Вы находитесь на странице: 1из 445

Copyright© 2009, Donato Carrisi

Прво издание на македонски јазик 2011

Наслов на оригиналот
Donato Carrisi
THE WHISPERER

Донато Каризи
ШЕПНУВАЧОТ

Печатено во Македонија
Превод: Горица Попова
Клуб Матица ©

обрада: Лена
www.balkandownload.org

2
ДОНАТО КАРИЗИ

ШЕПНУВАЧОТ

3
ЗАТВОР ■■■■■
КАЗНЕН ОДДЕЛ БР. 45
ИЗВЕШТАЈ ОД ДИРЕКТОРОТ,
АЛФОНС БЕРЕНЖЕ
23 НОЕМВРИ

НА ЗНАЕЊЕ НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА
ОБЛАСНИОТ ОБВИНИТЕЛ
Џ. Б. МАРИН

ПРЕДМЕТ: ДОВЕРЛИВО
ПОЧИТУВАН ГОСПОДИНЕ МАРИН,

САКАМ ДА ВЕ ИНФОРМИРАМ ЗА ЧУДНИОТ СЛУЧАЈ СО ЕДЕН ОД НАШИТЕ


ЗАТВОРЕНИЦИ.
ОДНОСНАТА ЛИЧНОСТ Е ЗАТВОРЕНИК БРОЈ РК-357/9. САМО НА ОВОЈ НАЧИН
МОЖЕМЕ ДА ИНФОРМИРАМЕ ЗА НЕГО , ЗАТОА ШТО ТОЈ ПОСТОЈАНО ОДБИВА ДА
ГИ КАЖЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ.
НЕГОВОТО АПСЕЊЕ СЕ СЛУЧИ НА 22 ОКТОМВРИ. ЧОВЕКОТ ТАЛКАЛ НОЌУМ –
САМ И БЕЗ ОБЛЕКА – ПО СЕЛСКИОТ ПАТ ВО БЛИЗИНА НА ГРАДОТ ■■■■■
СПОРЕДБАТА НА ОТПЕЧАТОЦИТЕ ОД ПРСТИТЕ НА СУБЈЕКТОТ СО ОНИЕ ШТО СЕ
СОДРЖАНИ ВО АРХИВИТЕ ЈА ИСКЛУЧУВА НЕГОВАТА ВМЕШАНОСТ ВО
ПРЕТХОДЕН КРИМИНАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ . ПОКРАЈ ТОА, СО ПОСТОЈАНОТО
ОДБИВАЊЕ ДА ГО ОТКРИЕ СВОЈОТ ИДЕНТИТЕТ , ДУРИ И ПРЕД СУДОТ , ЗАРАБОТИ
КАЗНА ЗАТВОР ОД ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ И ОСУМНАЕСЕТ ДЕНА.
ОД МОМЕНТОТ КОГА СТАПНА ВО ЗАТВОРОТ , ЗАТВОРЕНИКОТ РК-357/9
НИКОГАШ НЕ ПОКАЖА НИТУ ЕДЕН ЗНАК НА НЕДИСЦИПЛИНА И СЕКОГАШ ГИ
ПОЧИТУВА, ЗАТВОРСКИТЕ ПРАВИЛА . СУБЈЕКТОТ СЕ ДРЖИ ИЗОЛИРАНО И
ОДБИВА ДА СЕ СОЦИЈАЛИЗИРА . МОЖЕБИ ПОРАДИ ОВАА ПРИЧИНА , НИКОЈ НЕ
БЕШЕ СВЕСЕН ЗА ЕДНА НЕГОВА ОСОБЕНА КАРАКТЕРИСТИКА , ШТО НЕОДАМНА ЈА
ЗАБЕЛЕЖАЛ ЕДЕН ОД НАШИТЕ ЧУВАРИ . ЗАТВОРЕНИКОТ РК-357/9 ГО БРИШЕ И
ГО ПОЛИРА СО ПАРЧЕ ФИЛЦ СЕКОЈ ПРЕДМЕТ СО КОЈШТО ЌЕ ДОЈДЕ ВО КОНТАКТ ;
СЕКОЈ ДЕН ГИ СОБИРА СИТЕ ВЛАКНА ШТО МУ ПАДНАЛЕ ОД КОСАТА ; ДО

4
ПЕРФЕКЦИЈА. ГИ ПОЛИРА ЛАВАБОТО , СЛАВИНИТЕ И ТОАЛЕТОТ СЕКОЈПАТ
ОТКАКО ЌЕ ГИ УПОТРЕБИ.
ОЧИГЛЕДНО Е ДЕКА. СЕ СООЧУВАМЕ СО НЕКОЈ СО МАНИЈА ЗА ХИГИЕНА, ИЛИ,
ВЕРОЈАТНО, СО ЛИЧНОСТ КОЈА САКА ПО СЕКОЈА. ЦЕНА ДА ГО ИЗБЕГНЕ
ОСТАВАЊЕТО ЗАД СЕБЕ ’ОРГАНСКИ МАТЕРИЈАЛ’.
ОТТАМУ, СЕРИОЗНО СЕ СОМНЕВАМЕ ДЕКА ЗАТВОРЕНИКОТ РК-357/9 СТОРИЛ
ОСОБЕНО СЕРИОЗЕН КРИМИНАЛ И САКА ДА НЕ СПРЕЧИ ДА МУ ЗЕМЕМЕ ДНК ЗА
ДА ГО ИДЕНТИФИКУВАМЕ.
ДОСЕГА СУБЈЕКТОТ ЈА ДЕЛЕШЕ ЌЕЛИЈАТА СО ДРУГ ОСУДЕНИК , ШТО
НЕСОМНЕНО МУ ПОМОГНАЛО ДА ГИ ИЗМЕША. СВОИТЕ БИОЛОШКИ ТРАГИ .
СПОРЕД ТОА, ОТКАКО ЈА ОТКРИВМЕ НЕГОВАТА НАВИКА , НАШАТА ПРВА МЕРКА
БЕШЕ ДА ГО ТРГНЕМЕ ОД ОПКРУЖУВАЊЕТО И ДА ГО ИЗОЛИРАМЕ.
ВЕ ИНФОРМИРАМ ЗА ПРЕТХОДНОВО , ЗАТОА ШТО ЌЕ ПОЧНАМ СООДВЕТНО
ИСТРАЖУВАЊЕ И ЌЕ БАРАМ , ДОКОЛКУ Е НЕОПХОДНО , СО ИТНИ МЕРКИ ДА ГО
НАТЕРАМ ЗАТВОРЕНИКОТ РК-357/9 ДА ДОЗВОЛИ ЗЕМАЊЕ ПРИМЕРОК ОД
НЕГОВАТА ДНК.
ПРЕДМЕТОВ Е ИТЕН, БИДЕЈЌИ ПО ТОЧНО 109 ДЕНА (НА 12 МАРТ) СУБЈЕКТОТ
ЌЕ ЈА ОТСЛУЖИ СВОЈАТА. КАЗНА.

СО ПОЧИТ ВАШ,
ДИРЕКТОР
Д-Р АЛФОНС БЕРЕНЖЕ

5
1

Некаде во близината на В.
5 февруари

Г олемата ноќна пеперуга што го пренесуваше, по сеќавање се


движеше во ноќта. Павкаше со своите правливи крилја,
пробивајќи се низ заспаните планини што лежат како џинови,
свртени грб со грб.
Над нив, кадифено небо. Долу, густа шума.
Пилотот се заврти кон патникот и покажа напред, кон огромната
бела дупка на Земјата што личеше на блескаво грло на вулкан.
Хеликоптерот скршна во таа насока.
Седум минути подоцна тие слетаа на работ на автопатот. Патот
беше затворен, а областа ја обезбедуваше полиција. Еден човек во
син костум помина под перките и го поздрави патникот, задржувајќи
ја најдобро што може својата разлетана врска.
„Д-р Гавила, Ве очекувавме“, му рече гласно за да спречи гласот да
му се загуби во бучавата на роторите.
Горан Гавила не одговори.
Специјалниот агент Стерн продолжи: „Дојдете со мене, ќе Ви
објаснам патем.“
Одеа по импровизираната патека, оставајќи го зад себе звукот на
хеликоптерот, што повторно полета, вивнувајќи се во мастилавото
небо.
Маглата се превиваше како завеса, заматувајќи ги рабовите на
ридовите. Околу нив – мирисите на шумата, измешани и засладени
со ноќната влага што се креваше од внатрешноста на нивната облека,
студено ползејќи им по кожата.
„Не беше лесно, Ве уверувам: навистина тоа мора да го видите со
сопствени очи.“
Агентот Стерн одеше неколку чекори пред Горан, патем

6
разгрнувајќи ги грмушките со раце, зборувајќи му без да гледа
наоколу.
„Се почнало изутрината околу единаесет. Две мали деца оделе по
патеката со својот пес. Влегле во шумата, се искачиле по ридот и
дошле на полјанката. Песот е лабрадор и, како што знаете, тоа се
песови кои сакаат да копаат... па одеднаш побеснел затоа што
почувствувал мирис. Издлабил дупка. И се појавил првиот.“
Горан се обиде да држи чекор додека се пробиваа низ вегетацијата,
која стануваше се погуста по падината, што постепено стануваше се
пострмна. Тој забележа дека Стерн има мала дупка во панталоните,
во висина на коленото, знак дека го има поминато овој пат
неколкупати таа ноќ.
„Очигледно, децата веднаш истрчале и ја алармирале локалната
полиција“, продолжи агентот. „Досега, само рутински активности.
Тогаш некој се сетил повторно да ископува за да се види дали постои
нешто друго... и се појавил вториот! Тогаш, не повикаа: тука сме од
три часот па досега. Значи, тука сме...“
Една мала полјанка се отвори пред нив, осветлена од рефлектори –
болскотливата уста на вулканот. Одеднаш, мирисите на шумата
исчезнаа, а луѓето ги удри реа која не може да не се препознае. Горан
ја крена главата, дозволувајќи да го исполни мирисот. Фенолна
киселина, си рече во себе.
А потоа го виде.
Круг од мали гробови. И околу триесетмина луѓе во бели
комбинезони, како копаат во таа марсовска халогена светлина,
вооружени со мали лопатки и четки за да ја отстранат земјата колку
што е можно повнимателно. Некои од нив ја чешлаа тревата, други
фотографираа и внимателно каталогизираа се што ќе најдеа. Тие се
движеа забавено. Нивните гестови беа прецизни, одмерени,
хипнотизирачки, завиткани во ритуална тишина што ја разбиваа само
повремените мали експлозии на блицовите.
Горан можеше да ги види специјалните агенти Сара Роза и Клаус
Борис. И Роше, главниот инспектор, кој го препозна и веднаш дојде
со крупни чекори. Пред да може да ја отвори устата, Горан го

7
пресече со прашање.
„Колку?“
„Пет. Секој од нив е педесет сантиметри долг, до дваесет широк и
педесет длабок... Што мислите, што би можеле да закопате во дупки
како овие?“
Едно нешто во сите од нив. Истото нешто.
Криминологот се џареше во него со исчекување.
Одговорот пристигна: „Лева рака.“
Горан се заврти за да ги погледне луѓето во бели комбинезони кои
работеа потаму, во тие апсурдни шумски гробишта. Земјата нудеше
само останки што се распаѓаа, но потеклото на злото што ги донесло
тука мора да лежи некаде пред нестварното и запрено време.
„Тие ли се?“, праша Горан. Но овојпат тој веќе го знаеше одговорот.
„Според Пи-Ци-Ар анализите, женски се. Тие, исто така, им
припаѓаат на Белци и се на возраст од седум до тринаесет...“
Деца.
Роше ја изговори реченицата без никаква промена во гласот. Како
плунка што ви остава горчлив вкус во устата ако ја задржите.
Деби. Анеке. Сабина. Мелиса. Каролина.
Почна пред дваесет и пет дена, како мала сторија во некое
провинциско списание: од еден престижен интернат за деца на
богатите, исчезна млада ученичка. Секој би помислил дека избегала.
Момичката за која станува збор имаше дванаесет години и се викаше
Деби. Нејзините школски другарки се сеќаваа дека ја виделе како си
заминува по часовите. Го забележале нејзиното отсуство дури во
спалната соба за момички, за време на вечерното пријавување. Тоа
неверојатно многу личеше на еден од оние настани што создаваат
статии од средна големина на третата страница, а потоа тивко
исчезнуваат во рубриката Друш вести, очекувајќи предвидлив среќен
крај.
А потоа исчезнала Анеке.
Таа потекнуваше од едно мало село со дрвени куќи и со бела црква.
Анеке имаше десет години.
Првин, помислиле дека се загубила во шумата, каде што често

8
заминувала со својот велосипед за ридско возење. Во потрагата се
вклучило целото локално население. Но, безуспешно.
Пред да можат да откријат што навистина се случува, повторно се
случило истото.
Третата момичка се викаше Сабина; таа беше најмала, имаше седум
години. Се случило во градот, во сабота навечер. Отишла на
панаѓурот со своите родители, како и многу други семејства со деца.
Таму се качила на коњче на рингишпилот, којшто бил полн со деца.
Мајка и ја гледала кога се свртила еднаш, и и мавнала. И втор пат, и
пак и мавнала. Третиот пат, Сабина не била таму.
Дури тогаш некој помислил дека исчезнувањето на три деца за три
дни може да претставува ненормална појава.
Почнала потрага од голем обем. Имало телевизиски обраќања.
Одненадеж, луѓето зборувале за некаков манијак, или за неколкцина
такви, можеби и цела банда. Но, немало показатели што би
помогнале да се стесни потрагата. Полицијата воспоставила
специјална линија наменета за собирање информации, вклучувајќи и
анонимни јавувања. Имало стотици индикации; би биле потребни
месеци и месеци за да се проверат сите. Меѓутоа, на малите момички
им немало трага. Да биде работата полоша, поради тоа што
исчезнувањата се случиле во различни места, локалните полициски
сили не можеле да се усогласат чија е крајната одговорност.
Тогаш била повикана единицата за насилен криминал, предводена
од главниот инспектор Роше. Случаите на исчезнати лица,
вообичаено, не биле во негова надлежност, но поради планинската
хистерија, тоа се третирало како исклучок.
Роше и неговите луѓе веќе работеле на случајот, кога исчезнала
момичката број четири.
Мелиса беше најстара: имаше тринаесет години. Како и сите
момички на нејзина возраст, таа била под полициски час од
нејзините родители кои страхувале дека може да стане нова жртва на
манијакот кој ја тероризира покраината. Но, нејзината принудна
изолација коинцидирала со нејзиниот роденден и Мелиса имала
други идеи за вечерта. Таа и нејзините другарки и другари смислиле

9
мал план за бегство и за забава во кугланата. Пристигнале сите
нејзини пријателки и пријатели. Мелиса била единствената којашто
не се појавила.
Од тој момент натаму почнал ловот по монструмот, кој често бил
конфузен и импровизиран во моментот. Луѓето се мобилизирале,
подготвени да ја земат правдата во свои раце. Полицијата ги
блокирала патиштата насекаде околу местото. Се заострила
проверката на луѓето кои биле осудувани или осомничени за
криминал против малолетници. Родителите не се осмелувале да ги
пуштаат своите деца надвор, дури ни за на училиште. Многу
училишта биле затворени, на радост на учениците. Луѓето ги
напуштале своите домови само кога тоа било неопходно потребно.
По определено време во денот, градовите и селата се празнеле.
Неколку дена немало вести за нови исчезнувања.
Некои луѓе почнале да мислат дека сите преземени чекори и мерки
на претпазливост го дале саканиот ефект на обесхрабрување на
манијакот. Но, згрешиле.
Грабнувањето на петтата мала момичка беше најсензационално.
Таа се викаше Каролина, имаше единаесет години. Била грабната од
својот кревет, додека спиела во собата, веднаш до своите родители,
кои не забележале ништо.
Пет мали момички киднапирани во текот на една седмица. Потоа
седумнаесет мошне долги денови молк.
Се досега.
Се до овие пет закопани раце.
Деби. Анеке. Сабина. Мелиса. Каролина.
Горан го разгледуваше кругот на малите ровови. Ужасна варијанта
на играта „прстен околу розите“ 1. Тој речиси можеше да го слушне
нејзиното пеење.
„Отсега натаму е јасно дека веќе немаме работа со случај на
исчезнати личности“, рече Роше, повикувајќи ги со раката сите околу
себе да го слушнат краткиот говор.
Тие беа навикнати на ова. Роза, Борис и Стерн му се придружија и
слушаа, со очи фиксирани вземи и со раце прекрстени зад грб.

10
Роше почна: „Размислувам за личноста која вечерва не доведе тука.
Личноста која предвиде дека ќе се случи сево ова. Ние сме тука,
затоа што тој сакал да бидеме тука, затоа што тој го замислил тоа. И
тој го смисли сево ова за нас. Затоа што спектаклот е за нас. Сето тоа
го подготвил мошне внимателно. Тестирајќи го моментот, тестирајќи
ја нашата реакција. За да не изненади. За да ни даде до знаење кој е
голем и моќен.“
Тие кимаа со главите.
Кој и да беше одговорен за ова, успеа тоа да го направи сосема
незабележливо.
Роше, кој веќе извесно време го имаше вклучено Гавила во групата
за сите намери и цели, забележа дека криминологот е растроен, а
дека очите му се безизразни, како да си размислува за нешто друго.
„Па, докторе Гавила, што мислите?“
Горан ја разби краткотрајната мртва тишина и само рече:
„Птиците.“
Првин никој не го разбра.
Тој продолжи, рамнодушно: „Немав забележано доаѓајќи наваму,
тукушто ми падна в очи. Чудно е. Слушајте...“
Гласови на илјадници птици се слушаа од темната шума.
„Тие пеат“, рече зачудено Роза.
Горан се заврти накај неа и се согласи, потврдувајќи со главата.
„Тоа е од рефлекторите... тие мислат дека светлината е од
разденувањето. И тие пеат“, забележа Борис.
„Мислиш ли дека тоа има смисла?“, продолжи Горан, овојпат
погледнувајќи ги. „Па, сепак, има... пет закопани раце. Делови. Без
тела. Би можеле да кажеме дека во сето тоа нема реална суровост.
Без тела, нема лица. Без лица, нема индивидуи, дури ниту луѓе.
Само треба да се прашаме себеси: ’Каде се децата?’. Затоа што тие
не се овде, во овие ровови. Не можеме да им погледнеме во очите. Не
можеме да видиме дека тие се како нас. Затоа што нема ништо
човечко во ниту едно од овие. Тоа се само делови... Нема
сочувственост. Не им дал ниту малку. Тој не ни оставил ништо
друго, освен страв. Не може да се чувствува жал за овие мали жртви.

11
Тој сакал само да знаеме дека тие се мртви... Мислите ли дека има
смисла? Илјадници птици во темнината, принудени да пеат како
одговор на невозможната светлина. Но тоа е производ на една
илузија. И мора да се биде внимателен со илузионистите: понекогаш
злото не залажува со претпоставки за наједноставните форми на
нештата.“
Тишина. Уште еднаш криминологот улови мала, но силна
симболика. Она што другите честопати не можеа да го видат или – во
случајов – да го слушнат. Деталите, основите, нијансите. Сенките
што ги обвиткуваат нештата, ’темната дупка’ во која се крие злото.
Секој убиец има „план“; прецизен образец што му дава
сатисфакција, дури и гордост. Најтешката задача е да се разбере која
е неговата визија. Токму затоа Горан беше таму. Да го открие тоа
необјасниво зло со уверливите поими на својата наука.
Во тој момент, еден техничар во бел комбинезон им се приближи и
со збунет израз на своето лице, директно му се обрати на главниот
инспектор.
„Господине Роше, би можело да има проблем... има шест раце.“

12
2

З боруваше учителот по музика. Но, тоа не беше она што ја сепна.


Не беше првпат. Многумина осамени луѓе им даваат глас на
своите сопствени мисли кога безбедни во сопствените домашни
ѕидови. Дури и Мила понекогаш си зборуваше самата себеси, кога
беше дома.
Меѓутоа, имаше нешто друго што беше ново. И тоа беше нејзината
награда за цела седмица чекање; седната во студенилото на својот
автомобил, постојано паркиран надвор пред кафеавата куќа, џарејќи
се внатре со малиот двоглед во движењата на тој дебел, како млеко
бел човек во своите четириесетти, како тивко се движи низ својот
уреден мал универзум, постојано повторувајќи ги истите гестови,
ткаејќи пајажина за којашто само тој беше свесен.
Учителот по музика зборуваше. Меѓутоа, ново беше тоа што овој
пат тој изговори име.
Мила го виде како се појавува, буква по буква, на неговите усни.
Пабло. Тоа беше потврдата, клучот за влез во тој мистериозен свет.
Сега таа знаеше.
Учителот по музика имаше гостин.
Речиси десет дена порано, Пабло беше само едно осумгодишно дете
со кафеава коса и со светли очи, кое уживаше во брзото возење на
својот скејтборд низ соседството. И една работа беше сигурна:
доколку Пабло мораше некаде брзо да отиде по задача на мајка си
или на баба си, тој скејтираше дотаму. Помина часови на него,
горедолу по улицата. За соседите, кои го гледаа од прозорец како
поминува, малиот Паблито, како што го викаа сите, беше како една
од оние слики што станале дел од пејзажот.
Можеби затоа никој не го виде во тоа февруарско утро во квартот
каде што секој познаваше секого и по име и по куќа и каде што, се
чинеше, сите живееја ист живот. Зелено волво карван – учителот
мора да го избрал токму тоа затоа што беше како многуте други
семејни автомобили паркирани по улиците – се појави на празната

13
улица. Тишината на перфектно нормалното саботно утро беше
прекината само од слабото чкрипење на ситните камчиња под гумите
и од едноличното гребење на скејтбордот додека постепено ја
зголемуваше брзината... Поминаа шест долги часови пред некој да
забележи дека таа сабота нешто недостасува во звукот. Гребењето. И
дека малиот Пабло, на студеното сончево утро, бил проголтан од
притаената сенка која не му дозволила да се оттргне, одделувајќи го
од неговиот сакан скејтборд.
Таа штица на четири тркала заврши лежејќи неподвижно во
средината на купот полицајци кои се собраа од целата област веднаш
штом пристигна известувањето.
Сега, десет дена подоцна, би можело да биде предоцна за Пабло.
Премногу доцна за неговата нежна детска психа. Предоцна за да се
разбуди без траума од својот кошмар.
Сега, скејтбордот се наоѓаше во багажникот на автомобилот на
полицајката, заедно со други предмети: играчки, облека.
Индикациите што ги надушка Мила додека се обидуваше да најде
трага за следење, ја доведоа до ова кафеаво дувло. До учителот по
музика, кој предаваше во институт за повисока едукација и свиреше
оргули во црквата во недела наутро. Потпретседател на музичкото
здружение што секоја година организираше мал фестивал на Моцарт.
До срамежливиот, анонимен стар ерген со очила, делумно ќелав и со
меки, испотени раце.
Мила го посматраше мошне внимателно. Затоа што тоа беше
нејзина дарба.
Таа и се придружи на полицијата од јасно определени причини и,
по напуштањето на академијата, наполно и се посвети. Не беше
заинтересирана за криминал, уште помалку за законот. Не беше тоа
причината поради која постојано го пребаруваше секој агол, каде што
сенките мируваат, каде што животот скапува невознемируван.
Кога го прочита името на Пабло од усните на неговиот затворски
чувар, Мила стана свесна за острата болка во својата лева нога.
Можеби тоа беше резултат на преголемиот број часови поминати во
автомобилот, чекајќи го тој знак. Или, пак, можеби, тоа беше од

14
раната на нејзиното бедро што самата ја беше зашила.
Ќе ја средам како што треба подоцна, си вети себеси. Сепак,
подоцна. И, кога ја формулира мислата, Мила сфати дека е
подготвена да влезе во куќата, да ја разбие магијата и да му стави
крај на кошмарот.
„Агент Мила Васкез до Главната команда: идентификуван е
осомничениот киднапер на Пабло Рамос. Градбата е кафеава куќа на
Вијале Алберас бр. 27. Можна е опасна ситуација.“
„Добро, агент Васкез, праќаме поддршка, но тоа ќе биде по
најмалку триесет минути.“
Премногу долго.
Мила немаше толку многу време. Пабло немаше.
Помислата на ужасот дека ќе мора да ги изговори зборовите „беше
премногу доцна“ кога ќе го дава својот извештај за настанот, ја
натера да тргне накај куќата.
Гласот од радиото беше далечно ехо и – со пиштол во дланката во
раката спуштена низ гравитациониот центар на нејзиното тело, со
очи на штрек, со брзи, кратки чекори – таа стигна до крем обоената
ограда што го обиколуваше задниот дел на малата куќа.
Огромно јаворово дрво се надвиснуваше над неа. Лисјата ја менуваа
бојата со ветрот, покажувајќи ги своите сребрени контури. Мила се
притаи до оградата и ги начули ушите. Одвреме-навреме, до неа ќе
дојдеше експлозија од рок-песна, носена од ветрот од некаде во
близината. Мила се наведна преку дрвената врата и виде добро
средена градина, со стреа и со црвено гумено црево што се виеше низ
тревата до прскалката. Пластичен мебел и скара на гас. Се мошне
нормално. Светловиолетова врата со матирано стакло. Мила ја
подаде раката низ вратата и нежно го крена резето. Шарките скрцкаа
и таа ја отвори вратата само толку за да може да влезе во градината.
Повторно ја затвори, така што никој однатре, гледајќи надвор, не би
можел да забележи промена. Се мораше да остане како што беше.
Потоа се движеше како да е на тренинг, внимателно одмерувајќи ги
своите стапки врз тревата – само со прстите, за да не остава
отпечатоци од стапалото и подготвена да отскокне доколку се појави

15
потреба. Неколку моменти подоцна, се најде крај задната врата, на
страната од каде што не би можела да направи сенка кога ќе се
наведне за да погледне внатре во куќата. Матираното стакло значеше
дека не може да го распознае ентериерот, но според контурите на
мебелот, личеше на дневна соба. Мила ја испружи дланката кон
кваката на спротивната страна на вратата. Ја фати и ја притисна
надолу. Бравата кликна.
Беше отворено.
Учителот по музика мора да се чувствувал безбеден во своето
дувло, што го имаше подготвено за себе и за својот заробеник.
Наскоро Мила ќе открие зошто.
Подот од линолеум чкрипеше под нејзините гумени патики со секој
чекор што ќе го направеше. Се обиде да ги контролира своите чекори
за да не крева преголема врева, а потоа ги соблече патиките и ги
остави крај еден стол. Боса, стигна до влезот на холот, и го слушна
како зборува:
„Исто така, ми треба ролна хартија за в кујна. И од тоа средството
за чистење што го употребуваш за полирање на порцеланот... да,
тоа... Потоа, донеси ми шест конзерви пилешка супа, шеќер,
примерок од ТВ водичот и неколку кутии цигари, лајт, од
вообичаената марка...“
Гласот доаѓаше од дневната соба. Учителот по музика купуваше
преку телефон. Презафатен за да ја напушти куќата? Или, можеби, не
сакаше да ја напушти – сакаше да остане и да ги држи на око сите
движења на својот гостин?
„Да, Вијале Алберас, број 27, благодарам. И земете кусур за
педесет, затоа што тоа е се што имам дома.“
Мила го следеше гласот, движејќи се пред едно огледало што
рефлектираше деформирана верзија на нејзиниот сопствен лик. Како
оние што ги гледате во забавните паркови. Кога дојде до вратата на
собата, ги испружи рацете држејќи го пиштолот, зеде воздух и се
втурна во влезот. Се надеваше дека ќе го изненади, можеби одназад,
се уште со телефонската слушалка в рака, застанат крај прозорецот.
Одлична жива цел.

16
Која не беше таму.
Дневната соба беше празна, слушалката оставена сосема нормално
врз телефонот.
Таа сфати дека никој не телефонирал од таа соба, кога го
почувствува студенилото на пиштолот како божем нечиј бакнеж на
задниот дел од нејзиниот врат.
Тој беше зад неа.
Мила се проколнуваше себеси, нарекувајќи се идиот. Учителот по
музика добро го подготвил своето дувло. Вратата од градината што
скрцка и подот од линолеум што чкрипеше беа аларми за
сигнализирање на присуството на натрапници. Оттаму и лажното
телефонско јавување, мамката за привлекување на пленот. Огледало
што деформира, така што тој може да заземе позиција зад неа, без да
биде забележан. Сето тоа беше дел од стапицата.
Таа сети како ги подава рацете пред неа, за да и го земе пиштолот.
Мила му дозволи да го стори тоа.
„Убиј ме, но сега ти нема спас. Моите колеги ќе пристигнат
наскоро. Не можеш да избегаш, ќе треба да се предадеш.“
Тој не одговори. Таа речиси можеше и да го види со крајот на
окото. Дали се смееше?
Учителот по музика направи чекор наназад. Цевката на оружјето се
одвои од Мила, но таа се уште можеше да сети дека продолжува
магнетската привлечност меѓу нејзината глава и куршумот во
магацинот. Потоа, човекот се сврти накај неа и конечно влезе во
нејзиното видно поле. Се ѕвереше во неа долго време. Но, без да ја
гледа. Имаше нешто длабоко во неговите очи што на Мила и личеше
на претсобје на темнината.
Учителот по музика се заврти, без страв вртејќи и го грбот. Мила го
виде како самоуверено оди накај пијаното крај ѕидот. Доаѓајќи до
инструментот, човекот седна на столот и погледна во клавишите.
Двата пиштола ги остави долу, сосема настрана, лево.
Тој ги крена рацете и, миг подоцна, ги остави да се спуштат назад
врз клавишите.
Додека Шопеновото Ноктурно N0.20 во С-moll ја исполнуваше

17
собата, Мила дишеше тешко, а притисокот се ширеше низ тетивите и
мускулите на нејзиниот врат. Прстите на учителот по музика лесно и
грациозно се извиткуваа врз клавишите. Сласта на нотите направи
Мила да се чувствува како посматрач на оваа претстава,
хипнотизирана од неа.
Таа се бореше да остане со студена глава и продолжи своите боси
петици да ги лизга наназад, полека, се додека не стигна пак во
ходникот. Си го поврати здивот, обидувајќи се да го смири своето
бучно срце. Потоа набрзина почна да ги пребарува собите следена од
музиката. Ја провери секоја соба, една по една. Работна соба. Бања.
Помошна просторија.
Додека не стигна до затворената врата.
Ја турна со рамото. Раната на нејзиното бедро ја болеше и таа ја
насочи својата тежина врз делтоидниот мускул.
Дрвото се предаде.
Слабата светлина од ходникот се проби пред неа во собата чиишто
прозорци беа заѕидани. Мила го следеше зракот светлина во
темнината додека не сретна две преплашени, влажни очи, кои и
возвратија со поглед. Паблито беше таму, на креветот, со нозете
составени со неговите слабуњави гради. Врз себе имаше само
гаќички и џемпер. Тој се обидуваше да открие дали постои нешто од
што би требало да се плаши, дали Мила беше дел од неговите
кошмари или не. Таа го рече она што секогаш го кажуваше кога ќе
најдеше исчезнато дете.
„Мора да одиме.“
Детето кимна со главата, ги испружи рацете и се прилепи за неа.
Мила со едното уво ја наслушуваше музиката што се уште ја
следеше. Беше загрижена дека делото нема да трае доволно долго и
дека нема да има доволно време да излезат од куќата. Ја опфати нов
неспокој. Ги ризикуваше својот и животот на заложникот. И сега
беше преплашена. Преплашена да не направи друга грешка.
Преплашена да не се сопне на последната скала, онаа што ќе ја
изнесе надвор од ова ужасно дувло. Или да не открие дека куќата
никогаш не ќе и дозволи да замине, дека ќе се завитка околу неа како

18
свилена мрежа, држејќи ја за секогаш како затвореник.
Но вратата се отвори и тие беа надвор, на слабата, меѓутоа уверлива
светлина на денот.
Кога чукањето на нејзиното срце се смири, и кога можеше да
заборави на пиштолот што го остави во куќата, го стисна Пабло до
неа, заштитувајќи го со своето топло тело за да ги истера сите негови
стравови, малото момче се наведна накај нејзиното уво и
прошепоти...
„Таа нема ли да дојде?“
Одеднаш натежнати, нозете на Мила се вкоренија во почвата. Таа
се затетерави, но не ја загуби рамнотежата.
Наполнета со силата од застрашувачката акција, таа го праша:
„Каде е таа?“
Малото момче ги крена рацете и покажа на вториот кат. Куќата ги
посматраше со своите прозорци и подбивно се смееше, со истата
длабока и отворена врата што миг пред тоа ги пушти да заминат.
Тоа беше момент кога стравот целосно исчезна. Мила ги помина
последните неколку метри што ја делеа од автомобилот. Го седна
Пабло на седиштето и му рече, со свечен тон на ветување: „Веднаш
се враќам.“
Потоа замина назад и дозволи куќата да ја проголта.

С е најде во подножјето на скалите. Погледна нагоре, не знаејќи


што ќе најде таму, горе. Почна да се качува, зграпчувајќи го
гелендерот. Шопеновите ноти продолжија непоколебливо, следејќи
го нејзиното истражување. Нозете и тонеа во скалилата, рацете и се
лепеа за гелендерот, небаре тој се обидува да ја врати назад.
Одненадеж, музиката запре.
Мила се скамени, нејзините сетила беа на штрек. Потоа, следеше
одек на истрел, тап удар и конфузни ноти од пијаното под тежината
на учителот по музика кој падна врз клавишите. Мила го забрза
темпото, продолжувајќи го својот пат нагоре. Не можеше да биде
сигурна дека тоа не е уште еден трик. Скалите завиваа и

19
одморалиштето продолжуваше во тесен ходник покриен со дебел
килим. На крајот, прозорец. Пред него – човеково тело. Нежно, слабо,
спроти светлината: нозете врзани за столот, вратот и рацете
испружени накај јамката што висеше од таванот. Мила виде како се
обидува да ја провре преку главата и крикна. Момичката ја забележа
и се обиде да ја забрза операцијата. Затоа што тоа беше она што тој и
кажа, тоа беше она што таа го научи.
Доколку дојдат, ти мораш да се убиеш.
„Тие“ беа другите, светот надвор, оние кои не можеа да разберат,
кои никогаш нема да простат.
Мила се фрли накај момичката во очајнички обид да ја запре. И
колку што беше поблиску, толку повеќе и се чинеше дека се враќа
назад во времето.
Многу години порано, во друг живот, таа момичка беше дете.
Мила одлично ја помнеше нејзината фотографија. Ја проучуваше
одблизу, една по една, секоја црта на лицето, поминувајќи ја низ
умот секоја брчка, секоја изразена линија, каталогизирајќи го секој
облик што се двоеше, дури и најситните недостатоци на кожата.
А тие очи. Со ситни дамки, живо сини. Очите на десетгодишното
дете, Елиза Гомез. Татко и ја чкрапнал. Фотографија направена за
време на забава, додека била зафатена со отворање на подароците и
не го очекувала тоа. Мила си ја имаше замислено сцената, со таткото
како ја вика за да се заврти и неочекувано да ја фотографира. А
Елиза се завртила накај него, немајќи време да биде изненадена.
Моментот беше овековечен во нејзиниот израз, нешто незабележливо
со голо око. Чудесноста почнуваше од насмевката пред да се отвори
таа и да се излее на усните или од сјајот на очите како ѕвезда што
изгрева.
Така, Мила не беше изненадена кога родителите на Елиза Гомез и
ја дадоа таа особена фотографија кога таа им побара најнова слика.
Тоа веројатно не беше најсоодветната фотографија, затоа што
изразот на Елиза беше неприроден и ги правеше речиси
неупотребливи за оживување начините на кои нејзиното лице би
можело да се менува со текот на времето. Нејзините други колеги

20
кои беа вклучени во истражниот тим се жалеа. Но, на Мила не и
беше грижа, затоа што во таа фотографија имаше нешто – енергија. И
тоа беше она што тие мора да го бараат. Не лице меѓу други, едно
дете меѓу толку многу. Туку таа момичка, со таа светлина во своите
очи. Додека некој, во меѓувреме, не успее да ја згасне...
Мила ја зграпчи момичката токму навреме, прилепувајќи се до
нејзините нозе, пред да може јажето да ја земе тежината. Момичката
се отфрли, се бореше, се обиде да вреска. Додека Мила не и го
изговори името.
„Елиза“, изусти, со бескрајна нежност.
И, момичката се препозна себеси.
Беше заборавила која е. Годините затвор го избришале нејзиниот
идентитет, по малку секој ден. Додека не стана уверена дека тој
човек и е целото семејство, затоа што остатокот од светот беше ја
заборавил. Остатокот од светот никогаш нема да ја спаси.
Преплашена, Елиза ја погледна Мила в очи. Се смири и си дозволи
себеси да биде спасена.

21
3

Ш ест раце, пет имиња.


Со оваа мистерија, тимот ја напушти полјанката во
средиштето на шумата и и се придружи на оперативната група што
чекаше на автопатот. Се чинеше дека ужината и свежото кафе не се
соодветни за ситуацијата, иако даваа слика дека се е под контрола.
Но, никој од нив, во тоа студено февруарско утро, не го допре
бифето.
Стерн извади кутиче со пеперминт-бонбони од џебот. Го протресе
и слизна неколку во раката пред да ги фрли право в уста. Рече дека
му помагаат да мисли. „Како е можно?“, праша, повеќе за себе,
отколку некого друг.
„Да му се сневиди“, промрмори Борис, клатејќи со главата. Но, тоа
го кажа толку тивко, што никој не го слушна.
Роза го насочи своето внимание кон местото надвор од кампот.
Горан ја забележа. Тој сфати – таа има ќерка на исти години како и
овие момички. Тоа е првото нешто на што ќе помислите кога ќе се
соочите со криминал против малолетници. Вашите сопствени деца. И
се прашувате себеси што би се случило доколку... Но, не стигнувате
до крајот на реченицата, затоа што дури и самата помисла е
премногу болна.
„Тој ќе не натера да ги наоѓаме во делови“, рече главниот
инспектор, Роше.
„Тогаш, тоа ли е нашата задача? Собирање трупови?“, праша Борис,
со призвук на навреденост. Човек од акција, тој не сакаше да се види
себеси префрлен во улога на гробар. Тој го сакаше извршителот.
Исто како и другите, кои брзо кимнаа со главите на неговите
зборови.
Роше ги уверуваше. „Приоритетот секогаш е апсењето. Но, не
можеме да ја избегнеме тажната потрага по останките.“
„Тоа било намерно.“
Сите го погледнаа Горан, размислувајќи за неговите зборови.

22
„Лабрадорот ја надуши раката и ја ископа дупката: тоа е дел од
планот. Нашиот човек ги имал на око двете мали деца со кучето. Тој
знаел дека ќе го одведат во шумата. Поради тоа тој ги сместил своите
мали гробишта таму. Едноставна идеја. Ја завршил својата ’работа’ и
ја ставил на екран.“
„Сакаш ли да кажеш дека нема да го фатиме?“, праша налутено
Борис, не верувајќи во слушнатото.
„Ти знаеш подобро од мене како одат овие работи...“
„Но тој навистина ќе го стори тоа? Повторно ќе убие...“ Овојпат,
Роза беше таа која не сакаше да се откаже. „Тој досега се
извлекуваше, ќе го стори тоа повторно.“
Таа сакаше некој да и се противстави, но Горан немаше одговор.
Дури и да имаше мислење за проблемот, не можеше да ја преведе со
човечки прифатливи термини суровоста на тоа дека мора да се
подели себеси меѓу помислата на таа сурова смрт и циничната желба
убиецот повторно да ’удри’. Затоа што – и тие сите го знаеја тоа –
единствената шанса да се фати ќе биде доколку тој не запре.
Главниот инспектор Роше продолжи: „Доколку ги најдеме телата на
тие мали момички, барем ќе им овозможиме на нивните семејства да
ги погребат и ќе им дадеме гроб за да плачат над него.“ Како и
обично, Роше ова го искажа на најдипломатски можен начин. Тоа
беше проба за она што ќе го каже на новинарите, за да ја омекне
приказната во корист на сопствениот имиџ. Првин оплакување, па
тага, за да се добие во време. Потоа, истрагата и наоѓањето на
виновниците.
Но Горан знаеше дека операцијата нема да биде успешна и дека
новинарите ќе ги напаѓаат за секој детаљ, алчно соголувајќи го него
до коска и зачинувајќи го со највалкани поединости. И повеќе од се,
од тој момент на полицијата ништо нема да и се проштева. Секој
нивни гест, секој збор, ќе добие вредност на ветување, на свечена
изјава. Роше беше убеден дека ’чкрабалата’ ќе може да ги држи на
растојание, хранејќи ги, одвреме-навреме, по малку со што и да ќе
сакаат да слушнат. И Горан го остави главниот инспектор со
кревката илузија за контрола.

23
„Мислам дека мора да му дадеме име на тој тип... пред тоа да го
сторат новинарите“, рече Роше.
Горан се согласи, но не поради истата причина како главниот
инспектор. Како и сите криминолози кои ја претставуваат својата
работа пред полицијата, доктор Гавила имаше свои сопствени
методи. Прво и основно, да се определат особините на злосторникот,
да се трансформираат се уште ретките и недефинирани елементи во
нешто човечко. Затоа што, соочени со такво свирепо и немотивирано
зло, секогаш сме склони да заборавиме дека единствениот одговорен
за тоа, е некоја личност, како и жртвата, честопати со нормален
живот, работа или дури и со семејство. Како поддршка на своите
тези, д-р Гавила им кажуваше на своите студенти дека речиси
секогаш кога е уапсен некој сериски убиец, тоа се покажува како
комплетно изненадување за неговите соседи и за фамилијата.
„Нив ги нарекуваме монструми бидејќи чувствуваме дека се далеку
од нас, бидејќи сакаме тие да бидат ’различни’“, зборуваше Горан на
своите семинари. „А наместо тоа, тие во секој поглед личат на нас.
Но, ние преферираме да ја отстраниме идејата дека некој како нас е
способен за такво нешто. И тоа делумно го правиме за да ја
’исчистиме од гревови’ нашата сопствена природа. Антрополозите
тоа го нарекуваат ’деперсонализација на злосторството’ и тоа,
честопати, е најголемата пречка за идентификување на серискиот
убиец. Зашто човекот има слаби точки и може да биде фатен. Не и
такво чудовиште.“
Поради ова, Горан, на ѕидот на својата предавална, секогаш имаше
црно-бела фотографија на дете. Дебелкаво, беспомошно бебе –
новороденче. Неговите студенти секојдневно ја гледаа сликата и
постојано се повеќе им се допаѓаше. Кога – повеќе или помалку, кон
средината на семестарот – студентите ќе собереа храброст да го
прашаат кој е тоа, тој ги предизвикуваше да погодат. Одговорите беа
крајно различни и чудесни. А тој се забавуваше со нивните изрази на
лицата кога ќе откриеја дека детето е Адолф Хитлер.
По војната, водачот на нацистичкото движење во колективната
свест станал монструм, и со години, земјите кои излегоа како

24
победници во конфликтот, се противеле на каква и да е друга
претстава. Така беше поради тоа што никој не ги знаеше
фотографиите од детството на Фирерот. Монструмот не можел да
биде дете, тој не можел да има какви и да е други чувства освен
омраза, или живот како на своите современици, кои подоцна станаа
негови жртви.
„За многумина, хуманизирањето на Хитлер, на определен начин,
значи негово ’објаснување’“, ќе кажеше Горан пред класот. „Но
општеството инсистира дека екстремното зло не може да биде
објаснето, дека не може да се сфати. Обидите да се направи тоа
значи обид да се изнајде некаков начин за негово оправдување.“
Во комбито на оперативната група, Борис сугерираше дека, по
последниот случај, креаторот на гробиштата на раце би требало да се
нарече „Алберт.“ Идејата беше прифатена со насмевка од сите
внатре. Решението беше донесено.
Од тој момент натаму, членовите на единицата ќе му се обраќаат на
убиецот со тоа име. И ден за ден, Алберт ќе добива лик. Нос, две очи,
сопствен живот. Секој ќе го задои со својата сопствена претстава,
попрво отколку да го гледа само како минлива сенка.
„Алберт, а?“ На крајот на состанокот, Роше се уште ја одмеруваше
користа од името за медиумите. Го префрлаше меѓу усни, се
обидуваше да го почувствува неговиот вкус. Би можело да го биде.
Но, имаше нешто друго што го измачуваше главниот инспектор.
Тоа му го спомна на Горан.
„Да ти ја кажам вистината, се согласувам со Борис. Свети
Христосе! Не можам да ги принудам моите луѓе да собираат трупови
додека полудениот психопат не прави да изгледаме како група
идиоти!“
Горан знаеше дека кога Роше зборува за „своите“ луѓе, всушност,
тоа се однесуваше на него. Тој беше оној кој се плашеше од тоа дека
нема да има резултати. И тој секогаш беше оној кој страхуваше дека
некој ќе зборува за неефикасноста на федералната полиција доколку
нема да можат да го уапсат виновникот.
А тука беше и прашањето за раката број шест. „Мислев засега да не

25
ја шириме веста за постоењето шеста жртва.“
Горан беше вознемирен. „Но, како ќе откриеме кој е тоа?“
„Мислев на се, не грижи се...“

В о текот на својата кариера, Мила Васкез имаше решено


осумдесет и девет случаи на исчезнати лица. Имаше добиено
три медали и голема доза ласкања. Ја сметаа за експерт во нејзината
област, честопати беше повикувана на помош, дури и од други
единици.
Утринската акција во која Пабло и Елиза беа истовремено
ослободени, беше оценета како сензационален успех. Мила не кажа
ништо. Но се нервираше. Би сакала да ги признае сите свои грешки.
Влегувањето во кафеавата куќа без да чека засилување.
Потценувањето на околината и на можните стапици што ги
содржеше. Таа ги изложи на ризик и заложниците и себеси
дозволувајќи му на осомничениот да ја разоружа и да насочи пиштол
во нејзиниот врат. Конечно, непредвидувањето на самоубиството на
учителот по музика.
Но ништо од ова не беше спомнато од нејзините претпоставени,
кои, наместо тоа, ги нагласија нејзините заслуги, овековечени од
новинарите на ритуалните фотографии.
Мила никогаш не се појави на тие снимки. Официјалното
оправдување беше дека таа повеќе сака да ја заштити својата
сопствена анонимност во интерес на идните истраги. Но вистината
беше дека таа мразеше да се фотографира. Таа дури не можеше да
поднесе да си го види ликот во огледало. Не поради тоа што не беше
убава, напротив. Меѓутоа, на триесет и двегодишна возраст, часовите
и часовите тренинг и ја одзедоа секоја трага на женственост. Секоја
линија, секое навестување на нежност. Небаре ’да се биде жена’ е зло
кое треба да се искорени. Иако често носеше машка облека, таа не
беше машко. Едноставно, на неа немаше ништо што го сугерира
нејзиниот полов ндентитет. И таа сакаше да се покажува на тој
начин. Нејзината облека не беше брендирана. Фармерки што не беа

26
многу тесни, износени тренерки, кожна јакна. Тоа и беше облеката, и
тоа беше тоа. Нејзината функција беше да ја топли, или да ја
прикрие. Таа не трошеше време да ја избира, таа само ја купуваше.
Многу од деловите беа исти. Таа не се грижеше за тоа. Таа сакаше да
биде така.
Невидлива меѓу невидливото.
Можеби поради тоа, таа исто така можеше да користи исти
простории за пресоблекување со машките полицајци од секторот.
Мила помина десет минути ѕверејќи се во својот шкаф, откако цел
ден трчаше по настаните. Имаше нешто што требаше да стори, но
умот во тој момент и беше некаде на друго место. Потоа, бодежот во
нејзиното бедро ја врати назад при себе. Раната повторно се беше
отворила; таа се обиде да ја запре крвта со марамче и со леплива
лента, но немаше ефект. Парченцата кожа околу отворот беа
премногу кратки и не успеа да стори добра работа со игла и конец.
Можеби овојпат навистина ќе мора да се консултира со лекар, но не
сакаше да оди в болница. Премногу прашања. Реши да стави подебел
завој со надеж дека крвавењето ќе запре, а потоа повторно да се
обиде со нови шевови. Но, ќе мора да земе антибиотик за да спречи
добивање инфекција. Ќе набави лажен рецепт од еден од своите
контакти кои одвременавреме и дава информации за новите
пристигнати меѓу бездомниците на железничката станица.
Станици.
Чудно е, си помисли Мила. Додека за останатиот свет тие се само
место низ кое поминувате, за некого тие се последната станица.
Запираат таму и никогаш повторно не си заминуваат. Станиците се
еден вид пред-пекол, каде што загубените души се собираат со надеж
дека некој ќе дојде и ќе ги собере.
Просечно, секој ден исчезнуваат од дваесет до дваесет и пет лица.
Мила ги знаеше статистиките мошне добро. Овие луѓе исчезнуваат
одненадеж, без предупредување, без куфер. Како да се растопиле во
ништо.
Мила знаеше дека повеќето од нив се непоправливи, луѓе кои
живеат од дрога и кои скршнале во животот, секогаш подготвени да

27
се извалкаат себеси со криминал, индивидуи кои постојано биле
внатре или надвор од затвор. Но, исто така имаше некои – чудно
малцинство – кои на определена точка од својот живот решаваат
засекогаш да исчезнат. Како мајката која отишла да пазари во
супермаркетот и не се вратила дома, или синот или братот кои се
качуваат на воз и никогаш не стигнуваат на својата цел.
Мила веруваше дека секој од нас има своја патека. Патека што води
до дома, до нашите најмили, до нештата за кои сме најмногу
приврзани. Обично, патеката секогаш е иста; тоа го учиме како деца,
и секој од нас ја следи заради целината на нашите животи. Но,
понекогаш, патеката се прекинува. Понекогаш, таа повторно почнува
на некое друго место. Или, по низа пресврти и скршнувања, таа се
враќа на точката каде што е прекината. Ако не, останува закачена
таму.
Понекогаш, меѓутоа, таа се губи во темнината.
Мила знаеше дека повеќе од половината од оние кои исчезнале се
враќаат и кажуваат приказна. Иако некои немаат што да кажат и ги
продолжуваат своите животи како и претходно. Некои се помалку
среќни; сите останки од нив се немо и тивко тело. Потоа, има и такви
за кои никогаш повторно нема да слушнете.
Меѓу тие секогаш има дете.
Има родители кои би ги дале своите животи за да дознаат што се
случило. Каде згрешиле. Кој чин на немарност ја произвел таа нема
драма. Што му се случило на нивното малечко. Кој го зел нивното
дете, и зошто. Има такви кои го прашуваат Бога, барајќи одговор за
кој грев се казнети. Такви кои се раскинуваат себеси до крајот на
своите денови барајќи одговори, или умираат со тие прашања.
„Дозволете ми да знам барем дали е мртов“, велат тие. Некои
завршуваат посакувајќи да е така, бидејќи сакаат само да плачат.
Нивна единствена желба е не да се откажат, туку да можат да запрат
да се надеваат. Затоа што надежта убива пополека.
Но Мила не веруваше во приказната за „ослободителна вистина.“
Тоа го научи наизуст, првиот пат кога најде исчезнато лице. Го
почувствува тоа и попладнево, откако ги однесе Пабло и Елиза дома.

28
За малото момче се врескаше од радост, свечено свиреа автомобили
и се одржа парада на автомобили.
За Елиза – не; беше поминало премногу време.
Откако ја спаси, Мила ја однесе во специјалистички центар, каде
што социјалните работници се погрижија за неа. И дадоа храна и
чиста облека. Поради некаква причина, облеката секогаш е еден или
два броја поголема, си помисли Мила. Можеби затоа што луѓето за
кои била наменета ослабеле за време на тие години на заборав и биле
најдени токму пред целосно да исчезнат.
Елиза немаше кажано ниту збор за сето тоа време. Таа дозволи да
се грижат за неа, прифаќајќи се што и правеа. Дури и кога Мила и
рече дека ќе ја води дома, таа не кажа ништо.
Зјапајќи во својот шкаф, младата полицајка не можеше да не ги
види во своите мисли ликовите на родителите на Елиза Гомез, кога
таа се појави со Елиза на нивната врата. Тие беа неподготвени, дури
малку и збунети. Можеби мислеа дека таа ќе им донесе
десетгодишно дете, а не оваа наполно израсната девојка со која тие
веќе немаа ништо заедничко.
Како мала момичка, Елиза била интелигентна и многу предвреме
созреана. Почнала рано да зборува. Првиот збор што го изговорила
бил „Меј“, името на нејзиното мече. Мајка и, меѓутоа, исто така ќе го
памети и последниот: „утре“; крајот од фразата: „ќе се видиме утре“,
изговорена на излезната врата пред да отиде да спие кај својата
другарка. Но, на тоа утре му требаше многу долго за да пристигне. И
нејзиното вчера беше мошне долг ден, што не покажа знаци дека ќе
заврши.
Во умот на нејзините родители Елиза продолжи да живее како
десетгодишна момичка, со својата соба полна со кукли и со Божиќни
подароци натрупани насекаде околу каминот. Тоа беше овековечено
како фотографија во нивната меморија, затворено како од некаква
волшебна магија.
И покрај тоа што Елиза се врати, тие ќе продолжат со чекањето на
малата момичка која ја имаа загубено, никогаш не наоѓајќи мир.
По прегратките со солзи и предвидливите емотивни изливи, госпоѓа

29
Гомез донесе и ги послужи со чај и бисквити. Таа спрема ќерка си се
однесуваше како што би се однесувала спрема гостин. Можеби тајно
надевајќи се дека ќе си замине иа крајот од посетата, оставајќи ја неа
и нејзиниот сопруг да му се вратат на чувството на загуба, за кое
почнаа да мислат дека е многу удобно.
Мила секогаш ја споредуваше тагата со некој стар креденец што би
сакале да го ’мавнете’, но завршува стоејќи таму каде што е, и по
кратко време испушта мирис што ја исполнува собата. И со текот на
времето се навикнувате на него и самите завршувате како дел од тој
мирис.
Елиза се врати, а нејзините родители би сакале да се ослободат од
своето сопствено тагување и да го вратат сето сочувство што им
беше подарено за време на изминатите години. Никогаш повторно да
немаат причина да бидат тажни. Колку многу храброст би требало да
се има за да му се соопшти на останатиот свет за нивната нова
несреќа да имаат странец кој се шета низ куќата?
По еден час учтиво однесување, Мила се збогува и имаше чувство
како да забележа молба за помош на лицето на мајката на Елиза. „А
сега што да правам?“, немо плачеше жената, преплашена од
настапувањето на условите на новата реалност.
Мила, исто така, требаше да се соочи со фактот дека Елиза Гомез
беше најдена чисто случајно. Доколку нејзиниот грабнувач не
почувствува потреба да го прошири „семејството“ грабнувајќи го и
Паблито, никој никогаш не ќе дознаеше што се случило. А Елиза ќе
останеше затворена далеку во тој свет создаден поради неа самата, и
поради опсесијата на нејзиниот затворски чувар. Прво како ќерка,
потоа како верна невеста.
Мила го затвори шкафот со тие мисли во главата. Да заборавам, да
заборавам, си рече себеси. Тоа е единствениот лек.
Секторот се празнеше и таа почувствува дека сака да си оди накај
дома. Ќе се истушира, ќе отвори шише порто, со печени костени на
плоча. Потоа ќе седне и ќе гледа во дрвјата надвор, низ прозорецот
на дневната соба. И можеби, со малку среќа, ќе заспие рано на
софата.

30
Но додека се подготвуваше да се награди себеси со вообичаената
осамена вечер, во гардеробата се појави еден од нејзините колеги.
Водникот Морексу сакаше да ја види.

С ветликав слој влага ги прекриваше улиците во таа февруарска


вечер. Горан излезе од таксито. Тој немаше автомобил, немаше
возачка дозвола; им додеваше на други да го одвезат онаму каде што
сакаше да оди. Не дека се немаше обидено да вози, поточно, беше и
добар во тоа. Но, не е препорачливо за некого да седнува зад волан,
навикнат да се губи самиот себеси во длабочината на сопствените
мисли. Затоа, Горан се откажа од тоа.
Откако му плати на возачот, второто нешто што го направи по
стапнувањето со своите чевли број 45 врз тротоарот, беше од својот
жакет да ја извади третата цигара во денот. Ја запали, повлече
двапати и ја фрли. Тоа беше навика што ја создаде кога реши да се
откаже од пушењето. Еден вид компромис, да се залаже себеси
поради потребата од никотин.
Додека стоеше таму, ја здогледа својата слика што се рефлектираше
на стаклото од една продавница. Застана, за да се посматра самиот
себеси неколку моменти. Неуредна брада го врамуваше неговото
преморено лице. Очилата и разбушавената коса. Беше свесен дека не
се грижи премногу за себе. Но, личноста која го правеше тоа се
откажа од таа улога пред некое време.
Впечатливо за Горан – велеше секој – е неговото долго и
таинствено молчење.
И неговите очи, огромни и проникливи.
Беше речиси време за вечера. Тој полека се качуваше по скалите.
Влезе во својот стан и слушаше. Поминаа неколку секунди и, кога се
навикна на новата тишина, го препозна познатиот добредојден звук
на Томи, кој си играше во својата соба. Отиде накај него, но само го
гледаше од вратата, без да има храброст да го прекине во тоа што го
прави.
Томи имаше девет години. Имаше кафеава коса, ги сакаше црвената

31
боја, кошарката и сладоледот, дури и зиме. Имаше најдобар другар,
Бастијан, со кого организираа фантастични „сафари“ во училишниот
двор. Обајцата беа скаути и летото заедно отидоа на кампување.
Подоцна зборуваа само за тоа.
Томи неверојатно многу личеше на мајка си, но имаше едно нешто
од својот татко.
Пар огромни, проникливи очи.
Кога стана свесен за присуството на Горан, тој се заврти и му се
насмевна. „Доцна е“, му рече.
„Знам. Извини“, му возврати одбранбено Горан. „Дали госпоѓа Руна
одамна си замина?“
„Отиде да го земе синот пред половина час.“
Горан беше вознемирен. Госпоѓа Руна беше нивна дадилка неколку
години наназад. Требаше да знае дека нему не му се допаѓа Томи да
биде оставен сам дома. И ова беше една од оние непријатности кои
понекогаш правеа продолжувањето со животот да се чини
невозможно. Горан констатира дека е тешко самиот тој да го реши
сето тоа; единствената личност која ја поседуваше таа мистериозна
сила имаше заборавено да му ја остави книгата со магии пред да го
напушти.
Би требало да разговара со госпоѓа Руна и можеби дури и да биде
малку груб со неа. Ќе и каже да останува навечер додека тој не се
врати дома. Томи стана свесен за неговите размислувања и му се
стуши лицето. Затоа Горан се обиде да му ги прекине мислите,
прашувајќи го: „Гладен си?“
„Изедов едно јаболко и малку крекери и испив чаша вода.“
Горан весело одмавна со главата. „Тоа не е вистинска вечера.“
„Тоа ми беше ужина. Но, сега би сакал нешто друго...“
„Шпагети?“
Томи заплеска со рацете на тој предлог. Горан го погали по
главата.
Заедно ги сварија шпагетите и ја поставија масата; секој имаше
своја задача и ја исполнуваше не консултирајќи го другиот. Син му
брзо учеше и Горан беше горд на него.

32
Последните неколку месеци не беа лесни за обајцата.
Нивните животи ризикуваа расплет. Горан се трудеше да ги држи
заедно парчињата и отсуството да го надомести со ред. Редовни
оброци, прецизен распоред, воспоставување навики. Од таа гледна
точка ништо не беше променето од порано, и тоа значеше сигурност
за Томи.
Тие заедно научија да живеат со таа празнина, но кога еден од нив
ќе посакаше да зборува за тоа, тогаш зборуваа за тоа.
Единственото нешто што веќе не го направија. беше да го кажат
нејзиното име. Затоа што тоа име замина од нивниот речник. Тие
употребуваа други начини, други изрази. Што беше чудно. Човекот
кој беше загрижен за крштавање на секој сериски убиец што ќе се
појави, веќе не знаеше како да ја нарекува онаа која извесно време
беше негова сопруга и му дозволи на сина си да ја „деперсонализира“
својата мајка. Таа можеше да биде некој лик во една од сказните што
му ги читаше секоја вечер.
Томи беше единствената котва што се уште го држеше Горана
поврзан со светот. Во спротивно, тој само ќе требаше да го улови
моментот за да се слизне во една од јамите што секојдневно ги
истражуваше, таму надвор.
По вечерата, Горан отиде и се скри во својата работна соба. Томи го
следеше. Тоа беше друг ритуал. Горан седнуваше во својот крцкав
стар стол, а неговиот син легнуваше помешечки долу врз рогозината,
продолжувајќи ги своите замислени дијалози.
Горан ја проучуваше својата библиотека. Книгите од
криминологија, криминална антропологија и од судска медицина беа
убаво наредени на полиците, секоја со својата сино-црвена корица и
златно порабена. Други беа поедноставни, со поскромен повез. Тие
содржеа одговори. Но најтешкото нешто – како што секогаш им
велеше на своите ученици – беше да се изнајдат прашањата. Овие
книги беа полни со вознемирувачки фотографии. Испоранети тела,
измачени, изгорени и расечени; сите строго затворени на сјајните
страници, означени со прецизни наслови. Човеков живот редуциран
на студена студија.

33
Поради ова, се до неодамна, Горан не му дозволуваше на Томи да
ги допира книгите во библиотеката. Тој беше загрижен дека неговата
љубопитност ќе го извлече најдоброто од него, и дека отворајќи една
од тие книги ќе открие колку насилен може да биде животот. Еднаш,
меѓутоа, Томи го прекрши тоа. Го најде легнат, како што беше сега,
прелистувајќи една од книгите. Горан се уште го помни испружен
над сликата на една млада жена извлечена од река, зиме. Таа беше
гола, со пурпурна кожа и со неподвижни очи. Но, Томи не изгледаше
воопшто вознемирен, и наместо да му се развика, Горан седна со
скрстени нозе покрај него.
„Знаеш ли што е ова?“
Долго време Томи рамнодушно размислуваше. Потоа одговори,
внимателно набројувајќи ги сите нешта што можеше да ги види.
Зашилените раце, косата на која се зафатил мраз, очите загубени во
којзнае какви мисли. Надокрај, тој почна да фантазира за тоа што
правела во животот, за нејзините пријатели и каде живеела. Тогаш
Горан стана свесен дека Томи забележал се на фотографијата освен
едно нешто. Смртта.
Децата не ја гледаат смртта. Бидејќи нивните животи траат колку
и денот, откако ќе станат додека одат на спиење.
Тогаш Горан сфати дека, колку многу и да се обидува, тој никогаш
не ќе го заштити сина си од злото во светот. Исто како што, години
пред тоа, не можеше да го спаси од она што му го стори неговата
мајка.

В одникот Морексу не беше како другите претпоставени на Мила.


Тој не се грижеше за слава, или да има негова фотографија во
весниците. Токму затоа Мила очекуваше да и одржи „лекција“ за
начинот како ја спроведе акцијата во куќата на учителот по музика.
Морексу беше груб во своето однесување и во расположението. Тој
не можеше да задржи едно чувство повеќе од неколку секунди. Така,
во еден момент беше бесен или мрачен, а веднаш потоа насмеан и
неверојатно љубезен. Исто така, за да го избегне губењето време, тој

34
ги комбинираше движењата. На пример, доколку требаше да ве
утеши, ќе ја ставеше едната рака врз вашето рамо и во исто време ќе
ве водеше до вратата. Или, ќе зборуваше по телефон и со слушалката
ќе си ја чешкаше слепоочницата.
Но овојпат тој не се брзаше.
Ја остави Мила да стои покрај неговото биро, без да ја покани да
седне. Потоа се загледа во неа, со нозете испружени надвор од под
бирото и со свиткани раце.
„Не знам дали сфативте што се случи денес...“
Таа го очекуваше ова. „Знам. Направив грешка...“
„А сепак спасивте тројца луѓе.“
Изјавата ја скамени на подолго.
„Тројца?“
Морексу се навали во столот и го погледна листот хартија пред
себе.
„Нашле белешка во куќата на учителот по музика. Очигледно тој
планирал да грабне уште некого...“
Водникот и подаде на Мила фотокопија од една страница од
дневник. Под денот и месецот, имаше име.
„Присила?“, праша таа.
„Присила“, повтори Морексу.
„Која е таа?“
„Среќна мала момичка.“
И тоа беше се што кажа тој. Затоа што тоа беше се што знаеше.
Немаше презиме, адреса, фотографија. Ништо. Само тоа име.
Присила.
„Значи, престанете да се прекорувате себеси со тоа“, заврши
Морексу и, пред да може Мила да му одговори, тој додаде: „Ве видов
денес на пресконференцијата: се чинеше дека ништо од тоа не Ве
засега.“
„Точно.“
„Господи, Васкез! Дали сфаќате колку ќе ви бидат благодарни
луѓето што ги спасивте? Да не ги спомнувам нивните семејства!“
Вие не го видовте изразот на лицето на мајката на Елиза Гомез,

35
сакаше да му каже Мила. Наместо тоа, таа само кимна. Морексу ја
гледаше, клатејќи ја главата.
„Откако сте овде, не сум слушнал ниту најмала поплака за Вас.“
„А тоа е добро или лошо?“
„Ако самата не можете да го откриете тоа, имате голем проблем,
девојко... Поради тоа, решив да ве приклучам неколку дена да
работите со единицата.“
Мила не се согласи. „Зошто? Си ја работам работата и тоа е
единственото нешто што ме интересира. Навикната сум да работам
на овој начин. Ќе треба да ги приспособувам моите методи на некој
друг. Како можам да објаснам дека...“
„Оди и пакувај ги своите торби“, ја прекина Морексу, одбивајќи ги
нејзините поплаки.
„Зошто е брзањево?“
„Заминуваш оваа вечер.“
„Дали ова е некаков вид казна?“
„Не е казна, а не е ниту одмор: тие сакаат совет од експерт. А ти си
мошне позната“
Лицето на Мила стана сериозно.
„За што станува збор?“
„Пет киднапирани деца.“
Мила имаше слушнато дека се спомнува во вестите. „Зошто јас?“,
праша.
„Бидејќи се чини дека има шест, но се уште не знаат кој е тоа...“
Таа би сакала повеќе детали, но Морексу очигледно реши да го
заврши разговорот. Тој повторно стана груб, подавајќи ја само
папката со која покажа на вратата.
„И Вашиот билет за воз е овде.“
Мила го зеде купот хартии и се упати накај вратата. Кога ја
напушти канцеларијата, во умот си го повтори името. Присила.

36
4

Л аутистот пред Портата на муграта, 1967 година. Чинија


полна со тајни, 1968 година. Умагума беше во 1969 година, како
и саундтракот од филмот Повеќе. Во 1971 година беше Интрига. Но
пред тоа имаше друга... во 1970 година, беше сигурен во тоа. Не
можеше да се сети на насловот. На обвивката, да. Еден со крава. Да
му се сневиди, како ли се викаше?
Треба да наполнам малку бензин, помисли.
Мерачот за гориво покажуваше празно, а сигналната сијаличка
престана да трепка за да засвети заслепувачко црвено.
Но, тој не сакаше да запре.
Возеше добри пет часа и помина речиси шестотини километри. А
сепак, ставањето на таа исклучителна далечина меѓу себе и она што
се случи ноќеска не направи да се чувствува малку подобро. Рацете
ги држеше вкочането на воланот. Напнатите мускули на вратот го
болеа.
За миг, тој се загледа зад себе.
Не мисли на тоа... не мисли на тоа...
Го држеше својот ум зафатен, пребирајќи низ познати, сигурни
мисли. Во изминатите десет минути се сосредоточи врз сета
дискографија на Пинк Флојд. Но, во претходните четири часа тоа беа
насловите на неговите омилени филмови, играчите во последните три
сезони од хокеарскиот тим за кој навиваше, имињата на неговите
стари школски другари, дури и на учителите. Стигна и до госпоѓа
Бергер. Што ли стана со неа? Би требало да сака да ја види повторно.
Само за да ја држи таа мисла оддалечена. И сега, умот му се заглави
на тој глупав албум со кравата на омотот!
А онаа мисла му се врати назад.
Мораше да ја истера. Да ја врати назад во аголот на својата свест
каде што успеваше да ја затвори во разни времиња за време на ноќта.
Во спротивно, пак ќе почнеше да се поти, а одвреме навреме,
очајувајќи поради ситуацијата, ќе му навреа солзи, дури и ако не

37
траеја долго. Стравот се врати и му го зграпчи стомакот. Но тој се
бореше да остане со студена глава.
Мајка со атомско срце!
Тоа беше насловот на плочата. За момент се почувствува среќен.
Но, тоа беше минливо чувство. Во неговата ситуација немаше многу
за што да биде среќен.
Тој повторно се заврти да погледне зад себе.
Потоа, повторно: Морам да ставам малку бензин.
Одвреме-навреме налет на амонијак од подлошката под неговите
нозе, за да го потсети дека изгубил контрола над себе. Мускулите на
нозете почнаа да го болат, а листовите да му отрпнуваат.
Луњата што речиси цела ноќ беснееше над автопатот се оддалечи
зад планините. Тој можеше да ги види нејзините зеленикави
светкавици на хоризонтот, додека гласот од радиото соопшти нов
извештај за времето. Наскоро ќе зазори. Еден час претходно излезе
од наплатната рампа и се појави на автопатот. Дури и не застана за
да ја плати патарината. Неговата цел во моментот беше да продолжи,
да продолжи подалеку и подалеку.
Следејќи ги инструкциите што ги прими во писмото.
На неколку минути го остави својот ум да талка некаде на друго
место. Но неизбежно, непрестајно се враќаше на тоа сеќавање.
Стигна до хотелот Модилјани претходниот ден околу единаесет
часот претпладнето. Цело попладне ја работеше својата работа како
продавач во градот а потоа, вечерта, како што беше планирано,
вечераше со едни од своите клиенти во хотелското бистро. Малку по
десет часот, тој се врати во собата.
Затворајќи ја вратата, ја разлабави својата врска пред огледалото и,
во тој момент, неговата рефлексија, заедно со неговата појава влажна
од пот и закрвавени очи, му го покажа вистинскиот лик на неговата
опсесија. Во тоа се претвори откако го опфати желбата.
Гледајќи се себеси, беше изненаден колку цела вечер беше добар во
криењето на вистинската природа на своите мисли од своите колеги.
Им зборуваше, ги слушаше нивните бесмислени дрдорења за голф и
за напорни жени, се смееше на предизвикувачките шеги за секс. Но,

38
тој беше на друго место. Тој уживаше во моментот кога, назад во
својата соба, го разлабавува јазолот на својата врска, кога дозволува
киселината што му го давеше грлото да се крене и да експлодира во
неговото лице во форма на сладникав, тежок здив и подмолен израз.
Вистинското лице под маската.
Во засолнатоста на својата соба, тој конечно можеше да му даде
оддишка на нагонот што го притискаше во градите и во панталоните,
создавајќи му страв дека исто така може и да експлодира. Но, сепак,
тоа не се случи. Му појде од рака да се контролира себеси.
Затоа што наскоро ќе замине.
Како и секогаш, се колнеше дека тоа ќе биде последен пат. Како и
секогаш, ова ветување го повторуваше пред тоа и потоа. И, како и
секогаш, ветувањето ќе биде прекршено, а потоа обновено следниот
пат.
Го напушти хотелот околу полноќ, на врвот на својата возбуда.
Почна да денгуби: беше поранил. Тоа попладне, меѓу задачите, се
осигури дека се оди според планот, така што нема да има проблеми.
Ова го подготвуваше два месеца, внимателно дресирајќи ја својата
„пеперутка.“ Чекањето беше капар за секаков вид задоволство. А тој
го имаше вкусено тоа. Ги провери сите детали, затоа што кој и да е
од нив може да открие се. Но тоа нема да му се случи нему. Тоа нему
никогаш не му се случи. Сега, откако беа откриени гробиштата на
раце, мораше да преземе дополнителни мерки на претпазливост.
Наоколу имаше многу полиција, и секој изгледаше дека е на штрек.
Меѓутоа, тој знаеше како да биде невидлив. Немаше од што да се
плаши. Само треба да се отпушти. Наскоро ќе ја види пеперутката на
патот, на местото за кое се договорија ден претходно. Секогаш се
плашеше дека тие би можеле да го променат мислењето. Дека нешто
ќе тргне наопаку. И потоа тој ќе биде тажен, таа скапана тага на која
и требаат денови за да се развее. И, што е најлошо, не можеш да ја
скриеш. Но, тој продолжи да си повторува себеси дека и овојпат, исто
така, се ќе биде одлично.
Пеперутката ќе дојде.
Тој брзо ќе и помогне да влезе во автомобилот, прифаќајќи ја со

39
вообичаените љубезности. Со оние што им помагаат на работите,
што прават се да е убаво, што ги развејуваат сомневањата
предизвикани од стравот. Ќе ја одведе до местото што за нив го
одбра тоа попладне, завртувајќи на мал селски пат од каде што може
да се види езерото.
Пеперутките секогаш имаат мошне пробивен мирис. Мастики за
џвакање, патики за в сала. И пот. Тој го сакаше тоа. Тој мирис сега
беше дел од неговиот автомобил.
Дури и сега можеше да го намириса, измешан со мирисот на урина.
Тој повторно плачеше. Толку многу нешта се случија од тој момент.
Работите брзо се менуваа, од возбуда и среќа, до страв и очајание.
Погледна зад себе.
Треба да ставам малку бензин.
Но потоа заборави и, вдишувајќи полни гради од тој загаден воздух,
уште еднаш се нурна во сеќавањето за она што се случи потоа...

С едеше во автомобилот, чекајќи ја пеперутката. Непроѕирната


месечина се појавуваше одвреме навреме меѓу облаците. За да ја
растера нервозата, тој повторно го разгледа планот. Првин, ќе
разговараат. Но тој повеќе ќе слуша. Бидејќи знаеше дека
пеперутките секогаш имаат потреба да го добијат она што не можат
на друго место: внимание. Тој ја играше својата улога до перфекција.
Слушајќи ја трпеливо својата мала жртва која, отворајќи му го
срцето, себеси се прави послаба. Ослабува нејзината одбрана и му
дозволува непречено да навлезе во подлабоките територии.
Блиску до пукнатината во душата.
Тој секогаш го кажуваше само вистинското нешто. Везден го
правеше тоа. На тој начин стана нивни учител. Беше убаво некој да
се учи на своите сопствени желби. Точно да се објасни што треба, да
им се покаже како е направено. Тоа беше важно. Да стане нивното
училиште, нивни терен за тренинг. Да им се даде лекција за тоа што
е пријатно.
Но токму додека ја составуваше таа волшебна лекција што ќе му ги

40
отвори сите врати на блискоста, расеано погледна во ретровизорот.
Во тој момент го виде тоа.
Нешто помалку цврсто од сенка. Нешто што би можеле навистина
да не го гледате, затоа што доаѓа право од вашата фантазија. Тој
гледаше фатаморгана, илузија.
Веднаш до прозорецот.
Здодевното „клик“ на отворањето врата. Рака што се вовлекува во
просторот и го фаќа за грлото, стегајќи го. Без можност да реагира.
Налет од студен воздух ја исполни внатрешноста на автомобилот и
тој јасно се сети, помислувајќи: заборавив да ја заклучам вратата!
Бравите! Не дека ќе беа доволни да го запрат.
Човекот беше забележливо силен и успеа да го извлече од
автомобилот само со една рака. Неговото лице беше покриено со ски-
маска. Додека го држеше во воздух, си помисли на пеперутката:
драгоцениот плен што имаше толку главоболки да го привлече, сега
беше загубен.
Овојпат, тој беше пленот.
Човекот го намали стисокот на неговиот врат и го фрли наземи.
Потоа престана да се интересира за него и се врати назад кај својот
автомобил. Отиде да земе оружје што ќе го употреби да ме
докусури! Воден од очајничкиот инстинкт за преживување, се обиде
да се влече по влажната и студена земја, дури иако на човекот со ски-
маска му требаа само неколку чекори да го стигне и да го заврши тоа
што го почна.
Луѓето навистина прават такви бесмислени потези кога се
обидуваат да избегаат од смртта, помисли сега, во застојаниот мирис
на својот автомобил. Некои луѓе ги испружуваат рацете кога ќе се
соочат со цевката на пиштолот и се завршува само со тоа што
куршумот ќе ги продупчи нивните дланки. А за да избегаат од оган,
некои луѓе скокаат преку прозорците на зградите... Се обидуваат да
го избегнат неизбежното, и себеси се прават смешни.
Никогаш немаше помислено дека и припаѓа на таа група луѓе.
Секогаш беше сигурен дека со смртта ќе може да се судри со
дигнитет. Но таа ноќ, се најде себеси извивајќи се како црв, наивно

41
молејќи за сопствената сигурност. Успеа да се излази само неколку
метри.
Потоа се онесвести.
Го повратија две едноставни шлаканици. Човекот со маската се
вратил. Стоеше над него, гледајќи го со две безживотни, темни очи.
Не носеше оружје. Тој со главата покажа накај автомобилот и само
му рече: „Александар, сега оди и не запирај.“
Човекот со ски-маска го знаеше неговото име.
Тоа првин го погоди како нешто разумно. Но, кога повторно ќе
размисли, тоа беше нештото што најмногу го уплаши.
Да избега оттаму. Тогаш не веруваше во тоа. Стана од земјата и се
затетерави накај автомобилот, обидувајќи се да брза поради стравот
дека другиот човек би можел да се премисли. Веднаш седна зад
воланот, погледот се уште му беше замаглен, а рацете му се тресеа
толку многу што не можеше да го запали моторот. Потоа, конечно,
неговата долга ноќ на патот почна. Далеку одовде, колку што е
можно подалеку...
Треба да ставам малку бензин, си помисли, повторно станувајќи
практичен.
Во резервоарот веќе имаше само пареа. Внимаваше на знаците за
бензинска пумпа, прашувајќи се дали и ова не беше дел од задачата
поставена претходната ноќ.
Не запирај.
Неговите мисли ги исполнуваа две прашања. Зошто човекот со ски-
маската му дозволи да замине? Што се случило додека беше во
несвест?
Ги доби одговорите во еден часот по полноќ, кога, во еден момент
на чиста свест, слушна звук.
Нешто стругаше кај моторот, придружено со ритмично, метално
удирање – тум, тум, тум – непријатно и непрестајно. Тој мора да му
направил нешто на автомобилот; порано или подоцна едно од
тркалата ќе се разлабави и ќе се одвои од оската и јас ќе ја заѓубам
контролата и ќе удрам во заштитната ограда! Но ништо од тоа не
се случи. Зашто звукот не беше механички. Но го откри тоа дури

42
подоцна... и покрај тоа што се уште не можеше да си го признае
себеси.
Во тој момент се појави знак на патот: најблиската бензинска
пумпа беше на помалку од осум километри оддалеченост. Ќе отиде
таму, но ќе мора да биде брз.
Со таа помисла тој заврти по којзнае кој пат.
Но неговото внимание не беше насочено на патот што го
напушташе или на автомобилите зад него.
Не, неговиот поглед застана пред да стигне таму, многу пред тоа.
Она што го прогонуваше не беше на патот. Тоа беше многу
поблиску од патот. Тоа беше изворот на звукот. Тоа беше нешто од
кое не можеше да се оддалечи.
Тоа беше нештото во неговиот багажник.
Тоа беше она што го тераше да се џари постојано. Иако се
обидуваше да не мисли што би можело да биде. Но, додека
Александар Берман се заврти за да гледа право напред, веќе беше
премногу доцна. Полицаецот на работ на коловозот му сигнализира
да се тргне настрана.

43
5

М ила слезе од возот. Лицето и беше живо, но очите потечени од


непроспиената ноќ. Чекореше под покривот на станицата.
Зградата се состоеше од величествен главен хол од осумнаесеттиот
век и од огромен трговски центар. Се беше чисто и уредно. Сепак, по
неколку минути, Мила ги знаеше сите нејзини темни агли. Местата
каде што ќе бара исчезнати деца. Каде што животот е купен и
продаден, каде што е вгнезден или скриен.
Но тоа не беше причината што беше таму.
Двајца колеги ја чекаа во канцеларијата на полицијата на
железничката станица. Набиена жена на околу четириесет години, со
маслинест тен и големи колкови, премногу големи за фармерките
што ги носеше. И човек од околу триесет и осум години, многу висок
и добро граден. Тој ја натера да помисли на момците од селото каде
што порасна. Излегуваше со двајца од нив во средното училиште. Си
припомни колку беше невешто нивното додворување.
Човекот и се насмевна, но колешката само ја гледаше, со едната
веѓа крената. Мила пристапи кон ритуалот на запознавање. Сара Роза
ги промрмори своето име и чинот. Но, мажот ја подаде раката, јасно
кажувајќи: „Здраво, специјален агент Клаус Борис.“ Потоа се понуди
да ја земе нејзината платнена торба.: „Дозволете ми.“
„Не, благодарам, можам и самата“, му рече Мила.
Но тој инсистираше: „Воопшто не е проблем.“
Неговиот тон и упорниот начин на кој и се смееше, и кажаа на
Мила дека агентот Борис по малку мора да е од дон жуаните, убеден
дека би можел да го употреби својот шарм на секоја жена која ќе му
се најде во близина. Беше сигурна дека тој решил да се обиде
веднаш, откако ја здогледал во далечината.
Борис предложи да се напијат кафе пред тргнување, но Сара Роза
значајно го погледна.
„Што се случува? Што реков?“, се правдаше тој.
„Немаме многу време, се сеќаваш ли?“, му врати жената презриво.

44
„Нашата колешка долго патувала и само си мислев дека...“
„Нема потреба“, пресече Мила. „Добро се чувствувам, благодарам.“
Мила немаше намера да се најде на спротивната страна со Сара
Роза, која не изгледаше како да го цени фактот што Мила е дојдена
да работи заедно со нив.
Стигнаа до автомобилот на паркингот и Борис седна на возачкото
седиште. Роза седна крај него. Мила се смести назад, заедно со
својата платнена торба. Се извлекоа од сообраќајот и тргнаа накај
патот што водеше покрај реката.
Сара Роза се чинеше повознемирена што треба да се однесува како
придружба на колешката. Борис не изгледаше дека се грижи за тоа.
„Каде одиме?“, праша Мила срамежливо.
Борис ја погледна во ретровизорот. „Во Главното седиште.
Главниот инспектор Роше треба да разговара со тебе. Ќе ти даде
инструкции.“
„Никогаш досега не сум работела со случаи на сериски убијци“,
забележа Мила.
„Нема да мораш да фатиш ниту еден“, и одговори Роза кисело. „Ние
ќе се погрижиме за тоа. Твојата единствена задача е да го откриеш
името на шестото дете. Се надевам дека можеше да го проучиш
досието...?“
Мила не и обрна внимание на нотата на самозадоволство во гласот
на колешката додека мислеше на непроспиената ноќ што ја помина
над содржината на пликот. Фотографиите на закопаните раце.
Скудните судско-медицински податоци за возраста на жртвите и за
хронологијата на смртта.
„Што се случило во таа шума?“, праша таа.
„Тоа е најголемиот случај години наназад“, рече Борис, за момент
тргајќи ги рацете од воланот, возбуден како мало дете. „Никогаш не е
видено такво нешто. Според мене, гомнениците ќе го зафатат
највисокото ниво. Затоа Роше го заѕида случајов.“
Вулгарниот сленг на Борис, фактички, ја вознемири Роза, меѓутоа и
Мила, исто така. Таа никогаш го немаше сретнато главниот
инспектор, но веќе знаеше дека неговите луѓе не го почитуваат

45
многу. Се разбира, Борис беше подиректен, но ако тој си ја земаше
оваа слобода пред Роза, тоа значи дека таа се согласува со него, и
покрај тоа што не покажуваше. Не оди на арно, помисли Мила. Таа
реши самата да го процени Роше и неговите методи, да не биде под
влијание на коментарите што би можела да ги слушне.
Роза го повтори прашањето и дури тогаш Мила забележа дека таа
нејзе и зборува.
„Дали таа крв е твоја?“
Сара Роза се имаше завртено во своето седиште и покажуваше
надолу кон местото. Мила погледна во своето бедро. На нејзините
панталони имаше дамки крв; раната се отворила. Ја стави дланката
врз местото и набрзина објасни.
„Паднав кога џогирав“, излажа таа.
„Добро, обиди се да ја заздравиш таа рана. Не сакаме твојата крв да
загрози кој и да е од нашите примероци.“
Мила одеднаш се почувствува засрамена од прекорот, но не многу,
затоа тоа што Борис преку ретровизорот зјапаше во неа. Таа се
надеваше дека ќе запре тука, но Роза не ја заврши својата лекција.
„Еднаш, еден новопечен, кој требаше да внимава на местото на
сексуално злосторство, отиде и се измоча во бањата на жртвата.
Потрошивме шест месеци ловејќи дух, мислејќи дека убиецот
заборавил да пушти вода.“
Борис се насмеа потсетувајќи се на тоа. Сепак, Мила се обиде да го
смени предметот на разговор.
„Зошто ме повикавте? Не можете ли да ја најдете момичката само
ако го погледнете списокот на исчезнувања во изминатите месеци?“
„Не прашувај не нас...“ рече боцкаво Роза.
Валкана рабоша, помисли Мила. Беше премногу очигледно дека ова
е причината поради која е викната. Роше сакаше случајот да му го
даде на некого надвор од единицата, кој не е многу близок со него, да
остави да ја преземат вината доколку шестото тело остане безимено.
Деби. Анеке. Сабина. Мелиса. Каролина.
„Што е со семејствата на останатите пет?“, праша Мила.
„Тие исто така ќе дојдат во Главното седиште, заради ДНК тест.“

46
Мила помисли на тие сироти родители, принудени да се подложат
на ДНК лотарија, за да бидат уверени дека крвта на нивната крв е
варварски убиена. Наскоро нивните животи ќе се променат
засекогаш.
„А што знаеме за монструмот?“, праша таа, обидувајќи се да се
одвои од таа мисла.
„Ние не го нарекуваме монструм“, напомна Борис. „Тоа би го
деперсонизирало.“ Додека го кажуваше тоа, Борис размени значаен
поглед со Роза. „Д-р Гавила не го сака тоа.“
„Д-р Гавила?“, повтори Мила.
„Ќе го сретнеш.“
Непријатноста кај Мила се зголеми. Беше очигледно дека нејзиното
скудно знаење за случајот ја става во неповолна положба наспроти
нејзините колеги, кои би можеле да се шегуваат на нејзина сметка.
Но повторно, таа не кажа ниту збор за да се одбрани себеси.
Роза, од друга страна, немаше намера да ја остави на мир и со
задоволство ја притискаше: „Види, драга моја, не би требало да
бидеш изненадена доколку не сфатиш како стојат нештата. Сигурна
сум дека си добра во својата работа, но ова е различно, бидејќи
сериските убијци имаат различни правила. И тоа се пренесува, исто
така, и на жртвите. Тие не сториле ништо за да го заслужат тоа.
Нивниот единствен престап, најчесто, е тоа што се случило да бидат
на погрешно место во погрешно време. Или, кога излегле од дома,
носеле некоја особена боја попрво отколку друга. Или, пак, како во
нашиот случај, нивниот престап бил тоа што се мали момички,
белки, и што имале меѓу девет и тринаесет години... Не сфаќај го ова
на погрешен начин, но ти не можеш да ги знаеш овие нешта. Не е
ништо лично.“
Да, сигурно, верувам во тоа, помисли Мила. Откако се сретнаа,
Роза правеше се да биде лично. „Брзо учам“, и одговори Мила.
Роза се заврти и ја погледна, со сериозно лице: „Имаш ли деца?“
Мила за миг се зачуди. „Не, зошто? Каква врска има тоа?“
„Затоа што кога ќе ги најдеш родителите на шестата момичка, ќе
мора да им ја кажеш ’причината’ зошто нивната прекрасна ќерка

47
била така третирана. Но ти нема да знаеш ништо за нив, за жртвите
што ги прават за да ја пораснат и да ја школуваат, за непроспиените
ноќи кога имала температура, за заштедата што ја оставале настрана
за нејзиниот факултет, за да бидат сигурни дека таа ќе има иднина,
за часовите поминати играјќи си со неа, или помагајќи и во нејзините
домашни задачи.“ Гласот на Роза стануваше се поналутен. „И
никогаш нема да знаеш зошто три од тие момички имале ист сјаен
лак на своите нокти, или дека едното од нив имало стара лузна на
својот лакот затоа што можеби паднало од велосипед кога имало пет
години, или дека сите тие биле млади и слатки и нема да ги знаеш
сништата и желбите што ги имале на таа невина возраст и коишто се
уништени засекогаш! Ти не ги знаеш овие нешта затоа што никогаш
не си била мајка.“
„Холи“, отсечно одговори Мила.
„Што?“ Сара Роза се ѕвереше во неа, не сфаќајќи.
„Марката на лакот за нокти се вика Холи. Од типот сјајни лакови,
корална прав. Пред еден месец едно тинејџерско списание го даваше
бесплатно, како подарок. Затоа го имале сите три: навистина беше
успешен. Исто така, една од жртвите носела прекрасна бразлетна.“
„Не најдовме бразлетна“, рече Борис, кој се заинтересира.
Мила извади една од фотографиите од фасциклата. „Тоа е број два,
Анеке. Кожата околу нејзиниот зглоб е побледа. Знак дека носела
нешто на тоа место. Можеби убиецот и ја извадил, можеби таа ја
загубила кога била киднапирана или за време на борбата. Сите биле
деснучарки, освен една: таа има траги од мастило на страната на
показалецот, била левучар.“
Борис беше импресиониран, Роза зјапаше. Мила зборуваше како
надојдена река. „И уште нешто: бројот шест, онаа чиешто име не го
знаеме, се познавала со онаа која прва исчезна, со Деби.“
„Како, по ѓаволите, го знаеш тоа?“, ја праша Роза.
Мила ги вадеше една по една фотографиите на рацете од
фасциклата. „Има мала црвена точка на врвот на показалецот на
рацете од двете момички. Тие се посестрими.“

48
О дделот за бихевиористички науки на Федералната полиција
главно се занимаваше со брутални злосторства. Роше беше
негов шеф осум години и беше во можност од корен да го промени
неговиот стил и методи на работа. Тој, фактички, беше оној кој им ги
отвори вратите на цивили како Д-р Гавила кој, поради неговите
статии и истражувања, едногласно беше прогласен за најиновативен
меѓу актуелните криминолози.
Во истражната единица, агент Стерн беше офицер за информации.
Беше најстар и со највисок чин. Неговата работа опфаќаше собирање
податоци кои потоа се употребуваа за формирање паралелни
графички анализи и траги со други случаи. Тој беше „меморијата“ на
групата.
Сара Роза беше офицер за логистика и компјутерски експерт. Таа
најголемиот дел од времето го поминуваше проучувајќи нови
технологии и имаше поминато посебна обука за планирање
полициски операции.
Конечно, тука беше Борис, офицер за испрашување. Негова
одговорност беше да ги испрашува вмешаните луѓе со употреба на
најцелисходни методи и да дојде до можното признание од страна на
виновникот. Беше специјалист во сите видови техники со кои ќе се
постигне таа цел. И, обично, ја постигнуваше.
Роше издаваше наредби, но суштински не ја раководеше единицата:
истрагата ја водеше интуицијата на Д-р Гавила. Главниот инспектор
беше повеќе од се политичар и неговата кариера честопати ги
диктираше неговите одлуки. Тој сакаше да се појавува во јавноста и
да ги „собира“ заслугите за истрагите кои добро се одвиваа. Но, кај
оние кои не беа успешни, ја делеше одговорноста со целата група,
или, како што тој ја нарекуваше, „Единицата на Роше.“ Овој метод му
донесе ненаклонетост и, честопати, непочитување од подредените.
Сите се наоѓаа во собата за состаноци на шестиот кат на зградата
што беше дом на Главното седиште на Одделот во центарот на
градот.
Мила седна во последниот ред. Во тоалетот таа повторно ја

49
истретира раната на ногата, затворајќи ја со два слоја фластер. Потоа
ги промени своите фармерки со други исти такви.
Погледна наоколу, оставајќи ја својата торба на подот. Во
несмасниот човек веднаш го препозна главниот инспектор Роше. Тој
нешто живо му раскажуваше на еден скромен човек со аура на
љубопитност. Сива светлина. Мила беше сигурна дека надвор од оваа
соба, во реалниот свет, човекот би исчезнал како дух. Но овде,
неговото присуство имаше значење. Тој очигледно беше Д-р Гавила,
за кого Борис и Роза зборуваа во автомобилот.
Во човекот имаше нешто што веднаш правеше да ја заборавите
неговата истуткана облека и неуредната коса.
Тоа беа неговите очи, огромни и проникливи.
Продолжувајќи го разговорот со Роше, тој ја погледна Мила,
уловувајќи ја in flagrante. Таа неснаодливо го сврти погледот
настрана, а по извесно време и тој го стори истото, одејќи да седне
недалеку од неа. Од тој момент натаму, наполно ја игнорира, а по
неколку минути состанокот почна и официјално.
Роше застана на платформата и почна да зборува со свечено
движење на раката, како да му зборува на некој огромен аудиториум,
а не на петмина луѓе.
„Само што го слушнав научниот извештај: нашиот Алберт не
оставил траги зад себе. Тој навистина знае што прави. Нема ниту
трага, ниту отпечаток на прст во малите гробишта на раце. Тој само
ни остави да најдеме шест мали момички. Шест трупови... и имиња.“
Потоа инспекторот го покани Горана да зборува, но овој не му се
придружи на платформата. Наместо тоа, остана на своето место, со
скрстени раце и со нозете испружени под редот столови пред него.
„Алберт од почеток знаел како ќе се развиваат нештата. Тој ги
предвидел до најмалиот детаљ. Тој е единствениот што ја раководи
претставата. И шест е комплетниот број во формулата на серискиот
убиец.“
„666, бројот на ѕверот“, Мила се вмеша инстинктивно. Сите се
завртија накај неа со прекорни изрази на лицата.
„Да не користиме баналности од таков вид“, рече Горан, а Мила

50
почувствува како тоне во подот. „Кога зборуваме за комплетен број,
мислиме на фактот дека субјектот веќе комплетирал една серија, или
повеќе.“
Одвај забележително, Мила се намршти и Горан претпостави дека
таа не разбрала, па објасни подобро: „Некого нарекуваме сериски
убиец ако има убиено три пати употребувајќи слични методи.“
„Само два трупа го прават повеќекратен убиец“, додаде Борис.
„Затоа шест жртви се две серии.“
„Значи тоа е еден вид ред?“, праша Мила.
„Не. Тоа значи дека ако убиеш по третпат, нема да запреш“, рече
Роза, завршувајќи ја дискусијата.
„Рестриктивните сопирачки се олабавени, чувството на вина е
смалено и сега убивате механички“, заклучи Горан и се заврти накај
другите. „Но, зошто ништо не знаеме за телото број шест?“
Роше додаде: „Ние сега знаеме едно нешто. Од она што го слушнав,
нашата почитувана колешка не снабди со индиции за кои сметам
дека се важни. Таа ја поврза безимената жртва со Деби Гордон,
нашиот број еден.“ Роше го кажа ова небаре идејата на Мила
фактички била негова. „Агент Васкез, ќе бидете ли љубезна да ни ги
кажете резултатите од Вашата истражувачка интуиција?“
Мила повторно се најде во центарот на вниманието. Погледна во
своите белешки, обидувајќи се да стави некаков ред во мислите пред
да почне да зборува. Во меѓувреме, Роше и кимна да стане.
Мила се исправи на нозе. „Деби Гордон и детето број шест се
познавале едносодруго. Се разбира, ова е само претпоставка од моја
страна, но би можело да го објасни фактот што двете имаат
идентичен знак на нивните показалци...“
„Што точно е тоа?“, праша Горан заинтересирано.
„Па... тоа е оној ритуал на боцкање на врвот на – прстот со игла и
со мешање на крвта со допирање на прстите: адолесцентска верзија
на крвен пакт. Тоа обично се прави за да се освети пријателството.“
Мила самата го имаше тоа направено со својата пријателка
Грациела; тие употребија ’рѓосана шајка затоа што иглите им се
чинеа премногу „женски.“ Одеднаш во умот и навреа сеќавања.

