски свет во книжевните огледалца на Ацо ....

- Во најрана возраст совладува неколку јазици и за кратко


време се здобива со најшироко образование.2
- Многуречито и вдахновено творештво.
- Феномен од нашата книжевна историја.3

Заради тоа и заради ред други самосвојствени специфики


и блесоци на Ацо Караманов, повеќе од стотина реномирани и
угледни проследувачи на неговиот животопис и творечка
гласитост, студиозно и одговорено, со длабока промисла и
релевантно вредносен аналитички пристап, детерминираа голем
број од мноштво спознатливите сознајности. Во тој ревносен
проследувачки процес на Ацо Караманов, на неговото битие и
неговите творечки оставнини,-проследувачите во чиј аналитички
дискурс се најде токму Караманов со сета негова творечка
сеидба,во своите гледишта маркираа многу значајни,темелити
и трајни становишта.
Еден од потемелитите и сеопфатни проследувачи и
проучувачи на севкупните аспекти на животот и делото на Ацо
Караманов неспорно е Радивое Пешиќ. Во преку дваесетина
студиозни книжевни објави, Пешиќ ги изложува,толкува и
предочува речиси грото животни, творечки и вонвременски
димазии на Ацо Караманов. Кон тоа се и препевите,
подготовките, поетските и прозните видувања на творештвото на
Ацо Караманов вредносно апсолвирани врз Карамановиот
авторски и книжевен спецификум.
Речиси со исто толку сеопфатни, клучно говорливи и од
различни книжевни и животни агли, се согледбите, произнесите
и автентичните толкувања и прилози на Милан Ѓурчинов. Во нив
со присна животна блискост, се третираат недвојбено значајни
творечки и животни скалила, врвежи и нагорнини од битието на
Караманов.

2
Исто цит. дело.
3
Исто цит. дело.

20
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 18 - 34

Посебно е значаен интегрираниот корпус на остварени


аналитички и истражувачки објективи за Караманов со прилози
заокружени во публикацијата ,,Големата песна на Ацо
4
Караманов”.
Ова значаjно издание приредено од Ѓурчинов, маркирно
изложува осумдесетина (од речиси толку автори), релеватно
темелити проследувања и прилози за животот и делото на Ацо
Караманов, од различни приоди, сегменти и слоеви.Меѓу нив се
и прилозите за Ацо Караманов од Љупчо Стојменски, Доне
Пановски, Васил Тоциновски, Иван Студен, Миодраг Шилјаковиќ,
Чедо Јакимовски и други.
Кон ова треба да се придодаде и фокусираниот
согледбен наслов “Од сегашен агол” -критички размисли –во кои
се покренуваат повеќе компоненти на феноменот Ацо
Караманов. Особено значаен приодонес кон проследувањето
на животниот и творечки бит на Ацо Карамано е лоцирана во
опсервацијата “Полилингвизмот соочен со креативниот порив, -
феноменот Ацо Караманов”.5
Радивое Пешиќ посебно се осврнува и на прозните
записи од Ацо Караманов.Појдовно во делото “Ацо Караманов –
прозни записи”,6 под насловот Маргиналии врз расказите на
Ацо Караманов, Пешиќ дава уважен придонес кон одделни
аспекти на прозното наследство на Караманов, -неколку раскази
и новелети. Притоа Пешиќ укажува на фактот дека неколкуте
раскази и прозни творби “со јасни навестувања на авторовите
можности во областа на прозата, индицираат на заклучокот
што потврдува дека авторот многу поактивно и посериозно се
занимавал со прозна форма одколку што тоа го покажуваат
материјалите зачувани во неговото литературно наследство.7

4
Големата песна на Ацо Караманов,Приредил Милан Ѓурчинов,Македонска
академија на науките и уметностите,Скопје,2006 год.
5
Милан Ѓурчинов ,,,Од сегашен агол,критички размисли,Македонска академија
на науките и уметностите, Скопје, 2012.
6
Ацо Караманов,Прозни записи ,подготвил Радивое Пешиќ,Македонска
Ревија, Скопје, 1981 год
7
Исто цит дело

21
д-р Мито Спасевски – Детскиот тематски свет во книжевните огледалца на Ацо ....

Завидни прилози за творечката бит на Ацо Караманов


донесува и Списанието за уметност “Сум”.8 Тука се поместени
покрај одделни поетски творби на Караманов и прилозите на
Милан Ѓурчинов “Хуморот на Ацо Караманов”, “Од симболизмот
кон експресионизмот” од Влада Урошевиќ, како и прилози за
одделни аспекти на творештво на Караманов од Јадранка
Владова, Александар Прокопиев, Соња Стојменска–Елзесер,
Јасна Котеска, Доне Донев, Борче Панов и други.

2. Детскиот тематски свет во книжевниот дискурс на


Ацо Караманов

Од обемната граѓа на студии, прилози, расправи и други


книжевно-аналитички разгледби на творештвото на Ацо
Караманов,–на очиглед е дека станува збор за еден вонвремен,
вонреден и издвојив профил на личност. Автор, кој како по
својата вдахновена личност, така и по творечките дострели на
времето и вонвремето му даде несекојдневен белег.
Иако видно конотиран и препознатлив по поетските, но и
прозните дофтасувања кои ги предочуваат неговите
обземености кон социјалното, родољубивото, патриотското,
хуманото, општочовечкото, а сето тоа лирски, емотивно и со
уметнички пластови здиплено во поетскиот ткаеж кој вниманито
го свртува кон повозрасните читатели,-Ацо Караманов со особен
книжевен учинок вниманието низ неколку поетски наслови го
свртува и кон книжевноста за деца и млади.
Во досегашните постојните разгледби и проследувања
на неговиот животен и творечки пат,се чини дека дискурсот на
Карамановите литературни објави во комплексот на
творештвото за деца, останале недоисцрпена и незгасната
загатка и за некои нови современи аналитички предизвици, низ
одделни актуелно податливи литературни аспекти и сегменти.
Кон тоа се стреми и овој аналитички пристап.

8
СУМ - Списание за уметност-Центар за културна иницијатива, Штип, 1997
год.

22
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 18 - 34

Од книжевниот опус на Ацо Караманов излиен во


неговото творештво осведочени се десетици наслови во кои се
испреплетуваа стихувана и прозна поетика, или прозен и
поетски возглас на поетовиот сензибилитет. Низ стихописот во
книжевните искази на Караманов, завидно забележливи се
сочна ракатка наслови кои претставуваат светли возгласи на
Ацо Караманов низ појасите на детскиот тематски свет.
Примарно овде се поместуваат насловите “Балада за
црвената птица” (во неа се испреплетени бујни поетики на
метафората на бунтот, каде црвената птица е раскрилена со
метафоричен воспев. Tука се и песните “Деца на борбата”,
“Мравка на големиот црвен трендафил”, “На малата
ластовица што ми подари песна една”, “Детето на улица”,
“Утринска песна”, “Уличното момче”.
Аналитичкиот след на творечкиот спецификум на Ацо
Караманов срочен низ развојната призма,имплицира
книжевните остварувањата од детскиот тематски свет на
Караманов да се идентификуваат со неговата рана творечка
фаза (како второ негово еволутивно скалило) која настапува
по фазата на неговите “први обиди”.
Книжевната периодизација на творештвото на Ацо
Караманов насочува пет творечки етапи. Според нив
остварениот книжевен корпус на Караманов може да се сврсти
во период на: Првите обиди, Раната творечка фаза, Лириката во
1942 година, Поетските остварувања во 1943 год. и Последната
творечка фаза.9
Во таа смисла се посоките на Р.Пешиќ според кои
кога,,Караманов учи во 4 –ти клас на 1-вата машка гимазија во
Скопје,(1940/41 год) кога имал 13 години, ги напишал меѓу
другите и песните: ”Мравка на големиот црвен трендафил”,
“На малата ластовица што ми подари песна една”, “Балада за
црвената птица”.10

9
Големата песна на Ацо Караманов,Приредил Милан Ѓурчинов,Македонска
академија на науките и уметностите,Скопје,2006 год.
10
Исто цит. дело

23
д-р Мито Спасевски – Детскиот тематски свет во книжевните огледалца на Ацо ....

Интонирана со видниот поетов возвик и загрижа песната


“Детето на улица”, иако навидум претставува основа, скица на
која се портретира ликот на детето од улицата, сепак Караманов
во неа вкотвува низа поетски думи од кои извираат пластовите
на лирското, тревожното и социјалното,поетичното и морното
авторско сострадање со детето на улицата кое има душа “што
никогаш не испилa ни капка од чашата на радоста...”. Авторот, -
само сочувствено споделува тревожен немир оти детето има ,
”срце што не знае за топлината на пролетта, и очи каде никогаш
не заблескала малечката искра на среќата”.
Караманов во себе како да го восприма болно тивкиот
шепот на детето со кој се изустува: “леб, о само корка леб”. Тоа
разбирливо присетува дека тоа што се поентира како ехо, не е
само поетова, туку сенародна социјална болка и тревога.
Но поетот во очите на осаменото мало дете на црната
улица го спознава “топлиот поглед што извира од детските очи
полни со сина тишина. Погледот, низ таа топлина,- вели
Караманов, ги прикажува “страданијата и животот исполнет со
глад”.
Овој баладичен, тревожен, раздробит поетски портрет на
детето на улицата Ацо Караманов баладично го ткае низ
самокритичниот грижељубив немир, апострофирајќи:
,,Само заборавивме
Дека си ги преживувало мачните години
На разделбата со родителите свои,
Годините кога големата црна улица
Те стиснала на своите студени гради
Па и сега си со нив,,

Нескротлив и таговен немир, бликнат со емоционални


плими од внатрешните атари на творечкиот исказ на Караманов,
со лирски бранови е стокмен во заклучните стихови од песната
во кои пред очите на поетот се осаменото дете, дождот,
самотијата и сестринството од една птица:
О, мало дете на големата црна улица ,
Чекориш до ноќта, а дожди
Самуваш. Сестра ти е, само една птица,,.

24
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 18 - 34

Во таков поетски код, Караманов ги лее и стиховите во


другите песни кои фреквентно се слеваат во најјадровитиот, но
и поширокиот радиус на детскиот тематски свет. Така, во
поетскиот пев на Караманов струјат и стиховите од песната
“Мравка на големиот црвен трендафил”.
Приодот на разгледба на стиховите од оваа песна, на
повидок отвора пошироко аналитичко и опсервациско можно
поимање, не само на поетската детерминација на самиот
наслов, туку уште повеќе на координатите на перцепирање на
многузначноста на одделни стихови. Интегралата која на прв
поглед ни се предочува од насловот, ”Мравка на големиот
црвен трендафил” недвојбено се идентификуват со широкиот
регистер од животинскиот и растителниот свет како книжевна
полјанка на литературното творештво за деца. Но од стиховите
на оваа песна извираат и други пораки и поетства.
Така Караманов ќе воспее дека “на пролетните црвени
гради на трендафилот пее мала слободна мравка”, а додека тој
пее за неа, за пролетта и трендафилот ќе ќе ја отклучи својата
душа и ќе рече: “а мојата песна е челуст на ранетиот волк” па
додека тој ги пие треперливите мириси од здивот на црвенот
трендафил неговата песна капе како црвено вино.
Караманов го слуша шепотот на црвениот трендафил
што со лирски бран од харфа ќе рече:
Јас не ја сакам твојата песна,
Чкртањето на твоите волчји заби,
О, малечка, немоќна мравко,
додавајќи дека тој повеќе ја сака благословената тишина
на залезот, пролетниот дожд кога тој над него танцува. Во
мечтите на трендафилот се бескрајно жедниот здив на
расцутеното звездено небо и растреперениот лет на немирните
птици.
Стиховите на тревожниот, но стожерен Караманов,
ткаежот на поетскиот вриеж го еволуираат со баладичен
наплив:
“Покрај нозете на црвениот пролетен трендафил
Лежи една мравка, малечка, немоќна мравка,

25
д-р Мито Спасевски – Детскиот тематски свет во книжевните огледалца на Ацо ....

Изнемоштена, таа не прикажува повеќе,


Спие,
Спие
И засекогаш спие.”

Забележливо и упатно, во поетскиот вокабулар на Ацо


Караманов во поетикумот насловен “Мравка на големиот црвен
трендафил” и покрај кревкиот лиризам и лиричен повев,и покрај
треперливиот стих што плови низ сентиментот на семожната
детска возбуда за мравката и цветот на трендафилот се
преплетуваат и вруточат поетските гласовитости “Слободна
мравка”, песна челуст на ранет волк, крваво вино, волчји заби,
жеден здив за расцутено звездено небо, растреперен лет на
немирни птици. Со поетското ехо на Ацо Караманов во оваа
песна како да не одзвучува само детинственото лубие на
мравката и цветот од трендафилот, туку се отпластува ехото на
поетовото набрекнато слоболубие, испреплетено и навезено и
во овие стихови.
Со препознатлив сензибилитет во творечкиот корпус на
Ацо Караманов анимирањето на детскиот тематски свет
индицирано е и низ стиховите на песната “На малата
ластовица што ми подари песна една” Се чини дека
Караманов и низ овие стихови со отворена душа поетски се
распостила ширум пределите на географска книжевна
топографија. Како поинаку да се декодира авторската порака до
ластовичката вкована во стихот:
“Ти денес над широките месни гради на Африка
Леташ и ја носиш својата нежност
Во малите топли очи.
Исповедно Караманов следствено ќе рече,,
А, јас на кого му подари песна една ,мека и тиха
/ јас,кој твојата песна ја држи на црната дланка,
/ јас те чекам/
удавен во сините води на тишината.”
Она што посебно сакам да го нагласам е натпримерно
прустниот пацифистичкиот дух на Ацо Караманов што извира од
стиховите

26
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 18 - 34

“Мала ластовице, добра, распеана ,


Кога ќе појдеш понеси ја и малата пролет на моите
зборови,
И подари ја на месните гради на земјата Африка.”
За Караманов размегени се границите на светот.
Отворени се ширно неговите меридијани. Ретко како Караманов
некој собеседник од неговото време на творење од времето во
кое живее Ацо Караманов, од просторите на тогашните
балкански колежи и стрелби, црнила и надежни виделини,
погледот за радосницата иднина колку за себе ,-толку и за сите
други, ќе го сврти кон поубавото утре, а - на светот ќе му
пристапи како татковина на сите, ослободена од зидините на
вери и нации, бои и раси. Зашто Караманов од малата
ластовица замолно ќе побара малата пролет од неговите
зборови да им ја однесе на неговите црни браќа што горат од
љубов за уште еден чекор до иднината.
Денес кога во наездите за моделирање на современиот
свет и лекувањето на неговите модерни воинствени рани и
делби, нагласено се повикува и потребно е негово сплотување,
се повеќе се антиципираат повиците за интеркултури и
сплотувања, интеркултурни погледи кон светот, интеркултурни
книжевни поставки, интеркултурно визионирање на светот,- како
автор на овие согледби за Караманов, простум ќе возгласиме
дека на македонската почва тоа семе е засеано од дамнешни
македонски сеачи, оти интеркулурните довтасувања кон
светот,- уште на своите седумнаесет години, во метежот на
македонските патила и потраги по ,црвената пролет,или
јасновидното сонце ги разгласи и нескротливата душа на Ацо
Караманов.
Заклучувајќи го својот интеркултурен поетски проглас во
оваа песна која со поетската топлина се храни и закрилата на
детското поетско тематско гнездо говорејќи за ластовицата како
лирска и милоносна птица во детските перцепции, Караманов
обраќајќи и се на малата ластовица, -ќе рече:
“Со својата сребрена песна поздрави ги
рацете нивни, црни, челични,
И кажи им

27
д-р Мито Спасевски – Детскиот тематски свет во книжевните огледалца на Ацо ....

Дека и јас би сакал со нив ,


побргу до светлината.”

Пламено навестен Ацо Караманов е и во песната


“Балада за црвената птица”, со поетска сообразба низ чија
метафорика прозвучува не само ехото на птицата како мила
детска кроткост (птицата многу често опејувана во литературата
за деца), -туку многу повеќе како поетска изуст и на личните
обземености и натежнатости од згрченото време, но и
зготвувања да завиори “светлината”.
Во тој дух Караманов во зачетните стихови од оваа песна
ќe рече:
“Јас, малиот четиринаесдетгодишен
Со набабрени гради-
Бујни реки
Ти пеам псалм со висок глас.”

Но тој е со непритаен повик да се довтаса до


“Слободата на малата црвена птица”:

“Отворете ги мускулестите кафези на своите гради,


Расклопете ги решетките на своите ребра,
Раздробете ги црнте лушпи на својата тага и
Пуштете ја
Малата црвена птица.”
Како грижител и за својата но и за слободата за
,,црвената птица,,Караманов со својата духовна ведрина
воспеева птицата со сончеви крила, “да пламне, да полета, кон
големата пламена река на својот брат”– Сонце. Така
Караманов,-пее, ”нека полета со крилата исткаени од огнот на
бурните барања”.
“Радосно нека запее”, -ќе рече Караманов, -“заедно со
големите, бујни реки и татнежот на чекорите на пламената
синоока иднина”.
Во поетската многуслојност на оваа песна преплетени се
и птицата, но и коскените решетки, црните лушпи на тагата, но
и сончевите крила, пламената река, братот Сонце, огон на бурни

28
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 18 - 34

барања, татнеж на чекори, но и пламена синоока Иднина.


Вдахновен и виорен, разгранет и сплотен, лиричар и гласник на
огнови, бурности, решетки, пламена иднина, -стрвнeж за сонце
за црвената птица, но и копнеж, сонцето, слободата и
светлината на родословот, се речито низ песната за птицата,
како милувка на детскиот свет и сликите од детството, но и
возвик кон слободата на родот.
Трепетно и лирски, Караманов ја измолкнува од себе
баладичната себестрадалност за “милото, невино и тажно дете
што талка и скита по улицата”. Песната “Уличарски мангуп”,
или уличниот мангуп, асоцијативно е блиска до песната “Детето
на улицата”. Ова упатува на заклучокот за особената социјална
загрижа и тегобна наплстеност и сочувстеноста и болката на
Караманов за децата кои талкаат и безделничат по улиците.
Како и во стиховите од песната “Детето на улицата”, така
и во оваа песна видно тревожен и со нагласен емотивен вриеж,
Караманов ја лее поетската болка во своите стихови
портретирајќи ја судбината на маченичките патила на уличното
момче. Во неговите очи се “скрила небесната синевина”. Но во
нив исто така има и “толку силна мечта а и тажен поглед стои”.
Во поетското табло што Караманов го ретушира во своите
стихови кои тематски налегнале врз маченичко, страдалничко,
аргатското и самотничкото опстојување на децата и улицата,
како огниште под ведро небо, -одзвучува поетскиот немир и во
стиховите “и без мајка и без татка, сам на улицата си пошол,
испомилуван со најгруб ќотек и со такви пцости.”
Момчето маченички и со офкање влечка, полна кола со
камења. Мизеријата вели Караманов му е “милосрдна сестра”, а
околу него, сета таа раскош што го разубавува сегде градот.
Момчето под ведрината на улицата околу момчето е и
“парфимизираната беда кон која тоа е остро гневно”. Со морна
воздишка Караманов се прашува дали е тоа затоа што детето-
момчето е, толку гладно, а сеуште младо.Сожалително свртен
кон тегобните катадневија на детето- момчак чие детство се
детсвува низ искушенијата и во сновиденијата на улицата,
Караманов гласноговорно ја анатемисува таа социјална
раздроба на животот низ патилата на овие деца.

29
д-р Мито Спасевски – Детскиот тематски свет во книжевните огледалца на Ацо ....

Меѓу Карамановото поетство кое, трперно и лирско,


ранодетно и сликовито во кревките емоционални резби,
вибрира како спомен од детството што прилега на треперлив
лист пред кроток ветрец, се и присетите за учителот и детството
што авторот ги сплетува во песната Спомени. Се има впечаток
дека содавањето на оваа песна како да маркира еден од
поуранетите творечки обиди на Караманов. Таа по својот
едноставен стихотворен образец, по нагласената присутност и
колоритност на римувањето ,по врамнотежената метрика,
зборовниот регистер, течението на мислата, но и други книжевни
белези, - во прилична мера прилега дека го одразува раниот
творечки период на Караманов. Но можеби пак таа како скица
чмаела во неговата душа како поетски запис од детсвото, а е
испеана подоцна така како што била запишана во душата и
спомените. Во неа ги нема ескалираната метафора,
симболистичкиот навев видно присутен во другите поетските
декорати во најголем број од стиховите на Караманов. Додуша
можеби тоа го налагале и тематско- мотивските форматски
искази, облиено со ранодетскиот поетизам на авторот и негови
топли спомени за училиштето и учителот.
И во таков поетски спев сензибилно исцртан во песната
“Спомени”, Караманов, допадливо и емоционално сликовито, ги
скицира своите спомени за училиштето и учителот. Воведно
Караманов во песната ќе рече:
“За белата куќичка си споменувам со сладост,
во неа некогаш деновите ми минаа леко,
Наоѓајќи внатре засолниште и радост,
со мечтите насмени мешајќи го текот.”

Во спомените на Караманов се и “зората рана”, во која


тој поаѓа на училиште, “ветерот што го плиска по патот, звукот
што како химни јато го растура сребрената камбана”. Во својата
опкружба се неговите другари, ведри и игровити, без ни траг грев
во нивните души.
“Учителот ни е стар, но со става стројна”, -вели
Караманов, додавајќи “зборовите негови летаат без мака, кон
нас како пчели од кошница ројна”. За Караманов, училиштето е

30
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 18 - 34

свето,-што укажува за исклучителниот став на Караманов кон


знањето, ученоста и нивната светлинa како патоказ за иднината.
Караманов на крај воспевно ќе рече “во училиштето,
молитва се крева над нашите глави, радост светла в срца ни се
вие, како слово што победа слави, додека надвор од училиштето
земјата ја обзема песна лека, планините се смеат и чурулика
модрата река”.
Стихови, лирски, во заветрина од споменарска топлина,
едностави и срдечни, спонтани и сликовити.
Капиталните проследби за Ацо Караманов устроени во
обемната граѓа “Големата песна на Ацо Караманов”11 ,на
повидок ја апострофираат и книжевните констелации во
стиховите на “Утринска песна” како дел од овој тематски
колаж. “Екстазата од радоста на постоењето ,прославата на
пролетното будење и сеопшто р’тење доаѓа до полн израз во
“Утринска песна” една од најуспешните во овој циклус
нагласува М. Ѓурчинов, во истата проследба. Силно лирско
чувство ги пронижува сите песни од овој период, откривајќи ги
доживувањата и адолесцентниот восхит на детето и неговиот
интимен свет опкружен од она што нему му е најблиско:
природата, цвеќето, тревите, простoрот...” додава Ѓурчинов.

3. Разгранетоста на детскиот творечки свет во


книжевниот мозаик на Ацо Караманов

Детскиот тематски свет како книжевно огледалце во


творечката мозаична оставнина на Ацо Караманов, е особено
плоден. Во таа смисла се вонредно интересните записи во
неговиот дневник. Така тој во својот дневник (видно исказен и
преку водењето на дневник) од 18-ти март 1944 година, меѓу
другото Караманов ќе забележи: “Колку ја сакам, колку многу ја
сакам!

