Вы находитесь на странице: 1из 24

СОДРЖИНА:

I ГЛАВА: ВОВЕД ВО ЕКОНОМИЈАТА

1. ЕКОНОМИЈАТА КАКО ОБЛАСТ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ ЖИВОТ И ЕКОНОМСКИТЕ ЗАКОНИТОСТИ


2. ЕКОНОМИЈАТА КАКО НАУКА
3. ПРЕДМЕТ НА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА
4. ЕКОНОМИЈАТА И НАУЧНИОТ МЕТОД
4.1. ФАЗИТЕ НА ИСТРАЖУВАЊЕ ВО ЕКОНОМСКАТА НАУКА
5. ПОЗИТИВНА И НОРМАТИВНА ЕКОНОМИЈА
6. МИКРОЕКОНОМИЈА И МАКРОЕКОНОМИЈА
6.1. ПРЕДМЕТ НА ИЗУЧУВАЊЕ И СУБЈЕКТИ НА МИКРОЕКОНОМИЈАТА
7. ЕКОНОМИЈАТА И БИЗНИСОТ

II ГЛАВА: БАЗИЧНИТЕ ЕКОНОМСКИ КОНЦЕПТИ

1. ИНПУТИ И АУТПУТИ ВО ЕКОНОМИЈАТА


2. ЗАКОНОТ ЗА РЕТКОСТА
3. ОПОРТУНИТЕТНИ ТРОШОЦИ
4. ЦЕНТРАЛНИОТ ЕКОНОМСКИ ПРОБЛЕМ - ШТО, КАКО, И ЗА КОГО ДА СЕ ПРОИЗВЕДУВА?
4.1. КОМАНДНИ ЕКОНОМИИ
4.2. ПАЗАРНИ ЕКОНОМИИ
4.2.1. ДЕФИНИРАЊЕ НА ПАЗАРОТ
4.2.2. СОПСТВЕНИЧКИ ПРАВА
4.2.3. ПАЗАРНА АЛОКАЦИЈА НА РЕСУРСИТЕ
5. ГРАНИЦИТЕ НА ПРОИЗВОДНИТЕ МОЖНОСТИ НА ОПШТЕСТВОТО

1
III ГЛАВА: ПОБАРУВАЧКА И ПОНУДА

1. ОСНОВНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ПОБАРУВАЧКАТА И ПОНУДАТА


2. ЗАКОН ЗА ПОБАРУВАЧКАТА ВО ЕКОНОМИЈАТА
3. ФАКТОРИТЕ ШТО ЈА УСЛОВУВААТ ПОБАРУВАЧКАТА
4. ДВИЖЕЊЕ НИЗ КРИВАТА НА ПОБАРУВАЧКАТА И ПОМЕСТУВАЊЕ НА КРИВАТА НА ПОБАРУВАЧКАТА
5. ПОИМ ЗА ПОНУДА И КРИВА НА ПОНУДАТА
5.1. ФАКТОРИ ШТО ЈА УСЛОВУВААТ ПОНУДАТА
5.2. ПОМЕСТУВАЊЕ НА КРИВАТА НА ПОНУДАТА
6. УРАМНОТЕЖУВАЊЕ НА ПОНУДАТА И ПОБАРУВАЧКАТА
7. ЕЛАСТИЧНОСТ НА ПОНУДАТА И ПОБАРУВАЧКАТА
7.1. ЕЛАСТИЧНОСТ НА ПОБАРУВАЧКАТА
7.2. СОВРШЕНО НЕЕЛАСТИЧНА И СОВРШЕНО ЕЛАСТИЧНА ПОБАРУВАЧКА
7.3. ДЕЈСТВОТО НА ЕЛАСТИЧНОСТА НА ПОБАРУВАЧКАТА ВРЗ ВКУПНИОТ ПРИХОД НА ФИРМАТА
7.4. ФАКТОРИТЕ ШТО ЈА ДЕТЕРМИНИРААТ ЕЛАСТИЧНОСТА НА ПОБАРУВАЧКАТА
7.5. ЕЛАСТИЧНОСТ НА ПОНУДАТА

IV ГЛАВА: ТЕОРИЈА НА ПОТРОШУВАЧОТ

1. ОСНОВИТЕ HA ТЕОРИЈАТА НА ИЗБОРОТ НА ПОТРОШУВАЧОТ


2. ТЕОРИЈАТА НА КОРИСНОСТА И НА ИЗБОРОТ НА ПОТРОШУВАЧОТ
3. ВКУПНАТА И МАРГИНАЛНАТА КОРИСНОСТ - ЗАКОНОТ ЗА ОПАЃАЧКАТА МАРГИНАЛНА КОРИСНОСТ
3.1. КАКО ПОТРОШУВАЧОТ ЈА МАКСИМИЗИРА КОРИСНОСТА?
4. ПАРАДОКСОТ HA ВРЕДНОСТА
5. ПОТРОШУВАЧКИОТ ВИШОК

2
V ГЛАВА: ТЕОРИЈА НА ПРОИЗВОДСТВО

1. ОРГАНИЗАЦИЈА HA ПРОИЗВОДСТВОТО ФОРМИ НА БИЗНИС ОРГАНИЗАЦИИ


2. ПРОИЗВОДНАТА ФУНКЦИЈА
3. ВКУПЕН, ПРОСЕЧЕН И МАРГИНАЛЕН ПРОИЗВОД
3.1. ВКУПЕН ПРОИЗВОД (TOTAL PRODUCT - TP)
3.2. МАРГИНАЛЕН ПРОИЗВОД (MARGINAL PRODUCT - MP)
3.3. ПРОСЕЧЕН ПРОИЗВОД (AVERAGE PRODUCT - АР)
4. ЗАКОНОТ 3A ОПАЃАЧКИТЕ ПРИНОСИ
5. ТРИТЕ ПРОИЗВОДНИ ПОДРАЧЈА И ПРОИЗВОДНАТА ОДЛУКА НА ФИРМАТА
6. КОМБИНАЦИЈА И ЗАЕМНА СУПСТИТУЦИЈА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО
7. ЕКОНОМИИ ОД ОБЕМ
8. ВРЕМЕНСКИОТ ФАКТОР ВО АНАЛИЗАТА

