Вы находитесь на странице: 1из 7

Прераскажување на лектирата “Том Соер”

од Марк Твен

Том Соер бил едно палаво и немирно момче кое живеело со неговата тетка
Поли и неговите братучеди Сид и Мери во градот Свети Петерсбург.
Неговите родители починале па затоа живеел со својата тетка. Том бил многу
немирен и уживал да влегува во неволји.

Тој многу често бегал од часови и затоа и бил казнет, да обои една долга
ограда. Требал да ја варосува оградата во сабота на слободен ден кога сите
негови другари си играле и се забавувале. Том несакал да ја вароцува
оградата па затоа смислил план да ги насамари неговите другари да го
направат тоа наместо него. Потоа го посетил Бен Роџерс и почна да се задева
со него дека мора да работи наместо да оди и да се искапе. Том потоа го
насамарил Бен со тоа што му кажал дека варосувањето за него не била работа
и дека сакал да варосува и притоа не застанувал со четката. Гледајки го Том ,
Бен посакал и тој да варосува па гопрашал Том , а Том како дел од планот се
правел дека несака да му даде да варосува, но му дал со задоволство и
отишол да се одмори под сенката и да го дојаде јаболкото на Бен. Потоа кога
Бен се изморил некое друго момче сакало да варосува и Том тоа го
дозволувал само ако некој дал нешто за возврат. И така тие ја варосале
оградата, а Том си ги наполнил џеповите со најразлични нешта и тој отишол
кај тетка Поли за да ја извести дека завршил со работата. Таа не му
поверувала и отишла да провери дали тој навистиа ја завршил работата. Кога
ја видела оградата го пофалила Том и го пуштила да си игра, а пак тој одма
збришал. Ова време Том се вљубува во едно ново девојче кое се викало Беки
Тачер која била ќерка на новиот судијата и во тој миг тој сосема заборава на
Ејми Лоренс . Том секој ден го набљудувал девојчето, но таа го забележала.
Потоа Том се претварал дека не ја забележува и дека не ја набљудувал туку
дека си играл, а таа преку оградата му дофрлила еден цвет и влегла внатре во
куќата. Том го земал цветот и потрчал зад аголот, а таму го ставил во
капутот. Потоа уште малку ја набљудувал куќата на Беки и се вратил дома да
вечера. На вечерата Том бил расположен и пробал да и украде на татка му
шеќер пред носот но таа го видела и го удрила по раката и го искарала. По
вечерата кога тетка Поли била во кујната, Сид сакал да го земе садот со
шеќерот но му паднал , а тетка Поли го удрила Том и мислла дека тој го
искршил,но потоа Том и казал дека го направил Сид и тетка му престанала и
кажала дека ако тоа не го направил направил нешто друго. Том многу се
натажил и почнал да фантазира за тоа како никој не го сака и како никој не се
грижи за него. Потоа во неделното училилиште Том ги разменувал
ситниците со другите ученици што ги собрал денот кога ја варосувал
оградата за различни картички кои се добибале за учење стихови од Светото
писмо . Том потоа ја освоил Библијата иако не знаел речиси ништо за
Светото писмо и така предизвикал завист кај учениците и мешавина од
гордост и шок кај возрасните. Том со освојувањето на Библијата го добил
воодушевувањето на судијата во црквата. Во неделното училиште Том цело
време се врткал околу Беки и ја убедил да се вери бакнувајќи го, но потоа
Беки дознала за тоа дека Том веќе се верил со друго девојче Ејми Лоренс и
дека таа не му е прва девојка па ќе раскинат и ќе се скараат. Набргу откако
Беки го избегнувала, Том се здружил со Хаклбери Фин кој бил скитник на кој
сите момчиња му се восхитувале. Тие се деговориле на полноќ да одат на
гробиштата за да извршат суеверен ритуал наменет за лекување на
брадавици. На гробиштата, тие ќе видат како д -р Робинсон, Маф Потер