11
Исто цит. дело стр. 34

31
д-р Мито Спасевски – Детскиот тематски свет во книжевните огледалца на Ацо ....

Таа е онаа малечка Црвенкапа и Снежана за кои читав и


сонував во моето детство, мала Црвенкапа, излегла од кориците
на книга со бајки и добила живот. Тоа е целото мое детство-сино
добро, светло детство....”12
Искрено отклучувајќи ја својата душа, Караманов во
своите дневнички записи ќе забележи: Од градите мои пее ритам
не на едно, туку на три срца! Кои се тие тројца?(А.К.- Поет...А.К.-
Скептик...А.К.-Човек.)
А.К. Поет. Тоа е петгодишно дете со големи сини очи,
босо, со разбушавена коса. И јас знам: тоа секогаш ќе остане
дете.... Тој сака се! Дали и него го сакаат сите? Тоа мало
петгодишно детенце! Колку многу го сакам.
-О, мало дете сини очи, кажи ми зошто плачеш, гледајќи
ги гладните треперења на вечно испружената рака на оние кои
страдаат...
-Ти мало петгодишно дете кое си добило срце само за да
можеш да го раздадеш на другите, ти-кој ја сакаш и најмалечката
тревка, кој го слушаш разговорот на летот на ластовиците со
жуборите на планинските поточиња, кажи ми- зошто толку многу
те сакам?
Се прашува во себе и говори со себе седумнаесетгодишниот
Караманов. Низ прозирките од детството, Караманов “разговара”
со Караманов. Седумнаесетгодишниот Ацо Караманов
“разговара” со петгодишниот Караманов. Разговор во себе и со
себе.13
Во разнообразниот творечки дијапазон на Ацо Караманов
,значајно место заземаат и неговите прозни објави што
несомнено и заслужно го задржуват статусот на актуелни
книжевни проследби.

12
Милан Ѓурчинов, “Од сегашен агол”, критички размисли, Македонска
академија на науките и уметностите, Скопје, 2012, стр. 287
13
Милан Ѓурчинов, “Од сегашен агол”, критички размисли, Македонска
академија на науките и уметностите, Скопје, 2012, стр. 283-284

32
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 18 - 34

Заклучок

Ацо Караманов имал нескротлива, бујна, недотечна и


раскошна творечка обземеност и инспиративен поход. Така во
неговите зародишни скици за творештво кое тој мечтателски го
навестуал. Во скоро дваесетината тематско мотивски посоки за
следствени дела се наоѓаат уште неколку скицирани наслови од
кои објективно фреквентираат во колажот на детскиот тематски
свет. Такви се осмислувачкитe творечки посоки за “животот на
еден стар лист на едно гранченце”, и “животот на еден врабец”.
Во евидентниот корпус на оствaрено литературно
творештво, Ацо Караманов одделен дел од песни ги објавувал
и во списанијата за деца. Во таа смисла се и сведочните
поткрепи на неговата сестра Елена Караманова. Според неа,
Ацо Караманов и нејзе и пишувал песнички уште во основното
училиште, а некои негови литературни состави под нејзино име
биле подоцна објавувани во списанија за деца пред војната.14

Mito Spasevski, PhD

CHILDREN'S THEMATIC WORLD IN LITERARY MIRRORS OF


ACO KARAMANOV

Abstract: The contemporary Macedonian literature in its historical,


developmental and creative genesis rests on a number of important
artists. Each one of them embedded authentic and original
foundation in overall developmental courses of contemporary
creative growth. One of the authors who stands out in the
Macedonian contemporary literature is Aco Karamanov. Karamanov
offered himself to the call of the literary word and with his
revolutionary idea, wild fighting spirit, laid down his life for free
homeland, for Macedonia. In People’s Liberation War his life ended
being shot dead by occupiers when he was only seventeen years old.

14
Големата песна на Ацо Караманов, Приредил Милан Ѓурчинов, Македонска
академија на науките и уметностите, Скопје, 2006 год. Стр. 32.

33
д-р Мито Спасевски – Детскиот тематски свет во книжевните огледалца на Ацо ....

This - by his existence, by his ideas and ideals and his national and
poetic word – extraordinary seventeen years old men, left behind a
loud and resurrected literature. As his legacy, he also, left poesy as a
literary mosaic from the children’s thematic world embedded in the
Macedonian contemporary literature for children.

Keywords: Karamanov Aco, poet, extraordinary, distinguished,


eminent

Користена литература:

1. Големата песна на Ацо Караманов,приредил Милан


Ѓурчинов, Македонска академија на науките и
уметностите, Скопје, 2006 год.
2. Радивое Пешиќ, Страници од дневникот на Ацо
Караманов, Студентски збор Скопје 1959 год. ”Од
сегашен агол”, критички размисли, Македонска
академија на науките и уметностите, Скопје, 2012.
3. Радивое Пешиќ, Поет,-во овој час, препев Радивое
Пешиќ, Современост, 1959 год.
4. Ацо Караманов, Прозни записи, подготвил Радивое
Пешиќ, Македонска ревија. Скопје, 1981 год .
5. СУМ, списание за уметност - Центар за културна
иницијатива, Штип, 1997год.
6. Ацо Караманов “Црвена пролет,” Мисла ,Скопје, 1989
год.

34
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 35 - 52

МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ

д-р Мишо Нетков


Прегледно-Научен труд
Универзитет за аудиовизуелни уметности “ПРОСВЕТНО ДЕЛО“
ЕСРА, Скопје-Париз-Њујорк-Амстердам LXIX,1,2016
UDK:
316.774-028.27(497)

ЕЛЕКТРОНСКИТЕ МЕДИУМИ НА БАЛКАНОТ МЕЃУ


МУЛТИКУЛТУРАЛИЗМОТ И ЕТНОЦЕНТРИЗМОТ

Апстракт: Масмедиите се повеќе стануваат доминантни во


нашето секојдневие. Низ различните форми на информирање,
образование и забава, тие се на некој начин еден „јавен
плоштад“, каде што сите се сретнуваат, разговараат, оговараат,
се информираат, полемизираат и одредени работи ги
проблематизираат. Секојдневната работа на политичарот не
може да се замисли без улогата на медиите како посредници во
пренесувањето и прифаќањето (донесувањето) на политички
решенија. Благодарение на медиите граѓаните се информираат
за политичките настани на домашната и светска сцена, и на
некој начин полесно се ориентираат во општеството при
донесување на некои решенија, па и при заземање на одредени
политички, културни и други ставови. На тој начин, преку тие
средства за комуницирање, се гради и јавното мислење што е во
најтесна врска со политичкото влијание на одредени структури,
кои преку истите ја одржуваат и својата кредибилност и бараат
оправданост за своето работење. Едноставно покрај извршната,
законодавната и правосудната, медиите се „четврта власт“
заради габаритот и тежината на информациите со кои
располагаат а кои најдирекно имаат влијание на поединецот и
општеството.

35
д-р Мишо Нетков – Електронските медиуми на Балканот меѓу мултикултурализмот ...

Еклатантен пример за влијанието на медиите во егоцентризмот


и мултикултурно зближување на народите најарно може да се
проследи низ Балканската медиската свера. Токму тоа е тема на
нашата анализа во назначениот реферат.

Клучни зборови: Медии,масмедии,егоцентризам, мултикултура,


телевизија

Современите медии1 извршуваат извонредно големо


влијание во менувањето на сите аспекти на глобалниот и на
личниот живот. Со сигурност може да се тврди дека целиот
современ планетарен систем, па и светската констелација, каква
што е денес, никогаш не ќе можеше да биде онаква каква што е,
вклучена во глобализацијата како светски процес, ако не беше
влијанието на медиите, во прв ред телевизијата. Особено
медиите го имаат достигнато својот дострел на влијание во
Југоистична Европа, и поготово на Балканот, по паѓањето на
Берлинскиот ѕид.
Балканот како конгломерат на разни народи, вери,
култури и религии, при секое негово споменување од страна на
западните патеписци, новинари, писатели или политичари,
асоцира на неслога, примитивност и расцепканост. Особено во
19 век погрдно го означуваа како буре барут.Ж
Сметам дека сложенката која во политичкиот жаргон се
нарекува „балканизација“ е многу опасна и дестабилизирачка и
затоа е потребно да се побара друг израз за да се надмине
истиот стереотип. Едно од можните решенија секако лежи во
вистинското детектирање и јавно отварање на проблемите и
прашањата што ги раздвојуваат некои балкански народи а кои не
придонесуваат за поголемо меѓусебно почитување и градење на
доверба. Во спротивно, секој обид за мајоризација на одредена
нација повеќе води во живата кал наречена од западот погрдно
„балканизација“.

1
Пред се мислам на Телевизијата како медиј

36
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 35 - 52

Во овој контекст ке се обидам да ви предочам во колкава


мера меидиите, во прв ред телевизијата, ја играт улогата на
помирител или разединувач меѓу балканските народи, поточно,
колку телевизијата е независна и има влијание во градењето на
масовната психологија и на градењето на колективната
меморија, било тоа позитвна или негативна на балканските
народи.
Mедиите, односно телевизијата, не само што го
овозможуваат и помагаат ширењето на новата економска
логика на транснационалниот капитал, туку се носечки столбови
на глобализацијата и мултикултурното не-сплотување меѓу
народите.
Секако, дека, прикажувајќи компаративни погледи,
телевизијата не само што ве корегира во некои свои довчерашни
погледи, туку отвара еден нов светогелед на нештата, ново
запознавање кон околината и подалечните меридијани но,
икстовремено и ви дава насоки како да размислувате.
Минатото, особено овде на Балканот, секогаш беше во
тесна врска со јазичните и националните малцинства, кои многу
често беа и се повод, и една од главните причини за мешање во
внатрешните работи на државите однадвор, а не ретко и мотив
за војни.Денес, со сите цивилизациски средства, особено со
средствата за комуникација, каде што посебно место зазема
телевиијата, се прават напори, овие малцинства, од довчерашен
повод за непријателства, да станат мостови на пријатество и
спојници меѓу народните.И тие исти малцинства од објект, да се
претворат во субјект на меѓународните односи.
Со цел да се добие поголемо согледување за јавните
електронски сервиси на Балканот, односно националните
телевизиски центри кои ја играат главната улога, и се на некој
начин лицето и опачината на власта, или народски кажано увото
и очите на народот, едноставно столбови на демократијата и
мултикултурното живеење, подетално ке ги образложиме
поединечно сите балкански национални тв центри.
Прегледот ке го започнеме со Босна и Херцеговина која е
независна држава, но под меѓународна администрација.

37
д-р Мишо Нетков – Електронските медиуми на Балканот меѓу мултикултурализмот ...

Нејзините три главни етнички групи се Бошњаци (босански


муслимани) Хрвати и Срби.
Војната што се водеше со распадот на Југославија
Современите медии2 извршуваат извонредно големо влијание во
менувањето на сите аспекти на глобалниот и на личниот живот.
Со сигурност може да се тврди дека целиот современ
планетарен систем, па и светската констелација, каква што е
денес, никогаш не ќе можеше да биде онаква каква што е,
вклучена во глобализацијата како светски процес, ако не беше
влијанието на медиумите, во прв ред телевизијата. Особено
медиите го имаат достигнато својот дострел на влијание во
Југоистична Европа и поготово на Балканот по паѓањето на
Берлинскиот ѕид. Балканот како конгломерат на разни народи,
вери, култури и религии при секое негово споменување од
страна на западните, било да се патеписци, писатели,
политичари асоцира на неслога и добил , особено во 19 век
погрдно означување како буре барут или едноставно кога ќе се
спомене терминот Балкан уште веднаш првата асоцијација е
неслога.Ж
Состојбата која во политичкиот жаргон се нарекува
балканизација е многу опасна и дестабилизирачка и затоа е
потребно да се побара друг израз за да се надмине истиот.
Едно од можните решенија секако лежи во вистинското
детектирање и јавно отварање на проблемите и прашањата
што ги раздвојуваат некои балкански народи а кои не
придонесуваат за поголемо меѓусебно почитување и
градење на доверба. Во спротивно, секој обид за
мајоризација на одредена нација повеке води во живата кал
наречена од западот погрдно балканизација. Во овој
контекст ке се обидам да ви предочам како меидумите, во
прв ред телевизијата ја игра улогата на помирител или
разединувач меѓу балканските народи, поточно, колку
телевизијата е независна и има влијание во градењето на
масовната психологија и на градењето на колективната
меморија на балканските народи.

2
Пред се мислам на Телевизијата како медиј

38
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 35 - 52

Mедиумите, телевизијата не само што го овозможуваат и


помагаат ширењето на новата економска логика на
транснационалниот капитал, туку се носечки столбови на
глобализацијата и мултикултурното сплотување меѓу народите.
Прикажувајќи компаративни погледи, телевизијата не
само што ве корегира во некои свои довчерашни погледи, туку
отвара еден нов светогелед на нештата, ново запознавање кон
околината и подалечните меридијани.
Минатото, особено овде на Балканот секогаш беше во
тесна врска со јазичните и националните малцинства,кои многу
често често беа повод, и една од главните причини за мешање
во внатрешните работи на државите, а не ретко и мотив за
војни.Денес, со сите цивилизациски средства, особено со
средствата за комуникација, каде што посебно место зазема
телевиијата, се прават напори, овие малцинства, од довчерашен
повод за непријателства,да бидат мостови на пријатество и
спојници меѓу народните.И тие исти малцинства од објект, да се
претворат во субјект на меѓународните односи.
Со цел да се добие поголемо согледување за јавните
сервиси на Балканот, односно националните телевизиски центри
кои ја играат главната улога и се на некој начин лицето и
опачината на власта, или народски кажано увото и очите на
народот, едноставно столбови на демократијата и
мултикултурното живеење, подетално ке ги образложиме
поединечно сите балкански национални тв центри.
Прегледот ке го започнеме со Босна и Херцеговина која е
независна држава, но под меѓународна администрација. Војната
што се беше водела со распадот на Југославија ги претвори
повекето медиуми во пропагандни алатки во рацете на
актуелните власти, војските и фракциите. Денес, повеке од 200
комерцијални радио и телевизиски станици го исполнуваат
етерот на Босна и Херцеговина од кој 40-тина телевизиски
станици3и 142 радиостаници4. Може да се заклучи дека „јавните
РТВ емитери не обезбедуваат еднаквост во застапеноста на
јазикот и писмото.

3
15 јавни и 25 приватни
4
63 јавни и 79 приватни

39
д-р Мишо Нетков – Електронските медиуми на Балканот меѓу мултикултурализмот ...

Со тоа постоењето на законска обврска практично не ја


гарантира еднаквоста на конститутивните народи во рамките на
сите три емитера во јавниот РТВ систем, било да се работи за
Хрвати, Бошњаци или Срби. Освен тоа не постојат механизми,
со кои може да се гарантира исполнувањето на законските
обврски во поглед на адеkватна застапеност на малцинските
заедници.“5
Според некои показатели во Србија постојат околу 120
телевизиски и околу 400 радиостаници. По падот на Милошевиќ
на некој начин се врати независноста во медиумите што дотогаш
беше или под дирекна контрола на власта или пак под нејзин
притисок. Својот углед како јавен сервис на сите граѓани на
Србија, радиото и особено телевизијата го изгуби во време на
владеењето на Милошевиќ, време во кое профитираа
националистички профилираните новинарски кадри.
Остроумниот и искусен политичар Милошевиќ наполно ја
свати моќта на медиумите, нивната важност и контролата над
нив за спроведување на своите национал-шовинистички
планови. Според Ворен Цимерман, последниот американски
амбасадор во Југославија, „Милошевиќ се среќавал со
директорот на Белградската радиотелевизија (РТБ) секој ден“6За
време на неговото апсолутистичко владеење беше направена
класична злоупотреба на медиумите со тоа што ги стави под
негова дирекна контрола и ги насочи во функција на неговата
националистичко шовинистичка политика. Во поткрепа на истото
ке споменам само еден пример од поранешна Југославија кога
весникот Политика ширеше омраза кон Албанците. „Во тоа
време од Зоолошката градина во Белград избегал лав кој потоа
бил застрелан. Весникот Политика објави вест со наслов
„Храбри Београѓанин убио крволочну звер“. Меѓутоа другот ден
се покажало дека тој храбар човек бил Албанец, па следната
вест беше насловена „Злочести Албанац убио београдског
љубимца“.

5
http://www.bbc.co.uk/2hi/europe/country_profiles/1066886.stm
6
Ворен Цимерман,„ Заробениот ум“,(Медиумите во Србија,Хрватска, Босна и
Херцеговина) Универзитет Лутон, Лутон прес, Њујорк 1999,324.

40
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 35 - 52

Вакви и слични примери има мноштво и би требало да се


проучуваат во новинарството како класични примери на
диктатура врз јавното мислење. Исто така на големо
изненадување и вчудоневиденост „националистичката
митологија презентирана секојдневно и агресивно од страна на
српските медиуми, особено по 1987 ги потикна и распламти
националистичките чувства кај другите етнички и верски
заедници“7 Искористувајки ги и класично злоупотребувајки ги
медиумите, тој создаде впечаток дека српскиот народ е загрозен
од страна на луге со различни етнички карактерни особини од
соседството и дека превентивна воена акција е единствениот
реален начин за самоодржување на српската нација. Со
отвореното легитимирање на овие закани „кај многумина граѓани
се создаде мислење дека конфликтите во бивша Југославија се
на база на вековна омраза (или духовна, според зборовите на
Роберт Каплан) сличен како судирот во Руанда меѓу племињата
Тутси и Хуту и никако не може да се надмине “8 Навикнати на
користење на фризирани информации цензурирани од страна на
власта за време на владеењето на Милошевиќ, народот на
Србија се најде збунет по неговото соборување од власт. „По
симнувањето на цензурата лугето беа гладни за да ја слушнат и
видат вистината, бидејки ги беа изгубиле критериумите што е
реално а што иреално во информативните медиуми“9 Во
последниве години се прават некои усилби со цел да дојде до
израз идентитетот на малите етнички заедници, но, сето тоа оди
доста бавно и со забелешки од страна на европските
организации задолжени за медиумите и малцинствата.
Демографската историја на Војводина е класичен пример
за нејзината богата многунационална историја а нејзината
географска локација како гранична зона и некогашната
Отоманската и на Хабзбуршката империја, како и содржината на
разнородните народи што живеат на таа територија ја одредиле
низ неа да се прекршуваат сите социјални-економски и културни

7
Ахмед Буриќ,„ Медиумите, војната и мирот во Босна“, институт за воено и
мировно известување, Лондон 2000,64.
8
Robert D. Kaplan,„Balkan ghosts“: A Journey Though History, Picador, New York
1993, 21-23.
9
http://www.internews.org/pubs/mediainconflict/micyugoslavia.shtm

41
д-р Мишо Нетков – Електронските медиуми на Балканот меѓу мултикултурализмот ...

турболенции и процеси. Денес на територијата на Војводина


живеат повеке од 25 етнички групи а се зборува на 6 официјално
говорни јазици.10 Новосадската телевизија емитува програма на
6 јазици. Исто така и Радио Нови Сад се пренесува на јазиците
на малцинствата. Покрај тоа 60 радиостаници пренесуваат
програми што опфаќаат регионални или локални заедници.
Статистички гледано правото на етничките малцинства за
информации на нивниот мајчин јазик е целосно задоволен во
Војводина. Единствено за време на Милошевиќ настрадаа скоро
сите медиуми. Беа во привилегирана позиција само унгарските
медиуми кои му даваа целосна подршка на неговата
шовинсистичка политика. Но, сепак и во такви услови
продолжија во извонредно сложени услови да емитуваат
програма на 8 јазици ( унгарски, словачки, романски, русински,
украински, ромски, хрватски и германски). И денес програмата на
радиото и телевизијата се емеитува на 8 јазици на етничките
заедници од страна на Радиодифузната установа на Војводина
како јавен сервис на сите граѓани и на 22 локални радиостаници
основани од страна на општинските собранија кои емитуваат
радиопрограма барем на два јазика (мнозински-малцински).
Сите овие показатели укажуваат на фактот дека медиумите
поткрепени со позитивни законски акти од страна на актуелната
власт целосно се ставени во функција на афирмација на
севкупниот идентитет на малцинските заедници и оваа покраина
која сеуште се наоѓа под Република Србија може да го понесе
епитетот на слободна и демократска заедница во рамките на
сите постојни евриопски нормативни акти за почитување на
човековите и малцински права.
Словенија е мултикултурна земја во која освен
Словенците живеат десетина други различни народи по своите
традиции. И покрај регулиран статус и права на голем број
заедници се уште има малцински групи кои не можат да го
валоризираат својот авторитет како посебно малцинство“11

10
http://en.wikipedia.org/wiki/Ethnic_groups_in_Vojvodina
11
Исто

42
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 35 - 52

Во Романија по падот на комунистичката диктатура на


Николае Чаушеску 1989 година, од комплетно информативна
пропагандно магловита иреална програма се создаде еден
простор за послободна комуникација на медиумите и слобода на
јавно и објективно изразување. Но, за кратко време, бидејки
повторно се отвори меѓусебна борба на власта во која
немилосрдно беа втурнати медиумите кои мораа да заземат
страна а телевизијата беше главно средство за манипулација на
народот од страна на председателот Јон Илиеску. Многубројни
немири, поради неговото несодветно раководење со државата
беа сосема погрешно претставувани на државната телевизија
што во крајна линија се отслкуваше општествената слика и за
власта која раководи со државата.12 Денес се прават обиди да се
подобри ситуацијата околу медиското претставување на
малцинските групи така што „посебно се води внимание за
правилната застапеност на малцинските заедници. Имено,
имаме посебни одделенија кои го третираат унгарското,
германското и другите малцинства. Тие имаат посебни емисии
на својот мајчин јазик со титли на романски јазик“13 Како и да
погледнеме основните принципи на романската јазична политика
во однос на малцинствата во Романија далеку се од тоа за да
може да се прикаже како успешен приказ.
Со оглед на фактот дека во Албанија живеат неколку
малцинства кои заземаат забележливо место во општествениот
живот, за нив од година во година се даваат се поголеми
бенефиции како во јазична форма, така и во образовниот систем
и нивна се поголема присутност во медиите.
Како и да гледаме, едноставно, може да констатираме
дека Радиотелевизија Тирана и неколкуте други медиуми кои го
третираат малцинското прашање во оваа земја претставуваат
еден симбол, една слика што ја одразува реалната албанска
повекеслојна национална културна структура.

12
http://www.article 19.org/speaking-out/romania
13
Кристина Букур, TVR,Уредник на Вести, Изјава дадена на авторот на трудот
на состанокот на групацијата ЕРНО во Софија на 28-31 октомври 2010 год.

43
д-р Мишо Нетков – Електронските медиуми на Балканот меѓу мултикултурализмот ...

