Вы находитесь на странице: 1из 8

НАСЕЛЕНИЕ ВО РСМ

А) НАСЕЛЕНИЕТО ВО ПРЕДИСТОРИЈАТА
1. ВО КОИ АРХЕОЛОШКИ ЕПОХИ БИЛА НАСЕЛЕНА ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ?  
МАКЕДОНИЈА БИЛА НАСЕЛЕНА УШТЕ ОД НАЈСТАРИТЕ АРХЕОЛОШКИ ЕПОХИ
НА ПАЛЕОЛИТ, МЕЗОЛИТ, НЕОЛИТ, БАКАРНО ВРЕМЕ, БРОНЗЕНО ВРЕМЕ И ЖЕЛЕЗНО ВРЕМЕ.
2. КОИ СЕ НАЈЗНАЧАЈНИТЕ ПАЛЕОЛИТСКИ НАОЃАЛИШТА?
НАЈЗНАЧАЈНО ПАЛЕОЛИТСКО НАОЃАЛИШТЕ ВО МАКЕДОНИЈА Е ПЕШТЕРАТА ПАТРАЛОНА,
ЈУГОИСТОЧНО ОД СОЛУН, НА ОДДАЛЕЧЕНОСТ ОД 30КМ, НА ПОЛУОСТРОВОТ ХАЛКИДИК, ПОТОА
ПЕШТЕРАТА МАКАРОЕЦ, ПО ДОЛИНАТА НА РЕКА БАБУНА И ВО БЛИЗИНА НА БИТОЛСКИТЕ
СЕЛА КРИСТОФОР И БУКОВО.
3. КОИ ПРОСТОРИ СЕ СМЕТААТ ЗА ПРАТАТКОВИНА НА ЕВРОПЕЈЦИТЕ?
МАКЕДОНИЈА И ТРАКИЈА
4. КАДЕ ИМА НЕОЛИТСКИ НАОЃАЛИШТА?
ВО МАКЕДОНИЈА НЕОЛИТСКИ НАОЃАЛИШТАИМА ВО: ВРШНИК КАЈ ШТИПСКОТО СЕЛО ТАРИНЦИ,
КАЈ СЕЛО ПОРОДИН – БИТОЛСКО И МАЏАРИ - СКОПСКО.

Б) НАСЕЛЕНИЕТО ВО МАКЕДОНИЈА ВО АНТИЧКИОТ ПЕРИОД (СТАР ВЕК)


1.ВО КОЈ ДЕЛ НА БАЛКАНОТ СЕ НАСЕЛИЛЕ ИЛИРСКИТЕ ПЛЕМИЊА?
ИЛИРСКАТА ПЛЕМИЊА ГИ НАСЕЛИЛЕ ЗАПАДНИТЕ ДЕЛОВИ НА БАЛКАНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ.
2. КАДЕ СЕ НАСЕЛИЛЕ ТРАКИСКИТЕ ПЛЕМИЊА?
ТРАКИЈСКИТЕ ПЛЕМИЊА ГИ НАСЕЛИЛЕ ИСТОЧНИТЕ ДЕЛОВИ НА БАЛКАНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ.
3. КОИ ДЕЛОВИ ОД БАЛКАНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ ГИ НАСЕЛИЛЕ ДАКО-МИЗИСКИТЕ И
ДАРДАНСКИТЕ ПЛЕМИЊА?
ДАКО-МИЗИСКИТЕ И ДАРДАНСКИТЕ ПЛЕМИЊА ГО НАСЕЛИЛЕ СЕВЕРНИОТ ДЕЛ НА БАЛКАНСКИОТ
ПОЛУОСТРОВ.
4. КАДЕ СЕ НАСЕЛИЛЕ ЕЛИНИТЕ?
ЕЛИНИТЕ ГО НАСЕЛИЛЕ ЈУЖНИОТ ДЕЛ НА БАЛКАНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ.
5. КОИ ДЕЛОВИ ГИ НАСЕЛИЛЕ МАКЕДОНСКИТЕ ПЛЕМИЊА?
МАКЕДОНСКИТЕ ПЛЕМИЊА ГО НАСЕЛИЛЕ СРЕДИШНИОТ ДЕЛ НА БАЛКАНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ –
СЛИВНИТЕ ПОДРАЧЈА НА РЕКИТЕ ВАРДАР, БИСТРИЦА, СТРУМА И МЕСТА.

6. ЗА ВРЕМЕ НА КОИ ВЛАДЕТЕЛИ МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА БИЛА НАЈГОЛЕМА?


МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА БИЛА НАЈГОЛЕМА ЗА ВРЕМЕ НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ФИЛИПII И
АЛЕКСАСНДАР III МАКЕДОНСКИ.

В) НАСЕЛЕНИЕТО ВО МАКЕДОНИЈА ВО СРЕДНИОТ ВЕК И ПЕРИОДОТ НА ТУРСКОТО ВЛАДЕЕЊЕ

1. КОГА ЗАПОЧНАЛО ДОСЕЛУВАЊЕТО НА СЛОВЕНИТЕ?