VI ГЛАВА: АНАЛИЗА НА ТРОШОЦИ

1. ПОИМ И ЗНАЧЕЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ


2. ВИДОВИ ТРОШОЦИ
2.1. ВКУПНИ ТРОШОЦИ: ФИКСНИ И ВАРИЈАБИЛНИ
2.2. ПРОСЕЧНИ ТРОШОЦИ
2.3. МАРГИНАЛНИ ТРОШОЦИ
2.4. ШТО ОТКРИВА ГРАФИКОНОТ НА ПРОСЕЧНИТЕ И НА МАРГИНАЛНИТЕ ТРОШОЦИ
2.5. ВРСКАТА ПОМЕЃУ ПРОИЗВОДСТВОТО И ТРОШОЦИТЕ
2.6. ОДНЕСУВАЊЕТО НА ВКУПНИТЕ ПРОСЕЧНИ ТРОШОЦИ НА ДОЛГ РОК - LRTAC КРИВА

3
VII ГЛАВА: ПАЗАРНИ СТРУКТУРИ

1. ПОИМ И ВИДОВИ НА ПАЗАРНИ СТРУКТУРИ


2. СОВРШЕНАТА КОНКУРЕНЦИЈА КАКО БАЗИЧЕН ЕКОНОМСКИ МОДЕЛ
2.1. КРИВА НА ПОБАРУВАЧКАТА НА ФИРМАТА ПРИ СОВРШЕНА КОНКУРЕНЦИЈА
2.2. РЕЗУЛТАТИ НА МОДЕЛОТ НА СОВРШЕНА КОНКУРЕНЦИЈА - ТРОШОЧНА (ПРОИЗВОДНА) И АЛОКАТИВНА ЕФИКАСНОСТ
3. ПОИМ И СУШТИНА НА НЕПОТПОЛНА КОНКУРЕНЦИЈА
3.1. ОСНОВНИ ОБЛИЦИ НА НЕПОТПОЛНА КОНКУРЕНЦИЈА
3.2. БАРИЕРИ ЗА ВЛЕЗ
4. МОНОПОЛОТ И ВКУПНИОТ ПРИХОД
5. ОЛИГОПОЛ
5.1. КОЛУЗИЈА - КАРТЕЛ И ЦЕНОВНО ЛИДЕРСТВО
5.2. ОСНОВИТЕ HA ТЕОРИЈАТА HA ИГРИ

VIII ГЛАВА: ПАЗАРИ НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОИЗВОДСТВО

1. ЦЕНИТЕ И ДОХОДИТЕ НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОИЗВОДСТВО


2. ИЗВЕДЕНА ПОБАРУВАЧКА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОИЗВОДСТВО
3. МАРГИНАЛНАТА ПРОДУКТИВНОСТ HA ФАКТОРИТЕ HA ПРОИЗВОДСТВО И ПОБАРУВАЧКАТА НА ФАКТОРИ НА ПРОИЗВОДСТВО
4. ПОНУДАТА HA ФАКТОРИ HA ПРОИЗВОДСТВО
5. ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ
5.1. ПОБАРУВАЧКА НА ФИРМАТА ЗА КАПИТАЛНИ ДОБРА
5.2. КАМАТНАТА СТАПКА И ПОБАРУВАЧКАТА НА ФИРМАТА ЗА КАПИТАЛНИ ДОБРА
5.3. ФАКТОРИ ШТО ЈА ДЕТЕРМИНИРААТ ПАЗАРНАТА ПОБАРУВАЧКА НА КАПИТАЛНИ ДОБРА

4
5.4. ПОБАРУВАЧКА И ПОНУДА НА ПАРИЧЕН КАПИТАЛ - ПОЗАЈМЛИВИ ПАРИЧНИ ФОНДОВИ
6. ЗЕМЈАТА И РЕНТАТА
6.1. ПОНУДА И ПОБАРУВАЧКА HA ЗЕМЈИШНИ ПАРЦЕЛИ И ЗЕМЈИШНАТА РЕНТА
6.2. ЗЕМЈИШНАТА РЕНТА И ФАКТОРИТЕ ШТО ЈА ОПРЕДЕЛУВААТ
6.3. ДОЛГОРОЧНАТА ТЕНДЕНЦИЈА HA РЕНТАТА
7. ПРОФИТОТ И ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО
7.1. ИНОВАТОРСТВОТО КАКО ИЗВОР НА ЕКОНОМСКИ ПРОФИТ
7.2. РИЗИКОТ КАКО ИЗВОР НА ЕКОНОМСКИ ПРОФИТ
8. ТЕОРИЈАТА ЗА РАСПРЕДЕЛБА ВРЗ ОСНОВА НА МАРГИНАЛНАТА ПРОДУКТИВНОСТ НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОИЗВОДСТВО

IX ГЛАВА: ПАЗАР НА ТРУД

1. ПОБАРУВАЧКАТА ЗА ТРУД
1.1. ПАЗАРНА ПОБАРУВАЧКА ЗА ТРУД
1.2. ПОБАРУВАЧКАТА 3A ТРУД BO УСЛОВИ HA ОГРАНИЧЕНА КОНКУРЕНЦИЈА
2. ПОНУДА HA ТРУД
2.1. НАСЕЛЕНИЕТО КАКО ОСНОВА
2.2. СТАПКАТА HA ПАРТИЦИПАЦИЈА HA РАБОТНАТА СИЛА - АКТИВНО НАСЕЛЕНИЕ
3. БРОЈОТ НА СААТИ ПОМИНАТИ НА РАБОТА - ЕФЕКТОТ НА СУПСТИТУЦИЈА И ЕФЕКТОТ НА ДОХОД
4. РАЗЛИКИ ВО ПЛАТИТЕ
4.1. ЗНАЧЕЊЕТО НА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА
5. ЧИСТЕЊЕ HA ПАЗАРОТ HA ТРУДОТ - ОРТОДОКСНИОТ ПРИСТАП
5.1. СЛАБОСТИТЕ НА ОРТОДОКСНИОТ ПРИСТАП
6. ИНСТИТУЦИОНАЛИСТИЧКИОТ ПРИСТАП ЗА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ
6.1. ЗНАЧЕЊЕТО НА СИНДИКАТИТЕ
6.2. ИНТЕРНИ ПАЗАРИ

5
6.3. СЕГМЕНТАЦИЈА НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ - ДУАЛНА СТРУКТУРА

X ГЛАВА: ФИСКАЛНА ПОЛИТИКА

1. БУЏЕТ – ПОИМ И КАРАКТЕРИСТИКИ


2. ФИСКАЛНАТА ПОЛИТИКА И АГРЕГАТНАТА ПОБАРУВАЧКА
3. ДИСКРЕЦИОНА ФИСКАЛНА ПОЛИТИКА
4. АВТОМАТСКИ СТАБИЛИЗАТОРИ НА ФИСКАЛНАТА ПОЛИТИКА
5. БУЏЕТСКИ ДЕФИЦИТ И СУФИЦИТ
6. ЈАВЕН ДОЛГ