Развојот на медиумите во Грција е цврсто врзан со


нејзиниот политички систем и со различните социјални и
економски структури. Во моментов во Грција постојат 4 јавни
канали и околу 130 приватни.14. Грција нема направено никакво
истражување во врска со медиите последниве 20 години.
Покриеноста на малцинствата и нивните одредени барања за
афирмација на својот идентитет не се во некоја длабока смисла
и поврзани, туку повремени и инцидентни а претежено се
базирани на жалбите за одредени случки и настани и не се
планирана мултиетничка агенда. Во информациите претежно се
зафаќаат теми кои говорат за илегалниот влез во земјата,
проституцијата и кражбите. Теми поврзни со мигранти,
малцинства,културни и спортски активности, професионален
успех или креативен аспект од малцинскиот живот ретко или
никогаш не се покриени.15
И покрај многубројните сериозни забелешки и укажувања
од страна на меѓународната заедница за поголемо
респектирање на малцинствата што живеат во оваа земја, како и
давањето содветен образовен, правен и медиски простор за нив,
барем во онаа елементарна човекова доблест да може да се
претстави на својот мајчин јазик и да ги изнесе своите чувства,
државата Грција и сите досегашни влади останаа глуви.
Перманентно се води упорна борба за непризнавање на
малцинските заедници и нивна асимилација.
Бугарија е држава која се состои од различни етнички,
верски и јазични групи. Иако во Уставот на Бугарија терминот
„малцинство“не се користи, бугарските закони се состојат од
голем број одредби чија цел е заштита на правата на
малцинските групи. Бугарските лидери ги повторуваа паролите
во врска со „природната етничка толеранција“ во нивното
оппштество. Тоа на некој начин само им овозможува на Буарите
да го практикуваат своето дневно нетолерантно однесување, а
во исто време верувајки дека тие се пример за етничка
толеранција.

14
http://www.eihea.gr/default_gr.htm
15
http://www.minpress.gr/minpres/index/mme_gr/list_tvlocal.htm

44
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 35 - 52

Така од националните малцинства во Бугарија признати


се само турското и ромското малцинство и за нив има одреден
број на емисии. И наместо да се почитуваат забелешките од
страна на европските институции и препораките што истите ги
даваат, во државата се води сосема друга кампања во која
целосно се негираат одредени етнички заедници.16
Од особена респектабилност е придонесот што го има
Унгарската национална радиотелевизија како огледало на
општественото уредување и демократските човекови права.
Имено, во таа насока говори и показателот дека во програмската
шема на Унгарската Радиотелевизијата се наоѓаат програми на
сите 13 малцински заедници кој со законот од 1993 година го
признава постоењето на посочените заедници. Сите признати
малцинства имаат право да основаат свои малцински
самоуправи-Совети кои овозможуваат широка културна
автономија на малцинствата а првенствена задача им е да се
занимаваат со културните и образовни прашања. 17
Како заклучок може да се даде констатацијата базирана
на наведените аргументи, а која укажува на тоа дека Унгарската
држава, преку нејзиниот јавен радиодифузен сервис Унгарската
радиотелевизија (MAGYAR TELEVIZIO) на сосема достоен и
култивиран начин во согласност со европските препораки за
заштита на малцинствата во рамките на радотелевизиските
програми целосно ги исполнува овие барања и претставува
држава за пример во регионот и пошироко.
Црна Гора извонредно брзо се движи кон европското
семејство-држави каде што сите граѓани ги уживаат истите права
и слободи без разлика на било која група етничка, национална,
верска, јазична, културна, идеолошка и слично и припаѓаат.18 За
пофалба е и фактот што говори дека Црна Гора е една од
првите држави која правата и слободите на националните
малцинства во целина јасно ги кодифицира со Уставот на
државата.

16
Ова особвено се однесува кон македонската етничка заедница.
17
FrashonKler,Vargaftig Marion,Имигранти и етнички малцинства,
Едиција,„Европска Телевизија“,J.Libbery, Лондон 1995.
18
http://www.RTCG.ME

45
д-р Мишо Нетков – Електронските медиуми на Балканот меѓу мултикултурализмот ...

За медиосферата во хрватската држава има некои


размислувања од експерти кои ја следат работата на хрватските
медиуми, а кои укажуваат на тоа дека медиумите во оваа
држава сеуште се наоѓаат во една националистичка зачмаеност
и секое ново поместување во насоко на почитување на
малцинствата во ова држава води кон некој отпор од страна на
власта. Заради ова и лидерите на малцинските заедници многу
често изразуваат незадоволство од програмскиот концепт на
ХТВ.19
Косовската држава во моментов претатсвува една од
клучните невралгични точки во Европа која чека позитивна
разрешница во најблиска иднина со цел да се стабилизира
Балканот. Етнички групи кои живеат на Косово покрај
мнозинската Албанци се Србите, Турците, Ромите, Ашкалиите,
Египjaните, Бошњаците и Гораните. За одбележување и респект
е показателот кој говори дека малцинските заедници во Косово
уживаат поголеми права и поголема присутност во медискиот
простор за разлика од многу постари држави со изградена
граѓанска свест. Денес на програмите на Радио телевизија
Косова постојат повеке програми за малцинските заедници кои
се снимаат и на теренот онаму каде што живеат поголеми групи
од малцинствата и во студијата на радиото и телевизијата.20
Македонија е мултиетничко општество со доминација на
две етнички групи македонската и албанската. МРТВ на своите
програми со години наназад прави извонредно силни напори и
заложби за афирмирање на вредностите на другите малцински
групи што живеат во Македонија. Со своите програми на 8
јазици (радиото и телевизијат) оваа куќа е единствена во
македонскиот медиумски простор(покрај другите национални
сервиси) која целосно ги третира проблемите на малциските
заедници и е една од водечките земји во Европа која дава
целосна подржка за афирмирање на другите култури. Првиот
програмски сервис е наменет за мнозинското македонско
население, додека пак Вториот програмски сервис е исклучиво
наменет за програмата на Албански јазик и другите помали

19
www.HRT.HR
20
http://wwwrtklive.com

46
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 35 - 52

малцински заедници. Во поново време и последниве години тоа


се обидува да го стори Албанската телевизија со студио во
Скопје „АлсатМ“ која покажува се поголерма гледаност и
објективност во информирањето на населението прикажувајки ги
своите програми во двојазична форма. Како и да е,денес улогата
на медиумите, поготово телевизијата е најнеопходна за
создавање клима на разбариње, толеранција и мир меѓу
народите, во глобална смисла на зборот.Секоја власт треба да
се стреми да ги подобри демократските услови за нормално
применување и практикување на човековите права и
независноста на медиумите, како еден од столбовите на
демократијата и секако да посвети многу сериозно внимание на
културата на сите народи, кои го сочинуваат тоа опшптество.
Таа (културата) е фактот што обединува и ги сплотува лугето, а
едновремено ја прави барикадата меѓу човекот како свесно и
креативно суштество и животното како најобичен преживар.
Зашто, сведоци сме колку пати политиката ќе го разедини еден
народ, а културата повторно ќе ги смири страстите. Францускиот
филозоф Пол Рикер рекол „Ако сакам да се спознаам себе си ми
треба некој друг“.
Ако сакаме да зборуваме за наследството на Европската
Унија не ќе може да се заобиколи овој мал балкански културен
простор. Многумина сметаат дека последниве години Балканот
преставува најголем предизвик за Европа.„Ако сака да го
запознае Медитеранот, Европа не смее да го заобиколи
Балканот. Таа не треба да се шири, туку само треба да ги
реинтегрира своите сопствени природни граници. А ако
продолжи со ова што сега го прави, Европа ке ја изгуби својата
вредност.21 Обидите да се одземат на некои народи културниот и
историскиот идентитет, неминовно имаат за цел да го одземат и
разграбат минатото и целокупното негово духовно наследство, а
народ без минато е осуден да биде без сегашност, а со самото
тоа и без иднина. Можеби една размисла најилустративно
говори за тоа а вели „колку долго е сеќавањето, толку стара е
државата“.

21
Весна Ивановска, „Балканот е најголемиот културен предизвик за
Европа“,Дневник,бр,40442,27.05,2010,19.

47
д-р Мишо Нетков – Електронските медиуми на Балканот меѓу мултикултурализмот ...

Во тој контекст телевизијата како медиум има одредена и


многу суштествена одговорност во создавањето меморија. Таа
не е само чувар-заштитиник на минатото (ТВ архива) туку и
отсликувач на сите наши мани и доблести.
Особено довербата меѓу Македонците и Албанците како
доминантни народи во Македонија може да се изгради
единствено ако ги оставиме настрана болните точки кои се
имаат случено во подалечното и поблиско минато и заеднички
да работиме на проекти во кои заеднички ке учествуваме, а
истите да бидат од заеднички интерес и ке ги поврзуваат двата
етнитета. Од особена важност е перцепцијата за каква
Македонија политичката елита размислува. Дали за Македонија
со сите нејзини етнички различности и нивни карактеристики,
или пак за држава каде што ке егзистираат гетоизирани
општества со свои интерни законитости, оценуваат повекето
политички експерти. Инаку, за воља на вистината може да се
рече дека „и по десет години од Рамковниот договор
владеечките структури ништо или многу малку инвестирале во
градењето доверба меѓу заедниците иако е тоа еден од главните
сегменти на договорот и иако Македонија по 2011 година треба
да се гради како мултиетничко општество“22 Се согласувам со
Мирјана Малеска, професор на Штуловиот Универзитет кога
вели „Рамковниот е само рамка, додека содржината зависи од
вољата на политичарите“.23
Лично сметам ниту поранешните власти ниту сегашните
работат доволно на зближувањето на етнитетите во Македонија
а и ставам остра забелешка што ниту медиумите се обидуваат
да ги стават во функција на зближување на различните култури и
религии. Од над 200 електронски медиуми (радија и телевизии)
колку што егзистираат во Македонија, освен АлсатМ и нешто
малку националниот сервис МРТВ, другите радиотелевизиски
дифузери ништо не превземаат во градењето на довербата меѓу

22
Мариела Трајковска, Меѓуетничките односи повторно на тест, Дневник,
29.04.2012.
23
Исто

48
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 35 - 52

мнозинските и малцинските заедници.24 Наместо Рамковниот


договор да биде појдовна основа за натамошното успешно
движење на Македонија кон евроатланските институции, тој
договор се споменува само кога ке дојдеме до неко кризни
моменти. Во многу нешто големата и сметам единствена
кривица лежи во елитите кои ги водат немнозинските задници за
да ја објаснат суштината на Рамковниот договор кој сметам дека
за многумина сеуште е табу-тема, бидејки во практиката
Македонија продолжува да го живее животот од пред договорот
во Охрид, како унитарна држава. Сметам дека треба да се
спрегнат медумите а политичарите да најдат доблест да
објаснат дека Македонија до Рамковниот договор беше унитарна
држава и дека по Охридскиот рамковен договор таа ја изгуби
својата унитарност и прерасна во една класична европска
мултиетничка заедница на сите народи кои живеат во неа. Во тој
контекст исправно е размислувањето на аналитичарот Назим
Рушити кој смета дека „во изминативе години не само што не се
прифаќаше овој концепт25 туку на директен и индиректен начин
се пренесуваа пораки на доминација, пораки кој е првиот а кој се
другите, со што се подгреваа екстремните сегменти кои се дел
од сите општества“26
Размилувајки во тој контекст во истата колумна ке се
осврне и на негативната улога што ја играат и албанските
политичари истакнувајки дека „треба да се прифати и да им се
објасни на лугето дека Македонија е специфична, различна, со
посебни елементи, кои треба да не радуваат. Политичарите
треба да комуницираат со сите без разлика на кој етникум му
припаѓаат...Македонија треба да се сака од сите и со албанскиот
јазик и знаме, со чаршијата, црквите и џамиите, со ајварот и
баклавата.

24
Советот за радиодифузија треба многу сериозно да ја разгледа оваа
забелешка околу мултикултурното подигнување на повисоко ниво на
немнозинските заедници во Македонија.
25
Се мисли на Рамковниот договор од Охрид
26
Мариела Трајковска, Меѓуетничките односи повторно на тест, Дневник,
29.04.2012.

49
д-р Мишо Нетков – Електронските медиуми на Балканот меѓу мултикултурализмот ...

Не е во интерес на Албансците да ја нема Македонија..За


ова се виновни партиите на Албанците кои недоволно им ја
објаснуваат ситуацијата на Македонците..“27- смета Рушити.
Затоа сметам дека покрај големата улога и моќ со која
располагаат пишаните и електронски медиуми во агендата на
секојдневните уреднички заложби како трајна и долгогодишна
програмска политика треба да биде вградена и компонента на
мултикултурално живеење изразена преку најразлични директни
и индиректни креативно- визуелни изразни компоненти, било тоа
да се емисии, (дебати, трибнини и слично) документарни серии,
за возрасни и деца (со позитивни примери) и слично а
општеството покрај тоа што треба во образовниот систем уште
од најмали нозе да ги воспитува своите
Оваа или слична забелешка или констатција се однесува
и на другите држави што ја сочинуваа поранешна Југославија
каде што владее еден долгогодишен медиски стереотип за тоа
дека на Балканот живеат непродуховени примитивни балканци.
Во ерата на сеопшта глобализација, мислам дека сето тоа треба
на некој начин темелно да се преиспита. Бидејки во функција е
неплодоносен, и извитоперен стереотип кој веке со децении и
векови наназад произведуваше погубни последици. Секојпат
треба да се има предвид платоновата идеја дека за едно
успешно државно уредување, не се битни само меѓусобните
односи на државата и управата туку слободата, разумот и
пријателството. Оваа платонова детерминација ја немаат
сватено и многу големи господари кои мислат дека така
едноставно се владее со светот.
Како и да е Убавината и богатството на Македонија со
векови наназад и денес е во различноста на културите и
религиите, јазиците и цивилизациите воопшто. Македонија може
да се сочува само преку дијалог и доверба меѓу заедниците.
Затоа треба да се направат многу посериозни усилби,
заеднички, низ најразлични форми и секојдневно, максимално
искористувајки ги медиумите, особено преку телевизијата како
најмоќно и највлијателно средство, да ја градиме културата на
мирот.

27
Исто

50
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 35 - 52

Како што рекол и Пикасо „Ако некој сака да направи


нешто, ке најде начин, ако не ке бара изговор“. На оваа
генерација умни луге лежи големата одговорност дали ке го
најдеме заедничкиот пат и заедно рака под рака помагајки се
еден со друг ке го туркаме веков или ке се чекаме во заседи.

Misho Netkov, Ph.D.

BALKAN ELECTRONIC MEDIA BETWEEN MULTICULTURALISM


AND ETHNOCENTRISM

Abstract: The mass media are becoming more and more dominant
in our everyday surrounding, through various forms of informing,
educating and entertaining, they become a sort of "public square",
where everyone meets, talks, gossips, informs, discusses and
problematizes on certain topics. The daily routine of the politician
cannot be imagined without the role of the media as intermediaries in
conveying and approving (making) of political decisions. Thanks to
the media the citizens are informed of the political events at home as
well as in the world and in a way they orient themselves more easily
in the society when decisions are being made and when certain
political, cultural or other views are formed. In that manner, through
those means of communication, the public opinion is made which is
in very close relationship with the political influence of certain
structures, which through the media sustain their credibility and seek
justification for their work. Besides the executive, legislative and
judicial power the media are the "fourth power" just because of the
volume and weight of the information that they have at their disposal
which directly influence the individual and the society. A striking
example of media influence in ego centrism and multicultural bonding
of nations can be traced through the Balkan media sphere. That is
the topic of analysis in the specified paper.

Key words: Media, mass media, ego centrism, multiculturalism,


television

51
д-р Мишо Нетков – Електронските медиуми на Балканот меѓу мултикултурализмот ...

Литература

1. Букур, К. (2010), Изјава дадена на авторот на трудот на


состанокот на групацијата ЕРНО во Софија на 28-31
октомври 2010 год.
2. Буриќ,А.(2000)„ Медиумите, војната и мирот во Босна“,
институт за воено и мировно известување, Лондон 64.
3. Frashon K./Vargaftig M. (1995),Имигранти и етнички
малцинства, Едиција,„Европска Телевизија“,J.Libbery,
Лондон.
4. Ивановска,В.(2010) „Балканот е најголемиот културен
предизвик за Европа“,Дневник,бр,40442:19.
5. Robert D. Kaplan,(1993)„Balkan ghosts“: A Journey Though
History, Picador, New York 21-23.
6. Трајковска,М. (2012), Меѓуетничките односи повторно на
тест, Дневник.
7. Советот за радиодифузија треба многу сериозно да ја
разгледа оваа забелешка околу мултикултурното
подигнување на повисоко ниво на немнозинските
заедници во Македонија.
8. Цимерман,В.(1999) ,“Заробениот ум“,(Медиумите во
Србија,Хрватска, Босна и Херцеговина) Универзитет
Лутон, Лутон прес, Њујорк.
9. http://www.bbc.co.uk/2hi/europe/country_profiles/1066886.sht
m
10. http://www.internews.org/pubs/mediainconflict/micyugoslavia.
shtm
11. http://en.wikipedia.org/wiki/Ethnic_groups_in_Vojvodina
12. http://www.article 19.org/speaking-out/romania
13. http://www.eihea.gr/default_gr.htm
14. http://www.minpress.gr/minpres/index/mme_gr/list_tvlocal.htm
15. http://www.RTCG.ME
16. www.HRT.HR
17. http://wwwrtklive.com

52
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 53 - 65

ПЕДАГОГИЈА

д-р Розалина Попова -


Прегледно-Научен труд
Коскарова
“ПРОСВЕТНО ДЕЛО“
LXIX,1,2016
Педагошки факултет „Св.Климент Охридски ‘‘ UDK:
Скопје 316.647.8:37

СТЕРЕОТИПИТЕ И ПРЕДРАСУДИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО И


МОЖНОСТИТЕ ЗА НИВНО НАДМИНУВАЊЕ

Апстракт: Во трудот се обработуваат стереотипите и


предрасудите што се присутни во нашето опкружување, како и
можностите за нивно надминување од страна на училиштето
како воспитно-образовна институција. Посебно значење се
посветува на улогата на наставниците и воспитувачите во тој
поглед, со цел да се обезбедат услови за учениците, кои
водени од интеркултурно сензибилизирани и обучени
наставници постепено да ги надминуваат стереотипите и
предрасудите. Целта е да се надминува присутниот
паралелизам во училиштата посебно изразен меѓу Македонците
и Албанците и успешно да се практикува и спроведува
меѓуетничка интеграцијата во образованието. Во трудот се
поместени студии на случаи за работа со учениците/студентите
за подобрување на интеграцијата во образованието, преку
дискусија и анализа на случки од образованието, околу значајни
прашања поврзани со стереотипите и предрасудите.

Клучни зборови: стеротипи и предрасуди, надминување,


образование

53
д-р Розалина Попова-Коскарова – Стереотипите и предрасудите во образованието....

1. Што се стереотипи и предрасуди и како се


формираат ?

Стереотипите и предрасудите се формираат на тој начин


што на луѓето им се препишуваат одредени особини и
карактеристики единствено врз основа на нивната припадност на
некоја определна група. Всушност, стереотипите се формираат
врз основа на полот, возраста, етничките разлики, расата,
спосoбностите или тешкотиите за учење и сл. (Пр.: Студентите
со убав ракопис се совесни, а другите не, или: Ромите лажат и
крадат, Власите се скржави и тн.). Стереотипите и предрасудите
во голема мера ја отежнуваат комуникацијата меѓу луѓето, затоа
е потребно нивно надминување, особено во процесот на
воспитание и образование. (Попова-Коскарова, 2006)
Врз формирањето на предрасудите влијаат нашите
ставови, или поконкретно, емоционалната компонента на ставот.
Оттаму, за стереотипите и предрасудите обично се вели дека се
многу цврсти ставови, најчесто и без реална основа. Познато е
дека ставот има три компоненти: когнитивна, афективна и
мотивациска. Когнитивната се однесува на знаењето кое што
некоја личност го поседува за нешто или за некого. Афективната
компонента се однесува на емоциите и чувствата, а
мотивациската - на намерата за однесување кон некого или
нешто. Накусо, ставот содржи: знаење, чувства и намера да се
направи нешто во врска со него. Сите компоненти се важни, а
како најзначајна се смета емоционалната компонента, бидејќи
таа се однесува на силата и јачината на позитивноста или
негативноста на ставот.
Својот став човекот го доживува како дел од сопствената
личност и ако некој го нападне, тоа го доживува како напад врз
личноста. Од друга страна пак, се случува човек да формира
став врз основа на мал број искуства и истиот да го брани
цврсто. Таквите ставови, кои се необјективни и неосновани се
предрасудите. Тие се необјективни и неосновани, но од друга
страна многу цврсти и отпорни ставови. Предрасудите се
ставови што најчесто немаат објективна основа ниту во
реалниот свет, ниту во животното искуство на поединците.

54
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 53 - 65

Такви се на пр. верските, етничките, расните и др.


предрасуди што ја попречуваат нормалната комуникација меѓу
луѓето. ( Popova-Koskarova, 2007)
Предрасудите многу тешко се менуваат, дури многу често и
аргументите не помагаат, или немаат влијание. Со силата на
аргументите може да се влијае за надминување на
предрасудите и стереотипите преку целокупниот воспитно-
образовнен процес. За да се постигне тоа, треба интенционално
да се влијае кај младите уште од најмала возраст. Главната
улога во овој контекст ја имаат родителите, средината во која
личноста живее и се развива и секако училиштето, односно
наставниците.

2. Најчести стереотипи и предрасуди во нашите


училишта

Во училиштата во Република Македонија силно се


изразени стереотипите и учениците во еднојазичните и
повеќејазичните училишта кои најчесто немаат никакви
познавања за различните култури без какви и да било заеднички
активности. Во повеќејазичните училишта наставниците и
учениците немаат комуникација, односно најчесто учат во
различни смени, а често пати и во различни згради.
Поделеноста резултира со затворање во сопствени рамки – во
реони на живеење, места за забава, кафетерии и сл. каде одат
само „нашите‘‘, се слуша само „наша‘‘ музика. Паралелизмот во
живеењето и образовниот систем ги зголемува предрасудите на
едни кон други, а со тоа и нетрпеливоста, непочитувањето,
неподготвеност за согледување на сличностите и прифаќање на
различностите. Нашето општество се декларира за
мултиркултурно, но во суштина етноцентризмот или
величењето на сопствената култура и етницитет за сметка на
омаловажувањето на туѓата - веќе одамна е реалност. Во такви
услови, доминира убедувањето дека сопствениот јазик,
сопствената религија се „подобри“ од другата.

55
д-р Розалина Попова-Коскарова – Стереотипите и предрасудите во образованието....

Од тие причини , сѐ почесто сме сведоци на конфликти


меѓу врсници од различна етничка припадност, а најмногу меѓу
Македонци и Албанци, кои не ретко можат и трагично да
завршат.
Во воспитно-образовниот процес наставникот ја има
клучната улога во процесот на намалување и надминување на
стереотипите и предрасудите. Со практикување на различни
заеднички активности во кои преку интензивна соработка,
дружење и интеракција меѓу учениците со различни културни
припадности се запознаваат меѓусебно со различните
карактеристики на културите, ги согледуваат сличностите и
почитуваат постоечките културни разлики. Притоа, во самиот
директен контакт, кога учениците соработуваат во создавањето
на заеднички конкретен продукт бариерите меѓу нив паѓаат. Кога
на учениците им се овозможуваат добри услови за комуникација
и соработка, не постои никаква пречка за заедничко дружење,
пријателство и функционирање како група ученици, а не како
група според етничка припадност. Само во такви обезбедeни
услови за учениците, водени од интеркултурно сензибилизирани
и обучени наставници возможно e да се рушат постепено
стереотипите и предрасудите, да се надминува присутниот
паралелизам и успешно да се практикува и спроведува
интеграцијата во образованието.