КОН КРАЈОТ НА СТАРИОТ И ПОЧЕТОКОТ НА СРЕДНИОТ ВЕК.
2. КАКО СЕ СОЗДАЛ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД?
МАКЕДОНСКИОТ НАРОД СЕ СОЗДАЛ СО МЕШАЊЕ (СИМБИОЗА) НА ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНЦИ И
НOВОДОЈДЕНОТО СЛОВЕНСКО НАСЕЛЕНИЕ.
3. КАКВИ ПРОМЕНИ НАСТАНАЛЕ ЗА ВРЕМЕ НА ТУРСКОТО ВЛАДЕЕЊЕ?
ЗА ВРЕМЕ НА ТУРСКОТО ВЛАДЕЕЊЕ НАСТАНАЛЕ ОПШТЕСТВЕНО-ЕКОНОМСКИ, СОЦИЈАЛНИ,
ЕТИНЧКИ И КУЛТУРНИ ПРОМЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА. ТАКА НАСТАНАЛЕ ПРОМЕНИ ВО НАСЕЛЕНОСТА,
ЗАНИМАЊЕТО НА ЛУЃЕТО, ЕТНИЧКАТА СТРУКТУРА НА НАСЕЛЕНИЕТО И ДРУГО.
4. КОИ НАРОДИ СЕ ДОСЕЛИЛЕ ЗА ВРЕМЕ НА ТУРСКОТО ВЛАДЕЕЊЕ?
ЗА ВРЕМЕ НА ТУРСКОТО ВЛАДЕЕЊЕВО МАКЕДОНИЈА СЕ НАСЕЛИЛО ТУРСКО НАСЕЛЕНИ ОД МАЛА
АЗИЈА (ЈУРУЦИ, КОЊАРИ И ДР.), А ПОДОЦНА ЕВРЕИ, РОМИ, ВЛАСИ, АЛБАНЦИ И ДР.
5. ВО КОИ ДЕЛОВИ НА МАКЕДОНИЈА СЕ ВРШЕЛО ИСЛАМИЗАЦИЈА?
ПОМАСОВНА ИСЛАМИЗАЦИЈА БИЛА ИЗВРШЕНА ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ
НА МАКЕДОНИЈА ВО ДРИМКОЛ, ПО ДОЛИНАТА НА РЕКТА РАДИКА, ВО ИСТОЧНА
МАКЕДОНИЈА - БЕРОВСКО И ДЕЛЧЕВСКО, И ВО ЕГЕЈСКО-БЕЛОМОРСКИДЕЛ, ВО ПРОСТОРОТ
ОКОЛУ ДРАМА, СЕРЕС, КАВАЛА, ДЕМИРХИСАР И НА ДРУГИ МЕСТА
6. КОГА ЗАПОЧНАЛЕ ПОЧЕТОЦИТЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА И ДРЖАВА?
ПОЧЕТОЦИТЕ НА ФОРМИРАЊЕ СОВРЕМЕНА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА И ДРЖАВА ЗАПОЛНАЛЕ ВО
ТЕКОТ НА XIX ВЕК, А ТОА СЕ РЕАЛИЗИРАЛО ВО XX ВЕК
Г) МАКЕДОНИЈА ВО ТЕКОТ НА XX ВЕК
1. КОГА БИЛА ИЗВРШЕНА ПОДЕЛБАТА НА МАКЕДОНИЈА?
ВО 1913 ГОДИНА
2. КОГА ЗА ПРВ ПАТ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е ПРИЗНАТ КАКО ПОСЕБНА НАЦИЈА СО СВОЈ СЛУЖБЕН
ЈАЗИК?
НА КРАЈОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА МАКЕДОНИЈА ДОБИЛА РАМНОПРАВЕН СТАТУС КАКО
ФЕДЕРАЛНА ЕДИНИЦА ВО ДЕМОКРАТСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ЈУГОЛАСВИЈА. ТОГАШ ЗА ПРВПАТ
МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е ПРИЗНАТ КАКО ПОСЕБНА НАЦИЈА СО СВОЈ СЛУЖБЕН МАКЕДОНСКИ
ЈАЗИК.
3. КОГА МАКЕДОНИЈА СТАНУВА САМОСТОЈНА И НЕЗАВИСНА ДРЖАВА?
НА 8 СЕПТЕМВРИ 1991 ГОДИНА, СО РЕФЕРЕНДУММАКЕДОНИЈА БЕШЕ ПРОГЛАСЕНА ЗА
САМОСТОЈНА ДРЖАВА.
4. КОЈА ГОДИНА МАКЕДОНИЈА СТАНУВА ЧЛЕНКА НА ООН?
ВО 1993 ГОДИНА МАКЕДОНИЈА СТАНУВА 181 ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА ООН.

ДЕМОГРАФСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
a) БРОЈНО ДВИЖЕЊЕ НА НАСЕЛЕНИЕТО
1. ЗОШТО ЗА СЕКОЈА ДРЖАВА Е ВАЖНО ВКУПНИОТ БРОЈ НА НАСЕЛЕНИЕ?
ЗА СЕКОЈА ДРЖАВА Е ВАЖНО ВКУПНИОТ БРОЈ НА НАСЕЛЕНИЕ БИДЕЈЌИ ПРЕКУ НЕГО СЕ УТВРДУВА
БРОЈОТ НА ЛУЃЕТО КОИ СЕ ГЛАВЕНФАКТОР НА СЕКОЕ СТОПАНСТВО, ОДНОСНО СЕ ГЛАВНИ
НОСИТЕЛИ НА ПРОИЗВОДСТВОТО И НА ПОТРПШУВАЧКАТА НА МАТЕРИЈАЛНИТЕ ДОБРА.
2. ОД КОГА ДАТИРААТ ПРВИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА ВКУПНИОТ БРОЈ НА ЖИТЕЛИ ВО МАКЕДОНИЈА?
ПРВИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА ВКУПНИОТ БРОЈ НА ЖИТЕЛИ ВО МАКЕДОНИЈА ДАТИРААТ ОД 1900 И 1913
ГОДИНА. МЕЃУТОА, ОВИЕ ПОДАТОЦИ НЕ СЕ БАЗИРААТ НА СЛУЖБЕН ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО.
3. КОГА Е ИЗВРШЕН ПРВИОТ СЛУЖБЕН ПОПИС ВО МАКЕДОНИЈА?
ПРВИОТ СЛУЖБЕНИОТ ПОПИС СЕ ПРОВЕДЕН ВО 1921 ГОДИНА. ОТТОГАШ НАВАМУ СПРОВЕДЕНИ СЕ
ДЕСЕТ ПОПИСИ.
4. ПОРАДИ КОИ ПРИЧИНИ МОЖЕ ДА ДОЈДЕ ДО НАМАЛУВАЊЕ ИЛИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА
НАСЕЛЕНИЕТО МЕЃУ 2 ПОПИСИ?
ДО НАМАЛУВАЊЕ ИЛИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НАСЕЛЕНИЕТО МЕЃУ 2 ПОПИСИ МОЖЕ ДА ДОЈДЕ
ПОРАДИ ЛОШИТЕ ОПШТЕСТВЕНО-ПОЛИТИЧКАТА И ЕКОНОМСКАТА СОСТОЈБА, ЕМИГРИРАЊЕТО НА
НАСЕЛЕНИЕТО, ИСЕЛУВАЊЕТО НА ТУРСКОТО И ДРУГОТО МУСЛИМАНСКО НАСЕЛЕНИЕ,
ЕКОНОМСКОТО ЕМИГРИРАЊЕ ВО СТРАНСТВО И СЛ.
5. НАМАЛУВАЊЕ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ПЕРИОДОТ ОД 1900 ДО 1921 ГОДИНА И
ПРИЧИНИ?
НАМАЛУВАЊЕТО НА БРОЈОТ НА ЖИТЕЛИТЕ ОД 1900 ДО 1921 ГОДИНА, Е РЕЗУЛТАТ НА
ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ И ЕМИГРИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО СТРАНСТВО,
БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ, ПОДЕЛБАТА НА МАКЕДОНИЈА, МАСОВНОТО ИСЕЛУВАЊЕ НА ТУРЦИТЕ И
ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА.
6. НАМАЛУВАЊЕ ИЛИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ПЕРИОДОТ 1921-1931 И ПРИЧИНИ.
ОД 1921-1931 БРОЈОТ НА ЖИТЕЛИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ЗГОЛЕМУВА КАКО РЕЗУЛТАТ НА
ВИСОКИОТ ПРИРОДЕН ПРИРАСТ НА НАСЕЛЕНИЕТО И ДОСЕЛУВАЊЕТО НА КОЛОНИСТИТЕ
ОД СРБИЈА, ЦРНА ГОРА И ДАЛМАЦИЈА, КАКО И ВРАЌАЊЕТО НА ДЕЛ ОД ПОРАНО ЕМИГРИРАНОТО
МАКЕДОНСКО НАСЕЛЕНИЕ.
7. НАМАЛУВАЊЕ ИЛИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ПЕРИОДОТ 1931-1948 И ПРИЧИНИ.
ОД 1931 ДО 1948 ГОДИНА ИМАМЕЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО ЗА 215.000 ЖИТЕЛИ,
НОГОДИШНИОТ ПРИРАСТ НА НАСЕЛЕНИЕТО Е ПОНИЗОК ОД ПРИРОДНИОТ ПРИРАСТ. ТОА Е
ПОСЛЕДИЦА ОД ЖРТВИТЕ ВО ТЕКОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА, НА ЕМИГРИРАЊЕТО НА
ПОГОЛЕМ БРОЈ ОД ДОСЕЛЕНИЦИТЕ СРБИ, НА ИСЕЛУВАЊЕТО НА ДЕЛ ОД ВЛАСИТЕ ВО РОМАНИЈА И
ОПРЕДЕЛЕН БРОЈМАКЕДОНЦИВО ВОЈВОДИНА, КАКО И НА ПРИСИЛНОТО ИСЛУВАЊЕ НА ЕВРЕИТЕ И
НИВНО ЛИКВИДИРАЊЕ ОД СТРАНА НА ГЕРМАНЦИТЕ.
8. НАМАЛУВАЊЕ ИЛИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ПЕРИОДОТ 1948-1953 И ПРИЧИНИ.