51
Грациела беше нејзина другарка во игрите. Секоја ги знаеше тајните
на другата, дури еднаш тие си го делеа и момчето, иако тоа ништо не
знаеше за ова. Му дозволија да верува дека тој е еден интелигентен
тип кој успеал да излегува со две пријателки без тие да забележат.
Што се случи со Грациела? Ја немаше слушнато со години. Прерано
го загубија контактот, и никогаш веќе не се сретнаа.
И уште си имаа ветено вечно пријателство. Зошто толку лесно ја
заборави?
„Ако е така, детето број шест би можело да е врсник на Деби“,
заклучи таа.
„Баровиот тест на телото на екстремитетот на шестото тело ја
поткрепува оваа теза: жртвата имала дванаесет години“, рече Борис,
кој не можеше да дочека за да добие поени кај Мила.
„Деби Гордон посетувала ексклузивно интернатско училиште. Не е
веројатно дека нејзината сестра можела да биде нејзина соученичка,
бидејќи никој од другите ученици не недостига.“
„Тогаш морала да ја сретне надвор од училиштето“, и упадна
повторно Борис.
Мила потврди со главата. „Деби била во училиштето осум месеци.
Мора да се чувствувала мошне осамено далеку од дома.
Претпоставувам дека тешко и одело зближувањето со други
момички. Мислам дека својата сестра ја сретнала во други услови.“
„Би сакал да отидеш и да ја разгледаш собата на момичките во
училиштето: оттаму би можело нешто да излезе“, рече Роше.
„Би сакала, исто така, да зборувам и со родителите на Деби,
доколку е можно.“
„Се разбира, сторете го она што го сметате за потребно.“
Пред да може да продолжи главниот инспектор, некој чукна на
вратата. Трипати. Веднаш потоа влезе низок човек со бела кошула,
иако никој не го покани внатре. Имаше остра коса и необични
бадемлија очи.
„Ах, Чанг“, му се обрати Роше наместо добредојде.
Човекот беше медицински иследник што се занимаваше со
случајот. Мила речиси веднаш сфати дека тој всушност не беше од

52
Истокот. Името му беше Леонард Врос, но секој го знаеше како Чанг.
Малиот човек дојде и застана покрај Роше. Носеше досие што
веднаш го отвори, и покрај тоа што немаше потреба да ја чита
содржината бидејќи ја знаеше наизуст. Можеби држењето на
хартиите пред себе му даваше чувство на сигурност.
„Би сакал да слушате внимателно што открил д-р Чанг“, рече
главниот инспектор. „И покрај тоа што знам дека за некој од вас
можеби ќе биде тешко да сфати определени детали.“
Забелешката се однесуваше на неа, Мила беше повеќе од сигурна во
тоа.
Чанг ги стави очилата што ги држеше во џебот на кошулата, се
накашла и почна да зборува. „Состојбата на зачуваност на останките,
и покрај тоа што биле закопани, е одлична.“
Ова ја потврдуваше идејата дека не поминало многу време од
формирањето на гробиштата на раце и нивното откривање.
Патологот навлезе во многубројни детали. Но, кога Чанг конечно
требаше да го илустрира методот со кој шесте мали момички биле
убиени, тој отиде веднаш на поентата. „Тој ги убил отсекувајќи им ги
рацете.“ Повредите имаа свој сопствен јазик што го употребуваат за
комуникација. Мила тоа го знаеше многу добро. Кога патологот ја
заврти страницата од досието на зголемената фотографија на една од
рацете, таа веднаш ги забележа црвениот круг околу резот и
скршената коска. Течењето крв низ ткивото е првиот знак дали
повредата е смртоносна или не. Ако е зададена на телото, нема
активност на срцевата пумпа, така што крвта пасивно истекува од
раскинатите крвни садови, без да се таложи во околното ткиво. Од
друга страна, доколку ударот е зададен кога жртвата се уште била
жива, срцето ја турка крвта во повреденото ткиво во очајнички обид
да создаде лузна. Спасувачкиот механизам кај малите момички
запрел во моментот кога раката им била отстранета.
Чанг продолжи: „Повредата е нанесена на половина пат надолу
спрема брахијалниот бицепс. Коската не е оштетена, преломот е
чист. Убиецот мора да употребил прецизна пила: не најдовме
никакви метални струготини покрај маргините на повредата.

53
Хомогеноста на пресекот на крвните садови и на тетивите ни
укажува дека ампутацијата била извршена со она што јас би го
нарекол хируршка вештина. Смртта била предизвикана од крвавење.“
Потоа додаде: „Тоа била одвратна смрт.“
На таа реченица, Мила почувствува импулс да ги спушти очите во
знак на почит. Но, веднаш забележа дека би била единствената.
Чанг продолжи: „Би рекол дека ги има убиено веднаш: не бил
заинтересиран да ги држи живи подолго од потребното, и не се
двоумел. Методите на убивање се исти кај сите жртви. Со исклучок
на една..“
Неговите зборови висеа во воздухот пред да паднат како капки
смрзната вода врз оние што ги слушаа.
„Како мислите?“, праша Горан.
Чанг ги крена очилата нагоре од врвот на носот и се загледа во
криминологот. „Затоа што за едната од нив било дури и полошо.“
Собата ја обвитка апсолутна тишина.
„Токсиколошките анализи открија траги на фармаколошки коктел
во крвта и во ткивото. Во овој случај: антиаритмици, како
дисопиламид, АГЕ инхибитори и атенолол, што е бета-локатор...“
„Тој го намалил нејзиниот пулс, симнувајќи го притисокот исто
време“, додаде Горан Гавила, кој веќе имаше разбрано се.
„Зошто?“, праша Стерн, кому воопшто не му беше јасно.
Една гримаса, како горчлива насмевка, се покажа на усните на
Чанг. „Го забавил нејзиното крвавење за да умре таа побавно... тој
сакал да ужива во претставата“
„Кое дете било тоа?“, праша Роше, и покрај тоа што сите го знаеја
одговорот.
„Број шест.“
Овојпат на Мила не и беше потребно да биде експерт за сериски
убијци за да открие што се случило. Медицинскиот иследник
ефектно изјави дека убиецот ги менувал своите modus operandi. Значи
дека станал сигурен во врска со она што го правел. Тој
експериментирал со нова игра. И таа му се допаднала.
„Тој направил промена затоа што бил среќен со резултатот.

54
Станувал се подобар и подобар“, заклучи Горан. „Од тоа можеме да
заклучиме дека тој уживал во тоа.“
Мила одненадеж сети чудно чувство. Тоа беше она треперење во
долниот дел на вратот што секојпат ја предупредуваше дека се
приближува до решението на еден од нејзините случаи на исчезнати
лица. Тоа беше тешко да се објасни. Кога тоа ќе се случеше,
нејзиниот ум откриваше неочекуван факт. Обично таа перцепција
траеше подолго, но овојпат, исчезна пред да може да ја зграпчи.
Некои зборови на Чанг и побегнаа.
„Уште едно нешто...“ Докторот се заврти накај Мила: и покрај тоа
што не ја знаеше, таа беше единственото непознато лице во таа соба,
и мора да бил веќе информиран за причината за нејзиното присуство.
„Родителите на исчезнатите момички се во соседната соба.“

О д прозорецот на станицата на сообраќајната полиција, скриен


далеку меѓу планините, Александар Берман можеше да ужива
во целосниот поглед на паркингот. Неговиот автомобил беше долу,
во петтиот ред. Од таа точка, му се чинеше мошне далеку.
Сонцето, веќе високо на небото, правеше каросеријата да светка.
Никогаш не можеше да замисли дека по невремето од минатата ноќ,
денот ќе биде ваков. Прилегаше на доцна пролет и речиси беше
топло. Незабележливо ветре пиркаше низ отворениот прозорец,
носејќи чувство на смиреност. Тој беше целосно исполнет.
Кога беше запрен на патот долу, не беше вознемирен, не го фати
паника. Остана внатре во автомобилот, со здодевното чувство на
влажност меѓу нозете.
Од возачкото седиште имаше одличен поглед на полицајците
покрај полицискиот автомобил. Еден од нив ја држеше футролата со
неговите документи, разгледувајќи ги, диктирајќи му ги податоците
на другиот кој, пак, ги проследуваше преку радиоврска.
Наскоро ќе се вратат и ќе ме натераат да го отворам
багажникот, помисли тој.
Полицаецот кој го запре беше мошне учтив. Го праша за светлата

55
за магла и сочувствуваше со него додека му кажуваше дека не му
завидува што морал да вози цела ноќ на такво ужасно време.
„Вие не сте од околината“, му рече додека ја проверуваше
регистрацијата.
„Не, во право сте“, му одговори Александар. „Јас сум од друго
место.“
Конверзацијата заврши на тоа. За момент, тој си помисли да им
каже се, но се предомисли. Моментот се уште не е дојден. Потоа
полицаецот се оддалечи накај својот колега. Александар Берман не
знаеше што ќе се случи, но првпат попушти неговиот стисок на
воланот. Крвта почна повторно да циркулира низ неговите раце, а
нивната боја се врати.
И – се најде себеси размислувајќи повторно за своите пеперутки.
Толку нежни, толку несвесни за магијата во која се фрлени. Додека
го запираше времето за нив, правејќи ги свесни за тајните на својот
занес, другите само се исцрпуваа од својата убавина. Тој се загрижи
за ова. По се, за што можеа да го обвинат?
Кога го виде полицаецот како се враќа накај неговиот прозорец,
овие размисли одненадеж избегаа, а тензијата, што за момент беше
олабавена, повторно се зголеми. Им требаше предолго време, си
помисли. Додека се враќаа, полицаецот ја држеше едната рака на
својот колк, во висина на ременот. Берман знаеше што значи тој
потег. Значеше дека само што не го повлекол својот пиштол. Кога
конечно се приближи, го слушна како кажува нешто што тој не го
очекуваше.
„Би сакале да не следите до станицата, господине Берман. Вашата
сообраќајна дозвола недостига во документацијата.“
Тоа е чудно, си помисли. Сигурен сум дека ја ставив таму. Но,
потоа сфати: човекот со ски маската ја извадил кога тој беше
онесвестен... И сега беше тука, во оваа мала чекалница, уживајќи ја
незаслужено топлината на ветрето. Го затворија тука откако му го
одзедоа автомобилот, не знаејќи дека заканата со административни
санкции беше последна во неговите грижи. Тие се засолнаа во своите
канцеларии, наполно несвесни, решавајќи за нештата што веќе немаа

56
никаква важност за него. Како ја менувате хиерархијата на
приоритети на човек кој повеќе нема што да загуби? Неговата
најитна мисла во тој миг беше дека милувањето на ветрето нема да
престане.
Во меѓувреме, се уште ги фиксираше очите врз паркингот и
доаѓањето и заминувањето на полицајците. Неговиот автомобил уште
стоеше таму, во полн приказ. Со својата тајна заклучена во
багажникот. И никој ништо не забележа.
Додека размислуваше за посебноста на својата ситуација, забележа
група полицајци како се враќаат од својата средно-утринска кафе-
пауза. Тројца мажи и две жени, сите во униформи. Еден од нив се
чинеше дека кажува некоја приказна и мавташе со рацете додека
одеше. Кога заврши, другите се смееја. Александар не слушна ниту
збор од приказната, но звукот од смеата беше заразен и стана свесен
дека и тој се насмевнува. Тоа не траеше долго. Групата помина
блиску до неговиот автомобил. Еден од нив, највисокиот, одненадеж
застана, оставајќи ги другите да продолжат. Тој забележа нешто.
Александар веднаш го виде изразот што се појави на неговото лице.
Мирисот, си помисли. Мора да го почувствувал мирисот. Без
ништо да им каже на своите колеги, полицаецот почна да се вртка
наоколу. Го душкаше воздухот, обидувајќи се да ја најде слабата
трага што за момент ги алармира неговите сетила. Кога повторно ја
почувствува, тој се заврти накај автомобилот покрај себе. Зачекори
неколку чекори во тој правец, а потоа се вкопа пред затворениот
багажник.
Гледајќи ја сцената, Александар Берман воздивна со олеснување.
Тој беше благодарен. Благодарен што го донесоа овде, за ветрето што
му беше доделено и за фактот што нема да биде оној што го отвора
тој проклет багажник.
Милувањето од ветрот стивнуваше. Александар стана од својот
стол покрај прозорецот и го извади мобилниот телефон од џебот.
Беше дојдено времето да телефонира.

57
6

Д еби. Анеке. Сабина. Мелиса. Каролина.


Мила тивко ги повторуваше овие имиња додека низ
прозорското стакло ѕиркаше во членовите на семејствата на петте
идентификувани жртви, кои беа собрани во мртовечницата на
Институтот за судска медицина. Тоа беше готска зграда со големи
прозорци, обиколена со отворен парк.
Двајца недостигаа, беше опсесивната мисла на Мила. Еден татко
и една мајка што се уште не успеавме да ги најдеме.
Мораат да и дадат име на левата рака број шест. Момичката која
Алберт најмногу ја измачувал, со оној коктел дроги, за да и ја забави
смртта колку што е можно поболно.
Тој сакал да ужива во претставата.
Таа повторно помисли на случајот на учителот по музика, кога ги
ослободи Пабло и Елиза. И сепак спасивте тројца, и рече водник
Морексу, мислејќи на забелешката најдена во дневникот на човекот.
Тоа име...
Присила.
Нејзиниот шеф беше во право: малата момичка имала среќа. Мила
стана свесна за суровата врска меѓу неа и шесте жртви.
Присила била однапред избрана од својот егзекутор. Беше само
чиста случајност што не стана негов плен. Каде беше сега таа? Како
изгледаше нејзиниот живот? И дали имаше дел од неа, длабок и
скриен, што беше свесен дека избегнала таков ужас?
Стапнувајќи во куќата на учителот по музика, Мила ја спаси. А таа
тоа никогаш нема да го знае. Никогаш нема да може да го цени
фактот дека и е подарен втор живот.
Присила, како и Деби, Анеке, Сабина, Мелиса, Каролина.
Предодредени, но без својата судбина.
Присила, како број шест. Жртва без лице. Но таа, во најмала рака,
има име.
Чанг напомна дека тоа беше само прашање на време, дека

58
идентитетот на шестата мала момичка ќе излезе порано или подоцна.
Но, идејата дека исчезнала засекогаш правеше да биде тешко да се
разгледува друга опција.
Но, сега таа мора да има бистра свест. Мојот ред, си помисли,
додека гледаше низ стаклото што ја делеше од родителите на малите
момички кои веќе имаа име. Го проучуваше човековиот аквариум,
кореографијата на тие молчаливи, од болка погодени суштества.
Наскоро ќе треба да влезе внатре да разговара со таткото и мајката на
Деби Гордон. И на тие родители ќе треба да им го даде она што
останало од нивната болка.
Ходникот до мртовечницата беше долг и мрачен. Таа се наоѓаше во
визбата на зградата. До неа се стигнуваше преку скали или со лифт
кој обично не работеше. И на едната и на другата страна на таванот
имаше тесни прозорци, кои дозволуваа мошне мало количество
светлина. Белите глазирани плочки кои ги прекриваа ѕидовите не
успеваа да ја рефлектираат светлината, што најверојатно било
предвидено кога биле местени. Резултатот беше што таму беше
темно дури и преку ден, и флуоресцентните светилки на таванот беа
постојано запалени, исполнувајќи ја соблазната тишина на местото
со непрестаен шум.
Какво ужасно место за да се соочиш со веста дека си го загубил
детето, размислуваше Мила, се уште проучувајќи ги родителите кои
страдаа. Немаше ништо да им се понуди за утеха освен некои
безимени пластични столови и маса со стари насмеани списанија.
Деби. Анеке. Сабина. Мелиса. Каролина.
„Погледни“, и рече Горан Гавила, застанувајќи блиску до неа. „Што
гледаш?“
Првин ја понижи пред сите. Сега стана близок. Мила подолго време
посматраше. „Го гледам нивното страдање.“
„Погледни подобро. Има повеќе од тоа.“
„Ги гледам тие мртви деца. Иако не се таму. Нивните ликови се
збир на лицата на нивните родители. Тоа е начинот на кој јас можам
да ги видам жртвите.“
„И гледам јадра на пет семејства. Секое од нив со различен

59
социјален бек-граунд. Со различни приходи и различни начини на
живеење. Гледам двојки кои, поради различни причини, имаат само
едно дете. Гледам жени кои одамна ги поминале четириесеттите и
поради тоа не можат биолошки да се надеваат на втора бременост...
тоа го гледам јас.“ Горан се заврти да ја погледне. „Тие се неговите
вистински жртви. Тој ги има проучувано, ги има избрано. Ќерка
единица. Сакал да ги лиши од секаква надеж за совладување на
тагата, од обидот да ја заборават својата загуба. До крајот на своите
животи тие ќе мора да го паметат тоа што им го сторил. Тој ја
засилил нивната тага одземајќи им ја иднината. Тој ги лишил од
можноста за пренесување на сеќавањето за нив на годините што
доаѓаат, од преживување на нивната сопствена смрт... и тој се храни
со тоа. Тоа е наградата за неговиот садизам, изворот на неговото
задоволство.“
Мила погледна настрана. Криминологот имаше право: имаше
симетрија во злото што им беше сторено на тие луѓе.
„Шаблон“, рече Горан, коригирајќи ги нејзините размисли.
Мила повторно помисли на момичката број шест. Неа уште немаше
кој да ја оплакува. Таа имаше право на тие солзи, како и сите други.
Страдањето треба да исполни една задача. Тоа ги обновува врските
меѓу животите на живите и оние на умрените. Тоа е јазик кој има
само четири зборови. Тоа ги менува условите на прашањето. Тоа
беше тоа што го правеа родителите од другата страна на стаклото.
Прецизно обновено со нивната болка, парче живот што повеќе не
постои. Исткајувајќи ги своите кревки сеќавања, спојувајќи ги белите
нишки на минатото со танките нишки на сегашноста.
Мила собра храброст и го помина прагот. Очите на родителите
веднаш се завртија накај неа и настапи тишина.
Се упати накај мајката на Деби Гордон, која седеше покрај својот
сопруг, кој ја имаше прегрнато. Нејзините чекори звучеа строго
додека поминуваше покрај другите.
„Госпоѓо и господине Гордон, треба да зборувам со вас накусо...“
Мила го покажа патот со раката. Потоа ги упати да одат пред неа
кон втората мала соба, со машина за кафе и снек-автомат, излижана

60
софа спроти ѕидот, маса со сини пластични столови и со кошничка за
отпадоци полна со пластични чаши.
Мила ги замоли Гордонови да седнат на софата и отиде да земе
еден од столовите. Ги испружи нозете, чувствувајќи второ мало
жегање во раната на својот колк. Не беше толку силно: заздравуваше.
Мила собра храброст и почна, претставувајќи се. Зборуваше за
истрагата, без да додава некакви детали во она што го знаеја досега.
Нејзината намера беше да ги олабави пред да им ги постави
прашањата што ја интересираа.
Госпоѓа и господин Гордон не престанаа ниту еден момент да
гледаат во неа, небаре таа некако има сила да им го запре кошмарот.
Обајцата беа привлечни и елегантни. Обајцата адвокати. Од типот на
оние што се платени на час. Мила ги замисли во нивниот перфектен
дом, опкружени со одбрани пријатели, како водат позлатен живот.
Разбирливо беше што можеле да ја испратат својата единствена ќерка
да учи во престижно приватно училиште. И сопругот и сопругата
мора да биле две ајкули во својата професија. Луѓе кои можат да се
справат со најкритични ситуации во своето поле на работа, кои се
навикнати да ги раскинат со заби своите противници, и на кои
никогаш не им недостасувала храброст. Но сега, обајцата беа целосно
неподготвени за трагедија како оваа.
Откако го заврши излагањето за случајот, таа премина на поентата:
„Госпоѓо и господине Гордон, дали по некаква случајност знаете за
какво и да е особено пријателство што можела да го има Деби со
своја врсничка надвор од училишната средина?“
Двојката меѓусебно се погледна небаре, подобро отколку одговор,
се обидува да изнајде веројатна причина за прашањето. Но не
можеше да ја најде.
„Не за кое ние знаеме“, рече таткото на Деби.
Мила, сепак, не беше задоволна од тој скуден одговор. „Дали сте
сигурни дека Мила никогаш не ви кажала преку телефон за некој
што не и е соученик?“
Додека госпоѓа Гордон се бореше да се сети, Мила се најде себеси
како ја проучува нејзината линија: рамен стомак, напрегнати

61
мускули на нејзините нозе. Таа веднаш сфати дека внимателно било
размислувано околу изборот да се има само едно дете. Оваа жена не
би ја оптоварила својата става со втора бременост. Но, сега беше
премногу доцна. Нејзините години, близу педесеттите, повеќе не би и
дозволиле да има деца. Горан имаше право. Алберт не ги избрал нив
случајно.
„Не... но подоцна на телефон таа звучеше многу порелаксирано“,
рече жената.
„Претпоставувам дека мора да барала од вас да ја донесете дома...“
Удри во болна точка, но не можеше поинаку ако сакаше да дојде до
вистината. Со глас скршен од вина, таткото на Деби призна:
„Вистина е: таа беше избезумена, рече дека и недостасуваме ние и
Стинг...“ Мила го погледна збунето, а човекот и објасни: „Нејзиниот
пес... Деби сакаше да си дојде дома, во своето старо училиште.
Добро, таа, поточно, никогаш не го кажа тоа. Можеби се плашеше да
не не растажи, но... тоа беше очигледно од нејзиниот глас.“
Мила знаеше што ќе се случи: овие родители секогаш ќе се
прекоруваат зошто не го слушале срцето на својата ќерка кога ги
преколнувала да и дозволат да се врати дома. Но, Гордонови ги
ставиле своите амбиции пред неа, надевајќи се дека тоа е нешто што
може да се пренесе генетски. Во нивното однесување навистина
немаше никаква грешка; тие го сакале најдоброто за својата
единствена ќерка. Во основа, тие се однесувале само како родители.
И доколку нештата се одвиваа поразлично, можеби еден ден Деби ќе
им беше благодарна. Но тој ден, за нивна жал, никогаш нема да дојде.
„Госпоѓо и господине Гордон, жалам што морам да инсистирам,
можам да замислам колку е болно ова, но морам да Ве замолам да си
припомните за разговорите што сте ги воделе со Деби: луѓето што ги
видела надвор од училиштето може да се покажат како мошне важни
за решавање на случајот. Ве молам, сетете се, и ако нешто ви дојде
на ум...“
И двајцата истовремено потврдија кимнувајќи со главата, ветувајќи
дека ќе се обидат да се сетат. Мила забележа една фигура зад
стаклената врата: Сара Роза, која се обидуваше да го привлече

62
нејзиното внимание. Мила им се извини на Гордонови и излезе. Кога
во ходникот застана лице в лице со Сара Роза, жената и кажа само
неколку зборови: „Подготви се, треба да одиме. Нашле тело на една
мала момичка.“

С пецијалниот агент Стерн уште носеше жакет и врска. Тој


преферираше кафеави или беж или темносини костуми, и
кошули со пруги. Мила сфати дека неговата сопруга сака тој да се
движи во добро испеглана облека. Изгледаше уреден, со коса
зачешлана наназад со малку брилијантин. Се бричеше секое утро, а
кожата на неговото лице беше мека повеќе отколку мазна; убаво
мирисаше. Беше мошне совесен, тој Стерн. Еден од оние кои
никогаш не ги менуваат своите навики, за кого да се биде уреден е
поважно отколку да се биде модерен.
И, мора да бил многу способен во својата работа како собирач на
информации.
За време на возењето до местото каде што било најдено телото,
Стерн лапна неколку пеперминт бонбони, а потоа брзо ги изложи
фактите што ги знаеше.
„Уапсениот човек се викал Александар Берман. Има четириесет
години и е трговски претставник за машински делови за текстилна
индустрија. Очигледно е добар продавач. Оженет е и секогаш живеел
мирен живот. Во градот каде што живее е високопочитуван и добро
познат. Неговата работа му носи чесен приход: не е којзнае колку
богат, но во животот му оди ОК.“
„Тогаш е чист“, додаде Роза. „Не е од сортата што би ја очекувале.“
Кога стигнаа до станицата на сообраќајната полиција, полицаецот
што го нашол телото седеше на една стара софа во една од
канцелариите. Беше во шок.
Локалните власти и го предадоа местото на единицата за насилен
криминал. И тие се фатија за работа помогнати од Горан и под
надзорот на Мила, чија улога се состоеше во тоа да провери дали има
присуство на инаку корисни траги, што би и дозволило да ја

63
извршува својата работа полесно без активно интервенирање. Роше
остана во канцеларијата, оставајќи ги своите луѓе да реконструираат
што се случило.
Мила забележа дека Сара Роза се држи на дистанција од неа.
Можеше само да биде задоволна поради тоа – иако беше сигурна
дека полицајката ја држи на око за да ја фати на грешка.
Еден млад поручник се понуди да ги одведе до точното место.
Обидувајќи се да изгледа доверливо, се мачеше да им даде до знаење
дека ништо не било помрднато. Но, сите членови на единицата многу
добро знаеја дека тоа веројатно е првпат тие да се соочат со сцена од
ваков вид. Во кариерата на провинциски полицаец не се среќавате
често со ваков ужасен криминал.
Патем, поручникот ги изложи фактите со крајна прецизност.
Можеби претходно го вежбал излагањето за да не згреши. Така што
се појави небаре со напишана изјава: „Констатиравме дека вчера
изутрина Александар Берман пристигнал во хотел во едно село
мошне далеку одовде.“
„Четиристотини милји далеку“, прецизира Стерн.
„Изгледа возел цела ноќ. Резервоарот за бензин му беше речиси
празен“, додаде поручникот.
„Дали се сретнал со некого во хотелот?“, го праша Борис.
„Очигледно вечерал со клиенти. Потоа се повлекол во својата
соба... ова е тоа што го кажаа луѓето кои биле со него. Но, се уште ги
проверуваме нивните верзии.“
Роза набрзина го запишуваше ова во нотесот, а Мила ѕирна во
забелешката преку своето рамо: Да се соберат хотел гости верзија
распоредете.
Горан упадна: „Претпоставувам дека Берман уште нема ништо
кажано.“
„Осомничениот Александар Берман одбива да зборува без
присуство на правен застапник.“
Стигнаа до паркингот. Горан забележа дека околу автомобилот на
Берман се наредени бели паравани за да го скријат погледот на
смртта. Но, тоа беше само една лицемерна претпазливост меѓу

64
многуте такви. Демонстрирањето честопати е маска употребена како
одговор на ужасен криминал.
Горан Гавила тоа го научи мошне рано. Смртта, особено насилната,
дејствува чудно фасцинирачки врз живеењето. Труповите секогаш го
будат нашето љубопитство. Смртта е високозаводлива.
Пред да дојдат до местото на злосторството, тие навлекоа
пластични калоши и капи за да ја покријат косата, и неизбежни
стерилни ракавици. Потоа поминаа покрај еден мал контејнер со
камфорна паста. Секој од нив стави по малку од пастата под своите
носници за да спречи секаков вид мирис.
Тоа беше испробан и проверен ритуал, што не бараше зборови. Но,
исто така, и начин за изнаоѓање на вистинското ниво на
концентрација. Кога ја прими тубата од Борис, Мила се почувствува
како учесник во тој чуден акт на причесна.
Полицискиот сообраќаен поручник, повикан да оди пред нив,
одненадеж ја загуби сета своја самоувереност и се расколеба. Потоа
си замина.
Пред да ги преминат границите на тој нов свет, Мила го улови
Горана како ја гледа со загриженост. Му кимна со главата и се
чинеше дека тој се смири.
Првиот чекор секогаш е најтежок. Мила нема лесно да го заборави
својот.
Во тие неколку квадратни метри, каде што дури и сончевата
светлина беше променета поради вештачката светлост од халогените
ламби, се наоѓаше друг универзум, со физички правила и закони
сосема поразлични од оние во познатиот свет. На трите димензии,
висината, ширината и длабочината, им се придружуваше четвртата –
празнината. Секој криминолог знае дека токму во „празнината“ на
местото на злосторството ќе ги најдете одговорите. Со пополнување
на тие места со присуството на жртвата и на егзекуторот го
реконструирате злосторството, и давате значење на насилноста,
фрлате светлина врз непознатото. Првиот впечаток на местото на
злосторството секогаш е најважниот.
Првиот впечаток на Мила беше мирисот.

65
И покрај камфорот, мирисот навлегуваше. Мирисот на смртта е и
одвратен и сладок. Тоа е контрадикторно самото по себе. Првин ве
погодува како удар во стомакот, потоа откривате дека има нешто
подлабоко внатре што не може да не ви се допадне.
Членовите на тимот брзо се наредија во круг околу автомобилот на
Берман. Секој од нив застана на една точка за посматрање, а нивните
очи формираа мрежа што го покри секој квадратен сантиметар.
Мила го следеше Горан до задниот дел на автомобилот. Багажникот
беше отворен, како што го оставил полицаецот кој го нашол телото.
Горан се наведна внатре и Мила го стори истото.
Внатре во багажникот имаше само една голема црна пластична
вреќа врз која се оцртуваа контурите на тело.
Вреќата беше перфектно прилепена за неговата форма, обликувајќи
се според карактеристиките на лицето и добивајќи ги неговите
линии. Устата беше отворена како во нем плач. Како да бил
исшмукан воздухот од темниот амбис.
Како покров од месо.
Анеке, Деби, Сабина, Мелиса, Каролина... или тоа беше број шест?
Можеа да се видат отворите на очите, и главата зафрлена наназад.
Телото не се откажало од својот живот без борба; спротивно на тоа,
поставеноста на екстремитетите беше вкочанета, небаре биле
погодени од молња сред скок. На таа статуа од месо нешто
очигледно недостигаше. Ја немаше раката. Левата рака.
„Добро, ајде да ја почнеме анализата“, рече Горан.
Криминолошкиот метод се состоеше од поставување прашања,
некои од нив едноставни и очигледно безначајни; прашања од кои
сите тие ќе се обидат да го изнајдат одговорот. Дури и во тој
контекст, секое мислење беше прифаќано.
„Пред се, ориентацијата“ почна тој. „Значи, кажете ми: зошто сме
овде?“
„Ќе почнам јас“, предложи Борис, кој стоеше на страната на
возачот. „Ние сме овде поради сообраќајната дозвола што недостига.“
„Што мислите? Дали ова е доволно за објаснување?“, праша Горан,
гледајќи во групата.

66
„Блокадата на патот“, рече Сара Роза. „Откако исчезнаа момичките,
имало дузина, распоредени насекаде по местото. Тоа беше можност
и, се случи... беше среќа.“
Горан одмавна со главата: тој не веруваше во среќа. „Зошто би
ризикувал возејќи наоколу со тој компромитирачки товар?“
„Можеби само сакал да се ослободи од него“, сугерираше Стерн.
„Или, можеби се плашел дека сме му на трагата и се обидувал да ги
премести трагите што подалеку од себе.“
„Се согласувам дека тоа може да е обид да не оттргне од трагата“,
рече Борис. „Но излегло погрешно.“
Мила процени дека тие веќе решиле: Александар Берман беше
Алберт. Само Горан уште се чинеше малку збунет.
„Нам уште ни треба да процениме каков бил неговиот план. Поради
тоа имаме труп во багажникот. Но првото прашање беше различно, и
ние се уште немаме одговор на него: зошто сме тука? Што не доведе
заедно околу овој автомобил, загледани во ова тело? Уште од
почетокот, зедовме здраво за готово дека нашиот човек е остроумен.
Можеби и поинтелигентен од нас. Тој неколкупати не измами,
успевајќи да ги киднапира малите момички дури и кога секој од нас
беше во целосна состојба на готовност... Можете ли воопшто да си
замислите дека го издало тоа што ја немал глупавата сообраќајна
дозвола?“
Сите ова го прифатија молчешкум. Криминологот се заврти накај
полицискиот сообраќаен поручник, кој во меѓувреме застана
настрана, тивок и блед како кошулата што ја носеше под својата
униформа.
„Поручниче, пред кратко време ни кажавте дека Берман барал
присуство на адвокат, така ли?“
„Точно.“
„Можеби и службен адвокат ќе биде доволен, затоа што засега би
сакал да разговарам со осомничениот, да му овозможам да ги побие
резултатите од нашите анализи кога ќе завршиме овде.“
„Дали сакате сега да ми дадете инструкции?“
Човекот чекаше Гавила да го ослободи. А Горан тукушто направи

67
како што сакаше тој.
„Берман веројатно нашол начин како да подготви верзија на
фактите. Подобро е да се фати на изненадување и да се обидеме да го
уловиме во противречност пред да ја научи наизуст верзијата“,
додаде Борис.
„Се надевам дека имал време да ја преиспита својата совест додека
беше затворен таму внатре.“
Веднаш штом поручникот го кажа тоа, членовите на тимот се
погледнаа еден во друг со неверување.
„Мислиш, го оставивте сам?“, го праша Горан.
На поручникот му беше непријатно. „Го ставивме во самица,
согласно полициската практика. Зошто, што...“
Немаше време да ја заврши реченицата. Борис беше прв кој тргна –
со скок се најде надвор од оградата, следен од Стерн и од Сара Роза,
која, кога тие заминаа, набрзина ги собу калошите за да го спречи
лизгањето кога трчаа.
Мила, како и младиот полициски сообраќаен поручник, очигледно
не сфати што се случува. Горан јурна по другите, викајќи наназад:
„Тој е субјект на ризик: би требало да внимаваш на него!.“
Во тој момент и Мила и поручникот сфатија за каков ризик
зборуваше криминологот.
Неколку моменти подоцна тие се најдоа покрај вратата на ќелијата
каде што беше заклучен човекот. Имаше полицаец за надгледување
кој побрза да ја отвори шпионката кога Борис му ја покажа својата
картичка. По слабо ѕвечкање, сепак, немаше никаков знак од
Александар Берман.
Го избрал слепиот агол од ќелијата, помисли Мила.
Додека чуварот ја отвораше тешката брава, поручникот продолжи
со обидите секого да го смири – но себеси најмногу од сите –
нагласувајќи уште еднаш дека процедурата била следена според
документите. Часовникот на Берман, неговиот ремен, врската, па
дури и врвките му биле одземени. Немал ништо со што би можел да
се повреди.
Но, се покажа дека полицаецот греши веднаш штом железната

68
врата беше ширум отворена.
Човекот лежеше во аголот на ќелијата. Во слепиот агол.
Потпрен спроти ѕидот, рацете му беа положени во скутот, а нозете
раширени. Устата му беше натопена со крв. Црна локва се разлеваше
околу телото.
Тој го употребил најнетрадиционалниот начин да се самоубие.
Александар Берман со своите заби си го раскинал месото од
зглобовите и чекал да искрвави до смрт.

69
7

Т ие ќе ја однесат дома.
Со ова немо ветување, тие го презедоа пренесувањето на
телото на малата момичка.
Тие ќе и овозможат правда.
По самоубиството на Александар Берман тешко беше да се одржи
обврската, но тие, како и да е, ќе се обидат.
Поради тоа телото беше тука, на Институтот за судска медицина.
Д-р Чанг го намести микрофонот закачен за таванот, така што сега
висеше вертикално над железната мртовечка маса. Потоа се заврти
накај касетофонот.
Првин зеде скалпел и брзо го слизна низ пластичната вреќа, сечејќи
мошне прецизна права линија. Го остави хируршкиот инструмент и
со своите прсти, нежно, ги поткрена двата дела од вреќата што ја
расече.
Единствената светлина во собата беше блесокот од ламбата над
операционата маса. Насекаде околу – бездна од темница. А баланс на
работ од таа бездна беа Горан и Мила. Ниту еден од другите членови
на тимот не чувствуваше дека мора да учествува во церемонијата.
Медицинскиот иследник и двајцата гости беа во стерилни наметки,
и со ракавици и маски за лице за да не го контаминираат доказниот
материјал.
Со помош на солен раствор, Чанг полека почна да ги шири
рабовите на вреќата, одделувајќи ја пластиката од телото под неа, за
кое беше перфектно залепено. Малку по малку, со големо трпение.
Тоа постепено почна да се покажува... Мила веднаш ги виде
зеленото сомотско здолниште, белата блуза и волнениот елек. Потоа
го здогледа фланелот од блејзерот.
Додека Чанг продолжуваше, се појавуваа нови детали. Стигна до
секцијата на градниот кош, до раката што недостигаше. Жакетот на
тоа место и не беше којзнае колку крвав. Едноставно беше пресечен
во нивото на рамото, од каде што висеа отсечените делови.

70
„Тој не ја убил вака облечена. Го преоблекол трупот потоа“, рече
патологот.
Тоа „потоа“ се загуби во одекот на собата, потонувајќи во бездната
од темницата што ги обиколуваше, како камен што потскокнува по
ѕидовите на јама без дно.
Чанг ја извлече десната рака надвор. На зглобот се наоѓаше
бразлетна со клуче како приврзок.
Стигнувајќи до нивото на вратот, докторот запре за миг за да си ја
избрише веѓата со мал пешкир. Дури тогаш Мила забележа дека
патологот е испотен. Тој дојде до најделикатната точка на
операцијата. Стравот беше дека кога пластиката ќе се оддели од
лицето, и површинскиот слој на кожата, исто така, може да се
одлепи.
Мила присуствувала и на други аутопсии. 0бично медицинските
истражители немаат толку обѕири околу начинот на кој ги третираат
телата под истрага. Ги сечат одвоено и ги шијат сосема безгрижно.
Во тој миг, сепак, таа процени дека Чанг сака родителите за последен
пат да го видат своето дете во најдобрата можна состојба. Поради тоа
тој беше толку вознемирен. Таа почувствува почит кон човекот.
Конечно, по неколку бесконечни минути, докторот успеа
комплетно да ја отстрани црната пластика од лицето на момичката.
Мила веднаш ја препозна.
Деби Гордон. Дванаесетгодишна. Првата што исчезна.
Нејзините очи беа широко отворени. Устата, исто така. Како
очајнички да се обидувала да каже нешто.
Носеше шнола со бел лилјан. Тој и ја исчешлал косата. Колку
смешно, помисли Мила одненадеж. Било полесно да се биде
сочувствен со труп отколку со живо дете! Но, потоа заклучи дека
имало друга причина зошто тој толку се погрижил за неа.
Тој ја стокмил да биде убава за нас.
Нејзиниот сомнеж ја разгневи. Но, таа исто така разбра дека тие
емоции не и припаѓаат нејзе. Беа наменети некому друг. И наскоро
ќе мора да отиде внатре, да го надвладее длабокото чувство на
темнина и да ги информира двајцата родители, веќе урнисани, дека

71
нивниот живот навистина завршил.
Д-р Чанг размени брз поглед со Горан. Дојде моментот да утврдат
со каков тип убиец си имаат работа. Дали неговиот интерес за ова
дете бил општ, или, пак, ужасно насочен. Со други зборови, дали
малата момичка била предмет на сексуално насилство.
Секој во таа просторија беше раскинат меѓу желбата таа да била
поштедена од тоа крајно страдање, и надежта дека не била. Бидејќи
во вториот случај ќе има поголема шанса за останати живи органски
траги на убиецот кои ќе им овозможат да го идентификуваат.
За случаите на сексуално насилство процедурата беше прецизна. И
Чанг, немајќи причина да ја избегне, го почна физичкиот преглед.
Тоа обично почнуваше со одбележување и идентификација на
облеката на телото. Потоа е на ред потрагата по каква и да е
сомнителна дамка на облеката, секој конец, влакна, ливче. Дури
тогаш патологот преминува на субунгуално гребење, што се состои во
собирање, со еден вид чепкалка, на она што е под ноктите на
можните остатоци од кожата на убиецот – доколку жртвата се
бранела себеси – или земја или различни влакна, за да се
идентификува локацијата на убивањето.
Но, резултатот беше негативен. Состојбата на телото – освен
ампутацијата на екстремитетот – беше перфектна, облеката беше
чиста.
Небаре некој си ја зел бељата да ја измие пред да ја стави во
вреќата.
Третата етапа беше мошне агресивна и содржеше гинеколошко
испитување.
По неколку минути, Чанг ја крена главата накај Горан и Мила,
наведувајќи ладно: „Тој не ја ни допрел.“
Мила кимна со главата и, пред да замине од просторијата, се
наведна над телото на Деби за да ја симне бразлетната со малото
клуче закачено за неа. Тој предмет, заедно со информацијата дека
малата момичка не била силувана, ќе биде единствениот подарок што
можеше да им го даде на Гордонови.
Веднаш откако се поздрави со Чанг и со Горан, Мила стана свесна

72
за итната потреба да се преоблече во чиста облека. Затоа што во тој
миг се почувствува валкана. Поминувајќи низ соблекувалната, запре
покрај големиот керамички базен. Се втурна накај топлата вода и ги
нурна своите раце во неа, почнувајќи силно да ги трие.
И натаму грчевито миејќи се, погледна во огледалото пред себе. Го
замисли отсликот на малата Деби како доаѓа во соблекувалната, со
своето зелено здолниште, својот син блејзер и со шнолата во косата.
И ја замисли како се придржува со својата единствена останата рака
и како оди да седне на клупата покрај ѕидот. И како почнува да гледа
во неа, клатејќи ги нозете. Деби широко ја отвори устата и потоа
повторно ја затвори, како да се обидуваше да комуницира со неа. Но
зборови не излегуваа. А Мила толку сакаше да ја праша за нејзината
посестрима. Онаа која сите ја знаеја како детето број шест.
Потоа се разбуди од својата визија.
Водата течеше од чешмата. Магла се креваше во широки вртлози, и
ја имаше покриено речиси половина од површината на огледалото.
Дури тогаш Мила стана свесна за болката.
Погледна надолу и инстиктивно ги повлече рацете од млазот врела
вода. Кожата на дланките и беше црвена, а на прстите веќе се
појавуваа пликови. Мила брзо ги избриша со крпа, а потоа отиде до
шкафот за брза помош за да најде завои.
Никој никогаш не смее да знае што и се случило.

К ога ги отвори очите, првото нешто што се сети беа изгорениците


на нејзините раце. Седна вкочането, одненадеж станувајќи
свесна за спалната соба што ја опкружуваше – гардероберот пред неа,
со своето врамено огледало, шкафот одлево и прозорецот со
спуштени ролетни кои пропуштаа неколку линии модрикава
светлина. Мила легна да спие со облеката врз себе, затоа што
чаршафите и ќебињата во таа бедна мотелска соба беа дамкосани и
валкани.
Зошто се разбуди? Можеби некој чукнал на вратата. Или, можеби,
тоа само го сонувала.

73
Се слушна второ чукање. Стана и отиде до вратата, отворајќи ја
само неколку сантиметри.
„Кој е?“, праша рамнодушно, додека го гледаше насмеаното лице на
Борис.
„Дојдов да те соберам. За еден час почнуваат со пребарување на
куќата на Берман. Другите таму ќе не чекаат... и помислив да ти
донесам појадок.“ Тој мавташе под нејзиниот нос со книжно ќесе кое
веројатно содржеше кафе и кроасан.
Мила набрзина се погледна. Не беше многу претставителна, но
можеби тоа беше добро: ќе ги обесхрабри хормоните на нејзиниот
колега. Го покани внатре.
Борис зачекори во собата, погледна наоколу и се чудеше, додека
Мила отиде до лавабото во аголот за да го измие лицето, но, уште
поважно, за да ги скрие своите раце завиткани со завои.
„Местово е дури и полошо од што го помнам.“ Тој го надушка
воздухот. „И секогаш го има истиот мирис.“
„Мислам дека тоа е некое средство против инсекти“
„Кога и се придружив на единицата, тука поминав речиси цел
месец пред да си најдам стан... знаеш ли дека овде секој клуч ги
отвора сите соби? Муштериите имаат навика да си одат без да
платат, па сопственикот се измори од тоа што мораше постојано да
ги менува бравите. Најдобро е ноќе да ја блокираш вратата со
гардероберот.“
Мила го погледна во огледалото над лавабото. „Благодарам за
советот.“
„Ама не, сериозно. Ако ти треба подобро место за престој, можам
да ти помогнам.“
Мила го погледна прашално. „Ти во ниеден случај не би ме поканил
да престојувам кај тебе, офицере?“
Борис, засрамен, се повлече. „Не, не го мислев тоа. Повеќе беше
дека можам да се распрашам наоколу и да видам дали има некоја
колешка која би сакала да го дели својот стан со тебе, тоа е се.“
„Се надевам дека нема да останам толку долго за да ми треба стан“,
забележа таа, кревајќи ги рамениците. Откако си го избриша лицето,

74
го здогледа ќесето што тој го донесе. Речиси му го истргна од рацете
и седна со прекрстени нозе на креветот, за да ја провери неговата
содржина.
Кафе и кроасан, како што и се надеваше.
Борис беше заверен од нејзиното движење, уште повеќе кога ги
виде нејзините раце покриени со завои. Но, не и рече ништо.
„Гладна?“, наместо тоа ја праша срамежливо.
Таа му одговори со полна уста. „Не сум ставила ниту залче в уста
два дни. Ако не дојдеше изутринава, мислам дека ќе немав сила да
излезам низ врата.“
Мила знаеше дека не би требало да каже нешто такво, звучеше
премногу охрабрувачко. Но, не можеше да изнајде друг начин да му
се заблагодари, а покрај тоа, таа навистина беше гладна. Борис гордо
и се насмевна.
„Па, како се снаоѓаш?“, ја праша.
„Прилично сум прилагодлива, значи. ОК“
Настрана фактот што твојата пријателка Сара Роза практично
ме мрази, си помисли.
„Ми се допадна твојата интуиција во врска со сестрите...“
„Чиста среќа: само ловев меѓу моите адолесцентни искуства. Мора
да си правел глупави нешта кога си имал дванаесет години, зар не?“
Кога ја забележа збунетоста кај својот колега, кој беспомошно се
обидуваше да смисли одговор, таа не можеше да не се насмее.
„Се шегувам, Борис...“
„Ах, се разбира“, и одговори црвенеејќи се.
Мила го голтна последниот залак, ги излижа прстите и му се
нафрли на вториот кроасан во ќесето, кој беше наменет за Борис, кој,
соочен со таква прегладнетост, немаше храброст да каже нешто.
„Борис, кажи ми нешто... зошто го викате Алберт?“
„Тоа е мошне интересна приказна“, и рече. Внимателно се
премести да седне до неа. „Пред пет години ни се случи навистина
чудна работа. Имаше еден сериски убиец кој киднапираше жени, ги
силуваше, ги давеше и потоа не оставаше да ги најдеме телата без
нивната десна нога.“

75
„Нивната десна нога?“
„Точно. Никој не можеше да го разбере тоа, бидејќи кога
дејствуваше, типот беше мошне прецизен и чист, не оставаше траги.
Тој само ја извршуваше таа ампутација. И напаѓаше сосема
случајно... Па така, веќе бевме кај петтото тело, а не можевме да го
запреме. Во тој момент, д-р Гавила доби една идеја...“
Мила го заврши вториот кроасан и му се сврти на кафето. „Каква
идеја?“
„Тој побара од нас да ги побараме низ архивите сите случаи што се
однесуваат на нозе, дури и оние најмалите и тривијални.“
Мила се чинеше повеќе од збунета.
Потоа испразни три ќесички шеќер во пластичната чаша. Борис ја
забележа и направи гадлива фаца; беше блиску да каже нешто во
врска со тоа, но продолжи со својата приказна. „Првин, и мене ми се
пристори како смешно. Но, почнавме да бараме и се покажа дека
пред кратко време имало крадец кој се движел низ областа, крадејќи
женски чевли од штандовите надвор од продавниците за чевли. Тие
имаат само по еден пар од секоја големина и модел – знаеш, за да се
спречи да ги крадат – и обично тоа е десниот чевел за да биде
полесно муштериите да ги пробаат.“
Мила се вкочани, држејќи ја чашата со кафе во воздух, и помисли за
миг, одушевена, колку била оригинална таа истражна интуиција.
„Значи, вие ги надгледувавте продавниците за чевли и го фативте
крадецот...“
„Алберт Финли. Триесет и осумгодишен инженер, женет, два мали
сина. Мала куќа на село и камп-приколка за одмори.“
„Нормален тип.“
„Во неговата гаража најдовме фрижидер за длабоко замрзнување и
во него, внимателно завиткани во целофан, пет женски десни нозе.
Тоа беше еден вид фетишистичка опсесија.“
„Десна нога, лева рака. Оттука Алберт!.“
„Точно!“, рече Борис, ставајќи ја раката на нејзиното рамо во знак
на одобрување. Мила одненадеж се тргна настрана, скокајќи од
креветот. Младиот агент се најде повреден.

76
„Извини“, и рече.
„Нема проблем.“
Тоа не беше вистина и Мила не му веруваше. Но, реши да се
преправа дека било онака како што кажа тој. Таа му го заврти грбот
и отиде накај лавабото. „Само да се подготвам и потоа можеме да
одиме.“
Борис стана и се упати кон вратата. „Убаво. Ќе те чекам надвор.“
Мила го виде како излегува од собата. Потоа, се погледна во
огледалото. Ох, Господе, кога ќе заврши ова?, се праша. Кога ќе му
дозволам некому да ме допре?

З а цело време по патот до куќата на Берман тие не разменија ниту


збор. Всушност, веднаш штом влезе во автомобилот, таа го најде
радиото вклучено и веднаш сфати дека тоа беше декларација за
намера како ќе изгледа возењето. Борис беше повреден и можеби, таа
сега доби уште еден непријател во единицата.
Стигнаа таму за помалку од час и половина. Александар Берман
живеел во мала вила опколена со дрвја, во резиденцијален кварт.
Улицата пред вилата беше заштитена со полициски ленти. Зад нив
имаше толпа набљудувачи, соседи и новинари. Мила, гледајќи ги, си
помисли – почнува. Додека доаѓаа, слушнаа на радиовестите
извештај за откривањето на телото на малата Деби, а името на
Берман исто така беше објавено.
Причината за толкавата еуфорија кај медиумите беше едноставна.
Гробиштата на рацете беа пи-ар катастрофа, но сега барем имаа име
за тој кошмар.
Мила веќе го имаше видено ова и за други случаи. Медиумите
цврсто се закачија за приказната и за многу кратко време ќе нагазат
неселективно врз секој детаљ од животот на Берман. Неговото
самоубиство претставуваше признание на вина. Поради таа причина,
медиумите ќе инсистираат на својата сопствена верзија. Ќе му
доделат улога на монструм не дозволувајќи ништо спротивно,
верувајќи единствено во моќта на својата едногласност. Тие

77
немилосрдно ќе го сечкаат на парченца, како што се веруваше дека
тој правел со своите мали жртви, но не гледајќи ја иронијата на
поклопувањето. Тие ќе извлечат литри крв од целиот бизнис, само да
ги зачинат насловните вести и да ги направат што попримамливи.
Без почит и без чесност. И дури ако некој покаже доволно смелост да
го забележи тоа, тие ќе се засолнат зад вештата идеја за „слобода на
медиумите“ за да ја покријат својата неприродна похотливост.
Мила и Борис се пробија низ малата група, влегоа во исклучената
зона поставена од полициските службеници и брзо тргнаа по
патеката до влезната врата на куќата, не можејќи да избегнат да
бидат заслепени од блицовите на неколку фотоапарати. Во тој
момент, Мила го улови погледот на Горан од другата страна на еден
прозорец. Таа се почувствува апсурдно виновна поради тоа што тој ја
виде како доаѓа со Борис. И потоа, глупаво, што воопшто и
размислуваше за такво нешто.
Горан го сврти своето внимание назад кон внатрешноста на куќата.
Набргу потоа, Мила влезе низ вратата.
Стерн и Сара Роза, помогнати од други детективи, беа таму веќе
извесно време, и забрзано работеа наоколу како мравки. Се беше
испревртено наопаку. Полицајците детално ги прегледуваа мебелот,
ѕидовите и се друго што можеше да послужи како трага за откривање
на мистеријата.
Повторно, Мила не можеше да се придружи во потрагата. Освен
тоа, Сара Роза веднаш и за’ржа в лице дека има право само да
набљудува. Па така, почна да гледа наоколу, држејќи ги рацете в џеб,
па не мораше да ги објаснува завоите завиткани околу нив.
Она што и го привлече вниманието беа фотографиите.
Ги имаше дузина наредени на околните масички и на комодите со
фиоки, во елегантни сребрени или во рамки од ореово дрво. Тие ги
покажуваа Берман и неговата сопруга во некои среќни времиња.
Живот што сега се чинеше далеку и невозможен. Мила забележа дека
многу патувале. Имаше фотографии од секаде низ светот. Но колку
што сликите беа поскорашни, а нивните ликови постари, нивните
изрази се чинеа прекриени со некаков воал. Во тие фотографии

78
имаше нешто, Мила беше сигурна во тоа. Но, не можеше да каже што
беше тоа. Имаше чудно чувство уште откако влезе во таа куќа. Во
моментот си помисли дека ќе има појасно чувство што би можело да
биде тоа.
Присуство.
Сред сето движење на полицајците, имаше и друг набљудувач.
Мила ја препозна жената од фотографиите: Вероника Берман,
сопругата на наводниот убиец. Веднаш можеше да каже дека жената
изгледаше природно горда. Таа покажуваше едно чувство за
пристојна дистанција додека тие странци ги допираа нејзините
предмети без да ја прашаат за дозвола, со своето нападно присуство
повредувајќи ја интимноста на тие предмети, на тие спомени. Таа не
изгледаше толку многу резигнирана колку присутна. Се понуди да
соработува со главниот инспектор Роше, самоуверено тврдејќи дека
нејзиниот сопруг нема ништо заедничко со тие ужасни обвинувања.
Мила и понатаму гледаше во неа, кога, завртувајќи се, се најде пред
неочекувана глетка.
Еден внатрешен ѕид прекриен со зачувани пеперутки.
Тие беа сместени во стаклени рамки. Едни беа чудни, други
прекрасни. Некои од нив имаа егзотични имиња, што беа забележани
врз бронзени плочки заедно со местото на потеклото.
Најфасцинантните доаѓаа од Африка и од Јапонија.
„Тие се убави затоа што се мртви.“
Тоа го кажа Горан. Криминологот носеше црн џемпер и волнени
панталони. Јаката на кошулата му беше извадена преку пуловерот.
Тој дојде и застана покрај неа за да има подобар поглед на ѕидот со
пеперутки.
„Кога гледаме нешто како ова, го забораваме најважното и
најочигледното... овие пеперутки никогаш повторно нема да летаат.“
„Тоа е неприродно“, се согласи Мила. „А сепак се толку
привлечни...“
„Таков е ефектот што го има смртта врз некои индивидуи. Поради
тоа и постојат сериски убијци.“
Горан направи мало движење. Тоа беше се што требаше за да се

79
соберат веднаш околу него сите членови на тимот. Знак дека и покрај
тоа што се чинеа наполно внесени секој во своите сопствени задачи,
сепак и навистина гледаа во него, во исчекување да каже или да
направи нешто.
Мила доби потврда за големата доверба што тие ја имаа за неговата
интуиција. Горан ги водеше. Тоа беше мошне чудно, бидејќи тој не
беше полициски службеник, а полицајците – најмалку оние што таа
ги познаваше – секогаш се опираа да имаат доверба во цивили. Ќе
беше поправилно за тимот доколку себеси се нарекуваше „тимот на
Гавила“ отколку „тимот на Роше“, особено затоа што Роше, како и
обично, не беше таму. Тој единствено би се појавил доколку се
појават неоспорни докази што еднаш засекогаш ќе го приковаа
Берман.
Стерн, Борис и Роза ги зазедоа своите позиции околу
криминологот, според својата вообичаена шема. Мила остана чекор
поназад: плашејќи се од чувство на исклученост, таа самата се
исклучи.
Горан зборуваше со тивок глас, веднаш фаќајќи го тонот со кој
сакаше да продолжи разговорот. Веројатно не сакаше да ја
вознемирува Вероника Берман.
„Значи, што имаме?“
Стерн беше прв за одговор и одмавна со главата: „Во куќата нема
ништо што го поврзува Берман со шесте мали момички.“
„Неговата сопруга се чини дека нема поим за ништо. И поставив
неколку прашања, и не добив впечаток дека лаже“, додаде Борис.
„Нашите луѓе ја пребаруваат градината со кучиња-трагачи по тела“,
рече Роза. „Но се уште нема ништо.“
„Ќе мора да го реконструираме секое движење на Берман во
изминатите шест недели“, забележа Горан и сите се согласија со тоа,
иако знаеја дека тоа ќе биде речиси невозможна задача.
„Стерн, дали има нешто друго?“
„Нема чудни трансакции со пари на неговата сметка. Највисоката
сметка што морал да ја плати во изминатите години бил третманот за
вештачка инсеминација на жена му, што прилично го вратило назад.“

80
Слушајќи ги зборовите на Стерн, Мила го сфати она што го
почувствува токму пред да влезе во куќата, а потоа и гледајќи ги
фотографиите. Не присуство, како што помисли на почетокот. Таа
згрешила.
Тоа беше повеќе од отсуство.
Она што го забележа беше недостигот на деца во оваа куќа, која, со
својот скап и безличен мебел, беше куќа создадена за две индивидуи
на кои им било судено да останат сами. Поради тоа третманот за
вештачка инсеминација спомнат од агент Стерн се чинеше
контрадикторен, бидејќи на тоа место не можеше дури ни да се
почувствува нервозата на некој кој го очекува подарокот – дете.
Стерн го заклучи излагањето со брза скица на приватниот живот на
Берман. „Тој не земал дроги, не пиел и не пушел. Имал членска карта
за фитнес клуб и една за видеотека, но изнајмувал само
документарци за инсекти. Одел во локалната Лутеранска црква, а
двапати месечно работел како волонтер во старски дом.“
„Човек-светец“, рече Борис саркастично.
Горан се заврти накај Вероника Берман, да провери дали ја
слушнала последната забелешка. Потоа се сврти накај Роза: „Има ли
нешто друго?“
„Ги скенирав хард-дисковите од домашниот и од компјутерот од
канцеларијата. Исто така, ги вратив сите избришани фајлови. Но,
немаше ништо интересно. Само работа, работа, работа. Типот бил
фиксиран на својата работа.“
Мила забележа дека Горан одненадеж стана растроен. Тоа не му
траеше долго, и тој наскоро се поврати сконцентриран на разговорот.
„Што знаеме во врска со тоа за што го користел интернетот?“
„Го повикав неговиот веб-сервер и тие ми дадоа список на веб-
страниците што ги посетил во последните шест месеци. Ништо и
таму, исто така... Се чини дека имал пасија за страници посветени на
природа, на патувања и на животни. И купувал антиквитети он-лајн и
н а и-бај2, најмногу колекционерски примероци пеперутки.“ Кога
Роза го заврши својот рапорт, Горан повторно ги прекрсти рацете и
почна да гледа во своите колеги, еден по еден. Тој краток поглед ја

81
опфати и Мила и таа, конечно, се почувствува вклучена.
„Па, што мислите?“, праша тој.
„Се чувствувам како да сум бил заслепен“, рече Борис одненадеж,
недвосмислено нагласувајќи ја реченицата покривајќи ги очите со
рацете. „Тој е премногу чист“ Другите потврдно кимнаа со главите.
Мила не знаеше на што се однесува тоа, но не сакаше да праша.
Горан помина со раката по челото и ги протри своите уморни очи.
Потоа, таа растроеност уште еднаш се појави на неговото лице... тоа
беше мисла што за секунда или две го водеше некаде на друго место
и сугерираше дека криминологот нешто регистрира за идна
употреба. „Која е првата причина за истрага на осомничен?“
„Сите ние имаме тајни“, рече вредниот Борис. „Точно“, му одговори
Горан. „Сите ние имаме слабости, најмалку еднаш во животот. Секој
од нас има една тајна, голема или мала, што не можеме да ја
задржиме... а сепак погледнете наоколу: тој човек е прототип за
добар сопруг, добар верник, голем работник“, одбележувајќи го секој
збор на своите прсти. „Тој е филантроп, фанатик за здравјето, тој
изнајмува само документарци, нема пороци од каков и да е вид, тој
собира пеперутки... Можете ли да му верувате на таков човек?“
Овојпат одговорот беше земен здраво за готово. Не, не можете.
„Значи, што прави таков човек со тело на мала момичка во својот
багажник?“
Стерн пресече: „Тој го чисти...“
Горан се согласи: „Тој ни фрла магија со целата таа перфекција за
да не спречи да бараме на друго место... и каде што не сме побарале
во овој момент?“
„Значи, што треба да сториме?“, праша Роза.
„Да се почне од почеток. Одговорот е таму, меѓу нештата што веќе
сте ги прегледале. Поминете уште еднаш низ се. Треба да го симнете
тој брилијантен слој што покрива се. Немојте да ве мами блесокот на
перфектниот живот: тој блесок е таму само да ни го одврати
вниманието и да ги измеша нашите идеи. И потоа треба...“
Горан повторно заталка некаде. Неговото внимание беше на друго
место. Овојпат сите забележаа. Нешто конечно се материјализираше

82
во неговиот ум, и растеше.
Мила реши да ги следи очите на криминологот додека гледаше низ
собата. Не беа едноставно загубени во празнината. Таа забележа дека
тој гледа во нешто...
Мала црвена ЛЕД ламбичка светкаше наизменично, одржувајќи го
сопствениот ритам како начин за привлекување на вниманието.
Гавила праша гласно: „Дали некој ги преслуша пораките на
телефонската секретарка?“
Просторијата мигновено се вкочани. Тие зјапаа во телефонот, чие
црвено светло му намигнуваше секому, и веднаш се почувствуваа
виновни, разоткриени од тој светликав надзор. Не обрнувајќи
внимание, Горан едноставно отиде и го притисна копчето што го
активира малиот дигитален снимач на звук.
Еден момент подоцна, темнината ги повтори зборовите на мртвиот
човек.
А Александар Берман влезе во својата куќа за последен пат.
„Ерм... јас сум... Ерм... Немам многу време... Но, сакав да ти
кажам дека ми е жал... Жал ми е, за се... Требаше да го сторам тоа
претходно, но не го сторив... Обиди се да ми простиш. Тоа беше
само моја грешка..“
Комуникацијата се прекина и мртва тишина ја исполни собата.
Неизбежно, очите на сите се запреа на Вероника Берман, која стоеше
мирно како статуа.
Горан Гавила беше единствениот кој се помрдна. Тој се упати накај
неа и ја фати за рамената, доверувајќи и ја на една полицајка да ја
одведе во друга соба.
Стен прозбори за сите: „Значи, дами и господа, се чини дека имаме
признание.“

83
8

Т аа ќе ја вика Присила.
Го прифати методот што го употреби Горан Гавила, кој им
даваше идентитет на убијците што ги гонеше. За да им даде човечки
изглед, за да ги направи пореални во своите очи, повеќе отколку само
непостојани сенки. Значи, Мила ја крсти мртвата број шест, давајќи и
го името на посреќната мала момичка која сега – некаде на друго
место, којзнае каде – беше мала момичка како многумина други,
несвесна од што се спасила.
Мила го донесе решението враќајќи се накај мотелот. Еден офицер
доби задача да ја одведе дотаму. Овојпат, Борис не и ја понуди
својата услуга и Мила не го обвинуваше поради тоа, затоа што толку
ненадејно го отфрли изутрината.
Изборот на името Присила за шестата момичка не беше само
поради потребата да и даде претстава на човечност. Постоеше, исто
така, и друга причина: Мила не можеше да продолжи да размислува
за неа со бројка. Таа сега сети дека беше единствената која се уште
го имаше идентитетот на момичката во срцето, затоа што по
слушањето на телефонскиот разговор на Берман, нејзиното наоѓање
веќе не беше приоритет.
Тие го имаа телото во автомобилот и на телефонската лента за
звучни пораки, она што за сите намери и цели личеше на признание.
Немаше потреба да се мачат понатаму. Се што требаше да се направи
беше да се поврзе трговскиот патник со другите жртви. И потоа да се
излезе со мотивот. Но можеби веќе имаше еден...
Жртвите не се деца. Тие се семејства...
Горан и го објасни ова додека ги проучуваа семејствата на малите
момички зад стаклото во мртовечницата. Родители кои, поради разни
причини, имале само едно дете. Мајка која одамна ја поминала
четириесеттата и оттаму нема веќе биолошка способност за надеж за
втора бременост... Тие се неговите вистински жртви. Тој ги
проучувал, ги избирал. А потоа – единствената ќерка. Тој сакал да ги

84
лиши од сета надеж да ја преболат својата тага, од обидот да ја
заборават својата загуба. Тие ќе мора до крајот на своите животи
да го памтат она што им го сторил...
Александар Берман немал деца. Тој се обидел да ги добие, но не
одело. Можеби поради тоа сакал да се ослободи од својот бес преку
тие сироти семејства. Можеби тој ги употребил нив за да и се
одмазди на својата судбина на неплодност.
Не, тоа не беше одмазда, си помисли Мила. Имаше нешто друго...
Таа не се откажуваше, но не знаеше од каде доаѓа тоа чувство.
Автомобилот пристигна до мотелот и Мила излезе, поздравувајќи
се со агентот кој беше нејзин возач. Тој и возврати со кимање на
главата и го заврти автомобилот пред да го насочи назад, оставајќи ја
сама во средината на големиот двор со камчиња, со појас шума зад
неа и бунгалови што се појавуваа овде-онде во шумичката. Беше
студено, и единствената светлина доаѓаше од неонскиот знак кој
рекламираше одмори и платена телевизија. Мила се упати накај
својата соба. Сите прозорци беа темни.
Таа беше единствениот гостин.
Помина покрај канцеларијата на портирот, која беше потоната во
синкавата темнина од телевизорот што трепкаше. Звукот беше
исклучен, а човекот не беше внатре. Можеби отишол до тоалет,
помисли Мила и продолжи по својот пат. За среќа, го имаше
задржано клучот, во спротивно, ќе мораше да го чека портирот да се
врати.
Носеше хартиено ќесе со газиран пијалак и два тоста со сирење –
нејзината вечера за таа вечер – и туба мелем што ќе го намачка
подоцна врз малите изгореници врз рацете. Здивот и се кондензира
на студениот воздух. Мила го забрза чекорот; умираше од глад.
Нејзините чекори по камчињата беа единствениот звук што ја
исполнуваше ноќта. Нејзиниот бунгалов беше последен во редот.
Присила, си помисли додека одеше. И се сети на зборовите
искажани од Чанг, медицинскиот истражител: дека дури било и
полошо за шестата момичка...
Таа реченица беше тоа што ја опседнуваше Мила.

85
Но, не само поради идејата дека шестата момичка морала да ја
плати највисоката цена во споредба со другите – Тој го забави
крвавењето за да направи таа да умира пополека... Тој сакаше да
ужива во претставата... – Не, имаше нешто друго. Зошто убиецот
го променил својот modus operandi? Додека беше на средбата со Чанг,
Мила сети треперење на нервот во долниот дел на вратот.
Стигна на неколку метри од својата соба и беше сконцентрирана на
тоа чувство, сигурна дека овојпат ќе може да ја сфати причината за
него. Мала нерамнина на почвата речиси ја натера да се сопне.
Дури тогаш го слушна тоа.
Краток звук зад неа веднаш ги разнесе нејзините мисли. Чекори по
подлогата од камчиња. Некој го „копираше“ нејзиното одење. Ги
координираше своите чекори со нејзините за да и се приближи
повеќе без да забележи таа. Кога се сопна, нејзиниот прогонител го
загуби ритамот, што и го издаде неговото присуство.
Мила не ја фати паника, не го забави одењето. Чекорите на
нејзиниот прогонител уште еднаш се стопија во нејзините. Таа
сметаше дека тој е на околу десетина метри зад неа. Во меѓувреме,
почна да смислува можни решенија. Немаше резон да го извлече
пиштолот што го носеше назад на појасот – доколку човекот зад неа
е вооружен, ќе има многу време за да пука прв. Портирот, си
помисли таа. Телевизорот оставен во празната канцеларија. Тој веќе
го убил него. Сега јас сум на редот на мене. Но сега веќе не беше
далеку од вратата на бунгаловот. Мораше да донесе одлука. И таа го
стори тоа. Немаше друг избор.
Го побара клучот во својот џеб, и брзо ги искачи трите скали кои
водеа до тремот. Ја отвори вратата откако неколкупати го заврти
клучот, срцето и чукаше во градите, и таа се вовлече во собата. Го
извлече својот пиштол, а другата рака ја испружи до прекинувачот за
струја. Ламбата кај нејзиниот кревет се запали. Мила не мрдаше од
својата позиција, вкочанета, со грбот прилепен на вратата и со
начулени уши. Тој не ме нападна, си помисли. Потоа слушна чекори
како се движат по штиците на тремот.
Борис и кажа дека сите клучеви од мотелот се основни клучеви,

86
откако на сопственикот му здодеало да ги менува затоа што гостите
ги земале со себе кога си заминувале без да платат. Дали личноста
што ме следеше го знае тоа? Тој веројатно набавил клуч како
мојот. И си помисли дека доколку се обиде да влезе, таа ќе може да
го изненади одзади.
Се спушти на колена и преку валканиот килим се довлечка до
прозорецот. Се залепи на ѕидот и се исправи за да го отвори. Беше
толку студено што шарките се заглавиле. Со малку напор, таа отвори
еден од капаците. Се исправи на нозе, скокна и се најде надвор, назад
во темницата.
Пред неа беше шумичката. Високите врвови на дрвјата ритмички се
нишаа заедно. Во заднината на мотелот се наоѓаше бетонска
платформа што ги поврзуваше сите бунгалови. Мила ползејќи се
искачи, држејќи се ниско до почвата и обидувајќи се да улови
секакво движење, секој звук околу себе. Таа брзо стигна до
бунгаловот покрај нејзиниот, и до другиот до него. Потоа запре и
влезе во тесниот отвор што ги одвојуваше еден од друг.
Оттаму можеше да се наведне и да ѕирне на тремот на бунгаловот.
Но, тоа би било ризично. Ги стегна прстите од двете раце околу
пиштолот за да го засили својот фат, заборавајќи на болките од
изгорениците. Брзо изброи до три, земајќи, исто така, трипати длабок
здив и скокна зад аголот со кренато оружје. Нема никој. Не би
можело да е нејзина фантазија. Беше сигурна дека некој ја следи.
Некој наполно способен да се движи зад својата цел, прикривајќи ги
акустичните сенки на своите чекори.
Крволочен ѕвер.
Мила бараше некаков знак од непријателот на платото. Се чинеше
дека исчезнал во ветрот, во повторениот концерт на еластичните
дрвја што го опколуваа мотелот.
„Извинете ме...“
Мила отскокна назад и погледна во човекот без да го крева
пиштолот, парализирана од тие два едноставни збора. И требаа
неколку секунди за да сфати дека тоа е портирот. Тој сфати дека ја
има преплашено и повтори: „Извинете ми“, овој пат само како начин

87
да и се извини.
„Што се случува?“, го праша Мила, која се уште не успеваше да си
го врати пулсот во нормала.
„Има телефонски повик за вас...“
Човекот покажа накај својата канцеларија и Мила се упати натаму
без да чека да и го покаже патот.
„Мила Васкез“, рече во слушалката.
„Здраво, овде е Стерн... Д-р Гавила сака да те види.“
„Мене?“, праша изненадена, но со нота на гордост во гласот.
„Да. Го викнавме агентот кој те одвезе дотаму, се враќа за да те
собере.“
„Добро.“ Мила беше збунета. Стерн не кажа ништо повеќе, па таа
се осмели да го праша: „Излезе нешто?“
„Александар Берман криел нешто од нас.“

Б орис се обидуваше да го намести сателитскиот покажувач на


правецот без да ги тргне очите од патот. Мила зјапаше право
напред, не зборувајќи ништо. Гавила седеше на задното седиште,
стиснат во своето истуткано палто, со затворени очи. Тие се возеа
накај куќата на сестрата на Вероника Берман, каде што жената се
засолнила од новинарите.
Горан заклучил дека Берман се обидувал нешто да прикрие. Врз
база на пораката од телефонската секретарка: Ерм... јас сум... Ерм...
Немам многу време... Но сакав да ти кажам дека ми е жал... Жал ми
е, за се... Требаше да го сторам тоа претходно, но не го сторив...
Обиди се да ми простиш. Тоа беше само моја грешка...
Тие од телефонската снимка утврдија дека Берман телефонирал
кога бил во станицата на сообраќајната полиција, горе-долу во истото
време кога беше најдено телото на малата Деби Гордон.
Горан се прашуваше зошто човек во ситуацијата на Александар
Берман – со труп во багажникот и со намера да избега колку што
може побрзо – би и телефонирал на својата сопруга.
Сериските убијци не се извинуваат. И ако го сторат тоа, тие сакаат

88
да создадат поинаква слика за себе, тоа е дел од нивната мистична
природа. Нивната цел е да ја заматат вистината, да ја хранат димната
завеса што ги обиколува. Но, со Берман се чинеше поинаку. Во
неговиот глас имаше итност. Постоеше нешто што требало да го
заврши пред да биде премногу доцна.
Што сакал да му биде простено Александар Берман?
Горан беше убеден дека тој требало да направи нешто со својата
сопруга, со нивните односи како брачна двојка.
„Ве молам, доктор Гавила, можете ли да го повторите тоа, за
мене...?“
Горан ги отвори очите и ја виде Мила како се џари во него завртена
во своето седиште и чекајќи одговор.
„Вероника Берман можеби открила нешто. Тоа веројатно
предизвикало расправии меѓу неа и нејзиниот сопруг. Сметам дека
тој сакал да ја замоли за прошка во врска со тоа.“
„И што ја прави таа информација толку важна за нас?“
„Не знам дали навистина е... но човек во негова ситуација не го
троши времето на решавање обични брачни препирки, освен ако
нема прикриен мотив.“
„И што би можело да биде тоа?“
„Можеби жена му не е наполно свесна за она што го знае.“
„И со тој телефонски повик сакал да ја смири ситуацијата, да ја
запре да стигне до срцевината на тоа... Или ни кажува...“
„Да, тоа го мислам... Вероника Берман се досега беше мошне
кооперативна со нас, не би имало поента за неа да крие што и да е од
нас, ако мислела дека информацијата нема ништо со престапот, туку
се однесува само на нив двајцата.“
Сега на Мила се и стана сосема јасно. Сомнежот на Д-р Гавила
неизбежно ќе води кон промена на правецот на истрагата. Но, првин
тоа треба да се провери. Поради тоа, Горан се уште немаше
разговарано со Роше.
Тие се надеваа дека ќе извлечат значајни индикации од средбата со
Вероника Берман. Борис, како експерт за испрашување на сведоци и
луѓе со информации за некои определени престапи, би требало со неа

89
да оствари еден вид неформален разговор. Но, Горан реши само тој и
Мила да се сретнат со сопругата на Берман. Борис се согласи, со
оглед на тоа што наредбата дојде од претпоставен, а не од цивилен
советник. Но неговото непријателство спрема Мила се зголемуваше.
Тој не гледаше зошто таа би требало да биде присутна.
Мила беше свесна за тензијата и, реално, и самата целосно не
сфаќаше што било тоа што го навело д-р Гавила да ја преферира
нејзе. На Борис само му беше оставена задачата да ја инструира како
да го води разговорот. И тоа беше точно она што го направи, пред да
почне да си поигрува со СатНав 3 уредот, барајќи ја нивната
дестинација.
Мила се сети на коментарот на Борис кога Стерн и Роза направија
кратко портретирање на Александар Берман: Се чувствувам како да
сум бил заслепен. Тој е премногу чист.
Таа перфекција беше тешка за верување. Се чинеше дека била
подготвена за некого.
Сите ние имаме тајни, си повтори Мила во себе. Дури и јас.
Секогаш постои нешто што се крие. Кога беше мала, татко и и
беше кажал: „Сите го пикаме прстот во носот. Тоа можеме да го
правиме кога никој друг не не гледа, но сепак го правиме.“
Значи, која беше тајната на Александар Берман?
Што знае неговата сопруга?
Кое беше името на детето број шест?
Речиси зазори кога стигнаа таму. Селото лежеше зад црквата, на
свиокот на насипот наднесен над реката.
Сестрата на Вероника Берман живееше на катот над пабот. Сара
Роза и беше телефонирала на Вероника за да ја извести за нивната
посета. Како и што се очекуваше, таа не приговори и не покажа
неволност да разговара. Фактот што доби најава имаше намера јасно
да и даде до знаење дека нема да се соочи со испрашување. Но, на
Вероника Берман не и беше грижа за предупредувањето од
специјалниот агент Роза; веројатно се согласуваше и да се изложи на
распит.
Беше близу седум часот изутрина, кога жената ги пречека Горан и

90
Мила, наполно спокојна, во домашен фустан и во влечки. Ги покани
во дневната соба, со видливи греди на таванот и копаничен мебел, и
ги понуди со свежо подготвено кафе. Мила спокојно го пиеше своето
кафе. Таа не брзаше, сакаше жената наполно да ја спушти својата
одбрана пред таа да почне. Борис ја предупреди: некогаш е потребен
само еден необмислен збор за да се затвори личноста и да одбие да
соработува понатаму.
„Госпоѓо Берман, сево ова мора да Ви е мошне тешко и жалиме што
моравме да Ве посетиме олку рано.“
„Не грижете се, јас секогаш станувам рано.“
„Имаме потреба да откриеме повеќе за Вашиот сопруг, најмалку
затоа што неговото подобро запознавање самото по себе ќе
придонесе за да утврдиме колку навистина длабоко бил инволвиран
во ова. И верувајте ми, се уште има многу темни страни во оваа
работа. Можете ли да ни кажете за него...?“
На лицето на Вероника не се помрдна ниту еден мускул, само
нејзините очи станаа пожестоки. Потоа почна: „Александар и јас се
знаевме уште од гимназија. Беше две години постар од мене, и беше
член на хокеарскиот тим. Не беше некој голем играч, но сите му беа
многу наклонети. Почнавме да излегуваме, но како група, само
пријателски; се уште ништо се немаше случено, и дури не ни паѓаше
на ум дека нешто може да не соедини. Да ја кажам вистината,
мислам дека тој никогаш не ме ни „гледаше“ како нешто такво...
мислам, како можна девојка. Ниту пак јас него.“
„Тоа се случи подоцна...“
„Да, нели е чудно? По гимназијата јас му ја загубив трагата и се
немавме видено многу години. Заеднички пријатели ми кажаа дека
тој отишол на универзитет. Потоа, еден ден, тој повторно се појави
во мојот живот: ми се јави, велејќи дека телефонскиот број го нашол
во именикот. Подоцна, од моите пријатели открив дека, всушност,
кога по дипломирањето се вратил, се распрашувал за мене наоколу и
сакал да знае што се случило со мене...“
Слушајќи ја, Горан доби впечаток дека Вероника Берман не се
предава себеси само на носталгијата, туку дека на извесен начин,

91
нејзината приказна има прецизна цел. Небаре намерно ги водеше
некаде, далеку во времето, каде што ќе го најдат она по што дојдоа.
„Дури тогаш вие почнавте повторно да се гледате...“, рече Мила. А
Горан со задоволство забележа дека агентката, следејќи го советот од
Борис, беше решена да не и поставува никакви прашања на Вероника
Берман, туку да сугерира реченици кои потоа ќе ги комплетира, така
што ова повеќе личеше на разговор, отколку на испрашување.
„Дури тогаш ние почнавме повторно да се гледаме“, повтори
госпоѓа Берман. „Александар почна да навалува да се омажам за
него. И најпосле, јас прифатив.“
Горан се сосредоточи врз последната реченица. Таа звучеше
погрешно, како горда лага набрзина додадена во разговорот со надеж
дека може да помине незабележано. И се сети на она што го забележа
кога првпат ја сретна жената: Вероника не беше убава, веројатно не
ни била некогаш. Просечна, со недраматичен вид женственост.
Додека Александар Берман беше убав маж. Светлосини очи,
таинствена насмевка на некој кој знае дека може да употреби
определена фасцинантност. На криминологот му беше тешко да
поверува дека била потребна толкава упорност за да ја наговори да се
омажи за него.
Мила ја презеде контролата над разговорот: „Но подоцна вашите
односи не беа многу добри...“
Вероника се двоумеше. Премногу долго, помисли Горан. Можеби
Мила прерано ја фрли јадицата.
„Ние имавме проблеми“, призна на крајот.
„Во минатото се обидувавте да имате деца...“
„Кратко време земав некаква хормонална терапија. Потоа, исто
така, се обидовме со инсеминација.“
„Сметам дека двајцата навистина сте сакале бебе...“
„Александар беше тој што беше одушевен од идејата...“
Таа го кажа тоа како да се брани, како знак дека тоа можеби било
причина за поголеми несогласувања меѓу двојката.
Се приближуваа до својата цел. Горан беше задоволен. Тој побара
Мила да разговара со госпоѓа Берман затоа што беше сигурен дека

92
женското присуство ќе биде идеален начин за постигнување
сочувствена врска и дека ќе го урне секој можен отпор кај жената.
Тој, се разбира, можеше да ја избере Сара Роза и, можеби, тоа
немаше да ја вознемири чувствителноста на Борис. Но Мила му
остави впечаток како посоодветна, и не се излажа по тоа.
Полицајката се наведна преку масичката што ја двоеше софата од
местото каде што седеше Вероника Берман, за да го остави филџанот
од кафето. Тоа беше начин да го погледне Горана без да забележи
жената. Горан незначително кимна со главата: тоа беше знак дека е
време да престане да заобиколува и да се обиде со тотален напад.
„Госпоѓо Берман, зошто во пораката на телефонската секретарка
вашиот сопруг Ве моли да му простите?“
Вероника ја сврти главата за да ја скрие солзата што се закануваше
да ја урне браната за своите емоции што ја создаде таа.
„Госпоѓо Берман, Вашата исповед е сигурна со нас. Ќе бидам
искрена со Вас: нема полицаец ниту адвокат или судија кои некогаш
ќе можат да Ве натераат да одговорите на ова прашање, затоа што,
всушност, тоа е нерелевантно за истрагата. Но важно е ние да знаеме,
затоа што е сосема возможно Вашиот сопруг да не е виновен...“
Слушајќи ги последните зборови, Вероника Берман се заврти накај
неа.
„Виновен? Александар не убил никого... но тоа не значи дека беше
безгрешен!.“
Таа ова го рече со злобен бес што се појави одненадеж и го
деформира нејзиното лице. Горан ја доби потврдата на која чекаше.
Мила исто така го разбра тоа: Вероника Берман чекала на ова. Таа ја
очекувала нивната посета, а нивните прашања камуфлирани со
безопасни фрази правеа да биде расеана и во разговорот. Тие си
замислуваа дека тие го водат дијалогот, но оваа жена ја подготвила
својата приказна за да ги доведе до овој прецизен резултат. Таа
сакаше некому да каже.
„Се сомневав дека Александар има љубовница. Жената секогаш
смета на ваквиот вид евентуалност и во тој момент таа исто така
решава дали или нема да може да му прости. Но порано или подоцна,

93
жената исто така сака да знае. И поради тоа, еден ден почнав да ги
проверувам неговите работи. Не знаев што точно барам и не можев
да предвидам како ќе реагирам ако најдам некаков доказ.“
„Што најдовте?“
„Потврда. Александар криел еден електронски дневник, идентичен
на оној што обично го употребуваше за работа. Зошто да има два
идентични, освен првиот да го употребува за да го прикрива вториот?
На тој начин го открив името на неговата љубовница: тој ги
забележал сите нивни состаноци! Го конфронтирав со фактите: тој
одрекуваше се, а вториот дневник веднаш исчезна. Но јас не го
оставив на тоа: го следев до куќата на таа жена, до тоа валкано
место. Сепак, немав храброст да одам понатаму. Застанав на вратата.
Јас дури, реално, и не сакав да ја погледнам в лице.“
Дали тоа беше непријатната тајна на Александар? Горан се чудеше.
Љубовница? Тие поминаа низ сите овие неволи за толку малку?
За среќа, тој не го информира Роше за својата иницијатива, или, во
спротивно, ќе мораше да се соочи со потсмевот од главниот
инспектор, кој досега би го затворил случајот. Во меѓувреме,
Вероника Берман се претвори во вистински порој и немаше намера
да им дозволи да одат понатаму пред да и даде оддишка на својата
несреќа во врска со својот сопруг. Односот на нејзиниот сопруг со
решителна самоодбрана по откривањето на телото, не беше ништо
друго освен лукава фасада. Начин да избега од тежината на
обвинението, да го избегне распрснувањето на калта. Сега, кога најде
храброст да се ослободи себеси од пактот со брачната солидарност,
таа, исто така, почна да го закопува Александар во дупка од која што
никогаш нема да може да излезе.
Горан се обиде да го сретне погледот на Мила за да и даде до
знаење колку што може побрзо да го заврши разговорот. Во тој
момент криминологот забележа ненадејна промена во ликот на
полицајката, што откриваше израз некаде меѓу вџасеност и
несигурност.
Во многуте години на својата кариера, Горан научи да препознава
ефекти на страв на лицата на другите луѓе. Би можел да каже дека

94
нешто длабоко ја вознемири Мила.
Тоа беше некое име.
Тој ја слушна како ја прашува Вероника Берман: „Можете ли да ми
го повторите името на љубовницата на Вашиот сопруг?“
„Ви кажав: името на таа ороспија е Присила.“

95
9

Н е можеше да биде само коинциденција.