I . Вежби:
Преку групна работа со студентите за подобрување на
интеграцијата во образованието, се врши анализа на ситуациите
во образованието преку дискусија околу трите прашања:
1. Кои стереотипи/предрасуди се манифестирани во
дадените ситуации?
2. Како училиштето придонесува/придонело за нивно
постоење и засилување?
3. Што треба да се направи за да не се повторува
таквата ситуација?
(Се избираат соодветни ситуации според Прирачникот за
МИО за Тимовите за училишна интеграција)

56
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 53 - 65

*Ситуација 1.
Учениците од III4 го прашуваат класниот Александар
Николов дали може во новата учебна година тие да учат во една
од училниците што ќе се реновираат за време на летниот
распуст, со оглед на тоа што слушнале дека се наменети за
матурантите. На тоа, класниот им одговара дека се сомнева во
тоа, затоа што директорката Вјолца Имери сигурно ќе им ги
додели сите реновирани училници на „албанските“ паралелки.
Своето мислење го поткрепува со „докази“ од минатото искуство:
„Благодарение на директорката, подобрите компјутери ги добија
учениците Албанци.“ Потоа, додава: „Сите Албанци се такви –
само за своите се грижат и сè сакаат да приграбат за себе. Кога
ќе добијат власт во раце, само на нивните интереси мислат и
што е уште пострашно, мислат дека имаат право на тоа.“

Ситуација 2.
На класен час, наставникот Исмет ја поставува на
дискусија со учениците тепачката меѓу ученици Македонци и
Албанци што претходниот ден беше прикажана на сите медиуми
како ударна вест. Има намера да ги одврати од можноста и тие
самите да влегуваат во слични тепачки, па им го поставува
прашањето: „Што може да се направи за да се спречи
насилството меѓу младите?“ Прв одговара Блерим: „Ние не сме
криви – тие постојано провоцираат, навредуваат и нè напаѓаат,
па нè принудуваат да се браниме.“ На тоа, наставникот реагира:
„Што се мешате со нив? Кога ќе видите дека се во близина,
бегајте подалеку. Кога веќе знаете какви се, немајте си никаква
работа со нив!“

Ситуација 3.
Во наставничка канцеларија се дискутира околу подготовката на
завршната приредба во училиштето. Веќе е решено приредбата
да ја водат Ана и Игор – истакнати ученици од седмо и осмо
одделение кои веќе имаат и искуство во тоа, па нема
училиштето да се посрамоти пред гостите. Свој настап ќе има и
хорот од ученици со една народна песна, па ќе следи
централниот дел од приредбата кој веќе е осмислен и подолго

57
д-р Розалина Попова-Коскарова – Стереотипите и предрасудите во образованието....

време се вежба со наставничката по македонски јазик. Она што


недостасува, е некоја музичка точка за на крајот, па наставникот
по музичко предлага да ги праша Орхан и Надире да настапат
заедно: тој многу убаво свири на тарабука со татко му по свадби,
па нема да има трема од јавен настап, а таа прекрасно игра
стомачен танц уште од најмала. А, така ќе се вклучат и Роми во
приредбата.

3. УЛОГАТА НА УЧИЛИШТЕТО ВО НАДМИНУВАЊЕТО


НА СТЕРЕОТИПИТЕ И ПРЕДРАСУДИТЕ ВО ИНТЕРЕС
НА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА

Стереотипите и предрасудите најлесно можат да се


надминат, а во исто време и да се развива сензибилизацијата
кон „другиот‘‘, доколку имаат можност децата да се запознаат
меѓусебе,односно да работат на заеднички активности, како во
рамките на редовната настава, особено во воннаставната
дејност. Училиштето треба да обезбеди што е можно повеќе
заеднички активности меѓу учениците кои учат на различни
наставни јазици, како на пример македонски и албански. Притоа,
воннанставните активности се особено погодна форма за
заеднички активности меѓу учениците од различна етничка
припадност. (Македонци, Албанци, Турци, Роми). Посебно се
погодни заедничките екскурзии, како и формите на општествено
корисна работа, каде децата од различните јазична и етничка
припадност во рамките на едно училиште можат да
организираат солидарни и хуманитарни активности. Исто така,
заеднички активности можат да се планираат и реализираат и
низ слободните ученички активности, односно секциите. Притоа,
многу важна е интеракцијата меѓу децата, нивното заедничко
дружење, поврзаност, меѓусебно влијание и на крај задоволство
од крајниот продукт кој треба да е резултат на учеството на сите
подеднакво. Се разбира дека заедничките активности треба да
се одвиваат врз кооперативност и соработка, како и врз
рамноправна основа, низ меѓусебна интеракција која подразбира
меѓусебна зависност на еден од друг за да се заврши работата
квалитетно и да се постигне поставената цел.

58
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 53 - 65

Овие активности треба да се практикуваат уште од


почетните одделенија на основното училиште. Досегашните
содржини во наставните програми по одредени предмети имаа
за цел запознавање со верските празници од типот :
Православните христијани го слават Велигден, а Муслиманите –
Бајрам, се само формална информација која не придонесува за
меѓусебна интеракација. Најсоодветна е конкретна посета на
верски објект од различна верска конфесионалност. Во
конкретниот случај, најдобро би било посета на црква и на
џамија, проследување на ритуалот и негово соодветно
етнографско објаснување. Тоа е патот за меѓусебно
запознавање и почитување уште од мали нозе, но и за
надминување на стереотипите и предрасудите кај децата.
Впрочем, ваквиот начин на мултикултурно образование се
практикува во образовните системи во многу развиени земји, а
посебно во Шведска.
Тоа е всушност и целта на меѓуетничкото интегрирано
образование, кое во РМ веќе претставува стратегија во сите
основни и средни училишта.
Наставникот треба да биде свесен за потребата од меѓуетничко
интегрирано образование, во кое нема да има паралелни
светови, туку вистинско заедничко дејствување, живеење и
почитување .

3.1. Улогата на наставниците и воспитувачите

Учениците треба да се едуцираат да ги променат


стереотипите и да ги надминат погрешните предрасуди , а за тоа
покрај нивните родители се одговорни и нивните наставници.
Учениците треба да се поучуваат да развиваат емпатиски
чувства и да ја надминат системската дискриминација и да
искажат став против секаков вид на дискриминација и
предрасуди. Пример, учителката или воспитувачката мора да
интервенира доколку некои деца поради извесни предрасуди не
прифаќаат некои други деца во нивната игра.

59
д-р Розалина Попова-Коскарова – Стереотипите и предрасудите во образованието....

Лош пример, возрасните се веќе оформени личности кои


потешко ги менуваат ставовите, децата учат, така и децата
треба да научат од најмала возраст да играат со различни деца.
Затоа, најдобро е да востановат правила од типот :„ Секој
заслужува и почит и сочувство. Нема да дозволам никому да ве
повреди и нема да дозволам да повредите некого‘‘. За да
функционира правилото, може да се јави потреба наставникот
да асистира во разјаснувањето на комуникацијата помеѓу
децата.
Понекогаш предрасудите можат да бидат стопени во
општествениот живот и да не се забележуваат. Наставниците и
воспитувачите се тие кои покрај родителите, треба да ги научат
децата да живеат во мултиукултурни средини. Всушност,
наставниците и воспитувачите треба да ги градат и зајакнат во
исто време мултикултурните капацитети кај децата.
Првенствено, тие самите треба да претставуваат модел за
почитување на децата кои се различни, како и во своите
програми да вклучуваат студии на случаи , приказни, раскази,
социо-драми и сл. кои третираат различни културни, етнички или
пак јазични прашања. Тоа значи дека наставниците треба да ги
поддржуваат потребите на сите деца и што е од особено
значење да дејствуваат спротивно на предсрасудите кои во
нашето општество се силно изразени кон други луѓе, поради :
пол, возраст, изглед, боја на кожа, сексуална ориентација или
религиозно определување. Затоа, поучувањето децата да ги
прифаќаат разликите помеѓу луѓето треба да биде исто толку
важна задача како што е поучувањето на децата во читање,
пишување и сметање. Во продолжение ќе проследиме два
примери кои имаат суштинска разлика по однос на
предрасудите, токму поради однесувањето на наставниците.
Пр.1. Маја и Бојан се во прво одделение. За време на час во
целодневниот престој си играат со два комплета семејни
фигури кои постојат во училиштето. Фигурите од едниот
комплет имаат темна боја на кожата, а од другиот светла.
Бојана им се приклучува и покажува кон фигурите со темна
боја , притоа гласно велејќи: „Не ги сакам црните луѓе, бидејќи
се лоши‘‘.

60
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 53 - 65

Потоа сите тројца прават гримаси на одвратност, гледајќи


ги темните фигури. Наставничката ја следи нивната игра и
одлучува да не се меша. Ги остава да размислуваат гласно...
(Образованието и демократската култура, 60)
Во наведениот пример, наставникот ги одобрува
предрасудите во однос на луѓето со темна боја на кожата
(Црнците). Тоа е негативен пример, кој треба да биде пример
како не треба да биде однесувањето на наставникот. Имено, со
самото негово не вмешување, тој сигнализира премолчено
однесување за размислувањата и оденсувањето на децата, во
случајот изразено расистичко однесување кај децата.
(Образованието и демократската култура, 61)
Пр. 2 .Маја и Бојан се во прво одделение. За време на час во
целодневниот престој си играат со два комплета семејни
фигури кои постојат во училиштето. Фигурите од едниот
комплет имаат темна боја на кожата, а од другиот светла.
Бојана им се приклучува и покажува кон фигурите со темна
боја , притоа гласно велејќи: „Не ги сакам црните луѓе, бидејќи
се лоши‘‘. Потоа сите тројца права гримаси на одвратност,
гледајќи ги темните фигури. Наставничката ја следи нивната
игра и се доближува до нив, велејќи им: што ги прави овие луѓе
лоши? Не можете да знаете дека се лоши по тоа како
изгледаат, туку само по тоа како се однесуваат. Ајде да
направиме убава продавница со коцките, а семејството со
темна боја на кожата може да биде нејзин сопственик.
Учителката потоа им помага да направат мала продавница и
ја игра улогата на една од фигурите со темна кожа,
прашувајќи ги децата што сакаат да купат. Ги напушта кога
веќе се занесуваат во играта , играјќи се продавница со
фигурите. ( исто, стр, 71)
Во примерот 2, наставникот е тој кој ги насочува децата
да немаат негативни ставови кон луѓето со темна боја на кожата,
а во исто време со неговото вклучување во играта, тој им дава
добар пример за почитување на разликите, кои во овој случај се
резултат на темната боја на кожата.

61
д-р Розалина Попова-Коскарова – Стереотипите и предрасудите во образованието....

Изразувањето на почит спрема друга етничка заедница е


едно од „најмоќните нешта кое може наставникот да го направи
за да промовира еднаквост во одделението уште од најмали
нозе. Пожелно е тоа да го прави со користење на учтиво и
културно изразување секогаш кога зборува за некој ДРУГ, со
воздржување од кажување на лоши работи и демонстрирање на
предрасуди, како и изразување на недоверба кон одредена
група на луѓе. Пр. наставникот може да им се обрати на
учениците на следниов начин: „Сара е денес дома, бидејќи
нејзиното семејство прославува важен празник од нивната
религија. Ајде да ја прашаме за тоа кога утре ќе дојде во
училиште.‘‘ ( Образованието и демократската култура: 66).
Методите и стратегиите за едукација во мултикултурни
средини влијаат и на развивањето на механизмите на групен
живот и работа, посебно другарство, солидарност, поддршка,
взаемна соработка и слично. Учениците се ставаат во ситуации
кои бараат меѓусебна соработка и помагање, грижа едни за
други, поголемо меѓусебно разбирање и др. Секако дека сите
овие аспекти не се можни, доколку не се развие емпатија и
емпатиските чувства.
II. Вежби за анализа на ситуациите и развивање дискусија по
однос на истите (Се избираат соодветни ситуации според
Прирачникот за МИО за Тимовите за училишна интеграција) ....

*Ситуација 1.
Во едно основно училиште со настава на македонски јазик,
драмската секција подготвила точка за претстојната приредба со
која сака да го илустрира мултиетничкиот карактер на РМ.
Драматизацијата со комичен карактер, прикажува група деца со
различна етничка припадност што живеат во иста зграда и
одлично се дружат: Владо глуми Македонче што е гение за
компјутери, Дејан – Албанче што е страв и трепет за другите
деца во околината, Иван – Ромче кое успева на некој волшебен
начин да „обезбеди“ сè што ќе посакаат од продавничките во
соседството и Сашо – Турчинче, кое го слуша само татко му и
само неговите наредби ги извршува.

62
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 53 - 65

Драматизацијата, која илустрира една случка на дружината,


предизвикува громогласно смеење во публиката и завршува со
огромен аплауз.

Ситуација 2.
На огласната табла во едно стручно училиште во Тетово е
ставено соопштение за посетата на сите ученици од втора
година на едно стручно училиште во Струмица. Група ученици
од „албанските“ паралелки го чита соопштението и коментира:
„Што им е на нашиве – кој сака да оди кај оние во Струмица? Ако
тие навистина сакаа да се запознаат со нас, ќе дојдеа тука!
Повторно ние први да подаваме рака, а тие ... И, кој ти гарантира
дека нема да нè тераат и некоја црква да посетиме и да се
прекрстиме!“ Разговорот го слуша еден од наставниците и за да
ги смири, им вели: „Сакале-нејќеле, посетата мора да се
оствари. И за нас ќе беше подобро да одевме во Струга, ама
дојде наредба дека мора да се поврземе со училиште од тој крај.
Но, ако мислите дека идејата е лоша, напишете петиција, па ќе
ја доставиме до надлежните, за во иднина.“

Ситуација 3.
На состанок во училиштето се планира претстојната екскурзија
за полуматура во Охрид. Решено е дека сите ученици од обата
наставни јазици (4 паралелки на македонски и 2 на турски) ќе
одат заедно, како и секогаш: за секој клас – по еден автобус. По
пат ќе се посети манастирот Св. Јован Бигорски, а низ Охрид, се
знае – Св. Софија, Св. Јован Канео, Св. Наум... Веќе е одредена
и групата што ќе свири – „Гоце бенд“. Одлични се, нема што не
знаат да отсвират од која и да ти падне на памет стара или нова
македонска песна, сакаш забавна или народна. И повеќето
ученици се среќни со овој избор. Тоа го покажа и анкетата што ја
спроведе стручната служба.

*ситуациите од Вежбите I и II се превземени од работилниците со


наставниците од Педагошките факултети во рамките на проектот Меѓуетничко
интегрирано образование, УСАИД, (2013)

63
д-р Розалина Попова-Коскарова – Стереотипите и предрасудите во образованието....

Rozalina Popova-Koskarova, PhD

THE STEREOTYPES AND PREJUDICES IN EDUCATION AND


THE POSSIBILITIES FOR OVERCOMING THEM

Abstract:The paper studies the stereotypes and prejudices that are


present in our environment, as well as the possibilities for
overcoming them by the school as an educational institution. In this
regard, special importance is given to the role of teachers and
educators in order to provide conditions for the students to overcome
the stereotypes and prejudices gradually being led by intercultural
sensitive and trained teachers. The goal is to overcome the
parallelism present in schools, especially expressed between
Macedonians and Albanians and the interethnic integration to be
successfully practiced and implemented in education.
This paper presents the case studies of work with pupils / students to
improve the integration in education through discussion and analysis
of school incidents about important issues related to stereotypes and
prejudices.

Keywords: stereotypes and prejudices, overcome, education

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

 Amstelveen, R, (2000), Interactive Communication Trainig,


Human interaction
 Bratanic, M, (1991), Mikropedagogija (interakcisko-
komunikaciski aspect odgoja), Skolska knjiga, Zagreb
 Bratanic M, ( 2002), Paradoks odgoja, Hrvatska sveucilisna
naklada, Zagreb
 Дедова, Р.Балажи, С.Алушевски, С. Негриевска, Ф.
Прирачник за мултиркултурни работилници за основните
училишта(ревидирано издание) УСАИД, Македонски
центар за граѓанско образование, Скопје

64
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 53 - 65

 European center of minority’s questions, (2006), Roma for the


integrations: Analysis and references, SIDA (6-7)
 Ethical dimension of education, (special edition, Science
collection of ethical dimension in the educational system),
Faculty of Pedagogy Jagodina, 2008
 Образованието и демократската култура ( 1991), (превод),
Институт Отворено Општество. Скопје, Mакедонија
 Popova - Koskarova, R.(2007), Supporting diversities as a
value through upbringing-educational process, The Fourth
Balkan Congress, Education, The Balkans, Europe, Trakia
University, Faculty of education, Stara Zagora, Bulgaria
 Попова-Коскарова, Р, Комуникација во туризмот (општа и
деловна (2006) Факултет за туризам, Скопје
 Popova – Koskaрова(2010) Overcoming of the stereotypes
and predjudice of Roma students and their integrations in the
school border ,US-China Education Review, Illinois,
USA,2009, Vol1-8
 Прирачник за меѓуетничко интегрирано образование
(2014), УСАИД, Скопје

65
д-р Валентина Гулевска – Јакнење на интеркултурните компетенции на наставниците

ПЕДАГОГИЈА

д-р Валентина Гулевска


Педагошки факултет - Битола Прегледно-Научен труд

“ПРОСВЕТНО ДЕЛО“
LXIX,1,2016
UDK:
37.011.3-051:316.723-021.463

ЈАКНЕЊЕ НА ИНТЕРКУЛТУРНИТЕ КОМПЕТЕНЦИИ НА


НАСТАВНИЦИТЕ

Апстракт: Глобализацијата претставува сложен општествен


процес во кој се испреплетуваат универзалноста на човечките
вредности и мобилноста (протокот) на луѓе, информации и
капитал. Токму поради тоа, денешните научни и политички
заложби се, пред сè, насочени кон разбирањето и
дефинирањето на овој планетарен процес, заедно со сите
негови внатрешни и надворешни манифестации.
Постојаниот пораст на интеркултурната комуникација во
сферата на образованието, претставува рефлексија на новите
трендови во модифицирањето на образовните системи.
Историски гледано, различни земји, во различни услови,
развивале различни образовни системи засновани врз различни
вредности и принципи. Денес, преку мостовите што ги изградија
Интернетот и глобалната економска мрежа, светот доби
мултикултурен колорит, а културниот плурализам во
образованието се наметна како нов систем на вредности врз кој
се градат и новите образовни концепции.

Клучни зборови: инеркултурализам, мултикултурализам,


образование, наставници, компетенции

66
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 66 - 84

Вовед

Образованието отсекогаш претставувало основна


движечка сила во креирањето на цивилизациски парадигми и
стандарди за перципирање, евалуирање и дејствување. Во
пресрет на предизвиците од новиот милениум, заедно со
издигнувањето на свеста за заедничките човечки вредности и за
припаѓањето кон глобалниот културен простор, уште еднаш
експлицитно се потврдува значењето на образованието за
развојот и одржувањето на стабилни, мирни и демократски
општества.
Иако секоја земја има свои специфики и традиции,
промените во социо-политичката структура на модерниот свет
(зголемена миграциска и професионална мобилност, економска
глобализација и сл.) покажаа дека ниеден образовен систем не
може да опстојува во историски и социјален вакуум. Мешањето
на луѓе со различна етничка, културна и религиозна припадност,
особено во поголемите урбани центри, ги соочува креаторите на
образовни политики со нови, крупни предизвици.
Главна карактеристика на македонското општество е
неговата мултиетничност. Оттаму, сама по себе се наметнува
потребата од дизајнирање и развој на курикуларни решенија што
ќе бидат насочени кон афирмација на културниот плурализам во
земјата.
Во тој контекст, концептот за меѓуетничка интеграција во
образованието претставува рамка на координирани активности
кои се темелат врз визијата за создавање на образовен систем
во кој се гарантираат човековите права и демократското учество
на сите релевантни субјекти во планирањето и реализацијата на
воспитно-образовниот процес.Практичните резултати од
имплементацијата на ваквиот концепт треба да придонесат кон
заемно разбирање, почитување и прифаќање на етничката
различност и културниот вариетет во образованието,
адаптирање на различни стилови на културна комуникација,
отвореност и љубопитност за учење од други култури и сл.

67
д-р Валентина Гулевска – Јакнење на интеркултурните компетенции на наставниците

Меѓутоа, демократскиот напредок на општеството и


резултатите од функционирањето на образовниот систем не се
секогаш условени само од планирањето, раководењето
иконтролата на наставниот процес, туку зависат и од
професионалните квалитети на наставниот кадар.Со други
зборови кажано,клучните компетенции на наставниците
претставуваат conditio sine qua non за успешно остварување на
воспитно-образовните цели.
Во педагошката наука постои консензус дека глобалниот
концепт на мултикултурното образование е обележан со неколку
главни принципи, меѓу кои промовирање на еднаков пристап до
образование,надминување на сегрегацијата во образовните
институции,отфрлање на стереотипите и предрасудите,емпатија
кон дискриминираните и изолираните и верување дека секој
поединец има капацитет да учи и да се развива. Во зависност од
овие принципи се моделираат и утврдуваат неопходните
компетенции на наставниците за работа во мултикултурна
средина.

Развој на интеркултурни компетенции кај


наставниците

Истражувањата во полето на професионалниот развој на


наставниците се бројни и разновидни. При тоа, од страна на
истражувачите и креаторите на образовни политики најчесто се
користи „tuning“ методата со која се споредуваат различните
пристапи во интерпретирањето на содржините и
карактеристиките на клучните компетенции на наставниците во
даден регион или пошироко.
Вообичаено, компетенциите се дефинираат како
комплексна комбинација од знаење, разбирање, вештини,
способности, вредности и ставови кои водат до ефективна
дејност во определен домен од човековото живеење.