и Цвенокожецот Џо ограбуваат гроб. Маф Потер бил пијан и набргу заспал
додека Црвенокожецот Џо се карал со доктор Робинсон и го убил. Потоа кога
се разбудил Маф Потер, Џо му кажал дека тој бил пијан и го убил докторот ,
а кутриот Потер мислел дека тој навистина тоа го направил. Таа вечер Потер
отишол да ја измие крвта од себеси бидејќи доторот паднал врз него кога
Црвенокожецот го убил и некој го видел. Кога се дознало за убиството Маф
Потер бил приведен и сите трачареле за него. Момчињата биле преплашени
не спиеле целата вечер и се заколнале во крв дека нема да кажат никому за
убиството, плашејќи се дека Црвенокожецот некако ќе открие дека тие го
виделе убиството. По убиството момчињата имале лоши соништа и не
изгледале добро. Тетка поли мислела дека Том се разболел и му дава лекови ,
а Том бил тажен поради Беки и исплашен поради убиството. Том на мачорот
му дал лек и тој почналда скока наоколу, а тетка Поли кога виделе го
искарала Том и тој и рекол дека нема никаква врска со тоа. Том се натажил и
бил сериозен , тоа дури го видела и тетка му и се нажалила дека го искарала.
Том отишол рано во училиште и сакал да се смири со Беки , но таа била
многу налутена и нешто му пререкла па затоа тој се натажил. Тогаш одлучил
дека ќе избега од дома и ги убедил своите другари Хак и Џо Харпер да
дојдат со него. Тие украле храна и се упатиле кон островот Џексон. Тие таму
се преправале дека се гусари, пушеле, се бањале во водата, се гостеле со
риба...Тие не биле таму долго пред да откријат дека исчезнале. Имало голема
потрага по трите момчиња , но откако не ги нашле се претпоставувало дека
се удавилиле. Додека момчињата биле на островот посакале да се вратат
дома, Том една вечер се вратил и слушнал како тетка му и мајката на Џо ги
оплакуваат и мислат дека се мртви, и дека наскоро ќе им прават погреб. Том
се вратил на островот и по некое време момчињата се вратиле дома. Сите
биле изненадени и весели дека тие се вратиле. Утрото во понеделник тетка
Поли, Том и неговите братучеди имале разговор за неговото исчезнување и
Том се пошегувал со нив така што им раскажал што слуснал дека збореле
ноќта кога се вратил, но дека тоа го сонувал и сите мислеле дека Том станал
видовит. Потоа децата отишле во училиште, тетка Поли отишла кај госпоѓата
Харпер за да и раскаже за сонот на Том. Во училиштето Беки и Том се
игнорирале еден со друг, но и се правеле љубоморни. Кога Том се вратил
дома тетка му го карала дека ја излажал за сонот и дека Џо веќе и раскажал се
на мајка му. Том и објаснил дека таа ноќ сакал да и остави писменце
написано на кора од дрво, но не го сторил тоа и ја бакнал. Таа се смирила и
му кажала повторно да ја бакне и да оди на училиште. Таа не му поверувала
затоа го пребарала неговото капутче и го видела писменцето во тој миг таа
почнаа да плаче. Кога се вратил на училиште сакал да се смири со Беки ,а таа
несакала и нешто му пререкла па затоа се налутил. За време на одморот Беки
ја искинала омилената книга на учителот која што цело време седела
заклучена во фиоката на катедрата, но овој пат била отклучена. Том ја видел
и знаел дека за тоа следи голема казна- ќотек. Кога учителот Добинс ја видел
книгата почнал да ги прашува кој го направил тоа. Беки цела побледела па
затоа кога господинот Добинс стигнал до неа Том кажал дека тој го сторил
тоа. Том потоа добил ќотек , но не бил тажен затоа што Беки го гледала со
благодарост и восхит. Се доближувал и распуст, а пред распустот имало
приредба во која учествувал и Том. Почнал и летниот распуст. Имало
судење во врска со убиството. Том таму сведочел и раскажал се што се