Мила ги повтори, во корист на постојните, најистакнатите
аспекти на последниот случај со кој се занимаваше. Случајот на
учителот по музика. Додека таа го соопштуваше она што водник
Морексу го кажа во врска со наоѓањето на тоа име – Присила – во
еден од дневниците што му припаѓаа на „монструмот“, Сара Роза ги
крена очите кон небото, а Стерн го следеше нејзиниот гест со
одмавнување на главата.
Тие не и веруваа, што беше и разбирливо. А сепак, Мила не
можеше да не мисли дека постои некаква врска. Само Горан беше
толерантен. Никој не знаеше што се надеваше да постигне
криминологот, но Мила, по секоја цена, сакаше да го истражи тој
каприц на судбината. Вероника Берман кажа дека го следела
сопругот до куќата на неговата љубовница, и тие, токму сега, се
наоѓаа тука. Беше можно другите ужаси да се скриени таму. Дури
можеби и телата на исчезнатите деца.
И одговорот на прашањето за број шест.
Мила сакаше да им каже на другите – „Јас ја викав Присила...“ Но
не го стори тоа. Сега тоа се чинеше како богохулство. Тоа беше
небаре името избрано од самиот Берман, убиецот на детето.
Градбата на малиот блок беше типична за место на периферијата на
некој град. Беа во класична гето-област, изградена во шеесеттите
години како природен додаток на новата индустриска област. Беше
составена од сиви згради кои, со текот на времето, ги покрила
црвеникава прав од блиската челичарница. Згради со мала
комерцијална вредност и со итна потреба од поправање. Тука
живееја привремени жители, главно имигранти, невработени и луѓе
кои добиваат државна помош.
„Зошто некој би дошол да живее на вакво место?“, се чудеше Борис,
гледајќи наоколу со гадење.
Куќниот број што тие го бараа беше на крајот на блокот. Станот се

96
наоѓаше во визбата и до него се стигнуваше по надворешни скали.
Вратата беше направена од железо. Трите прозорци на нивото на
улицата беа заштитени со решетки и заклучени однатре.
Стерн се обиде да погледне низ нив, наведнат во смешна позиција,
со рацете свиткани околу очите и со задникот напрчен наназад за да
не си ги извалка панталоните.
„Ништо не може да се види од овде.“
Борис, Стерн и Роза си кимнаа со главите еден па друг и се
наредија околу влезот. Стерн им даде знак со рака на Горан и на
Мила да останат назад.
Борис зачекори напред. Немаше ѕвонче, па чукна на вратата. Тоа го
направи енергично, со дланката од својата рака. Звукот беше
застрашувачки, додека тонот на гласот му остана намерно прибран.
„Ова е полиција. Госпоѓо, ве молам отворете.“
Тоа беше техника на психолошки притисок за да се натера втората
страна да ја загуби својата ориентација: да им се обраќаш со лажно
трпение, а во исто време да бараш од нив да побрзаат. Но, во овој
случај тоа немаше ефект, затоа што се чинеше дека во станот нема
никој.
„ОК, тогаш: да влеземе“, сугерираше Роза, која беше најнетрпелива
да провери.
„Треба да го чекаме Роше да се јави и да ни каже дека има налог“,
му одговори Борис и го погледна часовникот. „Не би требало да трае
предолго...“
„Роше и неговиот налог можат веднаш да одат по ѓаволите!“,
возврати Роза. „Внатре може да има сешто.“
Горан се согласи: „Таа има право. Ајде да влеземе.“
Од начинот на кој сите ја прифатија одлуката, Мила знаеше дека
Горан има поголема тежина во тимот отколку Роше.
Тие се разместија околу вратата. Борис извади комплет
шрафцигери и почна да ја чепка бравата. По неколку моменти,
механизмот кликна отворен. Држејќи го цврсто пиштолот во својата
тупаница, тој ја турна железната врата со својата друга рака.
Првиот впечаток беше дека во местото не живее никој.

97
Ходникот, тесен и гол. Светлото не можеше да се вклучи. Роза ја
впери својата батериска ламба и тие здогледаа три врати. Првите две
налево, третата на крајот.
Третата беше затворена.
Тие се упатија накај станот. Борис напред, Роза зад него, потоа
Стерн и Горан. Мила се најде на крајот. Освен криминологот, секој
носеше оружје. Мила беше само „додадена“ на единицата, така што
таа не можеше да го има в рака пиштолот, но го имаше ставено во
своите фармерки, назад во појасот, со прстите склопени околу
рачката, подготвена да го извлече. Поради тоа, таа одеше последна.
Борис побара прекинувач за светло на еден од ѕидовите. „Нема
светло.“
Тој ја крена батериската ламба за да ја истражи првата од трите
соби. Беше празна. На ѕидот забележа влажен слој што се креваше од
подот, разјадувајќи го малтерот како рак. Цевките од греењето и од
канализацијата се вкрстуваа на таванот. На подот се беше создала
бара од отпадна вода.
„Каква смрдеа!“, рече Стерн.
Никој не би можел да живее во такви услови.
„Тешко дека ова би можело да се нарече љубовно гнездо“, рече
Роза.
„Тогаш, какво е ова место?“, се чудеше Борис.
Дојдоа до влезот на втората соба. Вратата беше закачена на
’рѓосани шарки и малку подотворена: можен напаѓач лесно би можел
да се скрие зад неа. Борис, шутирајќи ја, ширум ја отвори, но внатре
немаше никој. Собата практично беше иста со првата. Плочките од
подот беа извадени, откривајќи го бетонот што ја покриваше
основата. Немаше мебел, само железен костур од една софа.
Продолжија со обиколката.
Остана уште последната соба. Онаа на крајот од ходникот, со
затворената врата.
Борис ги крена двата прста од левата рака, приближувајќи ги до
очите. Стерн и Роза на тој знак кимнаа со главите и зазедоа позиција
на двете страни од вратата. Потоа, младиот агент зачекори назад, ја

98
крена ногата и ја удри вратата во висина на рака. Вратата се отвори
со тресок и тројцата полицајци веднаш се распоредија на линијата на
огнот, истовремено осветлувајќи ги сите агли со своите батерии.
Таму немаше никој.
Горан се проби меѓу нив, поминувајќи со рацете во латекс ракавици
по ѕидот. Го најде прекинувачот за светло. По три кратки
трепнувања, на таванот се вклучи флуоросцентна светилка,
разлевајќи го својот правлив сјај низ собата, што беше сосема
поинаква од другите. Како прво, беше чиста. На ѕидовите немаше
влага, затоа што беа покриени со пластични непропустливи тапети.
Тука, подот се уште ги имаше своите плочки, и тие не беа искршени.
Немаше прозорци, но клима-уредот се вклучи по неколку секунди.
Електричните жици не беа поставени внатре во ѕидовите, знак дека
биле додадени подоцна. Пластични канали ги водеа каблите до
прекинувачот со кој Горан го вклучи светлото, и, исто така, до
приклучокот на десниот ѕид, каде што имаше биро и канцелариско
биро. А на бирото, компјутер што беше исклучен.
Тоа беше единствениот мебел, ако не се смета една стара кожна
фотелја на спротивниот ѕид, одлево.
„Според тоа како изгледа, оваа била единствената соба за која бил
заинтересиран Александар Берман“, рече Стерн, свртувајќи се накај
Горан.
Роза влезе во просторијата и се упати накај компјутерот: „Сигурна
сум дека ова е местото каде што ќе ги најдеме одговорите што ги
бараме“
Но Горан ја запре, задржувајќи ја со раката. „Немој, би требало да ја
следиме процедурата. Ајде сега да си одиме, за да не се промени
влажноста на атмосферата.“ Потоа се заврти накај Стерн: „Јави му се
на Креп и кажи му да дојде со својата екипа да земат отпечатоци. Јас
ќе му јавам на Роше.“
Мила внимателно ја следеше светлината што блескаше во очите на
криминологот. Таа имаше силно чувство дека тој е близу до нешто
важно.

99
Т ој помина со прстите низ својата глава, небаре ја чешла косата
што ја немаше. Имаше само едно перче коса назад на вратот, од
каде што се појавуваше опашка што паѓаше на неговиот грб. Зелена
и црвена змија се протегаа низ неговиот подлакот со устите отворени
накај дланката. Неговата втора рака имаше слична тетоважа и имаше
уште една на неговите гради, што се гледаше под кошулата. Во
средината на различните пирсови што го покриваа неговото лице,
беше Креп, научен експерт.
Мила беше фасцинирана од неговата појава, толку спротивна на
горе-долу шеесетгодишна возраст. Си помисли: Вака завршуваат
панкерите кога ќе остарат. Сепак, до пред една година, Креп беше
перфектно нормален средовечен маж, прилично крут и, поточно,
здодевен во своето однесување. Ден по ден, се случи промена. Но,
откако сите се уверија дека човекот го нема загубено умот, никој не
рече ниту збор во врска со неговиот нов изглед, затоа што Креп беше
најдобриот во својата област.
Откако му заблагодари на Горан за заштитата на оригиналната
влажност на местото, Креп веднаш се зафати со работа. Со својот
тим тој потроши цел час во собата, сите во комбинезони и маски на
лицата за да се заштитат себеси од супстанциите што ги употребуваа
за да земат отпечатоци од прсти, а потоа ја напушти визбата и дојде
кај криминологот и кај Роше, кој во меѓувреме им се придружи.
„Како е, Креп?“, праша главниот инспектор патем, поздравувајќи
се.
„Таа работа со гробиштата на раце ме извади од памет“, почна
Креп. „Се уште ги анализиравме оние екстремитети во потрага по
употребливи отпечатоци, кога ни се јавивте.“
Горан знаеше дека земањето отпечатоци од човекова кожа е
најтешката работа на светот, заради можната загаденост или заради
потење на субјектот што се истражува или, како во случајот со
телата, заради процесот на распаѓање, што се случуваше со рацете.
„Се обидов употребувајќи јодно чадење, со специјални глазирани
картички, и дури, и со електромиографија.“

100
„Што е тоа?“, праша криминологот.
„Тоа е најмодерен начин за земање отпечатоци на прсти оставени
на кожата: радиографија со електронска емисија... Тоа копиле
Алберт е прилично бистар во неоставањето отпечатоци“, рече Креп.
Мила забележа дека тој беше единствениот кој го спомнуваше
убиецот со тоа име, затоа што за другите тој веќе го доби
идентитетот на Александар Берман.
„Значи, што имаме тука, Креп?“, праша Роше, кому му здодеа да
слуша нешта кои беа неупотребливи за него.
Специјалистот ги извлече ракавиците и, се уште гледајќи надолу,
почна да опишува што сработил: „Употребивме нинхидрин, но
ефектот нод ласер не беше сосема јасен, па го подобрив со цинк
хлорид. Зедовме некои отпечатоци од тапетот покрај прекинувачот за
светло и од порозната површина на масата. Со компјутерот беше
потешко: отпечатоците беа едни врз други и ни беше потребен
цијаноакрилат, но би требало тастатурата да се стави во атмосферска
комора и..
„Подоцна. Немаме време да ја заменуваме тастатурата, компјутерот
треба да го анализираме сега“, му упадна Роше, очаен за да дознае:
„Значи: отпечатоците и припаѓаат на една личност...“
„Да, тие му припаѓаат на Александар Берман.“ Сите се стаписаа од
изговореното, освен една личност; онаа која веќе го знаеше
одговорот. И го знаеше тоа уште од моментот кога зачекорија во
визбата.
„Според ова, ’Присила’ никогаш не постоела“, рече Гавила.
Тој ова го кажа без да гледа во Мила, која, и покрај тоа, се
почувствува горда.
„Постои нешто друго...“, повторно почна да зборува Креп.
„Кожната фотелја.“
„Што?“, праша Мила, јавувајќи се од тишината. Креп ја погледна
како некој кој првпат забележува нешто, потоа ги погледна нејзините
преврзани раце и одненадеж доби загрижен изглед. Мила не можеше
а да не помисли дека беше смешно што Креп, однесувајќи се така, би
можело да гледа во неа на тој начин. Но, таа ја задржа својата

101
смиреност.
„На фотелјата нема отпечатоци.“
„Чудно ли е тоа?“, праша Мила.
„Не знам“, и одговори Креп. „Можам само да кажам дека ги има
насекаде, само не таму.“
„Но ги имаме отпечатоците на Берман на се друго: зошто е важно
тоа?“, пресече Роше. „Тоа е доволно тој добро и како што треба да се
утврди... и ако навистина сакате да знаете, тој тип почнува се
помалку и помалку да ми се допаѓа.“
А Мила си помисли дека тој всушност би требало прилично многу
да го сака типот, со оглед на тоа што токму тој беше решението за
сите негови проблеми.
„Значи, што ќе правиме со фотелјата, ќе ја анализираме ли?“
„Заборавете ја таа проклета фотелја и дозволете им на моите луѓе
да погледнат во компјутерот.“
На зборовите „моите луѓе“, членовите на единицата се обидоа да не
се погледнат меѓу себе, воздржувајќи се да не се насмеат. Понекогаш
железниот тон на Роше можеше да биде дури уште
поконтрадикторен од појавата на Креп.
Главниот инспектор тргна накај автомобилот што го чекаше на
крајот од блокот, но не пред да ги олабави своите луѓе со зборовите:
„Продолжете со ова, момци, сметам на вас.“
Кога беше доволно оддалечен, Горан се заврти накај другите: „ОК“,
рече. „Ајде да видиме што има во тој компјутер.“

Т ие повторно ја запоседнаа собата; обложените ѕидови со


пластични тапети ја правеа да личи на огромна утроба. Дувлото
на Александар Берман само што не се беше отворило, само за нив.
Или, во најмала рака, тие се надеваа на тоа. Ги ставија латекс-
ракавиците. Потоа Сара Роза седна на терминалот: нејзе и беше
редот.
Пред да го вклучи компјутерот, таа вклучи мал уред на еден од Ју-
Ес-Би приклучоците. Стерн го вклучи диктафонот, седнувајќи веднаш

102
покрај тастатурата. Роза наглас ја опиша операцијата: „Го приклучив
компјутерот на Берман на надворешна меморија: во случај тој да
падне, целиот хард диск ќе се ископира во истиот момент.“
Останатите стоеја зад неа молчешкум.
Таа го вклучи компјутерот.
Првиот електричен сигнал беше следен од познатиот звук кога се
стартува дискот. Се изгледаше нормално. Полека, компјутерот почна
да се буди од својата летаргија. Тоа беше стар модел што веќе не се
произведуваше. Редум се појавија податоците од оперативниот
систем, наскоро следени со слика на десктопот. Ништо важно: само
син екран со иконки на мошне чести програми.
„Личи на мојот компјутер дома“, се осмели Борис, но никој не се
насмеа.
„ОК... ајде да видиме што има господин Берман во фолдерот за
документи.“
„Нема текстуална датотека... тоа е чудно“, забележа Борис.
„Можеби секогаш бришел на крајот од секоја сесија“, сугерира
Стерн.
„Во тој случај, можам да се обидам да ги вратам податоците назад“,
рече самоуверено Роза. Потоа стави едно це-де во драјв-дискот и брзо
инсталира софтвер способен да ги поврати сите избришани
податоци.
Компјутерската меморија никогаш не се празни целосно и речиси
невозможно е да се избрише определен податок, затоа што секој од
нив е неизбришливо отпечатен во неа. Мила се присети што и имаше
кажано некој, дека силиконскиот состав „затворен“ во секој
компјутер работи слично како човечков мозок. Дури и кога се чини
дека имаме нешто заборавено, некаде во нашите глави, всушност,
постојат група клетки што ја заштитуваат информацијата и може да
ни ја дадат назад, ако не во форма на слика, тогаш како инстинкт.
Нема потреба да се сеќаваме на првите мигови кога сме се изгореле
од оган како деца. Она што е важно е дека свеста за тоа, извадена од
сите биографски околности во кои е формирана, останува отпечатена
во нашиот ум за да се појавува повторно секогаш кога ќе се

103
приближиме до нешто врело. Мила погледна во своите завиткани
раце. Очигледно дека во некој дел од нејзиниот мозок била чувана
погрешната информација.
„Овде нема ништо.“
Безнадежната забелешка на Роза ја врати Мила во реалноста.
Компјутерот беше комплетно иразен.
Но Горан не беше убеден во тоа. „Постои вебпрегледувач.“
„Ама компјутерот не е поврзан на интернет“, забележа Борис.
Сара Роза сфати што сакаше да каже криминологот. Таа го извади
својот мобилен телефон и го провери екранот. „Има сигнал... можел
да се поврзува преку мобилен.“
Таа веднаш го отвори екранот на пребарувачот и во неговата
историја ја провери листата на адреси. Имаше само една.
„Еве што правел Берман тука!.“
Се покажа низа од бројки. Адресата беше код.

http: //4589278497.89474525. com

„Ова веројатно е адреса на ограничен сервер“, сугерираше Роза.


„Што значи тоа?“, праша Борис.
„Дека не можеш да дојдеш до него преку алатката за пребарување и
дека треба да имаш клуч за да пристапиш до него. Веројатно е
содржан внатре, во компјутерот. Но ако не е, ризикуваме самите
засекогаш да си го оневозможиме пристапот.“
„Во тој случај, мора да бидеме внимателни и да правиме точно
онака како што правел Берман...“, рече Горан пред да се заврти накај
Стерн. „Дали го имаме неговиот мобилен телефон?“
„Да, го имам во автомобилот, заедно со неговиот домашен
компјутер.“
„Тогаш оди и донеси го...“
Кога Стерн се врати, ги најде во тишина. Тие го чекаа со лошо
прикриено нетрпение. Агентот и го подаде мобилниот на Роза, која
го поврза со компјутерот и го вклучи. Поминаа неколку секунди
додека серверот го препозна повикот. Ги процесираше податоците.

104
Потоа брзо го почна полнењето.
„Очигледно не можеме да влеземе внатре без никаква тешкотија.“
Со очите фиксирани во екранот, тие чекаа на сликата што ќе се
појави за неколку минути. Би можело да биде што и да е, си
помисли Мила. Моќна тензија ги сплоти членовите на тимот, како
електрицитет што потпукнува помеѓу две тела. Таа можеше да го
сети тоа во воздухот.
На екранот се појави аранжман од пиксели наредени преку неговата
површина во редица, како мали делчиња на сложувалка. Но она што
го видоа не беше тоа што го очекуваа. Енергијата што ја
исполнуваше просторијата до претходниот момент за миг се исцеди,
а ентузијазмот исчезна.
Екранот беше црн.
„Мора да е безбедносниот противпожарен ѕид“, објави Роза. „Тој
нашите обиди ги толкува како упад.“
„Дали го загуби сигналот?“, ја праша со непријатност Борис.
„Се разбира!“, експлодира жената. „Мислиш ли дека сум идиот?
Веројатно постои код или нешто...“
„Некој вид најава или лозинка?“, сакаше да знае повеќе во врска со
ова Горан.
„Нешто слично на тоа“, му одговори Роза отсечно. „Она што го
имавме беше адреса за директно поврзување. Најавата и лозинката се
старомодни механизми: тие оставаат траги и секогаш можат да ве
одведат до некого. Секој што влегува на овој страница сака да остане
анонимен.“
Мила се уште не кажа ниту збор и разговорот ја нервираше. Таа
вдиша длабоко и ги стисна прстите додека не крцнаа. Имаше нешто
што не се поклопуваше, но не можеше да открие што е тоа. Горан
накратко се заврти накај неа, како да беше привлечен од нејзиното
зјапање. Мила се преправаше дека не го забележала.
Во меѓувреме, атмосферата во собата се прегреа. Борис реши врз
Сара Роза да ја истури својата фрустрација од овој неуспех. „Ако
мислеше дека страницата може да биде блокирана, зошто не следеше
паралелна процедура за поврзување?“

105
„Зошто не ми го посочи тоа?“
„Зошто, што се случува во таков случај?“, праша Горан.
„Тоа што се случува е кога систем како овој е блокиран, нема начин
да се пробие.“
„Би можеле да се обидеме да се приближиме со нов код и да
добиеме друг влез“, сугерираше Сара Роза.
„Навистина? Постојат милион комбинации“, се подбиваше Борис.
„Ох, откачи се! Дали се обидуваш сета вина да ја фрлиш врз мене?“
Мила продолжи молчејќи да ги слуша овие чудни дофрлања.
„Ако некој имал да каже некаква идеја или да даде совет, можел тоа
да го стори претходно.“
„Но ти скокаш секогаш кога ќе ги отвориме устите!“
„Борис, само остави ме на мир! Јас исто така можам да забележам
дека...“
„Што е ова?“
Зборовите на Горан паднаа како брана меѓу противниците.
Неговиот глас беше алармантен, или нетрпелив, како што и
очекуваше Мила, но сепак придонесе тие конечно да молкнат.
Криминологот покажуваше на нешто пред себе. Следејќи го
правецот на неговите испружени раце, тие пак почнаа да го
проучуваат екранот на компјутерот.
Тој повеќе не беше црн.
Во горниот дел, на работ од левата страна, почна да се појавува
нешто напишано.
– си таму?
„Ох, Господе!“, викна Борис.
„Што е тоа? Може ли некој од вас да ми каже?“, праша повторно
Горан.
Роза пак седна пред мониторот, со рацете испружени врз
тастатурата. „Влеговме“, објави таа.
Останатите се собраа околу неа за да можат подобро да гледаат.
Стрелката под реченицата продолжуваше да трепка, чекајќи на
одговор, што засега не доаѓаше.
– ти тоа?

106
„Слушајте, може ли некој, ве молам, да ми објасни што се случува?“
Горан сега го загуби трнението.
Роза брзо му објасни. „Тоа е ’врата’.“
„Што значи?“
„Тоа е начин на пристап. Мене ми изгледа дека сме внатре во некој
сложен систем. И ова е ’прозорец’ за дијалог: еден вид разговор... на
другиот крај има некој.“
„И тие сакаат да разговараат со нас...“, додаде Борис.
„Или со Александар Берман“, го исправи Мила.
„Па што чекаме? Ајде да одговориме!“, рече Стерн со нота на
итност во гласот.
Гавила го погледна Бориса: тој беше експерт но комуникации.
Младиот агент кимна со главата и застана зад Сара Роза, за да може
да и сугерира што би требало да пишува.
„Кажи им дека си тука.“
И таа напиша:
– Да, јас сум тука.
Почекаа неколку моменти, а потоа на мониторот се појави друга
реченица.
– немав чуено за теб ј загрижен.
Борис и го диктираше следниот одговор на Сара Роза. Но, тој и
препорача употреба само на мали букви, како што правеше личноста
од другата страна, по што објасни дека некои луѓе се чувствуваат
уплашени од употребата на големи букви. А тие навистина сакаа
другата личност да се чувствува олабавено.
– бев мн зафатен, како ти?
– бев праш мн праш но кажав 0
Некому му биле поставувани многу прашања? Во врска со што?
Секој, а Горан особено, веднаш почувствува дека личноста со која
разговараа била вовлечена во нешто сомнително.
„Можеби бил распитуван од полицијата, но не сметале дека е
корисно да го задржат“, сугерираше Роза.
„Или можеби немале доволен доказ“, рече Стерн, помагајќи и.
Во нивните глави почна да се формира фигурата на соучесник на

107
Берман. Мила помисли на она што се случи во мотелот, кога
мислеше дека некој ја следи на чакалот. Таа ова не го спомна
никому, плашејќи се дека само така и се присторило.
– кој те распр?
Пауза.
– тие
– кои тие?
Немаше одговор. Борис се обиде да ја заобиколи пречката,
прашувајќи нешто друго.
– што им кажа?
– им ја кажав приказната ти рече и успеа
Повеќе од нејасноста на зборовите, Горан го загрижуваа
граматичките грешки.
„Тоа може да биде код на распознавање“, објасни тој. „Тој можеби,
исто така, не чека да направиме некакви грешки. А ако не, може да ја
прекине комуникацијата.“
„Имаш право. Во тој случај, копирај го јазикот и стави свои
сопствени грешки“, и предложи Борис на Роза.
Во меѓувреме, на екранот се појавија малку повеќе зборови:
– се подготви како ти сакаш не можам чекам ти ќе ми кажеш
– кга?
Конверзацијата не ги водеше никаде. Потоа Борис побара Сара Роза
да одговори дека наскоро тие ќе знаат „кога“, но дека засега е
подобро да се повтори целиот план, за да биде сигурно дека другиот
го знае.
Мила помисли дека тоа е одлична идеја; на тој начин тие ќе имаат
предност пред кој и да е на другата страна. Секунда подоцна,
одговорот пристигна:
– планот е: замине ноќе потоа никој не ќе ме в. Во 2 оди до крај
на улица. крие во грмушки. чека. фаровите ќе дојдат 3 пати.
потоа јас можам појавам.
Никој не ја разбра работата. Борис гледаше наоколу, барајќи
сугестија. Тој го улови погледот на Гавила: „Што мислите, доктор
Гавила?“

108
Криминологот размислуваше. „Не знам... има нешто што не го
сфаќам. Не можам да кажам што.“
„И јас го имам истото чувство“, рече Борис. „Типот кој зборува се
чини... се чини и како ретардиран, или како да има некој вид
психолошка мана.“ Горан се приближи до Борис: „Треба да го
изнесеш на отворено.“
„Како?“
„Не знам... кажи му дека си посигурен од него, и дека размислуваш
да ја откажеш целата работа.“
Кажи му дека „тие“ се исто така на твојата трага и потоа прашај го
да ти даде некаков доказ... тоа е тоа: побарај од него да ти се јави на
сигурниот број!“
Роза побрза да го напише прашањето. Но, на местото за одговор
подолго време немаше ништо освен трепкањето на стрелката.
Тогаш нешто почна да се покажува на екранот.
– не можам да зборувам на телефон. тие слушат мене.
Беше сосема јасно: или беше мошне лукав, или навистина се
плашеше да не биде следен.
„Инсистирај. Најди нешто. Сакам да знам кои се ’тие’“, рече Горан.
„Прашај го каде се сега...“
Одговорот дојде брзо.
– тие блиску.
„Прашај го колку блиску“, инсистираше Горан.
– тие тука покрај мене.
„А што значи тоа, по ѓаволите?“, ’ржеше Борис, ставајќи ги,
огорчен, рацете назад на вратот.
Роза се ничкоса на столот и мавташе деморализирано со главата.
„Доколку ’тие’ се толку блиску и го држат на око, како не можат да
видат што пишува?“
„Затоа што не може да го види она што го гледаме ние.“
Тоа го кажа Мила. И беше задоволна кога забележа дека тие не се
завртија накај неа да ја гледаат небаре само што прозборел некој дух.
Напротив, нејзината забелешка го предизвика интересот на групата.
„Како мислиш?“, ја праша Гавила.

109
„Затоа што прифативме здраво за готово дека тој пред себе има црн
екран токму како и ние. Но, мислам дека неговиот прозорец за
дијалог е инсталиран на некоја веб-страница што содржи други
елементи: можеби графички анимации, зборови или слики од некаков
вид... Затоа, и покрај тоа што тие се блиску до него, ’тие’ не можат
да кажат дека тој комуницира со нас.“
„Таа е во право!“, рече Стерн.
Собата повторно се наполни со привремена еуфорија. Горан се
сврти накај Сара Роза: „Можеме ли да видиме што гледа тој?“
„Се разбира“, рече таа. „Ќе му го испратам сигналот за
препознавање и кога неговиот компјутер ќе го врати назад, ќе ја
имаме интернет адресата на која е пријавен.“ Додека го објаснуваше
сево ова, веќе ја креираше втората интернет врска.
Еден момент подоцна, зборовите се појавија на главниот екран:
– д уште таму?
Борис погледна во Горан: „Што да кажеме?“
„Не брзај. Но, не предизвикувај сомнеж.“ Борис напиша да почека
неколку секунди, затоа што имало некој на вратата и тој треба да
отиде да му отвори.
Во меѓувреме, во ноутбукот Сара успеа да ја копира интернет
адресата од каде што комуницираше другата личност. „Еве,
готово...“, рече таа.
Таа ги внесе податоците во URL
ph просторот и притисна „enter.“ Неколку секунди потоа, се покажа
веб-страницата.
Беше невозможно да се каже дали тоа што ја остави без зборови
беше вџашување или ужас.
На екранот, мечки танцуваа со жирафи, хипоталамуси даваа ритам
со тапани, а едно шимпанзо свиреше на хавајска гитара. Собата се
исполни со музика. И додека џунглата оживеа околу нив, една
пеперутка со светли бои се појави на страницата, како добредојде.
Нејзиното име беше Присила.
Се стаписаа, не верувајќи. Тогаш Борис погледна во главниот
екран, каде што се уште светеше прашањето:

110
– д уште тука?
Дури во тој миг агентот успеа да ги изусти следниве мачни
зборови:
„Да му се сневиди... тоа е дете.“

111
10

Н ајчесто бараниот збор во интернет-пребарувачите е секс.


Вториот е Бог. Секојпат кога Горан ќе помислеше на тоа, се
прашуваше зошто некој би се обидувал да го најде Бог токму на
интернет, од сите други постојни места. На третото место, всушност,
има два збора: Бритни Спирс. И заедно со овие два, третиот е смрт.
Секс, Бог, смрт и Бритни Спирс.
Прв пат кога Горан го внесе името на својата сопруга во
пребарувачот беше точно пред три месеци. Тој не знаеше зошто го
направи тоа. Идејата само му дојде, онака, инстинктивно. Не беше
сигурен дали ќе ја најде, и, всушност, не ја ни најде. Но тоа беше
последното официјално место на кое би помислил да ја бара. Беше ли
можно за неа да знае толку малку? Од тој момент, нешто во него се
скрши.
Тој откри зошто ја барал.
Во реалноста, не сакаше да знае каде е таа. Длабоко во себе, нему и
не му беше навистина гајле за тоа. Она што сакаше да го знае, беше
дали таа веднаш потоа беше среќна. Затоа што тоа беше она што го
лутеше: дека ги напушти него и Томи за да биде среќна некаде на
друго место. Може ли некој човек да е способен да повреди некого
толку длабоко, со цел да ја следи својата себична желба за среќа?
Очигледно, може. Таа го стори тоа и, што беше најлошо, не се врати
да го поправи тоа, да ја исцели повредата, таа скинатица во месото на
човекот со кого избра да го дели животот, и во месото на своето
месо. Затоа што човек може да се врати, тој мора да го стори тоа.
Секогаш постои момент кога, одејќи напред и гледајќи право пред
себе, ќе слушнете нешто – извик – и малку ќе подзастанете за да
видите дали се е се уште како што било, или дали нешто се
променило кај луѓето кои сме ги оставиле зад нас, а и во нас самите.
Тој момент доаѓа – за секого. Зошто не и за неа? Бидејќи дури не се
ни обидела? Без телефонски повици со молк од другата страна во
мртвилото на ноќта. Без неиспишани картички. Колку ли пати Горан

112
стоеше и чекаше надвор од училиштето на Томи, надевајќи се дека
ќе ја улови како тајно го надгледува својот син? А сепак, немаше
ништо. Таа дури немаше отидено да провери дали тој е во ред. Горан
почна да се чуди во врска со личноста за која мислеше дека ќе може
да ја има покрај себе целиот свој лшвот.
Што, всушност, него го прави толку различен од Вероника Берман?
Таа жена беше измамена. Сопругот ја употребил за да создаде
респектабилна фасада, така што таа ќе се грижи за неговите
сопствености: за неговото име, за неговата куќа, за неговите нешта,
за се. Затоа што најпосле, она што тој го сакаше беше некаде на
друго место. Но, за разлика од Горан, госпоѓа Берман го
почувствувала амбисот што се отворил под нејзиниот перфектен
живот, таа го надушила неговиот мирис на гнилеж. И не рекла
ништо. Таа и се придружила на измамата, дури без да учествува во
неа. Таа била соучесник во тишината, другар во претставата, сопруга
во добро или во зло.
Горан, од друга страна, никогаш не се посомнева дека неговата
сопруга може да го напушти. Ниту трага, ниту знак, дури ниту знак
за распаѓање на кој може да се сети и да каже: „Да! Тоа беше толку
очигледно, а јас, како идиот не забележав.“ Тој побргу ќе откриеше
дека беше ужасен сопруг, така што би можел да се обвини себеси,
својата негрижа, својот недостиг на внимание. Тој посакуваше да
може да ги изнајде причините во себе: на тој начин ќе имаше барем
нешто. Но немаше ништо, само тишина. И сомнежи. На тие околу
себе им ја даде најгрубата верзија на фактите: таа си замина, и точка.
Бидејќи Горан знаеше дека секој ќе го гледа тоа што ќе сака да го
види. Некој ќе гледаше сопруг за жалење. Некој друг, човек кој мора
нешто да и сторил за да ја натера да избега. И тој веднаш се
идентификува во тие улоги, слободно преминувајќи од една во друга.
Затоа што секоја болка е обична на свој сопствен начин.
А што во врска со неа? Колку долго се преправала? Кој би можел да
каже колку долго созревала идејата? Којзнае колку време и требало
да се збогати со непријатни сништа, со мисли секоја вечер скриени
под перницата, додека спиела покрај него. Проткајувајќи ја таа желба

113
со секојдневното однесување како мајка, како сопруга. Додека тие
фантазии не станале проект, план. Дизајн. Кој би можел да каже кога
се уверила себеси, или кога открила дека тоа што го замислувала би
можело и да се оствари. Кожурецот ја содржел тајната на нејзината
метаморфоза, а во меѓувреме, таа продолжила да живее покрај нив,
покрај него и Томи, тивко подготвувајќи се за промена.
И каде беше сега? Во паралелен универзум, направен од мажи и
жени како оние што Горан ги сретнуваше секој ден, направен од
домови кои треба да се одржуваат, од сопрузи кои треба да се
поддржат, од деца за одгледување. Свет, идентичен и банален, но
тргнат далеку од него и од Томи, со нови бои, нови пријатели, нови
лица, со нови имиња. Што бараше таа во тој свет? Во основа, сите
ние бараме одговори во некој паралелен универзум, си мислеше
Горан. Како луѓето кои го употребуваат интернетот за да ги бараат
секс, Бог, смрт или Бритни Спирс.
Александар Берман, од друга страна, отиде на интернет за да бара
деца.
Се се појави одненадеж. Од отворањето на веб-страницата
Пеперутката Присила на компјутерот на Берман, до
идентификувањето на меѓународниот сервер што го раководи тој
систем – се почна да добива свој лик.
Тоа беше педофилска мрежа со подружници во различни држави.
Мила беше во право: „нејзиниот“ учител по музика, исто така, беше
во таа мрежа.
Специјалната единица за интернет криминал откри речиси стотици
претплатници. Веќе беа преземени првите апсења, идните ќе се
случат во следните неколку часови. Мала, но мошне добро
селектирана бројка претплатници. Сите луѓе професионалци, надвор
од сомнеж, имотни и оттаму подготвени да платат огромни суми
пари за да го заштитат својот идентитет.
Меѓу нив, и Александар Берман.
Враќајќи се таа ноќ дома, Горан повторно помисли на човекот со
умерено однесување, секогаш насмеан и морално воздигнуван во
описите од страна на пријателите и познајниците. Перфектна маска.

114
Кој можеше да знае што го натера да ја поврзе претставата за Берман
со претставата за својата сопруга. Или, можеби знаеше, ама не
сакаше да го признае тоа. Во секој случај, штом еднаш беше поминат
прагот, реши да ги остави тие размислувања настрана и целосно да
му се посвети на Томи, како што му вети по телефон, кога му кажа
дека ќе си дојде наскоро дома. Син му ја прими веста одушевено и го
замоли да порачаат пица однадвор. Горан лесно се согласи, знаејќи
дека мала отстапка ќе биде доволна да го направи среќен. Децата
секогаш можат да црпат некаква среќа од нештата што им се
случуваат.
Значи, Горан се најде себеси како порачува пица со феферони за
себе и дупла моцарела за Томи. Тие заедно ги порачаа пиците по
телефон, затоа што порачувањето беше заеднички ритуал. Томи ќе го
повикаше бројот, а Горан ја извршуваше порачката. Потоа вадеа
големи чинии купени специјално за таа намена. Томи пиеше овошен
сок, а Горан си дозволуваше пиво. Пред да ги донесеа на масата, тие
ги ставаа своите чаши во замрзнувачот, за да бидат обложени со мраз
и доволно ладни за нивните пијалаци.
Но, Горан беше далеку од смиреност. Неговиот ум се уште се
занимаваше со таа перфектна организација. Агентите од
специјалната единица за интернет-криминал ископаа база на
податоци што содржеше повеќе од три илјади детски имиња,
поврзани со адреси и фотографии. Мрежата употребувала лажни
области за да ги привлече жртвите во стапицата... такви какви што
беа оние во цртаните филмови што, по вечерата, Горан и Томи
заедно ги гледаа на сателитските канали. Синиот тигар и белиот лав.
Додека син му се мушкаше во него, целосно сосредоточен врз
двајцата пријатели од џунглата, Горан го посматраше.
Треба да го заштитам, си помисли.
Оваа помисла му создаде чуден страв длабоко во градите – темен,
леплив јазол. Страв дека не сторил доволно, дека не бил присутен
доволно. Затоа што само еден родител не може да биде доволен. И
покрај тоа што Томи и тој, во основа, успеваа. Но што ќе се случеше
доколку зад бланк екранот на компјутерот на Берман наместо тоа

115
непознато дете, седеше неговиот Томи? Дали ќе беше кадарен да
забележи дека некој се обидува да влезе во умот на неговиот син, во
животот на неговиот син?
Додека Томи ја завршуваше домашната работа, Горан се беше
засолнал во својата работна соба. Уште не беше седум часот, така
што повторно почна да го прелистува досието на Берман, наоѓајќи
различни делчиња во размислувањата што можат да бидат
употребливи за истрагата.
Пред се, кожната фотелја во визбата, онаа на која Креп не најде
отпечатоци од прсти.
Најде секаде, но не таму... зошто?
Тој беше сигурен дека и за тоа има причина. А сепак, секојпат кога
ќе помислеше дека го фатил концептот, неговиот ум ќе одлеташе
некаде на друго место. На опасностите што го опкружуваат животот
на неговиот син.
Горан беше криминолог, тој го знаеше злото што постоеше. Но тој
секогаш го посматраше од дистанција, како професор. Нему никогаш
не му беше блиска идејата дека истото зло би можело некако да се
протегне до неговите ковчести прсти и да го допре. Но, сега,
мислеше за тоа.
Кога се станува „монструм“?
Тој термин, што тој официјално го забрани, сега се врати во
најскришните катчиња на неговиот ум. Затоа што сакаше да знае
како се случува тоа. Кога сфаќате дека сте ја поминале границата.
Берман и припаѓаше на одлична организација, со поврзана
хиерархија и со статусен систем. Трговскиот патник и се приклучил
за време на студиите. Во тоа време интернетот се уште не бил гледан
како ловиште и биле потребни значителни напори за да се остане во
сенка и да не се предизвика сомневање. Затоа следбениците биле
советувани за себе да создаваат сигурен и примерен живот каде што
ќе можат да ја кријат својата вистинска природа и да ги прикријат
сопствените импулси. Да се вклопат и да исчезнат; ова беа клучните
зборови на стратегијата.
Берман се вратил од универзитетот со кристално јасна идеја што ќе

116
прави. Најпрво, мораше да најде една стара школска пријателка што
не беше ја видел со години. Вероника, која никогаш не беше доволно
слатка за момчињата – вклучувајќи го и него – за да покаже
заинтересираност за неа. Тој ја насочувал да верува дека неговата
љубов со години била негувана и срамежливо таена. А таа, како што
предвидел, веднаш се согласила да се омажи за него. Првите години
од бракот им поминале како и на сите двојки, во слога и љубов. Тој,
заради работата, често патувал. Во реалноста, честопати ги користел
патувањата да среќава исти како себе, или да ги подготвува своите
млади жртви.
Со доаѓањето на интернетот, нештата станале многу полесни.
Педофилите веднаш почнале да го употребуваат овој неверојатен
инструмент што не им овозможувал само да дејствуваат под превезот
на анонимност, туку и да поставуваат генијални стапици за да ги
манипулираат своите жртви.
Но, Александар Берман не можел целосно маскиран да го исполни
својот план, затоа што Вероника не можела да му роди наследник.
Тоа било делчето што недостига, детаљот што вистински ќе го стави
надвор од сомневањата: бидејќи таткото не се интересира за деца на
други луѓе.
Криминологот го турна настрана гневот што му се креваше во
грлото и го затвори досието што по последните неколку часови
стануваше се подебело и подебело. Воопшто не сакаше повеќе да го
чита. Всушност, тој сакаше само да си легне и да се смири со
спиење.
Кој друг можеше да биде Алберт освен Берман? Дури и покрај тоа
што мораа да го поврзат и со гробиштата на раце и со исчезнувањето
на сите шест мали момички, и да ги најдеа телата што недостигаа,
никој веќе од него не би заслужил да ја носи егзекуторската облека.
Но, колку повеќе Горан размислуваше за тоа, толку помалку беше
убеден.
Во осум часот, на подготвената прес-конференција, Роше
официјално ќе го објави апсењето на виновникот. Горан сфати дека
идејата што сега го измачуваше, почнала да му брчи во главата

117
набрзо откако ја откри тајната на Берман. Развлекувајќи се, магливо
нејасна, таа цело попладне беше притаена во еден агол на неговиот
ум. Но, во сенката каде што беше засолната продолжи да пулсира, за
да му покаже дека е таму и дека е жива. Дури сега, во мирот на
својата соба, Горан реши целосно да се сосредоточи на неа.
Има нешто во оваа работа што не може да се вклопи...
Ти не мислиш дека Берман е виновен?
Ох, се разбира, да: човекот беше педофил. Но тој не ги убил шесте
мали момички. Тој нема никаква врска со тоа...
Како можеш да бидеш толку сигурен?
Затоа што доколку Александар Берман навистина беше нашиот
Алберт, ќе ја најдевме последната момичка во неговиот багажник –
број шест – а не Деби, првата. Таа веќе некое време гниела...
И токму кога почна да го обликува својот заклучок, криминологот
погледна во часовникот: уште пет минути до прес-конференцијата во
осум.
Тој треба да го запре Роше.

Г лавниот инспектор ги имаше викнато главните весници набрзо


откако почна да циркулира информацијата за развојот на
ситуацијата во случајот на Берман. Официјалното оправдување беше
дека тој не сакал новинарите да добијат информации од втора рака,
можеби лошо филтрирани од некој доверлив извор. Во реалноста, тој
беше загрижен дека приказната би можела да „истече“ во различни
правци, исклучувајќи го од центарот на вниманието.
Роше беше добар во третирањето настани како овој, тој знаеше како
да ја одмери тежината и извлекуваше несомнено задоволство од
оставањето новинарите да ’висат’. Затоа го почна пресот неколку
минути подоцна, давајќи до знаење дека како глава на тимот тој
секогаш е задржан од настаните што се случуваат во последната
минута.
Инспекторот уживаше во џагорот што доаѓаше од просторијата за
прес-конференции до неговата канцеларија: тоа беше како енергија

118
што го хранеше неговото его. Во меѓувреме, мирно седеше таму, со
нозете врз бирото што го наследи од својот претходник, чијшто
заменик инспектор беше долго време – премногу долго, си помисли,
и немаше грижа на совест во врска со престрелката пред осум
години.
Линијата на неговиот телефон почна непрекинато да светка. Но, тој
немаше намера да одговара: сакаше да се зголеми тензијата.
Некој чукна на вратата.
„Напред“, рече Роше.
Веднаш штом влезе, Мила забележа самозадоволна насмевка на
лицето на инспекторот. Се чудеше зошто, да му се сневиди, тој
сакаше да ја види.
„Агент Васкез, сакав лично да Ви се заблагодарам за драгоцениот
придонес што го дадовте во оваа истрага.“
Мила ќе поцрвенеше доколку не разбереше дека ова беше само
пресметан вовед за да се ослободи од неа. „Не мислам дека сторив
многу, господине.“
Роше го крена отворачот за писма и почна да си ги чисти ноктите
со врвот. Потоа отсечно продолжи: „Не, тоа беше крајно корисно.“
„Уште не го знаеме идентитетот на шестата момичка.“
„Ќе се појави и тоа, како и се друго.“
„Господине, би сакала да замолам за Ваша дозвола да ја
комплетирам својата работа, најмалку за неколку дена. Сигурна сум
дека можам да дојдам до резултат...“
Роше го испушти отворачот за писма, ги спушти нозете од бирото и
тргна накај Мила. Со најпрекрасната можна насмевка, тој ја зеде
нејзината десна рака, се уште завиткана, и ја затресе, не
забележувајќи дека тоа ја боли: „Разговарав со Вашиот претпоставен:
Водник Морексу ме увери дека ќе добиете пофалба за овој случај.“
Потоа ја одведе до вратата.
„Добар пат, агенте. И мислете на нас одвреме навреме.“
Мила му кимна со главата, затоа што немаше ништо друго да се
каже. Неколку секунди подоцна, се најде надвор, гледајќи како се
затвора вратата на канцеларијата.

119
Би сакала за ова прашање да продискутира со Горан Гавила,
бидејќи беше сигурна дека тој не знае ништо во врска со нејзиното
неочекувано ослободување од обврските. Но, тој веќе заминал дома.
Неколку часови претходно таа го слушна на телефон, како се
согласува да вечера. Судејќи според тонот на гласот, личноста на
другата страна не можеше да има повеќе од осум или девет години.
Тие ќе порачуваа пица.
Мила сфати дека Горан има син. Можеби во неговиот живот имаше
и жена и таа, исто така, би учествувала во пријатната вечера што ја
приготвуваа таткото и синот. Мила сети трошка завист, без да знае
зошто.
Таа ја предаде својата значка на вратата, при што и беше даден
еден коверт со билет за воз за дома. Овојпат, никој нема да ја одведе
на железничката станица. Таа ќе треба да повика такси, со надеж
дека нејзиното сопствено главно полициско седиште ќе и ги
надомести трошоците, и да намине до мотелот за да ги земе своите
работи.
Сепак, кога се најде на улицата, Мила откри дека не и се брза.
Погледна наоколу, вдиша од воздухот што наеднаш ја преплави,
толку чист и благ. Градот се чинеше нурнат во некој неприроден
балон од студ, кој балансира на работ на метеоролошките случувања.
Еден степен повеќе или помалку, и се може да се промени.
Разредената атмосфера содржеше прерано ветување за меќава. Или
инаку, се ќе остане како што беше сега – неподвижно.
Го извади билетот од ковертот. Се уште и остануваа три часа до
нејзиниот воз. Но, таа размислуваше за нешто друго. Дали ќе има
доволно време за да го направи тоа што треба? Немаше начин да
дознае, освен да тргне. Основното е што доколку доживее неуспех,
никој нема да знае. И, не можеше да си замине со тој сомнеж.
Три часа. Таа ќе мора да го стори тоа.

И знајми автомобил и возеше околу еден час. Планинските врвови


пред неа го сечеа небото. Дрвени куќички, со коси покриви. Од

120
нивните оџаци излегуваше сив чад со мирис на смола. Дрва наредени
како кули во дворовите. Од прозорците, спокојна светлина во окер
боја.
Возејќи по автопатот 115, Мила скршна на излезот 25. Возеше накај
интернатското училиште што го посетувала Деби Гордон. Сакаше да
ја види нејзината соба. Беше сигурна дека таму ќе најде нешто што
ќе ја одведе до детето број шест, до нејзиното име. И покрај тоа што
досега таа практично не му беше од никаква корист на главниот
инспектор Роше, Мила не можеше да замине оставајќи го зад себе тој
неоткриен идентитет. Тоа беше мал гест на сожалување. Медиумите
се уште не објавија дека биле повеќе од пет момички, затоа што
никој досега немаше можност да ја оплакува шестата жртва. А тие
нема да можат да го сторат тоа без име, Мила го знаеше тоа. Таа ќе
стане бела ознака на надгробниот споменик, нема пауза на крајот од
кратката листа со имиња, само уште еден број кој треба да се додаде
на студеното сметководство на смртта. А таа, апсолутно, не можеше
да дозволи да се случи така.
Всушност, имаше една друга замисла што ја опседнуваше, и поради
која патуваше толку многу километри. Тоа беше она треперење на
нервот на долниот дел на нејзиниот врат...
Полицајката стигна на своето одредиште токму по девет часот.
Интернатското училиште се наоѓаше во едно симпатично селце,
илјада и двесте метри нагоре по ридот. Уличките во тоа време на
денот се празни. Училишната зграда е веднаш до селото, опкружена
со убав парк, училиште за јавање и со тениски и кошаркарски
игралишта. До нив се доаѓаше по долго возење по патека по која
учениците полека се враќаа од своите спортски активности.
Ѕвонливото смеење на девојките ги нарушуваше инструкциите дека
треба да се движат во тишина.
Мила ги измина и се паркира на просторот пред училиштето.
Малку подоцна се појави во канцеларијата за да праша дали може да
ја посети собата на Деби, надевајќи се дека никој нема да прави
проблем. По консултацијата со надлежниот, помошникот се врати и
и рече дека може да оди. За среќа, по нивниот разговор, мајката на

121
Деби им телефонира за да им каже дека Мила патува натаму.
Помошникот и даде пропусница со натпис „посетител“ и и го покажа
патот.
Мила одеше низ ходниците додека не стигна до крилото каде што
беа собите на ученичките. Не беше тешко да ја најде онаа на Деби.
Нејзините соученички ја имаа покриено вратата со ленти во боја и со
разни забелешки. Тие напишале дека никогаш нема да престане да
им недостасува и дека никогаш нема да ја заборават. И го имаше и
неизбежното: „Ти засекогаш ќе останеш во нашите срца.“
Таа уште еднаш се сети на Деби, на телефонските повици што
очајна ги упатувала до своето семејство за да ја вратат дома, на
изолацијата којашто дете на нејзините години, срамежливо и
самосвесно, може да ја доживува паднато во рацете на своите
соученички, во место како ова. Поради тоа, таа ги сметаше овие
пораки за невкусни, за лицемерно манифестирање на задоцнетите
емоции. Можевте да ја забележите кога таа беше овде, си помисли
Мила. Или кога некој ја грабна од пред вашиот нос.
Од крајот на ходникот до неа дојде врескање и одушевено
извикување. Таа помина преку веќе догорените свеќи што некој ги
поставил во знак на сеќавање, и влезе во засолништето на Деби.
Ја затвори зад себе вратата и наеднаш настапи тишина. Ја испружи
раката накај ламбата и ја вклучи. Собата беше мала. Нанадвор
гледаше еден прозорец, поставен директно над паркот. Одморајќи се
спроти ѕидот, една мошне чиста работна маса стоеше под полиците
набиени со книги. Деби сакала да чита. Десно се наоѓаше вратата за
бањата, затворена, и Мила реши неа да ја остави за крај. На креветот
имаше неколку привлечни играчки што внимателно ја гледаа
полицајката со своите студени, неподвижни очи, правејќи да се
чувствува како натрапничка. Собата беше целосно прекриена со
постери и со фотографии што ја прикажуваа Деби дома, со своите
соученички од старото училиште, со своите другарки и со своето
куче Стинг. Сите нешта што и биле одземени за да може да го
посетува ова ексклузивно интернатско училиште.
Мила забележа дека Деби била момичка со можност да стане убава

122
жена. Оние што ја опкружуваа, ќе го забележат овој факт премногу
доцна, тажни што порано не го забележале лебедот скриен во тоа
збунето грдо патче. Но во тој момент таа мудро би ги игнорирала. Се
присети на аутопсијата на која присуствуваше, на мигот кога Чанг го
ослободи нејзиното лице од пластиката и на шнолата со белите
лилии што се појави во нејзината коса. Нејзиниот убиец ја беше
исчешлал и Мила се потсети на помислата дека тој ја стокмил за да
биде убава за него.
Не, си помисли, таа беше убава за Александар Берман...
Погледот на Мила се спушти на еден дел од ѕидот што останал
зачудувачки празен. Таа му се приближи и откри дека на различни
места малтерот беше излупен. Како нешто да било залепено на него,
нешто што повеќе не е тука. Други раце, други очи го допреле светот
на Деби, нејзините предмети, нејзините спомени. Можеби мајка и
била таа што ги извадила сликите од ѕидовите; ќе треба да го провери
тоа.
Се уште размислуваше за тоа, кога ја зачуди некој звук. Доаѓаше
однадвор. Не од ходникот, туку од зад неа, од бањата.
Мила инстинктивно ја приближи раката до ременот, барајќи го
пиштолот. Кога го извлече од футролата и го откочи, се исправи и
тргна накај вратата од бањата. Втор звук. Овојпат, појасен. Да, некој
беше внатре. Некој, кој како и таа, помислил дека е најпогодно време
да влезе невознемируван во собата на Деби и да земе нешто... траги?
Срцето лудо и чукаше. Таа нема да влезе внатре, ќе чека.
Одненадеж, вратата се отвори. Мила го помрдна прстот спрема
сигурносното копче. Потоа, за среќа, се скамени. Мала момичка,
вџасена, ги рашири своите раце, фрлајќи го она што го држеше во
дланките.
„Која си ти?“, ја праша Мила.
Момичката пропелтечи: „Јас сум другарка на Деби.“
Таа лажеше. Мила беше совршено свесна за тоа. Го стави пиштолот
во футролата на ременот и погледна во подот, во предметите што
момичката ги испушти. Таму имаше едно шишенце парфем, неколку
шишиња шампон и црвена капа со широк раб.

123
„Дојдов да си ги земам работите што и ги позајмив“, но ова звучеше
повеќе како некакво извинување. „Другите беа овде пред мене...“
Мила ја препозна црвената капа на една од фотографиите на ѕидот.
Деби ја носеше. И сфати дека беше сведок на ограбување што
веројатно се случувало неколку дена наназад, дело на некои од
соученичките на Деби. Не ќе беше за чудење доколку некоја од нив
ги извадила фотографиите од ѕидот.
„Добро“, рече таа остро. „Сега да те нема од овде.“
Момичката малку се колебаше, потоа си ги собра предметите што
ги испушти и истрча од собата. Мила и дозволи да си оди. Деби би го
сакала тоа. Нештата што не беа употребливи за нејзината мајка, што
би ја обвинувале до крајот на нејзиниот живот поради тоа што ја
испрати овде. Во споредба со другите родители, госпоѓа Гордон беше
„среќна“ – ако може да се зборува за среќа во такви случаи – што го
има телото на својата ќерка за да го оплакува.
Мила почна да пребарува по хартиите и по книгите. Таа го сакаше
името и ќе го добие. Се разбира дека ќе е полесно ако го најде
дневникот на Деби. Беше сигурна дека мора да имала нешто каде
што ги доверувала своите неволи. И, како дванаесетгодишна
момичка, таа би го скрила на некое тајно место. Место кое, како и да
е, не е многу далеку од нејзиното срце. Каде што би можела да отиде
и да го земе веднаш штом ќе и затреба. И, кога имаме најголема
потреба да го засолнеме она што ни е најмило? Ноќум. Мила клекна
покрај креветот, барајќи под душекот, пипајќи наоколу се додека не
најде нешто.
Тоа беше ламаринена кутија декорирана со сребрени зајачиња,
затворена со минијатурно катинарче.
Седна на креветот гледајќи наоколу, барајќи го местото каде што
би можело да е скриено клучето. Тогаш одненадеж се сети на
аутопсијата и на бразлетната на зглобот од десната рака на Деби. Со
метално клуче обесено на неа.
Таа и ја даде на мајка и на Деби и сега немаше време да го добие
клучот назад. Затоа Мила реши насилно да ја отвори кутијата.
Употребувајќи хемиско пенкало како лост, успеа да ги помрдне

124
алките што го држеа катинарчето. Потоа го крена капакот. Во
кутијата имаше збирка дребулии, суви цвеќиња и мирисливи
стапчиња. Црвено обоена безопасна што мора да била употребена
при крвното посестримување. Едно везено свилено марамче. Гумено
мече со искривени уши. Свеќички од роденденска торта. Скриено
тинејџерско богатство од спомени.
Но, немаше дневник.
Чудно, си рече во себе Мила. Големината на кутијата и скудните
остатоци од содржината, наведуваа на постоење на нешто друго.
Исто како и фактот дека Деби почувствувала потреба сето тоа да го
заштити со катинарче. Или, можеби, навистина немаше дневник.
Разочарана што доживеа неуспех, таа го погледна својот часовник:
ќе го испушти возот. Но, исто така, би можела да остане таму и да
бара нешто што би можело да ја одведе до мистериозниот пријател
на Деби. Дури и претходно, додека ги пребаруваше предметите на
момичката, тоа чувство ја преплави, истото како што веќе го имаше
сетено неколкупати не успевајќи никогаш да го ’зграпчи’.
Треперење во долниот дел на вратот.
Таа не можеше да си замине одовде, првин без да разбере што беше
тоа. Но и требаше некој или нешто што може да ги среди нејзините
разлетани мисли, да ги насочи. И покрај несоодветното време, Мила
донесе решение што беше тешко, но потребно.
Го побара Горан Гавила на телефон.
„Доктор Гавила, овде Мила...“
Криминологот неколку секунди беше стаписан и не кажа ниту збор.
„Како можам да ти помогнам, Мила?“
Дали звучеше нервозно? Не, тоа беше само нејзино чувство. Мила
почна да му кажува дека веќе би требало да биде во возот, а наместо
тоа, се наоѓа во собата на Деби Гордон во интернатското училиште.
Мила повеќе сакаше да му ја каже целата вистина, а Горан ја
слушаше без коментар. Кога заврши, на другата страна на линијата
имаше долго молчење.
Мила не можеше да знае, но Горан зјапаше во кујнските елементи,
држејќи филџан жешко кафе.

125
Криминологот се уште беше буден затоа што се обидуваше да го
контактира Роше со цел да го запре неговото медиумско
самоубиство, но без успех.
„Можеби малку избрзавме со Александар Берман.“
Мила забележа дека Гавила зборуваше со неразбирлив глас, небаре
зборовите мора да се пробиваат низ неговите гради.
„И јас го мислам истото“, му одговори таа. „Како стигнавте до тоа?“
„Затоа што тој ја имаше Деби Гордон во багажникот. Зошто не
последното дете?“
Мила го потсети на објаснувањето на Стерн за чудните околности:
„Можеби Берман сторил грешка кога ги криел телата, некои
погрешни чекори што можеле да го издадат, па ја преместувал на
место каде што можел подобро да ја скрие.“
Горан збунето ја слушаше. Неговото дишење на другата страна
откриваше дека промислува.
„Во што е работата, дали реков нешто погрешно?“
„Не. Но не звучеше многу убедена додека го кажуваше тоа.“
Мила за момент размисли околу ова. „Не, во право си“, призна таа.
„Има нешто што недостига. Или, подобро, има нешто што не е во
согласност со сето друго.“
Мила знаеше дека полицаецот живее од перцепции. Таа никогаш не
ги спомна во официјалните извештаи: се што е битно, се проценува
како „факти.“ Но, бидејќи Горан беше воведен во предметот, Мила се
охрабри да му каже за своите две чувства. „Првиот пат се случи за
време на извештајот на медицинските истражители. Тоа беше како
погрешна забелешка. Но, не успеав да го уловам. Го загубив речиси
веднаш.“
Треперење во долниот дел на вратот.
Таа слушна како Горан поместува стол, па и таа, исто така, седна.
Потоа тој проговори: „Ајде да се обидеме, хипотетички, да го
исклучиме Александар Берман...“
„Ок.“
„Да замислиме дека некој друг стои зад сево ова. Да кажеме дека
типот се појавил однекаде и ја вовлекол малата момичка со отсечена

126
рака во багажникот на Берман...“
„Берман би кажал така за да го отфрли сомневањето од себе“, рече
Мила.
„Не мислам така“, и одговори Горан самоуверено. „Берман бил
педофил: не би отфрлал ништо. Знаеше дека му дошол крајот. Се
самоуби затоа што немаше излез, и за да ја прикрие организацијата
на којашто и припаѓал.“
Мила се потсети дека учителот по музика, исто така, се самоуби.
„Значи, што ќе правиме?“
„Ќе му се вратиме на Алберт, неутралниот и безличен профил што
претходно го развивме.“
Мила првпат се почувствува вистински вклучена во случајот.
Тимската работа беше ново искуство за неа. И не и пречеше да
работи со д-р Гавила. Не го знаеше долго време, но веќе научи да му
верува.
„Претпоставката е дека постои причина за грабнувањето на малите
момички и за гробиштата на раце. Може да е апсурдна, но постои. А
за да го објасниме тоа, мора да го знаеме нашиот човек. Колку
подобро го знаеме, толку повеќе ќе можеме да разбереме. Колку
подобро разбираме, толку поблиску ќе бидеме до него. Јасно ли е
ова?“
„Да... но која е точно мојата улога?“, го праша таа.
Гласот на Горан беше тивок и полн со енергија: „Тој е крволочен
ѕвер, нели? Значи, научи ме како тој лови...“
Мила го отвори нотесот што го носеше со себе. На другиот крај од
линијата тој слушна прелистување низ страниците. Таа почна да
чита од своите забелешки во врска со жртвите: „Деби, дванаесет
години. Исчезнала на училиште. Нејзините соученици помнат дека
си заминала по часовите. Потоа не забележале дека ја нема се до
вечерната прозивка.“
Горан се напи голема голтка од своето кафе и рече: „Сега кажи ми
за втората...“
„Анеке, десетгодишна. На почетокот сите мислеле дека се загубила
во шумата... Бројот три се вика Сабина, таа била најмалата: девет

127
години. Се случило во сабота навечер, кога била на панаѓур со мајка
си и со татко си.“
„Таа е онаа што ја зел од рингишпилот пред носот на родителите. И
потоа се крена аларм низ целата земја. Беше повикан нашиот тим, а
тогаш исчезна и четвртата момичка.“
„Мелиса. Најстарата: тринаесет години. Нејзините родители и
забраниле да излегува, но на својот роденден таа ја прекршила
забраната и заминала да слави со своите пријатели во кугланата.“
„Сите тие се појавиле, освен Мелиса“, се сети криминологот.
„Каролина била грабната од нејзиниот кревет, што значи дека тој
влегол во нејзината куќа... и потоа е бројот шест.“
„Подоцна. Ајде, засега, да останеме кај другите.“
Горан се чувствуваше неверојатно усогласено со полицајката. Тоа
беше нешто што подолго време го немаше почувствувано.
„Мила, сега ми требаш за да разговараме. Кажи ми: како се
однесува нашиот Алберт?“
„Прво киднапира мали момички кои се далеку од дома и кои не се
многу дружељубиви. Значи, никој ништо не забележува и тој има
време...“
„Време за што?“
„Тоа е тест: сака да биде сигурен дека успеал во тоа што го сторил.
И со времето што го има на располагање, тој секогаш може да се
ослободи од жртвата и да исчезне.“
„Со Анеке тој веќе е поослободен, но и покрај тоа, решил да ја
грабне во шумата, далеку од секакви сведоци... А како постапил со
Сабина?“
„Неа ја грабнал пред очите на сите: на панаѓур.“
„Зошто?“, ја прекина Горан.
„Од истата причина поради која ја киднапира Мелиса кога сите
биле во состојба на готовност, или Каролина во нејзината куќа.“
„Кој му е мотивот за тоа?“
„Тој се чувствува силен, станува сигурен во себе.“
„Фино“, рече Горан. „Продолжи... сега кажи ми за таа работа со
посестримувањето, од почеток.“

128
„Тоа е нешто што се прави кога си многу млад. Го боцкаш својот
прст со безопасна игла и потоа ги приближувате прстите додека
рецитирате детски песнички.“
„Кои се тие две момички?“
„Деби и број шест.“
„Зошто ли Алберт го избрал?“, се чудеше Горан. „Тоа е смешно.
Властите се во состојба на готовност, тие веќе ја бараат Деби, а тој се
враќа за да ја грабне нејзината најдобра другарка! Зошто се изложил
на таков ризик? Зошто?“
Мила знаеше дека криминологот стигна до нешто, но дури таа и да
го кажеше тоа, тој беше што ја одведе дотаму. „Мислам дека има
врска со предизвик.“
Последниот збор изговорен од Мила ја отвори затворената врата во
главата на криминологот, кој стана од столот и почна да се шетка низ
кујната.
„Продолжи...“
„Тој сакал да демонстрира нешто. На пример, дека е најитриот
човек.“
„Најдобриот од сите. Тој е целосен егоцентрик, човек кој страда од
нарцисоидно нарушување на личноста... ајде да разговараме за број
шест.“
„За неа не знаеме ништо.“
„Зборувај ми за неа, како и да е. Кажи ми го она со што
располагаме...“
Мила го остави нотесот, сега беше принудена да импровизира.
„Добро, ајде да видиме... таа, горе-долу е на иста возраст како Деби,
затоа што биле другарки. Значи, има околу дванаесет години. Тоа е
потврдено од Баровиот тест на телото.“
„Добро... и?“
„Според аутопсијата, таа умрела на идентичен начин.“
„Што значи? Потсети ме...“
Таа се обиде да го најде одговорот во нотесот. „Тој и ја пресекол
раката, како што им направил и на останатите. Освен што нејзините
крв и ткиво содржат траги од коктел од дроги.“

129
Горан ја замоли да му го повтори списокот на Чанг на лековите.
Антиаритмици, како дисопирамид, АЦЕ блокатори и атенолол кој е
бета-блокатор...“
Тој не беше убеден со тоа.
„Не сум убедена во тоа“, рече Мила. За миг, Горан Гавила го сепна
сомнеж дека жената може да му ги чита мислите.
„На состанокот тој кажа дека на тој начин Алберт го намалил
нејзиниот пулс со спуштање на притисокот“, истакна Мила. „И
доктор Чанг додаде дека причината била за да го забави крвавењето,
за да предизвика нејзина побавна смрт.“
Да го забави крвавењето. Да предизвика нејзина побавна смрт.
„ОК, добро, сега кажи ми за нејзините родители...“
„Чии родители?“, праша Мила, обидувајќи се да не го прекинува.
„Не ми е гајле ако тоа не е запишано во твојот проклет нотес! Ги
сакам твоите размислувања, да му се сневиди!“
Како тој знаеше за нејзиниот нотес?, се зачуди таа, стресена од
неговата реакција. „Родителите на шестото дете не дојдоа како
другите за ДНК тестот. Не знаеме кои се, затоа што тие го немаат
пријавено нејзиното исчезнување.“
„Зошто не пријавиле; Можеби уште не знаат?“
„Тоа е неверојатно.“
Да го забави крвавењето.
„Можеби таа воопшто нема родители! Можеби била сама на светов!
Можеби никому од нив не му е гајле за неа!“ Горан го загуби
трпението.
„Не, таа има семејство. Таа треба да биде како и сите останати, се
сеќаваш ли? Само ќерка, мајка што ги поминала четириесеттите,
двојка која решила да има само едно дете. Тој не менува, затоа што
тие се вистинските жртви: тие, веројатно, веќе нема да сакаат да
имаат деца. Тој ги избира семејствата, не момичките.“
„Точно“, рече Горан на нејзино задоволство. „Потоа, што?“
Мила за миг се помисли. „Тој сака да не предизвикува. Тој сака
предизвик. Како малите посестрими. Тоа е сложувалка... тој нас не
тестира.“

130
Да предизвика нејзина забавена смрт.
„Ако има родители и ако тие знаат, зошто го немаат пријавено
исчезнувањето?“ Горан ја притискаше, оставајќи неговиот поглед да
талка по кујнскиот под. Тој чувствуваше небаре беа блиску до нешто.
Можеби до некој одговор.“
„Можеби се преплашени.“
Зборовите на Мила ги осветлија сите темни агли во собата. И таа
почувствува чепкање во долниот дел на својот враг, треперење...
„Преплашени, од што?“
Тие сакаа идејата да добие форма на зборови, така што ќе можат да
ја зграпчат и да се осигурат дека нема да се стопи...
„Нејзините родители се преплашени дека Алберт би можел да ја
повреди...“
„Како, ако веќе е мртва?“
Да го запре крвавењето. Да предизвика нејзина забавена смрт.
Горан запре, клечејќи. Мила се исправи на своите нозе.
„Тој не го забавил крвавењето... тој го запрел.“
Тие дојдоа до тоа во исто време.
„Ох, Господе...“, рече таа.
„Да... таа се уште е жива.“

131
11

М алата момичка ги отвора очите.


Таа воздивнува длабоко, небаре излегува на површината од
некаква бездна со течност, со многубројни мали раце што ја влечат
надолу. Но, се бори да ја одржи својата рамнотежа и да остане при
свест.
Болката ја жеже, но и дава некаква луцидност. Се обидува да си
припомни каде е. Ја загуби ориентацијата. Лежи на грб, го знае
тоа. Во главата и се врти и момичката е опколена со завеса од
темница. Дефинитивно има треска и не може да се движи. Само
две други чувства можат да ја пробијат маглата на нејзината
полузаспаност. Мирисот на влага и камења, како мирис на пештера.
И постојаниот, исцрпувачки звук на капење.
Што се случило?
Сеќавањата се враќаат, едно по едно околу неа. Потоа чувствува
како плаче. Жешки солзи и се слеваат низ образите, навлажнувајќи
ги нејзините суви усни. На тој начин открива дека е жедна.
Овој викенд требаше да одат на езерото. Таа, тато и мама.
Имаше денови кога не можеше да мисли на ништо друго. Излетот
кога татко и ќе јаучи да лови риби. Собра црви во градината,
ставајќи ги во конзерва. Тие мрдаа, тие беа живи. Но, момичката
не се грижеше за тоа. Или, поточно, мислеше дека тој детаљ е
неважен. Затоа што мислеше, здраво за готово, дека црвите
немаат чувства. Не се прашуваше како се чувствуваат заробени
таму. Но, сега се прашува. Затоа што тоа е она што момичката го
чувствува сега. Сеќава жал за нив, и за себе. И срам што била
лоша. И се надева, со сето свое срце, дека кој и да ја грабнал,
извлекувајќи ја од неговиот живот, е подобар од него.
Памти многу од тоа што се случи.
Стана рано за да оди на училиште, дури и порано од обично, затоа
што беше четврток, а како и секој четврток тато не можеше да ја
однесе поради тоа што се среќаваше со своите клиенти. Тој

132
продаваше фризерски производи и, заради предвидувањата за
зголемување на бројот на редовните муштерии за време на
викендите, ги обезбедуваше со лакови за коса и со шампони, исто
како и со козметика. Поради тоа, момичката мораше да оди сама на
училиште. Тоа го правеше од својата деветта година. Сеуште го
памти првиот пат, кога заедно со татко си го поминаа краткото
растојание до автобуската станица. Го држеше за рака, слушајќи
ги неговите укажувања, како, на пример, да гледа на двете страни
пред да ја помине улицата, или да не доцни затоа што возачот нема
да чека, или да не запира да разговара со непознати, бидејќи тие
може да бидат опасни. Со текот на времето момичката ги
прифати тие совети до таа мера што веќе не чувствуваше дека во
својата глава го слуша гласот на татко си. Момичката стана
експерт.
Овој четврток наутро стана со новарадост во своето срце.
Покрај претстојното одење на езерото, имаше и друга причина да
биде среќно. Фластерот што го имаше на својот прст. Капејќи се,
во топлата вода го отвори од едната страна и го гледаше својот
прст со мешаница на гордост и болка.
Момичката си имаше посестрима.
Не можеше да исчека да ја види. Но тоа не ќе се случи пред
вечерта, затоа што двете одеа во различни училишта. На
вообичаеното место тие ќе си ги раскажат последните новости,
бидејќи се немаа видено неколку дена. Потоа ќе си играат и ќе
коваат планови, а пред разделбата ќе си дадат свечено ветување
дека засекогаш ќе останат другарки.
Да, тоа ќе биде голем ден.
Го стави својот учебник по алгебра во торбата. Тоа и беше
омилениот предмет и нејзините оценки го кажуваа тоа. Во
единаесет часот имаа час по физичко, па ги зеде хулахопките од
една од фиоките и си ги стави патиките за вежбање и белите куси
чорапи во торбата. Додека си го местеше креветот, мајка и ја
викна момичката долу на појадок. Тие секошш беа во голема
брзаница на масата за појадок. Тоа утро не се разликуваше од

133
другите. Татко и, кој обично пиеше само кафе, стоеше крај масата
и читаше весник. Со едната рака го држеше пред себе, додека со
другата – филџанот со кафе, кој се движеше назад и напред од
неговите усни. Мајка и веќе беше на телефон со својата колешка, а
пржените јајца ги подготви без да испушти збор од разговорот.
Худини беше свиткан во својата кошница и не го удостои ниту со
поглед откако слезе. Дедо и рече дека, како и тој самиот, и мачката
страда од низок притисок, па затоа наутро му треба малку време за
да си дојде на себе. Веќе извесно време имаше престанато да се
чувствува повредено од рамнодушноста на Худини. Тие постигнаа
премолчен договор дека ќе го почитуваат местото на оној другиот
и дека ќе мора така и да се однесуваат.
По појадокот, момичката ја стави својата валкана чинија во
лавабото и прошета низ кујната за бакнеж од секој од своите
родители. Потоа ја напушти куќата.
На ветрот, на своите образи се уште можеше да го почувствува
влажниот отпечаток од кафето од усните на тато. Денот беше
светол. Немаше ништо заканувачко во неколкуте облаци кои го
дамкосуваа небото. Прогнозите велеа дека времето ќе остане
такво целиот викенд. „Се подобро за риболовното патување“,
забележа тато. И со тоа ветување во срцето момичката одеше по
тротоарот, право накај автобуската станица. Имаше вкупно
триста дваесет и девет чекори. ги беше изброила. Одвреме
навреме, повторно ги броеше. Како што направи и тоа утро. И кога
беше кај триста и десеттиот чекор, некој ја викна.
Никогаш нема да ја заборави таа бројка. Точно определената
точка каде што животот му се искрши на парчиња.
Се заврти и го виде него. Тој насмеан човек кој доаѓаше накај
момичката, немаше познато лице. Потоа го слушна како ја вика по
име, и веднаш помисли: „Ако ме знае, не може да биде опасен.“
Додека приоаѓаше накај него, момичката се обиде подобро да го
погледне за да открие кој е тој. Тој ги забрза чекорите за да ја
стигне, таа го чекаше. Неговата коса... беше чудна. Како косата на
куклата што ја имаше како мала. Изгледаше лажна. Но, од

134
моментот кога откри дека човекот носи перика, беше премногу
доцна. Момичката дури не го ни забележ паркираното бело комби.
Тој ја зграпчи момичката, во исто време отворајќи ја вратата и
влегувајќи внатре со неа. Таа се обиде да вика, но тој ја стави
раката преку нејзината уста. Периката му се слизна од главата, а
тој подолго време и притискаше влажно марамче врз лицето на
момичката. Потоа, одненадеж, незапирливи солзи, црни точки и
црвени партали преку очите, соголувајќи го светот од неговите бои.
И, на крајот, темнина.
Кој е човекот? Што сака од неа? Зошто ја донесе тука? Каде е
тој сега?
Прашањата доаѓаат брзо, и си заминуваат неодговорени. Сликите
од последното утро како мала момичка исчезнуваат и таа уште
еднаш се наоѓа себеси во таа пештера – влажната утроба на
монструмот што ја голтна. Од друга страна, тоа пријатно
чувство на тромавост се враќа. Што и да е, се додека не морам да
мислам на сево ова, си мисли. Ги затвори очите, нурнувајќи се уште
еднаш во морето од сенки што ја опкружува.
Момичката дури и не забележа дека една од тие сенки го гледа.

135
12

С негот силно беше наврнал во текот на ноќта, пластејќи се врз


светот како тишина.
Температурата малку се беше зголемила, а лесниот ветрец ги
метеше улиците. Додека долгоочекуваниот метеоролошки настан
забавуваше се, нов делириум зеде замав во тимот.
Конечно, имаа цел. Начин да се надомести сето зло што се појави,
иако само делумно. Да се најде шестата момичка, да се спаси. И, во
исто време, да се спасат самите себеси.
„Само да е живо“, продолжи да си повторува себеси Горан, малку
придушувајќи го ентузијазмот кај другите.
По откривањето, Роше само што не го обеси Чанг што не дошол
претходно до истиот заклучок. Печатот се уште не беше известен за
постоењето на шестата киднапирана момичка, но очекуваше дека
главниот инспектор ќе излезе со извинување до новинарите, а нему
му беше потребно жртвено јагне.
Во меѓувреме, Роше собра тим медицинари – секој со различна
специјалност – да ги праша едно основно прашање.
„Колку долго може да преживее дете во такви услови?“
Немаше категоричен одговор. Пооптимистички настроените сметаа
дека со соодветен медицински третман и без развој на инфекции, би
можело да преживее меѓу десет и дваесет дена. Песимистите мислеа
дека и покрај младата возраст, со таква ампутација надежите за
живот неизбежно би се намалиле до еден час, и, всушност, многу е
веројатно дека момичката веќе е мртва.
Роше не беше задоволен и реши јавно да продолжи со неменување
на ставот дека Александар Берман се уште е главниот осомничен. И
покрај тоа што беше убеден дека трговскиот патник немал ништо со
киднапирањето на момичките, Горан не би ја демантирал
официјалната верзија на главниот инспектор. Излезот не беше во
вистината. Тој знаеше дека Роше не може да си дозволи повлекување
на својата претходна изјава за вината на Берман. Тоа ќе му

136
наштетеше нему, но, во исто време, и на нивните истражни методи.
Криминологот, како и да е, беше убеден дека човекот некако бил
„избран“ од вистинскиот извршител.
Алберт одненадеж се најде повторно во центарот на нивното
внимание.
„Тој знаел дека Берман е педофил“, рече Горан кога сите беа
собрани во собата за операции. „Ние во еден момент го потценивме.“
Во профилот на Алберт влезе нов елемент. Тие на почетокот веќе
имаа такво претчувство, кога Чанг ги опишуваше повредите на
пронајдените раце, употребувајќи го зборот „хируршки“ за
прецизноста со која убиецот го нанесол фаталниот удар. Употребата
на дроги за да го спушти крвниот притисок на шестото дете им ги
потврди клиничките способности на човекот. Конечно, фактот дека
веројатно го одржува во живот, им дозволи да помислат дека тој има
исклучително знаење за техниките на реанимација и за протоколите
за интензивна терапија.
„Би можело да е лекар, или можеби некогаш бил“, укажа Горан.
„Ќе пребарам малку во професионалните регистри. Може да бил
избришан од нив“, неочекувано рече Стерн.
Тоа беше добар почеток.
„Како ќе набави лекови за да ја одржува жива?“
„Одлично прашање, Борис. Ајде да ги провериме аптеките,
приватните и оние во болниците, да видиме дали некој ги барал тие
лекови.“
„Можеби ги снабдел пред еден месец“, забележа Роза.
„Особено антибиотици: можеби му требаат да спречи инфекции...
што друго?“
Очигледно, немаше ништо друго. Сега беше само прашање на
откривање каде е момичката, жива или мртва.
Во оперативната соба сите гледаа во Мила. Таа беше експерт,
личност за консултации за да се стигне до целта што ќе и даде
значење на нивната работа.
„Треба да изнајдеме начин за комуникација со семејството.“
Сите се погледнаа меѓу себе, додека Стерн праша: „Зошто? Сега

137
ние имаме предност над Алберт: тој уште не знае дека ние знаеме.“
„Дали навистина мислиш дека еден ум способен за сево ова, уште
одамна не ги предвидел нашите акции?“
„Доколку нашите претпоставки се точни, тој ја чува момичката
жива за нас.“
Гавила интервенираше како поддршка на Мила, дарувајќи ја со
својата нова теорија.
„Тој е оној што ја контролира играта, а момичката е финалната
награда. Тоа е натпревар за да се види кој е поостроумен.“
„Значи тој нема да ја убие?“, праша Борис.
„Тој нема да ја убие. Ние ќе го сториме тоа.“ Изјавата беше тешка
за „варење“, но тоа беше суштината на предизвикот.
„Ако ни треба премногу долго за да ја најдеме, момичката ќе умре.
Ако го изнервираме на каков и да е начин, момичката ќе умре. Ако
не се придржуваме до правилата, момичката ќе умре.“
„Правила? Какви правила?“, праша Роза, со лошо прикриена
нервоза.
„Оние што тој ги воспоставил, а ние, за жал, не ги знаеме. Патеките
по кои се движи неговиот ум за нас се нејасни, но се мошне јасни за
него. А во светлината на секоја од нив, секоја наша акција може да
биде интерпретирана како прекршување на правилата на играта.“
Стерн сериозно кимна со главата. „Значи, одењето право кај
семејството на шестата момичка малку прилега на играње во
согласност со неговата игра.“
„Да“, рече Мила. „Тоа е она што Алберт токму сега го очекува од
нас. Тој смета на тоа. Но тој, исто така, е убеден дека ние ќе
потфрлиме, затоа што родителите се премногу исплашени да излезат
на отворено, инаку тоа веќе би го сториле. Тој сака да покаже дека
неговата сила на убедување е помоќна од каков и да е напад од наша
страна. Парадоксално е, но тој се обидува да помине низ ова како
„херој“ во своите очи. Тоа е како да им вели: ’Јас сум единствениот
кој може да го спаси вашето дете, можете да ми верувате само
мене’... Дали сфаќате колкав психолошки притисок може да создаде?
Доколку можеме да ги убедиме родителите да контактираат со нас,

138
ние ќе добиеме поен во наша корист.“
„Но постои опасност да го предизвикаме на напад“, протестираше
Сара Роза, која, изгледа, не се согласуваше.
„Тоа е ризик што мора да се преземе. Но, не верувам дека поради
тоа ќе ја повреди момичката. Тој не казнува нас, може да не натера
да загубиме извесно време. Тој нема сега да ја убие: најпрво, треба да
ни ја покаже завршената работа.“
Горан помисли дека е исклучителен начинот на кој Мила толку
брзо ги совлада механизмите на истрагата. Таа беше добра во
поставувањето прецизни насоки. Па сепак, дури и ако другите
конечно ја слушаа што зборува, немаше да биде лесно прифатена,
еднаш засекогаш, од страна на своите колеги. Тие веднаш ја
идентификуваа како надворешно присуство, како единка што не им
беше потребна. И нивното мислење сигурно нема брзо да се
промени.
Во тој момент, Роше реши дека му е доста и реши да интервенира:
„Ќе направиме како што предлага агент Васкез: ќе ја рашириме веста
за постоење на шеста киднапирана момичка и, во меѓувреме, јавно ќе
му се обратиме на семејството. Исусе! Ајде да покажеме малку
мадиња! Уморен сум од чекање нештата да се случат, небаре
монструмот навистина решава за се!’’
Некои од луѓето се стаписаа од новиот став на главниот инспектор.
Горан не. Без да забележи, Роше само ја употреби техниката на
нивниот сериски убиец за пренасочување на улогите и, консеквентно
на тоа, на одговорноста: доколку не го најдат детето, тоа ќе биде
само поради тоа што родителите не им верувале на истражителите и,
останале во сенка.
А сепак, имаше малку вистина во тоа што го зборуваше: беше
дојдено времето да се проба и да се предвидат случувањата.
„Ги слушнавте оние надрилекари, нели? Шестата момичка има
најмногу десет дена!“ Потоа Роше ги проучуваше, еден по еден,
членовите на единицата, и со сериозен глас објави: „Јас решив:
повторно го отвораме студиото.“

139
В о времето за вечера, во вечерните вести, на екранот се појави
лицето на познат актер. Тој беше избран да го објави апелот до
родителите на шестата момичка. Тој беше познат лик и би можел да
ја донесе вистинската доза на емоционална вклученост во предметот.
Идејата целосно беше на Роше. Мила помисли дека тоа навистина е
правилно: ќе ги обесхрабри расипниците на време и лажливците од
ѕвонење на премногу познатиот број.
Горе-долу во исто време додека јавноста, со комбинација на ужас и
надеж, разбра за постоењето на шестото се уште живо дете, тимот го
запоседна „студиото.“
Тоа беше стан на четвртиот кат во една анонимна куќа во центарот
на градот. Најчесто, тоа беше живеалиште за второстепени службени
лица на Федералната полиција, оние кои се занимаваат со
администрација и сметки и со застарени архивски документи што
уште не беа дигитализирани во новите бази на податоци.
Станот претходно беше употребуван во рамките на програмата за
заштита на сведоци за сместување на луѓе на кои им е потребно да се
скријат. Студиото беше одлично сместено меѓу два други идентични
апартмана. Поради тоа и немаше прозорци. Клима-уредите постојано
работеа, а единствениот пристап беше низ влезната врата. Ѕидовите
беа мошне дебели и имаа различни безбедносни уреди. Со оглед на
тоа што станот повеќе не се употребуваше за својата изворна цел,
уредите беа исклучени. Се што беше останато, беше само тешката
блиндирана врата.
Горан беше тој кој го побара ова место, откако се формира
единицата за истраги на насилен криминал. На Роше не му требаше
многу за да го усреќи: едноставно си приспомни на таа „безбедна
куќа“ што со години не беше употребувана. Криминологот ја
спроведуваше идејата за живеење рамо до рамо додека се одвива
случајот. Начин на кој идеите полесно се разменуваат и веднаш се
споделуваат и процесуираат. Нивната принудна кохабитација ќе
изроди соработка, а тоа за позврат ќе послужи како хранење на
мозокот за да пулсира. Д-р Гавила од „новата економија“ ги позајми

140
методите за формирање работно опкружување во вид на заеднички
простор и со „хоризонтална“ распределба на функциите, наспроти
вертикалната поделба, што нормално преовладува во полицијата,
поврзана со поделба на чинови што, пак, честопати, предизвикува
конфликти и натпревар. Во студиото, од друга страна, разликите беа
избришани, беа развивани решенија, а од секого се бараше придонес
што ќе се сослуша и ќе се земе предвид.
Кога Мила го премина прагот, си помисли дека ова е местото каде
што се фаќаат сериските убијци. Тоа не се случува во реалниот свет,
туку овде, меѓу овие ѕидови.
Во центарот на сето тоа се наоѓаше, едноставно, потера, но исто
така и напор да се разбере мотивот зад очигледно неразбирливата
низа од ужасни злосторства. Искривената визија на болен ум.
Мила беше свесна дека тој чекор ќе претстанува предзнак за нова
етапа во истрагата.
Стерн носеше кафеава торба од вештачка кожа, што му ја
подготвила неговата сопруга, и застана настрана, за да ги пропушти
другите да влезат. Борис, со својата раница на грбот. Потоа Роза, и
последна од сите, Мила.
Зад блиндираната врата имаше кабина покриена со непробивно
стакло, во која некогаш беше сместено обезбедувањето. Внатре,
мртви монитори на видео-системот, неколку столчиња на вртење и
рафт за оружје – празен. Втор безбедносен праг, со електронска
врата, го делеше ходникот од останатиот дел на станот. Некогаш
чуварите морале да ја активираат, но сега таа беше широко отворена.
Мила забележа дека внатре беше задушливо, со мирис на влага и на
застоен чад од цигари и со постојано брмчење на клима-уредот. Нема
да биде лесно за спиење; ќе треба да набават некакви тампони за
ушите.
Долг ходник го делеше станот на два дела. На ѕидовите – листови
хартија и фотографии од претходниот случај.
Лице на девојка, млада и прекрасна.
Од погледите што другите си ги разменија меѓу себе, Мила разбра
дека случајот не завршил добро, и дека, веројатно, тие оттогаш

141
немаат стапнато на ова место.
Никој не зборуваше, никој ништо не и објасни. Само Борис
експлодира: „Да ти се сневиди, каков пекол, барем нејзиното лице
можеле да го тргнат од ѕидовите!“
Собите беа опремени со стар канцелариски мебел, чии челни и
странични плакари беа дизајнирани со многу фантазија. Во кујната,
една работна маса играше улога на маса за јадење. Фрижидерот беше
од старомодните типови што работеа на флорохлуорокарбон и ја
оштетуваа озонската обвивка. Некој имал осет да го исклучи од
струја и да го остави отворен, но не беше исчистен од поцрнетите
остатоци кинеска храна. Имаше и заедничка соба, со неколку софи,
телевизор и место за вклучување лап-топ и други придружни уреди.
Во еден агол се наоѓаше апарат за подготвување кафе. Овде-онде
валкани пепелници и секаков вид смет, особено хартиени чаши од
ресторани за брза храна. Имаше само една бања, мала и смрдлива.
Блиску до тушот, некој ставил старо орманче во кое оставил
полупразно шише со течен сапун и шампон, како и пакување од пет
ролни тоалетна хартија. Две затворени соби беа резервирани за
распит.
На крајот од станот, се наоѓаше собата за гости. Три кревети на кат
и два камп-кревета што беа сместени спроти ѕидот. Стол за секој
кревет, за да се стави торба, или лични предмети, врз него. Спиењето
беше на едно место. Мила чекаше останатите да зафатат кревет,
замислувајќи дека секој од нив, извесно време некогаш имал свој
сопствен кревет. Како последна што доаѓа, таа ќе го земе тој што
останал. На крајот, таа се реши за еден од камп-креветите.
Најдалечниот што може од Роза.
Борис беше единствениот кој го избра креветот на врвот од трите
на кат. „Стерн ’рчи“, ја предупреди со половина уста додека
поминуваше покрај неа. Забавниот тон на гласот и насмевката со што
го проследи ова навредливо признание, ја натера Мила да помисли
дека можеби исчезнал неговиот бес спрема неа. Подобро е на таков
начин: ќе го направи помалку тешко нивното заедничкото живеење.
Таа и порано го беше делела просторот со свои колеги, но на крајот

142
дружењето со нив секогаш беше прилично непријатно. Дури и со
припадничките на нејзиниот пол. Додека меѓу другите набрзо се
воспоставуваше природно другарство, таа остануваше повлечена,
неспособна да ја затвори дистанцијата меѓу нив. Во почетокот, за неа
беше мошне тешко. Потоа научи околу себе да создава „балон за
преживување“, дел од простор каде што звуците и вревата,
вклучувајќи ги и забелешките на луѓето кои остануваа надвор од
него, можеа да влезат само ако таа им дозволеше.
Горан веќе се беше распакувал на вториот камп-кревет во собата за
сместување гости. Тој ги чекаше во главната просторија. Онаа што
Борис, по своја иницијатива, ја крсти „соба за размислување.“
Тие влегоа молчејќи и го најдоа зафатен со пишување на таблата:
запознат со техниките за реанимација и со протоколите за
интензивна терапија: веројатно лекар.
На ѕидовите беа закачени фотографии на петте мали момички,
снимки од гробиштата на раце и од автомобилот на Берман, како и
копии од сите извештаи за случајот. Во една кутија сместена во
аголот, Мила го препозна лицето на прекрасната млада девојка:
криминологот мора да ги симнал тие слики од ѕидот за да ги замени
со новите.
Во средината на собата – пет стола наредени во круг.
Собата за размислување.
Горан го забележа погледот на Мила врз скудниот мебел и веднаш
објасни: „Тоа ни помага да се фокусираме. Треба да се
сосредоточиме врз она што го имаме. Наместив се според методот
што ми се чини исправен. Но, како што и секогаш кажувам, ако не ви
се допаѓа, можете да ги разместите. Ставете ги онаму каде што
сакате. Во оваа соба ја имаме слободата да правиме што и да ни
падне на ум. Столовите се мала отстапка, но кафето и тоалетот ќе
бидат специјална награда, значи, треба да ги заслужиме.“
„Одлично“, рече Мила. „Што треба да правиме?“
Горан плесна еднаш со рацете и покажа накај таблата каде што
веќе почна накратко да ги забележува карактеристиките на нивниот
сериски убиец. „Ние мора да ја разбереме личноста на Алберт.