68
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 66 - 84

Аналогно на ова,компетенциите на наставниците можеме


да ги дефинираме како збир од професионално знаење,
вештини, способности, вредности и ставови кои водат до
ефективна дејност во воспитно-образовниот процес.
Концептот за меѓуетничката интеграција во
образованието нуди различни перспективи за јакнење на
интеркултурните компетенции кај наставниците. Овој вид на
компетенции не се стекнува за кус временски период, туку, се
учи, развива и надоградува целиот живот, особено преку
култивирање на интелектуални ставови и етички вредности кои
им овозможуваат на наставниците јасно да ја согледаат нивната
моќ и одговорност во општеството.Имплементацијата на
концептот се фокусира на теоретското и практично
обезбедување инклузивна и креативна општествена клима за
учење на меѓуетничката интеграција и комуникација во
образовните институции, како и на фер третман во поглед на
различните мислења и ставови кои произлегуваат од етничкaта
композиција на образованиот систем во Република Македонија.
Со оглед на фактот дека училиштето е место каде што
социјално формираните ставови спрема другите етнички групи
сеуште можат да се менуваат, напорите на просветните
работници треба да бидат насочени кон совладување на
вообичаеното верување дека сопствената култура е единствено
правилна и природно коректна.Наставникот треба да ја познава
својата култура, но, и да изразува подготвеност да запознае
други култури, да промовира еднаквост меѓу учениците и да
презема различни активности и мерки против секаков вид на
дискриминација и говор на омраза.
Општо е познато дека професионалните компетенции на
наставниците се градат врз три основни нивоа (димензии):
когнитивно ниво (знаење), афективно ниво (вредности) и
прагматично ниво (вештини).1 Секое ниво претставува засебен
сегмент во процесот на професионализацијата, но, истовремено
е тесно поврзано со останатите две нивоа.

1
OECD,"Educating Teachers for Diversity: Meeting the Challenge", (OECD Publishing, 2010),
28.

69
д-р Валентина Гулевска – Јакнење на интеркултурните компетенции на наставниците

Токму затоа, кога зборуваме за градење и јакнење на


интеркултурните компетенции кај наставниците, треба да ја
имаме предвид меѓусебната испреплетеност на знењето,
ставовите и вештините со кои треба да се одликува еден
наставник за да може успешно и ефикасно да одговори на
предизвиците настанати со промените и актуелните состојби во
образованието.
Одејќи редоследно, една од најзначајните интеркултурни
компетенции на наставниците е неопходното знаење и
разбирање на поимите: „идентитет“, „етницитет“, „култура“,
„интеркултурализам“, „мултикултурализам“ и сл. Оваа примарна
и важна компетенција ја осмислува филозофската ориентација
на наставникот која треба да биде насочена спрема определени
идеи, принципи и вредности. Од неа, сукцесивно се формираат
професионални ставови кои ја поттикнуваат отвореноста и
љубопитноста кон другите култури.
Понекогаш,наставникот е загрижен не само за тоа како
неговите ученици учат и напредуваат, туку и како се чувствуваат
во училиштето и надвор од него.2Компетенциите кои вклучуваат
емоционални елементи како што се грижа, емпатија,
споделување на радост,тага и сл. произлегуваат од афективниот
домен на процесот за стекнување на квалификации. Во овој
домен главно се манифестира емоционалната интелигенција на
наставникот.
Според некои истражувачи, емоционалната логика е
различна од интелектуалната. За нејзиното функционирање не е
неопходно да се воспостави директна врска помеѓу причината и
последицата. Емоционалната логика се однесува на секвенци од
фактите што ја сочинуваат сржта на човечките потреби и
задоволства.3

2
Елизабета Бахтовска, Практични совети за пишување на резултати од учењето:
прирачник, (Битола: Универзитет „Св. Климент Охридски“, 2012), 9.
3
PharanadJ.and M. Doucet, eds. En éducation, quand les émotionss'enmêlent!, (Québec:Les
Presses de l' Université du Québec, 2013).

70
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 66 - 84

Афективниот домен е од исклучителна важност за развој


на интеркултурни компетенции кај наставниците. Не е ни малку
лесна задача, на пример, да се поучуваат ученици кои не
припаѓаат на културата на наставникот.4
Од тие причини, наставникот, со помош на ваквата
компетенција, може да ги совлада етничките и културните
бариери и да ги разбере чувствата и размислувањата на
другите. Со други зборови, наставникот треба да се оспособи да
ги гледа нештата и од гледна точка на другите. Во овој контекст,
редуцирање на психолошката дистанца помеѓу субјектите кои
припаѓаат на различни етницитети и култури се постигнува со
емпатична и спонтана емоционална експресија кон другите.
Оттаму, способноста за емпатија претставува интринзична
карактеристика на личноста но, таа може, исто така, да се учи,
да се негува и да се развива. Емпатијата најчесто се дефинира
како капацитет за разбирање на чувствата, намерите, мотивите
и желбите на другите луѓе. Според тоа, наставникот може да ги
анализира емоциите на учениците и да учи како да реагира на
нивните различни искуства и културни обичаи на позитивен
начин.
Наставниците често играат улога на модел за
однесување кој брзо и лесно го прифаќаат учениците.Во таа
смисла, доколку наставникот сака да изгради однос на
почитување на достоинството на луѓето и почитување на
етничките и културните разлики во системот на воспитание и
образование, мора самиот, со личен пример тоа да го покаже.
На тој начин,интеркултурните компетенции на наставникот се
манифестираат на прагматично ниво. Педагошкиот авторитет на
наставникот претставува своевидна дисциплина со чија помош
тој го регулира поведението на воспитаниците и суштински
влијае врз нивните убедувања. Во таа смисла, педагошкиот
авторитет на наставникот ќе зависи од неговата претходна
морално-етичка и психолошко-педагошка подготовка.

4
Jean Moule, Cultural Competence: A Primer for Educators, (Boston: Cengage Learning,
2011), 5.

71
д-р Валентина Гулевска – Јакнење на интеркултурните компетенции на наставниците

Структура на интеркултурните компетенции


кај наставниците

Улогата на наставникот во современото училиште


станува сѐ покомплексна заради новите предизвици и задачи
што се појавуваат пред образованието денес.
Токму затоа, листата на клучни интеркултурни компетенции на
наставниците е флексибилна, прилагодлива иникогаш не може
да се рече дека е комплетно завршена.
Во табелата е понудена структура на интеркултурни
компетенции на наставниците која се базира врз дескрипторите
на квалификации согласно со Националната рамка за
квалификации во високото образование.

Табела 1: Клучни интеркултурни компетенции на


наставниците
Компетенција Активности
o
Ја познава својата култура и изразува
подготвеност да запознае други култури.
o
Промовира еднаквост меѓу учениците и
Поседува продлабочени прифаќање на разлики.
знаења и разбирања за o
поимите: Презема активности насочени против секаков вид
„идентитет“,„култура“, на дискриминација и говор на омраза во
„интеркултурализам“ и воспитно-образовниот процес.
„мултикултурализам“. o
Демонстрира свест и почит за искуството,
способностите, јазикот и културата на секој
ученик поединечно.

o
Промовира прифаќање, адаптација и интеграција
на етничка и културна различност во воспитно-
образовниот процес.
o
Иницира заедничко учество на ученици со
различно етничко потекло во наставата и
воннаставните активности.

72
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 66 - 84

o
Ги поддржува учениците да работат заедно во
помали и поголеми мешани групи, координирајќи
ги активностите кон постигнување на заедничка
цел.
o
Подеднакво ги пофалува учениците за нивните
постигнувања и резултати без разлика на нивното
етничко потекло.
Демонстрира знаење за o
целите и карактеристиките на Внимава на влијанието на скриениот курикулум.
концептот за меѓуетничка o
интеграција во образованието Користи различни стратегии и методи за учење и
(МИО). поучување во мултикултурна средина,
вклучувајќи презентации, предавања, проектни
задачи, домашно учење, интернет форуми, есеи,
дневници, прашалници, блогови и сл.
o
Демонстрира сензибилитет и одговорност за
личните идеи, потребите за учење, интересите и
чувствата на учениците со различно етничко
потекло.
o
Соработува со родителите и пошироката
општествена заедница градејќи атмосфера на
меѓусебно почитување и соработка.
o
Се грижи за изборот на симболите и украсите при
дизајнирањето на ентериерот на училницата и
училиштето во целина.
o
Идентификува стереотипи и предрасуди и дава
препораки за нивно надминување.
o
Служи како модел за конструктивно и про-
социјално однесување.

o
Со висок степен на Спроведува самоевалуација на сопствената
автономија проценува, работа во мултикултурна средина.
анализира и евалуира идеи и o
концепти релевантни за Врши анализа и споредување на постигнатите
мултикултурната воспитно- резултати.
образовна средина.

73
д-р Валентина Гулевска – Јакнење на интеркултурните компетенции на наставниците

o
Ги разгледува и проценува мотивите и ефектите
на сопствените судови и постапки при
решавањето на меѓуетнички конфликти во
училницата, односно, го развива концептот на
саморефлексија.
o
Донесува демократски и транспарентни одлуки во
врска со наставата и напредокот на сите ученици
подеднакво.

o
Поттикнува и развива персонализирани контакти,
дружење и негување на пријателства меѓу
ученици со различно етничко потекло во и надвор
од училишната средина.
o
Активно слуша и воспоставува емпатичка
Развива ефективна комуникација со учениците.
5
комуникација и создава o
позитивна училишна клима. Одбегнува користење на етноцентрични идиоми.
o
Создава позитивна училишна клима и решава
конфликтни ситуации.
o
Разменува идеи со колегите од други наставни
јазици во врска со изборот на педагошки и
дидактички методи, дискутира и ги разјаснува
нивните предности и ограничувања.

o
Ги идентификува сопствените потреби и интереси
за целоживотно образование и професионален
развој.
o
Презема иницијатива за Учествува во проекти поврзани со решавање на
идентификација на потребите меѓуетнички проблеми во образованието.
за понатамошно учење и o
стекнување на знаење во Ги следи новите научни достигнувања во полето
областа на мултикултурните на педагогијата на еднаквоста и мултикултурното
релации во образованието. образование.

5
Ефективната комуникација е повеќе од размена на информации и испраќање на
пораки.Таа подразбира формирање на одржливи врски и запознавање на луѓето едни со
други.

74
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 66 - 84

o
Покажува интерес за современите трендови и
добри практики во областа на мултикултурното
образование.

Училницата е природно место на мултикултурализмот. Тука се


концентрираат голем број на културно специфични прашања,
поради што, секој наставник треба да има јасно изградени
правила кои ќе ги применува во својата работа. Некои
истражувачи6сметаат дека главните насоки според кои треба да
се раководи секој наставник што работи во мултикултурна
средина се следниве:
- Да ги поучува учениците да ги почитуваат другите култури
исто како својата.
- Да ги поттикнува учениците да стекнат искуство за
културните разлики на луѓето, но, истовремено, и да
развијат свест за сличностите на сите луѓе како човечки
суштества.
- Да ги охрабрува учениците да се отворат едни спрема
други, да си поставуваат заеднички цели и заеднички да
се стремат кон нивно остварување.
- Да им помага на учениците успешно да се вклопат и
активно да функционираат во мултикултурното општество.
Во таа смисла, интеркултурните компетенции на наставниците
силно влијаат врз обезбедувањето на позитивна атмосфера и
соработка во училницата. Тие вклучуваат во себе голем број на
елементи кои генерално се манифестираат преку личната
идентификација, јазикот, мислата, комуникацијата, акциите,
навиките и верувањата на наставниците.

6
Wilma De Melendez and Verna Beck,Teaching Young Children in Multicultural Classrooms:
Issues, Concepts, and Strategies, (Wadsworth: Cengage Learning, 2013), 6.

75
д-р Валентина Гулевска – Јакнење на интеркултурните компетенции на наставниците

Заклучок

Идејата за човековото достоинство е стара колку и


човечкиот род и постои во различни форми во сите култури и
религии.7Образованието, пак, претставува незаменливо средство
за длабоко и хармонично развивање на човештво кое ќе ја
почитува оваа идеја. Поради тоа, неопходно е модерните
образовни политики со голема одговорност да го насочат своето
внимание кон целите на образовниот систем и кон средствата со
чија помош тој систем ќе функционира.Според некои
аналитичари, мултикултурното образование - како реформско
движење,всушност, претставува дел од платформата на една
поголема борба, борба за рамноправност на културите во
светски рамки.8
Врз таа основа, можеме да заклучиме дека меѓу
културните и меѓуетнички релации во образовниот систем на Р.
Македонија природно и систематски ја наметнуваат потребата од
конструктивна комуникација и интеракција во духот на
современите образовни трендови.Имплементацијата, пак, на
ваквите воспитно-образовни цели и приоритети не може да се
замисли без адекватни знања, вештини и ставови, односно, без
адекватни компетенции на наставниците. Исклучително е важно
студентите да стекнат „знаење за акција“9 не само во
инструментална, стручна смисла (како идни професионалци),
туку и во општествено-политичка смисла (како идни граѓани на
дадено општество).
Во тој контекст, развојот на интеркултурните компетенции
кај наставниците претставува клучен сегмент во градењето на
капацитетите на нашето мултикултурно и мултиетничко
општество за интеграција и идентификација на заеднички цели и
перспективи.

7
LOJA, "Course on multiculturalism: Handbook for students", (Tetovo: Center for Balkan
cooperation LOJA, 2013), 16.
8
MarilynneBoyle-Baise, "Bleeding Boundaries or Uncertain Center? A Historical Exploration of
Multicultural Education." In History of Multicultural Education, vol. 2: Foundations and
Stratifications, edited by C. A. Grant andT. K. Chapman. (New York: Routledge, 2012).
9
Zgaga, Pavel. Review of Tuning Teacher Education Curricula in the Western Balkans, edited
by NatašaPantić. (Belgrade: Centre for Education Policy, 2008).

76
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 66 - 84

Вежби за јакнење на интеркултурни компетенции кај


наставиците

Вежба 1

Како може наставникот кај учениците да развива чувство за


припадност кон групата независно од припадноста кон
конкретна етничка заедница?

Се формираат три групи од по седум-осум ученици. На


почетокот на активноста наставникот им покажува на учениците
слика за тоа како треба да изгледа крајниот продукт од нивната
заедничка работа (слика 1). Потоа, групите меѓусебе се
договараат која фигура (дрво, пеперутка или сонце) ќе ја
изработуваат. На три хамер-хартии наставникотцрта: стебло со
гранки без лисја, пеперутка без крилја и сонце без зраци.
Учениците, распределени во три групи, треба да ги довршат
фигурите за да личат на изработката прикажана на слика 1. Со
помош на наставникот учениците ги оцртуваат своите дланки на
хартија, а потоа, нацртаните дланки ги бојат со боички. На крај,
обоените дланки од хартија се лепат на цртежите од хамерот, па
така, дрвото добива лисја, пеперутката – крилја, а сонцето –
зраци. Изработките од трите групи се спојуваат и се прави
заеднички постер. Се вели дека тој постер е заедничко дело на
целата група (односно на сите три групи) и се разгледуваат сите
изработки. Како дополнување на оваа вежба може да се додаде
следнава активност: наставникот ги поттикнува учениците да
одберат заедничко име за целата група. Учениците даваат
предлози. Кога ќе се исцрпат сите предлози, од учениците се
бара поединечно да се изјаснат кое име најмногу им се допаѓа, а
наставникот ги брои гласовите за секој предлог. На крај, се
собираат гласовите и се прогласува името на групата. Доколку
има две или повеќе имиња со ист број или со приближно ист број
на гласови, се прифаќаат сите имиња и се комбинираат. Откако
ќе биде избрано името на групата, наставникот го испишува на
голема хатија на сите јазици застапени во групата.

77
д-р Валентина Гулевска – Јакнење на интеркултурните компетенции на наставниците

Слика 1

78
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 66 - 84

Вежба 2

Како може наставникот кај учениците да развива свест за


постоењето на културни разликии сличности кај луѓето преку
учење зборови на јазикот на „другите“?

Пред започнувањето на активноста наречена


„Новогодишен речник“ наставникот изработува картички со
цртежи на кои се претставени: Дедо Мраз, снешко и елка (слика
2).Секој ученик во класот треба да добие по еден комплет од
сите три картички. Исто така, наставникот претходно треба да
научи како се именуваат нештата претставени на картичките на
сите јазици застапени во групата (табела 1).На почетокот од
активноста сите ученици седат во круг и се поведува разговор
околу пристигнувањето на Новата година. Потоа, секој ученик
добива по еден комплет од сите три картички. Најпрво,
наставникот кажува како се вика секое нешто што е нацртано на
картичките на сите јазици застапени во групата. Учениците ја
креваат високо соодветната картичка повторувајќи го кажаниот
збор на два или повеќе јазици. Откако ова ќе се извежба, се оди
понатаму така што сега, само на едниот или само на другиот
јазик, ќе биде кажано името на секое нешто од картичките, а секој
ученик ќе треба брзо да ја подигне високо соодветната картичка.
Ова се повторува неколку пати, наизменично за секоја картичка.
При тоа, наставникот треба да води сметка имињата на
претставените нешта од картичките да бидат искажани
подеднаков број пати на сите јазици застапени во групата.

Слика 2

79
д-р Валентина Гулевска – Јакнење на интеркултурните компетенции на наставниците

МАКЕДОНСКИ АЛБАНСКИ ТУРСКИ РОМСКИ

ДЕДО МРАЗ BABA DIMRI NOEL BABA PAHO PAPO

СНЕШКО DORDOLEC KARDAN IVJALO


ADAM
ЕЛКА BREDH NOEL AĞACI NEVE
BERSHESKORO
KASHT

Табела 1

Вежба 3

Како може наставникот кај учениците да развива свест за


сличностите и разликите во традиционалните обичаи на
културите?

Учениците се делат на четири, етнички хомогени, групи.


Секоја група добива задача да дискутира за традиционалните
обичаи при правење на свадба во нивната етничка заедница.
Потоа, учениците од секоја група избираат по еден свадбен
обичај што ќе го одглумат пред учениците од другите групи. На
крајот, откако сите групи ќе ги одглумат избраните обичаи,
наставникот поттикнува разговор меѓу учениците, при што, на
секоја група ѝ дава право да постави по едно прашање на
останатите групи во врска со свадбените обичаи на нивната
етничка заедница. Секоја група се обидува да одговори на
прашањата најдобро што може.

Вежба 4

Како може наставникот кај учениците да развива свест за


рамноправен третман на сите етнички заедници во
училиштето?

80
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 66 - 84

1. Сите ученици стојат во круг и се делат во тројки. Секој од


трите ученици, во секоја тројка, кажува по едно нешто
што најмногу му се допаѓа во училиштето (може да е и
нешто што го нема во другите училишта). Потоа,
учениците од секоја тројка треба да се договорат и
заеднички да изберат едно нешто од претходно кажаните
работи за училиштето, како најспецифично и
исклучително. На крај, сите тројки ги набројуваат нештата
што најмногу им се допаѓаат во училиштето.
2. Учениците се делат на четири групи. Секоја група добива
задача да работи на тема: „Училиште кое ги почитува
сите, без разлика на верската, етничката или некаква
друга припадност“. Учениците во групите треба да го
опишат таквото училиште на различен начин:
- прва група: со цртеж
- втора група: со песна
- трета група: со писмен состав / есеј
- четврта група: со плакат во кој се претставени што е
можно повеќе детали и аспекти од зададената тема.
По завршувањето на активноста, секоја група им го
покажува своето заедничко дело на другите групи и
објаснува како прикажаното училиште ги почитува сите,
без разлика на верската, етничката или некаква друга
припадност.

Вежба 5

Како може наставникот да им помогне на учениците во


решавањето на меѓуетнички конфликтни ситуации во
училницата?

Учениците се сместени во училница со компјутери. Наставникот


ги информира дека ќе гледаат краток анимиран филм за кој
потоа ќе разговараат. Со кликнување на линкот
http://www.youtube.com/watch?v=b_fI2CihXP8&list=UUdHXb62Cuj2
4S9VtGtQCCZg ќе се стартува краткиот анимиран филм

81
д-р Валентина Гулевска – Јакнење на интеркултурните компетенции на наставниците

„Конфликт“ од Гарри Бардин. Откако ќе го изгледаат филмот,


наставникот ги поканува учениците да ги искажат своите
впечатоци. Потоа, им поставува неколку прашања на кои
учениците треба да се обидат да дадат одговор:
- Како настанал конфликтот во прикажаниот филм?
- Дали желбата да се биде „над“ другиот може да биде
причина за конфликт?
- Дали „скараните страни“ можат да се смират?
- На кој начин можат тоа да го направат?
- Што може да се случи кога „не попушта“ ни едната, ни
другата страна?
На крајот од дискусијата, наставникот може да ги резимира сите
одговори на учениците со кратката поучна мисла:„Не прави им го
на другите она што не сакаш да ти го прават тебе“.

Valentina Gulevska,PhD

STRENGTHENING OF THE INTERCULTURAL COMPETENCE OF


TEACHERS

Abstract:Globalization is a complex social process in which the


universality of human values and mobility (flow) of people,
information and capital are intertwined. Therefore, today's scientific
and political efforts are primarily aimed at understanding and defining
this planetary process, along with all its internal and external
manifestations.The steady rise of intercultural communication in the
field of education is a reflection of the new trends of modification of
educational systems. Historically, different countries, in different
conditions, have developed different educational systems based on
different values and principles. Today through the bridges built by the
Internet and the global economic network, the world got a
multicultural color and the cultural pluralism in education has
emerged as a new system of values on which new educational
concepts are built.

Keywords: intercultural, multiculturalism, education, teacher


competence

82
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 66 - 84

Библиографија:

- Бахтовска, Елизабета.Практични совети за пишување


на резултати од учењето: прирачник.(Битола:
Универзитет „Св. Климент Охридски“, 2012).
- Boyle-Baise, Marilynne. "Bleeding Boundaries or Uncertain
Center? A Historical Exploration of Multicultural Education." In
History of Multicultural Education, vol. 2: Foundations and
Stratifications. edited by C. A. Grant and T. K. Chapman.
(New York: Routledge, 2012).
- Center for Balkan cooperation LOJA. Course on
multiculturalism: Handbook for students. (Tetovo: LOJA,
2013).
- Дедова, Рената,С. Балажи, С. Н. Алушевски, Ф.
Негриевска.Мултикултурни
работилницизаосновнитеучилишта. (Скопје: Центар за
човекови права и разрешување на конфликти, 2013).
- Дедова, Рената, С. Балажи, С. Н. Алушевски, Ф.
Негриевска.Мултикултурни
работилницизасреднитеучилишта. (Скопје:Центар за
човекови права и разрешување на конфликти, 2013).
- Македонски центар за граѓанско образование,
USAID.Меѓуетничка интеграција во образованието:
обука за тимови за училишна интеграција. (Скопје:
МЦГО, 2013).
- Moule, Jean.Cultural Competence: A Primer for
Educators.(Boston: Cengage Learning, 2011).
- Organization for Economic Co-operation and
Development.Educating Teachers for Diversity: Meeting the
Challenge. (OECD Publishing, 2010).
- PharanadJ.and M. Doucet, eds. En éducation, quand les
émotionss'enmêlent! (Québec: Les Presses de l' Université
du Québec, 2013).
- Wilma De Melendez and Verna Beck, Teaching Young
Children in Multicultural Classrooms: Issues, Concepts, and
Strategies.(Wadsworth: Cengage Learning, 2013).