ОД 1948 ДО 1953 ГОДИНА БРОЈОТ НАНАСЕЛЕНИЕ СЕ ЗГОЛЕМУВАЛ СО НАЈБРЗО ТЕМПО, А ТОА СЕ
ДОЛЖИ НЕ САМО НА ЗГОЛЕМЕНИОТ ПРИРОДЕН ПРИРАСТ, ТУКУИНА ДОСЕЛУВАЊЕТО НА
ГОЛЕМБРОЈ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈСКИ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА.
9. НАМАЛУВАЊЕ ИЛИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ПЕРИОДОТ 1953-1961 И ПРИЧИНИ.
ОД 1953 ДО 1961 ГОДИНА, СЕ КАРАКТЕРИЗИРА СО НИЗОК ГОДИШЕН ПРИРАСТ. ОСНОВНАТА
ПРИЧИНА Е МАСОВНОТО ИСЕЛУВАЊЕ НА ТУРЦИТЕ И НА ДРУГОТО МУСЛИМАНСКО НАСЕЛЕНИЕ
ОДМАКЕДОНИЈАВО ТУРЦИЈА.
10. НАМАЛУВАЊЕ ИЛИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ПЕРИОДОТ 1961-1971 И 1971-1981 И
ПРИЧИНИ.
ОД 1961 ДО 1971 И ОД 1971 ДО 1981 ГОДИНА, ИАКОЕ РЕГИСТРИРАНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈОТ
НА НАСЕЛЕНИЕТО, ЗАБЕЛЕЖАНО Е МАСОВНО ЕКОНОМСКО ИСЕЛУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ И
ДРУГОТО НАСЕЛЕНИЕ КОЕ ПРВО ЗАМИНАЛЕ НА ПРИВРЕМЕНО РАБОТА ВО СТРАНСТВО, А ПОДОЦНА
ДА ПРЕМИНЕ И ВО ТРАЈНО ИСЕЛУВАЊЕ.
11. НАМАЛУВАЊЕ ИЛИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ПЕРИОДОТ 1981-1991 И ПРИЧИНИ.
ОД 1981 ДО 1991 ГОДИНА И ОД 1991 ДО 1994 ГОДИНАСЕ ЗАБЕЛЕЖУВА И ЗГОЛЕМЕНО
ДОСЕЛУВАЊЕНА АЛБАНЦИ ОД КОСОВО, АЛБАНИЈА И ЈУЖНА СРБИЈА, КАКО И НА ОПРЕДЕЛЕН
БРОЈ БОШЊАЦИ ОД БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА.
12.ПЕРИОДОТ 1991-1994И ПРИЧИНИ.
б)ПРИРОДНО ДВИЖЕЊЕ НА НАСЕЛЕНИЕТО
1.ШТО Е ПРИРОДЕН ПРИРАСТ?
-ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ВКУПНИОТ БРОЈ НА НАСЕЛЕНИЕ ИЛИ ТОА Е РАЗЛИКА ПОМЕЃУ НАТАЛИТЕТОТ
И МОРТАЛИТЕТОТ.
2.ОД КОИ ФАКТОРИ ЗАВИСИ ПРИРОДНИОТ ПРИРАСТ?
-ПОРАСТОТ НА ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД, ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА, КУЛТУРНО-ОБРАЗОВНОТО НИВО
НА НАСЕЛЕНИЕТО, ЕДУКАЦИЈА НА БРАЧНИТЕ ПАРОВИ ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА СЕМЕЈСТВОТО,
ЕМАНЦИПАЦИЈАТА НА ЖЕНАТА, ПОПУЛАЦИОНАТА ПОЛИТИКА И СЛИЧНО.
3.ДАЛИ ПРИРОДНИОТ ПРИРАСТ Е ИСТ ВО СИТЕ КОТЛИНИ ВО МАКЕДОНИЈА И ОД ШТО ЗАВИСИ?
- НЕ Е ИСТ ВО СИТЕ КОТЛИНИ ВО МАКЕДОНИЈА, ТОА ЗАВИСИ ОД ЕТНИЧКИОТ СОСТАВ И ВЕРСКАТА
ПРИПАДНОСТ НА НАСЕЛЕНИЕТО.
4.КОИ ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ВИСОК ПРИРОДЕН ПРИРАСТ?
-ТОА СЕ: ДЕБАР, ГОСТИВАР, ТЕТОВО, СТРУГА, АРАЧИНОВО, БОГОВИЊЕ, ЖЕЛИНО, ЗАЈАС И ДР.
5.КОИ ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ НИЗОК ПРИРОДЕН ПОРАСТ?
-ТОА СЕ БИТОЛА, БЕРОВО, ДЕМИР КАПИЈА, ДЕМИР ХИСАР, ДРУГОВО, КРАТОВО, КРИВОГАШТАНИ,
НОВАЦИ, ДАБАРЦА, ПЕХЧЕВО, РЕСЕН, РОСОМАН, МОГИЛА, СОПОТНИЦА, МАКЕДОНСКИ БРОД И ДР.
6.ШТО НИ ПОКАЖУВА НАТАЛИТЕТОТ?
-БРОЈОТ НА ЖИВОРОДЕНИТЕ ДЕЦА ВО ОДНОС НА БРОЈОТ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ОПРЕДЕЛЕН
ПЕРИОД.
7.ШТО НИ ПОКАЖУВА МОРТАЛИТЕТОТ?
-БРОЈ НА СМРТНИ СЛУЧАИ ВО НЕКОЈА ПОПУЛАЦИЈА ИЛИ ВО ОДНОС НА ВКУПНОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО
ОДРЕДЕН ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД.