XI ГЛАВА: МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

1. ЦЕНТРАЛНА БАНКА – ПОИМ, ЦЕЛИ И ФУНКЦИИ


2. ПОНУДА НА ПАРИ
2.1. ТРАНСМИСИОНИОТ МЕХАНИЗАМ КАЈ МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА
2.2. ВРЕМЕНСКОТО ПОМЕСТУВАЊЕ
3. ИНСТРУМЕНТИ НА МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА
4. ЕКСПАНЗИВНА И РЕСТРИКТИВНА МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА
5. ДИСКРЕЦИОНА ИЛИ ПРАВИЛА НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА
6. ФИСКАЛНО-МОНЕТАРЕН МИКС

6
I ГЛАВА: ВОВЕД ВО ЕКОНОМИЈАТА

1. ЕКОНОМИЈАТА КАКО ОБЛАСТ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ ЖИВОТ И ЕКОНОМСКИТЕ ЗАКОНИТОСТИ

Економијата е област на општествениот живот во која се обезбедуваат средствата за живот. Овие средства најчесто се
поделени на природни и економски. Природните добра се дар на природата, но ги има во мала количина и најчесто треба да бидат
оплеменети да би влегле во потрошувачка. Потребите на луѓето на денешниот степен на развој пред сè се задоволуваат преку
економските добра, а тоа се добрата кои се створени со човечко дејство и човечки труд. Затоа, се вели дека економијата е стопанство
или производство на економски добра.

Во потесна смисла, производството претставува процес на создавање на добра наменети за потрошувачка на луѓето. Тоа има
општествен карактер, затоа што се произведува за пазар под услови кои ги диктира пазарната економија при развиена општествена
поделба на трудот. Општествениот карактер на производството го одредува и тежнеењето на производителите да го максимизираат
профитот, при што вредноста и цената на производите доаѓаат до израз како негови општествени карактеристики.

Во поширока смисла, производството е перманентен процес кој се нарекува и процес на репродукција. Покрај самиот процес на
создавање добра за потрошувачка, тој ги опфаќа и следните три фази: размена, распределба и потрошувачка.

Економијата како процес на репродукција може да се рагледува на микро ниво односно на ниво на индивидуалните субјекти, пред сè
на фирмите. Потоа, може да се разгледува и на макро ниво, односно на ниво на една држава. Основните прашања на економијата на
микро и на макро ниво не се исти, напротив, тие значајно се разликуваат.

Економската стварност (или економскиот живот) го чинат економските појави кои можеме да ги дефинираме како нејзини видливи
манифестации или површински изрази. Квантитативно одредените економски појави во апсолутна или релативна смисла се
нарекуваат економски параметри. Тие претставуваат насоки односно стартна основа или претпоставки на економскиот живот.
Збирот на меѓусебно поврзани економски појави во одреден период на време претставува економски процес.

7
2. ЕКОНОМИЈАТА КАКО НАУКА

Економијата е фундаментална економска наука којашто го изучува разместувањето (алокацијата) на ретките,


ограничените ресурси кон точките на нивната најефикасна употреба.

Луѓето многу одамна, практично уште од античко веме, се интересирале за економски прашања и теми. Во почетниот период на
модерното, капиталистичко општество се јавиле економсистите меркантилисти, а нешто подоцна и физиократите. Со појавата на
класичната англиска политичка економија и во тој контекст на Смитовото дело „Истражување на природата и причините за
богатството на народите“, или како што економистите скратено го нарекуваат „Богатството на народите“, во 1776 година, економијата
станала вистинска наука. Оттогаш, па се до денес, таа доживува незапирлив подем.

По 1776 година, оваа фундаментална економска дисциплина најчесто се сретнувала и се изучувала под насловот Политичка
економија. Етимолшки, терминиот ги влечи своите корени од три грчки збора: „polis“ што значи град, држава, „oikos“, што значи куќа,
домаќинство, стопанство и „nomos“, што значи правила, принцип, закон. Според тоа, станува збор за закони принципи на
управувањето со куќата, домаќинството, стопанството и пошироко со државата, со општеството.

Инаку, терминот политичка економија прв го употребил францускиот економист Антоан де Монкретиен, кој влегува во редот на
најеминентните претставници на меркантилизмот, во трудот „Расправа за политичката економија“, објавена во 1616 година. Терминот
политичка економија го прифатиле: англиската класична економија, француската класична економска мисла, Карл Маркс и
марксистичката економска мисла, па и дури претставниците на маргиналистичката школа.

Замената на терминот политичка економија со терминот економика го направил големиот англиски економист, професор по
политичка економија на познатиот Кембриџки Универзитет, Алфред Маршал, во 1890 година, кога го објавил трудот „Принципи на
економиката“. Ова дело станало општоприфатен учебник по Политичка економија и од него учеле бројни генерации економисти,
вклучувајќи го тука и славниот Џон Мајнард Кејнз.

Сепак разликата помеѓу термините економика, односно економија и политичка економија, не е само формална. Имено, додека
економиката (економијата) пристапот го фокусира на рационалното и ефикасно алоцирање и користење на ограничените,

8
ретките ресурси, политичката економија повеќе се фокусира на изучување на општествените односи, на односите меѓу
луѓето во процесите на производството, распределбата и размената на добрата и услугите.

Денес оваа фундаментална економска дисциплина во најголемиот број на земји во светот се изучува под терминот економика
односно економија (меѓу овие два термина фактички и не постои суштинска разлика). Мал исклучок во овој поглед може да се
забележи во практиката во Франција, каде што и денес често се употребува терминот политичка економија и во Германија, каде што
често се користи терминот национална економија. Ние, за оваа фундаментална економска дисциплина, го користиме терминот
економија.

3. ПРЕДМЕТ НА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА

Различни автори, наведуваат различни причини, заради кои илијадници млади луѓе насекаде во светот студираат економија. Еве
некои од нив:

 Луѓето студираат економија за да разберат што е пазарна економија и да ги сфатат законитостите на нејзиното
функционирање;
 Луѓето студираат економија да ги разберат причините за економската нестабилност – периодичното движење на економијата
низ фазите на рецесии (опаѓање на економската активност) и фазите на експанзии (пораст на економската активност);
 Во истиот контекст, луѓето, студирајќи економија, посебно се интересираат за причините за невработеноста, за инфлацијата, за
ниските стапки на економскиот раст и за постоењето на сиромаштијата во земјите во развој;
 Некои луѓе студираат економија за да ги сфатат законитостите на функционирањето на берзите, да играат на нив и да се
збогатат;
 Многу млади луѓе денес и утре, ќе сакаат да разберат зошто поранешните социјалистички земји го напуштија сопствениот
политички и економски систем и се определија за пазарна економија – затоа ќе студираат економија.