83
д-р Валентина Гулевска – Јакнење на интеркултурните компетенции на наставниците

- Zgaga, Pavel. Review of Tuning Teacher Education Curricula


in the Western Balkans, edited by NatašaPantić. (Belgrade:
Centre for Education Policy, 2008)
- http://www.youtube.com/watch?v=b_fI2CihXP8&list=UUdHXb
62Cuj24S9VtGtQCCZg

84
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 85 - 91

ВИСОКОШКОЛСКА ПЕДАГОГИЈА

Д-р Арсе Петрески


Стручно-аналитички труд
Универзитет “Свети Климент Охридски“
Битола “ПРОСВЕТНО ДЕЛО“
LXIX,1,2016
UDK:
378.014.61:316

СОЦИОЛОШКИ АСПЕКТИ НА КВАЛИТЕТОТ НА ВИСОКОТО


ОБРАЗОВАНИЕ СПОРЕД БОЛОЊСКИОТ ПРОЦЕС

АПСТРАКТ: Овој труд ги истражува социолошките аспекти и


интегративните врски на образованието и знаењето кое се
појавува низ општествената синтагма. Во реалните животни
прилики самата општествена меѓузависност, општеството,
економијата и знаењето се создаваат вештачки. Некои
разгледувања во овој труд треба да укажат на некоја поврзаност
која не треба да биде виртуелна туку да претставува услов на
стабилен социјален и стопански развој

Клучни зборови: знаење, образование, општество.

ВОВЕД

Трудот е структуиран во два дела. После воведното


разгледување во кој се дефинира предметот, во останатите
делови се елаборира образованието и квалитетот на високото
образование во општеството, и предизвиците кои се ставаат
пред новата општествена парадигма.

85
д-р Арсе Петрески – Социолошки аспекти на квалитетот на високото образование ...

Терминот општество на знаење се појавил заедно со


термините доживотно образование и општество кое учи.
Денешното значење на општеството на знаење настанало во 90-
тите години на 20-тиот век1. Генерално, тоа е најконкурентно
општество во историјата на човештвото, општество на
мобилност, нов вид на општество во кое образованието не е
временски и просторно ограничено. Општеството на знаење е
битно одредено со концептот на доживотно учење кое се сфаќа
како одговор на проблемите со кои се соочуваат земјите во
развој и како ефективен начин на прилагодување кон
социјалните и економските промени кои ги донесе технолошкиот
напредок во 20-тиот век. Сѐ до втората половина на 20-тиот век
постоел концепт на развојна теорија, односно експоненцијален
глобален стопански раст и со него еден генерален проблем, како
да се спојат природните ограничувања и планираната висока
стапка на раст на стопанството во долгиот временски период

1.Образованието и квалитетот на високото образование во


општеството

1.1. Образованието во општеството на знаење

Еден од најголемите столбови на општеството е


знаењето т.е. образованието, посебно високото образование со
кое е поврзан и вториот столб – иновативниот систем2. Системот
на образование мора да создаде услови општеството да биде
иновациски ориентирано, постојано да се учи. Иновативната
клима во општеството во ерата на научно-технолошката
револуција е предуслов за развојот. Потребата за повеќе знаења
и вештини, потребата за сѐ поголема креативност , наспроти
оперативните и повторените работи бара сѐ поголем фонд на
знаење.3

1
Tuijnman, A. Boström, A. K. (2002) Changing Notions of Lifelong Education and Lifelong
Learning.International Review of Education.Vol. 48. No. 1-2. 93-110
2
World Commission on Environment and Development. (1987). From One Earth to One World:
An Overview. Oxford: Oxford University Press.
3
A Memorandum on Lifelong Learning (2000) Brussels: Commisssion of the European
Communities. Dostupno na: http://see-educoop.net/education_in/pdf/lifelong-othenl-t02.pdf

86
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 85 - 91

Опстанокот и развојот на современото стопанство бара сѐ


повеќе високо образовани луѓе, а целта на образованието не е
само сознавањето на фактите туку и стекнувањето на вештини,
знаењето веднаш да се примени за решавање на конкретниот
проблем. Тековите и правците на развојот на образованието
последнава декада од 20-тиот век покажуваат дека системот на
високото образование во Европа е соочено со голем притисок на
глобализацијата и развојот на новите технологии кои
резултирале со промени во оваа област, и дека високо
образовните установи во Европа бараат квалитет на
образованието. Новата визија и изменетата парадигма на
високото образование нуди отворени пристапи и промени и има
специјална улога во обезбедување на економскиот и културен
развој на општеството во една општествена кохезија.4
Основната карактеристика на новите тенденции е насоченоста
према студентите со поинакви дидактички пристапи и стратегии,
со поквалитетна комуникација на професорите и студентите.
Основната цел е оспособување и образување на млади луѓе да
бидат активни како во сопствениот развој, така и во придонесот
кон заедницата.

1.2. Квалитет на високото образование во општеството

Современите тенденции на развојот и унапредувањето на


образованието најповеќе се насочени на зголемување на
квалитетот. Посебен нагласок е ставен на исходот од учењето и
развојот на компетитивните способности на студентите за учење
во општеството на знаење. Компетенциите и способностите за
доживотно учење добиваат примат во однос на усвојување на
готови информации. Исходот од учењето е клучен аспект на
квалитетот на високото образование, а тоа значи дека повеќе во
фокусот не е наставата туку компетенциите кои треба
студентите да ги совладаат. Тоа е пристап планиран на исходот,
што од студентите се очекува да умеаат да работат на крајот од
периодот на учењето, преместување на фокусот на
интересирање од пристапот во чие средиште е професорот

4
Towards Knowledege Societes: UNESCO World Report (2005) Paris: UNESCO

87
д-р Арсе Петрески – Социолошки аспекти на квалитетот на високото образование ...

спрема пристапот на образование кое е ориентирано на исход5.


Овој тренд добил нов замав со Болоњскиот процес, каде што
акцентот се става на учењето кое е ориентирано кон студентите
и на потребата за поголема прецизност и јасност при
креирањето на наставните програми, како и во поглед на
нивните содржини. Спрема мислењето на Европската Комисија
од 2006 година, компетенциите кои се неопходни за само
насочено учење вклучуваат диспозиции и способности за
организација и регулација на сопствениот процес на учење.
Компетенциите вклучуваат способности на студентите
самостојно и ефикасно да го организираат своето време, да
решаваат задачи, да достигнуваат, проценуваат и усвојуваат
нови знаења, како и тие знаења да ги применуваат во различни
ситуации и во поинаков контекст. Посебно се издвојува
одговорноста и способноста да му посветат време на учењето.
Исто така, значајни особини кои подразбираат флексибилност,
прилагодливост но, и автономија и дисциплина, раководење со
информации во процесот на учење и развивање на критичко
мислење неопходно е да се поседува способност на успешно
комуницирање, разбирање за различноста, како и
самомотивација и самодоверливост.

2. Предизвици кои се ставаат пред новата општествена


парадигма на општественото знаење

Претходно наведениот пристап на Европската Комисија врз


основа на кој секоја држава и понатаму гради свои национални
програми, го додаваме следното. До сега, или во старата
парадигма на образование, нагласокот бил на професорот во
усвојувањето на фактите, новиот пристап е базиран на
студентот, знаењето и вештините со кои треба да владее, а кои
носат во себе многу вредносни елементи, особини на личноста,
темпераментот и карактерот. Инсистирањето на исходот,
ефектите од учењето , таксативното набројување што сѐ треба
студентот да знае и за што ќе биде способен кога ќе го помине
5
http://web.worldbank.org/WBSITE/EXTERNAL/WBI/WBIPROGRAMS/KFDLP/EXTUNIKAM/0,,
menuPK:141 738~pagePK:64168427~piPK:64168435~theSitePK:1414721,00.

88
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 85 - 91

одредениот курс или курикулум, се изгубило сето она што на


проектот или на оваа идеја и дава душа. Тоа е процесот на
лонгитудинално (со текот на развојот на личноста), така и
трансферзалниот (актуелен момент на учење). Инсистирајќи на
исходот, на продуктот му се губи процесот, се губи зачуденоста
за светот околу себе која е предуслов на креативноста и
доживотното учење. Да бидеш зачуден значи да бидеш духовен.
Програмот на образование мора да има свој континуитет
заснован на социокултурен пристап од најмала возраст, а кој не
е насочен на пренос на информации туку на развој на критичко
мислење,6 самодоверливост, донесување на одлуки и развој на
креативноста. Социокултурниот пристап го поттикнува развојот
на личноста, развој кој е слободно изграден низ заедничка
пракса и учество во вредни општествени дејности и потфати. Го
предлагаме иновативниот модел на образование познат како
playword pedagogy – педагогија на играниот свет7 заснована на
воспитни и образовни принципи кои се сметаат неопходни во
развојот на човековото битие како самосопствени, одлучни,
одредени, критични и креативни личности способни да станат
творци на сопствениот живот. Тие образовни принципи се:
отвореност и непредвидливост на крајните одредишта и
исходишта од учењето и подучувањето, самоактуелизација на
студентите, право на студентите да ги следат своите интереси,
да изберат свој сопствен пат кон нив и да стапат во односи со
другите (деца и возрасни) со кои може да се соработува како
еднаков во сето нешто, на начин кој за нив би имало најповеќе
смисла, создавање на богата средина за развој и учење – богато
во најразлични можности и прилики да се искуси и да се
учествува во човековата пракса во сите домени на уметноста,
општествените науки, спортот, бизнисот, и заедничкиот живот,
да се создаде заедница на учење со луѓето кои активно се бават
со своето сопствено интересирање во сите сфери на културата и

6
Baumer, S., Ferholt, B., & Lecusay, R. (2005).Promoting narrative competence through adult-
child joint pretense: Lessons from the Scandinavian educational practice of playworld.Cognitive
Development, 20, 576-590.
7
Beljanski-Ristić, L., & Marjanovic-Shane, A. (2011). Play, Drama Theater: Communities of
Creative Development. Paper presented at the Third Conference of ISCAR (International
Society for Culture and Activity Research), September 5 -10, Rome, Italy.

89
д-р Арсе Петрески – Социолошки аспекти на квалитетот на високото образование ...

кои се заинтересирани и сакаат да воведат свои потенцијални


млади колеги во својата пракса. Низ тоа рамноправно градење
на односи на еднакви во сѐ , непредвидливоста на крајните
одредишта и исходишта од учењето, учествувањето во
човековата пракса се гледа низ учењето за развој, а не само за
исход.

НАМЕСТО ЗАКЛУЧОК

Истражувањето на сложените интерактивни врски со


општеството, образованието и знаењето во контекст на
растешкиот интерес за општеството на знаење укажало на
состојба и потреба на промена на улогите во знаењето,
образованието и креативноста во социјалниот и економскиот
развој на општеството. Промена на парадигмата на
образованието за општеството на знаење се изразува низ
доживотно учење кое подразбира постојана зачуденост,
распрашаност и заиграност во постојано променливиот свет на
знаење кој се изедначува со работа. Ова бара рамноправност,
еднаквост во умот, оние кои учат и оние од кои се учи,
предлагаме проширување со нова парадигма, со социокултурен
пристап на учење не само за исход, туку учење за развој.

Arse Petreski, PhD

THE SOCIOLOGICAL ASPECTS OF HIGHER EDUCATION


QUALITY BY BOLOGNA PROCESS

ABSTRACT: This paper explores the sociological aspects and


integrative relationships of education and knowledge that arises from
society phrase. In real life occasions the social interdependence,
society, economy and knowledge are created artificially. Some
considerations in this paper should indicate a connection that should
not be virtual but a condition of stable social and economic
development.

Keywords: knowledge, education, society

90
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 85 - 91

ЛИТЕРАТУРА

1) World Commission on Environment and Development.


(1987). From One Earth to One World: An Overview. Oxford:
Oxford University Press
2) A Memorandum on Lifelong Learning (2000) Brussels:
Commisssion of the European Communities. Dostupno na:
http://see-educoop.net/education_in/pdf/lifelong-othenl-t02.pdf
3) Towards Knowledege Societes: UNESCO World Report
(2005) Paris: UNESCO.
4) Tuijnman, A. Boström, A. K. (2002) Changing Notions of
Lifelong Education and LifelongLearning.International Review
of Education.Vol. 48. No. 1-2. 93-110
5) http://web.worldbank.org/WBSITE/EXTERNAL/WBI/WBIPRO
GRAMS/KFDLP/EXTUNIKAM/0,,menuPK:1414738~pagePK:
64168427~piPK:64168435~theSitePK:1414721,00.
6) Baumer, S., Ferholt, B., & Lecusay, R. (2005).Promoting
narrative competence through adult-child joint pretense:
Lessons from the Scandinavian educational practice of
playworld.Cognitive Development, 20, 576-590.
7) Beljanski-Ristić, L., & Marjanovic-Shane, A. (2011). Play,
Drama Theater: Communities of Creative Development.
Paper presented at the Third Conference of ISCAR
(International Society for Culture and Activity Research),
September 5 -10, Rome, Italy.

91
Биљана Димковска – Современи методи и техники во наставата

ДИДАКТИКА

Биљана Димковска
Стручно-аналитички труд

“ПРОСВЕТНО ДЕЛО“
LXIX,1,2016
UDK:
37.091.3/.33

СОВРЕМЕНИ МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ВО НАСТАВАТА

Апстракт: Во овој труд, нашата намера е да ги проучиме


методите во современата настава, како предуслов за успешна,
ефективна, креативна и квалитетна настава. Ако знаеме дека
развојот на секој поединец се одвива низ воспитно –
образовниот процес, тогаш сосема јасен е интересот за
начините, методите и техниките во процесот на поучување.
Што е современа настава? Која е разликата помеѓу
традиционалната настава и наставата која нуди можности за
сестран развој на личноста во едно демократско општество?
Можеме ли да поставиме паралела помеѓу традиционалната
настава и современото образование? Каква е состојбата во
образовниот систем кај нас? Потребни ли се педагошки
иницијативи кои се однесуваат на современата методологија во
наставата? Кои се придобивките од ваквите иницијативи?

Клучни зборови: Иницијативи, методи, техники, настава

92
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 92 - 107

Методолошки иницијативи во наставата

„Преземањето иницијатива значи да се препознае


нашата одговорност за работите што се случуваат“ –
Стивен Ковеј1
Можеби е добро, на почетокот да се запрашаме каква е
состојбата во поглед на методолошките иницијативи во нашето
училиште? Ова заради фактот што до пред неколку години сите
иницијативи кои се однесуваа на наставните методи беа
иницирани од надвор, а имплементирани преку различни
проекти во нашите училишта. Ова, секако, го поставува
прашањето дали ние како нација имаме доволно капацитет да
покренеме иницијативи, дали нашите методичари можат да
понудат нешто како урнек и дали нашите наставници имаат
доволна широчина во познавањата и се доволно креативни да
можат наставата да ја направат поинтересна, пожива,
пооригинална? Од друга страна, дали готовите екстерни проекти
кои се имплементираат (како пробни) во нашите училишта не се
изработени и наменети за поднебје различно од нашето? Тогаш
сосема логично е да се запрашаме каков исход ќе има нашето
образование ако методолошките иницијативи не произлегуваат
од нашите потреби и интереси, туку се одраз на други
вредности? Овие прашања секако, ја нагласуваат неопходноста
од поголема заложба за покренување метолошки иницијативи,
бидејќи тоа е основен предуслов за квалитет во наставата и во
процесот на стекнување знаења.
Пресадувањето на екстерните методолошки иницијативи
во наставата, ги покажа следниве недостатоци:
-низок степен на образовните барања и ограничена
интелектуална перспектива,
- искористеноста на научните сознанија во наставата е
оптимална,
- забележителна е неорганизираност во училницата и
опкружувањето,
- наставната организираност се сведува на апликативното
уредување на просторот,

1
Стивеј Ковеј, 7-те навики на успешните луѓе, 74стр

93
Биљана Димковска – Современи методи и техники во наставата

- умствената ангажираност е заменета со цртање, боење,


сечење и лепење.2
Метолошките иницијативи, произлезени од потребите на
нашето образование, ќе бидат одраз на висока морална
одговорност на нашите образовни кадри. Секако, тоа
подразбира активна вклученост на нашите наставници,
советници, професори, поддршка од различни институции,
наставна екпертиза која во себе вклучува анализи и
информации. Интерните иницијативи можат целосно да бидат
применливи зашто произлегуваат од потребите на нашето
образование.
Ниту еден од метолошките видови за промени не може
да постигне квалитетна реализација без учество на
иницијативата, волјата, желбата и способноста за
усовршување на квалитетите во наставата.
Ефектите од иницијативите кои се поддржани од
институциите од образованието се повеќекратни:
- постигнато е меѓусебно интегрирање и лоцирање на
знаењата на едно место,
-воспоставен е позитивен пристап кон иницијативите за
обликување на методолошки приоди кон квалитетот на
знаењата,
- имаме постојано настојување во училиштата да се
создадат оптимални услови во наставната работа,
- развиена е организирана поддршка и поттикнување за
решавање на проблемите во процесот на учењето,
- постигнувањата имаат применлив карактер на знаењата,
- интерната едукација овозможува размена на информациите
и афирмирање на иницијативите,
- организиран е пристап со јасна теоретска поддршка за
практикување на метолошките иницијативи,- збогатен е
фондот на стручна педагошко –психолошка литература која
го доближува современото обликување на наставата. 3
Творечкиот пристап во разбирањето на наставата е особено
важен сегмент кога говориме за примена на совремнените

2
Божидар Јовиќ, Наставникот е носител на промените, 120стр
3
Божидар Јовиќ, Наставникот е носител на промените, 123стр

94
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 92 - 107

методи во наставата. Креативноста на наставникот има двоен


ефект: жива и интересна настава, која понуди квалитет и која
активно го вклучува ученикот во процесот на истражување кон
знаењата, од една страна и создавање креативна клима во
средината – училиштето, од друга страна. Креативниот
наставник е генератор на нови идеи кои ги споделува со
колегите низ работата на стручните активи, интегрирана
настава, нагледни часови и сл. Креативниот наставник креира
кооперативна клима во училиштето, а тоа води кон подобар
квалитет. На тој начин наставата е поорганизирана, поинтересна
и целеисходна. На тој начин имаме училиште во кое се
афирмира принципот на доживотно учење и напредување.

Методи во наставата

Воспитанието и образованието се општествени појави.


Секое организирано општество го организира воспитно –
образовниот процес со цел создавање ѓраѓани кои ќе бидат
способни да ги креираат процесите во него и кои ќе го
придвижуваат напред. За таа цел, воспитно – образовните
институции изготвуваат наставни планови и програми преку кои
е можна реализација на целите и задачите на системот за
едукација. Начините и средствата со кои се остваруваат овие
задачи ги викаме методи и техники во наставата.
Methodos (грчки) – начин, пат, постапка која се употребува за
да се дојде до спознание, до одредена вистина. Исто така, под
овој поим се подразбира начин на размислување за одреден
проблем кој тежнееме да го решиме.4
Проф. Ј. Милат нагласува дека треба да правиме разлика
помеѓу методите на научно истражување и методите на
практично делување. Притоа, методите на научни истражувања
се условени од два чинители: истражувачите и проблемот –
содржината која се истражува, а методата на педагошко
делување е определена од три чинители: наставникот,
содржината и ученикот.

4
Јосип Милат, Педагогија-теорија оспособљавања, 128стр

95
Биљана Димковска – Современи методи и техники во наставата

Различни автори истакнуваат различни методи во


наставата. Во однос на употребата на наставните методи,
можеби е добро да истакнеме дека не постојат „чисти“
методи на педагошко делување, ниту универзални методи
кои имаат ист ефект врз секој поединец, а не постојат ни
методи кои се „семожни“.5
Употребата на методите во наставата, пред сè, зависи од
сферата на делување. Така, вербалната метода се користи за
совладување на теоретски знаења, но и како помошна метода за
совладувење на одредени вештини и способности од областа на
техничките и технолошки процеси. Стекнувањето знаења преку
вербалната метода, всушност претставува основа за развој на
поединецот на било кое научно поле. За успешно да ги користи
ресурсите (техниката и технологијата), поединецот мора да има
базични теоретски познавања добиени најчесто преку
вербалната метода во наставата.
Всушност, вербалната метода се среќава како две
посебни методи, во форма на монолог и во форма на дијалог,
но најчесто се употребува како комбинација од двете заедно и се
нарекува вербална метода. Монолошката метода како одделна,
најчесто се употребува во излагања на материјалот по одредена
материја, без да се внесува ученикот во текот на излагањето.
Понатаму, кога се чита изразно дел од драмски или друг вид
прозен текст содветна е употребата на монолошка метода. Но,
најчесто, останатиот дел од часот се реализира со помош на
други форми на работа. Дијалогот многу често е еден вид
надоврзување на монолошката метода и дава можност
наставникот преку прашања да согледа колку учениците ја
разбираат и прифаќаат содржината, какви се нивните
размислувања во врска со неа... Едноставно, на тој начин се
создава една пријатна клима за разговор, отворање прашања
поврзани со темата, дискусии, размисли, решенија. На тој начин,
учениците имаат можност подлабоко да навлезат во анализа на
ситуациите и состојбите по одредено прашање која ќе води кон
можни одговори.

5
Јосип Милат, Педагогија-теорија оспособљавања, 129стр

96
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 92 - 107

Оваа метода нуди извонредна можност преку разговор и


дискусија наставникот да го запознае ученикот, да го
заинтересира за материјата која ја предава и да бара одговори и
откривање на научни вистини. Вербалната метода дозволува
наставникот да делува врз когнитивниот развој на ученикот,
поставувајќи тези, кои низ дискусија и со аргументи учениците
треба да ги отфрлат или потврдат. На тој начин јакнат
размислувачките капацитети на ученикот, а наставникот преку
улога на ментор или водич го насочува ученикот сам да дојде до
одредени спознанија. Така, крајните исходи (поими, вистини,
сознанија...) ќе останат запаметени и полесно применети во
секојдневните животни ситуации. Со помош на вербалната
метода, се делува врз емоционалниот, етичкиот, естетскиот,
работно – технички и социјален развој на личноста на младиот
човек.
Метод на демонстрација е насочен кон покажување
(демонстрирање) на одредени постапки, користење на одредена
технологија, користење на машини, алатки, уреди. Оваа метода
нуди можности ученикот практично да го примени стекнатото
знаење. Применувајќи го овој метод, наставникот им остава на
учениците доволно простор да вежбаат практично до степен на
рутина кога без пречки ќе можат да ги извршуваат задачите на
најдобар можен начин.
Креирање проблемски ситуации е наставна метода во која
наставникот на почетокот од часот (може и не мора) ја изложува
наставната содржина (или дел од неа) и уште преку првите
преашања открива „проблем“ кој учениците имаат можности да
го решат. Со оваа метода, когнитивното размислување доаѓа до
израз и наставникот се обидува секогаш да постави малку
посложено прашање со цел да ги поттикне децата на подлабоко
размислување (она што Виготски го нарекува „зона на следен
развој“). Наставникот внимава на тежината на прашањата или
проблемот, за да не ги обесхрабри (ако прашањата се премногу
сложени)учениците. Оваа метода го насочува ученикот кон
можни решенија и точни одговори, дава доволно широчина за
неговата креативност и оригиналност и му дава доволно
слобода да ги искаже размислувањата по однос на „проблемот“.