в)ГРАДСКО И СЕЛСКО НАСЕЛЕНИЕ


1.ПОРАДИ КОИ ПРИЧИНИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 50 ГОДИНИ ИМА ПОСТОЈАНО НАМАЛУВАЊЕ НА
СЕЛСКОТО НАСЕЛЕНИЕ, А ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ГРАДСКОТО?
-ТОА БИЛО ПОСЛЕДИЦА НА МИГРАЦИЈАТА СЕЛО-ГРАД, КОЈА Е ПРЕДИЗВИКАНА СО РАЗВОЈОТ ОД
ИНДУСТРИЈАТА И СО НЕЈЗИНИТЕ СЕ ПОГОЛЕМИ ПОТРЕБИ ОД РАБОТНА СИЛА, КАКО И СО
ПОЈАВАТА НА ВИШОК РАБОТНИЦИ ВО РАМКИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО.

г)ГУСТИНА НА НАСЕЛЕНОСТ
1.КОИ ФАКТОРИ ВЛИЈААТ НА ГУСТИНАТА НА НАСЕЛЕНОСТ?
-ТОА СЕ ПРИРОДНИОТ ПРИРАСТ НА НАСЕЛЕНИЕТО И РАЗВИЕНОСТА НА СТОПАНСТВОТО.
2.КОЛКАВА БИЛА ГУСТИНАТА НА НАСЕЛЕНОСТ 1948, А КОЛКУ Е ДЕНЕС?
-ГУСТИНАТА НА НАСЕЛЕНИЕТО БИЛА 44,8 ЖИТЕЛИ НА 1KM2, А ДЕНЕС ТАА ПРОСЕЧНО СЕ ДВИЖИ
ОКОЛУ 82 ЖИТЕЛИ НА 1KM2.
3.КОИ КОТЛИНИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ГУСТО НАСЕЛЕНИ?
-ТОА СЕ СКОПСКАТА КОТЛИНА, ПОЛОГ, ОХРИДСКО-СРТУШКАТА КОТЛИНА, КУМАНОВСКАТА
КОТЛИНА, СТРУМИЧКАТА КОТЛИНА ИТН.
4.КОИ ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ РЕТКО НАСЕЛЕНИ?
-ТОА СЕ МАРИОВСКАТА ОБЛАСТ, ПОРЕЧКАТА ОБЛАСТ, МАЛЕШЕВИЈАТА, ДЕМИРХИСАРСКАТА
ОБЛАСТ, КРАТОВСКАТА ОБЛАСТ, ПРЕСПА, ОВЧЕ ПОЛЕ И ДР.

СТРУКТУРНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСЕЛЕНИЕТО

1.ЗОШТО ЗА СЕКОЈА ДРЖАВА СЕ ВАЖНИ СТРУКТУРНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСЕЛЕНИЕТО?

-ВО СИТЕ ЗЕМЈИ ЗА РАЗВОЈОТ НА СТОПАНСТВОТО, СТРУКТУРНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА


НАСЕЛЕНИЕТО СЕ ЗНАЧАЕН ПОКАЗАТЕЛ ЗА ДИНАМИКАТА НА ПОПУЛАЦИЈАТА.

2.КОИ СЕ ОСНОВНИ СТРУКТУРИ НА НАСЕЛЕНИЕТО?

-ТОА СЕ: ПОЛОВАТА, СТАРОСНАТА, ОБРАЗОВНАТА, ЕКОНОМСКАТА, ЕТНИЧКАТА И ДР.

а) ПОЛОВА СТРУКТУРА

1.ЗОШТО Е ВАЖНА ПОЛОВАТА СТРУКТУРА?

-ТАА Е ВАЖНА БИДЕЈЌИ ОД НЕА ЗАВИСИ ПРИРОДНИОТ ПРИРАСТ, ОДНОСНО, РЕПРОДУКЦИЈАТА НА


НАСЕЛЕНИЕТО , КОЈА ВЛИЈАЕ И ВРЗ РАЗВОЈОТ НА СТОПАНСТВОТО.

