Вы находитесь на странице: 1из 2

УН диета

Целта на оваа диета,покрај намалувањето на килограмите е да доведе до


промени на метаболизмот,со што се гарантира дека намалените килограми
нема да се вратат.
Диетата трае 90 дена и за тоа време се ослабнува од 18-25 кгр.Ако е потребно
да се намалат помалку килограми,диетата може да се прекине,ама тогаш нема
да дојде до промена во метаболизмот.

Појадокот сите 90 дена е ист-овошје.Се јаде секогаш во пар,на пр.2 јаболки,2


круши,2 портокала или една рака некое ситно овошје.

Диетата секогаш почнува со протеински ден и после овошниот ден пак се


почнува со протеински.
Редоследот на деновите не смее да се менува.

ПРВ ДЕН

Ручек:Месо варено или печено во количина од 3 хотелски шницли,едно парче


леб,салата (во неограничени количини).На крај мора да се испие супа,но без
фиде.Наместо месо може да се изедат 3 јајца варени или испржени.
Млеко и сирење може да се јаде само овој ден,а супата мора де се испие.

Вечера: ИСто што и за ручек,само без супа.Треба да се води сметка ако за


ручек било месо,мора да биде и за вечера,а ако биле јајца,тогаш пак јајца.

ВТОР ДЕН

Ручек : Грав,грашок,леќа,ориз,компир (обавезно варено со додаток на зачини-


бибер,кечап,варен патлиџан,оригано),парче леб и салата.

Вечера : Исто што и за ручек во помала количина (полн танњир за ручек,пола


за вечера)

ТРЕТ ДЕН

Ручек :Варена тестенина (шпагети,макарони) со додаток на зачини,пица само


со кечап или било кое пециво во количина колку една пица.

Вечера :Две помали парчиња торта,3-4 колачиња,3 топки сладолед и обавезно


едно ребро чоколадо за готвење.

ЧЕТВРТИ ДЕН

Ручек :овошје
Вечера :овошје

Три пати за време на диетата (еднаш месечно) треба да се држи воден ден,кој
доаѓа одма после денот со овошје,а после него се продолжува со протеинскиот
ден.

Кафе и чај може да се пие во неограничени количини,но без шеќер.

Од кога ќе заврши диетата (после 90 дена),се јаде нормално,освен што


овошјето останува уште 90 дена за појадок.
Ако во следните 3 месеци од завршувањето на диетата се изгубат 5 кгр.,тоа
значи дека дошло до промена на метаболизмот.
Ако не се изгубат тие 5 кгр.,диетата треба да се повтори,но не и да се
продолжи,а може да се продолжи после 3 месеци.

Делува компликувано,но не е.Количината на храна е поголема од онаа која


секој дневно ја внесуваме.Без оглед на тоа килограмите се губат.

Не треба да се изгуби надеж и воља затоа што се случува и по 10 дена


тежината да не се промени,но потоа одеднаш се губат по 3-4 кгр.

Ништо не смее да се прескокнува затоа што секоја намирница си има своја


намена.Организмот не смее да остане без неа.
Не е вообичаено да се јаде овошје за појадок,но организмот нај прво од него
го искористува интегралниот шеќер кој го храни нервниот систем.

Чоколадото ги спречува алергиите кои се присутни баш кога се држат разни


диети.
Добро е кога сте на половина од диетата да се проконтролира крвниот
притисок и да се анализира крвната слика.
Во оваа диета има многу да се јаде и некој ќе каже дека неможе да с е
ослабне,овде е направен еден редослед ако се јаде тестенини цел ден да се
јаде а не да се меша со друго нешто.

Ама има ефект стварно!!!

Вам также может понравиться