97
Биљана Димковска – Современи методи и техники во наставата

Наставникот ги охрабрува учениците да ги искажат своите идеи,


нагласувајќи дека не постојат погрешни одговори.
Метод на експеримент е насочен кон создавање на можности и
околности ученикот сам да изведе одредена активност, да го
провери своето знаење и работни вештини да се увери во
своите работни способности. Оваа наставна метода најчесто се
применува во лабораториски услови, а се однесува на
предметите од природните науки (хемија, физика, биологија), но
за обработка на содржини од областа на информатичките науки.
Со помош на оваа метода, учениците доаѓаат до сознанија и
научни вистини по пат на опити и на тој начин сами изведуваат
заклучоци. Вака, еднаш утврдените вистини остануваат длабоко
вкоренети во нивната свест и се помнат долго.
Метод на истражување(работа во групи) е наставна метода
која последниве години сè повеќе е присутна на наставните
часови заради тоа што му остава доволно простор на ученикот
сам да доаѓа до научни сознанија. Денес, во нашите училишта
овој метод е искомбиниран со методот на примена на научната
информатичка технологија (ИКТ)и методот на интерактивно
учење. Примената на овие методи подразбира насоки (посочени
линкови) од страна на наставникот во врска со истражувањето
(на одредена тема) и на учениците им се дава можност да
истражуваат. Притоа, истражувањето може да е индивидуално
(еден ученик истражува сам) или истражување во група (повеќе
ученици работат заедно). Силната страна на оваа наставна
метода се состои во тоа што учениците вршат подредување на
пронајдените содржини, нивно селектирање (важно од помалку
важно), анализа, поврзуваат факти и вистини, ги подредуваат
податоците, презентираат. Презентирањето е особено важен
дел од изработката на задачата затоа што на тој начин
учениците вежбаат усно изразување и претставување на својот
труд. Другата придобивка од користење на овие наставни
методи е тимската работа. Работата во тимови подразбира
споделување на идеи, замисли, патишта, начини на обработка.
Тимската работа значи поголем избор на решенија и заклучоци.
Поединечните енергии насочени кон истите цели, заедничкиот
дух и соработка, почитувањето на личноста на другите членови

98
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 92 - 107

од групата, споделувањето информации и идеи, се важни


придобивки од работата во група. Всушност, наставникот знае
дека не секоја група е тим, па затоа го „храни“ заедничкиот дух
во групата, ги мотивира и поттикнува, пофалува и охрабрува во
нивните заложби за остварување на задачата. Наставникот
употребувајќи ги овие методи е во улога на насочувач, ментор,
водач, консултант, а не предавач. Учениците не се слушатели,
неми сведоци на предавање или излагање на материјата, туку
активни чинители и носители на активностите (истражувањето го
прават тие). Понатаму, интеракцијата е важен дел од употребата
на овие методи во наставата. Наставникот се обидува да креира
позитивна клима за работа во која ќе може да дојде до израз
креативноста на учениците. Само во пријатна клима е можно
слободно творештво. Протокот на информации при употреба на
овие методи се одвива непрекинато. Наставникот е свесен дека
интеракцијата подразбира взаемна комуникација, испраќање
порака и добивање одговор. Сето тоа го јакне заедништвото
меѓу учениците и тие се чувствуваат како дел од едно цело –
класот, а наставникот го чувствуваат како свој соработник, човек
кој е тука за да им помогне во нивните намери да истражат
одредена материја. Придобивките од овие наставни методи се
навистина големи и веројатно заради таа причина се
незаобиколен дел од современата настава.
Листата на наставните методи не се сведува само на
горенаведените. Неа ја сочинуваат и други методи кои се дел од
наставата во нашите училишта. Наставниот филм како метода
се применува кога на децата им се демонстрира содржина за
која има снимено наставно – научен филм. Филмот е моќно
средство во наставата бидејќи буди силни емоции кај нив и
научните вистини остануваат длабоко врежани во нивните
сеќавања.
Употребата на наставни листови, организација на
наставата на повисоки нивоа на сложеност, програмирана
настава, проблемска настава, телевизисканастава, наставен
филм, микро настава, микро – истражувања, примена на
графоскоп, употреба на микроскоп, Проф. Вилотијевиќ ги

99
Биљана Димковска – Современи методи и техники во наставата

наведува како методи со кои се мотивираат учениците во


нивната работа.6
Посета на планетариум, посета на историски места,
споменици, институции од областа на културата и уметноста
(библиотека, музеј, изложба, промоции на книги) се дел од
наставните часови кои ги викаме нагледни или наменски, а
имаат големи придобивки во процесот на стекнување на
знаењата на учениците.
Техниките во наставата служат како средства со чија помош
учениците совладуваат полесно одредена материја. Отсекогаш
наставните техники биле од особено значење за квалитетот на
наставата бидејќи се единствениот можен пат таа да биде жива
и интересна, а со тоа ефектите од учењето се зголемуваат и
можеме да говориме за креативна и целеисходна настава.
Придобивките од наставните техники се бројни, но можеме да
наведеме барем еден дел од нив. Тие се користат за:
- да им помогнеме на учениците да бидат активни во наставата,
- му даваат повратна информација на наставникот за
разбирањата на ученикот и усвојувањето на наставните
содржини,
- го поттикнуваат истражувањето, ставовите и вредностите на
учениците во усвојувањето на новите наставни содржини,
- учениците да научат ефикасно да учат и критички да
размислуваат,
- учениците самостојно и од различни аспекти да ги
разгледуваат информациите и оформуваат свое мислење,
- со техниките на учење кои се дел од современата настава,
учениците се активни субјекти, а наставникот поттикнувач и
насочувач.
Со помош на наставните техники, учениците учат да
размислуваат и да се изразуваат слободно. Учат да
размислуваат критички и да анализираат. Тие се повеќе
ангажирани и активни учесници во процесот на настава. Полесно
преземаат ризици , почитта кон другарите е поголема, создаваат
вредности и нивната одговорност се зголемува. Учат низ учење
да слушаат внимателно, да се разбираат и да ги разберат

6
Младен Вилотијевиќ, Вредновање педагошког рада школе, 116стр

100
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 92 - 107

човечките потреби, интереси и чувства подобро. Сето тоа води


кон создавање позитивни личности кои во животот ќе чекорат со
изразена самодоверба, кои се почитуваат себе и другите и кои
се подготвени на еден хуман и одговорен однос кон себе,
околината и општеството. Во оваа проекна задача, ќе се обдам
да набројам неколку од нив кои секојдневно ги употребувам во
наставната практика.

1.Пауза за разјаснување
- Целта е да се постигне „активно слушање“.
- Во текот на содржината, по изнесувањето на дел од
содржината се прави пауза за да се даде можност да се разбере
прочитаниот дел и да се разјаснат непознати моменти.
- Ученици кои ретко поставуваат прашања, со оваа техника
имаат поголема можност да реагираат веднаш и да побараат
објаснување. На тој начин се вклучуваат сите ученици и
„повлечените“ стануваат поопуштени, послободни и поактивни.

2.Чекање
Со оваа техника, наставникот им остава доволно време на
учениците да дадат одговор на поставеното прашање, со што ги
поттикнува подлабоко да навлезат во можните одговори.
Паузата од 15-20 секунди откако ќе се постави прашањето е
доволен показател дека одговорот треба да е осмислен и
целосен. Наставникот по паузата одбира еден од учениците за
да го даде својот одговор и на тој начин сите размислуваат
активно не потпирајќи се на најактивните ученици во класот.

3.Стоп техника
Наставникот го соопштува насловот на текстот и текстот се чита
дел по дел. По секој дел од содржината, наставникот го стопира
ученикот кој го читал тој дел. Прашува како се чувствуваат
додека се читаше содржината од текстот. Добива одговори и
сите одговори се прифаќаат. Потоа наставникот поставува
неколку прашања од типот: Кој проблем може да излезе од
приказнава,? Кое прашање ќе се постави како клучно? Што
мислите вие за тоа прашање? Зошто размислувате така?

101
Биљана Димковска – Современи методи и техники во наставата

Потоа продолжува читањето до второто СТОП. На тој начин се


чита целата содржина и притоа се поставуваат бројни прашања
кои ги поттикнуваат учениците на размислување и одговори.
Целта на оваа техника е да го развие критичкото мислење кај
децата и да научат сами да доаѓаат до сознанија, вистини од кои
ќе ги градат ставовите и навиките во животот.

4. Коцка
Коцката е наставна техника која овозможува темата да се
разгледува од повеќе аспекти. На секоја страна на коцката треба
да се постави по едно барање од наставникот. Пр: опиши,
спореди, асоцирај, анализирај, примени, аргументирај... На тој
начин учениците се во фаза на евокација. Пишуваат состав за
некој предмет. Се насочуваат да размислат за сите шест страни
на коцката, односно да го согледаат предметот од разни
аспекти. Со оваа техника, децата учат секој „проблем“ да го
согчледаат од повеќе страни и да изнаоѓаат решенија за него.
По завршување на составите, ги презентираат своите изработки
и на тој начин станува збор за споделено мислење (учат едни од
други, се надополнуваат).

5. Знам, сакам да знам, учам


Оваа техника се состои во пополнување на дадена табела при
што се црпат предзнаењата и се евидентираат нејаснотиите. Се
користи во секоја фаза од часот. Табелата има три колони, во
кои се подредени зборовите од името на техниката. Во колоната
ЗНАМ учениците пишуваат што имаат како предзнаења по
темата која се обработува, во колоната САКАМ ДА ЗНАМ се
пишуваат прашања за кои се јавува интерес кај децата што би
сакале да го научат. Наставникот ги упатува во која насока да
размислуваат и очекува одговор. Колоната УЧАМ се однесува на
она што го научија во текот на часот и одговорите се на
прашањето Што научивме? Со ваквото потенцирање на
постигнатите цели на часот, децата меморираат нови вистини
кои остануваат запаметени долго во нивната свест.

102
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 92 - 107

6. Венов дијаграм
Оваа техника наоѓа примена на почетокот на часот како воведен
дел и претставува искористување на претходните знаења за
одредена наставна содржина. Но, може да се употреби и во
било кој дел од часот. Таа претставува две множества кои се
пресечуваат. Во двете множества се пишуваат одредени
карактеристики на некој предмети или поими кои треба да се
споредат. Во пресекот на двете множества од учениците се
очекува да ги набројат и да ги наведат сличностите или точката
на поврзување на двата поима или предмета.

7. Грозд
Формирањето на гроздови е нелинеарна техника за
предизвикување на идеи. Може да се користи и во фаза на
евокација – како стимул за тоа што ќе се работи, но и во фаза на
евокација како средство за сумирање на знаењата. Таа се
применува на следен начин. Наставникот пишува еден збор или
израз. Учениците се поттикнуваат да смислуваат зборови кои се
однесуваат, го опишуваат или се поврзани со тој предмет. Секој
од овие зборови се става во свој круг кој произлегува од
централниот круг во кој е запишан првичниот поим. На тој начин
добиваме еден грозд кој ее богатство од поими и изрази кои пак
помагаат во опис на првиот поим. Со помош на оваа техника
учениците стекнуваат широки познавања за одреден поим.

8. Петоред претставува поема од пет реда. Способноста да се


резимираат информациите, да се разберат комплексните мисли,
чувствата и убедувањата во неколку збора, е многу важна
вештина. Петоредот е поема во пет реда со која се врши
синтетизирање на информации и материјали во концизни
искажувања кои ја опишуваат темата или претставуваат нејзина
рефлексија.
Наставникот ги насочува учениците во која насока се пишува
оваа поема. Пример:
Наслов (тема)_________________________________________
Опис придавки)________________________________________
Активност (дејство,триглаголи)____________________________

103
Биљана Димковска – Современи методи и техники во наставата

Чувство_______________________________________________
Повторен приказ на суштината____________________________

Секој од учениците имаат 5-7 минути за да ги напише


петте реда. Изработките се читаат гласно и се дискутира за
прочитаното, за степенот на издвојување и потенцирање на
важните аспекти од содржината како и пораката која произлегува
од текстот. Оваа техника придонесува кон креативно изразување
и претставува моќна алатка за синтетизирање на важните
информации.

9. Скелетен приказ
Со оваа техника наставникот ги мотивира учениците за
обработка на текст или лектира. Преку табела или неколку
редови од учениците се бара да напишат:
 Една реченица
 Фраза
 Симбол
 Еден збор
 Боја (асоцијација)
 Порака
На овој начин учениците имаат доволно простор да
размислуваат пошироко и да ги согледаат важните делови од
една наставна содржина(тема, порака...).

10.Бура на идеи
Со оваа техника се поттикнуваат различни идеи и мислења или
предзнаења за одредено прашање.
Чекори:
- Наставникот поставува прашање за кое бара првични мислења,
- учениците индивидуално ги запишуваат сопствените идеи и
мислења,
- запишаните идеи ги споделуваат во пар, група или клас,
- на покана од наставникот ги кажуваат пред класот,
- Идеите се запишуваат на табла.

104
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 92 - 107

Наставникот нагласува дека не постојат погрешни


одговори и треба да се уважат сите мислења. Планира како ќе ги
употреби идеите во продолжение на часот за да дојде до
посакуваните исходи.
Современата настава подразбира целосна слобода на
наставникот да истражува, осмислува и применува бројни
техники и методи со кои наставата ќе ја направи интересна и со
кои ќе го поттикне ученикот на размислување, истражување и
творештво. Примената на информатичката технологија во
наставниот процес, ставена во служба на откривање нови
вистини и истражувачки проекти, претставува најсовремен метод
во наставата.
Ако придвижувањето на општествените процеси во едно
општество зависат од квалитетот на образованието во него,
тогаш сосема јасно можеме да ја согледаме оправданоста за
развојот на училиштето и наставниот кадар. Образованието
денес поставува нови парадигми за компетенциите на
наставникот во современото училиште. На нашето училиште му
се потребни наставници кои ќе можат да одговорат на
модерните техничко – технолошки процеси, кои ќе продуцираат
квалитет. А тоа е можно само преку добро планирана,
организирана и реализирана настава. Квалитетот на наставата
пак, зависи од наставните методи и техники со кои на учениците
им се доближува содржината. Професионалниот развој на
наставниот кадар, во оваа смисла е најдобриот можен пат кон
квалитетно образование. Принципот на доживотно учење е еден
од основните принципи во нашиот образовен систем и
претставува единствениот пат кон квалитет во наставата. Во тој
случај, говориме за индивидуален развој кој води кон развој на
колективитетот, развој на општеството.

105
Биљана Димковска – Современи методи и техники во наставата

Biljana Dimkovska

CONTEMPORARY METHODS AND TECHNIQUES IN TEACHING


PROCESS

Abstract:In this work, our intend is to study the methods of modern


teaching as a prerequisite for successful, effective, creative and
qualitative education. If we know that the development of each
individual goes through upbringing - educational process, then is
quite clear the interest for the ways, methods and techniques in the
process of teaching. What is contemporary teaching? What is the
difference between traditional teaching and teaching that provides
opportunities for personal development in a democratic society? Can
we set a parallel between traditional teaching and modern education?
What is the situation in the educational system in our country? Do we
need pedagogical initiatives pertaining to modern methodology in
teaching? What are the benefits from such initiatives?

Key words: Initiatives, methods, techniques, teaching

Користена литература

1. Центар за образовни политики, (2013),


Белград,Наставничката професија во XXI век, достапно на:
http://stepbystep.org.mk/WEBprostor/toolbox/Nastavnicka_profe
sija_za_21_vek.pdf
2. Celozivotno obrazovanje nastavnika – u rascepu izmegu
stvarnosti I svesti o vaznosti, достапно
на:file:///C:/Documents%20and%20Settings/Administrator/My%
20Documents/Downloads/Pages_from_ek_vjesnik_10_1_3.pdf
3. Димова В. (2007), Скопје, Литературното дело и
рецепиентот, Македонска реч

106
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 92 - 107

4. Јовиќ Б. (2011), Скопје, „ Наставникот е носител на


промените“, Просветно дело
5. Јовиќ Б. (2005), „Современо училиште“, Просветно дело
6. Ковеј С. (2008), „7те навики на успешните луѓе“, Наша
култура
7. Loncaric D. Pejic P. (2009), Ријека, Profiliranje uciteljskih
kompetencija, достапно на:
https://bib.irb.hr/datoteka/450386.Loncaric_PejicPapak_2009_P
rofiliranje_uciteljskih_kompetencija.pdf
8. Milat J. (2005), Zagreb „Pedagogija –
naukaosposobljavanja“,Skolskaknjiga,
9. Previsic V. (2007), Zagreb „ Курикулум“, Skolskaknjiga
10. Polic M. (1993), K filozofiji odgoja, Zagreb Institut za
pedagogijska istraživanja, достапно на:
http://www.radionicapolic.hr/filozofija/polic93.pdf
11. Planiranje kurikuluma zasnovanog na kompetencijama u
obrazovanju ucitelja i nastavnika, Filozofskifakultetsveucilista,
Zagreb, 2009, преземено на:
http://www.unizg.hr/fileadmin/rektorat/Studiji_studiranje/Cjeloziv
otno/Podrska_nastavnicima/UPraVO/Vizek-
Planiranje_kurikuluma.pdf
12. Сузиќ, Н. (2005). Педагогија за 21ви век, Бања Лука: ТТ-
Центар
13. Sucevic V. Cvjeticanin S, Sakac M. (2011),Sombor,
Obrazovanje nastavnika I ucitelja u evropskom konceptu
kvalitete obrazovanja zasnovanom na kompetencijama, Zivot I
skola,br.25
14. Sabina, V. (2007), Pula, Drustvo koje uci, Metodicki obzori 2
15. Vilotijevic M. (1992), Beograd, Vrednovanja pedagoskog rada
skole, Naucna knjiga

107
д-р Ардита Цека – Положбата на жената во современото општество

СЕМЕЈНА ПЕДАГОГИЈА

д-р Ардита Цека


Стручно-аналитички труд

“ПРОСВЕТНО ДЕЛО“
LXIX,1,2016
UDK:
316.662-055.2

ПОЛОЖБАТА НА ЖЕНАТА ВО СОВРЕМЕНОТО


ОПШТЕСТВО

1. Нормативна основа

Историски гледано, развојот на семејството во


Македонија и промените на положбата на жената во него, во xx
век доживува постепени трансформации- од изразито
патријархално во модерен, односно современ тип на семејство и
демократизација на жената во него.
Во историјата на човештвото овој век ќе остане запамтен
по заснованоста на правата на човекот воопшто, како и на
еднаквоста на половите и еманципацијата на
жената.Универзалната активност на меѓународните
организации(ООН, МОТ, УНЕСКО) и нивниот целокупен
инструментариум во полза на остварувањето и почитувањето на
човекот, значи само еден израз на вредностите прокламирани во
Општата декларација за правата на човекот (Генералното
собрание на ООН, 1948).
Во овиемеѓународни документи посебно нимание се
посветува на правата на жената, при што правото на нејзината
партиципација во политичкиот, економскиот, социјалниот и
културниот живот, како во национални така и во меѓународни
рамки, како и во елиминација на сите форми на дискриминација

108
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 108 - 114

меѓу половите, е утврдено како приоритетен објектив на


целокупната меѓународна заедница (Виена 1993). (Старова,
2003) Местото што денес го има жената во приватниот живот и
во јавноста во Република Македонија е резултат на
револуционерните промени направени во периодот 1944- 1950
година и континуираниот еволутивен развој кој следи после нив
и продолжува и во процесите на трансформацијата на
политичко- правниот систем од 1991 година наваму.
Република Македонија е потписник на низа мегународни
документи кои ги третираат еднаквоста на половите и положбата
на жената.( Конвенцијата за елиминација на сите форми на
дискриминација на жената прифатена од Г.С. на ОН, 1979) Во
секој случај, воспоставувањето на рамноправноста на половите
во Република Македонија може да се следи како континуиран
процес на создавање формално- правна рамка на еднаквоста на
половите, соодветна социо- културна атмосфера, како обиди за
дефинирање на конкретни механизми за надминување на
традиционалниот систем на третирање на положбата меѓу
половите.
Во Уставот на Република Македонија од 1991 година,
прашањето на еднаквоста на половите не се третира издвоено,
туку во рамките на член 9, во општата одредба за
недискриминација според која:”Граѓаните на Република
Македонија се еднакви во слободите и правата независно од
полот, расата...”. Во членот 42 предвидена е посебна заштита на
жената- мајка.( Устав на Република Македонија, 1991)
Меѓународните стандарди што се однесуваат на
рамноправноста помеѓу мажот и жената во Република
Македонија укажува на релативно широко опфаќање во повеќето
нормативни акти. Меѓутоа, во нашата законска регулатива
недостасува позитивна акција од државата во процесот на
функционирањето на општеството. Декларирањето за постоење
на дискриминација, останува само на критика и не го прикажува
проблемот во реалната светлина.
Непревземањето чекори од страна на институциите може
да донесе до маргинализација на проблемот. Во рамките на
горе споменатите позитивни акции во Република Македонија,

109
д-р Ардита Цека – Положбата на жената во современото општество

функционира Одделение за унапредување на рамноправноста


помеѓу половите во рамките на Министерството за труд и
социјална политика од 1997 година. Иницијативата на
политиката за рамноправноста помеѓу половите треба да биде
во дисперзирање на идејата на мерки за рамноправност во сите
институции во земјата.

2. Позначајни карактеристики

Промените на положбата на жената се условени пред се


од промените во општествениот систем како што се
индустријализацијата и урбанизацијата, кои создадоа услови за
трансформација на традиционалното во ново современо
семејство.Во врска со овие промени, најчесто се поставува
прашањето кои беа основните причини за нив што доведоа до
напуштање на дотогашниот модел на брачен и семеен живот.
Промените во семејството се одвиваа паралелно со
промените во моралните, религиозните, етичките и правните
вредности и норми.Слободата на личноста и индивидуализмот
го карактеризираат моралниот и вредносниот систем на
современото општество, во кое основна клетка е семејството. За
разлика од порано, основна идеологија во брачниот живот веќе
не е стабилноста, туку квалитетот на брачните односи.
Тргнувајќи од значењето на овие промени за местото и улогата
на жената, Русел истакнува дека е поразен светот во кој мажите
имаа неограничена доминација.(L.Roussel,1998) Економската
самостојност сега го менува односот на жената кон бракот-таа
сега има средства за самостоен живот и може да одлучува за
својата слобода и авторитет.
Демократијата на жената во современото семејство
значи и нејзино активно учество во општествените процеси на
сите фактори на општеството. Жената претставува половина од
секое општество, и затоа ниту едно општество не може да ја
прифати ситуацијата во која половина од неговото општество е
изолирана, исклучена од донесување на одлуки кои се значајни
за целата заедница.