Бројните економски категории (како што се тоа парите, капиталот, каматата, рентата, девизниот курс и сл.) и бројните економски
факти (како на пример: цените на добрата што ги нема во доволна количина, растат во услови на висока инфлација, цените на сите

9
производи и услуги растат, луѓето живеат посиромашно, обезвреднува домашната парична единица итн.) се во најнепосредна врска
со секојдневниот живот на луѓети и дирекно ги засегаат нивните материјални интереси, нивниот џеб. Оттука произлегува
најнагласениот интерес за економијата. Многу луѓе што почнуваат да студираат економија остануваат вчудоневидени од
комплексноста на материјата, од нејзината динамичност, од нејзината актуелност и интересност.

Можно е да се говори за четири различни концепции за предметот на изучување на економијата.

1. Неокласична концепција – оваа концепција го лоцира предметот на изучување на економијата во доменот на откривањето на
причините и законитостите во формирањето на богатството (и тоа како материјалното, така и нематеријалното богатство на
народите). Концепцијата е неокласична, бидејќи влече корени од класичната економија – полниот наслов на Смитовото
капитално дело е „Испитување на природата и причините за богатството на народите“. Додека класичната економија
неоправдано го скрати предметот на изучување на економијата на материјалното богатство, неокласичната концепција во
анализата нужно ги вклучува и услугите – трговијата, финансиските услуги, осигурувањето, консултантските услуги,
компјутерите, обработка на податоците, комуникациите, медицинските услуги, образовните услуги итн., што е и сосема
разбирливо, бидејќи тие во високо развиените земји учествуваат со висок процент во формирањето на бруто домашниот
производ.
2. Неомаргиналистичката концепција – поаѓа од фактот дека развојните ресурси, капиталот, технолигијата, природните
богатства, енергијата, трудот, се ретки, ограничени. Тие се релативно ретки и ограничени дури и во економски најмоќните
земји. Од друга страна пак, потребите и желбите на потрошувачите за различни добра, материјални и духовни, како што се
храната, облеката, куќите и становите и други трајни потрошни добра, спортот и рекреацијата, културата и сл., се практично
неограничени. Според тоа, со ограничени ресурси – инпути, не е можно да се произведат неограничени добра – аутпути. Затоа,
задача на економијата е да не учи како ограничените и ретки ресурси најрационално да се искористат, односно алоцираат,
разместат, кон точките на употреба во кои ќе дадат највисоки приноси. Меѓутоа, проблемите не престануваат тука. Имено,
ресурсите не само што се ограничени и ретки туку тие можат и алтернативно да се употребуваат. На пример, земјата може да
се употреби за производство на пченица или пченка, за производство на градинарски култури или можеби овошни култури, но,
исто така, земјата може да се употреби за изградба на паркинг плац, складиштен простор или за подигање на станбени згради
и сл. Инвеститорите се ставени во позиција да избираат помеѓу овие различни атернативи на употреба на ресурсот земја. Така е

10
со сите ресурси. И времето е значаен ресурс во економијата. Малото дете на кое што родителите му дале ограничена сума на
пари, исто така е ставено во позиција дали ќе ги употреби за купување чоколадо или пак сладолед или можеби бонбони. Ако
проблемот се подигне на макро ниво, станува јасно дека општествата, односно владите, перманентно се соочени со потребата
и предизвикот да одлучат за алтернативната употреба на ресурсите: дали во определен период позначаен дел од инаку
ограничените ресурси ќе ги употребат за производство на потрошни добра или пак на инвестициони добра, дали ќе го зголемат
производството на оружје поради што нужно ќе се намали делот на ресурсите за задоволување на цивилните потреби на
населението, дали позначаен дел од ресусите ќе употребат за образование и развој на науката поради што граѓаните ќе мораат
да се задоволат со поскромна понуда врзана на пример за спортот, рекреацијата итн. Во врска со алтернативната употреба на
ограничените ресурси во економијата, се јавува и опортунитетен трошок – ако ограничениот ресурс го употребиме за една
намена, ние автоматски сме ја испуштиле, односно жртвувале можноста тој ресурс да се употреби за друга намена.
Испуштениот приход врзан за алтернативната употреба на ресурсот е опортунитетниот трошок, за кој ќе стане збор поопширно
подоцна. Дефинитивно не треба да се испушти од вид дека исти производи или услуги можат да се добијат со различна
употреба на капитал, труд, знаење, значи, со различна комбинација на развојните фактори. Според тоа, сите овие моменти
заедно – ресурсите се ретки, ограничени, тие можат алтернативно да се употребуваат (од што произлегува опортунитетниот
трошок) и тие во економскиот процес можат различно да се комбинираат и взаемно да се супституираат придонесуваат за
сложеноста, комплексноста на економската наука.
3. Пазарна парадигма – оваа концепција поаѓа од поставката дека суштината на процесот на економисувањето се манифестира
преку размената и пазарот. Се што е битно за економијата се случува на пазарот. Таму, под дејство на понудата и
побарувачката се формираат цените на добрата и услугите и цените на факторите на производството.
4. Синтетичка концепција – оваа концепција како што покажува и нејзиното име, настојува да ги обедини претходните три
концепции. Нејзин автор е славниот американски економист професор Пол Семјуелсон, добитник на нобеловата награда за
економија во 1970 година. Според Семјуелсон, централниот економски проблем е истоветен за сите општества и се изразува
низ познатото тројство: што да се произведува, како да се произведува и за кого да се произведува. Првото прашање - што да
се произведува е врзано за дилемата за употребните вредности од кои треба да се состои бруто домашниот производ и
очевидно одговара на првата, неокласичната концепција за предметот на изучување на економијата. Второто прашање - како
да се произведува, со каква технологија да се произведува, односно како да се користат и заемно да се комбинираат ретките,

11
ограничени ресурси, одговара на втората, неомаргиналистичката концепција. Третото прашање - за кого да се произведува,
упатува на пазарната парадигма, бидејќи преку механизмот на пазарот се врши распределба на создаденото богатство и со тоа
од пазарот доаѓаат сите неопходни информации за потенцијалните потрошувачи, за нивните желби, вкусови и преференции за
одделните видови производи и услуги кои сакаат да ги поседуваат односно купат.

Економијата ја дефинираме како фундаментална економска наука која што ги изучува можните пристапи за разместување, алокација
на ретките ресурси кон точките на нивната најрационална употреба.

4. ЕКОНОМИЈАТА И НАУЧНИОТ МЕТОД

Природните науки и законитостите што тие ги утврдуваат во голема мера се егзактни, точни и ригорозни.