случило таа ноќ, а Црвенокожецот Џо избегал. Маф Потербил ослободен, а
том повторн бил јунак но сепак многу се плашел да не дојде да го убие
Црвенокожецот Џо бидејќи сведочел. Потоа Том и Хак дожле до идеата да
станат разбојници и да најдат богатство. Тие копале под некој дрвја, но потоа
им текнало тоа да го направат навечер бидејќи можеби месечевата светлина
им е потребна за да го најдат богатството. Тие утредента се упатиле на
Кардиф Хил и ископале многу јами и се откажалеод копањето и отишле да ја
истражат проколната куќа. Тие ја разгледувале и биле на вториот кат кога
влегле двајца мажи. Тоа биле стариот и глувонем Шпанец кој во последно
време се маткал наоколу и некој парталав човек. Тие почнале да разговараат
и дознале дека Шпанецот бил Црвенокожецот Џо. Момчињата многу се
исплашиле. Мажите почнале да јадат и потоа легнале да спијат.Момчињата
сакале да избегаат но не успеале бидејки се разбудил Црвенокожецот и го
разбудил другиот човек. Тие носеле многу пари со себе и сакале да ги
закопаат во аголот кога ножот на Џо удрил во нешто тврдо и откриле сандак
со пари. Потоа тие двајца разговарале за одмаздата на Џо , цпомнале и соба 2
под крстот и за тоа кој би можел да ги донесе лопатите. Кога Џо сакал да се
качи на вториот кат скалилата се разурнале и тој паднал. Потоа мажите ги
земале парите и си отишле.Момчињата исплашени разговарале за се што се
случило и си отишле. Цела ноќ неможеле да заспијат и утредента се сретнале
и се договориле да одат во собата број два за да ги земат парите, но кога Том
влегов внатре за малку ќе стапнел на раката на Џо. Тој бил пијан и парите не
биле таму. Тие се договориле Хак преку ноќ да чува стража а преку ден да
спие и се да му раскажува на Том во врск со тоа што се случува. Наредниот
ден семејството Тачер се вратило од пат. Томи бил поканет на забава во која
ќе истражувале пештера од страна на Беки. Вечерта чекал на мјаукањето на
Хак , но тоа не се случило и тој заспал. Утредента отишле во пештерата и се
поделиле во парови за да не се изгубат, но сепак Том и Беки се изгубиле.
ТДодека Том и Беки биле загубени во пештерата Хак стоел на стража и потоа
ги следел Џо и парталивиот човек кои оделе некаде. Додека ги следел сватил
дека патот води до куќата на вдовицата Даглас. Џо сакал да ја убие вдовицата
кога Хак тоа го сватил отишол да побара помош. Хак трчал се до куќата на
Велшанецот. Таму отвориле старецот и неговите двајца синови и Хак се им
раскажал. Тие се вооружале и тргнале кон куќата на вдовицата, а Хак ги
следел . Потоа се слушнал истрел и нечии крик и Хак почнал да бега. Утрото
Хак се вратил кај Велшанецот и тропнал на вратата. Тој му отворил, го
примил и му раскажал дека вечерта ги виделе Џо и неговиот пријател, но не
успеале да ги фатат, но вдовицата била жива. Потоа појадувале и
Велшанецотја проширил веста со граѓаните и ја известиле вдовицата. Беки
требала да преноќи кај госпоѓата Харпер, па кога госпоѓата Тачер дознала
дека таа не е таму додека збореле на собирот и дека Том никаде го нема се
кренала паника и луѓе тргнале да ги бараат. Том и Беки седеле таму долго
време и луѓето почнале да ги бараат. Децата немале храна и Беки се
разболела, неможела да стане на нозе,а Том морал да продолжи да бара излез
или да ги бара спасувачите. Беки седела и го чекала Том до некој извор
додека тој барал излез. Додека Том талкал во пештерата наишол на
Црвенокожецот Џо, но тој не го видел. Том многу се исплашил , но се
потрудил да скрие од Беки што се случило. Беки била многу слаба и изјавила
дека таму ќе умре, а Том продолжил да бара излез.