143
Секојпат кога откриваме нов детаљ за него, ќе го забележиме овде...
Можеш ли да замислиш што се случува во главата на сериските
убијци и да се обидеш да размислуваш онака како што размислуваат
тие?“
„Да, се разбира.“
„Добро, заборави го тоа: тоа нема смисла. Ти не можеш. Нашиот
човек, Алберт, има интимно оправдување за она што го прави,
перфектно структурирано во неговата психа. Тоа е процес што се
гради со годините на искуства, трауми и на фантазии. Поради тоа
ние не смееме да се обидеме и да замислиме што ќе направи тој, туку
да се натераме себеси да сфатиме како дошол до тоа што го сторил.
Надевајќи се дека на тој начин ќе стигнеме до него.“
Мила помисли дека, во секој случај, патеката од траги трасирана од
убиецот била прекината со откривањето на Берман.
„Тој ќе не тера да најдеме друго тело.“
„Така мислам и јас, Стерн. Но, во моментов има нешто што
недостига, не мислиш ли така?“
„Што?“, праша Борис, кој, како и другите, се уште не разбираше од
каде криминологот ги вади ваквите нешта. Но Горан Гавила не беше
човек со лесни, директни одговори. Тој повеќе сакаше да се расправа
со нив до некоја определена точка и да дозволи останатото само да се
реконструира.
„Еден сериски убиец се движи во свет на симболи. Тој пробива една
езотерична патека, почната многу години претходно во длабочината
на неговото срце и која сега ја продолжува во реалниот свет.
Киднапираните момички се само начин да стигне до одредиштето, до
целта.“
„Тоа е потрага по среќа“, рече Мила.
Горан ја погледна. „Точно. Алберт е во потрага по некој вид
наплата, казна не само за она што го прави, туку за се она што е
тој. Неговата природа му дава порив, тој само го следи. И со она што
го прави, тој исто така се обидува нешто да ни пренесе...“
Тоа беше она што недостигаше. Недостигаше знакот. Нешто што ќе
ги однесе над истражувањето на мошне личниот свет на Алберт.

144
Сара Роза рече: „Немаше траги на телото на првото дете.“
„Тоа е разумна забелешка“, се согласи Горан. „Во литературата за
сериските убијци – вклучувајќи ги и филмските верзии – добро е
познато дека серискиот убиец секогаш се стреми да го трасира’
своето сопствено патување, оставајќи им на истражителите некакви
траги за да ги следат... но Алберт не го сторил тоа.“
„Или можеби оставил, а ние не сме ги забележале.“
„Можеби затоа што не знаеме да ги читаме знаците“, призна Горан.
„Веројатно се уште не знаеме доволно. Затоа дојде времето да се
реконструираат фазите.“
Постоеја пет фази што ги употреби криминологот за да ги
карактеризира акциите на сериските убијци. Почетната точка е
претпоставката дека серискиот убиец не е роден како таков, туку
пасивно акумулирал искуства додека се развивал убиствениот
персоналитет, што подоцна ќе го однесе во насилство.
Првата етапа на овој процес е „фантазија.“
„Која е фантазијата на Алберт?“, праша Стерн додека ставаше
којзнае колку пеперминт бонбони в уста. „Што го фасцинира него?“
„Него го фасцинира предизвикот“, рече Мила. „Можеби долго време
бил, или чувствувал дека е, потценет. Сега сака да ни демонстрира
дека е подобар од другите... и подобар од нас.“
„Но Алберт отишол подалеку: тој го планирал секое движење,
предвидувајќи ја нашата реакција. Тој ’контролира’. Тоа е она што
ни го кажува: тој мошне добро се знае себеси, но тој и нас добро не
знае“, рече Горан. „Оваа фаза е во минатото.“ Втората етапа е
„организација“ или „планирање.“ Кога фантазијата созрева, тој се
движи кон фаза на извршување, која неизбежно почнува со изборот
на жртвата.
„Ние веќе знаеме дека тој не избира деца, туку семејства.
Родителите се неговата вистинска цел, оние кои сакаат само едно
дете. Тој сака да ги казни поради нивната себичност... Симболизмот
на жртвата овде не се манифестира. Момичките сите се разликуваат
една од друга, имаат различни години, иако не се со голема разлика.
Физички тие немаат заеднички карактеристики, како, на пример,

145
руса коса или дамки по лицето.“
„Тој затоа не ги допира“, рече Борис. „Тој не е заинтересиран за
нив на таков начин.“
„Тогаш, зошто момички, а не и момчиња?“, праша Мила.
Никој не можеше да одговори на прашањето. Горан кимаше со
главата, пребирајќи по деталите.
„Тоа и мене ми падна в очи. Но проблемот е во тоа што ние не
знаеме од каде потекнува неговата фантазија. Објаснувањето
честопати е многу побанално отколку што можеме да замислиме. Би
можело да е поради тоа што на училиште бил понижуван од
момички, којзнае... Би било мошне интересно да се знае одговорот.
Но нема повеќе индиции, значи, ќе мора да се снајдеме со она што го
имаме.“ Мила уште беше убедена дека криминологот и е лут. Небаре
некако е фрустриран што таа не ги знае сите одговори.
Третата етапа е „измама.“
„Како се измамуваат жртвите? Кој трик го употребува Алберт за да
ги киднапира?“
„Деби, надвор од училиштето. Анеке, во шумата каде што отишла
со својот велосипед за ридско возење.“
„Сабина ја зел од рингишпил, пред очите на сите таму“, рече Стерн.
„Затоа што секој го гледа само своето дете“, додаде Роза со налутен
глас. „Луѓето не даваат пет пари, тоа е вистината за тоа.“
„Во секој случај, тој тоа го сторил пред многу луѓе. Тој е
исклучително вешт, копиле!“
Горан му кимна со главата на Стерн да сe смири; тој не сакаше да
надвладее неговата лутина.
„Тој ги киднапирал првите две во изолирани места. Тие биле еден
вид генерална проба. Кога станал сигурен во себе, ја грабнал
Сабина.“
„И со неа, го кренал нивото на предизвикот.“
„Да не заборавиме дека во тоа време немало потрага по него: дури
со Сабина исчезнувањата биле поврзани, и почнал стравот...“
„Да, но останува фактот дека Алберт успеал да ја земе пред очите
на нејзините родители. Тој направил таа да исчезне како со магија. И

146
јас не сум убеден, како што вели Роза, дека на луѓето не им е гајле...
тој ги измамил и тие луѓе.“
„Добро сработено, Стерн, тоа е она на што треба да работиме“, му
рече Горан. „Како Алберт го направил тоа?“
„Сфати: тој е невидлив!.“
Шегата на Борис извлече мала насмевка кај другите. Но за Гавила
содржеше зрно вистина.
„Тоа ни кажува дека тој личи на обичен човек, дека има одлични
квалитети за камуфлажа: тој личел токму како и секој друг татко
кога ја симнувал Сабина од коњчето на рингишпилот за да ја одведе
оттаму. Целата работа траела, колку, четири секунди?“
„Тој веднаш избегал, губејќи се во толпата.“
„А момичката не плачела? Не протестирала?“, фучеше Борис со
неверување.
„Дали познаваш многу седумгодишни деца кои не збеснуваат на
рингишпил?“, го праша Мила.
„Дури и да плачела, тоа секому таму му личело на совршено
нормална сцена“, рече Горан, продолжувајќи ја дискусијата. „Потоа
дојде Мелиса...“
„Тогаш веќе имаше состојба на готовност на високо ниво. Таа
имала забрана за излегување, но и покрај тоа сакала да излезе за да
се сретне со своите пријатели во кугланата.“
Стерн стана од своето место и отиде до насмеаната фотографија на
Мелиса на ѕидот. Сликата била земена од училишната годишна
книга. И покрај тоа што беше најстара, нејзината се уште
недорасната става ги заштитуваше детските особености, и не беше
многу висока. Таа била пред прагот на пубертетот, нејзиното тело
пред да ја открие неочекуваната мекост за да можат момчињата,
конечно, да ја забележуваат. Засега, натписот покрај фотографијата
во годишната книга само ги истакнуваше нејзината дарба како
атлетичарка и нејзиното учество во училишниот весник како главен
уредник. Нејзин сон бил да стане новинар и тоа никогаш нема да се
оствари. „Алберт чекаше на неа. Копиле...“
Мила го погледна: специјалниот агент се чинеше вознемирен од

147
сопствените зборови.
„Но тој ја грабнал Каролина од нејзиниот кревет, во нејзиниот дом.“
„Пресметал се...“
Горан отиде до таблата, зеде фломастер и почна брзо да запишува
некои поенти.
„Првите две брзо ги тргнал настрана. Фактот што цела дузина деца
бегаат секој ден од дома затоа што добиле лоши оценки или се
скарале со своите родители, бил во негова корист. Значи, не постои
ништо што ќе ги поврзе двете исчезнувања... Третото мора јасно да
личело на киднапирање, така што алармот бил активиран... Во
случајот на четвртата, тој веќе знаел дека Мелиса нема да му одолее
на импулсот да оди и да слави со своите пријатели... И конечно, за
петтата, тој потрошил долго време за проучување на станот и на
навиките на семејството, така што непречено можел да влезе во
нивниот дом... Што заклучуваме од ова?“
„Дека употребува софистицирани методи за измама. Насочени
помалку спрема жртвите, отколку спрема нивните старатели:
родителите или силите на законот и редот“, рече Мила. „Не ти треба
напишано упатство за да се освои довербата на мали момички: ги
одвлекуваш со сила и, тоа е тоа.“
Мила се присети дека Тед Банди носел лажен фластер за да
предизвика доверба кај студентите што ги измамил. Тоа било начин
да изгледа ранлив во нивните очи. Ги замолувал да му помогнат во
носењето тешки предмети и ги убедувал да влезат во неговиот
фолксваген буба. Сите тие премногу доцна забележувале дека на
нивната страна нема рачка...
Кога Горан заврши со запишувањето, тој ја најави четвртата етапа.
„Убивањето.“
„Постои ритуал во нанесувањето смрт, што серискиот убиец
секогаш го повторува. Може да го усовршува со текот на времето, но
генерално останува ист. Тоа е негов заштитен знак. И секој ритуал е
придружен со определена симболика.“
„Засега, имаме шест раце и тело. Тој ги убил со чисто отсечување
на екстремитетот, со исклучок на последната, како што знаеме“,

148
додаде Сара Роза.
Борис ги зеде извештаите на патолозите. „Чанг вели дека сите ги
убил веднаш по киднапирањето.“
„Зошто толку брзо?“, се чудеше Стерн.
„Затоа што не бил заинтересиран за момичките, па немало резон да
ги чува живи.“
„Тој не ги гледал како човекови суштества“, го прекина Мила. „За
Алберт тие биле само предмети.“
Дури и број шест, си помислија сите. Но, никој не собра храброст
да го изговори тоа. Беше јасно дека Алберт не се грижи дали таа
страда или не. Таа само мора да остане жива додека тој не ја
постигне својата цел.
Последната етапа е „распоредување на останките.“
„Прво гробиштата на раце, а потоа Алберт го става телото во
автомобилот на педофилот. Дали ни праќа порака?“
Горан ги погледна испитувачки.
„Тој ни кажува дека не е како Александар Берман“, рече Сара Роза.
„Всушност, тој можеби се обидува да ни сугерира дека кога бил млад
бил жртва на злоупотреба. Тоа е како да ни вели: Гледајте! Јас сум
ваков каков што сум затоа што некој ме претворил во монструм!.“
Стерн одмавна со главата. „Тој ужива да не предизвикува, давајќи
ни претстава. Но, денес насловните страници на весниците се
занимаваат само со Берман. Се сомневам дека сака да ја дели славата
со кој и да е друг. Тој не го избрал педофилот заради одмазда, мора
да имал друг мотив...“
„Има и нешто друго што го сметам за чудно...“, рече, потсетувајќи
се на аутопсијата што ја следеше. „Го измил и го средил телото на
Деби Гордон, облекувајќи ја во нејзината облека.“
Тој ја подготвил за да биде убава за Берман. „Ние не знаеме дали
така направил и со другите и дали тоа станало дел од неговиот
ритуал. Но чудно е...“
Чудноста на која се наврати д-р Гавила – а Мила, иако таа не беше
експерт, го знаеше тоа мошне добро – беше во тоа што сериските
убијци често земаат нешто од своите жртви. Фетиш или сувенир, за

149
да го доживеат повторно искуството во приватност.
Да се поседува предметот, за нив е еквивалентно на поседување на
личноста.
„Тој не зел ништо од Деби Гордон.“
Веднаш штом Горан ги изговори овие зборови, Мила одненадеж се
присети на клучето за отворање на металната кутија, а висеше на
бразлетната на Деби.
„Тој кучкин син...“, викна, речиси без да биде свесна за тоа. Уште
еднаш, неочекувано, таа повторно беше центар на вниманието.
„Ќе ни кажеш ли и нам за што станува збор?“ Мила погледна во
Горан. „Кога бев во собата на Деби во интернатското училиште, под
нејзиниот душек најдов метална кутија: мислев дека внатре ќе го
најдам нејзиниот дневник, но немаше ништо такво.“
„Па?“, праша самозадоволно Роза.
„Кутијата беше затворена со катинарче. Клучето беше на раката на
Деби, па беше природно да помислам дека ако само таа можела да ја
отвори кутијата, дневникот всушност и не постои... но не бев во
право: дневникот би требало да биде таму.“ Борис скокна на нозе:
„Дневникот бил таму! Копилето отишло во собата на момичката.“
„Зошто би презел таков ризик?“, приговори Роза, која не сакаше да
признае дека Мила има право.
„Затоа што тој секогаш презема ризици. Тоа го возбудува“, и
објасни Горан.
„Но, исто така, постои и друга причина“, додаде Мила, чувствувајќи
се се посигурна во својата теорија. „Забележав дека некои
фотографии исчезнале од ѕидовите: тие веројатно ја прикажувале
Деби со детето број шест. Тој по секоја цена сака да не спречи да
откриеме која е таа!“
„Поради тоа тој го зел и дневникот... и повторно ја затворил
кутијата со катинарчето... Зошто?“, беше вознемирен Стерн.
Меѓутоа, за Борис се беше јасно. „Не сфаќате ли? Дневникот
исчезнал, но кутијата е заклучена, а клучето се уште е на зглобот на
раката на Деби... Тој ни вели: ’Само јас можев да го земам’.“
„Зошто сака ние да го знаеме тоа?“

150
„Затоа што тој не оставил со нешто... нешто за нас!“
„Знакот“ што тие го бараа.
Уште еднаш собата за размислување снесе јајце.
Криминологот се заврти накај Мила: „Ти беше таму и виде што има
во собата...“
Се обиде да се сконцентрира, но не можеше да смисли ништо што
би било алармантно.
„Мора да имало нешто!“, навалуваше Горан. „Ние сме токму кај
тоа.“
„Погледнав во секој агол од собата, но ништо не ми го привлече
вниманието.“
„Мора да било нешто очигледно, не си можела да го пропуштиш!“
Но, Мила одмавна со главата. Стерн реши дека сите треба да се
вратат на самото место и да спроведат поажурна истрага. Борис го
крена телефонот за да им најави на надлежните во интернатот дека
ќе дојдат таму, додека Сара Роза го упати Креп да им се придружи
колку што е можно побрзо за да земе отпечатоци.
Токму во тој момент на Мила и се прикажа привидение. „Затоа и не
го видов тоа“, рече таа, станувајќи свесна дека пред малку изгледа се
загубила. „Што и да е тоа, веќе не се наоѓа во собата.“

К ога стигнаа во училиштето, соученичките на Деби беа собрани


во холот, којшто, во нормални услови, беше употребуван за
собири и за официјално доделување дипломи. Ѕидовите беа обложени
со копаничен махагон. Строгите лица на учителите кои со текот на
годините училиштето го направиле славно, гледаа долу на бината од
своите златни рамки, со вкочанети изрази на портретите во кои беа
заробени.
Мила беше таа што зборуваше. Се обиде да биде колку што може
пољубезна, затоа што момичките веќе беа доволно уплашени.
Директорката ги убеди дека нема да бидат казнувани. И покрај тоа,
од стравот што трепереше на нивните лица, беше јасно дека тие не
веруваат многу во нејзините уверувања.

151
„Ние знаеме дека некој од вас ја посетил собата на Деби по
нејзината смрт. Сигурна сум дека тоа најмногу го направивте затоа
што сакавте да поседувате спомен од вашата другарка која почина
толку трагично.“
Додека го зборуваше тоа, Мила го сретна погледот на ученичката
што ја изненади во бањата со полни раце разни предмети. Да не се
случеше тоа, нејзе никогаш не ќе и паднеше на ум да го стори она
што сега го правеше.
Сара Роза гледаше во неа од аголот на собата, сигурна дека нема
ништо да открие. Но, и Борис и Стерн и веруваа. Горан само чекаше.
„Навистина, побргу не би ве прашувала, но сигурна сум колку ја
сакавте Деби. Затоа треба тие работи да ги донесете овде, веднаш.“
Се обиде да биде цврста во своето барање.
„Ве молам, ништо не заборавајте. И најбезначајната работа може да
се покаже како употреблива. Сигурни сме дека меѓу тие нешта е и
она што и недостига на нашата истрага. Сигурна сум дека секоја од
вас сака убиецот на Деби да биде фатен. Зашто, исто така знам дека
и никоја од вас не сака да биде обвинета за криење докази, верувам
дека ќе ја извршите својата должност.“
Мила ја употреби последната закана, што инаку беше невозможно
да им се дава на деца од таа возраст, за да ја нагласи тежината на
нивната акција. И исто така барем малку да и се реваншира на
малата Деби, толку малку ценета во животот, а одеднаш центар на
толку многу внимание по својата смрт само поради некои
немилосрдни нешта.
Мила чекаше, одмерувајќи ја должината на паузата за да и даде
шанса на секоја од нив да си размисли. Тишината овде ќе биде
најдобриот инструмент за убедување, а таа знаеше дека тие ќе се
чувствуваат понепријатно со секоја помината секунда. Таа забележа
како некои момички си разменија погледи. Ниту една од нив не
сакаше да биде прва, што беше разбирливо. Тогаш неколцина од нив
со гестови се договорија да излезат од редовите, што го сторија
речиси симултано. Други пет го направија истото. Останатите, без да
мрднат, останаа на своите места.

152
Мила дозволи да помине уште една минута, проучувајќи ги лицата
на момичките и барајќи го индивидуалниот грабливец кој можел да
оди спроти стадото. Немаше среќа. Таа се надеваше дека седумте кои
излегоа се оние одговорните.
„Добро, другите можете да си одите.“
Момичките почнаа да заминуваат без задржување и се разбегаа.
Мила се заврти накај своите колеги и го сретна бесчувствителниот
поглед на Горан. Но, одненадеж, тој направи нешто што ја фати
неподготвена: и намигна. Таа сакаше да му се насмевне, но не го
стори тоа, затоа што сите очи беа вперени во неа.
По речиси четврт час, седумте момички се вратија во холот. Секоја
носеше по неколку предмети. Ги ставија на долгата маса каде што
обично, за време на церемониите, седеа професорите дотерани со
наметки. Потоа чекаа Мила и другите да ги прегледаат предметите.
Повеќето од нив беа парчиња од облека и дреболии, детски работи,
како кукли и привлечни играчки. Имаше еден розов Ем-Пе 3 плеер,
пар очила, малку парфеми, неколку шишенца со сол за бањање,
чантиче за шминка во форма на бубамара, црвената капа на Деби и
една видео-игра.
„Јас не ја расипав...“
Мила го погледна полничката момичка што го кажа ова. Таа беше
најмала од сите нив, не можеше да има повеќе од осум години.
Имаше долга руса коса со плетенки и небесно-сини очи, кои одвај ги
задржуваа солзите. Полицајката и се насмевна за да ја ослободи,
потоа поблиску ја погледна конзолата. Сетне ја зеде и му ја подаде
на Борис.
„Што е тоа?“
Тој ја преврти во рацете.
„Не личи на видео-игра...“
Потоа ја вклучи.
На екранот почна да трепка црвено светло, испуштајќи краток звук
во правилни интервали.
„Ви реков дека е расипано. Играта не работи“, побрза да објасни
полничката момичка.

153
Мила забележа дека Борис одненадеж пребледе.
„Знам што е ова... да му се сневиди.“
Слушајќи го Бориса како пцуе, полничката момичка ги рашири
очите, не верувајќи и забавувајќи се што некој може да го сквернави
ова строго место.
Но Борис дури и не ја забележа момичката, толку беше внесен во
работењето на предметот во своите раце.
„Ова е ЏиПиЕс рисивер. Некој од некаде ни испраќа сигнал...“

154
13

А пелот до семејството на шестата момичка не вроди со плод.


Повеќето од јавувањата беа од луѓе кои ја искажуваа својата
симпатија и, всушност, само ги блокираа телефонските линии.
Вознемирена баба на пет внучиња се јави седумпати, прашувајќи за
„новостите во врска со кутрота мала момичка.“ Кога се случи којзнае
кое по ред јавување, еден од дежурните службени лица ја замоли
бабата, колку што можеше пољубезно, да не се јавува повторно и,
патем, со одговорот, и кажа да фати видвиделија.
„Ако се обидеш и им кажеш дека не се од помош, ќе ти одговорат
дека не си чувствителен“, забележа Горан кога Стерн му кажа што се
случува.
Тие беа во мобилната единица, трагајќи по ЏиПиЕс сигналот.
Пред нив, оклопното возило на специјалната единица, овојпат тие
не беа на ’возачкото седиште’ – како што Роше претходно на
живописен начин ја опиша ситуацијата.
Тие се уште не знаеја каде ги води Алберт. Можеше да биде и
стапица. Но, Горан имаше сосема поинакво мислење.
„Тој сака нешто да ни покаже. Нешто со што многу се гордее.“
ЏиПиЕс сигналот се стесни на една пространа област од неколку
квадратни километри. Од таа оддалеченост трасмитерот не може да
се идентификува. Мораа лично да одат таму.
Напнатоста во мобилната единица беше видлива. Горан размени
неколку збора со Стерн. Борис го извади пиштолот за да ја провери
неговата ефикасност, потоа уште еднаш провери дали панцирот му е
прилепен до ребрата. Мила преку прозорецот гледаше во областа во
близината на клучката на автопатот: испреплетени мостови и
асфалтирани јазици.
ЏиПиЕс приемникот му беше даден на капетанот на специјалната
единица, но на својот компјутерски екран Сара Роза можеше да
следи што гледаат нејзините колеги во автомобилот напред.
Еден глас се јави преку радиото: „Му се приближуваме. Се чини

155
дека сигналот доаѓа од точка на еден километар пред нас. Крај.“
Тие сите потстанаа за да видат.
„Што место е ова?“, се чудеше Роза.
Во далечината Мила здогледа масивна градба од црвена тула,
составена од неколку меѓусебно поврзани блокови наредени во
форма на крст. Стилот беше обновена готика од триесеттите години
на деветнаесеттиот век, мрачен и строг, типичен за зградите што им
припаѓаа на црквите во тој период. Од една се извишуваше
камбанарија. Покрај неа – црква.
Оклопните возила возеа едноподруго по земјениот пат што водеше
до централната градба.
Стигнувајќи пред неа, луѓето се подготвија да провалат во зградата.
Мила излезе заедно со останатите и погледна во импозантната
фасада, поцрнета со текот на времето. Над вратата се наоѓаа некакви
зборови во барелјеф. Visitare Pupillos In Tribulatione Eorum Et
Immaculatum Se Custodire Ab Hoc Saeculo.
„Помогнете ги сираците во нивното страдање и останете
неизвалкани од овој свет“, и преведе Горан.
Тоа некогаш било сиропиталиште. Сега беше затворено.
Капетанот кимна со главата и луѓето од оперативната единица се
разделија, влегувајќи во зградата од страничните врати.
Луѓето од тимот почекаа околу една минута, а потоа Мила и
другите влегоа низ главната врата заедно со капетанот.
Првата просторија беше огромна. Право пред нив се наоѓаа две
меѓусебно поврзани скалила што водеа на горните катови. Висок
прозорец пропушташе магловита светлина. Единствените
сопственици на местото сега беа неколку гулаби кои, исплашени од
присуството на непознатите, се измешаа и запавкаа со крилјата
околу светларникот, фрлајќи долу подвижни сенки. Во зградата
одекнуваше вревата од чизмите на луѓето од специјалната единица
кои проверуваа просторија по просторија.
„Празно!“, викаа секогаш кога собата ќе беше обезбедена.
Обземена од нестварната атмосфера, Мила погледна наоколу. Уште
еднаш едно интернатско училиште беше дел од планот на Алберт. Но

156
многу поразлично од ексклузивната институција на Деби Гордон.
„Сиропиталиште. Тука барем имаат дом и сигурно образование“,
забележа Стерн.
Но, Борис објасни: „Овде ги испраќаат оние кои никогаш нема да
бидат усвоени: деца на затвореници и бездомници чии родители се
самоубиле.“
Сите чекаа на откритието. Што и да е тоа што ќе ја прекине
магијата на ужасот, може да биде добредојдено. Се додека конечно
не ја открие причината којашто сите нив ги доведе тука. Ехото од
чекорите одеднаш запре. По неколку секунди, преку радиото се
проби глас.
„Господине, овде има нешто...“

Џ иПиЕс предавателот се наоѓаше во визбата. И Мила се стрча


натаму заедно со другите, преку училишната кујна со огромни
железни котли, потоа низ големата трпезарија, со столови и маси
покриени со сина мушама. Таа слезе долу по тесни спирални скали
во една широка соба со низок таван, каде што светлината доаѓаше
низ редица отвори за воздух. Подот беше направен од мермер и
накосен накај централниот ходник каде што излегуваа одводни
цевки. Широкиот базен покрај ѕидот, исто така, беше направен од
мермер.
„Ова мора да било пералница“, рече Стерн.
Човекот од специјалната единица ја крена лентата околу базенот,
стоејќи подалеку за да не го контаминира местото. Еден од нив го
извади шлемот од главата и клекна за да поврати. Никој не сакаше да
гледа.
Борис беше прв кој помина преку бариерата и застана стаписан,
принесувајќи ја раката до својата уста. Сара Роза гледаше настрана.
Стерн само изусти: „Господи, прости ни...“
Д-р Гавила остана рамнодушен. На Мила и дојде редот.
Анеке.
Телото лежеше во неколку сантиметри темна вода.

157
Изгледот и беше восочен и веќе покажуваше знаци на посмртно
распаѓање. И таа беше гола. Во својата десна рака го држеше ЏиПиЕс
предавателот што продолжуваше да пулсира – апсурден зрак
светлина во тој квадрат на смртта.
Левата рака на Анеке, исто така, беше отсечена, а поради тоа што
недостигаше ја исчанчуваше позицијата на торзото. Но, тој детаљ не
беше она што ги вознемири сите нив, ниту тоа беше степенот на
зачуваноста на телото, ниту, пак, фактот што беа соочени со една
невина развратност. Реакцијата беше предизвикана од нешто сосема
различно.
Телото се смееше.

158
14

Н еговото име беше отец Тимотеј. Се чинеше дека има околу


триесет и пет години. Со мека, руса коса, зачешлана настрана.
И тој трепереше.
Тој беше единствениот жител на местото.
Живееше во свештеничката куќа веднаш до малата црква:
единствените градби што се уште се употребуваа во огромниот
комплекс. Останатото беше напуштено пред години.
„Јас сум овде затоа што црквата се уште е осветена“, објаснуваше
младиот свештеник. Дури и покрај тоа што отец Тимотеј сега
служеше миса ексклузивно за себе. „Овде не доаѓа никој. Крајот на
градот е мошне далеку, а автопатот целосно не отсече.“
Тој престојувал тука само шест месеци. Дошол на местото на некој
отец Ролф, кога овој се пензионирал, и очигледно, ништо не знаеше
за тоа што се случило во зградата.
„Никогаш не сум стапнал“, призна тој. „А и зошто би стапнал?“
Сара Роза и Мила му ја кажаа причината за нивниот претрес. И за
она што го најдоа. Кога разбра за присуството на отец Тимотеј,
Горан повеќе сакаше да ги прати нив двете да разговараат со него.
Роза се преправаше дека фаќа забелешки на лап-топот, но беше
очигледно дека ни најмалку не и е грижа за тоа што имаше да го
каже свештеникот. Мила се обиде да го разувери, велејќи му дека
никој не очекува ништо од него и дека не треба да се обвинува за тоа
што се случило.
„Тоа кутро несреќно дете!“, извика младиот свештеник, пред да му
потечат солзи. Беше шокиран.
„Кога ќе се почувствувате подготвен, би сакале да ни се
придружите во пералницата“, му рече Сара Роза, предизвикувајќи
повторно вџасеност кај него.
„Зошто?“
„Затоа што треба да ви поставиме некои прашања за локацијава: ова
место е како лавиринт.“

159
„Но, само што ви кажав дека речиси никогаш не сум бил овде и не
мислам...“
Мила го прекина: „Тоа ќе трае само неколку минути, а телото веќе
го тргнавме.“
Таа се погрижи да го увери во тоа, затоа што и стана јасно дека
отец Тимотеј не сака да му остане врежана во меморијата сликата на
измачуваното детско тело. Впрочем, тој мораше да продолжи да
живее во тоа мрачно место.
„Како сакате“, конечно се согласи со кимање на главата. Тој ги
испрати до вратата, повторувајќи го ветувањето дека ќе им остане на
располагање.
Враќајќи се накај другите, Роза намерно заостана неколку чекори
зад Мила, за да ја нагласи дистанцијата што постоеше меѓу нив. Во
секое друго време, Мила ќе реагираше на провокацијата. Меѓутоа,
сега таа е дел од тимот и треба да ги почитува различните
однесувања доколку сака да ја заврши својата работа.
Ќе те суредам по ова, размислуваше Мила.
Но додека го мислеше ова, сфати дека си зеде здраво за готово дека
на сево ова ќе му дојде крај. Дека, на некаков начин, ќе успеат да го
остават ужасот зад себе.
Тоа е дел од човековата природа, си помисли. Треба да продолжите
со сопствениот живот. Смртта ќе биде закопана, па со текот на
времето се ќе се ублажи. Единственото нешто што ќе остане, ќе биде
некакво нејасно сеќавање во душите, отпаден материјал што зад себе
го оставил неизбежниот процес на самоодржување.
За секој друг. Но не и за неа, затоа што таа иста вечер тоа сеќавање
ќе го направи неизбришливо.

О д местото на злосторството може да се добијат многу


информации, како за динамиката на случувањето, така и за
личноста на убиецот.
Додека во случајот со првото тело, автомобилот на Берман не
можеше да се земе предвид како вистинско место на злосторството,

160
во случајот на второто можеше да се сфатат многу нешта за Алберт.
Наспроти обидите на Сара Роза да не и дозволи присуство на
состанокот, Мила конечно освои место во тој синџир на енергија –
како што таа ги крсти собирањата на тимот по наоѓањето на телото
на Деби – а сега дури и Борис и Стерн сметаа дека таа е дел од
тимот.
Откако се ослободија од припадниците на специјалните сили,
Горан и неговите луѓе ја презедоа пералницата.
Местото како да беше замрзнато од халогените светилки наместени
на четирите триножни стативи поврзани со генератор, бидејќи во
зградата немаше струја.
Се уште немаа најдено ништо. Како и да е, д-р Чанг веќе работеше
на телото. Тој беше донесол чудно парче опрема во една мала кутија,
составена од епрувети, хемиски реагенси и микроскоп. Токму сега
земаше примерок од темната вода во која делумно беше потопено
телото. Наскоро истото ќе го прави и Креп, за отпечатоците.
Екипата имаше околу половина час пред да им го отстапат
просторот на научниците.
„Очигледно не се наоѓаме на примарното место на злосторството“,
почна Горан, сакајќи да каже дека ова е секундарното, затоа што
беше очигледно дека смртта на детето се случила некаде другаде. Во
случаи со сериски убијци, многу е поважно местото каде што ќе
бидат најдени жртвите, отколку местото каде што биле убиени. Затоа
што, додека убиството секогаш е акт што убиецот го резервира само
за себе, се друго потоа станува начин на споделување на искуството.
Преку телото на жртвата, убиецот воспоставува еден вид
комуникација со истражителите.
Од оваа гледна точка, Алберт сигурно не беше без искуство.
„Мораме да го прочитаме местото. Да ја разбереме пораката што ја
содржи, како и кому му е наменета. Кој би сакал да почне? Треба да
ве потсетам дека ниту едно мислење нема веднаш да биде отфрлено,
затоа чувствувајте се слободни да кажете се што ви поминува низ
главата.“
Никој не сакаше да биде прв. Премногу дилеми им поминуваа низ

161
умот.
„Можеби нашиот човек го поминал детството во овој институт.
Можеби оттука потекнува неговата омраза, неговиот бес. Би требало
да ги разгледаме архивите.“
„Искрено, Мила, не мислам дека Алберт се обидува да ни даде
информација за себе.“
„Зошто?“
„Затоа што не мислам дека сака да биде фатен... барем не сега. На
крајот од краиштата, го имаме најдено само второто тело.“
„Можеби грешам, но зар сериските убијци понекогаш не сакаат да
бидат фатени од полицијата затоа што не можат да престанат со
убивање?“
„Тоа се лајненици“, рече Сара Роза со својата вообичаена
ароганција.
А Горан додаде: „Вистина е дека честопати крајната желба на
серискиот убиец е да биде запрен. Не поради тоа што не може да се
контролира себеси, туку поради тоа што кога е фатен тој конечно
излегува на отворено. Особено ако е нарцисоиден тип, тој сака да
биде препознаен по големината на својата работа. А додека неговиот
идентитет останува мистерија, тој не може да ја постигне својата
цел.“
Мила кимна со главата, но не беше наполно убедена. Горан го
забележа тоа и се заврти накај другите.
„Можеби треба да рекапитулираме како ќе одиме со
реконструкцијата на врската што постои меѓу местото на
злосторството и организационото однесување на серискиот убиец.“
Оваа лекција беше за да и олесни на Мила. Но таа не се лутеше
поради тоа. Тоа беше начин да ја изедначи со сите други. А судејќи
според реакцијата на Борис и на Стерн, се чинеше дека тие и
навистина не сакаат таа да заостанува зад нив.
Проговори најстариот меѓу нив. Тој го стори тоа без да гледа
директно во Мила, не сакајќи да и биде непријатно.
„Според состојбата на местото на злосторството, сериските убијци
ги делиме на две главни категории: ’неорганизирани’ и

162
’организирани’.“
Потоа продолжи Борис: „Припадникот на првата група, како што
можете и да претпоставите, е неорганизиран во сите аспекти на
својот живот. Тој е личност која не успеала во своите контакти со
луѓето. Повлечен е. Неговата интелигенција е пониска од просечната,
има ограничено образование и извршува работа што не бара некаква
особена вештина. Тој е сексуално неспособен. Во тој поглед има
само невешти и ненадејни искуства.“
По него, продолжи Горан: „Тоа обично е личност што во детството
била сурово дисциплинирана. Поради тоа, мнозина криминолози
сметаат дека тој се стреми на своите жртви да им го нанесе истото
количество болка и страдање што тој го доживеал како дете. Од таа
причина, тој ги крие чувствата на бес и на одбивност и задолжително
не ги манифестира пред луѓето со кои нормално е во контакт.“
„Неорганизираниот сериски убиец не планира: тој дејствува
спонтано“, рече Роза која не сакаше да биде исклучена.
Горан појасни: „Недостигот на организација на злосторството,
убиецот го прави нервозен во моментот на неговото извршување.
Затоа се стреми да дејствува блиску до места што му се познати,
места каде што се чувствува слободно. Анксиозноста и фактот дека
не патува далеку, го наведуваат да прави грешки, на пример, да
остава траги кои честопати го издаваат.“
„Генерално кажано, неговите жртви се само луѓе кои се нашле на
погрешно место во погрешно време. И тој ги убива затоа што тоа е
единствениот начин што го знае во односите со други луѓе“, заклучи
Стерн.
„А како се однесува организираниот сериски убиец?“, праша Мила.
„Па, како прво, тој е мошне итар“, рече Горан. „Може да е крајно
тешко да се идентификува поради неговата совршена маска: тој личи
на нормална личност која го почитува законот. Има висок
коефициент на интелигенција. Добар е во својата работа. Честопати
зазема важна позиција во заедницата каде што живее. Тој не
доживеал никакво особено страдање во детството. Има семејство што
го сака. Тој е сексуално способен и нема проблеми во односите со

163
спротивниот пол. Убива само од чисто задоволство.“
Последново тврдење предизвика Мила да се стресе. Не беше само
таа погодена од овие зборови, затоа што првпат и Чанг ги тргна
очите од микроскопот за да погледне во нив. Можеби и тој, исто
така, се прашуваше како може едно човеково суштество да наоѓа
задоволство во тоа да му нанесува болка на друго човеково
суштество.
„Тој е крволочен ѕвер. Прецизно ги одбира своите жртви, генерално
барајќи ги на места далеку од своето живеалиште. Мудар е и
претпазлив. Способен е да го предвиди развојот на истрагата против
него, со предвидување на потезите на истражителите. Затоа и е
тешко да се фати: тој учи од искуството. Организираниот убиец
следи, чека и убива. Неговите акции може да бидат планирани со
денови или со недели. Тој ги избира своите жртви со големо
внимание. Ги набљудува. Се вовлекува во нивните животи, собирајќи
информации и внимателно бележејќи ги нивните навики. Постојано
се обидува да најде контакт, залажувајќи ги со определен тип
однесување или со определени склоности за да ја освои нивната
доверба. Тој стекнува контрола врз нив, повеќе сака зборови отколку
физичка сила. Неговата работа претставува еден вид заведување.“
Мила се заврти да ја гледа претставата на смртта што беше
приредена во просторијата. Потоа рече: „Неговото место на
злосторството секогаш ќе биде чисто. Затоа што неговата лозинка е
’контрола’.“
Горан потврди, кимнувајќи со главата: „Се чини дека ни го даде
портретот на Алберт.“
Борис и Стерн и се насмевнаа. Сара Роза внимателно го избегна
нејзиниот поглед и се преправаше дека го гледа часовникот,
мрморејќи поради тоа бесцелно трошење на времето.
„Господа, дами, имаме некои информации...“
Зборуваше тивкиот член на тоа мало собрание. Чанг се исправи на
нозе, држејќи го слајдот што само што го тргна од под окото на
својот микроскоп.
„Што е тоа, Чанг?“, праша доктор Гавила нестрпливо.

164
Но, судскиот истражител сакаше да ужива во моментот. Неговите
очи пламтеа од светлината на малиот триумф.
„Кога го видов телото, се прашував како може да биде потопено во
тие неколку сантиметри вода...“
„Ние сме во пералница“, рече Борис, небаре тоа не беше
најочигледното нешто на овој свет.
„Да, но како и електричниот систем во оваа зграда, и водоводната
инсталација не работела со години.“
Откритието одненадеж ги освои сиге. Особено Горана.
„Па, што е тогаш течноста?“
„Напрегнете се, докторе... тоа се солзи.“

165
15

Ч овекот е единственото суштество во природата способно да се


смее или да плаче.
Мила го знаеше тоа. Она што не го знаеше, од друга страна, е дека
човековите очи произведуваат три вида солзи: базални солзи, кои
постојано го навлажнуваат и го хранат очното јаболкце; рефлексни
солзи, кои се создаваат кога некое надворешно тело ќе влезе во
очите; и физички солзи, поврзани со болка или со емоција. Тие имаат
различен хемиски состав. Содржат мошне висок процент манган и
еден хормон – пролактин.
Во светот на природните феномени, секое едно нешто може да биде
сведено на формула, но објаснувањето зошто солзите од болка се
физиолошки различни од другите, практично, е невозможно.
Солзите на Мила не содржеа пролактин.
Тоа беше нејзината ужасна тајна.
Таа не беше способна да чувствува страдање. Да чувствува
емпатија потребна да се разберат другите луѓе и, оттаму, да не се
чувствува сама меѓу човековиот род.
Секогаш ли било така? Или, пак, нешто или некој ја искоренил таа
способност?
Го забележа тоа кога почина татко и. Имаше четиринаесет години.
Таа беше прва што го најде, едно попладне, како лежи неподвижен на
софата во дневната соба. Изгледаше небаре спие. Барем така ја
раскажа приказната кога луѓето ја прашаа зошто веднаш не повикала
итна помош, наместо да седи покрај него речиси цел час. Вистината
беше дека Мила веднаш сфати дека веќе не може ништо да се
направи. Но, таа повеќе се вџаси од својата неможност да
почувствува некаква емоција отколку од самата смрт. Нејзиниот
татко – најважниот човек во нејзиниот живот, оној кој ја научи на се,
нејзиниот пример – повеќе нема да биде таму. Засекогаш. А
нејзиното срце, сепак, не беше скршено.
Таа плачеше на погребот. Не поради тоа што идејата за

166
неизбежност внесе очај во нејзината душа, туку само поради тоа што
така се очекуваше да направи една ќерка. Тие солени солзи беа
резултат на исклучителен напор.
„Тоа е блок“, велеше таа. „Само блок. Тоа е стрес. Јас сум во шок.
Тоа исто така мора да им се случува и на други луѓе.“ Таа се обиде се
и сешто. Се измачуваше себеси со спомени, барем да почувствува
вина. Ништо.
Не можеше тоа да си го објасни себеси. Потоа се затвори во
непробивна тишина, не дозволувајќи никому да ја праша за
состојбата на умот. Мајка и, исто така, по неколку обиди, се помири
со тоа дека нема никогаш да биде дел од тоа, многу лично,
справување со тагата.
Светот помисли дека е скршена, уништена. Но Мила, затворена во
својата соба, се прашуваше зошто чувствува само желба да му се
врати на својот нормален живот, исто така закопувајќи го човекот и
во своето срце.
Нештата не се променија со текот на времето. Болката поради
загубата никогаш не дојде. Имаше и други моменти за тагување.
Нејзината баба, една школска другарка, други роднини. И во тие
случаи Мила не можеше да почувствува ништо, освен чист импулс
колку што може побрзо да заврши со смртта.
Кому можеше да каже? Тие ќе ја гледаа како монструм без срце,
како невредна да биде член на човековиот род. Само мајка и, на
смртната постела, за момент можеше да ја види рамнодушноста во
изразот на лицето на Мила и ја тргна својата рака од нејзините,
небаре одненадеж почувствувала студ.
Еднаш, кога можноста за тагување во нејзиното семејство помина,
за неа стана полесно со непознати да симулира нешто што не го
чувствува. Кога стигна на возраст да има потреба од човечки
контакти, особено со спротивниот пол, се соочи со проблем. „Не
можам да почнам врска со некое момче ако не чувствувам емпатија
за него“, таа повторно и повторно си повторуваше себеси. Мила
почна да го дефинира својот проблем откако од речник ја научи
дефиницијата за „емпатија“: „способност за проектирање на

167
сопствените емоции врз некој субјект за да се идентификува со
него.“
Дури тогаш таа почна да се консултира со психоаналитичари.
Некои од нив не можеа да и дадат никакви одговори, други велеа
дека терапијата би била долга и тешка, дека би требало да направат
соодветна доза истражувања за да можат да ги најдат нејзините
„емоционални корени“ и да откријат каде бил прекинат
емоционалниот тек.
Сите се согласија во едно нешто: мора да го отстранат блокаторот.
Таа со години правеше анализи, без каков било резултат од нив.
Честопати ги менуваше лекарите, и ќе продолжеше така до
бесконечност, доколку еден – најциничниот од нив, кому таа
никогаш не може да му биде доволно благодарна – јасно не и кажа:
„Не постои тага. Како и целата низа други човекови емоции. Тоа е
само работа на хемија. Љубовта е прашање само на ендорфинот. Со
шприц полн со пентотал можам да ги отстранам сите емоционални
побарувања. Ние не сме ништо друго освен машини направени од
месо.“
Најпосле, таа почувствува олеснување. Не задоволство туку,
конечно, олеснување. Не можеше ништо да стори во врска со тоа:
нејзиното тело премина во „заштитена“ состојба, како што се случува
со некои електрични уреди кога има силен напон на струја, а тие
треба да го заштитат своето сопствено струјно коло. Истиот лекар и
рече дека постојат луѓе кои во даден момент на нивниот живот
чувствуваат голема обземеност од тага, премногу, далеку повеќе
отколку што човек може да истрпи за време на животот. И на таа
точка, тие или престануваат да живеат, или стануваат
нечувствителни за тага.
Мила не знаеше дали својата нечувствителност да ја смета за парче
среќа, но благодарение на тоа таа стана она што е. Трагач по
исчезнати деца. Исцелувањето на страдањето на другите и го
надоместуваше она што таа никогаш не би го почувствувала.
Нејзината клетва одеднаш стана нејзина дарба.
Таа ги спасуваше. Ги водеше дома. Тие и беа благодарни. Таа се

168
приврза кон некои од нив, а тие ја бараа и ја прашуваа да им ги
раскаже приказните за нив.
„Да не бевте таму да мислите на мене...“, и велеа.
А таа, се разбира, не можеше да открие од што се состои таа
„мисла“, истата мисла за секое дете што се обидуваше да го најде.
Можеше да чувствува бес поради тоа што им се случило – истиот бес
како и за детето број шест – но таа никогаш не почувствува
„сожалување.“
Таа ја прифати својата судбина. Но исто така си поставуваше и
прашање.
Ќе биде ли некогаш способна некого да сака?
Не знаејќи го одговорот, Мила уште многу одамна ги испразни
својот ум и своето срце. Таа никогаш нема да има љубов, сопруг или
момче, или деца, дури ниту некое животинче. Затоа што тајната е во
тоа да се нема ништо да се загуби. Ништо што некој би можел да и го
земе. Тоа беше единствениот начин на кој таа можеше да влезе во
умот на луѓето по кои трагаше.
Со создавање околу себе на истата празнина каква што тие ја имаа
околу себе.
Се до денот кога ослободи едно дете од канџите на еден педофил,
кој го беше киднапирал за да има само малку забава за време на
викендот. Тој ќе го ослободел детето по три дни затоа што, во
неговиот болен ум, „му здодеало.“ Нему не му беше гајле за
состојбата во која ги стави семејството на момчето и неговиот живот.
Тој се оправдуваше себеси дека никогаш не би го повредил детето.
А што во врска со сето друго? Како го нарече шокот од
киднапирањето? Од затворањето? Од насилството?
Тоа не беше очајнички обид да се изнајде оправдување, колку и да е
слабо, за она што го сторил. Тој навистина веруваше во тоа. Затоа
што беше неспособен да ги замисли чувствата на неговата жртва.
Најпосле, Мила знаеше: човекот е ист како неа.
Оттогаш таа реши веќе да не дозволува нејзината душа да биде
лишена од основните мерила на другите и на животот за
сочувственост. Дури и да не може да ја најде во себе, таа вештачки ќе

169
ја предизвика.
Мила ги лажеше тимот и доктор Гавила. Всушност, таа веќе имаше
мошне јасна претстава за тоа какви се сериските убијци. Или, барем
најмалку за еден аспект на нивното однесување.
За садизмот.
Речиси секогаш, во основата на однесувањето на сериските убијци
се забележуваа длабоко вкоренети садистички компоненти. Жртвите
беа гледани како „објекти“ од чие страдање, од чие искористување,
тие можеа да извлечат лична предност.
Серискиот убиец успева да чувствува задоволство преку
садистичкото искористување на својата жртва.
Честопати, убиецот е неспособен да развие сериозни врски со
други, тој е понижен во своите очи од луѓе што му се
противставуваат. Тогаш насилството е единствениот контакт со
остатокот од светот.
Не сакам истото да ми се случи и мене, си рече Мила самата
себеси. Идејата да има нешто заедничко со тие убијци, кои беа
неспособни да сожалуваат, ја исполни со одвратност.
По откривањето на телото на Анеке, откако замина со Роза од
куќата на отец Тимотеј, Мила си вети дека ќе открие што се случило
со тоа дете, кое никако не излегуваше од нејзината меморија. На
крајот од денот, додека другите отидоа во студиото да сумираат што
се се случи и да ги средат резултатите од истрагата, таа ги напушти
на неколку часови.
Потоа, како што правеше многупати досега, отиде в аптека. Го купи
она што и беше потребно: средства за дезинфекција, фластери, вата,
ролна стерилен завој, игли и хируршки конец.
И – жилет.
Со мошне јасна намера отиде во мотелот, во својата стара соба. Ја
немаше одјавено и се уште плаќаше за неа, само поради таа состојба
со умот. Ги навлече завесите. Ја остави само светилката покрај
едниот од двата кревета. Седна и врз душекот ја испразни
содржината од хартиеното ќесе.
Ги соблече фармерките.

170
Откако истури малку од средството за дезинфекција врз рацете и ги
истри, таа натопи парче вата со течноста и ја потапка кожата од
внатрешната страна на десната нога. Погоре се наоѓаше раната што
веќе беше заздравена, како резултат на нејзиниот поранешен невешт
обид. Но, овојпат, таа нема да ја оплеска работата, ќе го направи тоа
како што треба. Со усните ја тргна хартиената обвивка од жилетот.
Го држеше цврсто меѓу своите прсти. Ги затвори очите и ја спушти
својата рака. Броеше до три, и потоа помина низ кожата на ногата.
Сети како сечилото се лизга по живото ткиво и продолжува низ него,
создавајќи жежок отвор.
Физичката болка еруптира со нем извик. Се тргна од раната низ
нејзиното тело. Својот врв го достигна во нејзината глава,
прочистувајќи ја од сликите на смртта.
„Ова е за тебе, Анеке“, и рече Мила на тишината.
Потоа, конечно, заплака.

М еѓу солзите – насмевка.


Тоа беше симболична слика на местото на злосторството. Но,
фактот дека телото на второто дете беше најдено во пералницата,
беше далеку од тривијален детаљ.
„Можеби намерата била креацијата да се прочисти во поплава од
солзи?“, се прашуваше Роше.
Но Горан Гавила, како и обично, не веруваше во тоа поедноставено
објаснување. Дотогаш, моделот на убиецот Алберт се докажа
премногу рафиниран за да падне на таква баналност. Тој за себе
мислеше дека е супериорен во однос на сериските убијци кои
постоеле пред него.
Заморот во студиото веќе беше видлив. Мила се врати од мотелот
околу девет часот вечерта, со црвени очи и благо куцајќи со левата
нога. Таа веднаш отиде малку да се испружи во гостинската соба, без
да го размести својот камп-кревет, или барем да ја соблече облеката
од себе. Околу единаесет часот ја разбуди Горан, кој во ходникот
зборуваше по телефон. Не се ни помрдна, преправајќи се дека спие.

171
Претпоставуваше дека личноста на другата страна на линијата не
беше неговата сопруга, туку медицинска сестра или можеби дадилка.
Во еден момент тој ја нарече „госпоѓа Руна.“ Ја праша за Томи –
значи така се викаше детето – дали јадел и дали го завршил
домашното и дали случајно не збеснал. Горан неколкупати
промрмори нешто додека госпоѓа Руна го запознаваше со новостите.
Разговорот заврши со ветувањето на криминологот дека во следните
денови ќе помине дома, за да го види Томи барем на неколку часа.
Мила не мрдаше, склопчена со грбот накај вратата. Но кога Горан
почна повторно да зборува, таа почувствува дека тој стои на прагот
од гостинската соба и дека всушност гледа во неа. Можеше да види
дел од неговата сенка што се пресликуваше на ѕидот пред неа. Што
би се случило доколку се заврти? Нивните погледи би се сретнале во
темнината. Можеби почетната збунетост би му отстапила место на
нешто друго. На нем дијалог.
Но, дали тоа беше она што Мила навистина чувствуваше дека и
треба? Човекот покажуваше чудна привлечност кон неа. Таа не
можеше да каже каков точно повик беше тоа. Конечно, реши да се
заврти. Но, Горан веќе не беше таму.
Малку подоцна, таа му се врати на спиењето.

М ила... Мила...
Како шепот, гласот на Борис се вовлече во сонот од црни
дрвја и бескрајни патишта. Мила ги отвори очите и го виде покрај
својот камп-кревет. Не ја допре за да ја разбуди. Само ја викаше по
име. Но, се смееше.
„Колку е часот? Долго ли спиев?“
„Не, часот е шест... Излегувам, Гавила сака да разговарам со некои
поранешни станари на сиропиталиштето. Се прашував дали би
сакала да дојдеш со мене...“
Збунетоста на Борис и кажа дека тоа не било негова идеја.
„Добро, доаѓам.“
Младиот човек кимна со главата, благодарен што таа го поштеди од

172
натамошно наговарање.
По околу четврт час се најдоа на паркингот зад зградата. Моторот
на автомобилот веќе работеше, а Борис ја чекаше надвор, потпрен на
каросеријата со цигара в уста. Носеше топла парка што му досегаше
речиси до колената. Мила на себе го имаше вообичаениот кожен
жакет. Кога се пакуваше не предвиде дека во овие краишта ќе биде
толку студено. Срамежливото сонце што ѕиркаше низ зградите почна
да ги стоплува куповите валкан снег по аглите на улиците, но тоа
нема да трае долго: за тоа попладне се предвидуваше невреме.
„Би требало малку да се покриеш, го знаеш тоа, нели?“, и се обрати
Борис, гледајќи ја нервозно нејзината облека. „Во ова време од
годината тука мрзне.“
Внатрешноста на автомобилот беше топла и гостоприемлива. На
возачката табла имаше пластични чаши и хартиено ќесе.
„Топол кроасан и кафе?“
„И се е за тебе!“, одговори тој, присетувајќи се колку е лакома кога
јаде.
Тоа беше понуда за смирување. Мила ја прифати без коментар. Со
полна уста го праша: „Каде точно ќе одиме?“
„Ти реков: треба да поразговараме со некои луѓе кои порано
живееле во институцијата. Гавила е убеден дека аранжманот на
телото во пералницата не ни бил наменет само нам.“
„Можеби реконструирал нешто од минатото.“
„Од далечното минато, доколку е тој. Местата како тоа, престанале
да постојат речиси пред дваесет и пет години. Откако е променет
законот кој еднаш засекогаш ги укина сиропиталиштата.“
Во гласот на Борис имаше некаква болка, која тој веднаш и ја кажа:
„Јас бев во вакво место, знаеше ли? Имав околу десет години.
Никогаш не го знаев татко ми, а мајка ми не можеше сама да ме
издржува. Затоа извесно време бев сместен таму.“ Мила не знаеше
што да каже, вџасена од толку личното доверување. Борис
претпостави.
„Не треба ништо да кажеш, не грижи се. Всушност, дури и не знам
зошто ти го кажав тоа.“

173
„Извини, но не ме бива многу за зборување. Многумина луѓе
мислат дека сум ладна.“
„Не и јас.“
Борис го гледаше патот. Сообраќајот се одвиваше забавено, затоа
што асфалтот се уште беше прекриен со мраз. Низ воздухот пловеа
издувни гасови. Луѓето се движеа брзо по тротоарите.
„Стерн – можеби така Господ секогаш го чува – успеа да најде
дузина поранешни станари на институтот. Ние ќе се занимаваме со
половината од нив. Тој и Роза подоцна ќе ги побараат останатите.“
„Само дванаесетмина?“
„Во областа. Не знам точно што има на ум докторот, но ако мисли
дека може нешто да се извлече од тоа...“
Тоа претпладне тие разговараа со четири од поранешните деца во
институтот. Сите тие имаа повеќе од дваесет и осум години, со
повеќе или помалку исто криминално педигре. Сиропиталиште,
поправен дом, затвор, условно отсуство, повторно затвор, условно
ослободување. Само еден од нив успеал да ги исчисти своите раце од
тоа, благодарение на својата црква: станал пастор на една од многуте
протестантски заедници во таа област. Други двајца живееле од
милостина. Четвртиот беше во домашен притвор поради продавање
дрога. Но, секогаш кога некој од нив кажуваше за своето време во
институцијата, Мила и Борис забележуваа ненадејна вознемиреност.
Тие беа луѓе кои запознале затвор, вистински затвор, а сепак
никогаш нема да го заборават тоа место.
„Дали ги виде нивните лица?“, го праша Мила својот колега по
четвртата посета. „Не мислиш ли дека во тоа место се случило нешто
лошо?“
„Немаше разлика од другите такви, верувај ми. Мислам дека е
нешто поврзано со нивното детство. Додека растеш, се соочуваш со
разни искуства, дури и со најлошите. Но, кога си на таа возраст,
сеќавањата навистина мигновно се врежуваат, и никогаш не
заминуваат.“
Секогаш кога ја кажуваа – со сите должни мерки на заштита –
приказната за телото во пералницата, соговорниците само

174
одмавнуваа со главите. Тој мрачен симболизам не им значеше
ништо.
Околу пладне, Мила и Борис застанаа покрај еден кафе-бар и
набрзина купија неколку сендвичи со туна и неколку капучина.
Небото сега беше облачно. Прогнозата за времето не беше
погрешна: наскоро повторно ќе почне да паѓа снег.
Им остана да посетат уште двајца сираци пред сосема да се влоши
времето и да ги спречи да се вратат назад. Решија да почнат со оној
кој живееше подалеку.
„Името му е Фелдер. Живее на триесетина километри одовде.“
Борис беше добро расположен. Мила сакаше да го искористи тоа за
да го распраша повеќе за Горана. Тој ја разбуди нејзината
љубопитност: се чинеше невозможно да има приватен живот,
партнерка, дете. Неговата сопруга претставуваше мистерија. Особено
по телефонскиот разговор што Мила го фати претходната вечер. Каде
му е сопругата? Зошто не е дома да се грижи за малиот Томи? Зошто
госпоѓа Руна е таму наместо неа? Можеби Борис би можел да и
одговори на прашањата. Но, на крајот, не знаејќи како да ја почне
темата, Мила се откажа од тоа.
Кога стигнаа до куќата на Фелдер, беше речиси два часот попладне.
Се обидоа да му телефонираат претходно и да му кажат дека доаѓаат,
но снимениот глас од телефонската компанија им кажа дека бројот
веќе не постои.
„Се чини дека на нашиот пријател не му оди најдобро“, забележа
Борис.
Погледот на неговото живеалиште го потврди ова. Куќата – ако
можеше така да се нарече – се наоѓаше во средината на еден простор
со шут, опколен со каросерии од автомобили. Едно куче со
црвеникаво крзно, кое изгледаше како полека да ’рѓосува како и се
околу него, ги пречека со зарипнато лаење. Наскоро потоа на вратата
се појави човек на возраст од четириесетина години. Наспроти
студот, тој беше облечен само во една валкана маичка и во фармерки.
„Дали сте Вие господин Фелдер?“
„Да... а кои сте вие?“

175
Борис само ја крена својата картичка во раката: „Можеме ли да
поразговараме со Вас?“
Фелдер не изгледаше задоволен од нивната посета, но ги покани
внатре.
Имаше голем стомак, а прстите му беа пожолтени од никотин.
Внатрешноста на куќата личеше на него: валкано и хаотично. Ги
послужи со студен чај во несоодветни чаши, запали цигара и седна
на една чкрипава лежалка, оставајќи ја софата за нив.
„Имавте среќа што ме најдовте. Обично работам...“
„Зошто не и денес?“, го праша Мила.
Човекот погледна надвор: „Поради снегот. Никој не зема физички
работници по вакво време. И губам куп денови.“
Мила и Борис го држеа чајот во рацете, но ниеден од нив не го
пиеше. Фелдер не изгледаше дека ќе почне прв.
„Па зошто не се обидете да ја промените работата?“, се осмели
Мила да го праша, божем се интересира, и за да воспостави контакт.
Фелдер фркна. „Се обидов! Мислите ли дека не сум се обидел? Но
сето тоа фати видвиделија, како и мојот брак. Таа ороспија божем
беше поарна. Секој проклет ден ми зборуваше дека јас сум
ништожник. Сега е мизерна келнерка и дели стан со две скитнички
како неа. Го видов. И припаѓа на црквата на која и се приклучи. Тие
и рекле дека дури и луѓе како неа, што не ги бива за ништо, наоѓаат
место на небото! Што мислите за тоа?“
Мила се сети дека по пат поминаа покрај најмалку дузина такви
нови цркви. Сите имаа големи неонски табли што го покажуваа
името на конгрегацијата и слоганот што го застапуваат. Тие се
намножија насекаде околу, прифаќајќи покрстеници меѓу
отпуштените од големите фабрики, самохраните мајки и меѓу луѓето
разочарани од традиционалната вера. И покрај тоа што различните
секти сакаа да изгледаат различни една од друга, она што им беше
заедничко беше безусловното придржување кон креаторите на разни
теории, хомофобија, противење на абортусот, афирмација на
принципите според кои секоја личност има право да носи оружје и
целосна поддршка на казнувањето со смрт.

176
Невозможно е да се дознае како Фелдер би реагирал, си помисли
Мила, ако му кажеше дека еден од неговите колеги затвореници во
институтот станал пастор во една од тие цркви.
„Кога пристигнавте, погрешно заклучив дека сте двајца од нив:
доаѓаат овде за да го проповедаат своето евангелие. Минатиот месец,
онаа ороспија со која бев порано, прати неколкумина за да ме
преобратат.“ Тој се насмеа, покажувајќи два реда расипани заби.
Мила се обиде да се оддалечи од сопружничките теми и немарно го
праша: „Што работевте пред да физичката работа, господине
Фелдер?“
„Нема да верувате...“ Човекот се насмеа, гледајќи во нечистотијата
околу себе. „Основав мала пералница.“
Двајцата агенти се обидоа да не се погледнат меѓусебно за да не му
покажат на Фелдер колку интересна беше таа изјава. Мила не
можеше да не забележи дека Борис ја спушти раката покрај бедрото,
откривајќи ги футролата и својот пиштол. Се присети дека кога
стигнаа на местово нивните мобилни телефони немаа сигнал. Не
знаеја многу за овој човек и мораа да бидат внимателни.
„Дали некогаш сте биле в затвор, господине Фелдер?“
„Само за мали престапи, ништо што чесен човек би го држело ноќе
6уден.“
Се виде дека Борис ја регистрира оваа информација. Тој зјапаше во
Фелдер, предизвикувајќи му вознемиреност.
„Значи, што можам да направам за вас, Господа полицајци?“, им
рече човекот, без да ја прикрива несомнената нервоза.
„Па можеме да кажеме, детството и поголемиот дел од Вашиот
адолесцентен период сте го поминале во институции што и
припаѓаат на црквата“, продолжи внимателно Борис.
Фелдер се загледа сомничаво во него: како и другите, и тој се
чудеше што ги натерало полицајците да дојдат дотука. „Најдобрите
години од мојот живот“, одговори тој пакосно.
Борис му кажа што ги донесло тука. Фелдер се чинеше задоволен
што фактите му беа кажани пред да стигнат во јавноста.
„Би можел да заработам многу пари кажувајќи им го материјалов на

177
весниците, нели?“, беше неговиот единствен коментар.
Борис остро го погледна: „Само обидете се, па ќе ве уапсам.“
Насмевката исчезна од лицето на Фелдер. Агентот се внесе накај
него. Тоа беше техника на испрашување, и Мила го знаеше тоа. Кога
разговараат еден со друг, освен ако се поврзани со некакви посебни
емотивни или интимни релации, луѓето секогаш имаат тенденција да
ги почитуваат невидливите граници. Во случајов, меѓутоа,
испрашувачот му се приближи на испрашуваниот со цел да го освои
неговиот личен простор и да направи тој да се чувствува непријатно.
„Господине Фелдер, сигурен сум дека е мошне забавно да
пречекате двајца полицајци кои дошле да се видат со Вас, нудејќи ги
со чај во кој сигурно сте се измочале, за да уживате во нивните фаци
додека седат како морони со чашите в рака без да имаат смелост да
се напијат од него.“
Фелдер не рече ништо. Мила го погледна Бориса: се прашуваше
дали тоа беше добар потег во даденава ситуација. Наскоро ќе
откријат. Агентот смирено го остави чајот на масата и повторно му
се загледа на човекот в очи.
„Сега, се надевам, ќе сакате малку да ни кажете за Вашиот престој
во сиропиталиштето..“
Фелдер погледна надолу, со глас кој премина во шепот: „Може да
се каже дека таму сум роден. Никогаш не ги запознав родителите.
Тие ме однесле таму веднаш откако мајка ми ме родила. Името ми го
даде отец Ролф, тој кажа дека му припаѓало некому што го познавал,
кој загинал млад во војната. Можеби тој луд свештеник помисли дека
името му донесло лоша среќа на другиот тип, па може ќе биде среќно
за мене!“
Песот надвор повторно почна да лае, па Фелдер прекина за да му се
развика: „Замолчи, Коч!“ Потоа повторно се заврти накај своите
гости. „Имав повеќе кучиња пред неколку години. Местово беше
депонија. Кога го купив, тие ме уверуваа дека било исушено. Но,
одвреме-навреме се трупаат некакви материјали: лајна и секаков вид
нечистотија, особено кога врне. Кучињата ја пијат водата, стомаците
им се подуваат и по неколку дена кинат конци. Коч е единствениот

178
што ми остана, но мислам дека и тој оди натаму.“
Фелдер се разводни. Не му се допаѓаше со нив да се враќа на
местата што веројатно ќе влијаат на неговата судбина. Зборувајќи за
умрените кучиња, тој се обидуваше да преговара со полицајците за
да го остават на мир.
Но, тие не можеа да го омекнат своето држење.
Мила се обиде да биде убедлива кога му рече: „Би сакала да
сторите еден напор, господине Федлер.“
„ОК: пукај.“
„Би сакала да ни кажете на што ве асоцира претставата за
’насмевка меѓу солзи’.“
„Тоа е како што прават психијатрите, нели? Еден вид слободна
асоцијација?“
„Нешто слично“, се согласи таа.
Фелдер почна да размислува за тоа. Тој тоа го направи
мелодраматично, ѕверејќи се во таванот, со едната рака чешкајќи си
ја брадата. Можеби сакаше да оддаде впечаток дека му треба помош,
или можеби откри дека тие не можат да го обвинат за „недостиг на
меморија“, и само си играше со нив. Но, потоа рече: „Били Мур.“
„Кој е тоа, Ваш пријател?“
„Ох, тоа момче беше исклучително! Имаше седум години кога
дојде. Секогаш беше расположено, насмеано. Набрзо им стана
маскота на сите... Во тоа време местото беше пред затворање: бевме
останати само шеснаесетмина.“
„Цела таа институција само за вас неколцина?“
„Свештениците исто така си заминаа. Единствениот кој остана
беше отец Ролф... Јас бев еден од најстарите момци, имав
петнаесетина години... Приказната на Били беше неверојатно тажна:
неговите родители се обесиле. Тој ги нашол телата. Не викал ниту
пак побарал помош: наместо тоа, се качил на стол и, држејќи се за
нив, ги откачил од таванот.“
„Таквите искуства ви го одбележуваат животот.“
„Не и на Били. Тој секогаш беше среќен. Тој се беше приспособил
на најлошото. Нему се му беше игра. Никогаш немавме видено нешто

179
такво. За нас, тоа место беше затвор, но Били не ни обрнуваше
внимание. Тој имаше енергија, не знам како да го дефинирам тоа...
имаше две опсесии: тие проклети ролшуи со кои се возеше нагоре-
надолу по празните ходници, и фудбалот. Но, не сакаше да игра.
Повеќе сакаше да стои на страничните линии и да врши
радиопренос... „Ова е Били Мур од Стадионот на Ацтеките во
Мексико Сити од Светското првенство...“ За неговиот роденден се
развртевме и му го купивме тој касетофон. Беше воодушевен: помина
часови и часови снимајќи се на тоа чудо и преслушувајќи се
повторно и повторно!“
Фолдер сега се занесе во дребулии; разговорот се измолкна. Мила
се обиде да го врати на неговата почетна лента. „Можете ли да ни
кажете нешто во врска со последните неколку месеци на
институцијата?“
„Како што ви реков, таа беше пред затворање и ние момчињата
имавме само две можности: или да бидеме посвоени, или да
завршиме во друга институција, како детски домови. Но, ние бевме
сираци од Б класа и никој не сакаше да не земе. За Били, сепак, беше
поинаку: за него се чекаше во редица! Секој веднаш се вљубуваше во
него, сите го сакаа само него.“
„И како заврши? Најде ли Били добро семејство?“
„Били умре, госпоѓице.“
Тој тоа го кажа со толкаво разочарување во гласот што звучеше
како тоа да беше неговата сопствена судбина. И можеби на извесен
начин и била, небаре момчето претставувало еден вид откупнина за
останатите негови другари. Оној кој на крајот би можел и да успее.
„Како се случи тоа?“, праша Борис.
„Менингитис.“
Човекот шмркна, а очите му светеа. Се заврти накај прозорецот,
затоа што не сакаше тие двајца странци да го видат толку многу
ранлив. Мила беше сигурна дека кога тие ќе си заминат, сеќавањето
на Били ќе продолжи да плови околу него како некој стар дух во таа
куќа. Но, со своите солзи, Федлер ја заработи нивната доверба: Мила
виде како Борис ја оддалечи својата рака од футролата. Стана

180
безопасен.
„Били беше единствениот кој доби менингитис. Но плашејќи се од
пандемија, за миг не исчистија сите нас од местото... среќа, а?“ Тој
се трудеше да се насмевне. „Па добро, нам ни олеснија, сигурно дека
беше така. И – проклетата дупка ја затворија шест месеци порано од
предвиденото.“
Додека стануваа да си одат, Борис уште еднаш го праша: „Дали
некогаш повторно се видовте со некој од школските другари?“
„Не, но пред неколку години налетав повторно на отец Ролф.“
„Тој сега е пензиониран.“
„Јас љубезно се надевав дека скинал конци.“
„Зошто?“, го праша Мила, замислувајќи го најлошото. „Дали Ве
повредил?“
„Никогаш. Но кога ќе го поминете своето детство на такво место,
учите да го мразите она на што се сеќавате затоа што сте биле таму.“
Мисла во голем дел иста како онаа што ја искажа Борис, кој не
сакајќи кимна со главата.
Фелдер не ги испрати до вратата. Наместо тоа, се испружи над
масата и ја собра чашата со студениот чај што Борис не сакаше да го
пие. Ја доближи до устата и ја испразни во една голтка.
Потоа пркосно се загледа во нив, велејќи им: „Пријатен ден.“

Е дна стара групна фотографија – децата кои живееле во


сиропиталиштето токму пред неговото затворање – преземена од
местото што некогаш беше канцеларија на отец Ралф.
Шеснаесетмина мали деца застанати околу стариот свештеник,
само едно насмевнување во фотографската леќа.
Насмевка меѓу солзи.
Очи сјајни, разбушавена коса, заб што недостига, забележлива
дамка од нешто мрсно на неговиот зелен пуловер, изложена небаре е
медал на честа.
Били Мур засекогаш останал на таа фотографија и, на малите
гробишта покрај црквата на сиропиталиштето. Тој не беше

181
единственото дете закопано таму, но неговиот гроб беше најубав. Со
каменен ангел кој заштитнички ги шири крилјата.
Откако ја слушна приказната на Мила и на Борис, Гавила го замоли
Стерн да ги најде сите документи што се однесуваат на смртта на
Били. Агентот го исполни тоа со својата вообичаена посветеност и
кога се соочија со документите, веднаш им остави впечаток една
интересна коинциденција.
„Во случај на потенцијално инфективни болести мора да бидат
информирани здравствените власти. Лекарот кој го добил
известувањето од отец Ролф е истиот оној кој ја издал потврдата за
смртта. Двата документа имаат иста дата.“
Горан се обиде да размисли околу ова: „Најблиската болница е
оддалечена педесетина километри. Тој веројатно не се ни потрудил
да го потврди идентитетот.“
„Тој им верувал на зборовите на свештеникот“, додаде Борис, „затоа
што свештениците обично не кажуваат лаги...“
„Не секогаш“, сметаше Мила.
Гавила немаше дилеми по прашањето: „Треба да го ексхумираме
телото.“

С негот почна да паѓа во мали, но тешки снегулки, небаре земјата


ја подготвува за оние што ќе следат потоа. Наскоро ќе се
стемни, па тие требаше да тргнат.
Гробарите на Чанг беа на терен со еден мал булдожер за да ја
откопаат замрзнатата земја. Додека тимот чекаше, не зборуваше
никој.
Главниот инспектор Роше беше информиран за развојот и ги
задржуваше медиумите, кои пак наеднаш беа во состојба на голема
возбуденост. Можеби Фелдер навистина се обидел да шпекулира со
она што му го кажаа двајцата агенти без премногу да ја открива
тајната. И покрај тоа Роше секогаш велеше: „Она што медиумите не
го знаат, ќе го измислат.“
Значи, тие мораа да напредуваат пред некој да реши да го исполни

182
тоа молчење со добро изработена бесмислица.
Се слушна тап удар. Конечно булдожерот најде нешто.
Луѓето на Чанг слегоа во дупката и почнаа рачно да копаат.
Сандакот беше покриен со пластифицирано платно за да се забави
неговото распаѓање. Тоа беше отстрането за да открие капак од мал
бел мртовечки ковчег.
„Тука е се гнило“, рече медицинскиот истражител откако брзо
погледна. „Ако го извлечеме, ризикуваме негово уништување. А и
снегов создава непријатности“, додаде Чанг, зборувајќи му на Горан,
од кого очекуваше финална одлука.
„Добро... отворете го.“
Никој не очекуваше криминологот да организира ексхумација на
самото место. Луѓето на Чанг раширија една церада над дупката,
зацврстувајќи ја на краевите како голем чадор, за да го заштитат
местото.
Патологот облече еден елек и со батериска ламба на грбот слезе во
дупката пред очите на камениот ангел. Пред него, еден техничар со
оксигенски пламен почна да го топи цинкот залемен околу сандакот
и капакот почна да се ослободува.
Како будите дете мртво веќе осумнаесет години? – се чудеше
Мила. Били Мур веројатно заслужил кратка церемонија или молитва.
Но никој немаше желба ниту, пак, време да го стори тоа.
Кога Чанг го отвори ковчегот, се појавија скудните останки на
Били, се уште облечен во она што останало од костумот за првата
причесна. Елегантен, со врска со штипка и со подвиткани панталони.
Во аголот на ковчегот имаше ’рѓосани ролшуи и еден стар
касетофон.
Мила се присети на приказната на Фелдер: Тој имаше две опсесии:
тие проклети ролшуи, со кои се возеше нагоре-надолу низ празните
ходници, и фудбалот. Но, не сакаше да игра. Повеќе сакаше да стои
на страничните линии и да врши радиопренос.
Тоа беше сета сопственост на Били.
Чанг со скалпел полека почна да отстранува делови од штофот на
костумот и, дури и во таа непријатна позиција, неговите движења беа

183
брзи и прецизни. Ја провери состојбата на зачуваноста на скелетот.
Потоа, вртејќи се накај тимот, најави: „Има голем број фрактури. Не
можам стопроцентно да бидам сигурен кога се случиле... но, според
моето мислење, детето дефинитивно не починало од менингитис.“

184
16

С ара Роза го доведе отец Тимотеј во кампот на мобилната


единица, каде што го чекаа Горан и другите членови на тимот.
Свештеникот се уште изгледаше нервозно.
„Благонаклонети сме да ве замолиме“, почна Стерн. „Итно треба да
разговараме со отец Ролф.“
„Ви реков: тој е пензиониран. Не знам каде е сега. Кога стигнав
овде пред шест месеци, со него се видов само на неколку часови.
Толку долго колку само да се ракуваме. Ми објасни неколку работи,
ми даде неколку документи и клучевите и потоа си замина.“
Борис се заврти накај Стерн. „Можеби би требало директно да се
обратиме до Куријата. Дали знаете каде ги испраќаат
пензионираните свештеници?“
„Сум слушнал дека тоа е еден вид дом за старци.“
„Би можело, но...“
Тие го погледнаа отец Тимотеј.
„Што?“, го праша Стерн.
„Мислам дека помнам оти отец Ролф планираше да замине да
живее со сестра си... Да, тој ми рече дека таа е повеќе или помалку
на иста возраст со него и дека никогаш не се омажила.“
Свештеникот конечно беше задоволен што може да придонесе во
истрагата. И успеа да им ја понуди помошта што претходно ја
одбиваше.
„Ако сакате, јас ќе зборувам со Куријата. Кога ќе размислам, не би
требало да биде премногу тешко да се открие каде е отец Ролф. А
веројатно ќе се сетам и на нешто друго.“
Младиот свештеник сега се чинеше посмирен. Потоа Горан рече:
„Тоа би било голема помош за нас и многу би придонесло за да се
избегне беспредметниот публицитет во врска со она што се случува
овде. Мислам дека тоа не ќе и пречи ни на Куријата.“
„Сметам дека имате право“, се согласи отец Тимотеј.
Кога свештеникот го напушти кампот, Сара Роза се заврти накај

185
Горан, очигледно вознемирена.
„Ако сите се согласуваме дека смртта на Били не била случајна,
зошто не издадеме потерница по отец Ролф? Јасно е дека тој има
врска со тоа!“
„Да, но тој не бил одговорен за убиецот на малото момче.“
Мила ја погоди зборот „убиец“, што Горан го употреби првпат.
Фрактурите на Били може да бидат показатели за насилна смрт, но
не постоеше доказ дека некој друг бил вмешан.
„А како можете да бидете толку сигурен дека свештеникот не е
виновен?“, продолжи Роза.
„Отец Ролф само ја прикрил работата. Тој излегол со приказната за
менингитисот на Били, така што никој не би се осмелил да раскопува
подлабоко поради стравот од инфекција. А потоа надворешниот свет
го сторил другото: никој не се грижел за тие сираци, ти исто така го
забележуваш тоа, нели?“
„А сиропиталиштето и така било пред затворање“, додаде Мила.
„Отец Ролф е единствениот кој ја знае вистината, затоа треба да го
испрашаме. Но, се плашам дека доколку издадеме потерница... добро,
се уште би можеле да го најдеме. Тој е стар и можеби е решен
приказната да ја однесе в гроб.“
„Значи, што ќе правиме?“, беше нестрплив Борис. „Ќе чекаме ли да
го најдеме свештеникот?“
„Сигурно не“, му реплицираше криминологот. Потоа го насочи
своето внимание кон планот на сиропиталиштето што Стерн го
донесе од локалниот катастар. Тој на Борис и на Роза им покажа една
област.
„Треба да одите во источниот павилјон. Гледате ли? Архивата е
таму, со сите документи за децата кои живееле во сиропиталиштето
до неговото затворање. Се разбира, ние сме заинтересирани само за
последните шеснаесет деца.“
Горан им ја даде групната фотографија со насмеаниот Били Мур. Ја
заврти: на другата страна беа потписите од сите деца на
фотографијата.
„Споредете ги имињата: ни треба оној за кого недостига

186
документација...“
Борис и Роза го погледнаа збунето.
„Како знаеш дека една недостига?“
„Затоа што Били Мур бил убиен од еден од своите школски
другари.“

Н а истата групна фотографија што го покажуваше Били Мур


насмеан, Роналд Дермис стоеше трет одлево. Тој имаше осум
години. Тоа значеше дека тој мора да бил маскота на институцијата
пред да дојде Били.
За едно дете, љубомората може да биде доволна причина да се
посака нечија смрт.
Кога тој го напуштил сиропиталиштето, бирократијата му ја
загубила трагата. Дали бил посвоен? Тоа беше неизвесно. Тој може
да завршил во некој дом. Тоа беше непознаница. Речиси сигурно,
раката на отец Ролф стоеше зад таа дупка во информациите.
Беше апсолутно потребно да се најде отец Ролф.
Отец Тимотеј ги уверуваше дека Куријата се погрижила за него:
„Сестра му починала и тој замолил да биде симнат на
непрофесионален статус.“ Значи, тој го напуштил свештенството.
Можеби тоа било поради чувството на вина што го таел убиецот,
можеби било неиздржливото сознание дека злото може да биде
мошне добро прикривано дури и покрај појавувањето на детето.
Тимот беше вознемирен од оваа и од други претпоставки.
„Се уште не ’скопчав’ дали би требало да ја лансирам потерата на
столетието, или да чекам да се смилувате да излезете со некаков
одговор!“
Гипсените плочи врз ѕидовите на канцеларијата иа Роше
потреперуваа од звукот на неговиот глас. Но, нервозата на главниот
инспектор се одбиваше од тврдоглавата смиреност на Горан.
„Тие ме прогонуваат поради приказната за шестото дете: велат дека
не работиме доволно!“
„Ние нема да ја најдеме се додека Алберт не реши да ни даде трага.

187
Штотуку разговарав на телефон со Креп, и тој вели дека местото на
злосторството е исто така чисто.“
„Барем кажи ми ако мислиш дека Роналд Дермис и Алберт се една
иста личност!“
„Ние веќе ја направивме истата грешка со Александар Берман.
Засега нема да давам избрзани заклучоци.“
Роше порано не примаше совети како да ги води своите случаи. Но
овојпат прифати.
„Ама не можеме да седиме тука чекајќи тој психопат да не однесе
каде што сака тој. Никогаш нема да ја спасиме момичката на таков
начин! Особено затоа што знаеме дека таа е се уште жива.“
„Има само една личност што може да ја спаси. А тоа е тој.“
„Дали навистина очекуваш да и помогне, само туку-така?“
„Јас само велам дека во определен момент тој може да сака самиот
да направи грешка.“
„Нека оди по ѓаволите! Мислиш ли дека можам да живеам во надеж
додека оние луѓе надвор само посакуваат да ме видат смешен? Ми
требаат резултати, доктор Гавила!“
Горан ги знаеше изливите на бес на Роше. Тие не беа директно
упатени посебно спрема него. Главниот инспектор ги насочуваше
спрема целиот свет. Тоа беше нуспојава на работата: кога сте многу
на високо, секогаш постои некој кој сака да ве повлече долу.
„Се изнаслушав куп лајненици за многу кратко време, и не беше се
упатено на моја сметка.“ Горан знаеше како да биде трпелив, но
беше свесен дека тоа секогаш не успева со Роше. Затоа, се обиде да
ја преземе иницијативата, да го легне на грб.
„Сакате ли да Ви кажам нешто што ме излудува?“
„Што и да е, само да излезам од овој ќор-сокак, те молам.“
„Не го спомнував тоа до сега... солзите.“
„И?“
„Имаше најмалку пет литри околу телото на втората момичка. Како
и да е, солзите се солени и поради тоа веднаш испаруваат. Но овие
не. Се прашував зошто...“
„И зошто, ако смеам да прашам?“

188
„Тие се вештачки: тие се прецизна репродукција на хемискиот
состав на човековите солзи, но тоа е измама. Затоа не се сушат...
знаете ли како се пресоздаваат солзи по вештачки пат?“
„Немам поим.“
„Тоа е поентата: Алберт знае. Тој тоа и го направил, посветувајќи
извесно време на тоа да ги направи. Знаете ли што значи ова?“
„Ти ќе ми кажеш.“
Роше седна на столот, гледајќи во празно. „Што може да очекуваме
според тебе?“
„Искрено, се плашам дека најлошото допрва доаѓа.“

М ила слезе во визбата на Институтот за судска медицина. Таа


набави некои фигури од познати фудбалери – или барем така и
рекоа кога ги купи. Тој мал гест беше дел од прошталниот ритуал. Во
мртовечницата, Чанг го имаше составено телото на Били Мур за да
го закопа повторно под очите на камениот ангел.
Патологот ја завршуваше аутопсијата и ги сними фрактурите на
рендген-апарат. Снимките беа изложени на светечко пано пред кое
стоеше Борис. Мила не беше изненадена што го најде тука.
Кога тој ја забележа, почувствува потреба да се оправда себеси.
„Дојдов да видам дали има некакви новости.“
„И, има ли?“, го праша Мила, продолжувајќи ја неговата приказна
за да не се почувствува непријатно. Јасно беше дека Борис беше таму
заради приватни причини.
Чанг ја прекина работата за да одговори на прашањето од Мила.
„Телото паѓало од високо. Од сериозноста и од бројот на
фрактурите што ги открив на скелетот, можеме да утврдиме дека
смртта настапила речиси моментално...“
Тоа „речиси“ содржеше и надеж и, во исто време, и болка.
„Очигледно никој не може да каже дали Били скокнал или бил
турнат...“
„Очигледно.“
Мила забележа дека на столот имаше една брошура за директори на

189
погребални компании, услуга што сигурно не ја испорачува
полицијата. Тоа мора да било идеја на Борис: да даде свои пари за да
се осигури дека Били добил пристоен погреб. На полицата се наоѓаа
ролшуите на Били, перфектно исполирани, и магнетофонот,
роденденскиот подарок од кого момчето никогаш не се двоело.
„Можеби Чанг открил каде се случила смртта“, рече Борис.
Медицинскиот истражител се упати накај неколкуте зголемени
фотографии на училишниот интернат.
„Телата паѓаат слободно и ја зголемуваат својата тежина заедно со
брзината: тоа е ефект на гравитационата сила. На крајот, изгледа
како да си згмечен наземи од невидлива рака. Значи, ние ги
комбинираме податоците во поглед на староста на жртвата – читајќи
од калцифицираноста на коските – со оние од обемот на фрактурите,
и можеме да ја процениме висината од која се случило паѓањето. Во
овој случај, тоа е повеќе од дватринаесет метри. Според тоа, ако ја
земеме предвид просечната висина на зградата и косината на
теренот, можеме да потврдиме со речиси стопроцентна сигурност
дека детето паднало од камбанаријата, на оваа точка овде... гледате
ли?“
Уште едно „речиси“ се измеша меѓу зборовите на Чанг додека го
покажуваше точното место на фотографијата. Во тој момент, еден
асистент се појави на вратата.
„Доктор Врос, баравте...“
За миг Мила не можеше да го поврзе медицинскиот истражувач со
неговото вистинско име. Беше јасно дека никој од неговите
потчинети не се осмелува да му се обраќа со Чанг.
„Извинете ме“, им рече, оставајќи ги сами.
„И јас треба да одам“, рече Мила, а Борис и кимна со главата.
Додека излегуваше, таа помина близу до полицата на која се наоѓаа
ролшуите и касетофонот на Били, и ги остави фигурите што ги купи.
Борис го забележа тоа.
„Неговиот глас е на лентата...“
„Што?“, праша таа, не разбирајќи докрај.
Борис со главата покажа накај касетофонот и повтори: „Гласот на

190
Били. Тој прави извештај за вести...“
Се насмевна. Но тоа беше тажна насмевка.
„Дали успеа да го ислушаш?“
Борис потврди со главата. „Да, само првиот дел, потоа не можев да
продолжам понатаму...“
„Сфаќам...“, рече едноставно Мила.
„Лентата е речиси перфектно зачувана, знаеш ли? Киселините
произведени од...“ – тој не можеше да го изговори тоа – „процесот на
распаѓање не ја оштетил. Чанг вели дека тоа се случува прилично
ретко. Можеби зависи од составот на земјата каде што бил погребан.
Немаше батерии, јас ставив.“
Мила се преправаше дека е изненадена, за да ја намали тензијата на
Борис. „Значи, касетофонот работи.“
„Се разбира. Јапонски е!“
Двајцата се насмеаја.
„Дали сакаш да го ислушаш целото со мене?“
Мила се замисли малку пред да одговори. Всушност, таа не го
сакаше тоа. Има нешта што би требало да се остават да почиваат
во мир, си мислеше. Но, во случајов, Борис имаше потреба да го
слуша и не сакаше да го одбие.
„Ок, тогаш, вклучи го.“
Борис отиде до касетофонот, го вклучи и, во таа студена
мртовечница, Били Мур се врати во живот.
„...Ние сме на легендарниот стадион Вембли, драги спортски
слушатели! Натпреварот е еден од оние што ќе влезат во
историјата на оваа игра: Англија против Германија.“
Тој имаше прекрасен глас, со шушкаво „ш“ поради што неговите
реченици честопати запнуваа. Неговите зборови содржеа призвук на
насмевка, и Мила помисли дека може вистински да го види Били,
млад и безгрижен, како се обидува на светот да му даде малку од
својата особена радост.
Мила и Борис се смееја со него.
„Температурата е блага, и дури и покрај тоа што е доцна есен,
нема проГноза за врнежи од дожд. Тимовите се веќе наредени на

191
линијата во центарот на кругот за да ги слушнат националните
химни... Трибините се преполни со навивачи! Каква глетка, дами и
господа! Набрзо ќе бидеме сведоци на голема фудбалска пресметка!
Но, првин листата на играчи кои ќе учествуваат во денешниот...
Ох, Господи, се извинувам и се каам со сето свое срце за гревовите,
затоа што по грешка ја заслужив твојата казна, и мноѓу повеќе од
тоа, бидејќи те навредив тебе, кој си бескрајно добар и вреден за
љубов повеќе од сите нешта.“
Мила и Борис се погледнаа меѓусебно, не разбирајќи. Зборовите
што на првата снимка течеа едноподруго, сега беа побавни.
„Тоа е молитва.“
„Но тоа не е Били.“
Ти нудам, со твоја света помош, никогаш повторно да не те
навредам, и да ги избегнувам сите можности за грев. Господару на
милосрдието, прости ми.“
„Ова е убаво.“
Глас на некој човек.
„Што имаш да ми кажеш?“
„Неодамна кажав многу лоши зборови. А пред три дни украдов
малку бисквити од шпајзот, но Џонатан јадеше со мене... И исто
така...ја препишав домашната по математика.“
„Ништо друго?“
„Ова мора да е отец Ролф“, забележа Мила.
„...“
„Размисли мошне внимателно, Рон.“
Името го олади студенилото во собата. И Роналд Дермис, исто така,
вратен во своето детство.
„Всушност... има нешто...“
„И дали сакаш да ми кажеш за тоа?“
„...Не.“
„Ако не ми кажеш, како можам да ти простам?“
„...Не знам.“
„Знаеш што му се случи на Били, нели Рон?“
„Господ го зеде.“

192
„Тоа не беше Господ, Рон. Знаеш ли кој беше тоа?“
„Тој падна. Падна од кулата.“
„Но, ти беше со него...“
„...Да.“
„Чија беше идејата да се качите горе?“
„Некој ги скрил неговите ролшули во кулата.“
„Ти ли го стори тоа?“
„И дали, исшо шака, го шурна?“
„...“
„Никој нема да те казни ако ми кажеш што се случи. Ти ветувам.“
„Тој ми кажа.“
„Кој? Били? Дали Били те замоли да го турнеш?“
„Не.“
„Значи, беше некое друго од момчињата?“
„Не.“
„Тогаш, кој?“
„...“
„Рон“
„Да“
„Ајде, одговори ми. Таа личност за која ми зборуваш не постои,
нели? Таа е само дел од твојата фантазија...“
„Не.“
„Овде нема никој друг. Само јас и твоите другари.“
„Тој доаѓа само за мене.“
„Слушај ме, Рон: Сакам да кажеш дека ти е многу жал за тоа
што му се случи на Били.“
„.. Многу ми е жал за тоа што му се случи на Били.“
„Се надевам дека така и мислиш... Во секој случај, ова ќе остане
тајна меѓу мене, тебе и Господ Бог.“
„ОК“
„Никому друг не смееш да зборуваш за ова.“
„ОК“
„Те ослободувам од твоите гревови. Во името на Отецот, Синот
и на Светиот дух. Амин.“

193
„Амин.“

194
17

Б араме личност по име Роналд Дермис“, изјави Роше пред


набиениот аудиториум, зборувајќи пред камерите и во
микрофоните. „Има околу триесет и шест години. Има кафеава коса,
кафеави очи и светол тен.“
Тој покажа слика направена врз основа на фотографијата на која тој
е заедно со своите другари, што хипотетички го претставуваше
возрасниот Рон. Сликата ја држеше високо, додека блицовите
светкаа.
„Имаме причина да веруваме дека тоа лице е вмешано во
грабнувањето на исчезнатите момички. Молиме секој кој го знае, кој
има каква и да е информација во врска со него, или имал некаков
контакт со него во последниве триесет години, да ја информира
полицијата. Ви благодарам.“
Последните зборови активираа хор од прашања и молби од
новинарите. „Господине Роше!... Главен инспекторе!... Едно
прашање!...“
Роше ги игнорираше, напуштајќи ја собата од задната врата.
Ова беше неизбежен потег. Тие мораа да ги вклучат сирените за
тревога.
Откритието на Мила и на Борис беше следено од два ужасни часа.
Ситуацијата сега беше јасна.
Отец Ролф го снимил признанието на Рон на касетофонот на Били.
Потоа го закопал со него – како некој што садејќи семе знае дека
порано или подоцна ќе има плод – со надеж дека еден ден вистината
сите ќе ги искупи. Некој кој, наспроти годините на невиност, го
признал своето ужасно злосторство. Некој кој бил негова жртва. И
некој кој си ја зел бељата да го закопа под два метра земја.
...Во секој случај, ова ќе остане тајна меѓу мене, тебе и Господ
Бог...
Горан праша: „Како Алберт знаел за сево ова? Отец Ролф и Рон
биле единствените кои ја знаеле тајната. Значи, единственото можно

195
објаснување е дека Алберт и Рон се една иста личност.“
Можеби решението да се вмеша Александар Берман треба исто
така да се чита во тој контекст. Криминологот не можеше да се сети
кој му кажа дека нивниот сериски убиец избрал педофил затоа што
најверојатно бил злоупотребуван како дете. Можеби тоа беше Сара
Роза. Но Стерн веднаш ги отфрли хипотезите, а Гавила се согласи со
него. Сега треба да признае дека можеби грешел.
„Педофилите претпочитаат нивни жртви да бидат сираци и деца
скитници, затоа што немаат никого за да ги заштити.“
Горан си се лутеше самиот себеси затоа што порано не дошол до
тој одговор. А од самиот почеток пред очи му беа сите делчиња на
мозаикот. Наместо тоа, тој си дозволи себеси да биде заведен од
идејата дека Алберт е вешт стратег.
„Сериските убијци ни ја кажуваат својата приказна со тоа што го
прават: приказната за својот внатрешен конфликт“, постојано им
повторуваше на своите студенти.
Тогаш, зошто беше заведен од различни претпоставки?
„Тој ја употреби мојата арогантност за да ме измами. Само можев
да видам дека се обидува да не предизвика. А јас сакав да мислам
дека се соочуваме со противник кој се обидува да биде поумен од
мене.“
Откако ја гледаше прес-конференцијата на Роше на телевизија,
криминологот уште еднаш го собра тимот во пералницата на
сиропиталиштето, каде што беше најдено телото на Анеке. Му
остави впечаток како најпогодно место повторно да ја промовира
истрагата. Неговата кратка теа culpa послужи да ги растера сите
сомнежи во врска со идејата дека тие се уште се тим, а не само
лабораторија за експерименти.
Телото на втората момичка беше тргнато пред извесно време, а
мермерниот базен исушен од солзите. Се што беше останато таму
беа халогените ламби и звукот на генераторот. Наскоро и тие ќе
бидат однесени.
Горан побара да присуствува и отец Тимотеј. Свештеникот
пристигна задишан и видливо вознемирен: и покрај тоа што во

196
просторијата немаше ништо што потсетува на местото на
злосторството, тој и понатаму се чувствуваше мошне непријатно.
„Нема трага од отец Ролф“, почна младиот свештеник. „И јас
навистина мислам дека...“
„Отец Ролф мора да умрел досега“, го прекина грубо Горан. „Во
спротивно, ќе слушневме нешто од него по апелот на Роше.“
Отец Тимотеј се чинеше шокиран. „Тогаш, што можам да направам
за Вас?“
Горан застана за миг за да ги избере зборовите. Потоа, вртејќи се
накај секого од нив рече: „Може ќе ви се чини невообичаено, знам...
но би сакал да се помолиме.“
Роза не можеше да ја скрие својата вџасеност. Ниту Борис, кој
веднаш размени поглед со неа. Мила беше збунета. Стерн, кој беше
мошне религиозен, не толку. Тој беше прв кој ја поздрави сугестијата
на Горан. Тој застана во центарот на просторијата и ги испружи
рацете за да ги дофати рацете на другите за да формираат круг. Мила
беше следна. Роза неволно ја следеше. Борис беше најмногу против,
но не можеше да го одбие барањето на д-р Гавила. Отец Тимотеј
кимна со главата, најпосле спокоен, пред да го заземе своето место
меѓу нив. Горан не знаеше ниту една молитва, и можеби немаа дури
никаква молитва соодветна за тој повод. Како и да е, тој се обиде, со
тажен глас.
„Неодамна бевме сведоци на ужасни нешта. Она што се случи овде
не може да се опише со зборови. Јас не знам дали постои Бог. Но
секогаш посакував да го има. Знам сигурно дека постои зло. Затоа
што злото може да биде покажано. Бог може само да биде сведок.
Но, тоа не е доволно за нас, кои имаме потреба од конкретен доказ...“
Горан направи пауза. „Ако има Бог, би сакал да го прашам... Зошто
требаше да умре Били Мур? Од каде дојде омразата на Роналд
Дермис? Што се случило со него за време на овие години? Како
научил да убива? Што го натерало да го избере злото? И зошто тој не
стави крај на сиот овој ужас?“
Прашањата на Горан висеа во тишината што ги опкружуваше.
„Кога ќе посакате, оче...“, рече безгрешниот Стерн малку потоа.