Меѓутоа, во општествените науки, а во тој контекст и во економијата, работите не стојат така. Економските закони не се толку
егзактни и ригорозни. Тие не дејствуваат како универзални вистини. Напротив, тие дејствуваат само како тенденција, само
како просек со бројни исклучоци, отстапувања на законитоста над и под нормалата. Се разбира дека тоа не значи дека
економските закони не важат, не дејствуваат. Исклучоците (дисперзијата, отстапувањето на законитоста над и под просекот) во крајна
линија на долг рок само го потврдуваат правилото, го верифицираат законот. Затоа и се вели дека нема правило без ислучоци. Да го
илустрираме ова со еден од најпознатите односи во економијата – законот за опаѓачки приноси.

Овој закон вели дека со вложување на дополнителни единици од еден фактор на производство (инпут) под претпоставка дека другите
фактори на производството (инпути) остануваат исти, непроменети со тек на време, ќе добиваме се помалку и помалку дополнителен
производ (аутпут). Ако на земјиште, на пример, од еден хектар, дополнително вработуваме нови работници (дополнителни инпути од
променливиот фактор – во случајот труд) под претпоставка дека другиот инпут (опремата) останува фиксен, со тек на време
дополнителниот производ ќе опаѓа. Тоа е суштината на законот и тој дејствува.

Но, законот дејствува со исклучоци. Имено, во почетокот, ефектот што се добива со ангажирање на дополнителни работници може да
расте, потоа да стагнира, за на крај да почне да опаѓа, па дури и да навлезе во сферата на негативни вредности доколку упорно се

12
продолжи со ангажирање на нови работници. Во секој случај, крајниот резултат ќе бидат опаѓачки приноси и покрај отстапувањето на
законитоста над нормалата (најприн дополнителните приноси растат), односно под нормалата (подоцна тие опаѓаат).

Ваквата природа на економските закони и комплексноста на самата економија, на економските теоретичари им создава проблеми
при донесувањето на заклучоците и при нивното воопштување. Еден таков проблем е вразан за принципот на ceteris paribus – „да се
одржат сите останати нешта непроменети“. Еве за што станува збор. Врз економските појави и процеси едновремено дејствуваат
голем број фактори. Побарувачката на секое добро, на пример, е условена од дејството на следните фактори: висината на цената на
доброто, расположливиот доход на потрошувачите, цените на добрата што се во врска со самото добро (цените на супститутите
односно на добрата кои што можат да се трошат наместо тоа добро – нафта за јаглен, маргарин за путер, кокта за кока кола и сл.),
вкусовите на потрошувачите итн. Доколку сега претпоставиме дека доходот на потрошувачите, како еден од факторите од кои зависи
побарувачката за било кое добро, се намали, заклучокот би бил дека ќе се намали побарувачката за соодветното добро. Меѓутоа, овој
заклучок ќе биде точен само доколку се исполни принципот ceteris paribus, односно само под претпоставка дека другите фактори што
ја условуваат побарувачката на доброто (висината на цената, цените на супститутите итн.) останале непроменети. Но, во практиката
доаѓа до истовремени промени кај повеќе фактори. Во услови на инфлација, на пример, доаѓа до едновремено намалување на
реалниот доход и зголемување на цените на добрата и услугите, вклучувајќи ги тука и цените на супститутите. Во вакви услови, ако не
се примени принципот ceteris paribus тешко е да се утврди во која мера побарувачката се намалила како резултат на опаѓањето на
реалниот доход, а во која мера како резултат на порастот на цените на добрата и услугите и на цените на супститутите.

Друг значаен проблем со кој се судрува економијата е вразан за фактот дека она што се покажува како точно, за поединецот
не е секогаш точно и за целото општество. Така на пример, тврдењето, според кое ако во услови на совршена конкуренција
поголемиот број производители го зголемат сопственото производство, нивниот вкупен приход ќе се намали, иако на прв поглед
изгледа нелогично и апсурдно, во основа е точно. Тврдењето изгледа нелогично, бидејќи здравиот разум ни говори дека ако една
фирма го зголеми сопственото производство тоа ќе и донеси и поголем вкупен приход. И навистина тоа е точно кога се работи за
поединечна фирма. Имено, фирмата во услови на потполна конкуренција е многу мала и таа има занемарливо, безначајно учество во
вкупното производство и во вкупната понуда на едно добро. Затоа таа воопшто не може да влијае врз цената на доброто – ниту врз
нејзиното зголемување, ниту врз нејзиното намалување. Според тоа, ако фирмата го зголеми производството при иста цена ќе добие
поголем вкупен приход (последниов се добива со множење на добрата со цените). Но, она што е точно за поединецот, во случајот за

13
една фирма не е точно и за целината, значи за сите фирми или за најголемиот број фирми во економијата. Еве зошто: доколку
најголемиот број од производителите на едно добро во услови на потполна конкуренција го зголемат сопственото производство, тоа
нужно ќе предизвика пораст на вкупната (пазарната) понуда на доброто, поради што неговата цена ќе се намали, а со тоа ќе опадне
вкупниот приход.

4.1. ФАЗИТЕ НА ИСТРАЖУВАЊЕ ВО ЕКОНОМСКАТА НАУКА

Економската наука истражува комплексни, сложени економски прашања, процеси и феномени. Притоа, таа користи строга, ригорозна
истражувачка процедура што се вика научен метод. Истражувачката процедура, синтетички гледано, опфаќа три фази:

 Опсервирање, набљудување на економскиот феномен;


 Развивање на модел, односно теорија што ја изразува суштината на феноменот;
 Тестирање на теоријата и нејзино потврдување или отфрлање.

Да ја илустрираме истражувачката процедура во економијата на примерот на еден конкретен економски проблем – феноменот на
хиперинфлацијата. Хиперинфлацијата е состојба во економијата кога општото подигање на нивото на цените во многу кратки
временски период е енеромно, кога цените на добрата и услугите растат со неверојатно, просто, вртоглава брзина.

 Првата фаза на испитувањето се сведува на опсерирање, набљудување на хиперинфлацијата во економиите во кои таа се
јавила. Овде треба да се има предвид фактот дека хиперинфлацијата не е редовна економска појава, односно дека таа е
исклучок, а не правило, и дека се јавила само во одредени земји и во одредени временски периоди. Во оваа фаза за потребите
на нашето испитување ќе биде неопходно внимателно да го набљудуваме движењето на општото ниво на цените во една или
различни земји во светот во кои се јавила хиперинфлацијата (во зависност од целта на истражувањето, дали не интересира
хиперинфлацијата во една конкретна земја или можеби пошироко, во светски размери). Богатата економска статистика ќе ни
открие дека феноменот на хиперинфлацијата се јавил во 20-тите години на минатиот век во Австрија, Германија, Грција,
Унгарија, Полска и Русија. Понатаму, во 80-тите години на минатиот век, во низа латинско-амрикански земји – Аргентина,
Бразил, Никарагва, Перу, а во 90-тите години под силна хиперинфлација беше потресена и тогашната СР Југославија.

