Вы находитесь на странице: 1из 5

Изработил:

Петар Балоски
Во дивината тигрите се хранат со големи и средни животни.
Омилен плен на тигрите во Индија се самбарот, гаурот,
водното бафало, дамчеститот елен, дивата свиња и нилгаи
антилопите. Понекогаш ловат и леопарди, питони, тромави
мечки и крокодили. Во Сибир, главен плен се вапити, дива
свиња, елен сика, лос и сибирски елен.
Старите тигри, или тигри кои имаат повреди и кои не
можат да ловат природен плен често стануваат
човекојади. Ова често се случува на територијата на
Индија.
Тигрите најчесто ловат ноќе. Ловат сами и како и
повеќето други мачки го следат пленот во заседа.
Изненадно напаѓаат и употребувајќи ја нивната сила и големина
го исфрлаат од рамнотежа големиот плен и го убиваат. При лов н
голем плен, тигрите го убиваат животното со загризување на
грлото. Со ова техника, тигрите успеваат да уловат животни како
гаурот или водното бафало кои тежат преку еден тон.
Иако ретко, сепак набљудувани се и тигри кои напаѓаат
со удари со нивните шепи. Ударот е доволно силен за да го
скрши черепот на домашното говедо, или да го скрши
грбот на тромавите мечки.

Вам также может понравиться