2.КОЈ ПОЛ ПРЕОВЛАДУВА ВО МАКЕДОНИЈА?

-ВО МАКЕДОНИЈА ПРЕОВЛАДУВА МАШКИОТ ПОЛ.

б) СТАРОСНА СТРУКТУРА

1.ЗОШТО Е ВАЖНА СТАРОСНАТА СТРУКТУРА?

-БИДЕЈЌИ ОД НЕА МОЖЕ ДА СЕ СОГЛЕДА КАКВИ СЕ МОЖНОСТИТЕ ЗА РАЗВОЈ НА СТОПАНСТВОТО ,


ЗА РЕПРОДУКЦИЈА НА НАСЕЛЕНИЕТО, ПОТОА КАКВА Е СОСТОЈБАТА ВО ОДНОСОТ МЕЃУ АКТИВНО И
ИЗДРЖУВАНОТО НАСЕЛЕНИЕ, КАКВА Е РАБОТНАТА СПОСОБНОСТ, ОДНОСНО СТАРОСТА НА ЛУЃЕТО
И СЛ.

2.КАКО СЕ ДЕЛИ НАСЕЛЕНИЕТО ПО СТАРОСТ?

-НАСЕЛЕНИЕТО ПО СТАРОСТ СЕ ДЕЛИ НА: 0-19 ГОДИНИ, 20-59 ГОДИНИ И ПОВЕЌЕ ОД 60 ГОДИНИ.

3.ЗОШТО Е ВАЖНА СТАРОСНАТА ГРУПА ДО 19 ГОД. ?

-БИДЕЈЌИ ТАА ПРЕТСТАВУВА ВАЖЕН ФАКТОР ЗА НАШИОТ ПЕРСПЕКТИВЕН РАЗВОЈ КАКО ИДНО
АКТИВНО НАСЕЛЕНИЕ.

4.ШТО ПРЕТСТАВУВА СТАРОСНАТА ГРУПА ОД 20 ДО 60 ГОД. ?

-ТАА ГО ОПФАЌА АКТИВНОТО НАСЕЛЕНИЕ КОЕ ГО ИЗДРЖУВА МЛАДОТО НАСЕЛЕНИЕ.

5.ШТО ПРЕТСТАВУВА СТАРОСНАТА ГРУПА НАД 60 ГОД. ?


- ОВАА ГРУПА ГО ПОКАЖУВА БРОЈОТ НА НАЈВОЗРАСНИТЕ ЛИЦА ВО ЗЕМЈАТАИ ДАЛИ И КОЛКУ Е
ЗАФАТЕНА ДРЖАВАТА СО ДЕМОГРАФСКО СТАРЕЕЊЕ.

6.КОИ ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ НАЈГОЛЕМ ПРОЦЕНТ НА СТАРО НАСЕЛЕНИЕ?

- ВО 29 ОПШТИНИ СТАРОТО НАСЕЛЕНИЕ Е ПОВЕЌЕ ОД 13%, А ВО 26 ОПШТИНИ СТАРОТО НАСЕЛЕНИЕ


Е ОД 20% ДО 30%: НОВАЦИ, ДЕБРЦА, ВРАНЕШТИЦА, СТАРО НАГОРИЧАНЕ, ДРУГОВО, ДЕМИР ХИСАР.

7.КОИ ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ НАЈГОЛЕМ ПРОЦЕНТ НА МЛАДО НАСЕЛЕНИЕ?

- ВО 20 ОПШТИНИ МЛАДОТО НАСЕЛЕНИЕ Е ПОВЕЌЕ ОД 33%, А ВО 6 Е ПОВЕЌЕ ОД 40%: АРАЧИНОВО,


ЛИПКОВО, ЦЕНТАР ЖУПА, ПЛАСНИЦА, ЖЕЛИНО, СТУДЕНИЧАНИ.

В) ЕКОНОМСКА СТРУКТУРА НА НАСЕЛЕНИЕТО

1. ЗОШТО Е ВАЖНА ЕКОНОМСКАТА СТРУКТУРА?

-ИМА ВАЖНА УЛОГА ВО СТОПАНСКИОТ РАЗВОЈ НА ЗЕМЈАТА И ДЕМОГРАФСКИОТ РАЗВОЈ НА


НАСЕЛЕНИЕТО.

2. КАКО СЕ ДЕЛИНАЕЛЕНИЕТО СПОРЕД АКТИВНОСТА НА КОЛКУ ГРУПИ?

-СПОРЕД АКТИВНОСТ НАСЕЛЕНИЕТО ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ДЕЛИ ВО 3 ГРУПИ: АКТИВНО НАСЕЛЕНИЕ,


ИЗДЖУВАНО НАСЕЛЕНИЕ И ЛИЦА СО ЛИЧНИ ПРИХОДИ.

3. КОЕ Е АКТИВНО НАСЕЛЕНИЕ?

-АКТИВНО НАСЕЛЕНИЕ Е ОНА КОЕ Е ВРАБОТЕНО И КОЕ ВРШИ НЕКО ЗАНИМАЊЕ, СО ЦЕЛ ДА СЕ
ЗДОБИЕ СО СРЕДСТВА ЗА ЖИВОТ.