14
 Втората фаза на испитувањето се сведува на креирање модел, односно развивање теорија, што ќе ја изрази суштината
на испитуваниот феномен. Моделот претставува збир на упростени, поедноставени, симплифицирани претпоставки,
кои упатуваат на суштината на испитуваниот феномен. Во моделите, научниците свесно, намерно ја упростуваат
реалноста. Инженерот во автомобилската индустрија конструира, исто така, пластичен модел - прототип на нов автомобил. И
овој модел не ги содржи сите делови и детали на автомобилот, значи претставува поедноставување на реалноста, но е
извонредно корисен за да се стекне општ впечаток за линијата на автомобилот, за неговата естетика, за неговите предности
поврзани со отпорот на воздухот, а што повторно зависат и од општата форма на каросеријата итн. Слично, како во горните
примери, постапуваат и економистите. Нивните модели не се од пластика. Напротив, нивното конструирање е со помош на
зборови, равенства, дијаграми итн. Бидејќи нашето опсервирање и набљудување на хиперинфлацијата, (првата фаза), открива
дека постои некаква врска помеѓу понудата на пари (печатењето на пари од страна на централната банка) и висината на
инфлацијата, ние можеме да воспоставиме модел, односно да развиеме теорија, којашто воспоставува општа релација помеѓу
овие две економски категории (понудата на пари и висината на инфалацијата). Нашата теорија би ја формулирале на следниов
начин: хиперинфлацијата се јавува секогаш кога централната банка постојано печати премногу пари т.е. силно ја зголемува
понудата на пари во економијата. Овој модел односно теорија повторно претпоставува упростување на реалноста бидејќи се
концентрира на една основна релација – понуда на пари – хиперинфлација. Но, моделот е корисен, бидејќи во конкретниот
случај, го зел во анализа најзначајниот фактор кој што условува енормна инфлација.
 Во третата фаза се пристапува кон тестирање на теоријата и нејзино отврдување или отфрлање, демантирање. Оваа
фаза практично се сведува на проверка на основниот постулат на теоријата со фактите во реалниот економски живот
(енормниот пораст на масата пари во оптек е причина за хиперинфлацијата). Ако податоците не го потврдуваат основниот
остулат на теоријата, таа се отфрла, демантира, а научната постапка почнува одново со дополнително опсервирање и
воспоставување на нов модел, односно развивање на нова теорија. Но, доколку грижливо прибраните и статистички коректно
обработените податоци покажат дека постои јасна врска помеѓу масата пари во оптек и висината на инфлацијата, теоријата ќе
биде потврдена.

15
Табела 1/1. Хиперинфлацијата во селектирани земји

Податоците недвосмислено ја потврдуваат точноста на нашиот модел, односно на нашата теорија, бидејќи јасно упатуваат на
меѓузависност, односно на позитивна корелација помеѓу стапката на пораст на масата пари во оптек (на месечно ниво) и стапката на
пораст на инфлацијата (на месечно ниво): повисок пораст на маса пари во оптек – повисока инфлација.

Исто така, во анализата се користи и методот на апстракции (претпоставки), кој значи раздвојување на битното од небитното, при што
предвид се земаат битните фактори кои ја условуваат испитаната појава, а се апстрахираат помалку значајните фактори. Целта е да се
упрости испитуваната појава. Во оваа смисла и велиме дека моделот, односно теоријата што се поставува, нужно се сведува на
упростување, на симплифицирање на реалноста. Во испитувањето се користиме и со индукција и дедукција. Индукција е мисловен
процес, кој поаѓа од поединечното и се движи кон општото, а дедукцијата токму обратно - од општото кон поединечното. Имено, врз
основа на испитувањето на карактеристиките на хиперинфлацијата во одделни земји (индукција), можно е да се изведат општи
карактеристики за испитуваната појава во целина, за хиперинфлацијата воопшто, без оглед во која земја се случува (дедукција).

16
Денес економијата многу често се служи и со т.н. квантитативни методи на економската анализа, односно со примена на
математичко-статистички методи и модели при испитувањето на економските процеси појави и феномени. Тоа е можно затоа што
многу економски појави и процеси можат да се квантифицираат да се искажат со бројки преку модели. Националните статистики, исто
така, го искажуваат и порастот на бруто домашниот производ во проценти од година во година или во просек за подолг временски
период. Денес, со примена на посложени квантитативни методи, односно економетриски модели, може да се утврди што ќе се случи
во економијата ако понудата на пари порасне на пример за 10%, односно да се утврди како тоа ќе се одрази врз порастот на
производството, а како врз порастот на општото ниво на цени (стапката на инфлација) во следните неколку години.

За да се разбере, во најсинтетичка форма, начинот на кој е организирана и начинот на кој функционира една економија, економистите
го конструирале моделот на кружното движење, на кружниот тек на економијата кој е даден во прилог.

На прикажаниот модел се поаѓа од претпоставката дека во економскиот живот учествуваат два типа економски субјекти: фирми и
домаќинства. Фирмите произведуваат и продаваат најразновидни добра и услуги. Но, за да произведуваат добра и услуги, тие мораат
постојано да купуваат фактори на производство: земја, труд, капитал. Значи, фирмите, истовремено се јавуваат и како продавачи на
добра и услуги, и како купувачи на фактори на производство. Домаќинствата, за да можат да ги задоволат најразновидните потреби
(храна, облека, трајни потрошни добра, едукативни, здравствени услуги итн.), мораат постојано да купуваат најразновидни добра и
услуги. Тие тоа го прават со помош на доходот, парите, што ги добиваат со продавање на факторите на производство, кои се во нивна
сопственост. Значи, домаќинствата, истовремено се јавуваат и како купувачи на добра и услуги, и како продавачи на фактори на
производство. Тоа понатаму значи дека фирмите и домаќинствата меѓусебе „комуницираат“, стапуваат во интеракции преку пазарот
на добра и услуги, и преку пазарот на фактори на производство. На пазарот на добра и услуги, фирмите се јавуваат во улога на
продавачи, а домаќинствата во улога на купувачи. На пазарот на фактори на производство, пак, домаќинствата се јавуваат во улога на
продавачи, а фирмите во улога на купувачи. Овде, на пример, недостасува секторот на државата, која што, исто така игра значајна
улога во економската активност (буџетот зафаќа значаен дел од доходите на фирмите и домаќинствата, понатаму, купува огромна
количина на добра и услуги, дава значајни социјални трансфери итн.). Овде недостасува и надворешно-трговскиот сектор (купувањето
и продавањето на добра и услуги од странство и во странство) итн. Но, запоставувањето на секторот на државата и на надворешно-
трговскиот сектор е нарочно направено за да се поедностави реалноста и да се разбере суштината на проблемот. Тоа во крајна линија
е и основната функција на економските модели и на теориите кои се развиваат врз основа на економските модели.

