Вы находитесь на странице: 1из 1

КАКО ГЛЕДАМЕ

* Светлина е форма на енергија и се што регистрираме со окото


- светлината може за една секунда да го обикули светот седум пати
- постојат природни извори на светлина (Сонце, ѕвезди, светулки – инсекти, молња) и вештачки (баретија,
свеќа, сијалица и др.)
- Месечината не е извор на енергија, таа е како џиновско огледало на небото и таа ја рефлектира светлината од
Сонцето
* Сонцето е нашиот главен извор на природна светлина, која е толку силна што може да загрее и осветли цели
планети
- сончевата светлина е бела, но таа ги содржи сите бои на виножитото помешани во едно
- дождовните капки може да ја разделат светлината на различни бои
* Светлината секогаш патува во права линија, но може да се одбие од некој предмет и тогаш велиме дека се
рефлектира
- некои предмети повеќе и подобро ја рефлектираат светлината и за нив велиме дека се добри рефлектори
(мазни и сјајни површини)
- некои не ја рефлектираат добро и велиме дека се лоши рефлектори (матни и несјајни површини)
* Ако на патот на светлината се најде препрека, односно предмет кој не е провиден, светлината не може да
помине низ него па на другата страна од изворот на светлина се јавува темен простор кој се нарекува сенка
- некои предмети воопшто не пропуштаат светлина и таквите ги викаме непровидни (дебел картон, дрво, метал)
- некои делумно ја пропуштаат светлината и нив ги нарекувамепрозрачни (најлон, хартија)
- некои целосно ја пропуштаат светлината и ги нарекуваме провидни (стакло)

Вам также может понравиться