197
И отец Тимотеј ја презеде контролата над малиот собир. Тој ги
состави рацете и почна да ја отпејува светата химна. Неговиот глас –
сигурен и прекрасен – го освои просторот со ехо и почна да се виори
наоколу. Мила ги затвори очите и дозволи да биде понесена од
неговите зборови. Тие беа на латински, но нивното значење би
можело да биде разбирливо дури и за најглувиот човек. Со тоа пеење,
отец Тимотеј носеше мир онаму каде што беше хаос, прочистувајќи
се од сквернавењето на злото.

П исмото беше адресирано до Одделот за бихевиористички науки.


Би можело да се класифицира како дело на некој патолошки
лажливец, ако ракописот не покажуваше сличности со парчето
чкрабаници што Роналд Дермис ги изработил како дете.
Беше напишано на лист од вежбанка со најобично хемиско пенкало.
Испраќачот не се грижел затоа што остава отпечатоци од прстите на
страницата.
Очигледно, Алберт немал потреба од прикривање.

За оние кои ме прогонуваат Били б еше копиле.


КОПИЛЕ! И јас б ев во право што го убив го
мраз ев тој ке не повр ед еше бид ејки имаше
фамилија а ние не она што ми го направи
мене уште б еше полошо а НИКОЈ не дојд е да ме
спаси НИКОЈ. Секогаш сум тука пр ед вашите
очи а вие не ме гледате потоа ТОЈ дојд е. ТОЈ ме
разбра. ТОЈ ме научи б еше ти кој ме сакаше
ваков ти не ме вид е сега дали ме гледаш?
Полошо за теб е ке бид е се ке бид е твоја гр ешка јас
сум тоа што сум. НИКОЈ може да спр ечи се
ова НИКОЈ.
РОНАЛД

Горан направи копија од писмото за да може да го проучи

198
подетално. Тој ќе ја мине таа ноќ дома, со Томи. Навистина
посакуваше една вечер со Томи. Поминаа денови откога воопшто го
немаше видено.
Тој влезе во станот и веднаш го слушна како доаѓа.
„Како си помина, тато?“
Горан го зграпчи и го крена во срдечна прегратка.
„Не можам да се пожалам. А ти како си?“
„Добар.“
Тоа беа волшебни зборови. Син му научи да ги употребува кога
двајцата беа одвоени еден од друг. Како да кажува дека Горан нема
причина за загриженост, затоа што „тој е добар.“ Мајка му не му
недостасуваше. Тие научија таа да не им недостасува.
А тоа се случи набрзо откако си замина. Предметот беше затворен
со тие едноставни зборови. Се беше усогласено. Ајде, ние се сеќаваме
колку многу боли да се биде без тебе. Сега можеме да продолжиме
со нашите животи.
И тоа така се случи.
Горан донесе едно ќесе што Томи нестрпливо го истражи.
„Ох, вау! Кинеска храна!“
„Помислив дека можеби сакаш малку да отстапиш од менито на
сињора Руна.“
Томи направи гадлива фаца. „Ги мразам нејзините топчиња од
месо! Става премногу нане во нив, имаат вкус на паста за заби.“
Горан се насмеа: момчето, всушност, имаше право.
„ОК, оди и измиј си ги рацете.“
Томи отрча кон бањата. Кога се врати, почна да го подготвува
приборот за јадење. Горан премести многу од кујнскиот прибор долу
од горните полици кои беа повисоки отколку што детето можеше да
ги дофати: сакаше да му создаде чувство дека е дел од нивниот нов
семен аранжман. Заедничкото работење значеше дека тие сега треба
да внимаваат еден на друг, така што ниту еден од нив не смееше да
се предаде. Ниту еден од нив не дозволи да и се препушти на тагата.
Томи зеде чинија, во која ги стави пржените кнедли и слатко-
киселиот сос, додека татко му го ставеше кантонскиот ориз во две

199
подлабоки чинии. Имаа и стапчиња за јадење, а наместо пржен
сладолед, Горан беше купил кутија со чоколаден и сладолед од
ванила.
Додека вечераа, разговараа за изминатиот ден. Томи му кажа како
напредуваат неговите планови за летното кампување. Горан го праша
за училиштето и беше горд што дозна дека неговиот син добил
одлични оценки по гимнастика.
„Јас бев вошкар по речиси сите спортови“, му призна Горан.
„Во кој беше добар?“
„Во шах.“
„Шахот не е спорт!“
„Како мислиш? Го играат на олимпијадите, нели?“
Томи не изгледаше убеден докрај. Но тој научи дека татко му
никогаш не зборува лаги. Тоа, всушност, беше тешка лекција. Затоа
што првиот пат кога го праша за мајка си, Горан му ја кажа целата
вистина. Не вртејќи се како мачка околу жешко млеко. „Со тоа нема
шега“, како што Томи секогаш велеше кога бараше нечија лојалност.
И татко му веднаш се согласи. Не заради одмазда или за да ја казни
неговата мајка. Лагите – или, полошо, половичната вистина – само ќе
ја зголемеа нервозата кај детето. Самиот себеси ќе се најдеше соочен
со големи лаги: со лагата на својата мајка, која си замина, и со онаа
на својот татко, кој немал храброст да му каже.
„Ќе ме учиш ли еден ден да играм шах?“
„Се разбира.“
Со тоа свечено ветување, Горан го легна в кревет. Потоа отиде и се
затвори во својата работна соба. Го зеде писмото од Роналд и го
прочита по којзнае кој пат. Едно нешто му падна в очи во врска со
текстот уште кога го читаше првиот пат. Реченицата: ТОЈ дојде. ТОЈ
ме разбра. ТОЈ ме научи.
Зборот „ТОЈ“ намерно беше напишан со големи букви. Горан го
имаше слушнато и претходно тој чуден начин на обраќање. Тоа беше
на лентата со признанието на Роналд за отец Ролф.
Тој доаѓа само за мене.
Тоа беше јасен пример на лично дистанцирање, кога негативното

200
Јас секогаш е одвоено од активното Јас. И станува Тој.
„Тоа бев ЈАС. Но ТОЈ ми кажа да го сторам тоа. НЕГОВА грешка е
што јас сум тој што сум.“
Во тој контекст, секој друг станува „НИКОЈ.“ И тоа, исто така,
напишано со големи букви.
НИКОЈ не дојде да ме спаси. НИКОЈ не може да го спречи сето
ова.
Рон сакал да биде спасен. Но сите го имале заборавено, како и
фактот дека тој, на крајот од краиштата, бил само дете.

Т аа излезе за да земе нешто за јадење. И по бесцелното талкање


меѓу продавниците и рестораните што рано ги затвориле поради
времето, Мила мораше да се задоволи со некаква готова супа од една
бакалница. Си помисли дека ќе ја подгрее во микробрановата што ја
забележа во кујната на студиото. Но доцна се сети дека не е сигурна
дали таа функционира.
Се врати во станот пред вечерниот сув студ да и ги парализира
мускулите за да не може да оди. Посака да ги има своите тренерки и
патики за трчање: поминуваше цел ден не движејќи се многу и
млечната киселина се насобираше околу нејзините зглобови,
отежнувајќи и го движењето.
Додека се подготвуваше да се качи по скалите, ја виде Сара Роза
надвор на тротоарот, во жив разговор со еден човек. Тој се
обидуваше да ја смири, но без видлив успех. Мила си помисли дека
тој мора да е нејзиниот сопруг, и почувствува големи симпатии за
него. Пред да може да ја забележи хартијата 4 и потоа да има причина
повеќе да ја мрази, Мила влезе во зградата.
На скалите налета на Борис и на Стерн, кои слегуваа надолу.
„Каде одите?“
„Повикани сме во Одделот за да провериме како се одвива
потерата“, и одговори Борис, ставајќи цигара во устата. „Сакаш да
дојдеш?“
„Не, благодарам.“

201
Борис ја забележа супата. „Тогаш, bon appetit.“
Мила продолжи да се качува и го слушна како му се обраќа на
постариот колега: „Би требало повторно да почнеш да пушиш.“
„Подобро би било и ти да се откажеш...“
Мила го препозна звукот на кутичето од пеперминт бонбоните на
Стерн и се насмевна.
Во студиото сега беше сама. Горан отиде дома, за да ја помине
вечерта со својот син. Таа беше малку разочарана. Се навикна тој да
биде тука и ги сметаше за интересни неговите истражувачки методи.
Да не ја ни спомнува молитвата тој ден. Да беше жива мајка и и да ја
видеше како учествува во тој ритуал, не ќе им веруваше на своите
очи.
Микробрановата функционираше. И супата не беше толку лоша.
Или, можеби, нејзината глад придонесе да и се чини повкусна
отколку што беше. Со послужавник и со лажичка, Мила седна во
гостинската соба, среќна што има малку време само за себе.
Седна скрснозе на камп-креветот. Раната на нејзиното лево бедро ја
почувствува малку затегната, но таа полека зацелуваше. Секогаш се
зацелува, си помисли. Меѓу два залака, таа ја зеде фотокопијата од
писмото на Дермис и ја стави пред себе. Го проучуваше писмото
додека продолжи да јаде. Се разбира, Роналд избрал мошне чуден
момент повторно да се појави со своето дело. Но имаше нешто во
зборовите што не беше целосно усогласено. Мила немаше храброст
да му го каже тоа на Горан, затоа што сметаше дека не може да и
даде никаков совет. Но, идејата ја измачуваше цело попладне.
Писмото, исто така, им беше достапно и на медиумите, што беше
сосема невообичаено. Јасно, Гавила реши да го скрши егото на
нивниот сериски убиец. Тоа беше како да му велеше: „Гледаш ли? Ти
посветуваме внимание!“, иако, всушност, тој само сакаше да му го
оттргне вниманието од малата момичка што ја држеше како
заробеник.
„Не знам колку долго ќе може да му одолева на импулсот за
убивање“, беше кажал неколку часови порано.
Мила се обидуваше да ја изгони таа мисла од умот, и повторно се

202
фокусира врз писмото. Беше изнервирана од формата што Роналд ја
избрал за своето послание. Тоа беше она што таа го сметаше за
противречно. Не можеше да каже зошто, но текстот сместен сред
страница, во форма на една непрекината низа, ја оневозможуваше во
целост да ја „фати“ неговата содржина.
Таа реши да го прекине тоа. Го остави послужавникот и зеде нотес
и едно пенкало.
за оние кои ме прогонуваат:
– били беше КОПИЛЕ! и јас бев право да го убијам, го мразев.
тој ќе не повредеше. затоа што тој имаше фамилија а ние не.
– што ми направи мене беше полошо! и НИКОЈ не дојде да ме
спаси! НИКОЈ!
– секогаш бев тука пред вашите очи а вие не ме гледавте
– потоа ТОЈ дојде. ТОЈ ме разбра. ТОЈ ме научи
– тоа беше ти кој ме сакаше ваков ти не ме виде сега дали ме
гледаш? полошо за тебе на крај ќе биде се твоја грешка
– јас сум тоа што сум. НИКОЈ не може да спречи сето ова
НИКОЈ.
– РОНАЛД

М ила го препрочита писмото – еднаш. Тоа беше тирада, полна


со омраза и со злоба. Беше секому упатено, без правење
разлика. Затоа што во неговата свест на убиец, Били претставуваше
нешто големо што впива се. Нешто што Рон никогаш не ќе биде
способен да го има.
Среќа.
Били беше ведар, дури и покрај фактот што бил сведок на
самоубиството на своите родители. Били ќе беше посвоен, и покрај
тоа што беше штитеник од втора категорија. Били беше сакан од
секого, и покрај тоа што за возврат немаше ништо да понуди.
Убивајќи го, Роналд засекогаш ја избриша неговата насмевка од
лицемерното лице на светот.
Но, колку што ги препрочитуваше тие зборови, Мила толку повеќе

203
сфаќаше дека речениците во писмото не беа признание или
предизвик – тие беа одговори. Како некој да го испрашувал Роналд, а
тој не можел да чека да го напушти молчењето во кое толку долго
бил затворен, сакал да се ослободи себеси од тајната што му ја
наметна отец Ролф.
Но кои биле тие прашања? И кој ги поставувал?
Мила повторно се сети на она што го кажа Горан за време на
молитвата.
За фактот дека доброто не може да се покаже, додека постојано се
среќаваме со примери на зло токму пред нашите очи. Докажано.
Роналд сметал дека тој направил позитивна, неопходна акција
убивајќи некој ист како себе – сирак. За него, Бил го претставувал
злото. И кој би можел да докаже дека тој не направил нешто добро?
Неговата логика беше перфектна. Затоа што Били Мур, како што
растел, лесно можел да стане мошне лош човек. Кој навистина би
можел да каже?
Посетувајќи го Саботното училиште како мала момичка, Мила
постојано имаше едно прашање што си го поставуваше себеси. Кога
порасна, прашањето остана во неа.
Ако Бог е добар, зошто дозволува да умираат деца?
Ако се размисли за ова, тоа навистина е контраст со идеалите за
љубов и правда кои го исполнуваат Евангелието.
Но судбината да се умира млад е можеби единствената што Бог ја
резервирал за своите најлоши деца. И можеби децата кои таа ги
спаси би можеле да се преобратат во убијци, или во сериски убијци.
Многу веројатно, она што таа го правеше беше погрешно. Доколку
некој ги убиел Адолф Хитлер, или Џефри Дахмер, или Чарлс Менсон
кога тие се уште биле во пелени, дали тоа би било добар или лош
чин? Но нивните убијци ќе беа казнети и проколнати, а сигурно не
прославувани како спасители на човештвото!
Таа заклучи дека доброто и злото честопати се испревртуваат. Дека
едното понекогаш е инструмент на другото и vice versa.
Токму како што зборовите на молитвата можат да бидат
испревртени со делириумот на убиецот, си мислеше таа.

204
Одненадеж се појави познатото треперење на почетокот на
нејзиниот врат. Како некој да се појавува од скриено место зад неа.
Потоа ја повтори во себе последната мисла и во тој миг сфати дека
таа ги знаела прашањата на кои Роналд се обидуваше да даде
одговори во своето писмо.
Тие беа содржани во молитвата на Горан.
Таа се бореше да се сети на нив, и покрај тоа што ги слушна само
еднаш. Направи различни верзии во својот бележник. Го згреши
редоследот и мораше да почне од почеток, но конечно, тие беа таму,
точно пред нејзините очи.
Потоа се обиде да ги усогласи со речениците во писмото. Повторно
да го склопи тој дамнешен дијалог.
Најпосле таа се препрочита повторно...
И се беше сосема јасно уште во првата реченица.

За оние кои ме прогонуваат.

Овие зборови се однесуваа на нив, на полицијата. Да одговорат на


прашањата што криминологот ги кажуваше во тишината...

Зошто мораше да умре Били Мур?

били беше копиле КОПИЛЕ! и јас имав право да го убијам. јас го


мразев. тој ќе не повредеше затоа што тој имаше семејство а ние
не…

Од каде доаѓаше омразата на Роналд Дермис?

тоа што ми го направи мене беше полошо! и НИКОЈ дојде да ме


спаси! НИКОЈ.

Што се случи со него во текот на овие години?

јас секогаш бев тука пред вашите очи, а вие не ме видовте.

205
Како научил да убива?

потоа ТОЈ дојде. ТОЈ ме разбра. ТОЈ ме научи.

Што го натерало да го избере злото?

тоа беше ти што ме сакаше ваков. Ти не ме виде. Сега дали ме


гледаш? полошо за тебе на крајот ќе биде се твоја грешка.

И зошто не стави крај на сиот овој ужас?

јас сум тој што сум. НИКОЈ може да го спречи сево ова. НИКОЈ.

Мила не знаеше што да мисли. Но, одговорот на нејзиното прашање


можеби лежи на крајот од писмото.
Името.

РОНАЛД

Ќе мора веднаш да ги провери своите претпоставки.

206
18

С негот паѓаше од темновиолетовите облаци на натежнатото небо.


Мила успеа да најде такси дури по четириесет минутно чекање
на улицата. Кога слушна каде оди, таксистот протестираше. Рече
дека е премногу далеку оттука, и ноќе, по тоа ужасно време, никогаш
нема да најде друг патник за да не се враќа празен. Дури кога Мила
му понуди двапати поголема сума од редовната тарифа, тој го смени
мислењето.
На патот веќе беа натрупани неколку сантиметри снег, правејќи го
беспредметно фрлањето сол. Возењето беше можно само со синџири,
а механизмите очигледно негодуваа поради тоа. Воздухот во таксито
беше застоен, а на совозачкото седиште Мила забележа остатоци од
ќебапи со кромид. Мирисот се мешаше со оној на бор од освежувачот
за воздух што директно доаѓаше преку отворите за греење. Тоа
навистина не беше пријатен начин да се примаат патници.
Додека го поминуваа градот, Мила ги среди своите идеи. Беше
сигурна дека нејзината замисла држи и, како што се приближуваа до
местото каде што се упатија, нејзината убеденост, дури, и се зголеми.
Помисли да му се јави на Гавила за потврда, но телефонот речиси и
беше со празна батерија. Затоа го одложи јавувањето, додека не го
најде тоа што го бара.
Кога стигнаа до наплатните рампи на автопатот, полицијата ги
враќаше автомобилите назад.
„Има премногу снег, опасно е!“, им кажуваа полицајците на
возачите.
Неколку камиони со приколки беа паркирани на работ од патот,
надевајќи се дека ќе го продолжат своето патување следното утро.
Таксито ја помина блокадата на патот и се одвои на споредниот
пат. До сиропиталиштето можеше да се стигне без да се вози по
автопатот. Порано, најверојатно ова бил единствениот пат дотаму, а
таксистот, за среќа, го познаваше.
Таа го замоли да застане близу до портата. Мила дури и не помисли

207
да го замоли да ја почека и му ги подаде парите. Беше сигурна дека
не згрешила, затоа што наскоро, местото повторно ќе биде полно со
нејзини колеги.
„Не сакате ли да останам додека не го завршите тоа што треба?“, ја
праша човекот кога го виде трошниот изглед на зградата.
„Не, благодарам, само одете.“
Такси-возачот не инсистираше, туку го сврти автомобилот и уфрли
во прва, оставајќи зад себе слаба реа на ќебапи и на кромид.
Мила се прекачи преку вратата и зачекори по земјената патека,
додека нозете и пропаѓаа во калниот снег. Таа знаеше дека
полицијата, следејќи ги наредбите на Роше, ги тргнала своите
патроли. Беше тргнат дури и кампот на мобилната единица. Таму
немаше ништо што би било интересно за истражување.
Се до ноќва, си помисли таа.
Дојде до предниот дел на зградата, но бравата на вратата, откако
насилно беше отворена од специјалците, веќе беше сменета. Се
заврти накај свештеничката куќа, прашувајќи се дали отец Тимотеј
се уште е буден.
Таа помина толкав пат и немаше друг избор.
Се упати накај живеалиштето на свештеникот. Неколкупати чукна
на вратата, додека на прозорецот на вториот кат не се виде светло.
Отец Тимотеј се појави еден момент подоцна.
„Кој е?“
„Оче, јас сум агент Васкез. Се сретнавме претходно, се сеќавате
ли?“
Свештеникот се обиде да ги фокусира очите на неа, сред снегот
што паѓаше.
„Да, се разбира. Што барате во ова време на ноќва? Мислев дека
веќе сте ја завршиле својата работа овде...
„Знам, но извинете, има нешто што треба да го проверам во
пералницата. Можете ли да ми ги дадете клучевите, Ве молам?“
„Добро, ќе слезам долу.“
Мила веќе почна да се чуди зошто му треба толку долго да слезе,
кога неколку моменти подоцна слушна звук на ѕвечкање зад вратата

208
додека тој го отвораше резето. Го виде како се појавува завиткан во
износен плетен волнен џакет со дупки на лактите и со вообичаениот
благ израз на лицето.
„Вие треперите.“
„Не грижете се, оче.“
„Влезете внатре и исушете се малку, додека ги побарам клучевите.
Знаете, оставивте голем неред зад вас.“
Мила го следеше во куќата. Ненадејната топлина предизвика брзо
да се почувствува пријатно.
„Само што ќе си легнев.“
„Жалам“
„Во ред е. Може ли да Ви донесам чај? Секогаш го приготвувам
пред да одам на спиење, ме релаксира.“
„Не, благодарам. Би сакала да се вратам што побрзо.“
„Напијте се, добро ќе Ви дојде. Веќе го направив, само треба да го
сипете во шолјите. Во меѓувреме, јас ќе ги најдам клучевите.“
Тој излезе од собата, а таа се упати накај малата кујна што и ја
покажа свештеникот. Чајникот беше на масата. Неговата миризлива
пареа допре до неа и Мила не можеше да одолее. Си наполни една
шолја и стави големо количество шеќер. Таа се потсети на бедниот
студен чај што Фелдер се обиде да им го даде нејзе и на Борис да го
пијат, во неговата куќа на ѓубриштето. Господ знае од каде ја зел
водата за да го приготви.
Отец Тимотеј се врати со голем сноп клучеви. Се уште се
обидуваше да го најде вистинскиот.
„Се чувствуваш подобро сега, нели?“, и се насмевна свештеникот,
задоволен што инсистираше.
Мила му возврати со насмевка: „Да, многу подобро.“
„Еве ги: ова би требало да е оној што ја отвора главната врата...
Сакате ли да дојдам со Вас?“
„Не, благодарам“, и веднаш забележа дека свештеникот се
ослободи. „Но, можете да ми направите услуга.“
„Кажете ми.“
Таа му даде едно парче хартија. „Ако не се вратам по еден час,

209
повикајте го овој број и побарајте помош.“
Отец Тимотеј побледе. „Мислев дека опасноста помина.“
„Ова е само претпазливост. Не мислам дека нешто ќе ми се случи.
Тоа е само затоа што не знам како да се движам низ зградава; би
можела дури да имам незгода... и, таму нема светло.“
Кога ги кажа последните зборови, таа сфати дека постоеше еден
детаљ што воопшто не го зеде предвид. Како мислеше да го направи
тоа? Немаше струја, а генераторот што го употребуваа за халогените
ламби најверојатно беше расклопен и однесен заедно со другиот дел
од опремата.
„По ѓаволите!“, викна таа. „Немате ли случајно батерија?“
„Жал ми е, госпоѓо... Но, ако имате мобилен телефон, можеби
можете да го употребите светлото од екранот.“
Таа не помисли на тоа.
„Благодарам за советот.“
„Добредојдена сте повторно.“
Малку потоа, Мила излезе надвор во студената ноќ, додека
свештеникот едноподруго ги затвораше резињата на вратата.
Одеше надолу по стрмнината додека не стигна пред главната врата
на сиропиталиштето. Го вовлече клучот во бравата и слушна како во
просторот на другата страна исчезнува ехото од отклучувањето. Ја
турна огромната врата и повторно ја затвори зад себе.
Беше внатре.

Г улабите собрани околу светларникот го поздравија нејзиното


присуство со трескавично павкање на крилјата. Екранот од
нејзиниот мобилен даваше нејасно зелено светло, откривајќи само
мал дел од она што беше пред неа. Непроѕирна темница лежеше во
исчекување на работ на тој меур од светлина, подготвена во секој
момент да се втурне и да ја нападне.
Мила се обиде да се потсети како да стигне до пералницата. И
тргна.
Звукот од нејзините чекори ја повредуваше тишината. Воздухот од

210
дишењето се кондензираше од студот. Наскоро се најде во кујната и
ги распозна контурите на големите железни котли. Потоа влезе во
трпезаријата, каде што требаше да внимава да не се судри со
пластичните трпези. Удри во една од нив со своето бедро, кутинајќи
еден од столовите ставени озгора. Вревата, засилена од ехото, беше
речиси заглушувачка. Ставајќи ја на место, Мила го виде отворот
што водеше накај долниот кат преку тесните спирални скали. Таа
влезе во внатрешноста и полека слегуваше по скалите, лизгави од
долгогодишната употреба.
Стигна до пералницата.
Разврти со телефонот за да разгледа околу себе. Во мермерниот
базен каде што беше најдено телото на Анеке, некој оставил
цвеќиња. Мила си припомни и на молитвата што сите заедно ја
кажаа во таа просторија.
И почна да бара.
Најпрвин, бараше покрај рабовите на ѕидовите, потоа помина со
прстите врз подните штици. Ништо. Не сакаше да размислува колку
време ќе помине додека мобилниот телефон остане без батерија.
Помалку поради веројатноста да се најде повторно во темница, а
повеќе поради тоа што без таа светлина ќе и треба многу повеќе
време да го најде тоа што го бара. По еден час, отец Тимотеј ќе дојде
на помош, а таа ќе се преправа дека многу жали. Мора да побрза.
Каде е тоа?, си мислеше. Знам дека е некаде тука...
Мошне силна и ненадејна врева предизвика срцето да и запре во
градите. Тоа се случи неколку минути пред да сфати дека тоа беше
само ѕвонењето на нејзиниот телефон.
Го заврти екранот накај себе и прочита: Горан.
Го стави на хендс-фри и одговори.
„Нема ли никој во студиото? Најмалку десет пати ѕвонев
последниов час.“
„Борис и Стерн излегоа, но Сара Роза би требало да е таму.“
„А каде си ти?“
Мила помисли дека нема резон да го лаже. И покрај тоа што
воопшто не беше сигурна во своите претпоставки, таа реши да му

211
каже.
„Мислам дека Роналд не слушал претходната вечер.“
„Што те натера да го помислиш тоа?“
„Го споредив неговото писмо со прашањата што си ги постави за
време на нашата молитва. Тие се изгледаат како одговори...“
„Тоа е одличен заклучок.“
Криминологот не изгледаше многу изненаден. Можеби тој дошол
до истиот заклучок. Мила се почувствува малку глупаво што
помисли дека би можела да го изненади.
„Но не ми одговори на прашањето: Кај си сега?“
„Го барам микрофонот.“
„Кој микрофон?“
„Оној што Роналд го ставил во пералницата.“
„Во сиропиталиштето ли си?“
Гласот на Горан наеднаш се вознемири.
„Да“
„Треба веднаш да излезеш оттаму!“
„Зошто?“
„Мила, не постои микрофон!“
„Сигурна сум дека...“
Горан ја прекина: „Слушај, полицајците ја пребараа целата област,
тие би го нашле!“
Таа веднаш се почувствува вистински глупава. Криминологот беше
во право: можеше ли да биде толку будалеста да не го земе тоа
предвид? На што мислеше таа?
„Тогаш, како...“ Таа не ја заврши реченицата. Една проѕирна капка
замрзната вода и се слизна низ ’рбетот. „Тој беше овде.“
„Молитвата беше само трик за да го извадам на отворено.“
„Зошто не помислив на тоа порано?“
„Мила, за љубов на Бога излегувај оттаму!“
Во тој миг таа сфати каков ризик презеде. Брзо го извади пиштолот
и тргна назад, накај излезот, што се наоѓаше најмалку двесте метри
оддалечен од местото каде што се наоѓаше. Огромна далечина за да
може да се помине за миг.

212
„Кој би можел да биде тоа?“, се прашуваше Мила додека се
качуваше по спиралните скали накај трпезаријата.
Бидејќи забележа дека нозете и откажуваат, таа го откри одговорот.
„Чајот...“
На телефонската линија се појавија пречки. Го слушна Горан во
слушалките како ја прашува: „Што?“
„Отец Тимотеј е Роналд, нели?“
Пречки. Шуштење. Повторно пречки.
„Да! По смртта на Били Мур, отец Ролф ги отпуштил сите од
сиропиталиштето пред датумот на затворањето. Освен Роналд. Го
задржал со себе, плашејќи се од неговиот карактер и надевајќи се
дека ќе може да го држи под контрола.“
„Мислам дека ме издрогира...“
Гласот на Горан не се слушаше добро. „.. рече? Неј... ќам...“
„Мислам...“ Мила се обиде да повтори, но зборовите и застанаа во
устата.
Таа падна нанапред.
Слушалките испаднаа од нејзините уши. Телефонот го испушти од
раката и тој се лизна под една од масите. Чукањето на срцето и се
забрза од паника, разнесувајќи ја дрогата низ нејзиното тело.
Сетилата и отапеа. Но, успеа да ги слушне зборовите на Горан преку
слушалките кој викаше: „Мила! Мила... кажи нешто!... учува?“
Таа ги затвори очите, плашејќи се дека нема да може повторно да
ги отвори. Тогаш си рече себеси дека не сака да умре на место како
ова.
„Адреналин... ми треба адреналин...“
Таа знаеше како да го добие. Се уште цврсто го држеше пиштолот
во својата десна рака. Таа ја насочи цевката малку покрај
делтоидниот мускул на рамото. И истрела. Куршумот ја раскина
кожата на нејзиниот жакет и и го проби месото, одѕвонувајќи
наоколу во пеколот што ја опкружуваше. Нејзиниот вресок ја проби
вревата. Но, тоа ја освести.
Горан јасно го викаше нејзиното име: „Мила!“
Таа се довлечка до светлината од телефонскиот екран. Го крена

213
телефонот и му одговори на Гавила.
„Се е ОК.“
Се исправи на нозе и повторно почна да оди. И требаше огромен
напор да направи и само еден чекор. Таа се чувствуваше како да е во
некој од оние сништа каде што некој те брка, а ти не можеш да
трчаш поради тешките нозе, небаре си до колена во некоја густа
течност.
Повредата и пулсираше, но не крвавеше многу. Добро го одмерила
истрелот. Ги стисна забите и, чекор по чекор, чувствуваше како
излезот станува се поблизу и поблизу.
„Ако знаеше се, зошто веднаш не го уапси тоа копиле?“, викна таа
во телефонот. „И зошто јас не бев информирана?“
Гласот на криминологот беше повторно јасен. „Извини, Мила.
Сакавме ти да продолжиш да се однесуваш со него природно, за да
не го предизвикаме неговото сомневање. Го посматравме отстрана.
Инсталиравме сигнални покажувачи на движењето на неговиот
автомобил. Се надевавме дека ќе не одведе до шестата момичка...“
„Но тој не го стори тоа...“
„Затоа што тој не е Алберт, Мила.“
„Но тој се уште е опасен, нели?“
Горан остана молчејќи, за миг предолго. Беше опасен.
„Јас кренав тревогата, тие се на пат накај тебе. Но ќе потрае
извесно време; контролниот кордон има радиус од неколку
километри.“
Што и да направат, ќе биде премногу доцна, си помисли Мила. По
тоа време и со дрогата што циркулира низ нејзиното тело, одземајќи
и ја силата, немаше надеж. И таа го знаеше тоа. Требаше да го слуша
тој глупав таксист кога се обиде да ја обесхрабри да дојде овде! И –
проклетство – зошто не се согласи кога и се понуди да ја чека додека
таа не ја заврши работата? И сега еве каде е, во стапица. Таа самата
се улови право во неа, можеби затоа што несвесниот дел од неа
сакаше тоа да се случи. Беше опседната со идејата за преземање
ризици. Дури и за умирање!
Не, се уверуваше самата себеси. Сакам да живеам.

214
Роналд – алијас отец Тимотеј – се уште не го направи чекорот. Но
таа беше сигурна дека нема да треба долго да чека.
Три кратки звуци ја вратија во стварноста.
„Да му се сневиди“, рече таа, откако телефонската батерија згасна
еднаш засекогаш.
Темнината се затвори околу неа како прсти од некоја рака.
Колкупати се имаше најдено во незгодни ситуации? Впрочем, тоа
се случуваше и порано. Во куќата на учителот по музика, на пример.
Но колкупати се нашла во ваква безизлезна ситуација? Одговорот
што си го даде самата себеси ја најде неподготвена.
Никогаш.
Дрогирана, ранета, без сила и без својот мобилен телефон.
Последното предизвика да посака да се насмее: што би можела да
направи со телефонот? Можеби да и се јави на некоја стара
пријателка. На Грациела, на пример. И да ја праша: „Како си? Јас сум
на умирање!“
Темницата беше најлошото нешто. Сепак, мораше да ја гледа како
предност: ако таа не може да го види Роналд, и тој исто така нема да
може да ја види неа.
Тој очекува да се упатам накај излезот...
Таа вистински сакаше да го остави местово зад себе. Но беше
свесна дека не смее да го следи својот инстинкт, инаку ќе умре.
Треба да се скријам и да чекам да стигне засилувањето.
Заклучи дека тоа е мудра одлука. Затоа што сонот би можел да
дојде по неа секој момент. Се уште го имаше пиштолот, и тоа ја
успокои. Можеби и тој беше вооружен. Роналд не изгледаше како
некој кој е добар со оружје, но сега и таа не беше најдобра. Но, отец
Тимотеј добро глумеше недоверливост и исплашеност. Во основа,
размислуваше Мила, тој би можел да е способен да прикрие многу
други вештини.
Таа клекна под една од масите во огромната трпезарија, и
наслушаше. Одѕивот не помагаше: ги засилуваше непотребните
звуци, нејасните чкрипења, далечни и лажливи, што таа не можеше
да ги протолкува. Капаците на очите неумоливо и се затвораа.

215
Тој не може да ме види. Тој не може да ме види, си повторуваше
постојано. Тој знае дека сум вооружена: ако направи врева или ако
земе батерија за да ме бара, тој е мртов човек.
Пред очите почнаа да и се вртат неверојатни бои.
Мора да е дрогата..., си рече самата себеси.
Боите се претворија во лица и оживеаја само за неа. Тоа не можеше
да биде само нејзина фантазија. Одненадеж, на различни точки во
просторијата се појавија светла.
Копилето е овде и употребува блицови од фотоапарати!
Мила се обиде да го впери пиштолот. Но тие трепкави светла,
испревртени од халуциногеното дејство на дрогата, ги направија
невозможни да се лоцираат.
Беше затворена во огромен калеидоскоп.
Си ја затресе главата, но повеќе немаше контрола врз себе. Еден
момент подоцна почувствува треперење низ мускулите на рацете и
нозете, како неконтролирани грчеви. Колку многу и да се обидуваше
да ги прекине, идејата за смрт ја заведуваше со ветувањето дека,
доколку ги затвори очите, ќе запре се. Засекогаш.
Колку време помина? Половина час? Десет минути? И колку време
и преостануваше?
Во тој миг го слушна него.
Беше блиску. Мошне блиску. Не повеќе од четири или пет метри од
неа.
Потоа го виде.
Траеше само дел од секунда. Во кругот од светлината што го
опкружуваше, таа ја забележа злобната насмевка што му го
прекриваше лицето.
Мила знаеше дека во секој момент ќе ја најде, а таа ќе нема
доволно сила да стрела во него. Значи, мораше прва да реагира, дури
и ако тоа значеше откривање на нејзината позиција.
Таа нанишани во темнината, насочувајќи го оружјето во правецот
каде што го забележа, појавувајќи се повторно од миг во миг во
кругот на блицот. Тоа беше ризично, но немаше друг избор.
Таман да го притисне чкрапалото, Роналд почна да пее.

216
Истиот прекрасен глас како кога отец Тимотеј ја пееше својата
молитва пред целиот тим. Тоа беше контрадикција во смислата,
грешка на природата што таква дарба можела да биде сместена во
нечувствителното срце на убиец. И токму од тоа срце се воздигаше
таа песна на смртта, високо и со вџасеност.
Би можела да биде нежна и трогателна. Наместо тоа, Мила сети
ужас. Нејзините нозе конечно откажаа, како и мускулите на рацете.
И таа се отпушти за да заспие на подот.
Блесок на блиц.
Вкочанетоста се завитка околу неа како студено ќебе. Ги слушна
чекорите на Роналд како стануваат се појасни додека се
приближуваше да ја истера на виделина.
Уште еден блесок.
Готово е. Сега ќе ме види.
Навистина не беше важно како ќе ја убие. Таа им се предаде на
ласкањата на смртта со неочекувана смиреност. Последната мисла ја
упати кон детето број шест.
Никогаш нема да знам која беше ти...
Се онесвести.
Дршката од пиштолот се слизна од нејзината дланка. Ја зграпчија
две раце. Сети како некој ја крева. Се обиде да каже нешто, но гласот
и застана во грлото.
Не чувствуваше ништо.
Кога се разбуди, сети еластично движење: Роналд ја носеше преку
своето рамо, слегувајќи по скалите.
Повторно ја загуби свеста.
Мошне силен мирис на амонијак ја извлече од нејзиниот вештачки
сон. Роналд држеше едно мало шишенце под нејзиниот нос. И ги
беше врзал рацете, но сакаше да биде свесна.
Во неа удри студен ветер. Беа надвор. Каде ли беа? Мила сети дека
се некаде на високо. Потоа се потсети на зголемената фотографија на
сиропиталиштето што ја направи Чанг за да и го покаже местото од
каде што паднал Били Мур.
Камбанаријата. Ние сме на камбанаријата!

217
Роналд накратко престана да се интересира за неа. Го виде како оди
накај парапетот и како гледа преку него.
Тој сака, да ме фрли долу.
Потоа се врати и ја грабна за нозе, влечејќи ја накај оградата. Со
она малку сила што и остана, Мила се обиде да го клоцне, но без
успех.
Таа врескаше. Се бореше. Срцето и се исполни со слеп очај. Тој го
крена нејзиното торзо врз парапетот. Со главата зафрлена наназад,
Мила гледаше во бездната под неа. А тогаш, низ снежната завеса, таа
во далечината ги забележа трепкавите светла на полициските
автомобили кои се приближуваа по автопатот.
Роналд се наведна. Таа го почувствува неговиот топол здив додека
викаше: „Премногу е доцна, нема да стигнат навреме...“
И, почна да ја турка. И покрај тоа што рацете и беа врзани на грбот,
таа успеа да го зграпчи лизгавиот раб од заштитниот ѕид. Се бореше
со сета своја сила, но не можеше долго да се опира. Нејзин единствен
сојузник беше мразот што го прекрил подот на кулата,
предизвикувајќи Роналд да се лизнува секогаш кога ќе се обидеше да
го стори конечното туркање. Таа му го виде лицето искривено од
напор и виде како ја губи смиреноста поради нејзиниот тврдоглав
отпор. Тогаш Роналд ја промени техниката. Реши да ги подигне
нејзините нозе преку парапетот. Застана пред неа. И во тој прецизен
миг, очајничкиот преживувачки инстинкт ја натера сета своја
преостаната сила да ја сосредоточи врз своите колена, што ги насочи
во долниот дел од неговиот стомак.
Роналд се отфрли наназад, превиткувајќи се без здив, со рацете
притиснати на препоните. Мила виде дека тоа е нејзината последна
шанса пред тој да се соземе.
Без нејзината сила, гравитацијата и беше единствениот сојузник.
Повредата на рамото ја жежеше, но Мила ја игнорираше болката.
Се исправи: сега мразот беше против неа, но таа и натаму се
движеше и се нафрлаше накај него. Роналд виде дека таа нагло
скокна на него и ја загуби рамнотежата. Мавташе со рацете околу
себе барајќи за нешто да се фати, но веќе беше половина префрлен

218
преку оградата.
Кога откри дека нема да успее да се задржи, Роналд ја испружи
раката за да ја зграпчи Мила и да ја повлече во празниот простор под
себе. Таа ги виде неговите прсти кои како канџи се закачија за крајот
на нејзиниот кожен жакет, како во некое последно ужасно милување.
Го виде како, забавено движејќи се, се стрмоглави, а белите снегулки
се чинеше дека се разбиваат под него додека паѓаше.
Темницата го прифати.

219
19

Н ајдлабоката темница.
Одлична граница помеѓу спиење и будење. Треската се
зголеми. Таа ја сеќава на своите црвени образи, во своите нозе што
болат, во својот разбрануван стомак.
Не знае кога почнува и кога завршува нејзиниот ден. Ниту дали
лежела тука со часови или со недели. Времето не постои во
утробата на монструмот што ја голтна: таа се проширува и се
грчи, како стомак што полека ја вари својата храна. А бескорисно е.
Тука времето за ништо не користи. Затоа што таа не може да
одговори на најважното прашање.
Кога ќе заврши ова?
Лишувањето од времето е најлошото нешто во нејзиното
казнување. Повеќе отколку болката во левата рака, што понекогаш
се шири накај нејзиниот врат и ја притиска врз слепоочниците
додека не се почувствува болна. Затоа што едно нешто сега и е
јасно.
Сево ова е казнување.
Но таа не знае точно за кој грев мора да биде казнета.
Можеби бев лоша со мајка ми и со татко ми, многупати збеснував,
никогаш не сакав да пијам млеко на маса, и скришно го фрлав кога
тие не ме гледаа, инсистирав да ми купат мачка, ветувајќи дека
постојано ќе се грижам за неа, но откако го сретнав Худини,
побарав куче и тие многу се налутија и ми рекоа дека не можеме да
се ослободиме од мачката, а јас се обидов да им објаснам дека
Худини воопшто не ме сака, или можеби ова е поради тоа што имав
лоши оценки на училиште, оваа година мојот прв извештај беше
половина катастрофа, и морам да се поправам по географија и
ликовно, или можеби е поради трите цигари што скришно ги пушев
со братучетка ми на покривот на фискултурната сала, ама не
вовлекував, но, всушност, можеби е поради шнолата во форма на
буба-мара што ја украдов од трговскиот центар, се колнам дека

220
тоа го сторив само тогаш, и јас сум многу тврдоглава, особено со
мама која секогаш сака да реши која облека треба да ја носам, а таа
не забележува дека сега сум голема девојка и дека не ми се допаѓа
облеката што таа ми ја купува затоа што имаме различни
вкусови...
Кога е будна, таа продолжува да размислува за некакво
објаснување, обидувајќи се да го најде мотивот што ќе го оправда
ова што и се случува. Па завршува замислувајќи најбудалести
нешта. Но секогаш кога изгледа дека конечно ја открила причината,
таа се урива како куќа од карти, бидејќи нејзината болка
натежнува над нејзината вина.
Другпат, пак, станува лута затоа што нејзините мајка и татко
се уште не доаѓаат да ја земат.
Што чекаат тие? Заборавиле ли дека имаат ќерка?
Потоа ги сожалува. И во умот почнува да вика по нив, надевајќи
се дека има некаква телепатска моќ. Тоа е последниот извор за
помош што и остана.
Постојат и моменти кога е убедена дека е мртва.
Да, јас сум мртва и тие ме закопале овде долу. Не можам да се
движам затоа што сум во ковчег. Ќе останам во него засекогаш...
Но потоа болката ја потсетува дека е жива. Болката е и пресуда
и ослободување. Ја извлекува од сонот и ја враќа во реалноста. Како
што прави сега.
Топла течност се слева низ нејзината десна рака. Ја чувствува. И
годи. Мириса како лек. Некој се грижи за неа. Не знае дали да биде
среќна поради тоа или не. Затоа што тоа значи две нешта. Прво,
дека не е сама. Второ, дека не знае дали присутната појава во
нејзина близина е добра или лоша.
Таа е научена да чека. Знае кога тоа ќе се покаже. На пример,
сфати дека заморот што ја исполнува во секое време и спиењето
што одненадеж ја зафаќа не е независна одлука на нејзиното тело.
Тоа е дрогата што ги затапува нејзините сетила.
Само кога дејството на дрогата поминува, појавата доаѓа.
Седнува покрај неа и трпеливо ја храни со лажица. Вкусот е

221
сладок, нема потреба да џвака. Потоа и дава вода да се напие.
Никогаш не ја допира, никогаш не и вели ништо. Таа би сакала да
зборува, но нејзините усни одбиваат да формираат зборови, а
грлото не сака да ги создаде потребните гласови. Понекогаш,
чувствува дека појавата се движи околу неа. Понекогаш сеќава
небаре е таму, како неподвижно да ја гледа.
Нов убод од болка. Придушено врескање што се одбива од
ѕидовите на нејзиниот затвор. И ја враќа кон нејзините сетила.
Тогаш таа забележува.
Во темнината, далеку, сега се појави мала светлина. Одненадеж се
појави мала црвена точка, за да го ограничи нејзиниот мал
хоризонт. Што е тоа? Се обидува подобро да види, ама не може.
Потоа чувствува нешто под својата рака. Нешто што не беше
порано тука. Некаков предмет со рапава и неправилна форма. Се
чини како да е со крлушки. Гадно е. Круто е. Мора да е некое мртво
животно. Круто е затоа што е направено од пластика. Зацврстено
е за нејзината дланка со леплива лента. И тоа не се крлушки. Тоа се
копчиња.
Тоа е далечински управувач.
Наеднаш се и се разјасни. Таа само малку треба да го подигне
зглобот и да го насочи предметот накај малото црвено светло, и да
го притисне копчето во тамина. Низата звуци што следеа и покажа
дека не згрешила. Најпрвин празнина. Потоа лента што брзо се
намотува. Познатиот звук на механизмот на видео-рекордер. Во
исто време, пред неа се осветли еден екран.
Првпат, светлина ја осветли собата.
Таа е опкружена со високи ѕидови од темен камен. И таа лежи во
нешто што личи на болнички кревет, со рачки и метален дел над
главаша и метални ногалки. Покрај неа има еден статив со апарат
за инфузија што завршува со игла во нејзината десна рака. Левата
е наполно скриена од мошне дебелите завои што и го држат целото
торзо имобилизирано. На масичката има теглички со бебешка
храна. И многу, многу лекови. Зад телевизорот, сепак, се уште се
наоѓа непроѕирна темнина.

222
Конечно, видеото заврши со премотувањето. И потоа почна пак,
но овој пат побавно. Шушкањето од звучникот најавува почеток на
некој филм. Миг подоцна почнува некаква ведра, писклива музика –
лентата е малку расипана. Потоа екранот се полни со нејасни бои.
Мал човек се појавува во фармерки и со каубојска шапка. Исто така
има и коњ со мошне високи нозе. И човекот се обидува да се качи, но
не може. Неговите обиди се повторуваат и секогаш завршуваат на
ист начин: со човекот кој паѓа наземи и со коњот што се смее. Така
продолжува околу десет минути. Потоа цртаниот филм завршува
без натпис за крај. Но, видеокасетата продолжува да се врти
статично. Кога доаѓа до крајот, лентата автоматски се
премотува. И повторно почнува од почеток. Постојано малиот
човек. Постојано коњот на кој тој никако не успева да се качи. А
сепак таа продолжува да го гледа. И покрај тоа што знае како се
одвиваат нештата со коњот полн со презир.
Таа се надева.
Затоа што тоа е единственото нешто што и остана. Надеж.
Способноста да не му се предаде целосно на ужасот. Можеби кој и
да го избрал цртаниот филм за неа имал спротивна намера. Но
фактот што малиот човек не се откажува и продолжува да се
обидува наспроти паѓањето и болката, и дава храброст.
Продолжи, качи се назад во седлото!, му кажува секогаш во себе.
Пред да ја совлада сонот уште еднаш.

223
ОБЛАСТА НА ■■■■■
КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ОБЛАСНИОТ ОБВИНИТЕЛ Џ. Б. МАРИН
ДИК. 11 – К.А.
НА ВНИМАНИЕТО НА ДИРЕКТОРОТ,
Д-Р АЛФОНС БЕРЕНЖЕ.
К/О ЗАТВОР ВО ■■■■■
КАЗНЕН ОДДЕЛ БР. 45.
ПРЕДМЕТ: ОДГОВОР НА „ДОВЕРЛИВИОТ“ ИЗВЕШТАЈ ОД 23 НОЕМВРИ.
ДРАГ Д-Р БЕРЕНЖЕ,
ВИ ПИШУВАМ КАКО ОДГОВОР НА ВАШЕТО БАРАЊЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА
ИСТРАГА ЗА ЛИЧНОСТА ЗАТВОРЕНА ВО ВАШИОТ ЗАТВОР , ДОСЕГА.
ИДЕНТИФИКУВАНА САМО КАКО ЗАТВОРЕНИК БРОЈ РК-357/9 СО ЖАЛЕЊЕ ВЕ
ИНФОРМИРАМ ДЕКА ПОСЛЕДНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИДЕНТИТЕТОТ НА
ЧОВЕКОТ НЕ ДАДЕ РЕЗУЛТАТИ.
СЕ СОГЛАСУВАМ СО ВАС КОГА ВЕЛИТЕ ДЕКА ПОСТОИ СОМНЕЖ ОТИ
ЗАТВОРЕНИКОТ РК-357/9 ВО МИНАТОТО ИЗВРШИЛ СЕРИОЗЕН КРИМИНАЛ И
ДЕКА ПРАВИ СЕ ЗА ДА ГО ЗАДРЖИ ВО ТАЈНОСТ . ОД ТАА ГЛЕДНА ТОЧКА .,
ИСПИТУВАЊЕТО НА ДНК Е ЕДИНСТВЕНИОТ ИНСТРУМЕНТ ШТО НИ СТОИ НА
РАСПОЛАГАЊЕ ЗА ДА СЕ ПОТВРДИ ИЛИ ДА СЕ ОСПОРИ ТОЈ КРИМИНАЛ.
КАКО И ДА. Е, КАКО ШТО ДОБРО ЗНАЕТЕ, НИЕ НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО ПРИНУДИМЕ
ЗАТВОРЕНИКОТ РК-357/9 ДА НАПРАВИ ТЕСТ . ВСУШНОСТ, ТОА ЌЕ НЕ ИЗЛОЖИ
НА. СЕРИОЗНА ПОВРЕДА НА НЕГОВИТЕ ПРАВА ШТО СЕ ОДНЕСУВА НА
ЗЛОСТОРСТВОТО ЗА КОЕ БИЛ ОСУДЕН (СО ОДБИВАЊЕТО ДА ИМ ГИ ДАДЕ СВОИТЕ
ЛИЧНИ ПОДАТОДИ НА ЈАВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ).
ОВА БИ БИЛО РАЗЛИЧНА . МАТЕРИЈА, ДОКОЛКУ ПОСТОЕЈА „СУШТИНСКИ“ И
„НЕДВОСМИСЛЕНИ“ ИНДИКАЦИИ ДЕКА ЗАТВОРЕНИКОТ РК-357/9 БИЛ
ОДГОВОРЕН ЗА СЕРИОЗНО ЗЛОСТОРСТВО , ИЛИ ДОКОЛКУ ИМАШЕ „СЕРИОЗНИ
МОТИВИ ТОЈ ДА СЕ СМЕТА ЗА ОПАСНОСТ ЗА ОПШТЕСТВОТО.“
НО ТОА, СЕПАК, НЕ Е СЛУЧАЈ.
ВО СВЕТЛИНАТА . НА ОВА, ЕДИНСТВЕНИОТ НАЧИН ШТО ГО ИМАМЕ ЗА
ДОБИВАЊЕ НЕГОВА ДНК Е ТАА ДА СЕ ЗЕМЕ ДИРЕКТНО ОД СУПСТАНЦИЈА . ОД
ОРГАНСКО ПОТЕКЛО , СО ЕДИНСТВЕН УСЛОВ ДА БИЛА НЕНАМЕРНО ЗАГУБЕНА
ИЛИ СПОНТАНО ОСТАВЕНА ОД СУБЈЕКТОТ ВО РАМКИТЕ НА НЕГОВИТЕ
НОРМАЛНИ ДНЕВНИ АКТИВНОСТИ.

224
ЗЕМАЈЌИ ЈА ПРЕДВИД ОПСЕДНАТОСТА НА , ЗАТВОРЕНИКОТ РК-357/9 СО
ХИГИЕНАТА, КАНЦЕЛАРИЈАТА ГИ ОВЛАСТУВА , ЧУВАРИТЕ ДА. МУ ВЛЕЗАТ ВО
ЌЕЛИЈАТА, БЕЗ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ , ЗА. ДА ЈА ПРОВЕРАТ , СО ЦЕЛ ИЗНАОЃАЊЕ
ГОРЕСПОМНАТИОТ ОРГАНСКИ МАТЕРИЈАЛ.
СО НАДЕЖ ДЕКА НАЧИНОВ Е СООДВЕТЕН ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ЦЕЛТА ,
ОСТАНУВАМ ИСКРЕНО ВАШ,

ЗАМЕНИК ОБЛАСТЕН ОБВИНИТЕЛ


МЕТЈУ СЕДРИС

225
20

Воена болница во Р.
16 февруари

П уштете ги да кажат што сакаат, само оставете ги! Вие сте добар
полициски службеник, ОК?“
Водникот Морексу го собра сиот свој цигански дух за да ја изрази
симпатијата кон неа. Никогаш порано тој не зборувал со неа со таков
тажен глас. Речиси беше татковски. А сепак Мила чувствуваше дека
не ја заслужува таа заштита. Телефонскиот повик од нејзиниот
претпоставен дојде неочекувано, токму како што се појави и веста за
нејзината ноќна прошетка. Тие ќе ја обвинат за смртта на Роналд
Дермис, таа беше сигурна, иако тоа беше во самоодбрана.
Заздравуваше во една воена болница. Тоа не беше избор на
цивилниот естаблишмент, затоа што Роше мудро реши да ја засолни
од љубопитните очи на медиумите. Токму поради тоа, Мила имаше
цело одделение само за себе. И кога праша зошто, да му се сневиди,
таму нема други пациенти, концизниот одговор беше дека
комплексот бил планиран како карантин за луѓе заболени од можен
бактериолошки напад.
Креветите се освежуваа секоја седмица, чаршафите се переа и се
пеглаа. Во аптеката веднаш се заменуваа лековите на кои им беше
поминат рокот на употреба. И сето тоа расфрлање единствено поради
далечната можност дека некој би можел да реши да ослободи
генетски модифициран вирус или некоја бактерија што нема да
остави преживеани.
Најлудото нешто на светот, си помисли Мила.
Раната на раката и беше сошиена со околу четириесет шевови од
еден љубезен хирург кој, откако ја прегледа, не ги спомна другите
лузни. Тој само и рече: „Не сте можеле да завршите на подобро место
за повреда од огнено оружје.“

226
„Што треба да прават вирусите и бактериите со куршумите?“, го
праша таа провокативно. Тој се насмеа.
Потоа друг лекар ја прегледа неколкупати, мерејќи ги нејзиниот
крвен притисок и температурата. Ефектот од силните таблети за
спиење што отец Тимотеј и ги даде, исчезна сам по себе по неколку
часови. Диуретикот го стори останатото.
Мила имаше многу време за размислување.
Не можеше да не мисли на детето број шест. Таа немаше на
располагање цела болница. Најголемата надеж беше дека Алберт
постојано ја држи под седативи. Специјалистите што ги викна Роше
за да го дадат своето мислење околу изгледите за преживување на
момичката, ги зедоа предвид не само сериозните физички повреди,
туку и шокот и стресот на кои таа била изложена.
Момичката можеби и не забележала дека и недостига едната
рака, си помисли Мила. Тоа честопати им се случува на луѓе кои
претрпеле ампутација. Таа ова го имаше слушнато за луѓе што
претрпеле повреди во војна – и покрај тоа што загубиле некој
екстремитет, тие и понатаму имале резидуална чувствителност во тој
дел од телото, покрај болката имале и чувство на движење и,
понекогаш, дури и извесно чувство на треперење. Лекарите тоа го
нарекуваат „перцепција на фантомскиот екстремитет.“
Ваквите размислувања длабоко ја вознемируваа, а суровата тишина
на одделот само ја засилуваше таа вознемиреност. Можеби првпат по
многу години, посака да има друштво. Пред да се јави Морексу, никој
не беше дошол. Ниту Горан, или Борис, или Стерн, да не ја ни
спомнува Роза. Што можеше да значи само едно нешто: тие решиле
во врска со неа, за тоа дали да ја задржат во тимот или не. И покрај
тоа што последниот збор ќе биде на Роше.
Таа беше лута на самата себеси што излезе толку наивна. Можеби и
навистина ја заслужи нивната недоверба. Единствената мисла што ја
тешеше беше убеденоста на Горан дека Роналд Дермис не би можел
да е Алберт. Во спротивно, не би останало ништо што може да се
стори за шестата момичка.
Изолирана на тоа место, Мила не знаеше ништо за развојот на

227
случајот. Побара информации од сестрата која и го донесе појадокот
и која малку подоцна повторно се појави, со весник во раката.
Случајот ги заземаше првите шест страници. Малиот број
информации што успеале да се дознаат беа неколкупати повторени и
без мера надуени. Луѓето беа лакоми за вести. Штом јавноста дозна
за постоењето на шесто дете, земјата повторно ја освои чувство на
солидарност што мотивира секого да прави нешта што кратко време
пред тоа беа незамисливи, како, на пример, организирање на
молитвени бдеења или на групи за поддршка. Беше поврдена
иницијатива: „Свеќа за секој прозорец.“ Тие мали пламенчиња ќе го
означат чекањето на „чудото“ и ќе бидат угасени дури тогаш кога
шестото дете ќе се врати дома. Луѓето навикнати во животот да се
игнорираат меѓусебно, сега се собраа заедно околу нов вид искуство
благодарение на оваа трагедија: меѓучовечки контакти. Не мораа
понатаму да се истоштуваат обидувајќи се да најдат изговор за да
контактираат меѓусебно. Затоа што сега се земаше здраво за готово
фактот дека имаат нешто заедничко: сожалувањето за тоа суштество.
И тоа им помогна да комуницираат. Го правеа тоа насекаде. Во
супермаркетите, во баровите, на работа, во подземната железница.
Телевизиските програми не зборуваа за ништо друго.
Но меѓу тие иницијативи, се појави една која создаде чувство што
ги засрами дури и истражителите.
Награда.
Десет милиони секому кој ќе обезбеди информација употреблива за
да се спаси шестата момичка. Голема сума што предизвика жестоки
полемики. Некои луѓе беа на мислење дека тоа ќе ја извалка
спонтаноста на човечката солидарност. Други тврдеа дека тоа е фер
идеја што конечно ќе ги помрдне нештата од мртвата точка, затоа
што зад фасадата на позитивно расположение и понатаму постоеше
себичност која можеше да се надмине само со ветување за профит.
Така, без да забележи, нацијата уште еднаш се подели.
Иницијативата за награда дојде од Фондацијата Рокфорд. Кога
Мила ја праша сестрата кој стои зад милосрдието, жената,
изненадена, широко ги отвори очите.

228
„Сите знаат дека тоа е Џозеф Б. Рокфорд.“
Нејзината реакција и покажа на Мила колку многу се оддалечила
самата себеси од реалниот свет, обземена од потрагата по
исчезнатото дете и од своите сопствени проблеми.
„Извинете, ама јас не знаев“, и одговори таа на сестрата. И помисли
на апсурдноста на ситуацијата во која животот на магнатот беше
фатално испреплетен со оној на една непозната момичка. Две
човечки суштества кои досега мора да живееле мошне различни
животи, и веројатно би продолжиле така до своите последни денови,
ако Алберт не помислил да ги соедини.
Заспа со овие мисли и конечно можеше да има корист од бессоното
спиење што ја исчисти нејзината свест од пустошењето во оние
денови на ужасот. Кога се разбуди, обновена, не беше сама.
Гавила седеше на другиот кревет покрај неа.
Мила се исправи, прашувајќи се колку долго бил тука. Тој ја смири:
„Избрав да чекам, наместо да те разбудам. Изгледаше толку спокојна.
Сторив ли нешто погрешно?“
„Не“, го излажа таа. Се чинеше како да ја фатил наполно
неодбранлива и, пред тој да ја забележи нејзината засраменост, Мила
побрза да ја смени темата: „Сакаат да ме задржат на набљудување.
Но им кажав дека попладнево си одам.“ Горан погледна на својот
часовник: „Тогаш би требало да побрзаш: речиси е вечер.“
Мила се изненади што спиела толку долго. „Има ли некои
новости?“
„Тукушто доаѓам од еден долг состанок со главниот инспектор
Роше.“
Поради тоа е овде, си помисли таа. Сака лично да ми каже дека ми
ги удриле клоците. Но, таа немаше право.
„Го најдовме отец Ролф.“
Мила сети како ја жеже стомакот, замислувајќи си го најлошото.
„Тој починал пред околу една година, од природна смрт.“
„Каде бил погребан?“
Од тоа прашање Горан знаеше дека Мила веќе претпоставува се.
„Зад црквата. Имаше и други гробови што содржеа трупови од

229
животни.“
„Отец Ролф ги контролирал.“
„Се чини дека заминале како него. Роналд бил граничен случај со
нарушување на личноста. Тој бил сериски убиец во развој и
свештеникот го сфатил тоа. Убивањето животни е типично во вакви
случаи. Секогаш почнува на тој начин; потоа, кога личноста нема
повеќе сатисфакција од тоа, го свртува вниманието кон своите
врсници. Роналд, исто така, ќе продолжел да убива други луѓе. Во
основа, тоа искуство било дел од неговиот емоционален багаж уште
од детството.“
„Ние сега го запревме.“
Горан, сериозен, одмавна со главата. „Всушност, Алберт го запре.“
Беше парадоксално, но и вистинито.
„Но Роше попрво би добил срцев напад отколку да признае што и
да е од таков вид!“
Мила си помисли дека со кажувањето на овие нешта, Горан се
обидува да ја одложи веста дека таа е тргната од случајот, и реши да
оди докрај. „Јас сум аут, нели?“
Тој изгледаше вџасен. „Зошто го велиш ова?“
„Затоа што заебав.“
„Сите ние го направивме тоа.“
„Јас ја предизвикав смртта на Роналд Дермис: значи, никогаш нема
да дознаеме како Алберт ја дознал неговата историја...“
„Како прво, мислам дека Роналд ја зел предвид својата смрт: сакал
да ги заврши сомнежите што долги години го вознемирувале. Отец
Ролф го преобратил во лажен свештеник, убедувајќи го дека ќе може
да живее како човек посветен на Бога и како негов следбеник. Но, тој
не сакал да го сака неговиот следбеник, тој сакал да го убие заради
сопствено задоволство.“
„И како Алберт дознал за сево ова?“
Лицето на Горан се смрачи. „Тој мора да дошол во контакт со
Роналд во некој момент од неговиот живот. Не можам да смислам
никакво друго објаснение. Тој го сфатил она што отец Ролф го
сфатил пред него. И стигнал таму затоа што биле слични, тој и

230
Роналд. На извесен начин, тие се нашле еден со друг, и исто така, се
разбрале меѓусебно.“
Мила длабоко воздивна додека размислуваше за судбината. Роналд
Дермис во својот живот бил разбран само од две личности. Од
свештеникот, кој не нашол никакво подобро решение за него освен
да го крие од светот. И некој како себе, кој веројатно во него ја
открил својата природа.
„Ти би била втората...“
Зборовите на Горан ја вратија во реалноста.
„Што?“
„Доколку не го запреше, Роналд ќе те убиеше како што го убил
Били Мур пред многу години.“
Во тој момент, тој извлече еден коверт од внатрешниот џеб на
своето сако и и го даде.
„Помислив дека имаш право да ги видиш...“
Мила го зеде пликот и го отвори. Внатре беа фотографиите што
Роналд ги сликал додека ја барал во трпезаријата. Во аголот на една
од фотографиите – беше таа. Склопчена под масата, со очи
ококорени од страв.
„Не сум многу фотогенична“, му рече, обидувајќи се да ги потцени.
Но, Горан забележа дека таа се тресе.
„Утрото Роше најави дека си ослободена за дваесет и четири часа...
или барем додека не се најде следното тело.“
„Не сакам одмор, мора да ја најдеме шестата момичка“,
протестираше Мила. „Таа не може да чека!“
„Мислам дека главниот инспектор го знае тоа... но, се плашам дека
се обидува да игра на друга карта.“
„Наградата“, рече веднаш Мила.
„Таа би можела да донесе неочекувани плодови.“
„А што со пребарувањето во професионалниот регистер на лекари?
И со теоријата дека Алберт би можел да е некој кој е избришан
оттаму?“
„Тоа е слаба трага. Уште од почетокот никој не верува во тоа. Исто
како што не мислам ни дека нешто може да се појави од

231
истражувањето на лековите што тој веројатно ги употребува за да ја
одржи во живот. Нашиот човек би можел да дојде до нив на многу
начини. Тој е лукав и подготвен, не заборавај го тоа!“
„Многу повеќе од нас, според она што се гледа“, гласеше нејзиниот
навредлив одговор.
Горан не се навреди од него. „Јас дојдов да те соберам, не да се
расправам.“
„Да ме собереш? Што имате на ум?“
„Те водам на вечера... И патем, сакам да почнеш да ме викаш
Горан.“

К ога излегоа од болницата, Мила инсистираше да намине до


студиото: сакаше да се истушира и да се преоблече. Продолжи
да си зборува самата себеси дека, доколку џемперот не и беше
пробиен од куршумот, а останатиот дел од нејзината облека да не
беше крвава од повредата, таа ќе ги облечеше нив, како единствени
што ги има.
Всушност, таа неочекувана покана за вечера ја возбуди и не сакаше
да смрди на пот и на јод.
Премолчениот договор со д-р Гавила – иако таа сега требаше да го
вика по име – беше дека не би требало да гледа на тоа како на
екскурзија и дека по вечерата таа ќе се врати право во студиото за да
ја сумира својата работа. Но – и покрај тоа што чувствуваше вина
заради шестата момичка – таа не можеше а да не сети
самозадоволство од поканата.
Не можеше да се тушира поради раната. Затоа внимателно се изми
дел по дел, се додека не ја потроши целата топла вода во малиот
бојлер.
Облече црна поло блуза. Единствените резервни фармерки што ги
имаше беа премногу предизвикувачки тесни во задникот, но немаше
избор. Нејзиниот кожен жакет беше скинат на левото рамо, каде што
си пукаше со пиштолот, па не можеше да го употреби. На свое
големо изненадување, една војничко-зелена парка лежеше на камп-

232
креветот во гостинската соба, со белешка покрај неа: „Студенилото
овде е посмртоносно од кој и да е куршум. Добредојде назад. Твојот
пријател, Борис.“
Ова ја исполни со возбуда и со благодарност. Најмногу поради тоа
што Борис се потпишал како нејзин „пријател.“ Тоа ги оттргна сите
нејзини сомнежи во врска со него. Во парката, исто така, имаше и
кутиче со пеперминт бонбони: придонесот на Стерн во тој гест на
пријателство.
Со години таа не носеше друга боја освен црна. Но, зелената
виндјакна и одговараше. Дури и бројот и беше точен. Кога ја виде
како излегува од студиото, Горан не покажа дека го забележал
нејзиниот нов изглед. Тој секогаш беше премногу расеан и веројатно
не обрнуваше никакво внимание на изгледот на другите луѓе.
До ресторанот отидоа пеш. Прошетката беше пријатна и,
благодарение на подарокот од Борис, Мила не го почувствува студот.
Натписот за специјализиран ресторан ветуваше сочни аргентински
ангус бифтеци. Седнаа покрај прозорецот, на една маса за двајца.
Надвор снегот беше прекрил се, а црвеникаво-сивкавото небо
ветуваше уште снег таа ноќ. Во ресторанот, луѓето расположено
муабетеа и се смееја.
Се на менито се чинеше добро и Мила малку се помисли додека
реши што да порача. На крајот се реши за добро печен бифтек со
печени компири и со многу рузмарин. Горан порача шницла и салата
од домати. Обајцата пиеја само газирана минерална вода.
Мила немаше поим за што ќе зборуваат: дали тоа ќе биде во врска
со работата или со нивните животи. Втората опција, иако беше
интересна, ја вознемири. Но, прво имаше нешто за што беше
љубопитна.
„Што навистина се случи?“
„На што мислиш?“
„Роше сакаше да ме тргне од случајот, но потоа го промени
мислењето... зошто?“
Горан малку се двоумеше, но конечно реши да и каже.
„Го ставивме предлогот на гласање.“

233
„Гласање?“, праша таа изненадено. „Значи, беше позитивно.“
„Со прилична разлика.“
„Но... како?“
„Дури и Сара Роза гласаше во корист на твоето останување“, и рече,
погодувајќи ја причината за нејзината реакција.
Мила беше вџашена. „Мојот најголем непријател, од сите!“
„Не би требало да бидеш толку остра спрема неа.“
„Навистина мислев дека било спротивното...“
„Роза поминува низ лош период: се разведува од сопругот.“
Мила сакаше да му каже дека пред некоја вечер ги виде долу пред
студиото како се расправаат, но се премисли за да не излезе
премногу индискретна.
„Штета.“
„Тоа никогаш не е лесно кога постојат и деца.“
Мила помисли дека ова беше навестување што ја надминува Сара
Роза и можеби го вклучува и самиот Горан.
„Ќерката на Сара Роза доби нарушување во исхраната како реакција
на сето тоа. Како резултат на фактот што тие се уште се под еден
покрив, ако можеш да ги замислиш последиците од таквата
ситуација.“
„И тоа значи дека се може да истура врз мене?“
„Како новодојдена и како единствена друга жена во тимот, ти си
најлесна цел за неа. Се разбира дека не може да му се сипе на Борис
или на Стерн, луѓе што ги познава со години...“
Мила си тури малку минерална вода, потоа го сврти вниманието
кон своите други колеги.
„Би сакала да ги запознам доволно добро за да знам како да се
однесувам со нив“, беше нејзиното извинување.
„Добро, ми се чини дека со Борис е прилично лесно: што гледаш,
тоа добиваш.“
„Да“, се согласи Мила.
„Можам да ти кажам дека тој беше во војската, каде што стана
експерт за техники на распит. Честопати го гледам на работа, но
никогаш не можам да поверувам. Тој може да им влезе во главите на

234
луѓето.“
„Не мислев дека е толку паметен.“
„Не, но тој навистина е паметен. Пред неколку години уапсија еден
тип кој беше осомничен дека ги убил и ги скрил телата на стрина му
и на чичко му, со кои живеел. Требаше да го видиш: ладнокрвен,
исклучително смирен. По осумнаесет часови сериозен распит, при
што наизменично се менуваа петмина агенти, тој не призна ништо.
Потоа пристигна Борис. Влезе во собата, помина дваесет минути со
него и типот призна се.“
„Господе Боже! А Стерн?“
„Стерн е добар човек. Фактички, би можело изразот да е создаден
специјално за него. Женет е дваесет и шест години. Има два сина,
близнаци, и двајцата се во морнарицата.“
„Тој се чини малку тивок. И забележав дека е прилично
религиозен.“
„Оди на миса секоја недела, а пее и во хорот.“
„Не можам да им се изначудам на неговите костуми, во нив личи
како на полицајците во шоупрограмите од седумдесеттите години.“
Горан се насмеа и се согласи со ова. Потоа повторно стана сериозен
кога додаде: „Неговата сопруга, Мари, одеше пет години на дијализа,
чекајќи на бубрег што, меѓутоа, не доаѓаше. Пред две години, Стерн
и донира еден од своите.“
Изненадена и восхитена, Мила не знаеше што да рече.
Горан продолжи: „Тој се откажа од добра половина од времето што
му останало, за да има барем надеж за неа.“
„Тој мора многу да ја сака.“
„Да, мислам дека тој...“, рече Горан, со малку горчина во гласот
што таа не можеше да не ја забележи.
Во тој момент пристигнаа нивните порачки. Јадеа во тишина,
недостигот од разговор не беше ни најмалку тежок, како меѓу двајца
луѓе кои меѓусебно се познаваат толку добро, што не чувствуваат
постојана потреба да ја пополнуваат тишината со зборови за да не им
е непријатно.
„Треба нешто да ти кажам“, продолжи таа при крајот. „Се случи

235
кога стигнав тука, втората вечер кога отидов во мотелот, каде што
бев сместена пред да се преселам во студиото.“
„Те слушам...“
„Би можело да не е ништо, или можеби беше само чувство, но...
Чувствував како некој ме следи додека го поминував надворешниот
простор.“
„Како мислиш почувствува?“
„Дека тој ги ’копира’ моите чекори.“
„Зошто некој би те следел?“
„Затоа и никому не го спомнав ова. Ми се чинеше како апсурд.
Можеби беше само мојата фантазија...“
Горан ја регистрира информацијата и не рече ништо.
Кога пристигна кафето, Мила погледна на часовникот.
„Има едно место каде што би сакала да одам“, му рече.
„Во ова време на ноќта?“
„Да.“
„ОК. Тогаш да побарам сметка.“
Мила понуди да делат, но тој инсистираше на својата обврска да
плати, дотолку повеќе што тој ја покани неа. Со својата типична – и
речиси живописна – несреденост, меѓу банкноти, монети и бизнис-
картички, тој од џебот извади и неколку балони во различни бои.
„Овие се на син ми Томи, тој ми ги ставил во џебот.“
„Ох, не знаев дека си...“, се преправаше таа.
„Не, не сум“, и рече набрзина, спуштајќи го погледот.
Потоа додаде: „Повеќе не.“

М ила никогаш порано не била на ноќен погреб. Овој на Роналд


Дермис и беше прв. Беше решено да се одржи тогаш поради
јавната безбедност. За неа, пак, идејата дека некој може да се
одмаздува од мртовечки ковчег беше во најмала рака мрачна, како и
самиот настан.
Гробарите си ја работеа работата околу гробот. Тие немаа машина
за копање. Земјата беше замрзната и нејзиното поместување беше и

236
тешко и напорно. Беа четворица, и се менуваа секои пет минути,
двајца да копаат, двајца да го осветлуваат местото со факели.
Одвреме навреме еден од нив го пцуеше проклетиот студ и, за да се
згреат, вртеа меѓу себе едно шише виски.
Горан и Мила го гледаа местото молчешкум. Ковчегот со
посмртните останки на Роналд се уште беше во комбито. Малку
понатаму беше каменот што ќе биде ставен на крајот: без име, без
датум, само сериски број. И еден мал крст.
Во тој момент, во умот на Мила повторно се појави сцената како
Роналд паѓа од камбанаријата. Додека потонуваше, таа на неговото
лице не виде страв, ниту немир. Изгледаше небаре не се плаши од
смртта. Можеби, како и Александар Берман, тој повеќе го сакаше тоа
решение. Предавајќи и се на желбата да се збрише себеси засекогаш.
„Се ли е во ред?“, ја праша Горан, навлегувајќи во нејзиното
молчење.
Мила се заврти накај него: „Се е добро.“
Во тој момент помисли дека забележа некого зад дрвјата на
гробиштата. Погледна подобро и го препозна Фелдер. Очигледно,
тајниот погреб на Роналд воопшто не беше толку таен.
Работникот носеше кариран волнен жакет и држеше конзерва пиво,
како да му наздравува на својот стар другар од детството, и покрај
тоа што, најверојатно, го немаше видено со години. Мила си помисли
дека тоа би можело да е нешто позитивно: дури и на место каде што
се погребува злото, се уште може да има повод за жалење.
Доколку не беше Фелдер, и неговата ненамерна помош, тие не би
биле овде. И тоа беше благодарност за него што го запре серискиот
убиец во развој – како што го нарече Горан.
Кога таа му го сретна погледот, тој ја згмечи конзервата и се упати
накај својот пик-ап, паркиран недалеку оттаму. Фелдер ќе се врати во
самотијата на својот дом во депонијата, на ладниот чај во
несоодветните чаши, на црвеникавото куче, да ја чека истата таа
анонимна смрт да се појави еден ден и на неговата врата.

237
Р ешението на Мила да присуствува на тој забрзан погреб
веројатно беше поврзано со нешто што Горан го кажа во
болницата: Ако не го запреше, Роналд ќе те убиеше и тебе како што
го уби Били Мур пред многу години.
И којзнае, можеби тој ќе продолжел со убивањето и по неа.
„Луѓето не знаат, но според нашите статистики, меѓу шест и осум
сериски убијци се активни во моментов во нашава земја. Но, се уште
никој не ги идентификувал“, рече Горан додека гробарите го спуштаа
дрвениот ковчег во јамата.
Мила беше шокирана. „Како е можно тоа?“
„Затоа што тие напаѓаат случајно, без некаква шема. Или затоа што
никој не успеал да ги поврзе убијците кои многу се разликуваат еден
од друг. Или можеби затоа што жртвите не се вредни за обемна
истрага... можеби, на пример, некоја проститутка е најдена во
некаков јаз. Во најголемиот број случаи, тоа е дрогата, или нејзиниот
макро или некој муштерија. Имајќи ги на ум опасностите на
професијата, десет убиени проститутки се земени предвид како
прифатлив просек, и тие не завршуваат на листата на случаите на
некој сериски убиец. Ова е тешко да се прифати, знам, но за жал, тоа
е така.“
Налет на ветар крена мали виори од снег и од прав. Мила се стресе
и се склопчи уште подлабоко во парката.
„Која е поентата од сево ова?’’, праша. Но прашањето немаше што
да прави со случајот со кој тие се занимаваа, или со професијата што
таа ја беше избрала. Тоа беше молитва, начин да се предаде на
својата неспособност да ја сфати определената динамика на злото и,
исто така, тажно барање за спас. И таа, сигурно, не очекуваше
одговор.
Но Горан проговори: „Бог е нем. Ѓаволот шепоти...“
Ниту еден од нив не изусти ништо веќе.
Гробарите почнаа да ја полнат јамата со замрзната земја.
Гробиштата одекнуваа од звукот на лопатите. Тогаш заѕвони
мобилниот телефон на Горан. Тој немаше време да го извади

238
телефонот од џебот на палтото, кога заѕвони и телефонот на Мила.
Не мораше да одговорат за да знаат дека е најдена третата момичка.