17
Слика 1/1. Дијаграм на кружното движење во економијата

18
5. ПОЗИТИВНА И НОРМАТИВНА ЕКОНОМИЈА

Позитивната економија ги изучува фактите во економијата. Таа ги утврдува стапките на пораст на бруто домашниот пораст,
движењето на стапките на невработеност, стапките на инфлација и сл. Таа ги испитува ефектите на прогресивното оданочување врз
прераспределбата на националниот доход во економијата и врз формирањено на јавните риходи во земјата итн. Заклучоците на
позитивната економија обично се јасни, реални и често поткрепени со конкретни бројки, односно квантифицирани.

За разлика од позитивната, нормативната економија во анализите внесува етички и вредносни судови и критериуми. Таа не
дискутира за тоа какви се работите односно појавите, процесите и фактите во реалноста, туку какви треба да бидат. Таа прашува, на
пример, дали е потребно на сиромашните да им се дава социјална помош, дали богатите луѓе треба да се оданочат повеќе или
помалку или пак констатира дека стапката на инфлација треба да биде 2% или пак стапката на невработеност треба да изнесува 4%
итн. Очевидно е дека во сите случаи станува збор за прашања за кои скоро и да нема точни одговори, бидејќи тие во голема мера
зависат од вредносните судови и убедувања на луѓето. Самиот факт што постои нормативна економија објаснува, меѓу другото, зошто
во некои домени постојат значајни несогласувања помеѓу економистите.

6. МИКРОЕКОНОМИЈА И МАКРОЕКОНОМИЈА

Микроекономијата го изучува однесувањето на поединечните економски субјекти во економскиот живот. Поимот поединечни
економски субјекти опфаќа потрошувачи, работници, инвеститори, сопственици на земја, фирми, економски сектори итн. Односно ги
опфаќа сите економски единици кои партиципираат во економскиот живот. Во тој контекст, синтетички гледано, можеме да кажеме
дека микроекономијата го претставува оној дел од економската наука кој го испитува однесувањето на поединечната
фирма, на потрошувачите и на одделните економски сектори во економскиот живот.

Така, на пример, микроекономијата се интересира за изучување на понудата и побарувачката и формирањето на цените на


поединечните пазари на добра и услуги. Испитувањето на производните трошоци на одделна фирма и во врска со тоа, производните
одлуки на фирмата, се исто така, домен на испитување на микроекономијата. Микроекономијата истражува како функционираат
одделните сегменти на пазарот на факторите на производство (пазарот на труд, пазарот на капитал, пазарот на земја) и во врска со тоа

19
како се формира висината на наемнината, на каматата, на рентата. Државната регулација на природните монополи (како што се
поштата, железницата, производството на струја, комуналиите и сл.) и воопшто, ограничувањето на монополистичката моќ на
поединечните крупни фирми, исто така, е домен на испитување на микроекономијата.

Макроекономијата, пак, го испитува начинот на функционирање на економијата во целина. Макроекономијата го претставува


оној дел од економската наука кој што ги изучува најсинтетичките економски агрегати на ниво на вкупната економија: стапките на
економскиот раст, односно на движење на бруто домашниот производ, невработеноста и инфлацијата и нивните меѓусебни односи.

Во тој контекст, макроекономијата посебно ги елаборира и причините за економските циклуси (периодичната замена на експанзиите,
порастот на економската активност или рецесиите - опаѓањето на економската активност), штедењето, каматната стапка и
инвестициите на ниво на вкупната економија, надворешно-трговската размена на земјата, макроекономските политики (посебно
фискалната и монетарната политика) и нивните инструменти итн.

6.1. ПРЕДМЕТ НА ИЗУЧУВАЊЕ И СУБЈЕКТИ НА МИКРОЕКОНОМИЈАТА

Микроекономијата е наука која ги изучува економските појави, просеци и законитости на ниво на поодделни учесници во процесот на
репродукција. Конкретно, тоа е наука која ги изучува основните законитости и карактеристики на активностите на овие учесници. Кои
се тие активности и во што резултираат?

Прво, тоа се интерните вложувања на ресурсите, нивна употреба (потрошувачка) и остварување на приходи и профит. Наведените
активности ги извршуваат фирмите како правни лица во областа на производството и прометот.

Второ, тоа се екстерните вложувања заради остварување приноси во еден од следните облици на приход: камата, дивиденда и
рента. Нив ги извршуваат пред сè банките, непроизводните организации и физичките лица. Исто така, можат да ги вршат и фирмите
(брокерски куќи, консултантски агенции, фирми за изнајмување на деловен простор итн).

И трето, тоа е потрошувачката на физичките лица, пред сè во оквирот на домаќинствата, заради задоволување на своите потреби и
максимизација на корисноста. Вложувањето, односно потрошувачката, на ресурсите од страна на едно правно или физичко лице

20
насочена е кон остварување на одреден резултат. Нивниот поединечен интерес е да се максимизира овој резултат. Меѓутоа,
поединечните интереси мораат да бидат меѓусебно услогласени. Исто така, тие мораат да бидат усогласени и со општите интереси и
цели. На пример, фирмата не може да го максимизира својот профит благодарение на нејзината монополска состојба и со тоа да ги
подигнува цените на неразумно високо ниво или пак да максимизира на сметка на нејзините вработени, да прикрива даноци и сл.

Предмет на изучување на микроекономијата се уште и индивидуалната понуда и индивидуалната побарувачка, пазарната понуда и
пазарната побарувачка за одредено добро или услуга и цените на поединечните добра и услуги. Станува збор за пазарот, како
организиран процес на среќавање на понудата и побарувачката и размената на добрата и услугите. Овие појави и пропорции се
резултат пред сè на активностите на физичките и правните лица како субјекти на микоекономијата.

Работниците и нивната улога и проблеми во процесот на репродукција претставуваваат еден од најважните субјекти во
микроекономските теории. Формирањето на платите, процесот на преговарање на работниците со работодавачите, трошоците на
трудот и начинот на кој се формира рамнотежната цена на пазарот на трудот, се исто така, предмет на изучување на
микроекономијата.