110
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 108 - 114

Тоа значи дека не може да се прифати ситуацијата каде


половината од неговата популација е маргинализирана од
основните права и обврски. (Грозданова,2001)
Афирмацијата на жената како и начовекот воопшто, во
сите области на општествено- економското живеење и на
сопствената лична и социјална егзистенција, не само што го
промени односот кон мажот, туку овозможи да се воспостави
една нова рамнотежа меѓу половите и во општеството. Низ овие
промени жената се ослободуваше постепено, не само од
починетост во семејството, туку и во сите области од животот.
Процесот на еманципација во нашето општество постепено, но
перманентно овозможуваше жените да излезат од дома и се
вработуваат, школуваат и општествено да се ангажираат.
(Kasapi, 2013)
Кога се работи за положбата на жената во Македонија во
новите социјално- економски услови, ќе констатираме дека
најголеми промени се забележани во областа на образованието.
Со воедначувањето на можноста за школување на децата од
двата пола,жените станаа се повеќе образувани. Статистичките
податоци покажуваат дека тие скоро се изедначија со мажите на
ниво на завршено основно и средно образование(жени-49,0%;
мажи-51,5%). Овој сооднос на образование кај двата пола денес
го среќаваме и кај вишото и високото образование. Тоа зборува
за значителен напредок кај жената и рамноправен однос со
мажот на сите нивоа на образование.
Во областа на вработувањето жената со 38,2%
заостанува зад мажот со 61,8%. Секако дека тоа се должи на
економската криза во земјата која трае многу долго, а не на
различните позиции за настап при вработувањето.
Анализите покажуваат дека процесот на еманципацијата
и осамостојувањето на жената главно се движеше во два
основни правци: настојувањето жената да се ослободи од
домашните работи и мајчинството и да се демократизираат
односите во семејството и институциите на заедницата за
нејзина помош и услуги. И едниот и другиот процес дадоа само
делумни резултати.

111
д-р Ардита Цека – Положбата на жената во современото општество

Кога се во прашање нејзините права и положба, тоа не значи


дека таа потчинетост и дефинитивно изчезна. Жената и натаму е
во значителна мерка оптоварена со обвските во домаќинството,
а демократизацијата на општествените односи не го постигна
нивото кое ќе и обезбеди статус каков го очекуваше.
Исто така борбата против дискриминацијата меѓу
половите, бележи напредок, но тој напредок поради економската
криза, која ги назадува неразвиените земји, неможе да биде во
толкава мера што ќе го остави на страна прашањето за
дискриминацијата меѓу мажот и жената.Тоа секако се однесува и
на нашата земја. Во услови на неповолна социјално- економска
положба, каква е во последните две децени во Македонија,
значително се влоши положбата на жената во семејството и во
општеството. Специфичноста е во двојното оптоварување на
жената.
Намалувањето на стандардот придонесе да бидат укинати
или да станат недостапни за просечното семејство дел од
услужните дејности, а како второ жената да се врати во
семејството дури на едно пониско ниво, каде ги исполнува сите
дејствија, кои значат обезбедување на секојдневните потреби на
членовите на семејството. (Заштита на жената како дел од
демократското општество, матeријал од Конференција, 2001)
Меѓутоа, ќе констатираме дека и покрај сите
проблеми,постигнатото на овој план сепак има револуционерно
значење. Во општите процеси на еманципација и нејзина
демократизација, жената во Македонија го потврди својот
идентитет и ја изрази својата персонализација како домаќинка,
родител и сопруга, но и како стручњак, општественик и делумно
како политичар.

112
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 108 - 114

Ardita Ceka, PhD

THE POSITION OF WOMAN IN THE CONTEMPORARY SOCIETY

Abstract: The society during the past few years has been influenced
by political and social factors and is moving towards a more complete
and more profound transformation, so has reached a level that
challenges the traditional systems known for many centuries. The
best way to understand the importance of this transformation or
change of the society is to consider the activity of which was built in
the family life and the factors which affect the change of the society
and its transfer to a modern society. Ongoing will present the factors
which affect traditional society changes in modern society, which are:
the right for education of family members, employment right,
changing social roles of men and women in family, the family size
and structure.

Key words: education, employment, social roles, .position,


emancipation

Користена литература

1. Kasapi, Gjylymsere ,(2013), Pedagogjia familjare, Shkup,


2. Општата декларација за правата на човекот, усвоена и
прокламирана со резолуција на Генералното собрание на
ООН, 1948
3. Старова Гзиме,(2003), Положбата на правата на
вработената жена, Скопје, стр.9
4. Конвенцијата за елиминација на сите форми на
дискриминација на жената прифатена од Г.С. на ОН во
1979 година.
5. Меѓународната конвенција против трговија со жени и деца,
Женева. Конвенцијата за политичките права на жената
отворена за потпис во Њујорк на 31.03.1951 година.
Конвенцијата за националноста на жената донесена во
Њујоркво 1957 година.

113
д-р Ардита Цека – Положбата на жената во современото општество

6. Уставна Република Македонија, “Сл. Весник на


Р.М.бр.52/1991
7. Мицковиќ Дејан,(1998), Современите тенденции во
правното регулирање на семејството, збирка на трудови
.Семејно право, Скопје,,стр.28
8. L.Roussel,(1998), La famillincertaine, Editions Odile Jacob,
Paris, str.242
9. Грозданова Елена,(2001) Промовирање на
рамноправноста во едно демократско општество, во
книг.Заштита на жената како дел од демократското
општество, Скопје,стр.22
10. Заштита на жената како дел од демократското општество,
матријал од Конференција, Скопје, 2001, стр.14.

114
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 115 - 125

ФИЗИЧКА КУЛТУРА

ЃОРЃИ ИЛИЕВСКИ
Државен просветен инспектор Стручно-аналитички труд

“ПРОСВЕТНО ДЕЛО“
LXIX,1,2016
UDK:
373.3.091.12:005.963]:796

ПОТРЕБА ОД СТРУЧЕН КАДАР ПО ФИЗИЧКО И


ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ВОЗРАСТ ОД ПРВО
ДО ШЕСТО ОДДЕЛЕНИЕ

АПСТРАКТ:Преобразбата во севкупниот општествен живот,


брзиот развој на технологијата, ја налагаат потребата да се
следат промените и во образованието, односно потребите од
законски системски потреби од стручен кадар во физичкото
воспитание и образование за сеопштото здравје на децата-
учениците од најмалата возраст односно од шест до
единаесетгодишна возраст односно од прво до шестто
одделние. Ова од причина што дел од одделенските наставници,
не ги третираат часовите од физичкото и здравственото
обрaзование како предмет од педагошко значење и предметот
го заменуваат со наставни предмети од природните и
општесвените науки. Затоа потребно е да се извршат системски
законски промени, часовите по физичко и здравствено
образование си го завземаат своето место со стручен кадар по
физичко и здравствено образование на оваа најмала возраст од
шест до единаесет години.

Клучни зборови: физичко и здравствено образование, активен


одмор, компетентен наставник, психофизички развој

115
д-р Ардита Цека – Положбата на жената во современото општество

Вовед

Поаѓајќи од Конвенцијата за правата на детето (КПД)1,


каде што цел на Конвенција е да се апострофираат децата како
индивидуи кои треба да се почитуват и да се создадат услови за
непречен развој, со Законот за заштита на децата2 и Законот
за основно образование3 воспитно-образовните цели се
одвиваат во согласност со Планот и програмата и воннаставните
активности во предучилишнoто и основното деветгодишно
образование.
Поконкретно, цел на воспитно-образовната дејност во
основното училиште е да овозможи оптимален развој на
учениците од оваа училишна возраст, и тоа преку стекнување
на знаења за природата, општеството и за човекот, со
развивање на интелектуалните и на другите способности и
воспитни вредности на личноста на ученикот, како и
оспособување за примена на здобиените знаења и умеења во
секојдневниот живот и работа и при натамошно образование
(План и програма за воспитно-образоната дејност...)
Од општите цели и задачи се издвојуваат и поконкретни
цели за секој задолжителен наставен предмет и област. Секој
задолжителен наставен предмет има исто значење и третман,
односно прифатен е како интегрален дел на единствениот
воспитен-образовниот систем, како што се јазично уметничката
област, општесвено-економската, природно - математичката,

1
КПД-меѓународен документ усвоен на Главното собрание на ООН на 20.ноември 1989
година, содржи универзални стандарди кои државите странки на Конвенцијта кој ја
потпишале и ратификувале мора да гарантираат права на секое дете. Република
Македонија во 1991година, ја има ратификувано Конвенцијата.
2
Закон за заштита на детето,„го дефинира детето како лице од 18 годишна возраст или
лице до 26 годишна возраст, доколку имаат физички и/или интелектуални попречености.
Во законот е регулирано и раното образование од 3 до 6 годишна возраст, главно се
обезбедува преку градинки,но може да се обезбеди преку законски акредитирани
субјекти и индивидуални даватели на јавните градинки. Образовната програма ја
подготвува БРО. Програмите во приватните градинки ги одобруваат МТСП.
3
ЗОО,основното образованиево Р.Македонија кое покрива предучилишно и основно
образование е задолжително во текот на 9 години, за сите деца на возраст од 6 до 15
години. Во ЗОО пропишува и можност за обезбедување на образование во здравствени
установи, воспитно-оразовни установи и казнени заводи.За децата со посебни потреби
законот пропишува специјални училишта или специјални одделенија во рамките на
редовните основни училишта.

116
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 115 - 125

производно-техничката и физичката и здравствената област.


Сите овие области и наставни предмети имаат свои позитивни
вредности и се во еден интегрален процес (корелативност), во
една заемност, гледано од аспект на развој на детето, за
стекнување на општо образование и на други воспитно-
образовни вредности на личноста на ученикот. Но, за жал, може
да се констатира, а тоа го потврдува и наставната практика, дека
некои одделенски наставници наставниот предмет Физичко и
здравствено образование го третира како „второстепен“,
„второзначаен“ предмет. Цел и на моето опсервирање, беше
токму согледувањето и третманот на Физичкото и здравственото
образование и третманот кој се дава на овој предмет во
одделенска настава, како и видувањата на наставните
практичари во предметна настава преку што ќе се извлечат
заклучоци и ќе се апелира за натамошни чекори во
образованието во интерес и доброто на учениците и на
законските системски образовни поставености во Република
Македонија.

Значењето на Физичко и здравствено образование


во одделенска настава

Современата педагошка литература односно физичката


педагогија и нивните програмски барања во основното
деветгодишно образование поставуваат многу одговорни задачи
пред одделенските наставници.Така, особено внимание ќе треба
да се посвети преку развивањето на:
- Физичкото и здравственото образование да му се помогне
на детето во правилниот раст и развој, во услови на
зголемена хипокинезија- поаѓање на детето во училиште,
промена во животот и работата, седење со статичко
оптоварување, влијание на оптималниот развој на
глобалната конституција на телото, загрозени од
задолжителна статика и од седењето во училиштето и
дома, природните движења во функција на развојот на
манипулативните движења поврзани со наставата, како и
во функција на спречување, намалување и отсранување

117
д-р Ардита Цека – Положбата на жената во современото општество

на појавата на замор, предизвикана од поголемата


енергетска потрошувачка и од психичкото напрегнување,
правилно и умерено дозирање на вежбите и на основните
природни движења во функција на развој на
кардиоваскуларниот и дишниот систем (аеробен
капацитет на учениците), совладување на елементите од
работа и одмор, напрегнување, опуштање, забрзување,
забавување и сл.

Овие педагошки барања од педагошката литература во


физичкото и здравстеното образование се операционализирани
преку програмските теми, односно област и тоа:
- Физичкото и здравственото образование е застапено со
наставни часови од I до VI одделение со по 3 часа
седмично или 108 часа годишно и тоа преку програмски
теми:
Вежби за организирано поставување и движење, вежби за
обликување на телото и движењата,одење,трчање,
скокање, фрлање и фаќање, лазење и качување, кревање
и носење, влечење, потиснување и надвлекување,
акробатика, вежби за рамнотежа, ритмички игри, други
игри(елеметарни, штафетни и игри без раници).
Од напред наведеното се констатира дека Физичкото и
здравственото обрзование е дел од севкупната потреба
на ученикот, во неговиот психофизички развој и потреба
од развој во целосно развиена личност. Без Физичото
образовние се кине ткивото на севкупниот наставно-
воспитен систем и дел од творешвото на младата
генерација за нејзиниот правилен развој во физичката
култура.

Од конкретниот наставен предмет и од поставените


задачи пред одделенските наставници се поставува
одговорноста и грижата за односот кон наставниот предмет и
третманот кои треба да го имаат во наставната практика и да
бидат од посебна важност, како што се и предметите од
општесвените и природните науки.

118
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 115 - 125

Само на тој начин ќе се преточат теоретските научни


сознанија во практиката при самата настава.

Согледувања од педагошката практика

Како што констатиравме дека дел од одделенските


наставници, часовите по физичкото и здравственото
образование го третираат како предмет од не така потребно
педагошко значење и часовите по физичко и здравствено
образование се заменуваат со други „значајни“општесвени и
природни науки, односно како наставни предмети од
„приоритет“. На овој проблем треба да му се пристапи
повеќефакторно, при што би се наметнале повеќе прашања за
одговор, и тоа:
1. Колку наставникот (иако знае) од одделенска настава го
знае правилното значење и функција на наставниот
предмет физичко и здравствено образование, како
рамноправен наставен предмет со останатие наставни
предмети од општествените и природните науки?
2. Каков третман и место на овој предмет им даваат
педагошките раководители (директори) во основните
училишта односно во одделенска настава?
3. Колку се слуша мислењето на стручните служби во
училиштето од страна на педагошките раководители?
4. Колку се ефикасни, односно неефикасни стручните
институции со соодветните факултети и Бирото за развој
на образованието?

Тоа се прашања кои бараат аналитичен и сублимиран


одговор, поаѓајќи од теоретска заложба, а имајќи го во предвид
практичниот расчекор. Од едно мое испитување (градска и
рурална средина) во кое предмет беше прашањето, каков е
третманот на физичкото и здравственото образование во
одделенска настава, со цел и задача да се види со какви
проблеми се соочуваат наставниците во одделенска наставата
по предметот физичко и здравствено образование, а воедно и со
какви проблеми се соочуваат наставниците во предметна
настава по физичко и здравствено образование, со ученците кои

119
д-р Ардита Цека – Положбата на жената во современото општество

доаѓаат од одделенска настава во предметна настава. При


испитувањето, односно интервјуто со наставниците од
одделенска настава, на прашањето:Со какви проблеми се
соочуваат во реализирањето на наставниот предмет физичко и
здравстено образование, даден е следниот одговор:„дека има
потреба од користење на фискултурна сала, со сите потребни
нагледни и наставни средства за изведување на одделни
наставни теми. Се истакнува потребата од топки, јаже, шветска
клупа. Потребни се семинари од страна на БРО, соработка со
наставници од предметна настава и сл.
На прашањето со какви проблеми се соочуваат
наставниците во предметна настава во реализирањето на
наставниот предмет физичко и здравствено образование
дадени се следните одговори: се соочуваат со незнаење на
учениците правилно да се постројат, правилно да се изведуваат
вежбите и не ја знаат нивната техника, појава на деформитети
(неправилно држење на телото), принудени се ученицие да ги
обучуваат, наместо да ги усоршуваат, наставниците од
одделенска настава не бараат соработка од наставниците од
предметна настава, потреба од семинари од БРО.

Што е карактеристично

Наставниците од одделенска и предметна настава не се


задоволни реагираат и истакнуваат дека директорите немаат
доволно слух за овие барања кои се неопходни за да се
изведуваат наставните содржини по физичко и здравствено
образование.

Улогата на Бирото за развој на образованието

Покрај организирање на стручни семинари, потребно е


БРО, како стручна педагошка институција, да спроведува
непосредна посета на часовите, нивно програмирање,
реализирање, како и да укажува на поедини теми од Физичката и
здравстената област.

120
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 115 - 125

Не треба само сосотојбите да се констатираат, туку треба


да се менуваат, да се алармираат највисоките институции пред
се Министерството за образование и наука, доколку се сака
наставниот предмет Физичко и здравствено образование во
одделенска настава да има рамнопраен третман во наставно-
воспитната работа во основното деветгодишно образование,
односно стратегиски и концепциски е вистинска желба и стремеж
нашето образование да оди по патот на тековите во
современите цивилизации.

Улогата на факултетите

Сегашните и идни одделенски и предметни наставници


во своето едуцирање ќе мора да сватат дека од големо значење
е функцијата на физичкото и здравственото образование, дека
сите наставни предмети мора да имаат рамноправен третман и
се наоѓаат во заемен однос при што се интегрираат во
единствен воспитно-образовен систем, а тие се во интерес на
правилниот развој и на позитивните вредности на самиот
ученик, односно на личноста.

Заклучни согледувања

 Денес кога зборуваме за физичкото и здравственото


образование не можеме повеќе да го третираме само како
предмет, бидејќи тоа преставува битна област во развојот на
младиот човек, не е само работа на наставникот по физичко
и здравствено образование, туку на целиот наставнички
колегиум на училиштето.Тоа значи дека училиштето, во
целина, треба да се грижи за потребните услови за
физичкото и здравственото образование и тоа е одговорно за
напредокот на своите ученици, како во интелктуален и
морален, така и во здравствен физички план.
 Според мислењето на многу доктори училиштето е причина
за појавата и на одделни болести.Не е случајно тоа што
побрз пораст на искривеност има кога децата почнуваат да
одат на училиште, особено ако училишните клупи(присутно е

121
д-р Ардита Цека – Положбата на жената во современото општество

во практиката)се непрописни и ако часовите по физичко и


здравствено образование, не се доволно застапени односно
не се одржуваат.
 Една од основните задачи на физичкото и здравственото
образование е зацврстуање на здравјето на ученикот.
Задолжителната настава и воннаставните активности ќе
можат да го намалат неповолното влијание на училиштето,
само ако тие се спроведуваат во хигиенски услови.За
изведување на часовите по физичко и здравствено
образование, воспитувачот, одделенскиот наставник од
предучилишното, од основното образование мораат да ја
имаат предвид здравствената состојба на детето.
 Децата со мали физички недостатоци (на нозете, рацете и
сл.) не треба да се ослободуваат од часови по физичко и
здравствено образование, туку на овие часови да се користат
одделни содржини за отстранување на деформитетите, кои
често предизвикуваат комплекси на мала вредност. Пожелно
е секој случај посебно да се решава од страна на лекар или
спортски лекар, а во исклучителни случаеви е потребно и
мислење од специјалист. Затоа одделенскиот наставник
треба да спроведе антропометриско мерење на учениците и
резултатите да се внесат во нивните лични картони.Со
помош на тие мерења наставникот го следи влијанието на
физичките вежби врз организмот.
 Човечкиот организам е збир на заеднички органи, кои се
неделива целина, поради што еден органски систем
неизбежно предизвикува функционална реакција кај другите
системи. Физичкото вежбање влијае врз повеќе процеси на
дејноста на централниот нервен систем, како на емоциите,
вниманието, особините на волјата и сл.
 Педагошки правилно поставено физичко вежбање
значително влијае врз формирањето на карактерот на
личноста. Сите ученици кои активно се вклучени во
физичките вежби стануваат дисциплинирани, одлични,
смели, упорни, трајни и сл. Се ова позитивно дејствува на
општата физичка состојба и дава добра основа за
натамошниот развој на организмот. Затоа и првиот комплекс

122
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 115 - 125

на задачи се основни во физичкото и здравствено


образование.
 Каков ќе биде односот на ученикот кон физичкото и
здравствено образование, пред се зависи од односот на
наставникот кон ученикот. Битно е неговото објаснување за
физичкото и здравственото образование, за секоја вежба и
за нејзиното изведуање, тие треба да бидат избрани и
соодветни на возраста на учениците.Ученикот треба
правилно да се насочи да вежба, правилно држење на
телото.Нарушеното, неправилно држење на телото ја
отежнува работата на срцето и на белите дробови, условува
брзо заморување. Доколку детето не јакне со вежбање и ако
лошо се држи може да се попречи правилното формирање
на рбетниот столб или правилно растење на одделни
коски.Така настануваат деформитетите и нарушувањето во
правилното држење на телото. Затоа воспитувачот-
наставникот треба да ги насочува на правилно физичко
вежбање.
 Усовршувањето на одењето и на трчањето ученикот треба да
го применува преку трчање на различни подлоги(земја,
песок, снег, трева, лизгав терен и сл.). Вакво движење се
применува во природа, на свеж воздух, во различни
временски услови, и при такво вежбање особено се
развиваат белите дробови, се челичи телото и правилно
функционира срцето. Одењето и трчањето се применуваат
од предучилишна па се до средношколска возраст и натаму.
Вежбите почнуваат со методот на имитирање на натпревар
меѓу групи и поединци и во зависност од возраста на
генерациите се менуваат должините за трчање или за
одење. Преку вежбите се развива упорност, доследност, а со
тоа се формира и правилен поглед на светот кај децата и
младината. Овие два процеса, образованието и
воспитанието, во наставата се во една заемност. Затоа
воспитувачот, односно одделенскиот наставник треба да ги
има во предвид овие процеси.

123
д-р Ардита Цека – Положбата на жената во современото општество

 Од напред наведените констатации и заклучни-согледувања


неминовна е потребата од системски нормативни промени за
изведување на часовите по Физичко и здравствено
образование со стручен кадар во одделенска настава од
прво до петто одделение, односно од шест до единаесет
години, со што би продолжил предходниот континуитет од
предучилишното воспитание.

Gjorgi Ilievski

THE NEED FOR PROFFESSIONAL STAFF OF PHYSICAL AND


HEALTH EDUCATION FOR CHILDREN FROM THE FIRST TO
SIXTH GRADE

ABSTRACT: The transformation in the overall social life and the


rapid development of technology impose a need to monitor changes
in the education, that is, the necessity for the legal system needs for
professional staff in physical education and the education for overall
health of children-students from the earliest age, i.e. from six to
eleven years old or from first to sixth grade. This is because some of
the elementary teachers do not treat classes of physical and health
education as a subject of pedagogical importance and they replace it
with natural and social sciences subjects. Therefore, systemic
legislative changes have to be performed and the classes of physical
and health education to take back their own place by being taught by
professional staff of physical and health education at this early age
from six to eleven years old.

Keywords: physical and health education, active recreation,


competent teacher, psychophysical development

124
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 69,3 (2016) 115 - 125

Литература

1. Керамичиев,Д. (1999), Психологија,во физичкото


образование и спортот,Скопје.
2. Илиевски,Ѓ. (2008), Образовни рефлекси,Просветно Дело
АД,Скопје.
3. Илиевски,Ѓ (2010) Воспитанието и образованието за
правата на децата во Р.Македонија, Меѓународен центар
за славјанска просвета,Свети Николе.
4. Илиевски,Ѓ. (2012) По стапките на реформските процеси
на образованието во Р.Македонија,Џунџуле, Скопје.
5. Петров, Н. (2005) Образование за 21-ви век,Работнички
универзитет „Кочо Рацин“,Скопје.
6. Конвенција за правата на детето
7. Закон за основно образование
8. Закон за заштита на детето
9. Наставни планови и програми за основно деветгодишно
образование,издавач МОН

125
ГРАДИНКИ ! УЧИЛИШТА ! ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТИ !
ФАКУЛТЕТИ ! ВОСПИТУВАЧИ ! НАСТАВНИЦИ !
ПРОФЕСОРИ !

ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ

НА „ПРОСВЕТНО ДЕЛО“
ЗА 2016 ГОДИНА

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА

за установи ......................................................................... 2.000,оо ден.


за просветни работници и индивидуална претплата ...... 1.000,оо ден.
за ученици и студенти ....................................................... 500,оо ден.
за странство ....................................................................... 4.500,оо ден.

Списанието за 2016 година ќе им се испраќа само на оние кои


однапред ќе ја уплатат претплатата.