239
21

С емејството Кобаши – таткото, мајката и двете деца, момче од


петнаесет и момичка од дванаесет години – живееше во
престижниот комплекс Капо Алто. Шеесет хектари потонати во
зеленило, со базен за пливање, школа за јавање, терен за голф и куќа-
клуб резервиран за сопствениците на четириесет вили од кои беше
составен комплексот. Засолниште на високата буржоазија, во
најголемиот дел составена од лекари-специјалисти, архитекти и
адвокати.
Двометарски ѕид, вешто маскиран со жива ограда, го одвојуваше
овој елитен рај од остатокот на светот. Местото беше чувано дваесет
и четири часа на ден. Електронските очи на седумдесет СиСиТиВи-
камери што го надгледуваа целиот простор, и приватното полициско
обезбедување ја гарантираа безбедноста на жителите.
Кобаши беше стоматолог. Висока заработка, масерати за возење и
мерцедес во гаражата, втор дом во планините, јахта и завидна
колекција вина во визбата. Неговата сопруга ги гледаше децата и ја
уредуваше куќата со уникатни и премногу скапи предмети.
„Тие беа три недели во тропските краишта и се вратија минатата
ноќ“, изрецитира Стерн кога Горан и Мила стигнаа до вилата.
„Случајот со киднапираните момички бил и причината за
патувањето. Ќерка им, помалку или повеќе, е на истата возраст, па
мислеле дека е добра идеја да ја пратат послугата на одмор и да
проветрат.“
„Каде се сега?“
„В хотел. Ги сместивме таму заради нивна безбедност. На жена му
и требаа неколку апчиња валиум. Не постои друг начин за да се
опише нивната состојба, освен дека се уништени.“
Последните зборови на Стерн беа подготовка за она што ќе го
видат.
Куќата не беше веќе куќа. Сега дефинитивно беше „место на
злосторството.“ Беше целосно опколена со ленти за да ги држи на

240
растојание соседите кои се собираа за да видат што се случило.
„Барем новинарите нема да можат да влезат внатре“, забележа
Горан.
Одеа по тревникот што ја двоеше вилата од улицата. Градината
беше добро одржувана, а прекрасни зимски растенија ги красеа леите
каде што госпоѓа Кобаши, лете, ги одгледува своите наградени рози.
Еден полициски службеник стоеше на вратата и пропушташе само
овластени личности. Обајцата, и Креп и Чанг, работеа со своите
тимови. Кратко пред Горан и Мила да влезат внатре, излезе главниот
инспектор Роше.
„Не можете да си замислите...“, им рече со смртоносен глас,
држејќи го марамчето преку устата.
„Оваа работа се претвора во се поголем ужас. Посакувам да
можевме да го спречиме овој колеж... тие се само деца, о Господи!“
Гневот на Роше звучеше искрено.
„И како тоа да не е доволно, жителите веќе се пожалиле на нашето
присуство и ги притискаат своите политички познајници да не
испратат одовде колку што е можно побрзо! Можете ли да
замислите? Сега морам да му се јавувам на некој проклет сенатор и
да го убедувам дека ќе бидеме брзи!“ Мила ја посматраше малата
група жители собрани пред вилата. Тоа се случуваше во нивниот
приватен рај и затоа гледаа на нив како на освојувачи.
Но во нивниот агол од рајот неочекувано се отвори вратата на
пеколот.
Стерн и подаде на Мила тегличка со камфорна паста за да си
намачка под носот. Таа го заврши ритуалот на воведување во смртта
ставајќи пластични калоши врз чевлите и латекс ракавици.
Полицаецот на вратата се тргна настрана за да ги пропушти да
влезат.
Куферите од одморот и ќесите со сувенири се уште се наоѓаа крај
вратата. Авионот со кој семејството Кобаши долетало од тропското
сонце во тој студен февруари, слетал околу десет часот вечерта.
Потоа накај дома, колку што може побрзо, за да се вратат на старите
навики и на удобноста на местото што за нив никогаш веќе нема да

241
биде истото. Послугата ќе се врати од отсуството следниот ден, па
тие биле први што стапнале преку прагот.
Смрдеа го исполни воздухот.
„Ова го помирисале Кобаши веднаш откако ја отвориле вратата“,
рече брзо Горан.
„За момент или два, тие мора да се чуделе што е тоа“, додаде Мила.
„А потоа, ги вклучиле светилките...“
Во големата дневна соба, научните техничари и патолозите ги
координираа своите движења, како да беа водени од некој невидлив
кореограф. Скапоцениот мермерен под безмилосно ја рефлектираше
светлината од халогените ламби. Модерен мебел комбиниран со
антиквитети. Три кожни софи со боја на чад ги омеѓуваа трите
страни на квадратот пред големиот камин од розов камен.
На средната софа седеше телото на малата момичка.
Очите и беа отворени – шареникави сини. И таа гледаше во нив.
Неподвижното зјапање беше последниот знак на нешто човечко на
тоа опустошено лице. Процесот на распаѓање веќе беше во
поодмината фаза. Поради недостигот на левата рака, момичката
седеше во малку искривена положба. Небаре во секој момент ќе
заспие навалена на едната страна. Наместо тоа, таа остануваше да
седи.
Беше облечена во цветносин фустан. Шиењето и кројката сугерираа
дека е рачно правен, и дека веројатно бил изработен по мера. Мила
исто така ги забележа нејзините плетени бели куси чорапи и
сатенскиот ремен прицврстен околу половината со копче од седеф.
Момичката беше облечена како кукла. Скршена кукла.
Мила не можеше да гледа во неа подолго од неколку секунди. Го
тргна погледот надолу и првпат го забележа свилениот килим меѓу
софите. На него беа прикажани персиски рози и разнобојни бранови.
Имаше впечаток дека фигурите се движат. Потоа погледна од
поблизу.
Целиот килим беше прекриен со мали инсекти кои беа во рој и се
прекачуваа еден преку друг.
Мила инстинктивно ја принесе раката до раната на нејзиното рамо

242
и ја притисна. Секој што би ја гледал отстрана ќе помислеше дека ја
боли, но беше спротивното.
Како и обично, таа бараше пријатност во болката.
Тоа не траеше долго, но и ја даде силата потребна да биде
внимателен сведок на тој одвратен приказ. Кога доби доволно
спазми, престана да притиска. Го слушна д-р Чанг како му кажува на
Горан: „Тие се ларви од видот Sarcophaga carnaria. Нивниот
биолошки циклус е прилично брз и се наоѓаат во црви. И се мошне
лакоми.“
Мила знаеше за што зборува лекарот, затоа што нејзините случаи
на исчезнати лица честопати се решаваа со наоѓање на телата. Многу
често беше потребно да се продолжи не само сo тажната церемонија
на препознавање, туку и со попрозаичното датирање на останките.
Различни инсекти учествуваат во разни фази што ја следат смртта,
особено кога останките се на отворено. Sarcophaga carnaria беа
живородени муви и требаше да бидат дел од втората група, затоа што
Мила го слушна патологот како кажува дека телото морало да биде
тука најмалку една недела.
„Алберт имал многу време да дејствува, додека сопствениците биле
отсутни.“
„Но има нешто што навистина не го разбирам...“, додаде Чанг.
„Како копилето успеало да го донесе телото овде, покрај
надгледувањето на седумдесет камери и триесет приватни чувари
кои ја проверуваат областа дваесет и четири часа на ден?“

243
22

И мавме проблем со струен удар во системот“, рече заповедникот


на приватната гарда на Капо Алто кога Сара Роза побара
објаснување за тричасовното замрачување на ТВ-камерите што се
случило претходната недела, за кога се претпоставуваше дека Алберт
ја довел момичката во вилата на Кобаши.
„И дали таквото нешто не предизвика кај вас алармантна состојба?“
„Па – не, госпоѓице...“
„Сфаќам“, и не кажа ништо друго, само продолжи да гледа во
капетанските ознаки на чинот на неговата униформа. Лажен чин
исто толку колку и неговата функција. Чуварите кои би требало да
бидат гаранција за безбедноста на жителите, навистина беа само
униформирани бодибилдери. Нивниот единствен тренинг се
состоеше од тримесечен платен курс што го држеа пензионирани
полицајци во канцелариите на компанијата што ги имаше најмено.
Опремата се состоеше од слушалки поврзани со воки-токи и спреј од
пипер. Така што, на Алберт не му било многу тешко да ги измами.
Внатре, во периферниот ѕид, исто така имаше премин од метар и
половина, скриен од живата ограда што го покриваше целиот
обиколен ѕид. Тој естетски каприц во случајов направи единствената
мерка за безбедност на Капо Алто да изгледа смешна.
Сега требаше да се открие зошто Алберт го избрал тоа специфично
место и тоа специфично семејство.
Стравот од соочување со нов Александар Берман го натера Роше да
дозволи секаков вид истрага на Кобаши и на неговата сопруга, дури и
најагресивната.
Борис доби задача да го „скенира“ стоматологот.
Човекот веројатно немаше поим за специјалниот третман
резервиран за него во следните неколку часови. Да се биде
испрашуван од професионален сослушувач не е исто што и методите
во полициските станици речиси насекаде по светот, каде што се се
заснова врз процесот на исцрпување на осомничениот со часови и

244
часови психолошки притисок и форсирана будност, со одговарање на
се исти и исти прашања.
Борис речиси никогаш не се обидуваше да ги улови на грешка
луѓето кои ги испрашуваше, затоа што знаеше дека стресот
честопати предизвикува негативни ефекти врз сведочењето, што
потоа станува чувствително на напади од некој добар обвинител во
судницата. Не беше заинтересиран ниту за полупризнание, или за
обиди за преговарање, што осомничените честопати го воведуваа во
игра кога ќе почувствуваа дека се во тесно.
Не. Специјалниот агент Клаус Борис сакаше да добие само целосно
признание.
Мила го виде во кујната во студиото како се подготвува да излезе
на бината. Затоа што, на крајот од краиштата, само за тоа и
стануваше збор: претстава во која крајот честопати се менува.
Употребувајќи лаги, Борис ќе ја скрши одбраната на Кобаши.
Ракавите од кошулата му беа подвиткани, во раката држеше мало
шише со вода и се движеше напред-назад за да ги истегне нозете: за
разлика од Кобаши, Борис воопшто нема да седне, постојано
заплашувајќи го другиот човек со својата става.
Во меѓувреме, Стерн го запознаваше со она што досега успеал да
дознае за осомничениот.
„Стоматологот затајува дел од своите даноци. Има една оф-шор
сметка на која ги испраќа неоданочените приходи од својата клиника
и од наградите од турнирите на голф што го игра речиси секој
викенд... Од друга страна, госпоѓа Кобаши има поинаков вид хоби:
секоја среда попладне се среќава со еден познат адвокат во хотел во
центарот на градот. Се разбира, адвокатот секој викенд игра голф со
мажот и...“
Таа информација ќе претставува клуч на распитот. Борис ќе ја
одмери ситуацијата и ќе ја употреби информацијата во вистинскиот
момент за да го легне на плеќи забарот.
Собата за распит во студиото беше направена пред долго време и се
наоѓаше веднаш до гостинската соба. Беше тесна, речиси задушлива,
без прозорци и со само една врата што Борис ќе ја заклучи набрзо

245
откако со осомничениот ќе влезе внатре. Потоа ќе ги спушти
клучевите во својот џеб, како што правеше секогаш: едноставен гест
кој му ја обезбедуваше неговата позиција на сила.
Неонската светлина беше силна, а ламбата испушташе иритирачки
звук; тој звук, исто така, беше една од алатките на Борис. Тој ги
ублажуваше ефектите од него ставајќи памучни тампони во ушите.
Лажно огледало ја делеше собата од другата, така што и останатите
можеа да го следат распитот. Беше мошне важно личноста што ја
испрашуваат секогаш да е позиционирана во профил спрема
огледалото, а никогаш директно накај него: тој мораше да чувствува
дека го посматраат, дури и да не го возвраќа тој невидлив поглед.
И масата и ѕидовите беа бели: еднобојниот ефект значеше дека не
постои точка врз која може да се сосредоточи за да може да
размислува за своите одговори. Една ногалка од неговиот стол беше
покуса од другите и постојаното лулање ќе го раздразнува.
Мила влезе во другата соба, додека Сара Роза го подготвуваше
стрес-анализаторот на гласот, или Си-Еј-Џи-апаратот, кој ќе им
дозволи да го измерат стресот во варијациите на гласот на
испитуваниот. Кога некој лаже, количеството крв во гласните жици
се намалува како резултат на стресот, поради што се редуцираат
нормалните вибрации. Компјутерот ќе ги анализира
микроваријациите во зборовите на Кобаши, откривајќи ги неговите
лаги.
Но најважната техника што ќе ја употреби Борис – онаа во која тој,
практично, беше мајстор – беше набљудувањето на однесувањето.
Кобаши беше одведен во собата за распит откако љубезно беше
поканет – иако без претходно предупредување – да и помогне на
полицијата во нејзината истрага. Полицискиот службеник чија задача
беше да го спроведе од хотелот, каде што беше сместен со своето
семејство, го упати да седи сам на задното седиште во автомобилот,
и употреби подолга рута од вообичаената за да го довезе до студиото,
со што кај него ја засили состојба на сомнеж и неизвесност.
Со оглед на тоа што ова беше само еден неформален разговор,
Кобаши не побара присуство на адвокат. Се плашеше дека таквото

246
барање ќе го изложи на сомнежи за вина. Тоа беше токму она на што
се надеваше и Борис.
Во собата, стоматологот изгледаше блед. Мила го проучуваше.
Носеше жолти летни панталони. Веројатно беа дел од една од
облеките за голф што ги зел со себе на своето патување во тропските
предели, и што сега ја сочинуваше целата негова гардероба. Носеше
и пурпурно-розов кашмирски џемпер и бела поло-блуза, чија висока
јака се гледаше од џемперот.
Му беше кажано дека наскоро ќе пристигне испитувачот кој ќе му
постави неколку прашања. Кобаши кимна со главата, ставајќи ги
рацете во скутот, во дефанзивна позиција.
Во меѓувреме, Борис го гледаше од другата страна на огледалото,
дозволувајќи си да се задржи подолго за да го проучи како што треба.
Кобаши на масата забележа една папка со своето име на неа. Таму
ја стави Борис. Стоматологот ни случајно не ја допре, токму како
што никако нема да погледне ни во правец на огледалото, и покрај
тоа што многу добро знаеше дека од другата страна го гледаат.
Папката, всушност, беше празна.
„Личи на заболекарска чекалница, нели?“, се пошегува Сара Роза,
зјапајќи во несреќниот човек зад стаклото.
Борис објави: „Добро: ајде да почнеме.“
Тогаш влезе во собата за распит. Го поздрави Кобаши, ја погледна
вратата и му се извини за доцнењето. Уште еднаш јасно му кажа
дека прашањата што ќе му ги постави се само за разјаснување, потоа
ја зеде папката од масата и ја отвори, преправајќи се дека нешто
чита.
„Доктор Кобаши, имате четириесет и три години, точно?“
„Точно.“
„Колку долго работите како стоматолог?“
„Јас сум ортодонтски хирург“, објасни тој. „Тоа го работам речиси
петнаесет години.“
Борис извесно време ги разгледуваше непостојните документи.
„Можам ли да Ве прашам колкав беше Вашиот приход минатата
година?“

247
Човекот малку се стресе. Борис му го упати првиот удар:
спомнувањето на приходот беше индиректна алузија на даноците.
Токму како што и предвиде, стоматологот бесрамно излажа за
својата финансиска ситуација и Мила не можеше да не забележи
колку наивен излезе во врска со тоа. Разговорот се однесуваше на
убиство, и каква и да е финансиска информација што можеше да се
појави, не ќе беше релевантна и не би можела да се пренесе во
даночните служби.
Човекот, исто така, излажа и во врска со своите лични податоци,
мислејќи дека може лесно да ги контролира своите одговори. Борис,
за кратко, му дозволи да продолжи така.
Мила ја знаеше играта на Борис. Таа имаше гледано други колеги
од старата школа како спроведуваат нешто слично, иако
специјалниот агент тоа го практикуваше на несомнено повисоко
ниво.
Секогаш кога Кобаши ќе се потпреше на сопствената фантазија,
Борис тоа веднаш го знаеше. Зголемувањето на анксиозноста
предизвикува неправилни минимални движења, како што се
извиткување со плеќите, триење рака од рака, масирање на
слепоочниците или на зглобовите. Овие движења се проследени со
физиолошки промени како што се зголемување на потењето, кревање
на тонот на гласот и неконтролирани движења на окото.
Но добро извежбан специјалист, како Борис, исто така знаеше дека
тоа се само навестувања за лажење и дека мора да се третираат како
такви. За да се докаже дека субјектот лаже, тој треба да ја признае
сопствената одговорност.
Кога Борис почувствува дека Кобаши е доволно сигурен во себе,
тргна во противнапад, нафрлајќи во своите прашања наводи што
имаат врска со Алберт и со исчезнувањето на шесте момички.
Два часа подоцна, Кобаши беше исцрпен од баражот со се повеќе и
повеќе интимни прашања. Досега, стоматологот ја напушти секоја
помисла да повика адвокат, туку само сакаше да излезе од таму
колку што е можно побрзо. Тој беше во таков психолошки колапс
што би кажал што и да е, само да си ја поврати слободата. Тој

248
можеби дури и ќе признаеше дека е Алберт.
Освен дека тоа не би било вистина.
Кога Борис го сфати тоа, ја напушти собата со образложение дека
сака да земе чаша вода, и им се приклучи на Горан и на останатите
во собата зад огледалото.
„Тој нема никаква врска со ова“, им рече. „И ништо не знае.“
Горан потврди со главата.
Сара Роза набргу дојде со резултатите од анализите на
компјутерите и на употребата на мобилните телефони во сопственост
на семејството Кобаши, кои не обезбедија ниту ронка докази. И
немаше интересни патокази што би се нашле меѓу нивните пријатели
и познајници.
„Што значи дека мора да е во куќата“, заклучи криминологот.
Беше ли куќата на семејството Кобаши – како и во случајот со
сиропиталиштето – место на нешто ужасно што никогаш не се
открило?
Но ни оваа теорија не држеше вода.
„Вилата била изградена последна на единственото слободно место
од комплексот. Била завршена пред околу три месеци, а Кобаши се
првите и единствени сопственици“, рече Стерн.
Но Горан одбиваше да се откаже: „Куќата крие некоја тајна.“
Стерн веднаш сфати и праша: „Каде почнуваме?“
Горан помисли малку, а потоа ја издаде наредбата: „Почнуваме со
раскопување на градината.“

П рво беа донесени кучиња-трагачи по трупови, способни да


надушкаат човечки останки и на голема длабочина. Потоа
пристигна специјална радарска опрема што скенира подземи, но на
екраните не се појави ништо сомнително.
Мила ги гледаше различните активности што се преземаа; се уште
чекаше Чанг да и ги даде податоците за детето што го најдоа во
куќата преку споредување на неговата ДНК со онаа на родителите на
жртвите.

249
Почнаа да копаат околу три часот попладнето. Малите булдожери
ја растргнуваа земјата во градината, уништувајќи ја мајсторски
изведената надворешна архитектура што морала да чини многу
проблеми и многу пари. Сега беше изнесувана и невнимателно
фрлана во камионите.
Вревата од дизел-моторите го наруши мирот на Капо Алто. Како
тоа да не беше доволно, вибрациите предизвикани од булдожерите
постојано го активираа алармот на масерати-то на Кобаши.
По градината, потрагата се пресели внатре во вилата. Беше
повикана специјализирана фирма за да ги отстрани тешките
мермерни плочи од подот во дневната соба. Во внатрешните ѕидови
се јавуваше звук на празнина, па и тие беа раскопани со копачи.
Мебелот, исто така, претрпе несреќна судбина: разглобен и сециран,
сега беше само за на депонија. Беа раскопани и визбата и темелите.
Роше го одобри тоа уривање. Одделот не можеше да си дозволи
повторен неуспех, дури и по цена да предизвика штета што ќе чини
милиони. А и Кобаши немаа намера да се вратат и повторно да
живеат таму. Се што им припаѓаше беше неизбришливо извалкано со
ужас. Тие би го продале имотот и по пониска цена од онаа што ја
платија за него, затоа што нивниот позлатен живот никогаш нема да
биде истиот поради сеќавањата на она што се случи.
Околу шест часот попладнето нервозната тензија кај луѓето
задолжени за работата на местото на злосторството беше опиплива.
„Може ли некој да го исклучи тој проклет аларм?“, се развика Роше,
покажувајќи на масерати-то на Кобаши.
„Не можеме да го најдеме далечинскиот од автомобилот“, му
одговори Борис.
„Јави му се на забарот и кажи му да ни го даде! Морам ли се да ви
кажам?“
Тие се вртеа во круг. Наместо да ги зближи, тензијата ги сврти еден
против друг, фрустрирајќи ги со неможноста да го решат проблемот
што Алберт го смислил за нив.
„Зошто ја облекол момичката како кукла?“ Ова прашање го
излудуваше Горана. Мила никогаш го немаше видено таков. Во тој

250
предизвик имаше нешто лично. Нешто за што дури и криминологот
не беше свесен, нешто што го попречуваше да размислува луцидно.
Мила се држеше на дистанција, обесхрабрена од чекањето. Што
значеше однесувањето на Алберт?
На полноќ, алармот на автомобилот на Кобаши се уште го
одбележуваше поминувањето на времето, неумоливо потсетувајќи го
секого од нив дека нивните досегашни обиди беа прилично
бескорисни.
Од под земја не се појави ништо ново. Вилата беше практично
опустошена, но ѕидовите не открија никакви тајни.
Додека Мила седеше на тротоарот пред куќата, дојде Борис,
држејќи го мобилниот телефон в рака.
„Се обидувам да телефонирам, ама нема сигнал...“
Мила, исто така, го провери својот телефон. „Можеби затоа Чанг се
уште не ми се јави да ми ги даде резултатите од ДНК тестот.“
Борис мавташе околу себе. „Па добро, и тоа е некаква утеха да се
знае дека и на богатите луѓе им недостига нешто, нели?“
Тој се насмеа, го врати телефонот во својот џеб и седна до неа.
Мила се уште не му беше заблагодарила за подарената парка, па тоа
го стори сега.
„Не е тоа ништо посебно“, и одговори тој.
Во тој момент тие забележаа дека приватните чувари на Капо Алто
се ангажирале за да формираат безбедносен кордон околу вилата.
„Што се случува?“
„Доаѓаат новинари“, и кажа Борис. „Роше реши да дозволи снимање
на вилата: неколку минути за телевизиските вести за да покажат дека
преземаме се што е можно.“
Таа ги гледаше лажните полицајци како заземаат позиција: беа
смешни во своите сино-портокалови униформи, кроени за да ја
покажат нивната мускулеста градба, со тврд израз на своите лица и
со своите воки-токи кои божем им даваа мошне професионален
изглед.
Алберт направи идиоти од вас збришувајќи ви ги камерите со
едноставен краток спој, си помисли таа.

251
„По сето ова време, се уште сме без одговори. На Роше ќе му излезе
пена на устата...“
„Не бери гајле, тој секогаш наоѓа начин да се појави со мирис на
рози.“
Борис ги извади хартијата за виткање цигари и ќесето тутун и
молчешкум почна да си витка цигара. Мила јасно чувствуваше дека
т.ој сака да ја праша нешто, но не директно. И дека ако молчи, нема
да му помогне.
Затоа реши да почне прва: „Што стори со дваесетте и четири часа
слобода што ти ги дозволи Роше?“
Борис беше двосмислен: „Спиев и размислував за случајот.
Некогаш имаш потреба да ја расчистиш главата... Знам дека
минатата ноќ излезе со Гавила.“
Еее, конечно го кажа тоа. Но Мила грешеше кога помисли дека
Борис го спомна тоа од љубомора. Неговата намера беше сосема
поразлична, како што откри од она што тој потоа го рече.
„Мислам дека тој многу страдаше.“
Борис зборуваше за жена му на Горан. И тоа го направи со толку
тажен глас што таа помисли дека што и да и се случило на двојката,
директно го инволвира и тимот.
„Навистина ништо не знам“, му рече. „Тој не ми зборуваше за тоа.
Само некое навестување на крајот од вечерта.“
„Тогаш можеби е подобро ако дознаеш сега...“
Пред да продолжи, Борис ја запали цигарата, повлече длабоко и го
издува чадот. Бараше погодни зборови.
„Сопругата на Горан беше прекрасна жена, не само убава, туку и
добра. Не памтам колку пати сме јаделе заедно кај нив дома. Таа
беше дел од нас, небаре беше во тимот. Кога имавме некој тежок
случај, тие вечери беа единственото олеснување по денот поминат
меѓу крв и мртви тела. Помирување со животот, ако знаеш што
мислам...“
„И што се случи потоа?“
„Се случи пред околу година и пол. Без предупредување, дури без
каков и да е предзнак, таа си замина.“

252
„Го напушти?“
„Не само Гавила, туку и Томи, нивниот единствен син. Тој е
прекрасно момче, оттогаш живее со татко си.“
Мила претпоставуваше дека криминологот е оптоварен со тагата од
разделбата, но никогаш не би замислила нешто такво. Како мајка
може да напушти син?, се прашуваше таа.
„Зошто си заминала?“
„Никој никогаш не разбра. Можеби имала некој друг, можеби се
изморила од тој живот, којзнае... Не оставила дури ни белешка. Само
си ги спакувала торбите и си замина. Крај.“
„Јас не би се откажала без да дознам зошто го сторила тоа.“
„Најчудното нешто е тоа што тој никогаш не побара од мене да
откријам каде е таа.“ Гласот на Борис се промени, и пред да
продолжи погледна наоколу, проверувајќи дали Горан е некаде во
близина. „И има нешто што Гавила не го знае и не смее да го знае...“
Мила кимна со главата за да му покаже дека може да и верува.
„Добро... неколку месеци подоцна, Стерн и јас ја најдовме.
Живееше во еден град на крајбрежјето. Не отидовме директно кај
неа, само дозволивме да не забележи на улицата надевајќи се дека би
можела да дојде и да поразговара со нас.“
„И направи ли така?“
„Таа беше изненадена што не виде. Но потоа само ни мавна, го
спушти погледот и си помина.
Ова беше проследено со молчење што Мила не го протолкува.
Борис го фрли догорчето, не внимавајќи на лутиот поглед кај еден од
приватното обезбедување, кој веднаш дојде и го собра од тревата.
„Борис, зошто ми го кажа ова?“
„Затоа што ми е пријател. Исто како и ти, и покрај тоа што не те
знам толку долго.“
Борис мора да сфатил нешто што ниту таа ниту Горан се уште не
успеале да го забележат. Нешто во врска со нив. Тој само се
обидуваше да ги заштити обајцата.
„Кога жена му замина, Гавила продолжи понатаму. Тој така
мораше, особено поради детето. Со нас ништо не промени. Се уште

253
се чини како истиот Горан: совесен, точен, ефикасен. Само престана
да се облекува толку елегантно. Тоа не беше важно, немаше за што
да се грижи. Но тогаш дојде случајот ’Вилсон Пикет’...“
„Како пејачот?“
„Да, така го нарекоа.“ Борис очигледно зажали што го спомна тоа и
рече само кратко: „Одеше лошо. Се направија грешки и некој се
закани дека ќе го распушти тимот и ќе не отпушти. Роше не одбрани
и инсистираше да си ги задржиме работните места.“
Мила само што сакаше да го праша што се случило потоа, сигурна
дека Борис ќе и каже на крајот, кога алармот на масерати-то на
Кобаши повторно се вклучи.
„Проклет да е, тој аларм ми го дупна мозокот!“
Во тој момент Мила случајно погледна накај куќата и за миг
забележа серија слики што и го привлекоа вниманието: на лицата на
безбедносните чувари се појави истиот израз на загриженост и тие
сите ги ставија рацете врз микрофоните на своите воки-токи, како да
се појавила некаква ненадејна и неподнослива интерференција.
Мила повторно погледна во автомобилот. Потоа го извлече
мобилниот од џебот: се уште немаше сигнал. Нејзе и текна нешто.
„Има едно место што се уште не го прегледавме...“, му рече на
Борис.
„Кое е тоа место?“
Мила покажа нагоре.
„Етерот.“

З а помалку од половина час подоцна, во студенилото на ноќта,


експертите од тимот за електроника веќе почнаа да ја
„преслушуваат“ областа.
Секој од нив имаше слушалки и држеше мал уред насочен кон
небото. Се движеа наоколу – мошне бавно, тивки како духови –
обидувајќи се да уловат евентуални радиосигнали или сомнителни
фреквенции, за секој случај, етерот да не содржи некаков вид порака.
Така и беше.

254
Тоа беше она што се мешаше со алармот на масерати-то на
Кобаши и што ги ограничуваше телефонските врски. И што се појави
во воки-токите на чуварите од обезбедувањето во форма на
неиздржливо пиштење.
Малку подоцна, трансмисијата беше трансферирана во приемникот.
Тие гледаа околу апаратурата, за да слушнат што има да им каже
темнината.
Без зборови, туку со звуци.
Одвреме навреме се јавуваше шиштење, но имаше некаква
усогласеност во прецизната серија звуци. Кратко, потоа подолго.
„Три точки, три црти, потоа повторно три точки“, преведе Горан во
корист на другите. Во јазикот на најпознатиот радио-код на светот,
тие основни звуци имаа недвосмислено значење.
СОС.
„Од каде доаѓа ова?“, праша криминологот.
Техничарот го проучуваше сигналот што се појави на неговиот
екран. Потоа погледна накај улицата и покажа: „Од куќата
отспротива.“

255
23

Ц ело време им било пред очи.


Куќата отспротива молчешкум, цел ден, ги посматраше
нивните трескавични напори. Тоа беше таму, на неколку чекори
оддалеченост, повикувајќи ги, повторувајќи го своето чудно и
анахроно барање помош.
Двокатната вила и припаѓала на Ивон Грес. Сликарката, како што ја
нарекувале соседите. Таа таму живеела со двете деца, син од
единаесет и ќерка од шеснаесет години. Се преселиле во Капо Алто
по разводот на Ивон, а таа и се вратила на својата страст кон
уметноста, што ја напуштила како девојка за да се омажи за
надежниот млад адвокат, Грес.
Во почетокот, апстрактното сликарство на Ивон не било најдобро
прифатено. Галеријата во која ги изложила сликите ја затворила
нејзината самостојна изложба без ниту едно продадено дело. Но
Ивон, убедена во својот талент, не се откажала. И кога една
пријателка и порачала портрет во масло на своето семејство за да го
закачи во рамката над каминот, Ивон ја открила својата силна точка.
За многу кратко време таа станала една од најбараните сликарки на
портрети меѓу луѓето уморни од вообичаените фотографии, кои
сакале на платно да ги овековечат своите сопствени кланови.
Кога Морзеовата кодирана порака го привлече вниманието на
куќата од другата страна на улицата, еден од чуварите забележа дека
Ивон Грес и нејзините две деца веќе извесно време не биле видени
околу вилата.
Завесите беа спуштени, поради што беше невозможно да се
погледне внатре.
Пред Роше да издаде наредба да се влезе во вилата, Горан се обиде
да го повика телефонскиот број на жената. Миг подоцна, во општата
тишина на улицата, се слушна слабо, но јасно ѕвонење што доаѓаше
од внатрешноста на куќата. Никој не одговори.
Тие, исто така, се обидоа и да го контактираат нејзиниот

256
поранешен сопруг, со надеж дека барем децата ќе бидат таму. Кога
го најдоа, тој им кажа дека веќе со години не слушнал ниту глас од
децата. Тоа и не беше чудно, затоа што фамилијата ја напуштил
поради еден фото-модел од дваесетина години, и мислел дека ќе ја
исполни својата татковска должност со плаќање на редовната
алиментација за да биде сигурен дека имаат за јадење.
Техничарите поставија термални сензори околу вилата, за да
откријат некаква трага од топлина во внатрешноста.
„Доколку има некој жив во таа куќа, наскоро ќе дознаеме“, им рече
Роше, кој слепо и веруваше на ефикасноста на технологијата.
Во меѓувреме, ги проверија и струјата, и водата, и гасот. Односните
конекции не биле исклучени, поради тоа што сметките биле
наплатувани со директно задолжување, но мерните инструменти
биле запрени пред три месеци: знак дека речиси деведесет дена никој
не вклучил светло.
„Тоа е повеќе или помалку во истото време кога била завршена
вилата на Кобаши и кога стоматологот со семејството се доселил во
неа“, забележа Стерн.
Горан ја замоли Роза: „Сакам да ги прегледаш снимките од
камерите: очигледно овде има некоја врска.“
„Да се надеваме дека нема веќе замрачувања на системот“, му рече
таа.
„Се подготвуваме да влеземе внатре“, најави Горан.
Во меѓувреме, Борис ја стави својата заштитна футрола на
мобилниот. „Јас сакам да одам внатре“, објави тој кога ја виде Мила
како се појавува на прагот од возилото. „Тие не може да ме запрати
јас исто така сакам да одам.“ Тој не можеше да ја свари помислата
дека Роше би можел да побара специјалците да влезат први. „Тие
само прават метеж. Тие ќе треба да се движат во темница кога ќе
влезат внатре...“
„Се сомневам дека ќе успеат во тоа“, забележа Мила, немајќи
намера премногу да му се противи.
„И дали, исто така, ќе можат да гарантираат за своите докази?“,
праша тој саркастично.

257
„Во тој случај, и јас сакам да бидам внатре.“
Борис запре за миг и ја погледна без ништо да каже.
„Мислам дека го заслужив тоа – на крајот на краиштата, јас бев таа
која откри дека пораката беше...“
Тој ја прекина, дофрлајќи и го вториот панцирен елек.
Малку подоцна, тие го напуштија карван-возилото за да им се
придружат на Горан и на Роше, повторувајќи ги своите причини да
влезат внатре.
„Не доаѓа предвид“, веднаш рече главниот инспектор. „Ова е
операција за специјалци. Не можам да дозволам таква
непретпазливост .“
„Слушајте, инспекторе...“, дојде Борис и застана пред него, така
што овој не можеше да го игнорира. „Пратете не Мила и мене во
извидување. Останатите ќе влезат само ако навистина има потреба
од тоа.“ Роше одби да попушти. „Сум бил во војска, истрениран сум
за овие работи, Стерн има дваесетгодишно искуство на тоа поле, што
можам и да го потврдам, и доколку го имаше вториот бубрег, тој
доброволно ќе се пријавеше со мене, како што многу добро знаете.
Како што било случај со агент Мила Васкез; таа влегла сама во
куќата на еден манијак кој како затвореници држел едно мало дете и
момичка.“
Доколку Борис знаеше што навистина се случи кога таа ги стави
сопствениот и животот на заложниците на линијата на огнот, не би ја
поддржал толку решително, со горчина си помисли Мила.
„Значи, размисли за тоа: некаде има една се уште жива момичка, но
нема да биде уште долго.
Секое место на злосторството ни кажува повеќе за нејзиниот
грабнувач.“ Потоа, Борис покажа накај куќата на Ивон Грес:
„Доколку таму има нешто што може да не одведе до Алберт, ние
треба да го најдеме пред тој да го уништи. А единствениот начин е
нас да не пратиш внатре.“
„Јас не мислам така, специјален агенту“, му одговори тивко Роше.
Борис направи чекор кон него и го погледна право в очи. „Сакате
ли повеќе компликации? Доста се и досегашниве што ги има...“

258
Претпазлива закана, си помисли Мила. Таа беше изненадена што
Борис со таков тон му се обраќа на својот претпоставен. Но, се
чинеше како да станува збор за нешто меѓу нив двајцата.
Роше го погледна Гавила, само еден миг подолго: бараше ли совет
или само сакаше со некој да ја сподели одговорноста за одлуката?
Но криминологот не се обиде да ја искористи ситуацијата, и само
кимна со главата.
„Се надевам дека нема да зажалиме.“ Главниот инспектор намерно
употреби множина за да ја нагласи заедничката одговорност со
Горан.
Во тој момент, се појави еден техничар со монитор за топлински
докази. „Господине Роше, сензорите најдоа нешто на вториот кат...
нешто живо.“ Сите се завртија и погледнаа накај куќата.

С убјектот е се уште на вториот кат и не е помрднат оттаму“, јави


Стерн преку радиоврска.
Борис тивко изброи наназад пред да ја турне со рака влезната врата.
Резервниот клуч му го даде заповедникот на обезбедувањето:
постоеше дупликат за секоја вила што тие го чуваа кај себе во случај
на итна потреба.
Мила ја проучуваше концентрацијата на Борис. Зад нив, луѓето од
специјалните сили чекаа подготвени да интервенираат. Специјалниот
агент прв влезе внатре, а веднаш по него и таа. Нивното оружје беше
уедначено и покрај нивната Кевлар заштита, носеа слушалки,
микрофон и мала светилка на десната слепоочница. Стерн ги водеше
однадвор со радиоврска, додека на екранот ги следеше движењата на
контурите откриени со помош на термалните сензори. Формата
покажуваше многубројни променливи бои кои упатуваа на различни
температури на телото, од сина, жолта, до црвена. Не беше можно да
се протолкува вистинскиот изглед на субјектот.
Но, личеше на тело што лежи на подот.
Би можело да е некој кој е повреден. Но пред да откријат, Борис и
Мила требаше да спроведат правилна истрага во согласност со

259
безбедносните процедури.
Однадвор беа запалени два огромни моќни рефлектора што ги
осветлуваа двете фасади на вилата. Но, поради навлечените завеси,
светлината одвај се пробиваше во внатрешноста. Мила се обиде да ги
приспособи очите на темницата.
„Се е ОК?“, шепотејќи ја праша Борис.
„Се е ОК“, му потврди таа.
Во меѓувреме, на местото каде што порано беше тревникот на
Кобаши, сега стоеше Горан, посакувајќи цигара повеќе од кога и да е
со години наназад. Беше загрижен. Особено заради Мила. Зад него,
Сара Роза ги набљудуваше специјалните камери, седејќи пред четири
монитори. Доколку навистина постоеше врска помеѓу двете куќи
поставени една спроти друга, тие наскоро ќе дознаат.
Првото нешто што го забележа Мила беше дека домот на Ивон Грес
е во хаос.
Од вратата, таа имаше целосен поглед на дневната соба од левата, и
на кујната од својата десна страна. Масата беше натрупана со
отворени кутии од цереалии, полупразни шишиња од сок од
портокал и со кутии со расипано млеко. Имаше и празни конзерви од
пиво. Шпајзот беше отворен и дел од храната беше расфрлан по
подот.
Масата имаше четири стола. Но само една беше помрдната.
Мијалникот беше полн со валкани чинии и со тенџериња облепени
со остатоци од храна. Мила ја насочи батеријата во фрижидерот: под
магнетот во форма на желка виде слика на русокоса жена во своите
четириесетти години, смеејќи се додека гушка едно мало момче и
една малку поголема момичка.
Во дневната соба, една ниска масичка сместена пред огромен
плазма-екран беше покриена со празни шишиња од алкохол, со
повеќе конзерви пиво и со пепелници преполни со догорчиња од
цигари. Во средината на собата беше довлечкана една фотелја, а на
килимот се забележуваа кални отпечатоци од чизми.
Борис го привлече вниманието на Мила и и ја покажа мапата на
куќата, сугерирајќи дека би можеле да се одвојат и повторно да се

260
сретнат во подножјето на скалите што водеа на горниот кат. Тој
покажа накај делот зад кујната, задржувајќи ги библиотеката и
работната соба за себе.
„Стерн, дали се уште е се ОК на првиот кат?“, шепна Борис во
своето радио.
„Не се мрда“, беше одговорот.
Тие меѓусебно си кимнаа со главите и Мила тргна во правецот
наменет за неа.
„Го добивме“, рече во истиот момент Сара Роза пред мониторот.
„Гледај...“
Горан се наведна на нејзиното рамо: според датумот во аголот на
екранот, тие снимки датираа од пред девет месеци. Вилата на
Кобаши беше само градилиште. На забрзаните снимки, работниците
цупкаа околу незавршената фасада како луди мравки.
„Гледај сега...“
Роза ја забрза снимката додека не дојде до зајдисонце, кога секој го
напушта градилиштето за да си оди дома и да се врати следниот ден.
Потоа го стави видеото на нормална брзина.
Во тој момент нешто засветка во кадарот на влезната врата на
вилата на Кобаши.
Тоа беше сенка, неподвижна, која чека. И која пушеше.
Повремениот сјај од цигарата го откри неговото присуство.
Човекот се наоѓаше внатре кај вилата, чекајќи да се стемни. Кога
стана доволно темно, тој излезе. Се сврти наоколу и потоа ги помина
неколкуте метри што го делеа од куќата отспротива и влезе без да
чукне на вратата.
„Слушај...“
Мила се наоѓаше во работната соба на Ивон Грес, каде што по сите
агли имаше платна, сликарски штафелаи и туби со бои расфрлани
насекаде; кога во слушалките го слушна гласот на Горан, таа застана.
„Веројатно откривме што се случило во оваа куќа.“
Мила чекаше.
„Имаме работа со паразит.“
Мила не го разбра, но Горан и го објасни терминот.

261
„Секоја вечер, еден од работниците вработен во вилата на Кобаши
чекал додека се затвори градилиштето, а потоа веднаш се упатувал во
куќата од спротивната страна. Се плашиме дека може да го...“ –
криминологот подзапре пред да ја дефинира таквата ужасна идеја –
„киднапирал семејството во неговиот сопствен дом.“
Гостинот си го присвоил пријатното престојувалиште, убедувајќи
се себеси дека е дел од животот на семејството. Сето тоа го
оправдувал со својата наводна љубов. Но, кога му здодеала таа
фикција, се ослободил од своето ново семејство и побарал друго
престојувалиште за да го опустоши.
Додека ги гледаше гнилите остатоци од неговото поминување низ
работната соба на Ивон, Мила се потсети на ларвите на Ѕаrcophaga
calnaria кои се гоштеваа на килимот на Кобаши.
Потоа го слушна Стерн како прашува: „Колку долго траело тоа?“
„Шест месеци“, беше одговорот на Горан.
Мила почувствува стегање во стомакот. Шест месеци Ивон и
нејзините деца биле заробеници на еден психопат кој бил способен
да прави со нив што и да посака. И, уште повеќе, тој го правел тоа
меѓу дузина други куќи, каде што живееја други семејства, изолирани
во своите богати домови, замислувајќи дека можат да му избегаат на
ужасот од светот, верувајќи во една апсурдна идеална безбедност.
Шест месеци. И никој не забележал ништо.
Тревникот бил косен секоја недела, а розите во леите постојано
биле негувани со љубов од страна на градинарите од
резиденцијалниот комплекс. Светилките на верандите биле
вклучувани навечер, со тајмер синхронизиран со временскиот
распоред што ги навестува правилата на кондоминиумот. Децата
возеле велосипеди или си играле со топка на патеките пред куќите,
госпоѓите се шеткале муабетејќи за ова или за она, и си разменувале
рецепти за слатки, мажите во неделите наутро оделе да трчаат и ги
миеле автомобилите пред своите гаражи.
Шест месеци. И никој не видел.
Тие не се чуделе зошто завесите се навлечени дури и преку ден. Не
забележале како се трупа поштата во поштенското сандаче. Никој не

262
обрнал внимание на отсуството на Ивон и на нејзините деца на
социјалните настани во клубот, како што се есенскиот бал или
томболата на 23 декември.
Декорирањето на Божикните елки – исто за целиот комплекс – како
и обично, го организирал менаџментот, а потоа, по празниците, тие
ги отстранувале декорациите. Телефонот ѕвонел без некој да се јави,
Ивон и децата не доаѓале да ја отворат вратата кога некој ќе чукнел, а
сепак, никој не се посомневал.
Единствените роднини на Ивон живееле мошне далеку. Но, дури и
тие не помислиле дека има нешто чудно во тоа молчење што се
одолжило толку многу.
Во текот на тоа долго, долго време, малото семејство посакувало, се
надевало, се молело секој ден за помош или за внимание што
никогаш не пристигнале.
„Тој веројатно е садист. И ова е неговата игра, неговата претстава.“
Неговата куќа на кукли, беа зборовите што поминаа низ умот на
Мила, кога помисли на облеката што беше облечена на телото што
Алберт го оставил на софата на Кобаши.
Таа помисли на невиденото насилство што го претрпеле Ивон и
нејзините деца во тој бескраен временски период. Шест месеци
измачување. Шест месеци тортура. Шест месеци агонија. Но, кога ќе
се размисли, било потребно многу помалку време за да заборави на
нив целиот свет.
Дури и „чуварите на законот“ не забележале ништо, и покрај тоа
што биле на должност дваесет и четири часа на ден – во состојба на
готовност! – токму пред куќата. Тие, исто така, на некој начин, беа
соучесници. Како и таа, исто така.
Мила помисли дека Алберт уште еднаш го впери светлото на
хипокризијата на оној дел од човечката раса кој се чувствува
„нормален“ само затоа што не оди наоколу убивајќи невини деца
отсекувајќи им една од рацете. Но кој е способен за еднакво сериозен
криминал: рамнодушноста.
Борис ја прекина низата мисли на Мила.
„Стерн, како се одвива ситуацијата горе?“

263
„Нема ништо.“
„Добро, тогаш да одиме.“
Тие се сретнаа, како што се договорија, во подножјето на скалите
што водат на вториот кат, каде што се наоѓаа спалните соби.
Борис и даде знак на Мила да го покрива. Од тој момент, тие ќе
внимаваат радиостаниците да молчат за да не ја откријат својата
позиција. Стерн беше овластен да го прекине молкот само за да ги
предупреди ако живите силуети покажат некакво движење.

П очнаа да се качуваат по скалите. Тепихот што ги покриваше


имаше дамки: отпечатоци од стапки и од остатоци од храна. На
ѕидот веднаш до скалите беа наредени фотографии од годишни
одмори, од родендени и од семејни забави, а на врвот беше закачен
портрет во масло на Ивон и на нејзините деца. Некој и ги ископал
очите на сликата, можеби иритиран од тој упорен поглед.
Кога стигнаа до одморалиштето, Борис застана настрана за да ја
причека Мила. Потоа заедно продолжија да се движат: различни
полуотворени врати водеа во ходникот, кој на крајот вртеше лево.
Зад тој последен агол се наоѓаше последното живо присуство во
целата куќа.
Борис и Мила полека тргнаа натаму. Поминаа покрај една врата
што беше подотворена. Мила го препозна ритмичниот звук на
Морзеовата азбука што беше пратен во етерот. Полека ја отвори
вратата и се најде себеси како гледа во собата на
единаесетгодишното дете. На ѕидовите имаше постери со планети, а
на полиците книги од астрономија. Еден телескоп беше поставен
пред прозорецот со решетки.
На малата маса се наоѓаше научна диорама: скала на репродукции
на телеграфска станица од деветнаесеттиот век. Беше составена од
две дрвени штички со две батерии кои, преку електроди и бакарна
жица, беа поврзани со перфориран диск што на еден клин се вртеше
во редовни интервали три точки, три црти, три точки. Целата
направа со едно кабелче беше поврзана за воки-токи-то во шепата на

264
еден диносаурус. Диорамата на која беше закачена бронзена плочка
носеше натпис ПРВА НАГРАДА.
Сигналот доаѓал оттука.
Единаесетгодишното момче ја претворило својата домашна задача
во предавател, избегнувајќи ги проверките и забраните од човекот кој
го држеше како затвореник.
Мила го насочи снопот светлина од батеријата над разместениот
кревет. Оздола се наоѓаше една валкана пластична канта. Исто така
забележа и знаци од триење на работ на горната страна на креветот.
На спротивната страна од ходникот беше собата на
шеснаесетгодишната девојка. На вратата бојосани букви го формираа
името Кеира. Од вратата, Мила брзо ја разгледа собата. На подот беа
натрупани чаршафи. Една фиока за долна облека стоеше исправена,
исто така, на подот. Огледалото од комодата со фиоки беше ставено
пред креветот. Не беше тешко да се замисли зошто. И тука се гледаа
знаци на триење на потпирачите.
Лисици, помисли Мила. Преку ден тој ги држел врзани за нивните
кревети. Овојпат, валканата пластична канта се наоѓаше во аголот.
Мора да била употребувана за телесни потреби.
Неколку чекори потаму беше собата на Ивон. Душекот беше
извалкан и имаше само еден чаршаф. На килимот имаше траги од
блуеница, а насекаде низ собата беа расфрлани марамчиња. На еден
ѕид имаше шајка на којашто некогаш била закачена слика, но каде
што сега висеше еден кожен ремен во целата своја големина,
потсетник за тоа за кого служел и како.
Ова била твоја соба за три, копиле едно! И очекувам да платиш за
тоа што одвреме-навреме си ја посетувал и малата момичка! А кога
ќе си се изморел од нив, си одел во спалната соба на
единаесетгодишното дете, дури и само за да го тепаш...
Гневот беше единствената емоција што и беше одобрена во овој
живот. И Мила го искористи, лакомо пиејќи од тој темен извор.
Не постоеше начин да се дознае колку пати Ивон Грес се
присилувала себеси да биде „фина“ спрема монструмот, само за да го
задржи со себе во таа соба, оттргнувајќи го тој да излезе кај

265
нејзините деца.
„Деца, таму нешто се движи.“ Гласот на Стерн беше вознемирен.
Борис и Мила во исто време се завртија спрема аголот на крајот од
ходникот. Немаше веќе време да се прегледува местото. Обајцата ги
насочија своите пиштоли и батериските ламби точно во тој правец,
чекајќи во секој момент да видат како нешто се појавува.
„Не мрдај!“, и рече Борис.
„Доаѓа накај тебе.“
Мила го намести показалецот на чкрапалото и почна лесно да го
притиска. Го слушна срцето како со крешчендо и чука во ушите.
„Зад аголот е.“
Појавата се најави со нејасно цимолкање. Се појави една влакнеста
муцка и погледна во нив. Тоа беше еден њуфаундлендер. Мила го
крена оружјето, а го виде и Бориса како го прави истото.
„Се е ОК“, рече во радиото, „тоа е само куче.“
Крзното му беше неуредно и лепливо, очите црвени, а на едната
шепа имаше повреда.
Тој не го убил, помисли Мила приближувајќи му се.
„Дојди, момче, дојди тука...“
„Преживеал сосема сам најмалку три месеци: како успеал во тоа?“,
се чудеше Борис.
Кога Мила зачекори кон него, песот се поврати наназад.
„Внимателно, исплашен е. Може да те касне.“
Мила не обрна внимание на зборовите на Борис и почна пополека
да му се приближува на њуфаундлендерот. Таа клекна за да го смири,
и му викна: „Дојди, момче, дојди кај мене.“
Кога доволно му се приближи, виде дека на ремчето околу вратот
носи плочка со името. Го прочита неговото име на светлината од
батеријата.
„Њуфи, дојди кај мене, дојди...“
Најпосле, кучето и дозволи да дојде до него. Мила ја стави дланката
пред неговата муцка, за да може да ја душне.
Борис веќе стана нестрплив. „ОК, ајде да прекинеме да ја
проверуваме мапата и да ги донесеме другите.“

266
Песот ја крена шепата накај Мила, небаре се обидува нешто да и
покаже.
„Чекај...“
„Што?“
Мила не му одговори, туку се исправи на нозе и виде дека
њуфаундлендерот отишол повторно назад во темниот агол на
ходникот.
„Тој бара да го следиме.“
Тие тргнаа зад него. Завртија зад аголот и видоа дека ходникот
завршува неколку чекори потаму. На крајот, од десната страна,
имаше уште една соба.
Борис провери на мапата. „Таа гледа на задниот дел, но не знам
што е.“
Вратата беше затворена. Пред вратата имаше натрупано разни
нешта. Една прекривка за кревет со дезен со коски, една длабока
чинија, разнобојна топка, еден ремен и остатоци од некаква храна.
„Еве кој го напаѓал шпајзот.“
„Се прашувам зошто ги качил овие предмети горе...“
Њуфаундлендерот ја дофати вратата како да потврдува дека тоа
сега било негов простор.
„Дали рече дека сиве овие нешта самиот ги качил до овде? Зошто?“
Како да одговара на прашањето од Мича, кучето почна да гребе по
дрвото од вратата и да цимоли.
„Сака да влеземе внатре...“
Мила го зеде ремчето и го врза песот за еден радијатор.
„Биди добар, Њуфи.“
Њуфаундлендерот залаја, небаре разбра. Тие ги тргнаа работите од
пред вратата, а Мила ја фати кваката, додека Борис го насочи
пиштолот во вратата: термалните сензори не открија никакво друго
присуство во куќата, но никогаш не се знае. Сепак, и обајцата беа
убедени дека таа тенка бариера го прикрива трагичниот епилог на
она што толку многу месеци се случувало тука.
Мила ја спушти раката за да ја отвори вратата и потоа ја поттурна.
Светлото од батериските ламби ја проби темницата. Сноповите се

267
движеа од една страна на друга.
Собата беше празна.
Беше голема околу шест на три метри. На подот немаше килим, а
ѕидовите беа измолерени бело. Прозорецот беше прекриен со тешка
завеса. На таванот висеше ламба. Се чинеше како никогаш да не била
употребувана собата.
„Зошто не доведе тука?“, праша Мила повеќе за себе отколку за
Борис. „И каде се Ивон и нејзините деца?“
Таа го избегна вистинското прашање: Каде завршиле телата?
„Стерн.“
„Да?“
„Внесете ги научниците, ние завршивме.“
Мила се врати во ходникот и го ослободи кучето, кое избега од неа
во собата. Го гледаше како се смести во аголот.
„Њуфи, не може да останеш овде!“
Но кучето не се помрдна. Потоа таа му се приближи со ремчето в
рака. Животинчето повторно лавна, но не заканувачки. Потоа почна
да го душка дрвениот под. Мила се наведна зад него, туркајќи му ја
муцката настрана и насочувајќи ја својата батериска ламба за да види
подобро. Но, таму немаше ништо. Тогаш – виде.
Кафеава дамка.
Беше помала од три милиметри. Се приближи до неа и забележа
дека е правоаголна, со малку збрчкана површина.
Мила не се сомневаше што беше тоа. „Тука се случило“, рече.
Борис не ја разбра.
Потоа се заврти накај него: „Тука ги убил.“

Н ие всушност забележавме дека некој влегува во куќата... но,


знаете, Ивон Грес беше привлечна жена која живееше сама... па,
понекогаш имаше посети доцна навечер од мажи во соседството.“
Заповедникот на обезбедувањето значајно кимна со главата, на што
Горан реагираше поткренувајќи се на прсти за да му се загледа во
очите.

268
„Да не сте се осмелиле да инсинуирате нешто такво.“
Тој ова го кажа со неутрален тон, но во гласот се чувствуваше
закана.
Шефот на обезбедувањето требаше да се обиде да ја оправда оваа
сериозна грешка, и негова и на неговиот потчинет. Но, тој беше
избрифиран од адвокатите на комплексот Капо Алто. Нивната
стратегија предвидуваше Ивон Грес да биде претставена како лесна
жена, само затоа што беше сама и независна.
Горан забележа дека креатурата – тој не можеше да смисли друг
збор за него – која доаѓала и заминувала од нејзината куќа цели шест
месеци, го злоупотребила истиот изговор за да се задоволува себеси.
Криминологот и Роза прегледаа голем дел од снимките за тој долг
временски период. Требаше да го забрзуваат снименото, но повеќе
или помалку, истите сцени се повторуваа – пак и пак. Понекогаш
човекот не доаѓаше и Горан си замисли дека тие ноќи биле
најдобрите за изолираното семејство. Но можеби, истовремено, биле
и најлошите, затоа што значело дека нема да бидат одврзани од
своите кревети и нема да можат ништо да каснат ниту да се напијат
вода кога тој не внимавал на нив.
Да се биде силуван значеше преживување во вечното барање на
помалото зло.
Филмот исто така го покажуваше човекот преку ден, како работи на
градилиштето. Тој секогаш носеше капче со визир, што спречуваше
камерите да го снимат неговото цело лице.
Стерн го распраша сопственикот на градежната фирма кој го
најмил како сезонски работник. Името на човекот било Лебрински,
но се покажа дека било лажно. Тоа честопати се случуваше, најмногу
поради тоа што на градилиштата беа вработувани странски
работници без дозвола за престој. Според законот, газдите беа само
обврзани да им ги побараат документите, без да проверат каде се
издадени.
Некои од работниците кои во тоа време работеле на вилата на
Кобаши рекоа дека „Лебрински“ бил воздржан и дека се си чувал
самиот за себе. Тие, според сеќавањата, дадоа негов опис за да се

269
направи фото-робот. Но на крајот, реконструкцијата беше премногу
различна за да биде употреблива.
Кога заврши со шефот на обезбедувањето, Горан им се придружи
на другите во вилата на Ивон Грес, што сега беше во ексклузивен
домен на Креп и на неговите луѓе.
Остроумните експерти за отпечатоци на прсти весело брбореа пред
него додека се движеше наоколу како џуџе во некоја волшебна шума.
Куќата имаше нестварен изглед: килимите беа целосно покриени со
пластични фолии, а насекаде беа поставени халогени ламби за да
осветлуваат различни делови, па дури и детали. Луѓе во бели
комбинезони и со заштитни очила од плексиглас ја бришеа од прав
речиси секоја површина.
„ОК, нашиот човек не е многу бистар“, почна Креп. „Настрана
нередот што го направил песот, тој насекаде оставил различни
отпадоци: конзерви, догорчиња од цигари, употребени чаши. Има
доволно ДНК за да го клонираме.“
„Отпечатоци од прсти?“, го праша Сара Роза. „Со тони! Но, за жал,
никогаш не бил гостин во нашите затвори и во архивата не постои
ништо негово.“
Горан одмавна со главата; еден куп траги како овие, а се уште не е
возможно да се најде осомничениот. Се разбира, паразитот бил многу
понепретпазлив од Алберт, кој ги онеспособил сигурносните камери
пред да влезе со момичката во куќата на Кобаши. Токму поради таа
причина, имаше едно нешто што за Горан немаше смисла.
„Што можеш да ми кажеш за телата? Го прегледавме филмот и
паразитот никогаш ништо не изнесол од куќата.“
„Затоа што не излегле низ врата...“
Тие погледнаа едни во други, обидувајќи се да разберат што значи
оваа реченица. Креп додаде: „Ќе ги провериме одводните цевки,
мислам дека на тој начин се ослободил од нив.“
Тој ги има исечкано, заклучи Горан. Тој манијак глумел, делумно
љубен сопруг, делумно обожаван татко. И еден ден, се ослободил од
нив, или можеби само ја завршил работата на куќата отспротива, и
дошол овде за последен пат. Можеби Ивон и нејзините деца имале

270
претчувство дека крајот наближува.
„Но јас го спасив најчудното нешто досега...“, рече Креп.
„Што би можело да биде тоа?“
„Празната соба на катот над нас, онаму каде што нашата пријателка
полицаец ја нашла таа мала дамка од крв.“
Горан забележа како Мила се вкочани, подготвена за одбрана.
Експертот предизвикуваше таков ефект кај многумина луѓе.
„Собата на вториот кат би можела да биде моја ’Сиктинска
капела’“, нагласи Креп. „Таа дамка ни сугерира дека таму било
местото каде што се случил масакрот. И дека потоа, исчистил се,
иако го испуштил тој детаљ. Но тој сторил повеќе од тоа: всушност,
повторно ги бојосал ѕидовите.“
„Зошто би го правел тоа?“, праша Борис. „Бидејќи е глупав, тоа е
мошне очигледно. Со оставањето таков неред и толку многу траги, и
со пуштањето вода во тоалетната школка по останките, тој веќе си
заработил животна казна. Тогаш, зошто да се измачува да ја освежува
собата?“
И за Горан мотивот беше нејасен. „Па како ќе продолжиш одовде?“
„Ќе ја излупиме бојата и ќе видиме што има под неа. Тоа ќе ни
одземе малку време, но со новите техники можеме да ја откриеме
секоја крвава дамка што тој идиот се обидел толку детски да ја
прикрие.“
Горан не беше убеден. „Се што имаме досега е недозволено
затворање и прикривање на тела. Тој ќе заработи затвор, но тоа не
значи дека правдата ќе биде задоволена. За да се дознае вистината, и
за да се уапси за убиство, нам исто така ни треба таа крв.“
„Ќе ја имаш.“
Дотогаш имаа само мошне краток опис на субјектот што го бараа.
Тие го споредија со податоците што ги собра Креп.
„Би рекла дека тој е маж меѓу четириесеттата и педесеттата
година“, почна Роза. „Добро граден и висок околу метар и шеесет.“
„Трагите од чевли на килимот се околу број девет, па би рекол дека
е тука некаде.“
„Пушач.“

271
„Сам си прави цигари од тутун и од хартија.“
„Како мене“, рече Борис. „Секогаш сум задоволен кога имам нешто
заедничко со типови како овој.“
„И би рекол дека сака кучиња“, заклучи Креп.
„Само заради тоа што го оставил жив њуфаундлендерот?“, го праша
Мила.
„Не, драга моја. Најдовме и некои влакна од некој мелез.“
„Но кој вели дека човекот ги внесол во куќава?“
„Ги најдовме во калта од трагите од чевлите што ги оставил врз
килимот. Очигледно, имаше материјал од градилиштето – цемент,
лепила и разредувачи – кои служат како лепило за останатото.
Вклучувајќи го и материјалот што типот го донесол од дома.“
Креп ја погледна Мила како некој што бил непромислено
предизвикан и кој конечно го надминал тоа со заслепувачки блесок.
По тој краток интервал на слава, тој го тргна погледот од неа и
повторно стана ладнокрвен професионалец каков што го знаеја сите.
„И има уште едно нешто, но уште не сум решил дали вреди да се
спомнува.“
„Кажи ни го, како и да е“, му упадна Горан. Тој знаеше колку Креп
сака да биде распрашуван.
„Во таа кал од неговите чевли имаше висока концентрација на
бактерии. Го прашав за мислење мојот хемичар, кому најмногу му
верувам...“
„Зошто хемичар, а не биолог?“
„Затоа што претпоставив дека тоа се бактерии што се ’јадачи на
отпадоци’, кои постојат во природата, но се употребуваат за
различни потреби, така што лапаат пластика и нафтени деривати.“
Потоа стана подиректен: „Тие, всушност, не јадат ништо, туку само
произведуваат ензими. И се употребуваат за чистење на поранешни
депонии...“
На овие зборови, Горан забележа дека Мила одненадеж го погледна
Бориса, и дека и тој го стори истото.
„Поранешни депонии? Свети лајненици... ние го знаеме тој тип!“

272
24

Ф елдер ги чекаше.

кожурец.
Паразитот беше на врвот на ѓубриштето, обвиткан во својот

Ги имаше натрупано сите видови оружја во месеците подготовки за


конечното откривање на картите. Тој, всушност, и не направи којзнае
колку за да се скрие. Знаеше дека порано или подоцна некој ќе дојде
и ќе му побара објаснување.
Мила пристигна со остатокот од тимот, следен од единицата
специјалци, кои се распоредија околу имотот.
Од својата возвишена позиција, Фелдер можеше да ги има под
контрола приодите до поранешната депонија. Ги беше исекол и
дрвјата што му го попречуваа видикот. Но не почна веднаш да пука.
Чекаше да заземат позиција, па потоа почна да стрела.
Првин нанишани кон своето куче Коч, еден ’рѓосан мелез, кој
талкаше низ старото железо. Го уби со еден истрел во главата.
Сакаше да им покаже на луѓето надвор дека е сериозен. А можеби и
да го поштеди животното од полоша смрт, помисли Мила.
Склопчена зад едно оклопно возило, полицајката го посматраше
местото. Колку време помина од оној ден кога со Борис стапнаа во
таа куќа? Отидоа таму за да го прашаат Фелдер за религиозната
институција каде што порасна, а тој во себе криел тајна многу
пострашна од онаа на Роналд Дермис.
Тој излажа за многу нешта.
Кога Борис го праша дали некогаш бил в затвор, одговори
потврдно. А тоа всушност не беше вистина. Затоа тие не можеа да
најдат отпечатоци што одговараат на оние оставени во куќата на
Ивон Грес. Но, тој ја употреби таа лага за да се осигури дека двајцата
агенти не знаат речиси ништо за него. И Борис не забележа ништо,
затоа што, обично, не лажете за да дадете негативна претстава за
себе.
Фелдер го направи тоа. Тој беше прилично лукав, си помисли

273
Мила.
Ги процени и почна да си игра со нив, сигурен дека немаат
индиции да го поврзат со куќата на Ивон. Доколку се сомневаше во
спротивното, веројатно немаше живи да ја напуштат таа куќа.
Мила вторпат беше измамена од неговото присуство на ноќниот
погреб на Роналд. Таа помисли дека тоа е гест на сожалување, кога,
всушност, Фелдер ја проверувал ситуацијата.
„Ајде, копилиња, дојдете и фатете ме!“
Куршумите од автоматската пушка летаа низ воздухот, некои тапо
одбивајќи се од оклопните возила, други ѕвечкајќи по старото
железо.
„Кучкини синови! Нема да ме фатите жив!“
Никој не му одговори, никој не се обиде да преговара со него. Мила
погледна наоколу: немаше никаков преговарач со мегафон, подготвен
да му каже да го спушти оружјето. Фелдер веќе си ја имаше
потпишано својата посмртница. Никој од луѓето надвор не беше
заинтересиран да му го спаси животот.
Тие само чекаа на еден негов погрешен потег за да го збришат од
лицето на земјата.
Неколку снајперисти веќе се наоѓаа на своите позиции, подготвени
да стрелаат веднаш штом ќе мрдне. Дотогаш го оставаа да вреска.
Тоа ја зголемуваше веројатноста дека ќе направи некаква грешка.
„Таа беше моја, копилиња! Моја! Само и го дадов тоа што го
сакаше!“
Тој ги предизвикуваше. И, судејќи според лицата што се ѕвереа во
него, обидот беше успешен.
„Треба да го фатиме жив“, рече конечно Горан. „Тоа е единствениот
начин да ја откриеме врската меѓу него и Алберт.“
„Не мислам дека момците во специјалната единица се согласуваат
со тебе, докторе“, му рече Стерн.
„Тогаш, треба да зборуваме со Роше: тој треба да даде наредба да се
повика преговарач.“
„Фелдер нема да дозволи да биде фатен: тој веќе предвидел се,
вклучувајќи ја и својата сопствена смрт“, забележа Сара Роза. „Тој се

274
обидува да смисли драматичен пресврт кој ќе му овозможи да замине
прославувајќи се со експлозија.“
Таа не грешеше. Пиротехничарите кои само што пристигнаа,
открија некакви разлики во теренот што ја опкружува куќата.
„Нагазни мини“, еден од нив го информира Роше, кој дојде да им се
придружи.
„Со сите лајна што се наоѓаат под ова, би можело да биде крај на
светот.“
Геологот што го консултираа потврди дека ѓубрето натрупано како
рид би можело да содржи тони метан произведен од распаѓањето на
остатоците.
„Би требало веднаш да го напуштите местово; пукањето може да
биде разорно.“
Горан инсистираше дека би требало барем да се обидат да
преговараат со Фелдер. На крајот, Роше му дозволи половина час.
Криминологот помисли да употреби телефон, но Мила се сети дека
линијата беше исклучена поради неплаќање, затоа што кога таа и
Борис се обидоа пред некој ден да го контактираат Фелдер, добија
снимена порака. На телефонската компанија и беа потребни седум
минути за повторно воспоставување на линијата. Им остануваа уште
дваесет и три за да го убедат човекот да се предаде. Но кога неговиот
домашен телефон почна да ѕвони, Фелдер реагираше со стрелба во
нив.
Горан не се предаваше. Го зеде мегафонот и застана зад оклопното
возило кое беше најблизу до куќата.
„Фелдер, овде е Горан Гавила!“
„Фати видвиделија!“, по ова, следуваше истрел.
„Слушај ме: јас те презирам, како и сите други луѓе овде.“
Мила сфати дека Горан нема да се пазари со Фелдер правејќи да
верува нешта што не беа вистина, бидејќи немаше корист од тоа.
Човекот веќе си ја избрал судбината. Затоа и криминологот веднаш
ги стави своите карти на маса.
„Ти, лајно низаедно, не сакам да те слушам.“ Друг истрел, овојпат
само неколку сантиметри од местото каде што стоеше Горан. Иако

275
добро заштитен, Горан се сепна.
„Но ќе ме слушаш, затоа што имам нешто да ти кажам.“
Што ли можеше да му понуди кога ја достигнаа оваа точка?
Стратегијата на Горан за Мила немаше смисла.
„Ни требаш, Фелдер, бидејќи најверојатно знаеш кој го држи
затворено шестото дете. Ние го нарекуваме Алберт, но сигурен сум
дека ти го знаеш неговото вистинско име.“
„Ич не ми е гајле.“
„Треба да ти е гајле, затоа што во моментов постои награда за таа
информација!“
Наградата.
Значи тоа беше играта на Горан. Десетте милиони што ги понуди
Фондацијата Рокфорд за оној кој ќе обезбеди информација што ќе
помогне да се спаси момичката број шест.
Некој би можел да се чуди каква предност може да биде таа сума за
човек кој беше сигурен дека ќе оди в затвор. Мила разбра.
Криминологот се обиде во умот на Фелдер да ја внесе идејата дека со
тие пари би можел да избега, дека би можел да го ’зафркне
системот’. Истиот систем што го прогонуваше целиот негов живот,
правејќи од него тоа што е. Мизерен несреќник, губитник. Со тие
пари можеше да си дозволи познат адвокат, кој би можел да
издејствува намалување на обвинувањето врз основа на намалена
одговорност, правна опција обично резервирана за богати обвинети,
затоа што тешко можеше да се одржи и да се докаже без соодветно
количество пари. Фелдер би можел да се надева на пониска казна –
можеби на околу дваесет години – што ќе ја отслужи не в затвор,
туку меѓу пациентите во судската психијатриска болница. Потоа,
кога ќе излезе, ќе ужива во остатокот од своето богатство. Како
слободен човек.
Горан ја погоди целта. Затоа што Фелдер секогаш сакал да биде
нешто повеќе. Поради тоа и отишол во куќата на Ивон Грес. За да
дознае, барем еднаш, какво е чувството да се живее привилегиран
живот, во богат крај, со прекрасна жена и прекрасни деца, и со
прекрасни нешта околу себе.

276
Сега имаше шанса да добие двоен резултат: да ги освои тие пари и
да се извлече од тоа што го стори.
Би можел веднаш да излезе од таа куќа, смеејќи се кога ќе
поминува покрај стотината полицајци кои го посакуваа мртов. Но
над се, тој ќе излезе како богат човек. На многу начини, како
вистински херој.
Немаше навреди, немаше истрели како одговор од Фелдер. Тој
размислуваше.
Горан го искористи молчењето за да ги дополни своите предлози.
„Господине Фелдер, никој не може да ви го одземе тоа што сте го
заработиле. И покрај тоа што не сакам да признам, многумина луѓе
ќе треба да ви се заблагодарат. Затоа, спуштете го оружјето, излезете
надвор и предадете се...“
Уште еднаш, злото во служба на доброто, помисли Мила. Горан
ја употреби истата техника за да извлече нешто добро.
Поминаа неколку навидум бесконечни секунди. Но Горан знаеше
дека колку повеќе секунди поминуваат, толку повеќе постои надеж
дека неговиот план може да успее. Од зад оклопното возило што го
заштитуваше, тој забележа дека еден од луѓето од специјалната
единица подава стап со мало огледало на неа за да ја провери
позицијата на Фелдер во куќата.
Миг подоцна го забележа во огледалото.
Можеа да му ги видат само рамото и задниот дел на вратот. Носеше
маскирен жакет и ловџиска капа. Потоа за момент се виде неговиот
профил и неуредната брада.
Се случи само за дел од секунда. Фелдер ја крена пушката, можеби
за да пука или како знак дека се предава.
Над нивните глави брзо се слушна придушено фучење.
Пред Мила да сфати што се случува, првиот куршум веќе го погоди
Фелдера во вратот. Потоа стигна и вториот, од друга насока.
„Не!“, се развика Горан. „Запрете! Не пукајте!.“
Мила го виде елитниот снајперист од специјалната единица како се
појавува од своето засолниште, за да може подобро да гаѓа.
Двете дупки што Фелдер ги доби во вратот ја распрскаа крвта во

277
ритамот на неговата каротидна артерија. Се влечеше на едната нога,
со широко отворена уста. Со едната рака очајнички се обидуваше да
ги затвори раните, додека со другата се обидуваше да ја држи
пушката крената за да го возврати огнот.
Горан, не грижејќи се за опасноста, излезе на отворено во
очајнички обид да го запре времето.
Во тој миг, трет истрел, многу попрецизен од претходните два, ја
погоди својата цел во вратот.
Паразитот беше истребен.

278
25

С абина сака кучиња, го знаевте ли тоа?“


Таа го кажа тоа во сегашно време, помисли Мила. Тоа беше
нормално: мајката се уште се нема помирено со својата тага. Наскоро
ќе почне да се случува тоа. И за неколку дена ќе нема ниту мир ниту
сон.
Но не сега, беше премногу брзо.
Понекогаш, во случаи како овој, поради некаква причина, тагата
остава простор, пречка меѓу вас и информацијата, една еластична
пречка што се растегнува и повторно се собира, без да им дозволи на
зборовите „го најдовме телото на вашата ќерка“ да ја пренесат
пораката до своето одредиште. Зборовите се одбиваат од тоа чудно
чувство на спокојство. Кратка пауза на помирување пред крахот.
Неколку часови претходно, Чанг и даде на Мила коверт што ги
содржеше споредбените резултати од ДНК анализите. Детето на
софата на Кобашиеви беше Сабина.
Третата за обдукција.
И третата најдена.
Тоа сега беше консолидирана програма. Моdus operandi, би кажал
Горан. Иако никој не се осмели да излезе со какви и да е хипотези за
идентитетот на телото, секој очекуваше да биде тука.
Мила ги остави колегите да се чудат за неочекуваниот пораз на
Фелдер во својот дом и да се обиде да ја пребара таа планина од
отпадоци заради можни траги што можат да ги одведат кај Алберт.
Таа го замоли Одделот за автомобили и сега се наоѓаше во дневната
соба во куќата на родителите на Сабина, во една област на село,
главно населена од одгледувачи на коњи и од луѓе кои избрале да
живеат во близина на природата. Таа возеше речиси петстотини
километри за да стигне таму. Сонцето заоѓаше и можеше да ужива во
шумскиот пејзаж испресечен со потоци што ги полнеа со вода жолто
обоените базени. Помисли дека нејзината посета може да биде
смирувачка за родителите на Сабина, дури и во вакво необично време

279
на денот, да биде како знак дека некој се погрижил за нивната ќерка.
И не грешеше.
Мајката на Сабина беше ситна и слабичка, лицето и беше покриено
со ситни линии кои покажуваа дека е силна. Мила ги гледаше
фотографиите што жената ги стави во нејзините раце, слушајќи ја
како зборува за единствената ќерка и за само седумте години на
нејзиниот живот. Нејзиниот татко стоеше во аголот на собата,
навален накај ѕидот, со затворени очи и со рацете на грб: тој се
лулаше напред-назад, концентрирајќи се само на дишењето. Мила
беше сигурна дека во куќата владее неговата сопруга.
„Сабина беше недоносена: се роди осум недели порано. Си рековме
себеси дека така се случило затоа што ја имаше таа луда желба да
дојде на овој свет. И има некаква вистина во тоа...“ Се насмевна и
погледна во својот сопруг, кој кимна со главата. „Лекарите отворено
ни кажаа дека нема да преживее поради своето преслабо срце. Но,
наспроти сите предвидувања, Сабина преживеа. Беше голема колку
мојата дланка и тежеше одвај половина килограм, но упорно се
бореше во инкубаторот. И недела по недела, нејзиното срце
стануваше се посилно и посилно... Потоа лекарите го променија
своето мислење и ни кажаа дека веројатно ќе преживее, но дека
нејзиниот живот ќе се состои од болници, лекови и операции. Се на
се, дека ќе било подобро за нас доколку таа умре....“ Жената запре за
миг. „Во еден момент, јас бев толку убедена дека мојата ќерка
остатокот од својот живот ќе го мине во страдање, што се молев
нејзиното срце да запре. Но, Сабина беше посилна од моите молитви:
се развиваше како нормално дете и осум месеци откако се роди, ја
донесовме дома.“
Жената престана да зборува. Во еден миг, изразот на нејзиното
лице се промени. Стана грдо.
„Тој кучкин син ги упропасти сите нејзини напори!“
Сабина беше најмладата од жртвите на Алберт. Таа беше грабната
од рингишпил. Во сабота навечер. Пред нејзините мајка и татко, и
пред очите на сите други родители.
Секој гледал ѕо своето сопствено дете, рече Сара Роза на првиот

280
состанок во собата за размислување. И Мила се потсети на она што
го додаде: На луѓето не им е ѓрижа, тоа е реалноста.
Мила не отиде таму само за да ги утеши родителите на Сабина,
туку и да им постави неколку прашања. Знаеше дека ќе мора да ја
искористи предноста на овие моменти пред да се урне страдањето
врз нивното привремено засолниште и да уништи се, еднаш
засекогаш. Беше свесна и за фактот дека двојката била испрашувана
дузина пати за околностите под кои исчезнала малата момичка. Но
можеби тие испрашувачи го немале нејзиното искуство за исчезнати
деца.
„Факт е“, почна таа, „дека вие сте единствените кои можеби виделе
или забележале нешто. Во сите други случаи, киднаперот дејствувал
на изолирани места, или кога бил сам со своите жртви. Во овој
случај, тој презел ризик. И, исто така, можно е и дека нешто тргнало
наопаку.“
„Сакате ли да ви кажам се од почеток?“
„Да, Ве молам.“
Жената ги среди мислите и почна: „Тоа беше специјална вечер за
нас. Морате да знаете дека кога ќерка ми наполни три години,
решивме да ја оставиме нашата работа и да се преселиме тука. Бевме
привлечени од пејзажот и од можноста нашата ќерка да ја донесеме
овде, далеку од бучавата и од смогот.“
„Рековте дека вечерта кога беше грабната ќерка ви, била специјална
за вас...“
„Така е.“ Жената се обиде да го улови погледот на својот сопруг, а
потоа продолжи: „Добивме на лотарија. Голема сума. Не толку многу
за да станеме богати, но доволно за да им овозможиме на Сабина и
на нејзините деца удобна иднина... Никогаш дотогаш не сум го
практикувала тоа. Но, едно утро купив среќка и – тоа се случи.“
Жената се присили на насмевка.
„Се обложувам дека секогаш сте се прашувале што би правеле ако
добиете на лотарија.“
Мила кимна со главата. „И така, отидовте на панаѓурот за да
прославите, точно?“

281
„Точно.“
„Сакам да го реконструирате точниот момент кога Сабина беше на
тој рингишпил.“
„Заедно го избравме синото коњче. За време на првите два круга,
татко и стоеше со неа. Потоа Сабина инсистираше третиот пат да се
заврти сама. Беше мошне упорна и и го дозволивме тоа.“
„Сум го видела тоа, многу е природно за деца“, забележа Мила за да
ја ослободи од секакво чувство на вина.
Жената ја погледна Мила и потоа самоуверено кажа: „На
рингишпилот имаше и други родители, секој покрај своето дете.
Моите очи беа фиксирани врз моето. Се колнам дека не испуштив
ниту една единствена секунда од тоа време. Освен кога Сабина се
наоѓаше на спротивната страна од нас.“ Тој направил таа да исчезне
како во илузионистички трик, беше кажал Стерн во собата за
размислување.
Мила објасни: „Нашите претпоставки се дека грабнувачот веќе се
наоѓал на рингишпилот: еден родител меѓу многу други. Поради тоа,
мислиме дека веројатно како и секој друг обичен човек: успеал да
помине како татко, веднаш оддалечувајќи се со малата момичка и
исчезнувајќи во толпата народ. Сабина можеби плачела или некако
реагирала. Но, никој не обрнал внимание затоа што во сечии очи таа
била само мала момичка во настап на бес.“
Веројатно идејата дека Алберт поминал како татко на Сабина
повредуваше повеќе од што и да е друго.
„Ве уверувам, агенту Васкез, доколку имаше некој чуден човек на
рингишпилот, јас ќе го забележев. Мајката има шесто сетило за такви
нешта.“
Таа ова го кажа со толкава убеденост што Мила не сакаше да и се
противи.
Алберт успеал перфектно да се маскира.
Дваесет и пет полициски службеници, десет дена затворени в соба,
внимателно разгледуваа стотици фотографии сликани таа вечер на
панаѓурот. Тие, исто така, ги изгледаа и аматерските филмови
снимени на семејни видео камери. Ниту едно кадро не ја овековечило

282
Сабина со својот грабнувач, дури ниту како бега со неа. Тие не се
појавија ниту на некоја поединечна фотографија, дури ни како
безбојни сенки во заднината.
Мила немаше други прашања, така што се подготви да си оди. Пред
да замине, мајка и на Сабина инсистираше таа да земе со себе една
фотографија од ќерка и.
„Така нема да ја заборавите“, и рече, несвесна дека Мила нема да ја
заборави никогаш и дека тие неколку часа ќе дадат данок на таа смрт
во форма на нова лузна. „Ќе ја земете, нели?“
Мила не се изненади од прашањето на таткото на Сабина,
всушност, и го очекуваше. Секој ја прашуваше истото. „Дали ќе го
фатите убиецот?“
И таа одговараше онака како и секогаш во ваквите случаи.
„Ќе сториме се што можеме.“

М ајката на Сабина ја посакувала смртта на својата ќерка.


Нејзината желба се остварила седум години подоцна. Мила не
можеше да не мисли на ова додека возеше назад во студиото.
Шумичките што го правеа пријатно нејзиното патување натаму, сега
беа како темни прсти што се издигаа накај разбуричканото небо.
Го програмира уредот за сателитска навигација, за да ја врати по
најкусиот постоен пат. Потоа го вклучи екранот на ноќна опција.
Сината светлина ја релаксираше.
Радиото во автомобилот ги фаќаше само станиците на долги
бранови и по кратко талкање по фреквенциите, најде една што
свиреше стара класика. Мила ја стави фотографијата на Сабина на
седиштето крај себе. Фала му на Бога, нејзините родители беа
поштедени од болниот процес на идентификација на телото, кога
останките веќе беа плен на fauna cadaverica. Поради таа причина,
Мила го благословуваше откривањето на потеклото преку ДНК.
Тој краток разговор и даде чувство на нецелосност. Нешто беше
погрешно, нешто што не соодветствуваше, нешто што се испречи на
патот.

283
Ова беше едноставен надомест. Еден ден жената купила тикет од
лотарија и добила. Ќерка и станала жртва на сериски убиец.
Две неверојатни случки во еден живот.
Страшното нешто, како и да е, беше што двата настана беа
поврзани.
Доколку не добиеле на лотарија, никогаш не би отишле на
панаѓурот за да прослават. И Сабина не би била киднапирана и
брутално убиена. Казната за таа среќа беше смрт.
Тоа не е вистина, си кажа себеси. Тој ги избира семејствата, не
децата. Тој и така и вака ќе ја грабнел.
Оваа мисла ја вознемири и таа одвај чекаше да стигне до студиото
за да се ослободи и да ја истера од умот.
Патот се извиваше меѓу ридиштата. Одвреме-навреме ќе се појавеа
ранчови со коњи. Не беа многу оддалечени еден од друг и, за да се
стигне до нив, требаше да се оди по споредни патишта кои честопати
со километри се протегаа низ средината на ништо. За време на
патувањето, Мила виде само неколку автомобили што доаѓаа од
спротивната насока, и еден комбајн со трепкави светла за да
предупреди на своето забавено движење.
Радиото емитуваше еден стар хит од Вилсон Пикет, „Не можеш
сам.“
И требаа неколку секунди да го поврзе пејачот со името на случајот
што и го спомна Борис кога и раскажуваше за Горан и за неговата
сопруга. Одеше лошо. Се направија грешки и некој се закани дека ќе
го распушти тимот и ќе го отпушти д-р Гавила. Роше не одбрани и
инсистираше да си ги задржиме работните места, и објасни тој.
Што се случило? Можеби имаше врска со фотографиите на
прекрасната девојка што ги виде во студиото? Стапнале ли оттогаш
нејзините нови колеги во тој стан?
Но, ова беа прашања на кои таа немаше одговор. И ги оттргна од
мислите. Потоа малку го пушти греењето: надвор беше минус три, но
внатре, во автомобилот, беше пријатно. Таа дури ја соблече
виндјакната пред да влезе во возилото и чекаше автомобилот
постепено да се загрее. Тој премин од интензивно студено до топло и

284
ги смири нервите.
Со задоволство му се предаваше на заморот што постепено ја
опфаќаше. Се на се, уживаше во патувањето. Во аголот на
ветробранот, небото, што со денови беше натрупано со дебели слоеви
облаци, одненадеж се отвори. Небаре некој отсекол дел од него,
откривајќи неброени расфрлани ѕвезди и дозволувајќи да се пробие
месечината.
Во тој момент, во самотијата на шумичките, Мила се почувствува
привилегирана. Небаре тој неочекуван спектакл беше само за неа.
Како што се извиваше патот, малку светлина прелета преку предното
стакло. Таа ја следеше со поглед. Но, кога се префрли на
внатрешниот ретровизор, здогледа отсјај.
Месечевата светлина се рефлектираше во металните делови на
автомобилот што ја следеше со исклучени фарови.
Небото се затвори над неа. И повторно беше темно. Мила се обиде
да остане смирена. Уште еднаш, некој ја следеше во стапка, како што
се случи во дворот со чакал пред мотелот. Но, ако првиот пат
мислеше дека е плод на нејзината фантазија, сега беше наполно
убедена во реалноста на тоа.
Треба да останам смирена и да размислам.
Доколку забрза, ќе открие дека е вознемирена. А и не знаеше колку
вешт беше возачот што ја следи: на овие нерамни патишта, патишта
што таа не ги познаваше, обидот за бегство можеше да се покаже
фатален. Не се гледаа никакви куќи, а првиот центар населен со луѓе
се наоѓаше подалеку од триесет километри. Покрај тоа, нејзината
ноќна авантура во сиропиталиштето, со Роналд Дермис и со дрогата
во чајот, и ја ставија храброста на сериозен тест. Таа дотогаш го
немаше признаено ова – всушност, секому му тврдеше дека се
чувствува добро и дека не страда од шок. Но, сега не беше сигурна
дека ќе може да се судри со друга опасна ситуација. Тетивите на
нејзините раце се стегнаа, нервозата и се зголеми. Сети како срцето
почнува забрзано да и чука и не знаеше како да го смири. Ја обзеде
паника.
Морам да останам смирена. Морам да останам смирена и разумно

285
да мислам.
Го исклучи радиото за да се сконцентрира подобро. Сфати дека
нејзиниот прогонител ги користи нејзините фарови за да го водат.
Откако за миг погледна во екранот на својот ЏиПиЕс уред, го тргна
од неговото место и го стави в скут.
Потоа, ја испружи раката накај прекинувачот за светла и ги исклучи.
Наеднаш, забрза. Пред неа имаше само ѕид од темница. Не знаејќи
каде вози, и веруваше само на траекторијата одбележана од
навигацискиот уред. Треба да заврти четириесет степени десно. Таа
постапи така и на екранот го виде курсорот како и го покажува
патот. Права линија. Малку се занесе, потоа се усогласи. Цврсто ги
држеше рацете на воланот, затоа што инаку е потребно само мало
цимнување за да биде исфрлена од патот. Завој налево, шеесет
степени. Овојпат мораше наеднаш да смени брзина за да не ја загуби
контролата и за да влезе во кривината. Повторно права линија,
подолга отколку првиот пат. Колку долго ќе може да вози без
повторно да ги вклучи светлата? Успеа ли да го измами, кој и да
беше, тој што ја следеше?
Добивајќи малку предност на правиот дел од патот пред себе,
погледна во ретровизорот.
Фаровите од автомобилот зад неа – доаѓаа.
Нејзиниот прогонител конечно се откри и не се откажуваше.
Неговите фарови фрлаа снопови светлина врз неа и пред неа, на
патот пред нејзиниот автомобил. Мила погледна токму навреме за да
ја фати кривината и, во исто време, и таа ги вклучи фаровите. Забрза
и околу триста метри возеше со полна брзина.
Потоа, неочекувано сопре на средина на коловозот и повторно
погледна во ретровизорот.
Работењето на нејзиниот мотор, заедно со бучното удирање во
нејзините гради, беа единствените звуци што можеа да се слушнат.
Другиот автомобил застанал пред кривината. Мила ги виде белите
снопови што од фаровите се ширеа преку асфалтот. Рикањето на
ауспухот звучеше како некој див ѕвер кој се подготвува да скокне и
да ги зарие забите во својата жртва.

286
Дојди, јас те чекам.
Го зеде пиштолот и го слизна куршумот во цевката. Не знаеше од
каде ја најде таа храброст што само миг пред тоа чувствуваше дека ја
нема. Безнадежноста ја одведе во смешен дуел во средината на
ништото.
Арно ама, нејзиниот прогонител не ја прифати поканата. Фаровите
исчезнаа зад кривината, претворајќи се во две нејасни црвени светла.
Автомобилот се заврти назад.
Мила не се помрдна. Потоа почна повторно нормално да дише.
За кратко, го спушти погледот на седиштето до себе, чувствувајќи
се убаво од насмевката на Сабина.
Тогаш забележа дека има нешто погрешно во фотографијата на
Сабина.

С амо што помина полноќ кога стигна до студиото. Се уште беше


на работ на нервите, а до крајот на патувањето размислуваше
само за фотографијата на Сабина, гледајќи истовремено околу себе,
чекајќи во секој момент да се појави кој и да беше оној што ја
следеше од некој пат отстрана, или да ја начека во заседа на некој
свиок.
Таа брзо се искачи по скалите што водеа во станот. Сакаше веднаш
да разговара со Горан и да му каже на тимот што и се случи. Можеби
Алберт беше тој што ја следел. Мора да бил тој. Но, зошто неа?
Стигнувајќи на точниот кат, ја отклучи тешката блиндирана врата
со клучевите што и ги даде Стерн, ја помина безбедносната кабина и
се најде себеси како се нурнува во најголемата тишина што може да
постои. Крцкањето на нејзините гумени чевли врз линолеумот беше
единствениот звук во собите што набрзина ги провери. Најпрвин
заедничкиот дел, каде што на работ на пепелникот забележа цигара
што изгорела во долга лента сива пепел. На масата во кујната имаше
остатоци од вечера – виљушка, оставена на едната страна од
чинијата, порција пита што одвај беше пробана – како некој одеднаш
да бил принуден да го прекине оброкот. Сите светла беа исклучени,

287
дури и во собата за размислување. Мила го забрза својот чекор кога
се упати кон спалната соба: јасно беше дека нешто се случило.
Креветот на Стерн беше ненаместен, а на перницата имаше кутиче
со пеперминт.
Телефонот и бипна, што значеше дека дојде порака. Таа ја прочита.

ОДИМЕ ВО КУЌАТА НА ГРЕС. КРЕП САКА ДА НИ ПОКАЖЕ НЕШТО. ДОЈДИ. БОРИС.

288
26

К ога стигна до вилата на Ивон Грес, виде дека уште сите не


влегле внатре: Покрај комбито, Сара Роза ги навлекуваше својот
комбинезон и пластичните калоши за чевлите. Мила забележа дека
во изминатите неколку дена Сара е многу посмирена со неа. Се
шеткаше наоколу, речиси секогаш потоната во мислите. Можеби
така се однесуваше поради своите семејни непријатности.
Но, сега Роза погледна во неа. „Исусе Боже! Ти ништо не
пропушташ, нели?
Само остави ја... си помисли Мила.
Таа ја игнорираше, обидувајќи се да стигне до комбито за да земе
некој комбинезон. Но, Роза застана на скалите, не дозволувајќи и да
помине.
„Еј, тебе ти зборувам!“
„Што сакаш?“
„Ти навистина мислиш дека си некаков експерт, нели?“
Роза стоеше само на неколку сантиметри од нејзиното лице.
Одоздола, Мила можеше да го помириса нејзиниот здив: цигари,
мастики за џвакање и кафе. Сакаше да ја оттурне или да и одржи
лекција. Но, тогаш се потсети на она што Горан го кажа за нејзиниот
развод од мажот и за нејзината ќерка со нарушување во исхраната, па
реши извесно време да го тргне ова настрана.
„Зошто си против мене, Роза? Јас само си ја вршам работата.“
„Тогаш досега ќе го најдеше детето број шест, не мислиш ли така?“
„Ќе го најдам.“
„Знаеш, мислам дека нема да бидеш долго во овој тим. Мислиш
дека си ги освоила, но порано или подоцна тие ќе сфатат дека можат
да работат и без тебе.“
Роза се тргна настрана, но Мила остана да стои таму каде што
беше.
„Ако толку ме мразиш, кога Роше сакал да ме отпушти, зошто си
гласала за мене за да останам?“

289
Сара се заврти накај неа, а на лицето и се гледаше дека се забавува.
„Кој ти го кажа ова?“
„Доктор Гавила.“
Роза се изнасмеа и одмавна со главата.
„Види душичке, ова се тие нешта кои кажуваат дека нема да траеш
долго. Затоа што ако тој ова ти го кажал во доверба, ти си го
изневерила со тоа што ми го кажуваш мене. И, патем, тој те
измамил... бидејќи јас гласав против тебе.“
И решително си замина, упатувајќи се кон куќата, оставајќи ја
Мила скаменета. Таа гледаше по неа, стаписана од нејзините
последни зборови. Потоа влезе во комбито да се пресоблече.

