Вы находитесь на странице: 1из 13

Луј Пастер

француски микробиолог и
хемичар
(1822-1895)
Луј Пастер
Луј Пастер
• Луј Пастер, француски микробиолог и хемичар, е
заслужен за откривањето на методата за заштита
на намирниците, позната како пастеризација.
Пастер работел и на полето на имунизацијата и ги
направил вакцините против беснило и антракс.
Тој работел и на откривање на причините и
превенција на болестите и придонел во теоријата
за улогата на микроорганизмите и болестите и
нејзина примена во клиничката медицина.
За сето ова Пастер е наречен „татко на
микробиологијата“. Во областа на хемијата,
Пастер ја открил појавата на асиметрија на
кристалите. Тој го основал Институтот Пастер за
истражување и примена на науката.
Спонтана генерација
• Од најраните времиња, луѓето
верувале дека организмот може да
произлезе од нежива материја, а
ова верување се нарекува
спонтана генерација. Дури и
Аристотел (384-322. П. Н. Е.)
верувал дека некои 'рбетниците
можат да произлезат од нежива
материја. Ова верување сакал да
го побие италијанскиот лекар
Франческо Реди(1626-1697) кој
извршил поголем број на
експерименти над расипано месо
и месо со особини да произведе
црви.
• Реди поставил месо во три контејнери. Првиот сад со месо
бил покриен, вториот останал непокриен, додека третиот
бил покриен со фина,ситна газа, за заштита на месо од
муви. Мувите го депонирале своите јајца на другиот сад,
односно на садот кој бил целосно откриен и црвите на него
се развиле. Другите два контејнери со месо не развиле
црви. Во садот со месо, кој бил покриен со фина,ситна газа,
мувите слетувале, но не биле во можност да поминат низ
газата, така што нивните јајца се депонирале на газата од
кои подоцна биле развиени црви. Тоа покажало дека црвите
за да се развијат мора да има жив организам, во овој случај
тоа е мувата, односно. тие не можат да се создадат - од
нежива материја, во овој случај, на и од месото,што се
верувало дека е можно.Токму со овој експеримен е побиена
теоријата на спонтана генерација.
• Пастер иако бил хемичар тој фундаментално го промени
нашето разбирање за биологијата. Со гледање одблизу на
структурата на животот, тој беше во првите редови на
новата гранка на науката: микробиологија.
• Со помош на хемиски експеримент Пастер ја поби теоријата
уште од времето на Аристотел дека животот спонтано се
појавува од нежива материја со што помогна да се реши
едно од најголемите прашања во биологијата во 19 век.
• Научникот покажа дека храната се расипува поради
загадување со микроорганизмите од воздухот. И продолжи
да тврди дека тие би можеле да предизвикуваат и болести.
Пред 130 години Луј Пастер ја инјектирал првата
вештачки создадена вакцина

• Тој живеел во време кога децата често умирале од заразни


болести, па така и тој доживела семејна трагедија губејќи ги
трите ќерки кои починале од тифус заразени од нечистата
вода и храна. Оваа трагедија ја насочила неговата борба
против заразните болести.
• Малку луѓе имаат спасено повеќе животи колку што има Луј
Пастер. Вакцините кои ги развил имаат заштитено милиони
луѓе.
• Таткото на микробиологијата, францускиот хемичар Луј
Пастер, на денешен ден пред 130 години ја инјектира во
човек првата лабораториски изработени вакцина.
• Микробиологот по успесите со други вакцини го свртел
своето внимание на беснилото - фатална болест со
страшни симптоми што предизвикува долга и болна смрт.
• Тој вакцината успешно ја испробал на кучиња но бил
нестрплив тоа да го стори на луѓе. Приликата му се
пружила кога го донеле Жозеф Мајстер, момче каснато од
бесно животно. Пастер му инјектирал вакцина и Жозеф
преживеал. Веста за овој настан многу брзо се проширила и
почнале масовно да му носат заразени луѓе кои тој ги
лекувал.
• Првиот обид на давање вештачки направена вакцина на
човек била голема пресвртница.
• Малку луѓе имаат спасено повеќе животи колку што има Луј
Пастер. Вакцините кои ги развил имаат заштитено милиони
луѓе. Неговото откритие дека клиците предизвикуваат
болести направи револуција во здравството.
Пастер се прослави со „теоријата за клиците“ и затоа
Наполеон III дошол кај него со барање да реши тежок
проблем со кој се соочувала винската индустрија на

Франција .
• Доброто француско вино било ценето
ширум Европа. Сепак, лозарите губеле
пари бидејќи боците се расипувале при
транзитот. Пастер сфатил дека тоа се
случувало поради контаминација. Во
серија експерименти Пастер открил
дека со загревање на виното до 55
степени бактериите се убиваат без
уништавање на вкусот на виното. Овај
процес, подоцна наречен
пастеризација, ја спасил винската
индустрија и ја зацементира славата на
Луј Пастер.
• Денес пастеризацијата нашироко се
користи за чување на храната од
расипување.
Пастеризација
• Пастеризација (фр. pasteurisat
ion) е загревање на
прехранбени производи
(млеко, вино, конзерви и др.)
до температура при која
изумираат микроорганизмите
што можат да предизвикаат
вриење или расипување, а се
зачувуваат витамините и
другите хранливи својства на
производите. Луј Пастер за
прв пат го извршил процесот
на пастеризација на 20
април 1862.

Вам также может понравиться