Во вторикот вечерта на улиците се слушнале ѕвона и луѓе извикувале дека ги


нашле децата. Сите биле среќни дека децата се вратиле и Том ја раскажувал
авантурата која ја доживеале и притоа додавал некој други дополнувања. Том
објаснил како ја оставил Беки и отишол да бара излез. Во третиот тунел
видел една мала точка што му заличела на денска светлина па отишол да
разгледа и тоа било отвор од кој се излегувало од пештерата на брегот на
реката Мисисипи. Том с вратил по Беки и тие излегле од пештерата и потоа
ги спасиле луѓето што ги барале и ги довеле дома. Потоа Том и Беки ги
одтавиле да одморат. Другиот ден Том дознал дек Хак бил болен, па по две
недели дури разговарале и Хак му соопштил што се случувало додека го
немало. Потоа судијата му соопштил на Том дека веќе никој немало да се
загуби во пештерата бидејќи ја затвориле со голема железна врата и тројна
брава и многу железо, Том побледен му кажал дека Џо бил таму. Кога
стигнале до пештерата го нашле Џо мртов и потоа му одржиле погреб. По
некое време Хак и Том се договориле да одат во пештерата бидејќи Том го
видел богатството таму. Тие го нашле богатството но неможеле да го кренат
сандакот па затоа парите ги ставиле во врекички и излегле од пештерата.
Кога се вратиле дома биле поканети на вечера кај вдовицата Даглас, таму се
избањале и се облекле во костуми кој што таа им ги купила и на вечерата се
дознало за парите на Хак и Том и за тоа дека Хак го известил Велшанецот за
одмаздата на Црвенокожецот Џо. Парите подоцна биле вложени во иднината
на момчињата за идни трошоци, а Хак почнал да живее со вровицата. Тој не
го сакал тоа и побегнал па потоа Том го нашол и го убедил да се врати со тоа
дека ако не се врати нема да биде дел од неговата дружина на разбојници и
така Хак се согласил да се врати ,а и се договориле да прават заклетва на
полноќ.

Белешка за авторот:
Семјуел Ленгхорн Клемел познат како Марк Твен е поден на 30 ноември,
1835 година во малото градче Флорида, во државата Мисури. Кога имал 4
години , со родителите се преселил во Ханибал, Мисури, пристанишно гратче
на реката Мисисипи со околу 2000 жители. Со редовното школување
завршил кога имал дванаесет години – во 1847 година, кога починал
неговиот татко. Тогаш станал помошник и ученикна двајца сопственици на
печатницата во Ханибал. Подоцна променил неколку работи, главно во врска
со печатарството. До почетокот на американската граѓанска војна (1861-1865
год.), неколку години работел како кормилар на парниот брод на Мисисипи.
Во 1861 година кратко време бил доброволец во коњичкиот одредена
Конфередацијата. Во 1862 станал репортер и хуморист во весникот
“Територијал Интерпрајз” во Вирџинија Сити, Невада. Во 1863 почнал да ги
потпишува својте статии и останатите текстови од Марк Твен (израз на
морнарите на реката Мисисипи кој означувал дека водата е доволно длабока
за да помина бродот). Во 1907 година му бил врачен почесниот докторат од
универзитетот Оксфорд. Кога починал зад себе го оставил недоршеното
автобиографско дело, кое подоцна го уредила и во 1924 година го објавила
неговата секретарка Алберт Биглоу Пејн. Том Соер и Хаклбери Фин биле
омилените јунаци од неговите книги, на младите генерации (читатели).
Починал на 21 април, 1910 година, во местото Рединг (САД).

Неговите најпознати дела се :

Авантурите на Том Соер (1876 год.)


Принцот и питачот (1882 год.)

Животот на Мисисипи (1883 год.)

Аватурите на Хаклбери Фин (1884 год.)

Јенки на дворот на кралот Артур (1889 год.)

Таинствениот Странец (1916 год.) .

Изработила: Анастасија Стојановска.

Вам также может понравиться