К реп гарантираше дека ова ќе биде неговата „Сикстинска


капела.“ Споредбата со собата на вториот кат во вилата на Ивон
Грес, не беше кажана само така.
Во модерните времиња, врз ремек-делото на Микеланџело биле
изведени радикални реставраторски зафати што на сликите им го
вратиле нивниот сјај, ослободувајќи ги од дебелиот слој прав, чад и
лепило од животинско потекло, насобрани низ вековите од
употребата на свеќи и на буриња за греење. Експертите ја почнале
својата работа со еден мал детаљ – горе-долу со големина на
поштенска марка – за да имаат претстава што се крие внатре. Се
покажало комплетно изненадување: дебелиот слој чад криел
исклучителни бои што дотогаш дури не можеле ниту да се замислат.
Така и Креп почна со единствената капка крв – онаа што ја најде
Мила со помош на њуфаундлендерот – за да го заврши своето ремек-
дело.
„Немаше органски материи“, им рече научникот. „Но во цевките
имаше, а најдовме и траги од хидрохлорна киселина. Да
претпоставиме дека Фелдер ја употребил за да ги раствори
остатоците, полесно за да се ослободи од нив. Киселината, дури, е
мошне добра за растворање коски.“
Мила го фати само последниот дел од реченицата кога стигна до

290
одморалиштето на вториот кат. Креп стоеше во средината на
ходникот, а пред него беа Горан, Борис и Стерн. Поназад стоеше
Роза, потпирајќи се на ѕидот.
„Значи, единствената трага што не поврзува со масакрот на Фелдер,
е оваа мала дамка крв?“
„Дали ја анализиравте?“
„Чанг вели дека со деведесет проценти веројатност му припаѓа на
момчето.“
Горан се заврти да ја погледне Мила, а потоа се врати назад кон
Креп: „Сите сме тука. Можеме да почнеме...“
Тие чекаа на неа. Тоа требаше да и ласка, но таа се уште се
обидуваше да ги свари зборовите на Сара Роза. Кому да му верува?
На таа хиспрична луда жена која уште од почетокот ја малтротираше,
или на Горан?
Во меѓувреме, Креп, пред да ги поведе во собата, им рече: „Овде
може да останеме од четврт до еден час најмногу, па ако имате
некакви прашања, ве молам, прашајте сега.“
Тие ништо не рекоа.
„ОК, ајде да влеземе.“
Собата беше изолирана со врата од двојно стакло, со мал премин во
средината што дозволуваше влегување само на еден човек па друг.
Тоа беше со цел да се заштити микроклимата. Пред да влезат внатре,
еден колега на Креп на сите им ја измери температурата на телото со
инфрацрвен термометар, што обично се употребува за деца. Потоа ги
внесе податоците во компјутер поврзан со влажноста во просторијата
што ќе го коригира нивното учество во одржувањето на постојаноста
на термалните услови.
Причината за овие уреди им ја објасни лично Креп, кој последен
влезе во собата.
„Главниот проблем беше бојата што ја употребил Фелдер за да ги
измолери ѕидовите. Не можевме да ја извадиме со обичен
растворувач, истовремено без да се извади и тоа што беше под неа.“
„Па што направивте?“, го праша Горан.
„Ја анализиравме и излезе дека тоа е боја врз база на вода и

291
употреба на растително масло како што е колагенот. Се што требаше
да направиме е да испрскаме рафиниран алкохол и неколку часа да го
оставиме врз растворот за да се растопи маслото. Всушност, ја
намаливме дебелината на слојот на бојата врз ѕидовите. Доколку има
и најмалку крв под бојата, луминолот би требало да ја покаже...“
3-аминофталхидразид, подобро познат како луминол. Супстанција
што мошне многу помага во техниките на модерната научна
полиција. Реагирајќи на еден елемент во крвта, тој произведува сина
флуоресцентна боја, видлива само во темница. Но, со луминолот има
само еден проблем: флуоресцентниот ефект трае само триесет
секунди што, практично, испитувањето го прави неповторливо по
првиот пат.
Поради таа причина, цела низа камери со долга експозиција ќе го
документираат секој резултат пред тој да исчезне за секогаш.
Креп им подели маски со специјални филтри и заштитни очила
затоа што – иако тоа досега не беше докажано – постоеше
страхување дека луминолот може да има канцерогени ефекти.
Тогаш се заврти накај Гавила: „Кога ќе бидете готов...“
„Ајде да почнеме.“
Преку воки-токи Креп ја пренесе наредбата до својот човек надвор.
Најпрвин, беа изгасени светилките.
Ова не беше пријатно чувство за Мила. Во таа клаустрофобична
темнина, таа можеше да го слушне само своето кратко дишење што
се филтрираше преку маската, и што звучеше речиси како она на
човек на умирање. Така беше поради длабокото, механичко
вдишување влажен воздух од навлажнувачите кои непрестајно
пумпаа пареа во собата.
Таа се обиде да остане смирена, иако чувствуваше како и расте
немирот во градите и не можеше да исчека да заврши експериментот.
Малку подоцна, звуците се променија. Отворите почнаа да
испуштаат хемиски раствор во воздухот, што ќе овозможи крвта на
ѕидовите да стане видлива. Набрзо потоа, шиштењето од новата
супстанција беше проследено со слаб синкав сјај што почна да се
покажува насекаде околу нив. Личеше на сончева светлина

292
филтрирана низ морските длабочини.
Во првиот миг Мила помисли дека тоа е само оптички ефект, еден
вид илузија создадена од нејзината свест како одговор на состојбата
на интензивно дишење. Но, кога ефектот се разлеа, таа повторно
можеше да ги види своите колеги. Небаре некој повторно ги вклучил
светилките, но заменувајќи ја бојата на мраз на халогенот со нов тон
во боја на индиго. Најпрвин се чудеше како е можно тоа, но потоа
откри.
На ѕидовите имаше толку многу крв што под дејство на луминолот
таа целата се осветлила.
Во сите правци се ширеа прскавици, но се чинеше дека сите
доаѓаат точно од центарот на собата. Небаре таму во средината
имало некаков свет олтар. А таванот личеше како да има цел слој
ѕвезди. Величественоста на погледот беше расипана од сознанието
како било направено сето тоа.
Фелдер мора да употребил моторна пила за да ги исече на парчиња
телата, толку ситни за да може да ги фрли во тоалетната школка и по
нив да пушти вода.
Мила забележа дека и другите, како и таа, останаа скаменети. Тие
се вртеа и гледаа околу себе, како роботи, додека прецизните камери
поставени од страните неуморно продолжуваа да снимаат. Поминаа
само петнаесет секунди, а луминолот и натаму откриваше се повеќе
и повеќе скриени дамки.
Вкочането гледаа во тој ужас.
Тогаш Борис ја крена раката кон едната страна на собата,
покажувајќи им го на другите она што постепено се појавуваше на
ѕидот.
„Гледајте...“, им рече.
И тие видоа.
На еден дел од ѕидот каде што луминолот не наишол на ништо, не
се ни задржал, и тој дел останал бел. Беше врамен со венец од сини
дамки. Како кога распрскувате боја врз еден предмет на ѕидот и, кога
ќе го тргнете оттаму, остануваат неговите надворешни линии. Како
контура изгравирана во малтерот. Како негатив на фотографија.

293
Секој од нив си помисли дека отпечатокот личи на човечка сенка.
Додека Фелдер со ладнокрвно дивјаштво ги цепкал телата на Ивон
и на нејзините деца, некој, во аголот на собата, бил бесчувствителен
сведок на спектаклот.

294
27

Н екој ја викна по име.


Сигурна е во тоа. Не сонуваше. Овојпат, тоа беше она што
ја извлече од сонот; не стравот, не ненадејната свесност за тоа
каде беше толку долго време.
Ефектот од дрогата што ги отапуваше нејзините сетила исчезна
веднаш откако го слушна своето име како се одбива од утробата на
монструмот. Речиси како ехо што дошло да ја бара од којзнае каде,
и конечно, ја нашло.
„Овде сум!“, сака да викне, но не може, устата и е сеуште
обложена со скрама.
И потоа, таа исто така слуша врева. Звуци што претходно не беа
овде. На што личат тие звуци, на чекори? Да. Тоа се стапки со
тешки чизми. И со чевли, во исто време. Има луѓе! Каде? Тие се над
неа, околу неа. Насекаде, но некако далеку, премногу далеку. Што
прават тука? Дали дошле да ја бараат? Да, тоа е тоа. Тие се овде
поради неа. Но, не можат да ја видат во утробата на монструмот.
Значи, единствената опција е да ги натера да ја слушнат.
„Помош“, се обидува да рече.
Нејзиниот глас излегува во придушена форма, заразен од
повеќедневно предизвикуваната агонија, од насилен кукавички сон,
спроведуван свесно на слепо, само за да се однесува добро додека
монструмот ја вари во својот каменен стомак. А светот таму
надвор полека ја заборава.
Но, ако се тие сега овде, тоа значи дека уште не ме заборавиле!
Мислата ја исполнува со сила што не знаеше дека ја има. Резерва
зачувана од нејзиното тело во некое длабоко скриено место, за да се
употреби само во итни случаи. Почнува интензивно да размислува.
Како можам да им кажам дека сум тука?
Нејзината лева рака се уште е завиткана. Нозете и се тешки.
Нејзината десна рака е единствената можност, единственото
нешто што ја држи приврзана за животот. Далечинскиот

295
управувач се уште е стегнат во нејзината дланка. Таа го крева и го
насочува кон екранот. Моќноста на звукот е нормална, но можеби
може да се зголеми. Се обидува, но не може да го најде
вистинското копче. Можеби поради тоа што сите издаваат една
команда. Во меѓувреме, звуците над неа продолжуваат. Гласот што
го слуша и припаѓа на жена. Но, со неа има и некој маж. Или,
поточно, двајца.
Треба да ги викнам! Треба да сторам тие сигурно да ме забележат,
инаку ќе умрам овде долу!
Таа првпат ја спомна можноста за смрт. Секоѓаш, се досега, ја
избегнуваше оваа помисла. Можеби тоа го правеше како нишан за
среќа. Можеби затоа што дете не би требало да мисли на смрт.
Но, сега сфати дека ако никој не дојде да ја спаси, тоа ќе биде
нејзината судбина.
Смешното нешто е тоа што оној што ќе стави крај на нејзиното
кратко постоење, сега внимава на неа. Тој и ја завитка раката, и
дава лекови преку инфузија. Тој совесно се грижи за неа. Зошто
прави така, дали на крајот сепак ќе ја убие? Прашањево не ја
утеши. Има само една причина што овде долу ја одржува во
живот. И таа се сомнева дека тој во резерва чува многу други
измачувања за неа.
Значи, ова е можеби единствената можност што ја има за да
излезе одовде, да се врати дома, да си го види семејството. Својата
мајка, својот татко, својата баба, дури и Худини. Таа се колне дека
дури и ќе го сака тој проклет мачор доколку некогаш заврши овој
кошмар.
Ја крева раката, и почнува силно да тропа со далечинскиот по
металниот раб на креветот. Звукот што го предизвикува ја
нервира дури и неа, но тој е ослободувачки. Посилно и посилно.
Додека пластичната направа не почна да се крши. Не и е гајле. Тоа
метално чукање станува се полуто и полуто. Од нејзиното грло
излегува скршено липање.
„Тука сум!“
Далечинскиот управувач и испаѓа од дланката и таа е принудена

296
да запре. Но слуша некого над неа. Можеби е позитивно, можеби не.
Тишина е. Можеби станале свесни за неа и сега се обидуваат
подобро да ја слушнат. Готово е, белки веќе не заминале! Тогаш,
почнува повторно да чука, и покрај тоа што десната рака ја боли. И
покрај тоа што болката и поминува низ рамото и се шири во
нејзината леварака. И покрај тоа што тоа само ја зголемува
нејзината безнадежност. Затоа што ако по некоја случајност никој
не ја слушне, потоа ќе биде дури и полошо, си&урна е во тоа. Некој
ќе и се одмазди. И ќе и наплати за тоа.
Студени солзи се слеваат низ нејзините образи. Но звуците
повторно се слушаат и таа повторно собира храброст.
Една сенка се одвојува од камениот ѕид и доага накај неа.
Таа го гледа тоа, но, како и да е, продолжува. Кога сенката е
доволно блиску, ги забележува нејзините нежни раце, нејзиниот мал
син фустан, костенливата коса што меко паѓа на нејзините рамена.
Сенката и се обраќа со детски глас.
„Сега е доста“, и вели. „Тие ќе не слушнат.“
Потоа ги положува своите раце на нејзините. Контактот е
доволен да ја натера да запре.
„Те молам“, додава сенката.
Нејзината молба е толку тажна што таа се убедува и не почнува
повторно. Таа не знае зошто тоа дете сака нешто толку смешно,
како тоа да остане овде. Но, таа сепак ја послушува. Не знае дали
да почне да плаче поради својот пропаднат обид за бегство, или да
биде среќна што открива дека не е повеќе сама. Толку е благодарна
што првото човечко присуство за кое беше свесна е едно мала
момичка како неа, што не сака да го разочара. Така што, заборава
дека сака да си замине.
Гласовите и звуците на катот горе запреа. Овојпат, тишината е
целосна.
Малата момичка си ги трга рацете од нејзините.
„Остани..“, ја моли.
„Не грижи се, ќе се видиме повторно.“
И момичката се враќа во темнината. И таа и дозволува да

297
замине. И се фаќа за тоа мало и безначајно ветување дека тоа и ќе
се случи.

298
28

Ф отелјата на Александар Берман.“


Во собата за размислување тимот беше сосредоточен врз
зборовите на Гавила. Тие се присетија на гетото каде што се наоѓаше
дувлото на педофилот, и на компјутерот со чија помош ловеше низ
интернетот.
„Креп не најде отпечатоци на старата кожна фотелја во визбата.“
Одненадеж, Горан го виде ова како откровение.
„Стотици траги на сите други места, само не на неа. Зошто? Затоа
што некој се потрудил да ги избрише!“
Криминологот тргна кон ѕидот, каде што со патенти беа закачени
сите извештаи, фотографии и документи во врска со случајот на
сиропиталиштето. Откачи еден и почна да го чита. Тоа беше
транскриптот од снимката на која Роналд Дермис, како дете, му се
исповеда на отец Ролф, најдена на касетофонот во ковчегот на Били
Мур.
„’Ти знаеш што му се случи на Били, нели, Рон?’ ’Господ го
одведе’. ’Тоа не беше Господ, Рон. Знаеш ли кој беше тоа?’. ’Тој
падна. Тој падна од кулата’. ’Но ти беше со него’ ’...Да’. И потоа,
подоцна, свештеникот го убедува: ’Никој нема да те казни ако ми
кажеш што се случи. Ова е ветување’, и се слуша како Роналд
одговара: ’Тој ми рече да го сторам тоа’.“... ’Разбираш? Тој’.“
Горан ги разгледуваше лицата кои го гледаа збунето.
„Сега слушајте што го прашува отец Ролф: ’Кој е тој? Били? Дали
Били побара да го турнеш?’. ’Не’, одговара Роналд. ’Беше ли некој од
другите момчиња?’, а Роналд вели: ’Не’. ’Тогаш, кој? Ајде, одговори
ми. Таа личност за која зборуваш, таа не постои, нели? Тоа е само
измислица на твојата фантазија...’, и Роналд се чини сигурен кога
повторно негира, но отец Ролф го прекинува: ’Нема никој друг овде.
Само јас и твоите другари’, и, на крајот, Роналд одговара: ’Тој дојде
само зарадси мене’“
Постепено, тие сите се собраа таму.

299
Горан, возбуден како мало дете, ги прегледуваше страниците на
ѕидот и ја откачи копијата од писмото што возрасниот Роналд им го
прати на истражителите.
„Има еден дел што ми направи впечаток во таа забелешка: ’потоа
ТОЈ дојде. ТОЈ ме разбра. ТОЈ ме научи’.“
Им го покажа писмото, подвлекувајќи го пасусот.
„Гледате? Тука зборот ’тој’ е намерно напишан со големи букви...
Веќе размислував за ова, но заклучокот до кој дојдов беше погрешен.
Мислев дека тоа е јасен случај на лично дистанцирање, при што
негативното Јас секогаш се појавува одвоено од активното Јас. И
поради тоа станува Тој... ’Тоа бев ЈАС, но ТОЈ ми рече да го сторам
тоа, тоа е НЕГОВА грешка што јас сум тоа што сум’... Јас згрешив! И
ја направив истата грешка како и отец Ролф пред триесет години!
Кога за време на исповедта Роналд вели ’Тој’, свештеникот помислил
дека зборува за себе самиот, и дека само се обидувал да ја искаже
својата сопствена вина. Тоа е типично за деца. Но Роналд што ние го
знаеме не беше повеќе дете...“
Мила забележа како енергијата ја снемува од очите на Горан. Тоа
се случуваше секогаш кога ќе направеше погрешна процена.
„Ова ’Тој’ што го спомнува Роналд, не е проекција на неговата
сопствена психа, двојник кој ја има одговорноста за неговите
сопствени акции! Тоа е истиот ’Тој’ кому му било удобно во
фотелјата на Александар Берман секогаш кога ќе дојдел на лов на
деца преку интернет! Фелдер оставил неброени траги во куќата на
Ивон Грес, но се погрижил да ја измолери собата каде што се случил
масакрот, затоа што таму на ѕидот е единственото нешто што тој под
итно треба да го скрие... или да го истакне: сликата, овековечена во
крв, на човекот кој гледа! Затоа што Тој е Алберт.“
„Извини, ама тоа не поминува“, му рече Сара Роза, смирено и
самоуверено, што ги вџаси другите. „Ги изгледавме снимките од
безбедносниот систем на Капо Алто и, освен Фелдер, никој не влезе
во таа куќа.“
Горан се заврти, покажувајќи во неа со прстот: „Точно! Затоа што
секогаш кога одел, ги блокирал камерите со кратко затемнување. Ако

300
размислиш, ќе се сетиш дека можеш да го добиеш истиот ефект на
ѕидот со контури на картон или со шнајдерска кукла. И што ни
покажува тоа?“
„Дека тој е одличен креатор на илузии“, рече Мила.
„Уште еднаш, точно! Уште од почетокот, овој човек не
предизвикува да ги разбереме неговите трикови. Да го земеме како
пример грабнувањето на Сабина од рингишпилот... брилијантно!
Дузини луѓе, дузини парови очи на панаѓурот и никој не забележува
ништо!“
Горан оставаше впечаток дека е навистина восхитен од способноста
на својот предизвикувач. Не затоа што не му беше жал за жртвите.
Ова не беше недостиг на хуманост од негова страна. Алберт беше
негов предмет на проучување. Да се разберат механизмите што го
активираат неговиот ум беше фасцинантен предизвик.
„Сепак, јас лично верувам дека Алберт навистина бил присутен во
собата додека Фелдер ги масакрирал своите жртви. Би исклучил
кукли или трикови од тој тип. А знаете ли зошто?“ За момент
криминологот уживаше во изразот на неизвесност на лицата на
присутните. „Во распоредот на дамките крв на ѕидот околу
контурите, Креп идентификувал нешто што тој го нарекува постојани
промени – затоа така ги вика. И тоа значи дека каква било пречка да
се наоѓала меѓу крвта и ѕидот, тој не бил неподвижен, туку се
движел!“
Сара Роза остана со отворена уста. Немаше многу што да се каже.
„Ајде да бидеме практични околу ова“, рече Стерн. „Ако Алберт го
знаел Роналд Дермис како дете, колку години можел да има?
Дваесет, триесет? Сега значи има педесет или шеесет.“
„Така е“, рече Борис. „И судејќи според димензиите на сенката што
ја направил на ѕидот во собата за масакри, би рекол дека е висок
околу метар и шеесет и пет.“
„Метар и шеесет и еден“, рече Сара Роза, која веќе ги зеде мерите.
„Имаме делумен опис на човекот што треба да го бараме, и тоа е
нешто самото по себе.“
Горан пак проговори: „Берман, Роналд, Фелдер: тие личат на волци.

301
А волците често дејствуваат во глутница. Секоја глутница има водач.
А Алберт ни го кажува тоа: тој е нивниот водач. Постоел момент во
животите на тие три личности кога тие се сретнале, одделно или
заедно. Роналд и Фелдер се познавале, тие пораснале во истото
сиропиталиште. Но, можеме да претпоставиме дека тие не знаеле кој
е Александар Берман... Нивниот единствен заеднички елемент е тој,
Алберт. Затоа тој остава свој знак на секое место на злосторството.“
„И што ќе се случи сега?“, праша Сара Роза. „Можете и самите да
замислите. Две тела од мали момички се уште недостигаат и,
следствено, и два дела од глутницата.“
„Тука е и момичката број шест“, забележа Мила.
„Да... но неа Алберт ја чува за себе.“

Т аа се врткаше околу половина час на тротоарот надвор, немајќи


храброст да заѕвони. Се обидуваше да ги најде вистинските
зборови за да го објасни своето присуство. Досега беше толку
ненавикната на меѓусебни релации, што дури и наједноставното
зближување и се чинеше неможно. А во меѓувреме, и пристуди без да
може да смисли нешто.
На следниот син автомобил, ќе мрднам.
Беше нешто по девет часот и немаше многу сообраќај. Прозорците
на Горан, на третиот кат од зградата, беа осветлени. Улицата,
искапена во лапавица, приредуваше концерт од метални капки,
плискање од олуците и жуборливи шахти.
Добро: ќе одам.
Мила излезе од конусната сенка што дотогаш ја заштитуваше од
очите на можните љубопитни соседи и брзо истрча до вратата. Тоа
беше една стара зграда, каде што во средината на деветнаесеттиот
век мора да била сместена фабрика, со високи прозорци, со широки
венци на фасадата и со старовремски оџаци што се уште го красеа
покривот. Такви имаше неколку во околината. Целиот крај,
најверојатно, бил реновиран од страна на неколцина архитекти, кои
ги трансформирале старите индустриски работилници во станови.

302
Заѕвони на домофонот и чекаше безмалу цела минута пред да го
слушне гласот на Горан.
„Кој е?“
„Јас сум, Мила. Извини, Горан, но треба да разговарам со тебе, а не
сакав по телефон. Претходно, во студиото, беше мошне зафатен, а
потоа помислив дека би...“
„Качи се горе. На третиот кат.“
Се слушна краток електронски звук и бравата на влезната врата се
отвори.
Една направа за превоз на стока претставуваше лифт. За да тргне,
требаше рачно да се затворат лизгачките врати и да се помрдне една
рачка. Мила полека ја движеше додека не дојде до третиот кат. Кога
застана, најде една полуотворена врата, за неа.
„Влези, повели седни.“
Гласот на Горан стигна до неа од внатрешноста на станот. Мила го
следеше. Беше тоа простран потпокрив со повеќе различни соби.
Подот беше изработен од сурово дрво. Радијаторите беа од леано
железо и сместени околу столбовите. Големиот камин во кој гореше
оган ја исполнуваше собата со килибарна светлина. Мила ја затвори
вратата зад себе, прашувајќи се каде е Горан. Потоа го виде како за
миг се појави на кујнската врата.
„Ќе дојдам за секунда.“
„Не брзај.“
Таа разгледуваше наоколу. За разлика од обично несредената појава
на криминологот, неговиот дом беше мошне уреден. Немаше ниту
ронка прав и се прилегаше дека ја отсликува грижата што ја презема
за да обезбеди малку хармонија во животот на својот син.
По малку, тој дојде носејќи чаша вода.
„Извини, ама јас влетав како гром од ведро небо.“
„Нема проблем, и така си легнувам доцна.“ Потоа, покажувајќи
накај чашата рече: „Го легнувам Томи. Нема да трае долго. Поседи
или подготви си пијалак: барот е онаму долу на крајот.“
Мила му кимна со главата и го виде како се упатува кон една од
собите. Делумно и за да го елиминира чувството на непријатност,

303
стана и си наполни чаша вотка со мраз. Додека полека пиеше,
стоејќи покрај каминот, преку подотворената врата, го виде
криминологот во собата на сина си. Седеше на работ на креветот,
кажувајќи му нешто, додека со едната рака го потчукна по бедрото.
Во полутемнината на собата, одвај осветлена од ноќната ламба со
лик на кловн, Томи беше само некаква фигура под ќебето што ја
исцртуваа нежните милувања на татко му.
Во тој семеен контекст, Горан личеше на некој ДРУГ.
Поради некаква причина, таа се потсети кога првпат, како мала,
отиде да го посети татко си в канцеларија. Човекот кој секое утро го
напушташе домот во сако и со врска, таму беше поинаков. Станал
цврста, сериозна личност, толку различна од нејзиниот нежен татко.
Мила памтеше колку беше натажена.
Истото се случи и со Горан. Ја преплави голема нежност кога го
виде како ја извршува својата татковска должност.
Таа двојност никогаш нема да и се случи на Мила. Од неа имаше
само една верзија. Немаше прекин во продолжението на нејзиниот
живот. Таа никогаш нема да престане да биде полицајка која се
обидува да најде исчезнати луѓе. Затоа што секогаш беше во потрага
по нив: за време на слободните денови, кога беше на одмор, додека
пазареше. Проучувањето на лицата на непознатите за неа стана
навика.
Малолетниците кои исчезнуваат имаат приказна, како и секој друг.
Но, на некоја определена точка, приказната е прекината. Мила ги
испитуваше нивните мали чекори, загубени во темнината. Таа
никогаш не ги забораваше нивните лица. Можеа да поминат и
години, таа секогаш можеше да ги препознае.
Затоа што децата се меѓу нас, си помисли. Понекогаш само треба
да ги побарате во возрасните во кои израснале.
Горан му раскажуваше на Томи приказна. Мила не сакаше да ја
вознемируваа таа сцена со својот поглед. Тоа не беше глетка за
нејзините очи. Се сврти, но веднаш ја забележа насмевката на Томи
врамена во една фотографија. Да го сретнеше, ќе и беше непријатно,
затоа и дојде толку доцна со надеж дека ќе го најде веќе легнат.

304
Томи беше дел од животот на Горан што таа не беше расположена
да го знае.
Малку подоцна, тој и се придружи и со насмевка објави: „Тој
заспа.“
„Не сакав никого да вознемирувам. Но, помислив дека е важно.“
„Веќе се извини. А сега, ајде, кажи ми што се случува...“
Тој седна на една од софите и ја покани и таа да седне до него.
Огнот фрлаше разиграни сенки по ѕидовите.
„Повторно се случи: некој ме следеше.“
Горан се намршти.
„Дали си сигурна?“
„Претпоследниот пат не, но сега – да.“
Таа му раскажа што се случи, трудејќи се да не испушти ниту еден
детаљ. Автомобилот со исклучените фарови, отсјајот на месечината
врз металот, фактот дека нејзиниот прогонител, откако беше
забележан, го сврти автомобилот и се врати назад.
„Зошто некој би те следел тебе од толку многу луѓе?“
Тој веќе ја праша истото во ресторанот, кога му го спомна
чувството дека е следена што го сети во дворот на мотелот. Овојпат
се чинеше дека Горан се заинтересира за ова.
„Не можам да смислам оправдана причина“, и призна, откако
размисли неколку минути.
„Не би имало смисла сега по мене некој да оди обидувајќи се да го
фати мојот прогонител...“
„Тој сега е свесен дека знаеш и нема да го стори тоа повторно.“
Мила кимна со главата. „Но тоа не е единствената причина што
дојдов.“
Горан ја погледна. „Откри ли нешто?“
„Ова е повеќе од тоа. Еден од волшебните трикови на Алберт.“
„Кој од толкуте многу?“
„Како успеал да го земе детето од рингишпилот без никој да
забележи.“
Очите на Горан светнаа.
„Продолжи, те слушам...“

305
„Ние секогаш сметавме здраво за готово дека Алберт бил тој што го
киднапирал. Значи, маж. Но, што ако тоа, всушност, била жена?“
„Зошто мислиш така?“
„Всушност, мајката на Сабина прва ме натера да ја разгледам оваа
претпоставка. Иако не ја ни прашав, таа ми рече дека во случај и да
имало некој чуден човек на рингишпилот – некој што не бил татко –
таа би забележала. Исто така, додаде дека мајките имаат шесто
сетило за таквите нешта. И јас и верувам.“
„Зошто?“
„Затоа што полицијата прегледа стотици фотографии сликани таа
вечер, како и домашни видео-филмови, и никој не забележал некој
сомнителен човек. Од тоа, исто така, заклучивме дека нашиот Алберт
изгледа сосема обично... Потоа ми падна на ум дека за некоја жена
би било дури и полесно да киднапира дете.“
„Значи, ти мислиш дека имал соучесник.“ Нему прилично му се
допадна идејата. „Но немаме докази што ќе ја поддржат ваквата
претпоставка.“
„Знам. И во тоа е проблемот.“
Горан стана и почна да чекори низ собата. Ја триеше неуредната
брада и размислуваше.
„Тоа не би било првпат... се има случено и порано. Во Глостер, на
пример, со Фред и Розмари Вест.“
Криминологот набрзина се потсети на случите на сериски убијци-
двојки. Тој ѕидар, таа домаќинка. Десет деца. Заедно киднапирале и
убивале невини момички откако ги присилувале да учествуваат во
нивните еротски забави, пред да ги закопаат во дворот назад, на
Кромвел стрит број 25. Една од девојките која заврши под плочите
беше шеснаесетгодишната ќерка на брачната двојка, која веројатно
се осмелила да реагира. Две други жртви, кои би можеле да се
поврзат со Фред, беа најдени на други места. Вкупно дванаесет тела.
Но, полицијата го запре откопувањето околу малата сива куќа од
страв да не се урне. „Верувам дека жената го чува шестото дете.“
Горан се чинеше мошне заинтригиран. Но, не сакаше да си дозволи
себеси да биде понесен од ентузијазам.

306
„Мила, не разбирај ме погрешно: ова е одлично претчувство. Но,
мора да го провериме.“
„Ќе им го спомнеш ли ова и на другите?“
„Ќе го разгледаме. Во меѓувреме, ќе побарам еден од нашите луѓе
да ги разгледа фотографиите и филмовите снимени на панаѓурот.“
„Јас би можела да го направам тоа.“
„Одлично.“
„Има уште нешто... љубопитна сум во врска со нешто. Се обидов
сама да го најдам одговорот, но не успеав.“
„Кажи што е?“
„Во процесот на распаѓање, и очите се подложени на тоа, нели?“
„Па, обично ирисот со време ја губи бојата...“ Горан запре и се
загледа во неа, не можејќи да разбере на што мисли таа.
„Зошто ме прашуваш?“
Мила од џебот ја извади фотографијата на Сабина што на крајот на
посетата и ја беше дала нејзината мајка. Истата онаа што постојано
се наоѓаше на совозачкото место, додека се враќаше назад. Онаа во
која се загледа откако го надмина стравот поради следењето, и што
ги зголеми нејзините сомнежи.
Имаше нешто погрешно.
Горан ја зеде и ја погледна.
„Телото на малата момичка што го најдовме во вилата на Кобаши
имаше сини очи“, нагласи Мила. „Очите на Сабина биле кафеави.“

В о таксито, Горан не изусти ниту збор. Откако му го кажа своето


откритие, Мила забележа дека неговото расположение
одненадеж се промени.
„Ние бараме некого за кого мислиме дека знаеме се, а не знаеме
воопшто ништо за него...“ Тој кратко размислуваше. „Тој си игра со
нас како со будали.“
Првин таа помисли дека криминологот мисли на Алберт. Но, не
беше така.
Тој направи низа брзи телефонски јавувања, не само до членовите

307
на тимот, туку и кај беби-ситерката на Томи.
„Мораме да одиме“, и рече без натамошни објаснувања.
„Што со син ти?“
„Госпоѓа Руна ќе дојде за дваесет минути, а тој спие.“
Потоа повикаа такси.
Светлата се уште беа запалени во седиштето на Федералната
полиција. Во зградата владееше итаница поради смените на
полицајците. Речиси сите беа ангажирани со случајот. Со денови
наназад, тие беа вклучени во следењето на телефонските јавувања од
страна на нестрпливите граѓани, во потрага по скривалиштето на
шестата момичка.
Откако му плати на таксистот, Горан се упати накај главниот влез,
не чекајќи ја дури ни Мила, која тешко го следеше. Кога се искачија
до Одделот за бихевиористички науки, ги најдоа Роза, Борис и Стерн
како чекаат на нив.
„Што се случува?“
„Ни треба разјаснување“, му одговори Горан. „Мора веднаш да се
сретнеме со Роше.“
Главниот инспектор го најдоа сред состанок со повисоки
полициски службеници, што траел веќе со саати. Состанокот беше во
врска со случајот на Алберт.
„Треба да разговараме со Вас.“
Роше стана од фотелјата и им го претстави на другите: „Господа,
сите го знаете доктор Гавила, кој со години соработува со мојот
оддел...“
Горан му шепна на уво: „Сега.“
Љубезната насмевка исчезна од лицето на Роше.
„Господа, мора да ме извините, некои информации го бараат моето
присуство каде и да сум.“

П одобро е да е нешто важно“, рече главниот инспектор откако ги


фрли папките врз масата во својата канцеларија.
Горан почека сите да влезат во просторијата пред да ја затвори

308
вратата и остро да се пресмета со Роше.
„Телото најдено во дневната соба на Кобаши не и припаѓаше на
третата исчезната момичка.“
Цврстината на неговиот глас не остави простор за одрекување.
Главниот инспектор седна и ги прекрсти рацете пред себе.
„Продолжи...“
„Тоа не е Сабина. Тоа е Мелиса.“
Мила се сети на момичката број четири. Иако беше најстара од
шесте, таа физички беше недорасната за своите години, што можеше
да ја збуни истрагата. И имаше сини очи.
„Продолжи, те слушам...“, повторно му рече Роше.
„Ова може да значи само две нешта. Прво, дека Алберт го променил
својот modus operandi, затоа што се досега не оставаше да ги наоѓаме
момичките по оној ред по кој беа киднапирани. И второ, дека Чанг
направил грешка со ДНК тестовите. Мислам дека првата
претпоставка е речиси невозможна... и, со оглед на второво,
всушност мислам дека сте му наредиле да ги фалсификува
резултатите пред да и ги даде на Мила!“
Роше поцрвене. „Слушај, докторе, немам намера да стојам овде и да
ги слушам твоите обвинувања!“
„Каде беше најдено телото на детето број три?“
„Што?“
Главниот инспектор правеше се за да изгледа дека е изненаден од
овој навод.
„Затоа што е очигледно дека било најдено, инаку, Алберт не би
продолжил со својот след одејќи право на број четири.“
„Телото се наоѓало во куќата на Кобаши речиси повеќе од една
недела! Можеби, како што велиш, би требало првин да го најдеме
детето број три. Или, едноставно, сме го нашле првин детето број
четири! И потоа Чанг нешто измешал, од каде да знам?“
Криминологот го гледаше право в очи. „Поради тоа ни дадовте
слободни дваесет и четири часа по она што се случи во
сиропиталиштето. За да не ви се плеткаме постојано пред нозе!“
„Горан, доста ми е од овие смешни обвинувања! Не можеш да

309
докажеш ништо од она што го кажа!“
„Тоа е поради случајот Вилсон Пикет, нели?“
„Тоа што се случи тогаш нема никаква врска со ова, те уверувам!“
„Но веќе не ми веруваш. И можеби не грешиш целосно... но ако
мислиш дека ја губам контролата врз истрагата, прво тоа треба да ми
го кажеш в лице, без да играш политички игри. Ти велиш така, и сите
ние ќе се повлечеме, не создавајќи ти каква и да е непријатност, и ќе
продолжиме да ја носиме врз себе својата одговорност.“
Роше не му одговори веднаш. Рацете му беа преклопени под
брадата, лулајќи се напред-назад во својата фотелја. Потоа, мошне
смирено, почна: „Искрено, навистина не знам што...“
„Ајде, кажи им.“
Стерн беше тој којшто му упадна. Роше се заѕвери во него.
„Ти остани токму каде што си!“
Горан се заврти да го погледне. Потоа се загледа и во Борис и во
Роза. Тој веднаш сфати дека секој од нив знаел, освен него и Мила.
Затоа Борис беше толку двосмислен кога го прашав што правел со
својот слободен ден, си помисли таа. И исто така се присети на благо
заканувачкиот тон на својот колега кога разговараше со Роше пред
куќата на Ивон Грес, кој тој одби да го прати внатре пред да влезат
специјалните единици. Заканата подразбираше уцена.
„Да, инспекторе. Кажете им се и ајде да завршиме со ова“, пресече
Сара Роза, поддржувајќи го Стерн.
„Тој не може да биде исклучен, тоа не е фер“, додаде Борис,
покажувајќи со главата накај криминологот.
Се чинеше како да сакаат да му се извинат што го држеле во
темница и да му покажат дека се чувствуваат виновни што
почитувале наредба којашто ја сметале за нефер.
Роше остави да поминат уште неколку секунди, потоа се сврти и ги
погледна Горан и Мила.
„Добро... ама ако само некому кажете еден збор во врска со ова, ќе
ве урнисам.“

310
29

Н из полињата срамежливо се протегаше зора.


Таа одвај ги осветлуваше линиите на ридовите што се слеваа
една во друга како бранови од земја. Интензивното зеленило на
полињата, ослободени од снегот, се изделуваше наспроти сивото
небо. Асфалтната линија се лизгаше меѓу долините, танцувајќи
хармонично со движењата на пејзажот.
Со челото потпрено на задниот прозорец од автомобилот, Мила
стана свесна за непознатото чувство на спокојство, можеби поради
уморот, можеби поради оставката. Што и да открие на крајот од ова
кратко патешествие, веќе нема да ја изненади. Роше не се издаде
многу. Откако нејзе и на Горан им кажа да си ги држат устите
затворени, тој се заклучи со криминологот во својата канцеларија за
да се соочат лице в лице.
Таа стоеше во ходникот, каде што Борис и објасни зошто главниот
инспектор решил да ги исклучи неа и Гавила.
„Тој, фактички, е цивил, а ти... па добро, ти си нешто како
консултант, така што...“
Немаше многу друго што може да се додаде. Што и да беше
големата тајна што Роше се обидуваше да ја заштити, ситуацијата
мораше да остане под контрола. Затоа од витално значење беше да се
избегнат какви и да било пропусти. Тој се осигури дека единствените
кои знаеја нешто беа оние што се под негова директна команда и
кои, поради тоа, би можел да ги заплашува.
Мила не откри ништо освен ова. И, исто така, не прашуваше ништо.
По неколку часови, вратата од канцеларијата на Роше се отвори и
главниот инспектор им нареди на Борис, Стерн и на Сара Роза да
отидат со доктор Гавила некаде на друго место. И покрај тоа што не
ја именува директно, тој дозволи и Мила да учествува во
експедицијата.
Тие ја напуштија зградата и отидоа до најблиската гаража.
Изнајмија две лимузини со непознати регистрации што не можеа да

311
се поврзат со полицијата, за да избегнат да бидат следени од
новинарите кои постојано беа паркирани пред полициската станица.
Мила мораше да влезе во автомобилот со Стерн и со Гавила,
намерно избегнувајќи го оној каде што се смести Сара Роза. Требаше
да патуваат дваесетина километри; таа се обиде малку да поспие што,
всушност, и успеа. Кога се разбуди, веќе беа близу до местото.
По пат немаше многу сообраќај. Мила забележа три темни
автомобили паркирани покрај коловозот, секој со по двајца луѓе
внатре.
Стражари, си помисли таа, за да ги држат настрана
безделниците.
Околу шест-седумстотини метри се возеа покрај еден ѕид од црвена
тула, додека не стигнаа до тешка железна порта.
Патот тука завршуваше.
Немаше ѕвонче, ниту, пак, домофон. Имаше ТВ камери закачени на
еден столб и набрзо откако застанаа, ги фати нивното електронско
око. Тоа остана фиксирано на нив. Помина барем минута, а потоа
портата почна да се отвора. Патот продолжуваше, исчезнувајќи
речиси веднаш зад една височинка. Зад таа граница не се гледаа
други куќи. Само простор со поле.
Поминаа најмалку уште десет минути пред да ги видат шилците на
една стара градба. Куќата што се покажа пред нив, небаре излезе од
утробата на земјата. Беше огромна и изгледаше строго. Нејзиниот
стил беше како на селските куќи од раниот деветнаесетти век, што ги
граделе нафтените или магнатите на челик во слава на својата среќна
судбина.
Мила го препозна камениот грб што доминираше на фасадата.
Содржеше едно огромно Р во барелјеф.
Тоа беше домот на Џозеф Б. Рокфорд, претседател на истоимената
фондација која понуди награда од десет милиони за откривање на
шестата момичка.
Ја поминаа куќата и двете лимузини ги паркираа во близина на
некои штали. За да стигнат до третото место, на западниот раб од
имотот од неколку хектари, мораше да земат некакви електрични

312
автомобили, слични на голф-автомобилчињата.
Мила се качи во тој што го возеше Стерн, кој почна да и објаснува
кој е Џозеф Б. Рокфорд, за потеклото на неговото семејство и за
неговото огромно богатство.
Династијата почнала пред околу еден век со Џозеф Б. Рокфорд I,
дедото. Легендата кажува дека тој бил единствениот син на некој
бербер, имигрант. Незадоволен од ножиците и од бричевите, тој го
продал дуќанот на татко си во потрага по својата судбина. Додека
сите во тоа време инвестирале во новата нафтена индустрија,
Рокфорд I имал среќна интуиција да ја употреби заштедата за да
основа компанија за дупчење артериски бунари. Со оглед на тоа што
нафтата речиси секогаш се наоѓа на најмалку гостоприемливите
места на светот, Рокфорд заклучил дека на луѓето зафатени со трката
брзо да се збогатат наскоро ќе им недостига основната стока: водата.
А водата извлечена од артески бунари, која потекнуваше од главните
наоѓалишта на црното злато, била продавана за речиси двапати
повисока цена од нафтата.
Џозеф Б. Рокфорд I умрел како милијардер. Умрел кратко пред
својот педесетти роденден од ретка и разорувачка форма на рак на
стомакот.
Џозеф Б. Рокфорд II наследил огромно богатство од својот татко, кој
успеал да го удвои шпекулирајќи со се што ќе му паднело под рака:
од канабис до недвижности, од сточарство до електрични уреди, За
да го круниса своето воздигнување, тој се оженил за една кралица на
убавината, која му подарила две прекрасни деца.
Но, кратко време пред да наполни педесет години ги добил првите
симптоми на рак на стомакот, кој го сотрел за помалку од два
месеца.
Неговиот најстар син, Џозеф Б. Рокфорд III, завладеал со својата
голема империја на многу млада возраст. Неговиот прв и единствен
чин на командување беше да се ослободи од иритирачките римски
бројки закачени за неговото име. Бидејќи немаше финансиски цели
за постигнување и бидејќи можеше да си дозволи секаков вид луксуз,
Џозеф Б. Рокфорд водеше бесцелен живот.

313
Семејната фондација беше идеја на сестра му, Лара. Целта на
институцијата беше да им обезбедува на помалку среќните деца
здрава храна, покрив над главите, соодветна медицинска нега и
образование. Фондацијата Рокфорд веднаш прими половина од
семејното наследство. И покрај великодушната алокација средства,
според пресметките на нивните советници, Рокфордови имаа доволно
богатство да живеат удобно најмалку уште еден век.
Лара Рокфорд имаше триесет и седум години, а на триесет и
двегодишна возраст со некое чудо преживеа тешка сообраќајна
несреќа. Нејзиниот брат Џозеф имаше четириесет и девет години.
Генетската форма на рак на стомакот што го собори првин неговиот
дедо, а потоа и татко му, се појави и кај него, пред само единаесет
месеци.
За триесет и четири денови, Џозеф Б. Рокфорд падна во кома,
чекајќи да умре.
Мила внимателно го слушаше извештајот на Стерн, додека
електричното возило потскокнуваше по нерамната земја. Тие следеа
една патека, што мора да била формирана по природен пат во
изминатите два дни, поради постојаното поминување на вакви
возила.
Околу половина час подоцна, дојдоа до работ на третата страна. Во
далечината, Мила ги здогледа зафатените со работа бели
комбинезони кои го оживуваат секое место на злосторство. Дури и
пред да стигне да го види со сопствените очи спектаклот што овојпат
за нив го подготвил Алберт, самата глетка беше она што најмногу ја
растажи.
Таму имаше повеќе од сто експерти кои работеа.

П лачливиот дожд врнеше неумоливо. Додека се пробиваа меѓу


работниците кои отстрануваа големо количество земја, Мила се
почувствува непријатно. Како што беа откопувани коските, некој ги
каталогизираше и ги ставеше во проѕирни ќесиња на кои беа
закачени ознаки, за да можат да бидат ставени во соодветни кутии.

314
Во една од нив, Мила изброи најмалку триесет бутни коски. Во
друга – карлични.
Стерн се заврти накај Горан. „Детето било најдено тука некаде...“
Тој покажа на оградената област, покриена со пластични фолии за
да се заштити од дождот. На почвата со латекс беа исцртани
контурите на едно тело. Белата линија ја репродуцираше нејзината
фигура, но без левата рака.
Сабина.
„Беше испружена на тревата, во состојба на напреднато крвавење.
Била изложена премногу долго за да не го надушат животните
нејзиното присуство.“
„Кој забележал дека е таму?“
„Еден од ловочуварите кој го контролира имотот.“
„Дали веднаш почнавте да копате?“
„Првин донесовме кучиња, но тие не можеа да надушат ништо.
Потоа со хеликоптер ја прелетавме областа за да провериме
евентуална неправилност на поставеноста на теренот. Забележавме
дека околу местото каде што беа најдени телата, вегетацијата е
поразлична. Му ги покажавме фотографиите на ботаничарот, кој
потврди дека тие разлики би можеле да индицираат под нив оти
нешто било закопано.“
Мила и претходно имаше слушнато за ова: слични техники биле
употребувани и во Босна за да се откријат заедничките гробници на
жртвите од етничките чистења. Присуството на тела под земјата
влијае врз вегетацијата озгора, затоа што земјата е збогатена со
органски материи произведени од распаѓањето.
Горан гледаше наоколу. „Колкумина ги има?“
„Триесет или четириесет тела, којзнае...“
„И колку време биле таму долу?“
„Најдовме некои многу стари коски. Други се чини дека се понови.“
„Кому му припаѓаат?“
„Машки се. Повеќето од нив млади, меѓу шеснаесет и дваесет и две
или дваесет и три години.
Во некои случаи тоа беше потврдено од анализите на нивните

315
дентални лаци.“
„Ова фрла во сенка се друго“, рече криминологот, веќе
размислувајќи за последиците кога ќе се открие приказната. „Роше
нема да се обиде да го прикрие ова, нели? Со сиот народ овде...“
„Не, главниот инспектор само се обидува да ја одложи изјавата
додека се не биде решено на задоволителен начин.“
„Тоа е затоа што никој не може да одгатне што бара оваа заедничка
гробница сред убавиот имот на Рокфордови.“ Тој ова го кажа со
призвук на индигнација што не му се провлече на никој од
присутните. „Ама мислам дека нашиот главен инспектор има една
идеја... а што е со вас?“
Стерн не знаеше што да каже. Ниту, пак, Борис или Роза.
„Едно нешто, Стерн... дали телата беа најдени пред или по
објавувањето на наградата?“
Агентот призна со нејасен глас: „Пред тоа.“
„Така и си мислев.“
Кога се вратија кај шталите, го најдоа Роше кој ги чекаше покрај
автомобилот на одделот кој го довезе дотука. Горан се симна од
голф-возилото и решително се упати накај него.
„Значи, дали сум се уште вклучен во оваа истрага?“
„Се разбира! Мислиш ли дека е лесно за мене да те држам настрана
од работите?“
„Не е лесно, но со оглед на тоа што разоткрив се, повеќе би бил
склон да кажам дека беше практично.“
„Што би требало да значи ова?“
Главниот инспектор почна да се возбудува. „Дека веќе го
идентификував извршителот.“
„Како можеш да бидеш толку сигурен во неговиот идентитет?“
„Затоа што доколку не мислеше дека Рокфорд е човекот кој
навистина стои зад сево ова, ти немаше да продолжиш со толку
напор да ја држиш приказната во тајност.“
Роше го фати за рамото. „Слушај, Горан, ти мислиш дека се зависи
од мене. Но, не е така, верувај ми. Има толку многу притисок озгора,
повеќе отколку што воопшто можеш да замислиш.“

316
„Кого се обидуваш да покриеш? Колкумина луѓе се вклучени во
оваа лајненица?“
Роше се заврти и му даде знак на возачот да си замине. Потоа се
сврти накај тимот.
„Одлично, ајде да ги разјасниме нештата еднаш засекогаш... ми
доаѓа да повратам секогаш кога помислувам на оваа приказна. Не
морам ниту да ви се заканувам да молчите, затоа што ако само еден
збор излезе од вас, во истиот миг ќе загубите се. И својата кариера и
својата пензија. А исто така и јас.“
„Разбравме... сега, што стои зад ова?“, влета Горан.
„Џозеф Б. Рокфорд никогаш не го напуштил местово, куќата каде
што е роден.“
„Како е можно тоа?“, праша Борис. „Никогаш?“
„Никогаш“, потврди Роше. „Од почеток, се чинело дека имал
фиксација на мајка си, поранешната кралица на убавината. Тој
чувствувал морбидна љубов спрема неа што го попречувало да има
нормално детство и адолесценција.“
„Ама кога умрела...“, се обиде да приговори Сара Роза.
„Кога умрела, било премногу доцна: Детето било неспособно да
воспостави каков и да е вид човечки контакт. Се дотогаш тој бил
опколен со луѓе полни со почит кои работеле во служба на неговото
семејство. А постоела и таканаречената Рокфордова клетва, фактот
дека сите машки наследници умираат од рак на стомакот на
педесетгодишна возраст.“
„Можеби мајка му потсвесно се обидувала да го спаси од таа
судбина“, посочи Горан.
„А сестра му?“, праша Мила.
„Бунтовник“, рече Роше. „Помлада од него, таа токму навреме
можела да избега од фиксацијата по мајката. Потоа со својот живот
го направила она што го сакала: патувала низ светот, трошејќи го
своето богатство, согорувајќи се себеси во најнеизвесни врски и
пробувајќи дрога и искуства од секаков вид. Сето тоа за да изгледа
поразлично од братот кој останал затвореник на оваа палата... се
додека сообраќајната несреќа пред пет години, всушност, не ја

317
затворила и неа со него во истава куќа.“
„Џозеф Б. Рокфорд бил хомосексуалец“, кажа Горан.
И Роше го потврди тоа: „Да, бил... а телата најдени во заедничката
гробница ја кажуваат истата приказна. Сите во цветот на младоста.“
„Тогаш, зошто ги убивал?“, праша Сара Роза.
И одговори Горан. Тој имаше видено такво нешто и порано.
„Главниот инспектор ќе ме исправи ако грешам, но мислам дека
Рокфорд не можел да го прифати тоа што бил. Или, можеби, кога бил
млад, некој ги открил неговите сексуални склоности и никогаш не му
го простил тоа.“
Сите помислија на неговата мајка, иако никој не ја спомна.
„И секогаш кога ќе го повторел делото, имал чувство на вина. Но
наместо да се казнува самиот себеси, тој ги казнувал љубовниците...
со смрт“, заклучи Мила.
„Телата се овде, а тој никогаш не мрднал оттука“, рече Горан.
„Значи, ги убил тука. Дали е можно никој – слугите, градинарите,
ловочуварите – никогаш да не забележал ништо?“
Роше имаше одговор, но ги остави самите да погодат.
„Не можам да верувам“, рече Борис. „Тој им плаќал!“
„Го купувал нивното молчење сиве овие години“, додаде Стерн со
гадење.
Која е цената на човековата душа?, си помисли Мила. На крајот
на краиштата, проблемот е во тоа. Понекогаш човекот открива дека
има зла природа, што значи дека среќата може единствено да ја најде
во убивањето други луѓе. Тој има име: убиец, или сериски убиец. Но
како да се наречат другите, оние околу него кои не го запреле, или
дури, и го искористиле тоа?
„Како ги наоѓал момчињата?“, праша Горан.
„Се уште не знаеме. Издадовме потерница по неговиот личен
асистент, кој, се чини, исчезнал некаде откако беше најдено телото
на момичката.“
„И што ќе правите со останатите од персоналот?“
„Тие ќе бидат под надзор се додека не го разјасниме прашањето
дали земале или не пари, и колку биле запознати со нештата.“

318
„Рокфорд постојано ги корумпирал луѓето околу себе, нели?“
Горан ги читаше мислите на главниот инспектор, зашто главниот
инспектор го призна тоа: „Пред неколку години, се појави сомнеж кај
еден полицаец: го истражуваше исчезнувањето на еден тинејџер кој
избегал од дома и ограбил некој супермаркет. Неговите траги не
доведоа довде. Тогаш Рокфорд консултирал некои моќни пријатели и
полицаецот беше преместен... Другпат, една двојка била паркирана
на патот што оди покрај ѕидот што го опколува имотот. Тие виделе
некого како се качува по него: тоа било полуголо момче, повредено
во едната нога и во состојба на шок. Го зеле со себе во автомобилот и
го одвеле в болница. Таму останало само неколку часа: некој дошол
и го собрал, кажувајќи дека е од полиција. Оттогаш наваму ништо
веќе не се слушна за момчето. На лекарите и на сестрите им било
дадено големо мито да ги држат устите затворени. Двојката биле
љубовници и сето тоа што се случило претставувало закана да ги
откријат нивните актуелни сопружници.“
„Тоа е страшно“, реагираше Мила.
„Така е.“
„А што можете да ни кажете за сестрата?“
„Мислам дека Лара Рокфорд не е токму во главата. Сообраќајката ја
остави во навистина лоша состојба. Тоа се случи недалеку од овде.
Таа самата си го стори тоа: излезе надвор на патот и со автомобилот
удри во еден даб.“
„Сепак би требало да поразговараме со неа. А и со Рокфорд“, рече
Горан. „Тој веројатно знае кој е Алберт.“
„Како, да му се сневиди, ќе разговараш со него? Тој е во неповратна
кома!“
„Тогаш тој ќе се извлече со тоа!“ Лицето на Борис беше бесно. „Не
само што не може да ни помогне нам, туку нема да помине ниту еден
ден в затвор за тоа што го сторил!“
„Ох, не, ти грешиш“, му рече Роше. „Доколку има пекол, тогаш тие
ќе чекаат на него. Но таму ќе оди многу бавно и болно.“
„Тогаш зошто го одржуваат во живот?“
Роше се насмевна иронично, кревајќи ја едната веѓа: „Сестра му го

319
сака тоа.“

В натрешноста на куќата на Рокфордови намерно беше направена


за да ве натера да мислите дека сте во некој дворец. Во
внатрешната архитектура доминираше црн мермер, чија прошарана
површина ја впиваше сета светлина. Тешки кадифени завеси ги
затемнуваа прозорците. Поголемиот дел од сликите и таписериите
покажуваа сцени од лов и од селски пијани веселби. Од таванот
висеше огромен кристален лустер.
Штом влезе низ главната врата, Мила веднаш почувствува горчливо
студенило. Колку и да беше луксузна, куќата имаше мошне
декадентна атмосфера. Ако се заслушате внимателно, би можеле да
ја слушнете тишината на минатото, која со текот на времето се
населила во тоа заканувачко спокојство.
Лара Рокфорд „се согласи да ги прими.“ Таа многу добро знаеше
дека тоа нема да може да го избегне, но употребата на таа фраза
нудеше клуч за оној вид личности со какви што требаше да се
сретне.
Ги чекаше во библиотеката. Мила, Горан и Борис ќе ја
испрашуваат.
Мила ја виде во профил, седната на кожна софа, со елегантно
движење на рацете додека ја принесуваше цигарата до своите усни.
Беше исклучително убава. Оддалеку, на сите им остави впечаток
благата кривина на челото кое преминуваше во виткиот нос за да
заврши во полните усни. Кога и се приближија, го видоа
интензивното, магнетно зеленило во нејзините очи, врамени со
долги, шармантни трепки.
Но, кога влегоа и ја видоа од предната страна, тие беа шокирани од
изгледот на втората половина од нејзиното лице. Тоа беше уништено
од една огромна лузна која, почнувајќи од работ на косата, го
вкопуваше својот пат надолу низ челото за да се нурне во празната
очна дупка, пред да пикира како бразда од солза и да заврши под
нејзината брада.

320
Мила исто така ја забележа и нејзината очигледно здрвена нога
наспроти другата префрлена преку неа. Покрај себе, Лара држеше
една книга. Корицата беше превртена надолу, па не можеа да го
видат ниту насловот ниту, пак, авторот.
„Добар ден“, им рече таа. „На што се должи вашата посета?“
Таа не ги покани да седнат. Тие стоеја онаму каде што беа, на
огромниот тепих што покриваше речиси половина од подот.
„Би сакале да ви поставиме неколку прашања“, и се обрати Горан.
„Се разбира, доколку е можно...“
„Ве молам, слушам.“
Лара Рокфорд го изгасна она што беше останато од нејзината
цигара во еден пепелник од алабастер. Потоа зеде друга од кожната
футрола во скутот, заедно со златна запалка. Додека ја палеше,
нејзините тенки прсти мошне благо затреперија.
„Вие понудивте награда од десет милиони за оној што ќе ја најде
шестата момичка“, и рече Горан.
„Се чинеше најмалку што можев да сторам.“ Таа ги
предизвикуваше на теренот на вистината. Можеби сакаше да ги
вознемири, можеби стануваше збор само за нејзино чудно одбивање
да се покори, како контраст на строгоста на куќата во која таа
живееше во прогон.
Горан реши да одговори на предизвикот. „Знаевте ли за Вашиот
брат?“
„Секој знаеше. Никој ништо не кажуваше.“
„Зошто овојпат го прекинаа молчењето?“
„На што мислите?“
„Ловочуварот кој го најде телото на момичката: претпоставувам
дека и тој бил на платниот список...“
Мила погоди што веќе имаше разбрано Горан, дека Лара би можела
лесно да ја забошоти целата работа. Но, таа не го сакаше тоа.
„Дали верувате во постоењето на душа?“
Додека го прашуваше ова, Лара ја помилува корицата на книгата
крај неа.
„Верувате ли?“

321
„Размислував малку во врска со ова...“
„Дали поради тоа не им дозволувате на лекарите да го исклучат
Вашиот брат од машините што се уште го одржуваат во живот?“
Жената не одговори веднаш. Наместо тоа, таа ги крена очите накај
таванот. Џозеф Б. Рокфорд се наоѓаше на катот над неа, во креветот
во кој спиеше уште од детство. Неговата соба беше претворена во
оддел за интензивна нега достоен на некоја модерна болница. Тој
беше поврзан на машина што дишеше наместо него, што го хранеше
со лекови и со течности, што ја прочистуваше неговата крв и ги
олеснуваше неговите црева.
„Не разбирајте ме погрешно: јас сакам брат ми да умре.“
Таа изгледаше искрена.
„Вашиот брат веројатно го знае човекот кој ги киднапира и ги уби
петте мали момички и сега ја држи затворена шестата. Вие не
можете да претпоставите кој би можел да биде тој...“
Лара го погледна Горана со своето единствено око: надокрај, таа го
погледна в лице. Или поточно, таа претенциозно му дозволи да ја
гледа.
„Којзнае, би можел да биде некој член на персоналот. Еден од оние
кои сега се тука, или некој кој бил овде во минатото. Би требало да
проверите.“
„Ние веќе го правиме тоа, но се плашам дека човекот кој го бараме
е премногу умен да ни додели таква милост.“
„Како што веќе сте сфатиле, единствените луѓе кои доаѓаа во оваа
куќа беа луѓето на кои Џозеф можеше да им плати. Најмување и
плаќање, под негова контрола. Овде никогаш не сум видела
непознати.“
„Ама сте виделе момчиња?“, ја праша Мила импулсивно.
На жената и требаше долго време да одговори. „Тој и ним им
плаќаше. Одвреме навреме, особено до неодамна, сакаше да им дава
еден вид договор со кој тие му ги продаваа своите души. Тие мислеа
дека тоа е игра, шега за да се извлечат малку пари од лудиот
милијардер. И потпишуваа. Сите тие потпишале. Најдов некои
пергаменти во сефот во неговата работна соба. Нивните потписи се

322
сосема разбирливи, дури и покрај тоа што она што било употребено
не било мастило во точното значење на зборот.“
Таа се насмеа на својата ужасна алузија, но тоа беше чудно смеење
што ја вознемири Мила. Тоа гргореше од длабочините. Небаре долго
време и било залепено за белите дробови, пред да го исплука надвор.
Смеењето беше рапаво од никотин, но и од болка. Тогаш ја крена
книгата што ја држеше покрај себе.
Тоа беше Фауст.
Мила зачекори накај неа.
„Дали имате некаков приговор доколку се обидеме да го испрашаме
Вашиот брат?“
Горан и Борис ја погледнаа небаре го загубила умот.
Лара повторно се насмеа. „Што Ви е намерата? Тој сега е повеќе
мртов отколку жив.“ Потоа лицето и стана сериозно додека
зборуваше: „Премногу е доцна.“
Но Мила инсистираше: „Ајде да се обидеме.“

323
30

Н а прв поглед, Никла Папакидис прилегаше на слаба жена.


Можеби поради тоа што беше ниска и непропорционално
широка во колковите. Можеби поради нејзините очи, кои содржеа
некоја тажна веселост што правеше да прилега на песна од мјузикл
на Фред Астер, или на фотографија од некој бал во стар Њујорк, или
на последниот ден од летото.
Всушност, таа беше мошне силна.
Својата сила ја градеше малку по малку со текот на времето, во
годините на несреќите, големи и мали. Беше родена во едно мало
село, како прва од седумте деца, единственото женско. Имаше само
единаесет години кога умре мајка и. Одржувањето на домаќинството
остана на неа, како и тоа да внимава на татко си и да ги одгледува
своите браќа. Таа успеа сите да ги исшколува така што завршија со
пристојни вработувања. Благодарение на парите што ги имаше
заштедено со своите неуморни жртви и строгата економија во
домаќинството, тие никогаш не оскудуваа во ништо. Таа исчека да се
оженат со добри девојки, да создадат свои домови и да и дадат
дваесетина мали внуки и внуци кои беа нејзина гордост и радост.
Дури кога и најмладиот од браќата го напушти татковиот дом, таа
остана да го гледа татко си во неговата длабока старост, одбивајќи да
го смести во старски дом. За да ги ослободи браќата и снаите од
таквата тежина, таа само им рече: „Не грижете се за мене. Вие ги
имате своите семејства, јас сум сама. Тоа не е жртва.“
Таа се грижеше за својот татко се додека тој не стана над
деведесеттата, внимавајќи на него како да беше новороденче. Кога
почина, таа ги собра заедно сите браќа.
„Јас имам четириесет и седум години и мислам дека никогаш нема
де се омажам. Нема да имам сопствени деца, но своите внуки и внуци
ги сакам како да се мои. Ви благодарам што сите ме поканивте да
живеам со вас, но јас го направив својот избор пред неколку години,
иако дури сега ќе ви го кажам. Ние нема повторно да се видиме,

324
мили мои браќа... јас решив животот да му го посветам на Исус. Од
утре, ќе се заклучам во затворениот манастир се до крајот на мојот
живот.“
„Значи, таа е калуѓерка!“, рече Борис, кој молкома ја слушаше
приказната на Мила додека возеше.
„Никла не е само калуѓерка. Таа е многу повеќе од тоа.“
„Се уште не можам да поверувам дека го наговори Гавила. И не
само него, ти успеа да го наговориш и Роше!“
„Тоа е ловење во матно – што можеме да загубиме? А јас тврдам
дека Никла е вистинската личност да ја чува оваа работа како тајна.“
„Тоа е сигурно!“
На задното седиште имаше една кутија со голема црвена панделка.
„Чоколадите се единствената слабост на Никла“, му кажа Мила на
Борис кога го замоли да застанат пред некоја продавница за слатки.
„Но ако е во затворен ред, таа не може да дојде со нас.“
„Добро, тоа всушност е малку покомплицирано отколку...“
„На што мислиш?“
„Никла помина неколку години в манастир. Кога сфатија што може
да прави, тие ја вратија назад во светот.“
Пристигнаа кратко време по дванаесет часот напладне. Во тој дел
од градот владееше хаос. Сообраќајната врева се мешаше со музиката
од стерео-системите, со врескањето на кавгите од становите, како и
со звуците на повеќе или помалку легалните активности што се
одвиваа на улиците. Народот што живееше таму, никогаш не се
мрднал оттаму. Центарот – кој беше оддалечен само неколку станици
на подземната железница – со своите елегантни ресторани, бутици и
чајџилници, исто така можеше да биде и на планетата Марс.
Човек се раѓа и умира во вакви краишта и никогаш не ги напушта.
Уредот за сателитска навигација во автомобилот со кој патуваа,
запре, давајќи упатства веднаш откако се исклучија од автопатот.
Единствените улични знаци беа муралите што ги означуваа
границите на териториите на бандите.
Борис сврти во споредната улица што завршуваше во ќор-сокак. По
неколку минути тие го посматраа автомобилот што имаше добиено

325
инструкции да го следи нивното движење. Фактот дека двајца
полициски агенти се возеа наоколу не помина незабележано од
стражарите кои постојано го надгледуваа секој агол од соседството.
„Само вози пополека и остави да ти се гледаат рацете“, му рече
Мила, која и порано била во овие делови од градот.
Зградата кон која се упатија се наоѓаше на крајот на улицата. Се
паркираа меѓу остатоците од два изгорени автомобила. Излегоа, а
Борис почна да разгледува наоколу. Тој само што сакаше да ја
затвори централната брава, кога Мила го запре.
„Немој. И остави ги и клучевите внатре. Овие типови се способни
да ја скршат вратата само од инает.“
„Па што ќе ги запре да ми го испокрадат автомобилот?“
Мила помина откај возачката страна, пребаруваше низ својот џеб и
извади едни пластични црвени молитвени бројници. Ги закачи околу
ретровизорот.
„Ова е најдобриот изум во околината против кражби.“
Борис збунето ја погледна. Потоа тргна по неа накај зградата.
Картонскиот знак над предната врата објавуваше: Редот за храна
почнува во 11. И поради тоа што сите на кои им беше наменета оваа
порака не знаеја да ја читаат, беше додаден рачно нацртан цртеж на
часовник и една чинија од која се крева пареа.
Мирисаше на мешаница од готвено и од дезинфекциски средства.
Во ходникот, неколку различни пластични столови беа распоредени
околу една маса со стари списанија врз неа. Исто така имаше и
некакви стари брошури во врска со различни теми, од превенција на
расипување заби кај децата, до начини како да се спречат сексуално
преносливите болести. Идејата беше ова место да заприлега на
чекалница. Разни флаери и летоци се истураа од огласната табла на
ѕидот. Можеа да се слушнат и гласови кои доаѓаа од едната страна на
зградата до другата, иако точното место од каде што доаѓаа беше
невозможно да се знае.
Мила го повлече Бориса за ракавот. „Ајде, таа живее горе.“
Почнаа да се качуваат. Немаше една нескршена скала, а оградата
опасно се лулаше.

326
„Какво место е ова?“ Борис избегнуваше да допре што и да е,
плашејќи се од некаква зараза. Продолжи да приговара се додека не
стигнаа на одморалиштето.
Една мошне убава девојка од околу дваесетина години стоеше
покрај стаклената врата. Таа му подаваше шишенце лек на еден стар
човек во скината облека, кој смрдеше на алкохол и на кисела пот.
„Треба да го земате еден ден, ОК?“
Се чинеше дека смрдеата не и пречеше на девојката. Таа зборуваше
со силен, пријатен глас, јасно изговарајќи ги зборовите како што му
се зборува на дете. Старецот кимаше со главата, но не изгледаше
убеден.
Потоа, девојката ја нагласи целта: „многу е важно: не смеете никако
да заборавите. Во спротивно, ќе завршите како последниот пат, кога
ве вратија од вратата на смртта.“
Таа извади едно марамче од џебот и го заврза околу неговиот рачен
зглоб.
„Вака нема да заборавите.“
Човекот задоволно се насмевна. Го зеде лекот и замина, се уште
гледајќи во својата рака со нејзиниот нов подарок.
„Можам ли да ви помогнам?“, ги праша девојката.
„Ја бараме Никла Папакидис“, и рече Мила.
Борис, восхитен, ја гледаше младата жена, наеднаш заборавајќи ги
сите поплаки што ги изнакажа качувајќи се нагоре.
„Мислам дека е во задната соба на крајот“, рече таа, покажувајќи на
ходникот зад себе.
Кога поминаа покрај неа, погледот на Борис падна врз нејзините
гради, забележувајќи го златниот крст што околу својот врат го
носеше девојката.
„Ама таа е...“
„Да“, му одговори Мила, обидувајќи се да не се насмее.
„Штета.“
Додека одеа низ ходникот, можеа да погледнат во собите што се
наоѓаа и од двете страни. Железни кревети, камп-кревети, или само
инвалидски колички. Сите тие беа зафатени од човечки остатоци,

327
млади или стари, без разлика. Тие страдаа од СИДА; тие беа
зависници од дрога или алкохоличари со црниот дроб сведен на
каша, или беа само болни и стари.
Две нешта им беа заеднички. Уморните изрази на лицата и
свесноста дека во животот направиле лош избор. За нив немаше
болница во таа состојба. И веројатно немаа семејство за да се грижи
за нив. Или, и ако имаа, беа изгонети оттаму.
Луѓето на ова место доаѓаа за да умрат. Само за тоа стануваше
збор. Никла Папакидис го нарекуваше „пристаниште“.
„Денес е навистина прекрасен ден, Нора.“
Калуѓерката внимателно и ја чешлаше долгата бела коса на една
стара жена која лежеше на креветот со лицето накај прозорецот,
придружувајќи ги движењата со благи зборови.
„Додека утрото шетав низ паркот, им оставив малку лепче на
птиците. Со овој снег, тие цело време го минуваат во своите гнезда,
топлејќи се едни со други.“
Мила чукна на веќе отворената врата. Никла се заврти и кога ја
виде Мила, лицето и се озари.
„Малечка моја!“, рече, приближувајќи и се за да ја гушне. „Колку е
убаво што повторно те гледам!“
Носеше џемпер со боја на шеќер, со свиткани ракави затоа што
постојано и беше топло, црно здолниште што и досегаше под
колената и патики на нозете. Косата и беше кратка и сива. Нејзиниот
мошне светол тен го истакнуваше интензивното синило на нејзините
очи. Целата појава претставуваше комбинација на отвореност и на
чистотија. Борис забележа дека околу вратот носи црвени молитвени
бројници, како оние што Мила ги закачи на ретровизорот.
„Ова е Клаус Борис, мој колега.“
Борис истапи напред, некако со непријатност. „Мило ми е.“
„Само што ја сретнавте сестра Мери, нели?“, праша Никла, тресејќи
му ја раката.
Борис поцрвене. „Всушност...“
„Не грижи се, таа го има истиот ефект врз многу луѓе...“ Потоа
повторно се заврти накај Мила. „Зошто дојде во Пристаништево,

328
малечка моја?“ Лицето на Мила стана сериозно.
„Можеби си слушнала за случајот на исчезнатите момички.“
„Секоја вечер се молиме за нив. Меѓутоа, новинарите не ни
кажуваат многу.“
„И јас не можам.“
Никла се загледа во неа: „Ти тука дојде поради шестото, нели?“
„Што можеш да ми кажеш за неа?“
Никла воздивна. „Се обидувам да воспоставам контакт. Но, не оди
лесно. Мојата дарба не е она што беше: стана многу послаба.
Можеби поради тоа би требало да сум задоволна, затоа што ако
наполно ја загубам, тие ќе ме вратат назад и ќе им се придружам на
моите посестрими во манастирот.“
Никла Папакидис не сакаше да ја нарекуваат медиум. Велеше дека
тоа не е точниот збор за да се опише „дарбата од Бога“. Таа не се
чувствуваше специјално. Таков беше нејзиниот талент. Таа беше
само посредник избран од Бога да ја носи таа дарба со себе и да ја
употребува за доброто на другите.
Меѓу многуте нешта што му ги кажа Мила на Борис, додека се
возеа накај Пристаништето, беше и тоа кога Никла открила дека има
натприродни сетилни способности.
„На шестгодишна возраст таа во своето село веќе била позната по
способноста да наоѓа исчезнати предмети: венчални прстени,
клучеви од врати, тестаменти премногу добро скриени од
покојниците... Една вечер, шефот на локалната полиција влетал кај
неа дома: исчезнало едно петгодишно дете, а мајка му била очајна. Ја
одвеле кај жената, која ја преколнувала да го најде син и. Никла за
момент се загледала во неа, а потоа рекла: ’Женава лаже. Таа го
закопала во зеленчуковата градина зад куќата’. И точно таму го
нашле детето.“
Борис беше мошне потресен од приказната. Можеби делумно и
поради тоа, кога дојдоа, седна малку понастрана, оставајќи ја Мила
да разговара со калуѓерката.
„Сакам нешто да те замолам, малку поинакво од вообичаеното“,
рече полицајката. „Треба да дојдеш на едно место и да се обидеш да

329
направиш контакт со еден човек на умирање.“
Мила ги имаше употребено визиите на Никла неколкупати во
минатото. Понекогаш решенијата за нејзините случаи доаѓаа токму
благодарение на нејзината интервенција.
„Малечка моја, не можам да мрднам од овде, знаеш: секогаш им
требам.“
„Знам, но не можам а да не инсистирам. Тоа е единствената надеж
што ја имаме за да ја спасиме шестата момичка.“
„Ти реков: не сум сигурна дека мојата „дарба“ се уште
функционира.“
„Помислив на тебе и поради друга причина... огромна сума пари му
е достапна секому кој ќе ја најде момичката.“
„Да, слушнав за тоа. Но што би правела со десет милиони?“
Мила погледна околу себе, небаре беше природно да се мисли
парите од наградата да се употребат за реновирање на местото.
„Верувај ми: кога ќе ја знаеш целата приказна, ќе сфатиш дека тоа ќе
биде најдобрата можна употреба на тие пари. Па, што велиш?“
„Вера треба да ме посети денеска.“
Ова го кажа старата жена во креветот. Се дотогаш, таа лежеше
молчејќи и неподвижно, гледајќи низ прозорецот.
Никла и пристапи: „Да, Нора, Вера ќе дојде подоцна.“
„Таа вети.“
„Да, знам. Таа вети и ќе си го одржи зборот, ќе видиш.“
„Но тоа момче седи на нејзиниот стол“, рече, покажувајќи на Борис,
кој веднаш почна да станува.
Но, Никла го запре: „Останете каде што сте.“ Потоа додаде со
потивок глас: „Вера била нејзина близначка. Умрела пред седумдесет
години, кога уште биле деца.“
Калуѓерката виде како Борис пребледе и иронично се насмеа: „Не,
офицере, јас не можам да контактирам со задгробниот живот. Но,
одвременавреме, Нора сака да и се каже дека сестра и доаѓа да ја
види.“
„Па, ќе дојдеш ли?“, инсистираше Мила. „Ветувам дека некој ќе те
врати назад пред да се стемни.“

330
Никла Папакидис помисли околу тоа уште еднаш. „Ама ми
донесовте нешто, нели?“
На лицето на Мила се разлеа насмевка: „Чоколадите те чекаат долу
во автомобилот.“
Никла задоволно кимна со главата, а потоа повторно стана
сериозна. „Нема да ми се допадне тоа што ќе го видам во тој човек,
нели?“
„Не мислам дека ќе ти се допадне.“
Никла ги стегна бројниците. „Добро, да одиме.“

Т оа се вика „пареидолија“: тоа е инстинктивен стремеж да се


изнајдат познати форми во хаотични слики. Во облаците, во
соѕвездијата или меѓу снегулките на овесната каша во тасот со
млеко.
На истиот начин, Никла Папакидис ги гледаше нештата кои цутеа
во неа. Таа не ги нарекуваше визии. И се допаѓаше зборот
пареидолија, затоа што – како и таа – имаше грчко потекло.
Таа му го објасни тоа на Борис додека седеше на задното седиште
во автомобилот лапајќи една по друга од чоколадите. Она што го
зачуди не беше толку многу приказната на калуѓерката, колку фактот
дека го најдоа својот автомобил таму каде што го оставија, без
ниедна гребнатинка, во тоа сурово соседство.
„Зошто го нарекувате пристаниште?“
„Зависи од тоа во што верувате, Борис. Некој го гледа само како
точка на пристигнување. Други, на заминување.“
„А вие?“
„Јас верувам во двете.“
Рано попладнето, имотот на Рокфорд почна да се наѕира.
Горан и Стерн ги чекаа пред куќата. Сара Роза беше внатре,
договарајќи се со медицинскиот персонал кој се грижеше за човекот
што беше на умирање.
„Стигнавте токму навреме“, им рече Стерн. „Ситуацијата многу
брзо му се влоши од изутринава. Лекарите се сигурни дека се во

331
прашање само часови.“
Додека одеа, Гавила и се претстави на Никла и и објасни што треба
да прави, иако не можеше да го прикрие својот скептицизам. Тој ги
имаше видено како дејствуваат сите видови медиуми, давајќи и го
својот придонес на полицијата. Многу често нивните интервенции
произведуваа едно огромно ништо, а други правеа конфузија во
истрагата, создавајќи погрешни насоки и бесмислени очекувања.
Калуѓерката не беше изненадена од претпазливоста на
криминологот; многупати досега на лицата на луѓето таа го имаше
видено тој израз на недоверба.
Стерн, поради религиозноста, не беше убеден во дарбата на Никла.
Што се однесува до него, сето тоа беше чисто шарлатанство. Но, го
збунуваше фактот што тоа го практикува калуѓерка. „Барем тоа не го
прави за пари“, и беше кажал претходно на дури уште посомничавата
Сара Роза.
„Ми се допаѓа тој криминолог“, и шепна доверливо Никла на Мила
додека се качуваа по скалите. „Тој се сомнева, а не се труди да го
скрие тоа.“
Забелешката не беше производ на нејзината дарба. Мила сфати дека
таа дојде од нејзиното срце. Слушајќи ги тие зборови од толку драга
пријателка, Мила почувствува благодарност. Изјавата ги развеа сите
сомневања што Сара Роза се обидуваше да ги посее во неа, во врска
со Горана.
Собата на Џозеф Б. Рокфорд се наоѓаше на крајот од пространиот
ходник прекриен со таписерии.
Големиот прозорец беше свртен накај запад, накај зајдисонцето. Од
балконот можеше да се ужива во погледот на долината.
Креветот со четири столпчиња на секој од аглите се наоѓаше во
средината на собата. Насекаде околу него, медицински апарати ги
следеа последните часови на милијардерот. Тие наместо него го
создаваа механичкиот ритам, направен од бипкањето на мониторот за
следење на работењето на срцето, од вдишувањето и бревтањето на
респираторот, од повтореното капење на инфузијата и од тивкиот
постојан електричен шум.

332
Торзото на Рокфорд беше поткренато на неколку перници, неговите
раце положени покрај бедрата на везениот креветски чаршаф, очите
му беа затворени. Носеше пижама од сурова свила, светло розова,
отворена кај вратот за да не ја притиска ендотрахеалната цевка. Она
малку коса што ја имаше – беше екстремно бела. Лицето му беше
вдлабнато околу орловскиот нос, а останатиот дел од неговото тело
одвај формираше контури под ќебето. Прилегаше како да има сто
години, иако имаше одвај педесет.
Во тој момент сестрата се наведна кон раната на неговиот врат,
менувајќи ја газата околу цевката што му помагаше да дише. Од
целиот персонал што се менуваше околу тој кревет дваесет и четири
часа на ден, им беше дозволено да се сретнат само со неговиот
приватен лекар и со неговиот асистент.
Кога членовите на тимот го преминаа прагот, погледите им се
сретнаа со оној на Лара Рокфорд, која за ништо на светот не би го
пропуштила овој настан. Беше седната во една фотелја, одвоена од
другите, и пушеше, за инает на сите хигиенски правила. Кога
сестрата истакна дека тоа можеби не е добра идеја со оглед на
критичната состојба на нејзиниот брат, таа едноставно и одговори:
„Тоа и така не може да го повреди.“
Никла самоуверено дојде до неговиот кревет, набљудувајќи ја таа
повластена претсмртна глетка. Смрт, толку различна од оние
бедните, што таа секој ден ги гледаше во Пристаништето. Кога дојде
поблизу до Џозеф Б. Рокфорд, таа во воздухот го исцрта знакот на
крстот. Потоа се заврти накај Горан, велејќи: „Можеме да почнеме.“
Тие не можеа да го снимат она што требаше да се случи. Никогаш,
ниту за милион години, ниту една порота не би прифатила нешто
такво како доказ. Ниту новинарите можеа да дознаат нешто во врска
со овој експеримент. Се мораше да остане меѓу овие ѕидови.
Борис и Стерн ги зазедоа своите позиции, стоејќи покрај
затворената врата. Сара Роза застана во аголот и се потпре на ѕидот
со рацете прекрстени на градите. Никла седна во столот крај
креветот. Мила седна до неа. Спроти нив застана Горан, кој сакаше
да ги има на око и Рокфорд и калуѓерката.

333
Медиумот почна да се концентрира.
Мила не знаеше каде навистина беше Џозеф Б. Рокфорд во тој
момент. Можеби беше таму со нив, и можеби можеше дури и да ги
слуша. Ако не, тогаш веќе потонал доволно длабоко за да се
ослободи себеси од сопствените фантазии.
Но, таа беше сигурна во едно нешто: за да го најде, Никла можеби
ќе мора да падне во длабока и во опасна бездна.
„Ах, почнувам да чувствувам нешто...“
Рацете на Никла се одмораа на нејзините колена. Мила забележа
дека прстите почнаа да се грчат од притисок.
„Џозеф е се уште овде“, објави медиумот. „Но тој е мошне... далеку.
Како и да е, тој се уште може да забележува нешто од тоа што се
случува тука...“
Сара Роза и Борис зачудено се погледнаа. Тој не можеше, а да не се
поднасмее збунето, но успеа да се исконтролира.
„Тој е мошне вознемирен. Тој е гневен ... не може да го поднесе
фактот што се уште е тука... сака да си замине, но не може. Нешто го
задржува ... тој не може да го поднесе мирисот.“
„Каков мирис?“, праша Мила.
„Мирисот на цвеќиња што гнијат. Тој вели дека тоа е
неподносливо.“
Тие го помирисаа воздухот, надевајќи се на потврда на тие зборови,
но можеа да сетат само пријатен мирис: на полицата на прозорецот
имаше голема ваза со свежи цвеќиња во неа.
„Никла, обиди се да го натераш да зборува.“
„Мислам дека не го сака тоа... не, тој не сака да ми зборува...“
„Наведи го на тоа...“
„Жал ми е...“
„Што?“
Но медиумот не ја доврши реченицата. Наместо тоа, таа рече:
„Мислам дека сака нешто да ми покаже ... да, тоа е тоа ... тој ми
покажува некоја соба ... оваа соба. Ама ние не сме овде. Ги нема ни
машините што токму сега го одржуваат во живот...“ Никла се
вкочани: „Со него има некој.“

334
„Кој е тоа?“
„Една жена, прекрасна е ... мислам дека тоа е мајка му.“
Со крајот на окото, Мила ја виде Лара Рокфорд како се помрдна во
фотелјата додека ја палеше којзнае која цигара.
„Што прави тој?“
„Џозеф е мошне мал... таа го држи на своите колена и му кажува
нешто... таа го прекорува и го предупредува... таа му кажува дека
надворешниот свет може само да го повреди. Затоа е подобро да
остане тука, ќе биде сигурен. Таа му ветува дека ќе го штити, дека ќе
се грижи за него, дека никогаш нема да го напушти...“
Горан и Мила се погледнаа. Вака почнал позлатениот затвор на
Џозеф, со мајка му која го оттргнала од светот.
„Таа му кажува дека од сите опасности во светот, жените се
најлошите. Надворешниот свет е полн со жени кои сакаат се да му
земат... тие ќе го сакаат само поради тоа што го поседува... тие ќе го
измамат и ќе имаат предност пред него...“ Потоа, калуѓерката
повторно кажа: „Жал ми е...“
Мила повторно го погледна Горана. Тоа утро криминологот
самоуверено констатира, во присуство на Роше, дека потеклото на
гневот на Рокфорд – истиот гнев што на времето го претвори во
сериски убиец – лежи во фактот дека тој не можел да го прифати она
што е. Затоа што некој, веројатно неговата мајка, еден ден ги открила
неговите сексуални склоности и никогаш не му простила. Убивањето
на својот партнер значи бришење на вината.
Но, очигледно, Гавила грешеше.
Приказната на медиумот делумно беше во спротивност со неговата
теорија. Хомосексуалноста на Џозеф би можела да е поврзана со
фобиите на мајка му. Можеби таа знаела за својот син, а не кажала
ништо.
Но, во тој случај, зошто Џозеф ги убивал своите партнери?
„Не ми беше дозволено да повикам ниту пријателка...“
Сите се завртија за да ја погледнат Лара Рокфорд. Додека
зборуваше, младата жена ја стегаше цигарата меѓу треперливите
прсти и гледаше во подот.

335
„Мајка му била таа што тука ги довела тие момчиња“, рече Горан.
А таа ги потврди неговите зборови: „Да, и таа им плаќаше.“
Солзите почнаа да се слеваат од нејзиното единствено око,
претворајќи го нејзиното лице во маска, дури и погротескна од пред
тоа.
„Мајка ми ме мразеше.“
„Зошто?“, ја праша криминологот.
„Затоа што сум жена.“
„Жал ми е“, рече повторно Никла.
„Замолчи!“, се развика Лара, гледајќи во својот брат.
„Жал ми е, малечка сестро...“
„Замолчи!“
Таа викаше со лут глас, станувајќи на нозе. Брадата и трепереше.
„Не можете да замислите. Не знаете како е секогаш кога ќе се
завртите да ги видите тие очи вперени во вас. Поглед што насекаде
ве следи, и за кој знаете што значи. Дури и покрај тоа што не сакате
да си ја признаете вистината, затоа што ви се гнаси и од самата
помисла на тоа. Мислам дека се обидуваше да разбере... зошто го
привлекувам.“
Никла беше во транс, жестоко треперејќи, додека Мила ја држеше
за рака.
„Поради тоа си заминавте од дома, нели?“, се ѕвереше Горан во
Лара Рокфорд, обидувајќи се да го добие одговорот по секоја цена.
„А тогаш тој почна и да убива...“
„Да, мислам дека тоа така се случи.“
„Потоа, пред пет години, се вративте...“
Лара Рокфорд се насмеа. „Не знаев ништо за тоа. Тој ме измами,
велејќи дека се чувствува осамено и дека е напуштен од сите. Дека
сум негова сестра и дека ме сака, и дека мораме да се смириме. Дека
сето друго било фикс идеја од моја страна. Јас му верував. Кога се
вратив овде, првите неколку дена се однесувавме нормално: тој беше
сладок и нежен, ми обрнуваше внимание. Не личеше на оној Џозеф
што го знаев како мала момичка. Се додека...“
Таа повторно се насмеа. А тоа смеење кажа повеќе отколку што со

336
зборови можеше да се опише насилството на кое била изложена.
„Не беше сообраќајна несреќа тоа што вака Ве накажа.“
Лара одмавна со главата. „На овој начин тој можеше да биде
целосно сигурен дека никогаш нема да си заминам.“
Тие почувствуваа огромна жал за таа млада жена, затвореник, не на
таа куќа, туку на својата сопствена појава.
„Извинете“, им рече додека се упати куцајќи накај вратата, влечејќи
ја својата уништена нога.
Стерн и Борис се тргнаа настрана за да ја пуштат да помине. Потоа
се свртија накај Горан, чекајќи да донесе одлука.
Тој се заврти накај Никла. „Дали ќе продолжите?“
„Да“, му одговори калуѓерката, иако ефектот од нејзиниот напор
беше многу видлив.
Следното прашање беше најважно од се. Немаа повторна шанса да
го постават. Од него не зависеше само преживувањето на шестата
момичка, туку и нивното преживување. Затоа што ако не успеат да го
откријат значењето на она што се случуваше веќе долго време, тие
засекогаш ќе го понесат белегот на настанот.
„Никла, натерај го Џозеф да ни каже кога го сретнал човекот кој
беше како него...“

337
31

Н оќе тој ја слушна како вика.


Тоа беше мигрената што не и даваше мир и што не и
дозволуваше да спие. Веќе и морфиумот не можеше да ги смири
нејзините ненадејни остри болки. Испружена на креветот, таа
врескаше додека не и снемаше глас. Нејзината поранешна убавина,
што се обидуваше толку внимателно да ја зачува од неумоливото
венеење со годините, наполно исчезна. Стана и вулгарна. Таа, која
секогаш обрнуваше такво внимание на своите зборови, која беше
толку одмерена, стана груба и нестварна во своето пцуење. Пцуеше
секого. Својот сопруг, кој почина толку брзо. Својата ќерка, која ја
напушти. И Бога, кој ја остави во таква состојба.
Тој самиот, можеше да ја смири.
Отиде во нејзината соба и и ги врза рацете за креветот со свилена
марама, за да не може самата себеси да се повреди. Таа веќе ја имаше
искубано целата коса, а лицето и беше ишарано со засирена крв од
постојаното гребење со ноктите по своите образи.
„Џозеф“, му рече таа, откако ја помилува по челото. „Кажи ми дека
сум добра мајка. Кажи ми, те молам.“
А тој, гледајќи ја право во очите полни со солзи, и го кажуваше тоа.
Џозеф Б. Рокфорд имаше триесет и две години. И имаше само уште
осумнаесет години до времето кога ќе умре. Не многу долго пред тоа,
еден познат генетичар беше повикан да провери дали Џозеф ќе ја има
судбината на татко си и на дедо си. Со оглед на тогашните скудни
сознанија во поглед на генетското наследство на болеста, одговорот
беше неопределен: веројатноста дека тој редок синдром дејствувал во
него од раѓањето, варираше меѓу четириесет и педесет проценти.
Оттогаш, Џозеф живееше со таа единствена цел пред себе. Се друго
само го приближуваше една скала поблизу. Како болеста на неговата
мајка. Ноќите во таа огромна куќа беа вознемирувани од нејзините
нечовечки врескања што одекнуваа низ големите соби. Беше
невозможно да се избега од нив. По месеци принудно неспиење,

338
Џозеф почна да става тампони во ушите само за да не ја слуша
нејзината агонија.
Меѓутоа, тие не беа доволни.
Едно утро, околу четири часот, тој се разбуди. Сонуваше нешто, но
не можеше да се сети на сонот. Но, тоа не беше она што го разбуди.
Се исправи во креветот, обидувајќи се да открие што беше тоа.
Во куќата владееше некоја чудна тишина.
Џозеф сфати. Стана и се облече; панталони, џемпер со висока јака и
една од оние ирските наметки, Барбр. Потоа ја напушти собата,
поминувајќи покрај затворената врата на собата на мајка му и
продолжи да оди. Слезе по импозантните мермерни скали и, по
неколку минути, излезе надвор.
Одеше низ долгата авенија на имотот се додека не стигна до
западната порта, којашто, обично, ја користеа послугата и
разнесувачот на продукти. Тоа беше границата на неговиот свет.
Само колку пати тој и Лара беа дошле довде во своите детски
истражувања. И покрај тоа што беше многу помлада од него, сестра
му милуваше да излегува зад портата, покажувајќи завидна храброст.
Но Џозеф секогаш ја повлекуваше назад. Лара беше замината речиси
една година порано. Откако еднаш најде сила да ја помине таа
граница, за неа веќе ништо не беше тешко. Страшно многу му
недостигаше.
Во тоа студено ноемвриско утро, Џозеф неколку минути стоеше
неподвижно покрај портата. Тогаш, се прекачи преку неа. Кога
стапалата му ја допреа земјата, него го обзеде ново чувство, еден
трепет во градите што се разлеа насекаде низ него. Првпат во својот
живот, тој го искуси значењето на чувството на радост.
Одеше по асфалтниот пат.
Зората беше означена со жар на хоризонтот. Пејзажот околу него
беше истиот како и на имотот, и за миг имаше чувство дека
всушност не го напуштил местото и дека таа порта беше само
претекст, затоа што целото создавање почнуваше и завршуваше тука,
и секогаш кога ќе ја помине границата тој пак ќе почне од почетокот,
непроменет, и се така до бесконечност. Како бескрајна низа од

339
еднакви паралелни универзуми. Порано или подоцна, тој повторно ќе
ја види својата куќа како се појавува на патеката и ќе знае, сигурно,
дека тоа било само илузија.
Но, тоа не се случи. Како што се зголемуваше оддалеченоста, на
површина излезе свеста дека тој може да го прави тоа.
Пред очите немаше ништо. Ниту автомобил, ниту куќа. Звукот на
неговите чекори по асфалтот беше единствената трага на човечкиот
род сред песната на птиците, додека го востановуваа новиот ден.
Дрвјата не ги мешкаше ветер, и додека поминуваше, се чинеше како
да зјапаат во него како во странец. А тој беше предизвикан да ги
поздрави. Воздухот беше пенлив, и имаше некаква миризба. На мраз,
на суво лисје и на свежа, зелена трева.
Сонцето сега веќе беше повеќе од ветување. Се лизна низ
полињата, ширејќи се и ширејќи се како дамка од масло. Џозеф не
можеше да каже колку километри имаше изодено. Не се беше упатил
никаде. Но, ова беше големо нешто: не му беше гајле. Млечните
киселини пулсираа низ мускулите на неговите нозе. Никогаш не
очекувал дека болката може да биде пријатна. Во своето тело имаше
енергија, и воздух за дишење. Тие две вредности ќе го решат
останатото. Тој првпат не сакаше да размислува за нештата. До тој
ден, неговиот ум секогаш наоѓаше некоја нова анксиозност за да го
блокира. И бидејќи непознатото се уште лежеше во заседа некаде
околу него, за време на тие неколку моменти тој веќе научи дека
независно од опасноста, можеше да зачува и нешто убаво. Како
восхитувањето, како зачуденоста.
Тоа беше точно она што го сети кога стана свесен за новиот звук.
Беше тивок и оддалечен, но постојано се приближуваше од зад него.
Набрзо го препозна: тоа беше звук на автомобил. Се заврти и го виде
само покривот како се појавува зад испакнатоста на патот. Потоа
автомобилот се скри, за да се појави повторно. Тоа беше еден стар
крем карван. Доаѓаше накај него. Стаклата беа толку валкани, што
беше невозможно да се видат патниците. Џозеф реши да го игнорира,
се заврти и продолжи да оди. Кога автомобилот се приближи до него,
се чинеше дека подзабави.