Фирмата е основен субјект на микоекономијата. Таа е стопанска организација која се занимава со производство, односно со
промет на добра и услуги. Фирмата остварува приходи на пазарот под пазарни услови. Во извршувањето на своите активности,
изложена е на ризици под дејство на конкуренцијата или на деловен ризик. Во работењето сноси економска одговорност (последици
во случај на остварен губиток). Насочена е кон задоволување на потребите на потрошувачите на посреден начин, по пат на
максимирање на реализираните вредности и профитот.

Покрај фирмите, основни субјекти на микоекономијата се уште и непроизводните организации и физичките лица односно
домаќинствата. Непроизводните организации стануваат се позначаен субјект на микроекономијата. Станува збор, пред сè за оние
непроизводни организации, кои, како правни лица располагаат со значајни средства, а упатени се да ги изнесуваат и нудат на пазарот
на капитал заради остварување на приходи. Тоа се разни финансиски организации кои имаат одредена намена, како што се:
осигурителни компании, пензиски фондови, инвестициони фондови итн. Тие се јавуваат како инвеститори, најчесто како купувачи на
најразлични краткорочни каматоносни хартии од вредност. Суштината на нивното работење се огледа во следното, од една страна,
во наменското користење на расположливите средства, а од друга страна во зачувување и зголемување на прибраните средства по

21
пат на споменатите инвестиции.

Домаќинството често се истакнува како клетка на општеството. Тоа претставува основна потрошувачка единица во рамките на кои
поединците, физичките лица, ги задоволуваат своите потреби. Тоа има свои приходи и расходи, како и свој имот со кој располага.
Поединците стануваат се побогати. Тоа е резултат на перманентното зголемување на продуктивноста на трудот и врз таа основа
зголемување на реалните заработувачки на вработените. Зголемувањето на приходите на домаќинствата овозможува поголема по
обем и поквалитетна потрошувачка на неговите членови. Но, исто така, доведува и до појава на вишок на средства, што ја наметнува
потребата на искористување на тој вишок заради остварување на дополнителни приноси.

Суштината на економисувањето на едно домаќинство или поединците се огледа најпрво во максимизирањето на корисноста со
расположливите средства за потрошувачка, а во врска со тоа и разрешување на противречностите (негативните појави) како
манифестација на т.н. потрошувачко општество. И на крај, се огледа во рационалното користење односно зачувување и зголемување
на вишокот на неговите ресурси.

7. ЕКОНОМИЈАТА И БИЗНИСОТ

Бизнисите, работејќи со ретки и ограничени ресурси, произведуваат најразновидни добра и услуги, со цел да ги продадат и да
реализираат профит. Бизнисите сами по себе се комплексни. Секој бизнис мора да разрешува бројни проблеми: организациони,
правни, производни, маркетиншки, финансиски итн. Во таа смисла економијата пружа драгоцена помош при анализата, разбирањето
и разрешувањето на проблемите со кои се соочуваат бизнисите. Значењето на изучувањето на економијата за студентите може да се
резимира на следниот начин:

 Економијата им помага на студентите по бизнис, да ги разберат законитостие на функционирањето на одделните пазарни


сегменти - пазарот на добра и услуги и пазарите на факторите на производство (труд, капитал, земја). Ова е значано, бидејќи
секој бизнис своите производи ги реализира преку пазарот на добра и услуги, а инпутите ги набавува на пазарите на факторите
на производство.

22
 Економијата ги испитува факторите што влијаат врз порастот на бруто домашниот производ, движењето на невработеноста,
инфлацијата и други значајни макроекономски големини. Тие сами по себе имаат големо влијание врз работењето на секој
одделен бизнис.
 Економијата на учи зошто и како државата ги регулира одделните економски сектори, како што се, на пример, природните
монополи, другите претпријатија со монополистичка моќ, како државата ги регулира негативните екстерналии, како што е
загадувањето на човековата околина, односно позитивните екстерналии како што се иновациите итн.
 Економијата, исто така, го испитува и начинот на функционирањето на клучните макроекономски политики, како што се
фискалната (буџетската) политика и монетарната политика.
 Многу бизниси го интернационализираат своето работење поради што се неопходни знаења врзани за промените на
девизниот курс, економскиот раст и развој во другите земји и слично, а тие знаења исто така ги дава економијата.

ПРАШАЊА ЗА ДИСКУСИЈА:

1. Дефинирајте ја економијата како наука.


2. Кои се конститутивните елементи на дефиницијата на економијата како наука?
3. Кое е етомолошкото значење на терминот политичка економија?
4. Од кога датира замената на терминот политичка економија со економија?
5. Разграничете ги помините економија и политичка економија. Дали станува збор само за формални разлики во поимите?
6. Набројте неколку причини кои покажуваат зошто луѓето ја изучуваат еконмијата.
7. Набројте ги основните концепти за предметот на изучувување на економијата.
8. Објаснете го неомаргиналистичкот пристап на изучување на економијата.
9. Кои клучни проблеми се јавуваат во врска со алокацијата на ресурсите кон точките на нивната најефикасна употреба?
10. Што е карактеристично за законите во сферата на приросните науки?
11. Кои проблеми произлегуваат од фактот што економските закони дејствуваат како тенденција? Илустрирајте го тоа со конкретни
примери.

23
12. Што подразбирате под научен метод?
13. Кои се основните фази на научно истражувачката процедура?
14. Зошто економската наука конструира модели и развива теории?
15. Објаснете ја суштината на методите обсервација, абстракција, индукција и дедукција.
16. Кое е значењето на квантитативните методи на економската анализа?
17. Разграничете ги поимите микроекономија и макроекономија.
18. Што е предмет на изучување на микроекономијата?
19. Кои се основните субјекти на микроекономијата и во што се огледа суштината на нивните активности?
20. Одредете кои од посочените примери се предмет на изучување на микроекономијата, а кои на макроекономијата:
 Испитување на побарувачката за брашно во Битола
 Движење на бруто домашниот производ во Македонија во транзициониот период
 Испитување на трошоците на работење на Лозар Пелистерка
 Регулација на работењето на Рек Битола од страна на државата
 Испитување на штедењето и инвестициите во македонската економија
21. Што изучува позитивната, а што нормативната економија?
22. Дадете неколку примери и илустрации за заклучоци и констатации на позитивната и нормативната економија.
23. Зошто е значајно изучивањето на економијата за студентите по бизнис економија?
24. Што претставува фирмата и кои се нејзините цели во работењето.
25. Наведете неколку видови фирми кои ги познавате од секојдневието според видот на сопственоста и според дејноста која ја
извршуваат?

24

Вам также может понравиться