4. КОИ СЕ ИЗДРЖУВАНИ ЛИЦА?

-ИЗДРЖУВАНИ ЛИЦА СЕ ОНИЕ КОИ НЕ СЕ ВО РАБОТЕН ОДНОС:ДЕЦАТА, УЧЕНИЦИТЕ, СТУДЕНТИТЕ,


ДОМАЌИНКИТЕ И ДРУГИТЕ ЛИЦА КОИШТО ГИ ИЗДРУЖВААТ АКТИВНОТО НАСЕЛЕНИЕ ИЛИ ЛИЦАТА
СО ЛИЧНИ ПРИМАЊА.

5. КОИ СЕ ЛИЦА СО ЛИЧНИ ПРИХОДИ (ПРИМАЊА)?

-ЛИЦА СО ЛИЧНИ ПРИМАЊА СЕ ОНИЕ КОИ ИМААТ СВОЈ ПРИГОД СО КОЈ СЕ ИЗДРЖУВААТ, НО НЕ СЕ
ВО РАБОТЕН ОДНОС. ТАКВИ СЕ ПЕНЗИОНЕРИТЕ, ИНВАЛИДИТЕ, ЛИЦАТА КОИ ПРИМААТ СОЦИЈАЛНА
ПОМОШ, ЛИЦАТА КОИ ИЗДАВААТ НЕКОЈ ИМОТ И ДР.

Г) ОБРАЗОВНА СТРУКТУРА

1. ЗОШТО Е ВАЖНА ОБРАЗОВНАТА СТРУКТУРА?

-ОБРАЗОВНАТА СТРУКТУРА НА НАСЕЛЕНИЕТО Е ВАЖНА ЗА РАЗВОЈОТ НА СТОПАНСТВОТОИ ЗА


СЕОПФАТНИОТ НАПРЕДОК НА ДРЖАВАТА.
2. КАЈ КОЈА СТАРОСНА ГРУПАСЕ ЈАВУВА НЕПИСМЕНОСТ?

-НЕПИСМЕНОСТ СЕ ЈАВУВА КАЈ НАЈСТАРИТЕ ВОЗРАСНИ ГРУПИ И ТОА ПРЕТЕЖНО КАЈ ЖЕНИТЕ ВО
СЕЛСКИТЕ СРЕДИНИ.

Д) БРОЈ, ГОЛЕМИНА И СТРУКТУРА НА ДОМАЌИНСТВАТА

1.ЗОШТО Е ВАЖНА ОВА ПОДЕЛБА?

-ОВАА ПОДЕЛБА Е ВАЖНА ЗА ДА СЕ СОГЛЕДА ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД ВО ЕДНА ДРЖАВА.

2. ДАЛИ БРОЈОТНА ДОМАЌИНСТВАОД 1948ГОДИНА НАВАМУСЕ ЗГОЛЕМУБВА ИЛИ ОПАЃА?

-ОД 1948 ГОДИНА НАВАМУ БРОЈОТ НА ДОМАЌИНСТВА ПОСТОЈАНО СЕ ЗГОЛЕМУВА. ТОА Е ПОРАДИ
ПОРАСТОТ НА ВКУПНОТО НАСЕЛЕНИЕИ РАЗДЕЛУВАЊЕТО НА ПОГОЛЕМИТЕ ДОМАЌИНСТВА НА
ПОМАЛИ.

3. КАКО СЕ ДЕЛАТ ДОМАЌИНСТВАТА СПОРЕД ИЗВОРИТЕ НА ПРИХОДИ?

-СПОРЕД ИЗВОРИТЕ НА ПРИХОДИ, ДОМАЌИНСТВАТА СЕ ДЕЛАТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ, НЕЗЕМЈОДЕЛСКИ


ИМЕШОВИТИ.

Ѓ) ЕТНИЧКА, ВЕРСКА, КУЛТУРНА И ЕТНОГРАФСКА СТРУКТУРА НА НАСЕЛЕНИЕТО

1. КОИ НАРОДИ ОСВЕН МАКЕДОНЦИТЕ ЖИВЕАТ ВО РСМ.

-ВО РСМ ПОКРАЈ МАКЕДОНЦИ ЖИВЕАТ УШТЕ И ПРЕТСТАВНИЦИ НА 22 НАЦИОНАЛНОСТИ И ЧЕТИРИ


ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ: АЛБАНЦИ, ТУРЦИ, БОШЊАЦИ, ВЛАСИ, СРБИ, РОМИ И ДР.

2. КАКВА ЕПРОЦЕНТУАЛНАТА ЗАСТАПЕНОСТ НА СИТЕ НАРОДИВО РСМ?

-МАКЕДОНЦИ 64 %, АЛБАНЦИ 25 %, ТУРЦИ 3,8 %, РОМИ2,7 %, СРБИ1,8 %, ВЛАСИ0,5 %,


БОШЊАЦИ0,8 %, НЕОПРЕДЕЛЕНИ 1,0 %.

3. ВО КОИ ОПШТИНИ МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НАЈМНОГУ ЗАСТАПЕНИ?

-ВО ОПШТИНИТЕ: КРИВОГАШТАНИ, ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО, ЗРНОВЦИ, НОВО СЕЛО, ВЕВЧАНИ,


МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА, НОВАЦИ, ПРОБИШТИП, КРАТОВО.

4. ВО КОИ ОПШТИНИ ИМА ПОВЕЌЕ МАКЕДОНСКИ АЛБАНЦИ?

-ОПШТИНА ЖЕЛИНО, ЛИПКОВО, ОСЛОМЕЈ, АРАЧИНОВО, БОГОВИЊЕ, ЗАЈАС, САРАЈ

5. ВО КОИ ОПШТИНИ ИМА ПОГОЛЕМА ЗАСТАПЕНОСТ НА ТУРСКО НАСЕЛЕНИЕ?

-ПЛАСНИЦА, ЦЕНТАР ЖУПА, ЧАИР, ГОСТИВАР, РАДОВИШ, СТРУГА, ОХРИД, КИЧЕВО, БИТОЛА, РЕСЕН,
МАВРОВО, РОСТУШЕ, СТРУМИЦА, ДОЛНЕНИ, ДЕБАР, ВРАПЧИШТЕ, ВЕЛЕС, ВАСИЛЕВО,ВАЛАНДОВО

6. ВО КОИ ОПШТИНИ ИМА ПОВЕЌЕ СРПСКО НАСЕЛЕНИЕ?

-СКОПЈЕ, КУМАНОВО, ЧИЧЕР-САНДЕВО И СТАРО НАГОРИЧАНЕ


7. ВО КОИ ОПШТИНИ ИМА НАЈМНОГУ РОМИ И ОД КАДЕ ПОТЕКНУВААТ?

-ВО ШУТО ОРИЗАРИ, ПО ПОТЕКЛОСЕ ОД ИНДИЈА, ОДИНДИСКАТА ДРЖАВА ПЕНЏАП.

8. ВО КОИ ОПШТИНИ ЖИВЕАТ ВЛАСИ?

-ШТИП, СКОПЈЕ, БИТОЛА, КРУШЕВО, СТРУГА

Е) ВЕРСКА, РЕЛИГИОЗНА И КУЛТУРНА СТРУКТУРА

1. КОИ РЕЛИГИИ СЕ ЗАСТАПЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА?.

-ХРИСТИЈАНСТВОТО, ИСЛАМСКАТА РЕЛИГИЈА, КАТОЛИЦИ, ПРОТЕСТАНТИ И ДР.

2. КОИ СЕ КАРАКТЕРИСТИКИТЕ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО?

-НА ПРОСТОРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА, ПРАВОСЛАВИЕТО ДАТИРА ОД МНОГУ ОДАМНА, ОД I ВЕК ОД


НОВАТА ЕРА, А ТУКА ЈА ДОНЕЛ АПОСТОЛ ПАВЛЕ. ДОЛГО ВРЕМЕ ПРАВОСЛАВНАТА ВЕРА ЈА ШИРЕЛА
ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА, СО СЕДИШТЕ ВО ОХРИД. ВЕРСКИТЕ ОБРЕДИ НА ПРАВОСЛАВНИТЕ
ВЕРНИЦИ СЕ ВРШАТ ВО ГОЛЕМ БРОЈ ЦРКВИ И МАНАСТИРИ.ТОА СЕ ПРВИТЕ ДУХОВНИ И КУЛТУРНИ
ЦЕНТРИ ВО КОИ СЕ ОРГАНИЗИРАЛО ОПИСМЕНУВАЊЕТО НА ЛУЃЕТО. ВО ОВИЕ ДУХОВНИ ХРАМОВИ
СЕ НЕГУВАЛЕ ФРЕСКОСЛИКАРСТВОТО, ЖИВОПИСОТ, РЕЗБАРСТВОТО, ОДНОСНО ВО НИВ СЕ НАОЃА
НЕПРОЦЕНЛИВО КУЛТУРНО БОГАТСТВО НА МАКЕДОНИЈА

3. КОИ СЕ КАРАКТЕРИСТИКИТЕ НА ИСЛАМСКАТА РЕЛИГИЈА?

-ПРЕТЕЖНО ТОА Е РЕЛИГИЈА НА АЛБАНЦИТЕ И НА ТУРЦИТЕ И НА МАКЕДОНЦИТЕ ИРОМИТЕ СО


ИСЛАМСКА ВЕРОИСПОВЕСТ. ОВАА РЕЛИГИЈА НАСТАНАЛА ВО САУДИСКА АРАБИЈА ВО VIII ВЕК, А НА
ПРОСТОРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА, ЈА ПРЕНЕЛЕ ТУРЦИТЕ (КОН КРАЈОТ НА XV ВЕК), ПРИ НИВНОТО
ДОАЃАЊЕ НА БАЛКАНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ.

Ж) ЕТНОГРАФСКИ ОДЛИКИ