340
„Еј!“
Тој се двоумеше дали да се сврти. Можеби беше некој што сакаше
да стави крај на неговата авантура. Да, тоа беше тоа. Мајка му
станала и почнала да го извикува неговото име. Не наоѓајќи го в
кревет, ги ослободила слугите да го бараат внатре и надвор од
имотот. Можеби човекот што викна по него беше еден од
градинарите кој го барал со сопственото возило, надевајќи се на
добра награда.
„Еј, ти, каде одиш? Ти треба ли превоз?“
Прашањето го разубеди. Не ќе да беше некој од куќата.
Автомобилот се приближи зад него. Џозеф не можеше да го види
возачот. Тој застана, а потоа и автомобилот.
„Одам на север“, му кажа човекот од возилото. „Можам да ти
заштедам неколку километри пеш. Не е многу, но нема да најдеш
многу превоз во околината.“
Неговата возраст не можеше да се определи. Може да имаше
четириесет, можеби помалку.
Брадата му беше црвеникава, долга и разбушавена, криејќи му ги
годините. Косата, исто така, му беше долга, и ја носеше наназад со
патец на средината. Очите му беа сиви. „Значи, што ќе правиш? Ќе
влезеш ли внатре?“
Џозеф подразмисли малку и потоа рече: „Да, благодарам.“
Седна зад непознатиот и автомобилот тргна. Седиштата беа
покриени со кафеав сомот, наместа искинат, откривајќи го платното
оздола. Мирисаше на комбинација од дезодоранси за автомобил, со
години закачувани еден врз друг на предниот ретровизор. Задното
седиште беше спуштено за да се ослободи поголемо место, сега
натрупано со картонски кутии и со пластични ќесиња, алати и
конзерви пиво со различни големини. Се беше перфектно наместено.
На возачката табла имаше траги од стари етикети. Радиото беше од
старите модели со касетофон и свиреше некоја кантри музика од
касета. Возачот, кој го имаше намалено звукот за да можат да
разговараат, повторно се заврти назад.
„Долго ли одеше?“

341
Џозеф ги избегна неговите очи поради страв да не забележи дека го
лаже.
„Да, од вчера.“
„Не стопираше ли?“
„Да. Еден возач на камион ме качи, ама требаше да вози во друга
насока.“
„Зошто, каде одиш ти?“
Тој не го очекуваше прашањето и ја кажа вистината.
„Не знам.“
Човекот почна да се смее.
„Ако не знаеш, зошто си го пуштил камионџијата да си замине?“
Џозеф се заврти накај него за да го погледне сериозно. „Затоа што
прашуваше премногу.“
Човекот се насмеа, сега дури и посилно. „Господе Боже, ми се
допаѓа твојата директност, дете.“
Тој носеше црвена парка со кратки ракави. Панталоните му беа
светлокафеави, а плетениот волнен џемпер имаше дезен со
ромбоиди. Носеше работнички чизми со двојна гума оздола. Воланот
го држеше со двете раце. На зглобот на левата рака носеше евтин
пластичен кварцен часовник.
„Слушај, јас не ги знам твоите планови и не сакам да те притискам
да ми кажеш, но ако мислиш дека ќе ти се допадне, живеам недалеку
одовде и можеш да дојдеш на појадок. Што велиш, а?“
Џозеф за малку ќе одбиеше. Веќе доволно ризикуваше што се качи
во автомобилот, а сега нема да оди некаде со овој човек, некаде каде
што може да го ограби или нешто полошо. Но во тој момент сфати
дека е само под влијание на некој од своите стравови. Утрешнината
беше мистериозна, а не заканувачка – како што откри токму тоа
утро. А за да се вкуси нејзиното овошје, треба да се ризикува. „ОК.“
„Јајца, сланина и кафе“, вети непознатиот.

Д ваесет минути подоцна, тие го напуштија главниот пат за да


продолжат по еден земјен пат. Возеа полека, преку дупки и

342
џумки, додека не стигнаа до една дрвена куќа со кос покрив. Белата
боја со која беше бојосана, наместа беше излупена. Верандата беше
трошна, а овде-онде низ штиците се пробиваа снопчиња трева.
Паркираа покрај влезната врата.
Кој е овој тип?, се праша Џозеф кога виде каде живее, свесен дека
одговорот нема да биде толку интересен колку можноста да се
истражи неговиот свет.
„Добредојде“, му рече човекот, веднаш откако го преминаа прагот.
Првата соба беше со средна големина. Мебелот се состоеше од маса
и три стола, од креденец на кој му недостигаа неколку фиоки и од
една стара софа со скинат тапацир на неколку места. На еден од
ѕидовите висеше слика со некаков непознат пејзаж.
Покрај единствениот прозорец, се наоѓаше исчаден камин од камен
во кој имаше студени, поцрнети дрва. На едно столче издлабено во
трупец дрво, на куп беа наставани неколку тави обложени со
изгорена маст. На крајот од собата се наоѓаа две затворени врати.
„Извини, нема бања со тоалет. Ама надвор има цел куп дрвја“,
смеејќи се додаде човекот.
Немаше ниту струја ниту вода, но наскоро човекот отиде до
задниот дел на автомобилот и ги донесе конзервите со пиво, што
Џозеф ги виде кратко време пред тоа.
Со малку стари весници и дрва што ги собра однадвор, тој запали
оган во каминот. Откако исчисти колку што можеше подобро една од
тавите, тој стави малку путер да се стопи и потоа додаде јајца и
сланина. Веројатно беше второкласно, но јадењето мирисаше толку
убаво што отвораше апетит.
Џозеф го гледаше љубопитно, измачуван од оној вид прашања што
децата им ги поставуваат на возрасните кога доаѓаат на возраст кога
почнуваат да го откриваат светот. Но, се чинеше дека човекот тоа не
го вознемируваше – изгледа сакаше да зборува.
„Долго ли живееш овде?“
„Еден месец, ама ова не е моја куќа.“
„Што значи тоа?“
„Дека она нешто надвор е мојата вистинска куќа“, рече,

343
покажувајќи со главата накај автомобилот паркиран надвор.
„Патувам низ светот.“
„Тогаш, зошто запре?“
„Затоа што го сакам ова место. Еден ден возев по патот и ја видов
патеката. свртив по неа и се најдов тука. Куќата беше напуштена,
Господ знае од кога. Веројатно им припаѓала на некои фармерски
работници: има еден куп алатки назад.“
„Што им се случило?“
„Ох, не знам. Мора да го сториле истото како и многумина други:
кога имало криза во земјата, заминувале по подобар живот во градот.
Наоколу има многу напуштени фарми.“
„Зошто не се обиделе да ги продадат имотите?“
Човекот се насмеа: „Кој би купил место како ова? Не можеш да
добиеш ни пара повеќе за ваква земја, пријателе.“
Тој заврши со пржењето и содржината ја истури директно во
чиниите ставени на масата. Не чекајќи, Џозеф ја нурна виљушката во
жолтата каша. Откри дека е многу гладен. Мирисот беше прекрасен.
„Ти се допаѓа, нели? Супер, изеди го, има колку што сакаш.“
Џозеф продолжи лакомо да лапа. Потоа, со полна уста, праша: „Ќе
останеш ли овде долго?“
„Мислев да си одам кон крајот на месецов: зимите овде се студени.
Собирам некакви резерви и потоа ќе одам да барам други напуштени
фарми, со надеж дека ќе најдам нешто што на некаков начин уште
може да биде употребливо. Ова утро најдов тостер. Мислам дека е
скршен, ама можам да го поправам.“
Џозеф регистрира се, небаре прави прирачник од секакви идеи:
како да се подготви одличен појадок само со јајца, сланина и путер, и
како да се најде вода за пиење. Можеби помисли дека ќе бидат
употребливи во новиот живот. Животот на непознатиот му се виде
завиден. Можеби беше тежок, но бескрајно подобар отколку оној што
го живееше досега.
„Знаеш ли дека не се ни запознавме?“
Раката на Џозеф, се уште држејќи ја виљушката, застана во воздух.
„Ако не сакаш да ми го кажеш името, нема проблем. Ми се

344
допаѓаш, како и да е.“
Џозеф продолжи да јаде. Човекот не инсистираше, но тој
чувствуваше обврска некако да му се оддолжи за неговата
гостоприемливост. Тој реши да му каже нешто во врска со себеси.
„Јас речиси сигурно ќе умрам кога ќе наполнам педесет години.“
И тој му кажа за клетвата врз машките наследници во неговото
семејство. Човекот внимателно го слушаше. Без да спомнува имиња,
Џозеф му објасни на човекот дека е богат и му кажа за потеклото на
своето богатство. За храброста и за мудроста на дедо му, кој засадил
семе на голема среќа. Исто така му кажа и за својот татко, кој го
зголемил наследството со својот претприемнички гениј. Најпосле, тој
зборуваше за себе, за фактот дека повеќе немаше цел да се збогатува,
затоа што се беше освоено. Тој има дојдено на овој свет само за да
помине две нешта: огромна среќа и неумолив смртоносен ген.
„Разбирам дека болеста што ги убила татко ти и дедо ти е
неизбежна, но за парите секогаш се наоѓа решение: зошто не се
откажеш од богатството ако не се чувствуваш доволно слободен?“
„Затоа што пораснав со пари и без нив не би знаел како да
преживеам ниту еден единствен ден. Како што гледаш, каква
промена и да направам, секогаш останува тоа дека сум предодреден
да умрам.“
„Жими јајцава!“, рече човекот, додека стануваше да ја измие тавата.
Џозеф се обиде тоа да го објасни подобро: „Би можел да имам се
што ќе посакам. Но, од таа причина не знам што е тоа желба.“
„Што зборуваш, по ѓаволите? Парите не можат се да купат.“
„Ох, верувај ми, можат. Ако сакам да умреш, можам некому да му
платам да те убие и никој никогаш нема да знае за тоа.“
„Си сторил ли така некогаш?“, го праша другиот човек, одненадеж
мошне сериозен.
„Што?“
„Да платиш некому за да убие за тебе?“
„Јас не, но татко ми и дедо ми направиле такво нешто, знам.“
Се случи молчење.
„Но здравје не можеш да купиш.“

345
„Тоа е вистина. Меѓутоа, кога однапред знаеш кога ќе умреш,
проблемот е решен. Гледаш: богатите се несреќни затоа што знаат
дека порано или подоцна ќе мора да напуштат се што поседуваат. Не
можеш да ги земеш парите в гроб. Јас себеси не се измачувам во
мислите за мојата сопствена смрт, некој друг веќе го сторил тоа за
мене.“
Човекот престана да мисли. „Имаш право“, рече, „но мошне е тажно
ништо да не се посакува. Мора да има нешто што навистина го
сакаш, нели? Значи, почни со тоа.“
„Добро, сакам да пешачам. И од ова утро сакам сланина со јајца. И,
сакам момчиња.“
„Мислиш, ти си...“
„Навистина не знам. Одам со нив, но не можам да кажам дека тоа е
нешто што навистина го посакувам.“
„Па зошто не пробаш да одиш со жени?“
„Веројатно би можел. Но, прво, тоа би требало да биде нешто за
што имам желба, нели? Не можам тоа да го објаснам подобро од ова.“
„Не. Јас мислам дека си веќе доволно јасен.“
Човекот ја остави тавата врз другите на столчето. Потоа го
погледна кварцниот часовник на раката.
„Часот е десет, треба да одам во градот: ми требаат некои делови за
да го поправам тостерот.“
„Тогаш ќе дојдам и јас.“
„Не, зошто? Остани тука и одмори се малку, ако сакаш. Брзо ќе се
вратам, можеби можеме пак да јадеме заедно и да поразговараме
малку повеќе. Ти навистина си нешто, го знаеш ли тоа?“
Џозеф ја погледна старата софа со скинатиот тапацир. Му се
чинеше мошне привлечно.
„ОК“, рече. „Ќе поспијам малку, ако немаш ништо против.“
Човекот се насмевна. „Одлично!“ Речиси беше излезен, кога се
заврти. „Патем, што би сакал за вечера?“
Џозеф се загледа во него. „Не знам. Изненади ме.“

346
Е дна рака нежно го протресе. Џозеф ги отвори очите и откри дека
веќе е вечер.
„Си бил преморен!“, му рече, смеејќи се, неговиот нов пријател.
„Спиеше цели девет часа!“
Џозеф стана, протегнувајќи се. Долго време се немаше толку добро
одморено. Тој одненадеж сети мака од глад.
„Време ли е веќе за вечера?“
„Време е да се запали огнот, и веднаш ќе бидам готов: ќе испечам
пилешко на жарта и малку компири. Дали тоа е ОК како мени?“
„Фантастично е, умирам од глад.“
„Во меѓувреме, земи си пиво, има на штицата на прозорецот.“
Џозеф никогаш немаше пиено пиво, освен пивото што мајка му го
ставаше во Божикниот пунч. Зеде една конзерва од спакуваните шест
и ја отвори. Ги положи усните на алуминиумскиот раб и се напи
голема голтка. Го почувствува студениот пијалак како брзо се движи
низ грлото. Тоа беше пријатно чувство на гаснење жед. По втората
голтка, тој ждригна.
„На здравје!“, викна човекот.
Надвор беше студено, но внатре огнот даваше убава топлина.
Светлината од ламбата на гас на средината на масата одвај ја
осветлуваше собата.
„Мајсторот рече дека тостерот може да се поправи. Тој ме
посоветува и како да го поправам. Тоа е одлично, значи дека би
можел пак да го продадам на некој панаѓур.“
„Значи, така заработуваш за живот?“
„Да, и тоа одвреме-навреме. Луѓето фрлаат многу предмети што се
уште може да се употребуваат. Ги земам и ги поправам, а потоа
заработувам некоја пара. Некои нешта задржувам, како онаа слика,
на пример...“
Тој покажа на неврамениот пејзаж на ѕидот. „Зошто токму таа?“, го
праша Џозеф.
„Не знам, ми се допаѓа. Мислам дека ме потсетува на местото каде
што сум роден, или можеби, никогаш не сум бил таму, кој може да

347
каже – имам толку многу пропатувано...“
„Стварно ли си бил на многу различни места?“
„Да, на купишта.“ За момент се чинеше загубен во мислите, но
веднаш продолжи: „Моето пилешко е нешто специјално, ќе видиш. И
патем, имам едно изненадување за тебе.“
„Изненадување? Какво изненадување?“
„Не сега, по вечерата.“
Тие седнаа на масата. Пилешкото и компирите беа одлично
зготвени и вкусни. Џозеф неколкупати си ја полнеше чинијата.
Типот – Џозеф сега така размислуваше за него – јадеше со отворена
уста и веќе испи три пива. По вечерата извади едно рачно изработено
луле и малку тутун. Додека се подготвуваше да пуши, тој рече:
„Знаеш ли дека многу размислував за она што ми го кажа
изутринава?“
„Што точно?“
„Она што го кажа за ’желбата’. Бев обземен од тоа.“
„Навистина? Зошто?“
„Гледаш, не мислам дека е толку лошо да знаеш кога точно ќе
заврши твојот живот. Тоа повеќе го гледам како привилегија.“
„Како можеш да кажеш нешто такво?“
„Добро, се разбира дека тоа зависи како ја гледаш целата слика.
Дали си склон да ја гледаш чашата до половина полна или до
половина празна. Накусо: ти можеш да ги наброиш сите нешта што
ти недостигаат. Или, пак, можеш да го определиш текот на твојот
живот според твојот краен рок.“
„Не можам да те следам.“
„Мислам дека фактот што знаеш дека ќе умреш во педесеттата
година те тера да мислиш дека немаш моќ врз својот живот. Но, тука
грешиш, мој пријателе.“
„Што подразбираш под ’моќ’?“
Типот зеде едно гранче од огнот и со едниот крај го запали лулето.
Пред да одговори, тој длабоко повлече. „Моќта и желбата одат рака
под рака. И двете нешта се направени од истата проклета
супстанција. Второто зависи од првото, и обратно. И тоа не е само

348
некое филозофско лајно, тоа можеш да го видиш во самата природа.
Ти тоа добро го кажа утрината: можеме само да го посакуваме она
што го немаме, мислиш дека имаш моќ да добиеш што и да е, а ти
немаш желба за ништо. Но, тоа се случува затоа што твојата моќ
произлегува од парите.“
„Зошто, има ли и некој друг начин?“
„Се разбира, моќта на волјата, на пример. Тоа треба да го испробаш
за да го разбереш. Но, се сомневам дека тоа нема да сакаш да го
сториш...“
„Зошто велиш така? Можам да го сторам.“ Типот погледна во него.
„Дали си сигурен?“
„Дефинитивно.“
„Одлично. Пред вечерата ти реков дека за тебе имам изненадување.
Сега ќе ти го покажам. Дојди.“ Тој стана и отиде накај една од
затворените врати на другиот крај на собата. Џозеф несигурно го
следеше кон полуотворената врата.
„Гледај“
Тој зачекори во темнината и го почувствува. Во собата имаше
нешто, и тоа дишеше забрзано. Веднаш помисли на некакво животно
и зачекори назад.
„Ајде“, му рече типот, „погледни подобро На Џозеф му требаа
неколку секунди за да се навикне на темницата. Ламбата на гас на
масата светеше само толку колку нејасно да го осветли лицето на
детето. Тоа лежеше, а рацете и нозете му беа врзани за креветот со
дебели јажиња. Носеше карирана кошула и фармерки, но немаше
чевли на нозете. Една марама околу устата го спречуваше да зборува,
така што можеше само да испушта неповрзани звуци, како
животински крици. Косата врз неговото чело беше мокра од пот. Се
бореше како заробено животно, а очите му беа ококорени од ужас.
„Кој е тоа?“, праша Џозеф.
„Подарок за тебе.“
„И што би требало да правам со него?“
„Што сакаш.“
„Ама јас не го познавам.“

349
„Ниту јас. Стопираше на патот. Го собрав во автомобилот на
враќање наваму.“
„Можеби треба да го одврземе.“
„Ако сакаш така.“
„Зошто не би го направил тоа?“
„Затоа што ова е показ на тоа што е моќ, и како таа е поврзана со
желбата. Ако сакаш да го ослободиш, стори го тоа. Но ако сакаш
нешто друго од него, од тебе зависи што ќе избереш.“
„Да не зборуваш, случајно, за секс?“
Типот разочарано одмавна со главата. „Твојот хоризонт е мошне
ограничен, пријателе. Имаш на располагање човечки живот –
најголемото, највосхитувачкото дело Господово – и единственото
нешто на што можеш да помислиш е да го дупиш...“
„Што би требало да правам со човечки живот?“
„Го кажа тоа денес: ако сакаш некого да убиеш, само би требало
некому да платиш за тоа да го направи за тебе. Ама дали навистина
мислиш дека тоа ти дава моќ да одземеш живот? Твоите пари ја
имаат таа моќ, не ти. Се додека не го направиш тоа со свои раце,
никогаш нема да искусиш што значи тоа.“
Џозеф повторно го погледна очигледно преплашеното дете. „Но не
сакам да го знам тоа“, рече.
„Затоа што се плашиш. Се плашиш од последиците, од фактот дека
можеш да бидеш казнет, или од твоето чувство на вина.“
„Нормално е да се плашиш од некои нешта.“
„Не, не е, Џозеф.“
Тој не забележа дека типот му се обрати по име: во тој момент
беше премногу зафатен да гледа де во човекот, де во детето.
„Што доколку ти кажев дека можеш да го сториш тоа, дека можеш
некому да одземеш живот, а никој да не знае?“
„Никој? А ти?“
„Јас го киднапирав и го донесов тука, се сеќаваш ли? И јас ќе бидам
оној што ќе го закопа неговото тело...“
Џозеф ја наведна главата. „Никој никогаш нема да дознае?“
„Што ако ти кажам дека нема да бидеш казнет, дали тоа ќе ти ја

350
разбуди желбата да пробаш?“
Џозеф малку подолго гледаше во своите раце, а дишењето му се
забрза додека почна да сеќава како го преплавува чудна еуфорија,
нешто што никогаш досега не почувствувал.
„Би сакал еден нож“, рече.
Типот отиде во кујната. Додека го чекаше, Џозеф се ѕвереше во
детето кое го молеше со своите очи, плачејќи. Пред погледот на тие
безгласни солзи, Џозеф откри дека не чувствува ништо. Никој нема
да ја оплакува неговата смрт, кога, на педесетгодишна возраст,
болеста на татко му и на дедо му ќе дојде и по него. За светот, тој
секогаш ќе биде богатото момче, недостојно за каков и да е вид
сожалување.
Типот се врати со еден долг, остар нож. Му го стави в раце.
„Нема ништо попријатно од одземање живот“, му рече. „Не нечиј
посебен живот, на некој непријател или на некој кој те повредил.
Само живот на човечко суштество. Тоа ти овозможува да имаш сила
како Господ.“
Замина и го остави сам, затворајќи ја вратата зад себе.
Месечевата светлина се спровре меѓу скршените ролетни, правејќи
ножот во неговите раце да засветка. Вознемиреноста на детето се
зголеми, а Џозеф стана свесен за својата анксиозност, за стравот во
форма на звуци, но и за некаков мирис. На неговиот кисел здив, на
потта од под пазувите. Се приближи пополека до креветот, неговите
чекори крцкаа по подот, така што дури и детето мора да беше свесно
што се случува. Ја стави рамната страна на ножот врз неговите гради.
Би требало ли нешто да каже? Ништо не му паѓаше на ум. Низ телото
му се разлеа трепет и се случи нешто што навистина не го
очекуваше: му се случи ерекција.
Го крена сечилото неколку сантиметри, влечејќи го полека низ
детското тело, додека не стигна до неговиот стомак. Запре. Зеде здив
и бавно го турна врвот на ножот низ ткаенината на неговата кошула,
додека не го допре месото. Детето се обиде да вресне, но се што се
слушна беше бедна имитација на крик од болка. Џозеф го турна
сечилото подлабоко, а кожата се раздели небаре беше расцепена. Го

351
препозна белилото на мрсното ткиво. Но, раната се уште не
крвавеше. Потоа го нурна сечилото докрај, додека не ја почувствува
врелата крв на својата рака и додека не стана свесен за силното
издишување од утробата. Детето го изви својот грб, без да сака
помагајќи му во неговата задача. Тој повторно притисна се додека не
почувствува како врвот на ножот го допре ’рбетниот столб. Детето се
претвори во напрегнат сноп мускули и месо. Во таа испакната
позиција остана неколку моменти. Потоа тромо падна назад на
креветот, лишено од својата сила, како безживотен предмет. И во тој
момент, сите аларми…

...почнаа да ѕвонат наеднаш. Лекарот и сестрата се стрчаа околу


пациентот со подвижниот апарат за реанимација. Никла, наведната,
се обиде да си го поврати здивот: шокот од она што го виде жестоко
ја поврати од нејзиниот транс. Мила ги стави рацете на нејзиниот
грб, помагајќи и да дише. Лекарот ја расцепи пижамата што ги
покриваше градите на Џозеф Б. Рокфорд, кинејќи ги сите копчиња
што се разлетаа низ собата. Борис за малку ќе се слизнеше на нив
додека се обидуваше да и пријде на Мила на помош. Тогаш лекарот
ги притисна плочите што му ги подаде сестрата врз градите на
пациентот, извикувајќи „сега!“, пред електричното празнење. Горан
дојде до Мила: „Ајде да ја изнесеме одовде“, и рече, одејќи да ја
прифати калуѓерката. Додека ја напуштаа собата со Роза и со Стерн,
полицајката се заврти за последен пат накај Џозеф Б. Рокфорд.
Телото му се измачуваше од електро-шоковите, но под ќебињата, таа
забележа нешто што личеше на ерекција.
Ти, комплетно копиле, си рече во себе.
Звукот на мониторот за срце се стабилизира во една рамна линија.
Но, во тој момент, Џозеф Б. Рокфорд ги отвори очите.
Неговите усни почнаа да мрдаат без да можат да испуштат звук.
Гласните жици му беа оштетени кога му беше направена
трахеотомија за да му се овозможи да дише.
Тој досега би требало да е мртов. Апаратите околу него кажуваа

352
дека сега беше само безживотно парче месо. А сепак, тој се
обидуваше да комуницира. Неговото стенкање звучеше како на човек
што се дави и кој се обидува да фати еден последен очајнички здив
на воздух.
Тоа не траеше долго.
Најпосле, една невидлива рака повторно го повлече надолу и се
чинеше небаре душата на Џозеф Б. Рокфорд е голтната од неговата
смртна постела, оставајќи само празно, отфрлено тело.

353
32

Н абрзо откако закрепна, Никла Папакидис му се стави на


располагање на цртачот на Федералната полиција да направи
фоторобот на човекот што таа го виде со Џозеф.
Непознатиот кого тој го крсти „типот“ и за кого се
претпоставуваше дека е Алберт.
Долгата брада и долгата кадрава коса ја спречуваа да даде прецизен
опис на главните карактеристики на човекот. Таа не знаеше како
изгледа неговата вилица, а носот му беше само нејасна сенка на
лицето. Не можеше да ја „улови“ и точната форма на неговите очи.
Се што можеше со сигурност да каже беше дека тие беа сиви.
Сепак, резултатот ќе биде пратен до сите полициски станици, до
пристаништата и аеродромите, како и до граничните патроли. Роше
запна да реши дали и на медиумите да им даде копии, иако тоа ќе ги
изложеше на објаснувања како го направиле фотороботот. Доколку
откриеја дека зад него стои некој медиум, новинарите ќе заклучеа
дека полицијата немала со што да оперира, дека полицајците се
сопнуваат во темница и дека, во очај, повикале парапсихолог.
„Тоа е ризик што треба да го преземеш“, му предложи Горан.
Главниот инспектор повторно му се придружи на тимот во куќата
на Рокфордови. Тој не сакаше да ја сретне калуѓерката, затоа што
уште на почетокот јасно даде до знаење дека не сака да има ништо
со нејзиниот експеримент: како и секогаш, целата одговорност би
паднала врз Горан. Криминологот тоа подготвено го прифати, затоа
што и веруваше на интуицијата на Мила.
„Малечка моја, едно нешто ми падна на ум“, и рече Никла на
својата миленичка, додека седеа во карванот на мобилната единица и
ги гледаа Гавила и главниот инспектор како разговараат на
тревНикот пред куќата.
„Што тоа?“
„Дека не ја сакам наградата.“
„Но ако тоа е човекот што го бараме, таа ќе ти припадне според

354
законот.“
„Не ја сакам.“
„Само помисли на сите нешта што можеш да ги направиш за луѓето
за кои секојдневно се грижиш.“
„А што друго им треба што веќе го немаат? Ја имаат нашата љубов,
нашата грижа и, верувај ми, кога некое од божјите суштества ќе
стигне до крајот на својот живот, нему не му треба ништо друго.“
„Доколку ги земеш тие пари, ќе можам да сметам дека нешто добро
излегло од сето ова...“
„Злото предизвикува повеќе зло. Тоа секогаш било негова главна
карактеристика.“
„Слушнав некој како вели дека злото секогаш може да се покаже.
Доброто не. Затоа што злото остава траги од своето присуство.
Додека на доброто можеш да бидеш само сведок.“
Никла конечно се насмевна. „Чудно“, рече неочекувано. „Знаеш,
Мила, факт е дека доброто е премногу непостојано за да биде
забележано на некаков начин. И кога поминува, не остава траги.
Доброто е чисто, злото е валкано... Но јас можам да докажам дека
доброто постои, затоа што го гледам секој ден. Кога некој од моите
сироти луѓе се приближува кон крајот, останувам со него колку што
може подолго. Го држам за рака, го слушам тоа што има да ми го
каже; ако ми ги кажува своите гревови, јас не го осудувам. Кога тие
луѓе ќе разберат што им се случува, без разлика дали воделе добар
живот и не направиле никакво зло или, пак, сториле некое зло и се
покајале... знаеш, тие секогаш се насмевнуваат. Не знам зошто, но
тоа се случува, биди сигурна. Значи, доказот за доброто е насмевката
со која тие ја предизвикуваат смртта.“
Утешена, Мила кимна со главата. Таа нема да навалува Никла да ја
прифати наградата. Можеби има право.
Беше речиси пет часот попладнето и калуѓерката беше уморна. Но,
имаше уште едно нешто да се направи.
„Дали си сигурна дека ќе ја препознаеш напуштената куќа?“, ја
праша.
„Да, знам каде е.“

355
Т ие требаше само да извршат рутинска инспекција пред да се
вратат во студиото. Тоа беше потребно за да се потврди доказот
од информацијата на медиумот.
Но, сепак, сите тргнаа.
Во автомобилот, Сара Роза ги следеше насоките на Никла и заврти
каде што и кажа таа. Временската прогноза, патем, предвидуваше
повеќе снег. Од едната страна, небото беше јасно, а сонцето брзо
заоѓаше. Од другата страна, облаците веќе беа собрани на
хоризонтот, а светкањата најавуваа грмотевици.
Тие беа фатени во средината.
„Мораме да побрзаме“, рече Стерн. „Наскоро ќе се стемни.“
Тие стигнаа до земјениот пат и тргнаа по него. Камчињата
потскокнуваа под тркалата. По сите тие години, дрвената куќа се
уште постоеше. Белата боја беше целосно излупена и беше останата
само на неколку видливи места. Штиците изложени на времето беа
скапани и правеа куќата да изгледа како расипан заб.
Излегоа од автомобилот и се упатија накај верандата.
„Внимателно, може да се пропадне“, ги предупреди Борис.
Горан се качи на првата скала. Местото се поклопуваше со описот
на калуѓерката. Вратата беше отклучена, но криминологот одвај
можеше да ја турне. Внатре, подот беше прекриен со слој земја и се
слушаше како стаорците, вознемирени од нивното присуство, се
разбегуваат под масите. Гавила ја препозна софата, иако од неа сега
немаше ништо останато освен скелет од ’рѓосани федери. Комодата
се уште се наоѓаше таму. Каминот од камен делумно беше урнат.
Горан извади од својот џеб мала батериска ламба за да ги прегледа
двете задни соби. Во меѓувреме, Борис и Стерн влегоа и разгледуваа
наоколу.
Горан ја отвори првата врата. „Ова е спалната соба.“
Но, креветот веќе не се наоѓаше таму. На неговото место на подот
се забележуваше посветла сенка. На тоа место Џозеф Б. Рокфорд го
прими своето крваво крштевање. Господ знае кое беше детето убиено
во таа соба пред речиси дваесет години.

356
„Ќе треба да копаме наоколу да не има човечки останки“, рече
Гавила.
„Ќе ги повикам гробарите и луѓето на Чанг штом завршиме со
проверката на местово“, му рече Стерн.
Во меѓувреме, надвор од куќата, Сара Роза нервозно се шеткаше
нагоре-надолу со рацете во џебовите за да ги заштити од студот.
Никла и Мила ја посматраа од автомобилот.
„Ти не ја сакаш таа жена“, рече калуѓерката.
„Би било поправилно ако се каже дека таа не ме сака мене.“
„Си се обидела ли да разбереш зошто е тоа така?“
Мила погледна настрана. „Дали се обидуваш да ми кажеш дека тоа
е моја грешка?“
„Не, само велам дека пред да обвиниме некого, би требало да
бидеме сигурни.“
„Таа ме прогонува откако сум дојдена.“
Мила ги крена рацете во знак на предавање. „Тогаш не задевај ја.
Се ќе помине набрзо откако ќе си заминеш.“
Мила одмавна со главата. Понекогаш, не можеше да го поднесе
здраворазумското размислување на калуѓерката.
Внатре, Горан излезе од спалната соба и автоматски тргна накај
втората затворена врата.
Медиумот ја немаше спомнато оваа втора соба.
Тој ја насочи батеријата на кваката и ја отвори вратата.
Таа беше точно со истата големина како онаа до неа. И беше
празна. Влагата ги нападнала ѕидовите и во аглите се беше вгнездила
патина од мувла. Горан го вртеше наоколу снопот светлина од
батеријата. Додека поминуваше преку еден од ѕидовите, забележа
дека нешто ја одбива светлината.
Тој ја задржа светлината на тоа место и виде дека тоа беа пет
светликави квадратчиња, секое со дијаметар од неколку сантиметри.
Се приближи, а потоа се смрзна. Закачена на ѕидот со обични
патенти се наоѓаше серија инстант-фотографии.
Деби. Анеке. Сабина. Мелиса. Каролина.
На фотографиите тие се уште беа живи. Алберт ги довел тука пред

357
да ги убие. И ги овековечил токму во таа соба, на тој ѕид. Нивните
коси беа разбушавени, облеката истуткана. Немилосрдниот блиц ги
изненадил со нивните очи црвени од плачење, со лицата исполнети
со ужас.
Тие се смееја и мавтаа.
Тој ги принудил да ја симулираат таа гротескна поза пред леќите на
фотоапаратот. Таа веселост добиена со принуда беше застрашувачка.
Усните на Деби беа извиени во гримаса на неприродно задоволство
и се чинеше дека би можела во секој момент повторно да почне да
плаче.
Анеке ја имаше кренато едната рака, а втората и висеше покрај
колкот, во гест на резигнација и пораз.
Сабина беше сликана додека гледа наоколу, обидувајќи се да го
разбере она што нејзиното детско срце не можеше да го сфати.
Мелиса беше напната и воинствена. Но беше јасно дека и таа
наскоро, исто така, ќе се предаде.
Каролина беше неподвижна, со очи широко отворени над
насмевката што покажуваше дека не и се верува што се случува.
Дури откако ги разгледа, Горан ги викна и останатите.

А псурдно. Несфатливо. Бесмислено свирепо.


Немаше други зборови за тоа. Молчењето што сите ги зафати,
продолжи и на враќање назад во студиото.
Ова ќе биде долга ноќ. Никој не беше сигурен дека ќе може да спие
по ден како тој. Мила непрекинато издржа четириесет и осум часа, за
време на кои се случија толку многу нешта.
Контурите на Алберт беа најдени на ѕидот во вилата на Ивон Грес.
Нејзиниот ноќен разговор кај Горан дома, кога му кажа дека ја
следеле, како и откривањето на својата теорија дека нивниот човек
има соучесник. Потоа излезе прашањето за бојата на очите на
Сабина што ги одведе до откривањето на измамата на Роше.
Посетата на фантомската куќа на Рокфорд. Заедничкиот гроб. Лара
Рокфорд. Посредувањето на Никла Папакидис. Истражувањето на

358
умот на серискиот убиец.
И последно од се, тие фотографии.
Мила имаше видено многу фотографии во текот на својата служба.
Фотографии на малолетници, сликани покрај море или на училишни
концерти. И беа покажувани од родители или од роднини кога одеше
да ги види. Деца кои исчезнуваа за да се појават повторно на други
фотографии – честопати голи, или во облека за возрасни – во
колекциите на педофилите или во датотеките на мртовечниците.
Но, во петте фогографии најдени во напуштената куќа, имаше
нешто повеќе.
Алберт знаеше дека тие некако ќе ги најдат таму. И тој ги чекаше.
Дали тој дури и предвидел дека тие ќе го истражуваат неговиот
ученик Џозеф со помош на медиум?
„Тој не набљудува уште од почетокот“, лаконски коментираше
Гавила. „Секогаш е чекор пред нас.“
Мила чувствуваше дека секој нивни потег бил промислуван,
залуден и неутрализиран. А сега, тие мораа и да си го чуваат грбот.
Тоа беше бремето што им тежеше на нејзините колеги во
автомобилот додека се враќаа во нивниот штаб.
А – остануваше да се најдат и другите две тела.
Првото дефинитивно беше труп. Второто би можело да стане тоа со
текот на времето. Ниту еден не беше доволно храбар да го признае
тоа, но сега очајнички посакуваа да го спречат убиството на детето
број шест.
Како и за малата Каролина, кој можеше да каже каков ужас ќе биде
откриен? Би можело ли да биде полошо од сето она што веќе го
најдоа? Алберт се подготвуваше за големото финале со шестото дете.
Беше малку по единаесет часот вечерта кога Борис го паркира
миниванот под студиото. Тој чекаше сите да излезат, го заклучи
автомобилот и забележа дека го чекаат за да одат заедно нагоре.
Не сакаа да го остават зад себе.
Ужасот чии сведоци беа тие, ги зближи многу повеќе од порано.
Затоа што се што им остана беа нивните колеги. Дури и Мила беше
дел од тоа другарство. Исто како и Горан. Тие извесно време беа

359
исклучени, но тоа не траеше долго, и се случи само поради тоа што
Роше сакаше се да контролира. И, им беше дозволено повторно да се
вратат. Грешката беше простена.
Полека се качуваа по скалите во зградата. Стерн ја прегрна Роза со
едната рака. „Оди си вечерва дома кај семејството“, и рече. Но, таа
само одмавна со главата. Мила го разбра тоа. Роза не можеше да го
прекине синџирот. Во спротивно, целиот свет би се распаднал и
портите што уште го заштитуваа ќе му беа широко отворени на
Шампионот на злото, и тој ќе го поплавеше. Тие беа последната
стража во таа борба и дури и да ја загубеа, немаа намера да се
откажат од неа.
Сите заедно го поминаа прагот на студиото. Борис почека за да ја
затвори вратата, потоа им се придружи наоѓајќи ги сите во ходникот,
небаре хипнотизирани. Тој не сфаќаше што се случува додека не го
здогледа, меѓу нивните рамена, телото што лежеше на подот. Сара
Роза вресна. Мила се заврти, не можејќи да гледа. Стерн се прекрсти.
Гавила не можеше да зборува.
Каролина, петтата момичка.
И, овојпат, телото на детето ним им беше наменето.

360
■■■■■■ ЗАТВОР
КАЗНЕН ОДДЕЛ БР. 45

ИЗВЕШТАЈ БР. 2 ОД ДИРЕКТОРОТ,


АЛФОНС БЕРЕНЖЕ
23 НОЕМВРИ

НА ЗНАЕЊЕ НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ,


Џ. Б. МАРИН

ПРЕТСТАВЕН ОД ЗАМЕНИКОТ ОБВИНИТЕЛ,


МЕТЈУ СЕДРИС

ПРЕДМЕТ: РЕЗУЛТАТИ ОД ИНСПЕКЦИЈАТА ДОВЕРЛИВО

ДРАГ Г-НЕ СЕДРИС,


САКАМЕ ДА ВЕ ИНФОРМИРАМЕ ДЕКА МИНАТАТА НОЌ НЕНАДЕЈНО БЕШЕ
НАПРАВЕНА ИНСПЕКЦИЈА НА САМИЦАТА НА ЗАТВОРЕНИКОТ РК-357/9.
ЗАТВОРСКИТЕ ЧУВАРИ УПАДНАА ДА ЗЕМАТ ОРГАНСКИ МАТЕРИЈАЛ , ЗАГУБЕН
СЛУЧАЈНО ИЛИ СПОНТАНО ОСТАВЕН ОД СТРАНА НА ЗАТВОРЕНИКОТ , СО НАМЕРА
ДА СЕ ИДЕНТИФИКУВААТ НЕГОВИТЕ ГЕНЕТСКИ ОТПЕЧАТОЦИ , А СЛЕДЕЈЌИ ГИ
ПРЕПОРАКИТЕ ВО ПИСМОТО ОД ВАШАТА КАНЦЕЛАРИЈА.
МОРАМ ДА ВЕ ИНФОРМИРАМ ДЕКА НА НИВНО ГОЛЕМО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ,
МОИТЕ ЛУЃЕ СЕ СООЧИЛЕ СО БЕСПРЕКОРНО ЧИСТА ЌЕЛИЈА, ШТО НЕ ТЕРА ДА
МИСЛИМЕ ДЕКА ЗАТВОРЕНИКОТ РК-357/9 НЕ ОЧЕКУВАЛ . ЕДИНСТВЕНО ШТО
МОЖАМ ДА ПОМИСЛАМ Е ДЕКА ЗАТВОРЕНИКОТ Е ВО ПОСТОЈАНА СОСТОЈБА НА
ГОТОВНОСТ, И ДЕКА ГО ПРЕДВИДУВА И ГО ПРЕСМЕТУВА СЕКОЈ НАШ ПОТЕГ.
СЕ ПЛАШАМ ДЕКА, БЕЗ ГРЕШКА ОД СТРАНА НА ЗАТВОРЕНИКОТ ИЛИ ПРОМЕНА
НА ОКОЛНОСТИТЕ, ЌЕ БИДЕ ТЕШКО ДА СЕ ПОСТИГНАТ КОНКРЕТНИ РЕЗУЛТАТИ.
МОЖЕБИ СЕ УШТЕ ИМАМЕ ЕДНА ШАНСА ДА СТИГНЕМЕ ДО СРЦЕТО НА
МИСТЕРИЈАТА. ЗАБЕЛЕЖАВМЕ ДЕКА ЗАТВОРЕНИКОТ РК-357/9 ПОНЕКОГАШ,
МОЖЕБИ ПОРАДИ СВОЈАТА ИЗОЛИРАНОСТ , СИ ЗБОРУВА. САМИОТ СО
СЕБЕ. СЕ ЧИНИ ДЕКА Е БЛАДАЊЕ И ГО КАЖУВА СО ТИВОК ГЛАС , НО ВО СЕКОЈ
СЛУЧАЈ ЈА РАЗГЛЕДУВАМЕ ЦЕЛИСХОДНОСТА , СО ВАША СОГЛАСНОСТ , ДА

361
СТАВИМЕ „БУБАЧКА“ ВО НЕГОВАТА ЌЕЛИЈА ЗА ДА ГИ СНИМИМЕ НЕГОВИТЕ
ЗБОРОВИ.
ЈАСНО, ИСТО ТАКА. , ЌЕ ЈА ПОВТОРИМЕ НАШАТА НЕНАДЕЈНА ИНСПЕКЦИЈА
ПЛАНИРАНА. ЗА ДА ОБЕЗБЕДИМЕ НЕГОВА. ДНК.
НА КРАЈОТ , САКАМ ДА ВИ УКАЖАМ УШТЕ НА ЕДНО НЕШТО: СУБЈЕКТОТ
СЕКОГАШ Е МИРЕН И ПРЕСРЕТЛИВ . НИКОГАШ НЕ СЕ ЖАЛИ И НЕ ИЗГЛЕДА
ВОЗНЕМИРЕН ОД НАШИТЕ ОБИДИ ДА ГО НАТЕРАМЕ НА ГРЕШКА.
НИ ОСТАНА МАЛКУ ВРЕМЕ. ПО 86 ДЕНА., ЌЕ НЕМАМЕ ДРУГ ИЗБОР ОСВЕН ДА
ГО ОСЛОБОДИМЕ.

ИСКРЕНО ВАШ,
ДИРЕКТОР
Д-Р АЛФОНС БЕРЕНЖЕ

362
33

Станот познат како „студио“


сега преименуван во „местото 5“
22 февруари

Н икогаш веќе нема да биде исто.


Поради сенката што им се надвисна врз главите, се ограничија
себеси на гостинската соба, чекајќи тимовите на Чанг и на Креп да го
истражат станот. Роше, кој веднаш беше информиран, речиси повеќе
од еден час зборуваше со Горан.
Стерн лежеше на својот камп-кревет, со едната рака под вратот и со
очите фиксирани за таванот. Изгледаше како каубој. Совршеноста на
линијата на неговиот костум не ја нарушуваше ниту јазолот на
неговата врска. Борис беше свртен настрана, но беше јасно дека не
спие. Со левата нога непрекинато нервозно тупкаше врз покривката
на креветот. Роза се обидуваше да стапи во контакт со некого по
мобилниот телефон, но сигналот беше слаб.
Мила ги изгледа своите молчаливи колеги еден по еден, пред да го
сврти погледот на лаптопот врз нејзините колена. Ги имаше
побарано папките со аматерските фотографии сликани на панаѓурот
вечерта кога Сабина беше грабната. Тие веќе беа прегледани и од тоа
немаше ефект, но таа сакаше да ги разгледа во светлината на
теоријата којашто веќе му ја образложи на Горан, дека извршителот
на злосторството може да е жена.
„Би сакал да знам како, по ѓаволите, успеал да го внесе телото на
Каролина овде внатре...“, призна Стерн, искажувајќи го прашањето
кое ги измачуваше сите нив.
„Да, и јас би сакала тоа да го знам...“, се согласи Роза.
Деловната зградата во која беше сместено и студиото, веќе не беше
обезбедувана како некогаш, кога таму беа водени сведоците, заради
нивна сопствена заштита. Зградата беше речиси празна и

363
безбедносниот систем беше дезактивиран, но единствен влез во
станот беше влезната врата, а таа беше блиндирана.
„Влегол низ влезната врата“, рече лаконски Борис, будејќи се од
летаргијата што ја глумеше.
Но, имаше уште едно нешто што ги правеше понервозни од се
друго. Која беше пораката на Алберт овој пат? Зошто решил да стави
таков тежок товар на плеќите на своите прогонители?
„Ако мене ме прашувате, јас мислам дека тој само се обидува да не
забави“, рече Роза. „Премногу му се доближивме, затоа ги измеша
картите.“
„Не, Алберт не постапува случајно“, се вмеша Мила. „Тој веќе не
научи дека секој негов чекор е внимателно промислен.“
Сара Роза го впери погледот во неа: „Па? Што, по ѓаволите, сакаш
да кажеш? Дека еден од нас е посран монструм?“
„Не мислеше така“, рече Стерн. „Само вели дека мора да е од некоја
причина којашто е дел од планот на Алберт: тоа е дел од играта што
ја игра со нас уште од почетокот. Можеби има и нешто во врска со
ова место, и со она за што било користено во минатото.“
„Можеби вклучува некој стар случај“, додаде Мила, забележувајќи
дека нејзиното мислење наидува на глуви уши.
Пред да може да заврши дијалогот, во собата влезе Горан, оставајќи
ја вратата зад себе отворена.
„Ве молам за внимание.“
Звучеше како да е итно. Мила ги крена очите од лап-топот. Сите
погледнаа во него.
„Теоретски, и понатаму сме надлежни за истрагата, но работите се
комплицираат.“
„Што значи тоа?“, викна Борис.
„За некој миг ќе ви стане јасно, но ве советувам во меѓувреме да
останете мирни. Ќе ви објаснам подоцна...“
„По што?“
Горан немаше време да одговори пред да се отвори вратата и внатре
да влезе главниот инспектор Роше. Со него беше и еден крупен човек
во своите педесетти години, облечен во истуткан костум и со врска

364
која беше премногу тенка за неговиот воловски врат. Во устата
држеше незапалена цигара.
„Седнете, седнете...“, рече Роше, иако ниту еден од нив не покажа
некаков знак за поздрав. Главниот инспектор на лицето имаше
изнасилена насмевка, од оние кои треба да инспирираат смиреност, а
наместо тоа предизвикуваат вознемиреност.
„Господа, ситуацијата е конфузна, но ние ќе се справиме со неа:
сигурно е дека нема да дозволам некој психопат да предизвика
сомневање во моите луѓе!“
Како и секогаш, последната фраза ја нагласи со преголема
емпатија.
„Затоа, во ваш интерес, презедов некои мерки на претпазливост, и
во истрагата внесувам уште еден колега.“ Тој ова го кажа без да го
спомне човекот кој стоеше до него. „Ова е засрамувачко: ние не
можеме да го најдеме тој Алберт, и тој доаѓа и не наоѓа нас! Затоа, во
договор со д-р Гавила, на капетан Моска му ја доверив задачата да ви
асистира до затворањето на случајот.“
Никој не дишеше, и покрај тоа што веќе разбраа каква ќе биде таа
„асистенција.“ Моска ќе ја преземе контролата, давајќи им само една
опција: да застанат зад него и да се обидат да повратат барем малку
кредибилитет, или да отстапат.
Теренс Моска беше многу добро познат во полициските кругови.
Својата слава ја должеше на една операција која траеше повеќе од
шест години и во која беше инфилтриран во една организација која
тргуваше со дрога. Беше заслужен за стотици апсења и за различни
тајни операции. Но, никогаш немаше работено на сериски убијци или
на патолошки злосторства.
Роше го донесе само од една причина: пред многу години, Моска
му конкурираше за местото главен инспектор. Како што тргнаа
работите, на Роше му текна дека е подобро својот главен ривал да го
внесе во операцијата за да го направи еднаков во поделбата на
товарот на неуспехот кој сега го сметаше како многу веројатен.
Ризичен потег, кој само покажуваше колку му е затегната јамката
околу вратот: доколку Теренс Моска сега го реши случајот на

365
Алберт, Роше ќе мора да му го отстапи местото на врвот на
хиерархијата.
Пред да отвори уста, Моска исчекори пред Роше за да ја
манифестира на тој начин својата автономност.
„Патолозите и научниците се уште не дадоа ништо значајно.
Единственото нешто што го знаеме е дека за да влезе во станот,
субјектот буричкал во блиндирана врата.“
Кога, на враќање, ја отвори вратата, Борис на неа не забележа
никакви знаци на насилно отворање.
„Многу внимава да не остави траги: не сакал да ви го расипе
изненадувањето.“
Моска продолжи да ја џвака цигарата и, не вадејќи ги рацете од џеб,
се загледа во секого поединечно.
„Пратив некои полицајци да се прошетаат малку низ соседството со
надеж дека можеби ќе најдеме некој сведок. Можеби дури ќе го
добиеме и бројот на регистарските таблички... а кога станува збор за
тоа што го натерало субјектот да го остави телото токму тука од сите
можни места, обврзани сме да импровизираме. Доколку нешто ви
падне на ум, ве молам да ме известите. Тоа е се засега.“
Теренс Моска се сврти на петиците и, без некому да даде шанса да
одговори или нешто да дополни, се врати на местото на
злосторството.
Но, Роше застана. „Немате многу време. Ни треба идеја, и тоа брзо.“
Потоа и главниот инспектор излезе од собата. Горан ја затвори
вратата и другите веднаш се собраа околу него.
„Што се случува, да му се сневиди?“, праша Борис разбеснет.
„Зошто ни треба куче-чувар?“, продолжи Роза како ехо.
„Смирете се, не сте разбрале“, рече Горан. „Во овој миг, капетан
Моска е најсоодветната личност. Јас бев тој кој ја побара ваквата
интервенција.“
Останатите беа шокирани.
„Знам што мислите, но тоа ми овозможи да му дадам на Роше начин
да се извлече и ја зачував нашата улога во истрагата.“
„Официјално – и понатаму сме вклучени, но секој знае дека Теренс

366
Моска сака да е бунтовник“, забележа Стерн.
„Тоа е токму она што јас му го предложив: доколку макар малку го
познавам, нема да сака да сме му на патот; затоа воопшто нема да му
е грижа што правиме. Единствено мораме да му кажуваме како
напредуваме.“
Се чинеше како најдобра можна ситуација, но тоа сепак не го
намали товарот на сомнежот што го имаше секој од нив.
„Сите не држат на око“, одмавна Стерн изнервирано со главата.
„Значи, ќе го оставиме Моска да трага по Алберт, а ние ќе се
сконцентрираме врз детето број шест...“
Тоа се чинеше како добра стратегија: доколку го најдат живо, ќе ја
елиминираат атмосферата на сомнеж што се создаде околу нив.
„Мислам дека Алберт го оставил овде телото на Каролина за да не
измами. Затоа што и да не се докаже ништо против нас, секогаш ќе
не следи сенката на сомнежот.“
И покрај тоа што правеше се што може за да изгледа смирено,
Горан беше свесен дека неговите изјави не беа доволни да го кренат
расположението. Затоа што откако се најде и петтото тело, секој од
нив почна поинаку да ги гледа другите. Се познаваа цел живот, но
никој од нив не можеше да ја отфрли можноста некој од другите да
има некаква тајна. Тоа беше вистинската цел на Алберт – да ги
раздели. Криминологот се прашуваше колку ќе треба за да почне да
’рти меѓу нив семето на недовербата.
„На последното дете не му преостанува уште многу време“, изјави
уверен во тоа што го зборува. „Алберт речиси го исполни својот
план. Сега само се подготвува за финалето. Но, му беа потребни
одврзани раце, и не исфрли од конкуренција. Затоа имаме само една
шанса да ја најдеме, и тоа е преку единствениот од нас кој е
ослободен од сите сомневања, затоа што не беше член на тимот пред
Алберт веќе да го има подготвено својот план.“ Одеднаш,
чувствувајќи ги очите на сите вперени во неа, Мила се почувствува
непријатно.
„Ти ќе можеш да се движиш многу послободно од нас“, рече
охрабрувачки Стерн. „Да мораш да постапуваш само следејќи ја

367
својата интуиција, што би направила?“
Мила, всушност, имаше една идеја. Но, до тој миг ја чуваше за себе.
„Знам зошто одбира само момички.“
И тие себеси си го поставуваа истото прашање. Во собата за
размислување, кога случајот уште беше во почетната фаза. Зошто
Алберт не киднапирал и момчиња? Зад неговото однесување немаше
сексуални намери, затоа што не ги ни допрел момичките.
Мила мислеше дека го има објаснувањето. „Тие сите мораа да
бидат момички заради бројот шест. Речиси сум целосно убедена дека
неа ја има одбрано прва, а не последна како што сака да веруваме.
Другите беа момички само за да го прикријат тој детаљ. Но, таа била
првиот објект на неговата фантазија. Не знаеме зошто. Можеби има
некој особен квалитет, нешто што ја одделува од другите. Затоа и
морал да го крие нејзиниот идентитет од нас се досега. Не му беше
доволно што ни даде до знаење дека едно од киднапираните момички
уште е живо. Не, мораше да немаме какво и да е сознание за тоа која
е таа.“
„Затоа што тоа би можело да не одведе до него“, заклучи Горан.
Но ова не беа некои многу фасцинирачки врски и не беа никому од
помош.
„Освен..“, рече Мила погодувајќи за што размислуваат другите.
„Освен доколку секогаш постоела некаква врска помеѓу нас и
Алберт.“
Сега веќе немаа што да загубат, а и Мила веќе не се сомневаше
дека и на другите треба да им каже дека била следена.
„Се има случено двапати. Иако само за вториот пат сум целосно
сигурна. Додека, пред мотелот, повеќе стануваше збор за чувство
отколку за нешто друго...“
„Значи?“, праша љубопитно Стерн. „Каква врска има тоа со сето
друго?“
„Некој ме следеше. Можеби се случувало и другпат, не би можела
да се заколнам дека било така, не сум сигурна... Но зошто? За да ме
провери? Зошто? Никогаш не сум располагала со некоја информација
од витална важност и секогаш, меѓу вас другите, бев малку како

368
аутсајдер.“
„Веројатно за да те исфрли од колосек“, размислуваше Борис.
„И тоа: никогаш не постоеше реален ’колосек’, освен ако и
навистина не сум се доближила премногу до нешто и ако не сум
станала важна за случајот без и да бидам свесна за тоа.“
„Но кога се случило тоа во мотелот, ти само што беше дојдена. И
тоа ја урива хипотезата за твое исфрлање од колосекот“, рече Горан.
„Тогаш има само едно образложение... кој и да ме следел, сакал
само да ме заплаши.“
„Зошто?“, праша Сара Роза.
Мила ја игнорираше. „И во двата случаја, мојот прогонител не се
издаде случајно. Всушност, сметам дека намерно се разоткрил.“
„Добро, разбравме. Но зошто би го направил тоа?“, инсистираше
Роза. „Нема никаква смисла.“
Мила ненадејно се сврти накај неа, искористувајќи ја разликата во
тежината како своја предност.
„Затоа што, како прво, јас бев единствената од вас која може да ја
најде шестата момичка.“ Повторно ги погледна. „Немојте ова
погрешно да го разберете, но резултатите што ги имам зад себе го
докажуваат ова. Вие сте одлични во пронаоѓањето сериски убијци.
Но, јас ги наоѓам загубените луѓе: секогаш сум го правела и знам
како да го направам тоа.“
Никој не и се противстави. Од тој аспект, Мила беше најголемата
закана за Алберт, затоа што единствената можеше да му ги уништи
плановите.
„Да рекапитулираме: прво го киднапирал шестото дете. Да откриев
веднаш кое е шестото дете, целиот негов план ќе пропаднеше.“
„Но ти не откри“, рече Роза. „Можеби не си толку добра колку што
мислиш.“
Мила не реагираше на провокацијата. „Доближувајќи ми се толку
многу, Алберт можеби направил грешка. Мораме да се вратиме на тој
момент.“
„Како ќе го направиме тоа? Белки не се обидуваш да ми кажеш
дека имаш временска машина.“

369
Мила се насмевна: без да биде свесна за тоа, Роза дојде многу
блиску до вистината. Затоа што постоеше начин за враќање наназад.
Повторно игнорирајќи го неговиот здив кој мирисаше на никотин,
Мила се сврти накај Борис: „Колку си добар во испрашување на луѓе
под хипноза?“
„Сега релаксирај се...“
Гласот на Борис едвај да беше шепот. Мила лежеше на камп-
креветот, со раце спуштени покрај телото и со затворени очи. Тој
седеше покрај неа.
„Сега брои до сто...“
Стерн имаше ставено крпа врз ламбата, и во собата владееше
пријатно помрачување. Роза беше седната на својот кревет. Горан
седеше во аголот, внимателно набљудувајќи што се случува.
Мила бавно ги изговараше броевите. Дишењето повторно и стана
нормално. До мигот кога заврши со броењето, веќе беше совршено
релаксирана.
„Сега сакам да гледаш во нештата во своите мисли. Дали си
подготвена?“
Таа кимна потврдно со главата. „Се наоѓаш сред голема ливада.
Утро е и сонцето сјае. Зраците ти го топлат лицето, и насекаде околу
тебе мирисаат трева и цвеќиња. Чекориш и боса си: под нозете
можеш да го почувствуваш студенилото на земјата. Те повикува
звукот на некое поточе. Одиш дотаму и легнуваш на брегот. Ги
нурнуваш рацете во водата, и потоа се напиваш од неа. Многу е
добра
Сликата не беше случајно одбрана: Борис будеше вакви чувства за
да воспостави контрола врз Мила. На тој начин ќе биде полесно да ја
врати назад во сеќавањата точно на мигот кога поминуваше низ
пределот зад мотелот.
„Сега кога ја заголна жедта, сакам да направиш нешто за мене.
Врати се неколку ноќи наназад...“
„Добро“, одговори таа.
„Ноќе, и автомобилот само што те врати назад во мотелот...“
„Студено е“, рече одненадеж таа. Горан забележа дека затрепери.

370
„И што уште?“
„Полицаецот кој ме довезе ми кимнува со главата во знак на
поздрав, а потоа се враќа назад. И јас останувам сама на тој простор
пред мотелот.“
„Како изгледа просторот? Опиши ми го.“
„Нема многу светлина. Само неонскиот знак, кој се ниша на ветрот.
Пред мене се различните бунгалови, но прозорците се темни. Јас сум
вечерва единствениот гостин. Зад бунгаловите има дрвја, многу
високи. Се нишаат на ветрот. Наредени се во една линија. На
патеката има чакал.“
„Продолжи да одиш...“
„Можам да ги слушнам само своите чекори.“
Помисли дека дури може и да го чуе звукот на чакалот.
„Каде си сега?“
„Одам накај својата соба, поминувајќи покрај канцеларијата на
портирот. Нема никој таму, но телевизорот е вклучен. Носам книжно
ќесе во кое има два тоста со сирење: тоа е мојата вечера. Здивот ми
кондензира на студениот ветар, и јас забрзувам. Чакалот под моите
нозе е единствениот звук што го слушам. Мојот бунгалов е последен
во редицата.“
„Добро ти оди.“
„Има само уште неколку јарди, и јас се концентрирам на своите
размислувања. На патеката има мала дупка, не ја забележувам и се
сопнувам...“ И тогаш го слушам.
Горан не беше свесен дека го прави тоа, но инстинктивно се
наведна накај креветот на Мила како да може да и се придружи на
таа плоштатка од чакал, и да ја заштити од заканата со која се
соочува.
„Што слушаш?“
„Чекор на чакалот зад мене. Некој ги копира моите чекори. Сака да
ми пријде без да биде забележан. Но го загуби ритамот со моите
чекори.“
„И што правиш ти сега?“
„Се обидувам да останам мирна, но исплашена сум. Во истиот

371
ритам продолжувам накај бунгаловот, и покрај тоа што чувствувам
желба да потрчам. Истовремено размислувам.“
„За што размислуваш?“
„Дека нема поента во тоа да го извлечам пиштолот, затоа што ако е
вооружен, тој ќе има доволно време да стрела прв. Исто така,
размислувам и за вклучениот телевизор во канцеларијата на
портирот, и си велам дека тој веќе го убил него. Сега на мене е
редот... паниката расте.“
„Да, но успеваш да се контролираш.“
„Пребарувам во џебот за да си го најдам клучот, затоа што
единствената шанса што ја имам е да влезам во својата соба...
доколку ми дозволи.“
„Концентрирана си на вратата: само неколку јарди си оддалечена
од неа, нели?“
„Да. Ја гледам само неа, се друго околу мене исчезнало.“
„Но сега мораш да предизвикаш да ти се врати сеќавањето...“
„Се обидувам...“
„Крвта громогласно шумоли низ твоите вени, адреналинот е кренат,
сетилата ти се изострени... Сакам да ми го опишеш вкусот...“
„Устата ми е сува, можам да го помирисам киселиот мирис на
плунката.“
„Допир..“
„Студенилото на клучот од собата во мојата испотена рака.“
„Мирис.“
„Ветерот го носи гнасниот мирис на ѓубре во распаѓање. Кантите се
од мојата десна страна. И борови иглички, и смолата од боровите.“
„Глетка..“
„Гледам како сенката ми се протега на плоштинката.“
„А потоа?“
Ја гледам вратата на бунгаловот, таа е жолта, а бојата паѓа од неа.
Ги гледам трите скали што водат до тремот.“
Борис намерно го остава најважното за крај, затоа што најважното
нешто што Мила го има забележано за својот прогонител е некаков
звук.

372
„Слушаш...“
„Не можам да слушнам ништо освен своите чекори.“
„Слушај повнимателно.“
Горан забележува како на лицето на Мила се појавува грч, токму
меѓу нејзините очи, како да се бори да се сети.
„Можам да го слушнам! Сега можам да ги распознам и неговите
чекори!“
„Одлично. Но јас сакам уште повеќе да се сконцентрираш...“
Мила послушува. Потоа вели: „Што беше тоа?“
„Не знам“, одговара Борис. „Сама си таму. Јас ништо не слушнав.“
„Но, има нешто!“
„Што?“
„Тој звук...“
„Кој звук?“
„Нешто... метал. Да! Паѓа нешто метално! Паѓа на земјата, врз
чакалот!“
„Обиди се да бидеш попрецизна.“
„Не знам...“
„Ајде...“
„Тоа е... паричка!“
„Паричка, дали си сигурна?“
„Да! Мала паричка! Му паднала и тој не го забележал тоа!“
Тоа беше неочекувана трага. Доколку ја најдат паричката сред
плоштатката од чакал, и доколку успеат да најдат отпечатоци на неа,
тоа би можело да ги одведе до оној кој ја прогонувал Мила. Се
надеваа дека тоа е Алберт.
Очите на Мила беа затворени, но таа не можеше да престане да
повторува: „Паричка! Паричка!“
Борис повторно ја презеде контролата. „Добро е, Мила. Сега ќе
треба да те разбудам. Ќе бројам до пет, потоа ќе плеснам со рацете и
ти ќе ги отвориш очите.“ Почна бавно да изговара: „Еден, два, три,
четири... и пет!.“
Мила широко ги отвори очите. Изгледаше конфузна, збунета. Се
обиде да стане, но Борис нежно ја турна назад на креветот, ставајќи и

373
ја раката на рамо.
„Уште не“, рече. „Можеби ќе ти се врти во главата.“
„Дали успеа ?“, го праша, трепкајќи.
Борис се насмевна: „Се чини дека можеби имаме трага.“

Aпсолутно мораш да го најдеш, си велеше таа себеси додека со


раце го пребаруваше чакалот на плоштинката. Од тоа зависи мојот
кредибилитет... мојот кредибилитет и мојот живот.
Затоа и беше толку внимателна. Но, мораше да биде брза. Немаше
многу време.
Имаше само уште неколку метри да пребара. Оддалеченоста што ја
делеше од нејзиниот бунгалов, како што направи и вечерта. Беше
клекната и на раце и на нозе, не водејќи сметка за тоа дека ги валка
фармерките. Ги имаше нурнато рацете во тие мали бели камчиња, и
на зглобовите веќе се гледаа крвави точки кои се појавуваа од правта
со која беа покриени. Но, болката не ја мачеше; всушност, и
помагаше да се сконцентрира.
„Паричката“, постојано си повторуваше. „Како можело да не
забележам?“
Лесно може некој да ја нашол. Некој гостин, или, можеби,
портирот?
Мораше да дојде во мотелот пред другите, затоа што веќе немаше
никој кому би можела да верува. А имаше чувство и дека нејзините
колеги повеќе не и веруваат нејзе.
„Морам да побрзам!“
Ги фрлаше камчињата преку рамо, гризејќи си ја устата. Беше
нервозна. Беше лута и на себе и на целиот свет. Го повтори тоа
безброј пати, обидувајќи се да ја надмине својата вознемиреност.
Од некоја причина, се потсети на нешто што се случи кога беше
почетник на Полициската академија. Дури и тогаш беше очигледно
дека е многу резервирана личност и тешко воспоставуваше контакти
со други луѓе. Ја ставија да патролира со еден постар колега кој не
можеше да ја поднесе. Бркаа еден осомничен по улиците на

374
Кинескиот кварт. Тој беше премногу брз и не успеаја да го стигнат,
но нејзиниот колега мислеше дека, со оглед на тоа што поминаа
покрај редица ресторани, осомничениот можеби фрлил нешто во
едно буре со остриги. Затоа ја натера да влезе до колена во
застоената вода и да пребарува околу школките што пливаа. Таму
очигледно немаше ништо. А тој веројатно само сакал да ја научи на
ум, како што треба да се направи со секој новак. Таа никогаш потоа
не стави острига в уста. Но, научи една многу важна лекција.
И грубите камчиња што ги расфрлаше со таков интензитет беа,
исто така, тест.
Нешто што требаше да и овозможи да си докаже себеси дека и
понатаму е способна да го извлече најдоброто од нештата. Тоа веќе
долго беше нејзина дарба. Но, токму кога почна да се чувствува
задоволна со себеси, низ главата и помина една мисла. Како и
нејзиниот колега тогаш, и сега некој се потсмева со неа.
Не постои каква и да е паричка. Тоа беше само трик.
Само што стана свесна за тоа, Сара Роза ја крена главата и виде
како Мила доаѓа накај неа. Без својата маска и беспомошна, таа
почувствува како нејзиниот бес замира при погледот на нејзината
помлада колешка и на нејзините очи исполнети со солзи.
„Тој ја има твојата ќерка, нели? Таа е бројот шест.“

375
34

Ј а сонува мајка си.


Изборува со својата „магична насмевка“ – така таа ја вика,
затоа што е прекрасно кога не е лута и тогаш станува најубавата
личност на светот, но тоа сега се помалку и помалку се случува.
Во сонот, мајка и раскажува за себе, но исто така и за татко и.
Сега нејзините родители подобро се согласуваат, и престанале да се
расправаат. Мајка и раскажува што прават, за тоа како е на
работа и како е дома додека таа е отсутна, па дури ги набројува и
филмовите што ги гледале на видеото. Иако тоа не се нејзините
омилени филмови. За нив ќе почекаат на неа. И се допаѓа што го
слуша тоа. Би сакала да ја праша мајка си кога може да се врати
дома. Но, во нејзиниот сон мајка и не може да ја слушне. Како да и
зборува преку екран. А насмевката на лицето на мајка и сега е
речиси безмилосна.
Некој нежно ја гали по косата и таа се буди.
Малата рака и поминува по косата се до перницата, а еден нежен
глас потпевнува некоја песна.
„Ти си!“
Толку се радува што заборава каде е. Сега најважно е тоа дека
малата момичка не ја измислила.
„Толку долго те чекав“, и вели таа.
„Знам, но неможев порано да дојдам.“
„Ти беше забрането?“
Малата момичка ја гледа со своите големи, сериозни очи: „Не, бев
зафатена.“
Нејзе не и јасно какви тоа задачи можеле да ја држат толку
зафатена што не можела да дојде да ја посети. Но, тоа сега веќе
не е важно. Има илјадници прашања за неа. И почнува со она што и
лежи најмногу на срцето.
„Што правиме овде?“
Го зеде здраво за готово фактот дека и малата момичка, исто

376
така, е затвореничка. И покрај тоа што додека таа е врзана,
другата очигледно може слободно да талка низ утробата на
монструмот.
„Ова е мојата куќа.“
Одговорот ја вџасува. „А што е со мене? Зошто сум јас тука?“
Малата момичка не одговара ништо и повторно се концентрира
врз нејзината коса. Таа сфаќа дека момичката го избегнува
одговорот и не инсистира – ќе дојде време и за тоа.
„Како се викаш?“
Малата момичка и се насмевнува: „Глорија.“
Таа се загледува во неа. „Но...“
„Што ’но’?“
„Јас те познавам... ти не се викаш Глорија...“
„Да, така се викам.“
Таа се бори да се сети. Ја видела и порано, сигурна е во тоа.
„Те имаше на пакувањето за млеко!“
Малата момичка и натаму не ја разбира. „Од неодамна сум овде.
Најмногу четири недели.“
„Не! Станува збор за најмалку три години.“
Таа не и верува. „Тоа не е вистина.“
„Да, вистина е, а твоите родители пратија апел преку
телевизија!“
„Моите родители се мртви.“
„Не, живи се! А твоето име е... Линда! Твоето име е Линда
Браун!“
Малата момичка почнува да се инаети: „Моето име е Глорија! А
Линда, за која зборуваш, е некоја друга. Си ги измешала работите.“
Слушајќи го нејзиниот студен глас, таа решава да не инсистира:
не сака момичката да замине и повторно да ја остави сама. „Во ред,
Глорија. Како сакаш. Мора да сум згрешила. Извини.“
Момичката со разбирање кима со главата. Потоа, како ништо да
не се случило, продолжува повторно да поминува со прстите низ
нејзината коса, и да потпевнува самата за себе.
Таа потоа се обидува со нешто друго. „Страшно се чувствувам,

377
Глорија. Не можам да ја мрднам раката. Цело време имам треска.
И честопати паѓам во бессознание...“
„Наскоро ќе ти биде подобро.“
„Ми треба лекар.“
„Лекарите само ги комплицираат работите.“
Фразата, кажана од неа, изгледа лажно. Како да слушнала некој
друг како ја вели, и тоа толку често што, со време, таа станала дел
од нејзиниот речник. И сега и ја повторува нејзе, за свое добро.
„Умирам. Можам да го почувствузам тоа.“ Две големи солзи
капнуваат од нејзините очи. Глорија запира и и ги брише образите.
Потоа, игнорирајќи ја, се загледува во своите прсти.
,Дали разбираш што ти велам, Глорија? Ќе умрам ако не ми
помогнеш.“
„Стив рече дека ќе закрепнеш.“
„Кој е Стив?“
Малата момичка се сепнува, но сепак одговара: „Стив, оној кој те
донесе тука.“
„Мислиш, оној кој не киднапира!“
Малата момичка повторно се оџагрува во неа. „Стив не те
киднапира.“
Дури и покрај тоа што се плаши повторно да не ја налути, за ова
прашање не може да направи компромис: од тоа зависи нејзиниот
опстанок. „Да, ме киднапира, а и тебе ти го сторил истото.
Сигурна сум во тоа.“
„Грешиш. Тој не спасил.“
Таа не сака да го загуби трпението, но ова е премногу за неа:
„Што зборуваш, да му се сневиди? Не спасил од што?“
Глорија се колеба. Таа може да види како очите и стануваат
празни, отстапувајќи му место на некаков чуден страв. Глорија се
повлекува чекор наназад, но таа ја зграпчува зараката. Се обидува
да се измолкне, се обидува да избега, но таа нема да и дозволи да си
замине без одговор.
„Од кого?“
„Од Френки.“

378
Глорија си ја загризува устата. Не сакаше да го каже тоа. Но го
кажа.
„Кој е Френки?“
Глорија успева да се ослободи, таа е премногу слаба за да ја
задржи.
„Ќе се видиме повторно, нели?“
Глорија си заминува.
„Не, чекај! Немој да си одиш!“
„Сега треба да се одмораш.“
„Не, те молам! Нема повторно да се вратиш!“
„Да, ќе дојдам: Ќе се вратам.“
Момичката заминува. Таа почнува да плаче. Во грлото и расте
горчлива грутка на разочарување. И се шири низ нејзините гради. Се
тресе од липање, а гласот и се прекршува додека плаче во
темнината. „Те молам! Кој е Френки?“
Но, нема одговор.

379
35

Н ејзиното име е Сандра.“


Теренс Моска го запиша името на врвот на својот бележник.
Потоа повторно погледа во Сара Роза.
„Кога беше киднапирана?“
Жената се помести во столот пред да одговори, обидувајќи се да си
ги среди мислите. „Изминаа четириесет и седум дена.“
Мила беше во право: Сандра била киднапирана пред другите пет. А
потоа Алберт ја искористил за да ја привлече Деби Гордон, нејзината
крвна посестрима.
Двете момички се сретнале еден ден во паркот, додека ги гледале
коњите во нивните оградени места за јавање. Размениле само
неколку збора, но контактот веднаш бил воспоставен. Деби била
нерасположена затоа што била далеку од дома. Сандра се
чувствувала исто поради разводот на своите родители. Обединети во
својата тага, тие двете веднаш станале пријателки.
И двете добиле бесплатно јавање коњи. Тоа не било случајно.
Алберт ги соединил.
„Како беше киднапирана Сандра?“
„Додека одеше накај училиштето“, одговори Роза.
Мила и Горан забележаа како Моска кима потврдно со главата.
Сите беа таму – вклучително и Стерн и Борис – во големата архивска
просторија на зградата на Федералната полиција. Капетанот го одбра
ова невообичаено место за да спречи веста да се расчуе и за да
избегне разговорот да прилега на испрашување.
Во тоа време на денот, во просторијата немаше никој. Долгите
редици полици полни со папки почнуваа од местото каде што беа
тие. Единствената светлина допираше од масата за консултации
околу која беа седнати. Звуците и гласовите се губеа во ехото на
ноќта.
„Што можеш да ни кажеш за Алберт?“
„Никогаш не сум го видела, ниту чула. Не знам кој е тој.“

380
„Очигледно...“, забележа Теренс Моска, како тоа да е отежнувачка
околност за неа.
Сара Роза и понатаму не беше ставена под каков и да е надзор. Но,
наскоро ќе биде обвинета за соучесништво во киднапирање и за
убиство на деца.
Мила беше таа што ја идентификува додека го истражуваше
киднапирањето на Сабина на рингишпилот. Мислеше дека Алберт
мора да искористил жена за киднапирањето пред очите на сите, за да
остане незабележано. Но, не која и да е соучесничка, туку некоја која
можел да ја уценува. На пример, мајката на детето број шест.
Сомнежите на Мила се потврдија вечерта кога на лап-топот ги
разгледуваше фотографиите од панаѓурот вечерта. Во заднината на
една снимка што ја направил некој татко, забележа густа коса и
полупрофил кои и предизвикаа интензивни трпки во вратот, што ги
следеше името кое не можеше да го згреши: Сара Роза!
„Зошто Сабина?“, прашаше Моска.
„Не знам“, одговори Роза. „Ми даде нејзина фотографија и ми кажа
каде ќе ја најдам, тоа е се.“
„И никој ништо не забележа.“
Во Собата за размислување, Роза рече: Секој гледал само во своето
дете. На луѓето не им е грижа, тоа е вистината за тој настан. И
Мила се сети на тоа. А Моска продолжи: „Тогаш знаел каде се
движат семејствата.“
„Претпоставувам. Неговите инструкции секогаш се чинеа многу
точни.“
„Како ти го пренесувал своите наредби?“
„Сите преку и-мејл.“
„И ти никогаш не успеа да му влезеш во трагата?“
Немаше одговор на прашањето на капетанот: Сара Роза беше
експерт за компјутери. Штом таа не успеала да го стори тоа, тогаш
тоа беше невозможно.
„Но ги зачував сите и-мејлови.“ Потоа погледна во своите колеги:
„Многу е подол, да знаете. И умен е.“ Го рече тоа како да се обидува
да се оправда. „И ја има ќерка ми во свои раце“, додаде.

381
Мила не беше трогната од нејзината изјава.
Уште од првиот ден таа беше непријателски настроена спрема неа,
и го загрози животот, само затоа што беше единствената способна да
го открие идентитетот на шестото дете.
„Дали тој ти нареди да се ослободиш од офицер Васкез колку што е
можно побрзо?“
„Не, тоа беше моја иницијатива. Таа можеше да предизвика
проблеми.“
Сакаше уште еднаш да го искаже својот презир. Но, Мила и беше
простила. Размислуваше за Сандра, момичката која страдаше од
нарушување во исхраната – како што кажа Горан – и која сега беше
во рацете на еден психопат, со ампутирана една рака – изложена на
страдања што не можат да се опишат. Со денови, опсесија и беше
нејзиниот идентитет. Сега, конечно, го знаеше името.
„Затоа двапати ја следеше офицер Васкез, да ја заплашиш за да се
откаже од истрагата.“
„Да.“
Мила се потсети дека вечерта откако некој ја следеше со
автомобил, отиде во студиото, но не најде никој таму. Борис и
испрати порака дека сите се во вилата на Ивон Грес. И таа им се
приклучи. Сара Роза беше таму, и се подготвуваше во приколката на
мобилната единица. Мила тогаш не се прашуваше како е можно таа
да не е во куќата со другите. Тоа што задоцнила не разбуди сомнеж
кај неа. Но, за секој случај, Сара Роза ја нападна вербално за да не и
даде време да мисли, посејувајќи двоумења околу Горана.
И, патем, тој те измамил... бидејќи јас гласав против тебе.
Освен што не беше така, затоа што не сакаше да навлече сомневање
врз себе.
На Теренс Моска не му се брзаше: ги запишуваше одговорите на
Роза во својот бележник и пред да го постави следното прашање,
малку ќе подразмислеше за одговорот на претходното.
„И што уште направи за него?“
„Кришум влегов во собата на Деби Гордон во интернатското
училиште. Го украдов нејзиниот дневник од малата кутија,

382
наместувајќи го катинарот така никој да не забележи. Потоа ја зедов
од ѕидот фотографијата на која беа сликани со ќерка ми. И го оставив
ЏиПиЕс предавателот кој ве одведе до второто откритие во
сиропиталиштето.“
„Зар никогаш не помисли дека некој, порано или подоцна, ќе те
открие?“, ја прашаше Моска.
„Зар имав избор?“
„Ти го стави петтото тело во студиото...“
„Да.“
„Влезе отворајќи со својот клуч и остави лажна трага за
оштетување на влезната врата.“
„За да не се посомнева никој.“
„Да...“ Потоа Моска долго ја одмеруваше со поглед. „Зошто го
внесе телото во студиото?“
Тоа беше одговорот што сите го исчекуваа.
„Не знам.“
Моска длабоко вдиша преку носот. Гестот значеше дека разговорот
е завршен. Потоа капетанот се сврти накај Горан. „Мислам дека ова е
доволно. Освен, ако имаш некои прашања...“
„Не, немам“, одговори криминологот.
Моска повторно се заврти накај полицајката. „Специјален агенте
Сара Роза, за десет минути ќе му се јавам по телефон на
обвинителот, кој ќе ги формулира официјалните обвинувања против
тебе. Како што се договоривме, овој разговор ќе остане меѓу нас, но
те советувам уста да не отвораш, освен во присуство на добар
адвокат.“ Уште едно, последно, прашање: „Дали уште некој, освен
тебе, е вклучен во ова?“
„Доколку тоа се однесува на мојот сопруг, сакам да знаете дека тој
не знае ништо. Ние сме сред развод. Штом исчезна Сандра, го
избркав од дома, користејќи некаков изговор за да го држам во
незнаење за се. Многу подоцна почнавме да се расправаме затоа што
тој сакаше да си ја види ќерката и мислеше дека јас не му
дозволувам.“
Нив двајцата ги виде Мила како се караат пред студиото.

383
„Добро“, рече Моска исправајќи се. Тогаш се сврти кон Борис и кон
Стерн, покажувајќи накај Роза. „Веднаш некого ќе овластам да го
формализира апсењето.“
Двајцата полицајци кимнаа потврдно со главите. Капетанот се
наведна да ја крене својата кожна чанта. Мила виде како го става
бележникот до една жолта папка: на корицата можеше да види некои
отчукани букви: „В“... „он“ и „П.“ Вилсон Пикет, си помисли.
Теренс Моска бавно чекореше накај излезот, придружуван од
Горан. Мила, со Борис и со Стерн, остана покрај Роза. Двајцата мажи
молчеа, чекајќи да ја уапсат колешката која не им веруваше.
„Жалам“, рече таа со солзи во очите. „Немав избор“, повтори.
Борис не одговори, одвај задржувајќи ја лутината. Стерн рече само:
„Добро, но сега смири се.“ Меѓутоа, не звучеше многу убедливо.
Тогаш Сара Роза проколнувачки ги погледа: „Ве молам, најдете ја
мојата мала момичка...“

М ила надвор го најде Стерн, седнат на едно од железните


скалила на излезот во случај на пожар. Имаше запалено цигара
и ја имаше донесено до устата, играјќи си со неа меѓу прстите.
„Немој да и кажеш на жена ми“, и рече Стерн, штом ја виде како
доаѓа од излезот во случај на пожар.
„Не грижи се, тоа ќе биде наша тајна“, го уверуваше Мила,
седнувајќи покрај него на скалите.
„И, што можам да направам за тебе?“
„Како знаеш дека дојдов да побарам нешто од тебе?“
Стерн одговори, кревајќи една веѓа.
„Алберт нема никогаш да дозволи да биде фатен, ти тоа и самиот го
знаеш“, рече Мила. „Мислам дека веќе ја има испланирано својата
смрт: и тоа, исто така, е дел од планот.“
„Воопшто не ми е грижа ако скине конци. Знам дека не е
христијански да се каже нешто такво, но така е како што е.“
Мила се загледа во него и стана сериозна. „Тој го знае тимот,
Стерн. Знае многу нешта за вас, инаку никогаш нема да го оставел

384
петтото тело во студиото. Мора да ги следел вашите случаи во
минатото. Знае како се движите, што е причина секогаш да биде пред
вас. И мислам дека особено го познава Горана...“
„Зошто мислиш така?“
„Прочитав една од неговите изјави во Трибунал за еден стар случај,
а Алберт се однесува како да сака да докаже дека неговите теории не
се точни. Тој е сериски убиец sui generisis. Не прилега на некој кој
боледува од нарцисоидна личност затоа што преферира да го сврти
вниманието кон други злосторници, а не кон себе. Не прилега како
да го води некој незапирлив инстинкт, туку многу добро се
контролира себеси. Неговото задоволство не произлегува од тоа што
го прави, туку од предизвикот што го претставува самиот тој. Како
можеш тоа да го објасниш?“
„Едноставно е: Не можам. А и не сум заинтересиран.“
„Како може да не ти е грижа?“, остро одврати Мила.
„Не реков дека не ми е грижа, реков дека не сум заинтересиран.
Тоа е различно. Што се однесува до мене, ние никогаш не го
прифативме неговиот предизвик. Одиме на прсти само затоа што в
раце има едно дете. И не е вистина дека не е нарцисоиден, затоа што
го бара нашето внимание, не вниманието на некој друг: само нашето,
дали ме разбираш? Медиумите ќе се качеа на Месечината само да им
дадеше знак, но Алберт не го сака тоа. Барем засега.“
„Затоа што не знаеме какво финале има на ум.“
„Точно така.“
„Но јас сум уверена дека, во мигот, Алберт сака да го привлече
вниманието врз вас. И зборувам за случајот на Бенџамин Горка.“
„Вилсон Пикет.“
„Би сакал да ми раскажеш за него...“
„Прочитај го досието.“
„Борис ми рече дека тоа бил неко проблем...“
Стерн го фрли настрана она што беше останало од неговата цигара.
„Борис понекогаш не знае што зборува.“
„Ајде, Стерн, кажи ми што се случи! Јас не сум единствената која е
заинтересирана за целата таа афера...“ Му кажа за папката што ја

385
виде во чантата на Теренс Моска.
Стерн се замисли.
„Добро. Но, верувај ми, нема да ти се допадне.“
„На се сум подготвена.“
„Кога го фативме Горка, почнавме да го истражуваме неговиот
живот. Тој практично живеел во својот камион, но најдовме сметка за
набавка на прилично големо количество храна. Мислевме дека станал
свесен оти кругот околу него се затвора и оти се подготвувал да се
засолни на безбедно место, чекајќи да се смири ситуацијата.“
„Но тоа не беше случај...“
„Околу еден месец по неговото апсење, добивме извештај за една
исчезната проститутка.“
„Ребека Спрингер.“
„Точно така. Но, исчезнувањето се случило порано, околу Божик.“
„Кога бил уапсен Горка.“
„Сфати. А улиците по кои таа се движела беа во опсегот на областа
каде што се движел камионот.“ Мила извлече заклучок: „Горка ја
држел како затвореник, храната била за неа.“
„Не знаевме каде е, ниту колку долго може да преживее. Затоа го
прашавме него.“
„И тој, очигледно, го негираше тоа.“
Стерн одмавна со главата. „Всушност, не го стори тоа. Призна се и
се согласи да го открие местото на кое беше скриена, но под еден
мал услов: би сакал да го стори тоа во присуство на д-р Гавила.“
Мила не разбираше. „И, што беше проблемот?“
„Проблемот беше во тоа што д-р Гавила не можеше да биде најден.“
„Како можел Горка да го знае тоа?“
„Не знаел, тоа садистичко копиле! Ние го баравме Гавила, а времето
на таа кутра девојка изминуваше. Борис го подложи Горка на разни
видови испрашување.“
„И дали успеа да го натера да проговори?“
„Не, но преслушувајќи ги претходните испрашувања на Горка,
забележа дека тој спомнал еден стар магацин каде што имало бунар.
Борис сам ја најде Ребека Спрингер.“

386
„Но таа веќе беше починала од прегладнетост.“
„Не. Си ги пресекла вените со еден од ножевите за отворање кутии
што и ги оставил Горка заедно со храната. Но она што најмногу
разбеснува е нешто друго... според медицинскиот истражувач, таа се
самоубила само неколку часа пред да ја најде Борис.“ Мила
почувствува како и поминуваат трпки по телото. „А што правел во
меѓувреме д-р Гавила?“
Стерн се насмевна, криејќи ги своите вистински чувства.
„Беше најден една недела подоцна во тоалетот на една бензинска
пумпа. Некој моторџија повикал амбулантно возило: бил во
алкохолна кома. Го оставил сина си со дадилката, и отишол дома за
да излезе на крај со заминувањето на жена си. Кога отидовме да го
посетиме в болница, не можевме да го препознаеме.“
Таа приказна веројатно беше објаснувањето за невообичаената
приврзаност на тимот со еден цивил како Горан. Затоа што
човечките трагедии почесто ги обединуваат луѓето отколку успесите,
си помисли Мила. И се потсети на фразата што ја имаше слушнато
од Горана, кога беа во неговиот стан, откако дозна дека Роше ја
измамил во врска со Џозеф Б. Рокфорд.
Мислиме дека знаеме се за луѓето, а всушност не знаеме ништо...
Тоа е апсолутна вистина, си помисли таа. Колку и да се обидува,
никогаш не би можела да го замисли Горан во состојбата во којашто
го нашле. Пијан и во делириум. И во тој миг таквата мисла ја
загрижуваше. Ја смени темата.
„Зошто случајот го нарековте ’Случај на Вилсон Пикет’“?
„Добар прекар, зар не мислиш така?“
„Од она што го научив досега, доктор Гавила преферира да дава
реални имиња на случаите на злосторствата врз коишто работи, за да
ги направи повеќе тридимензионални.“
„Вообичаено, но овој пат направи исклучок.“
„Зошто?“
Специјалниот агент се загледа во неа: „Имаше еден преживеан.“
Никој не преживува еден сериски убиец.
Плачење, очајување, преколнување – сето тоа е бесполезно. Токму

387
спротивното, тие го засилуваат садистичкото уживање на убиецот.
Единствената надеж за жртвата е да избега. Но стравот, паниката и
неможноста да се разбере што се случува, одат во корист на
разбојникот.
Сепак, во неколку ретки случаи, серискиот убиец не успева да го
доврши убиството. Тоа се случува затоа што во мигот кога се
обидува да го заврши своето дело – пауза ненадејно активирана од
некоја фраза или гест на жртвата – нешто ќе го спречи.
Затоа Синтија Перл успеа да преживее.
„Нешто му рекла... нешто спонтано, веројатно во паниката, не знам.
Рекла: ’Те молам, кога ќе бидам мртва, погрижи се за мојот син. Тој
се вика Рик и има пет години’... Потоа не можеше да поверува дека
го рекла тоа, но тоа ја спасило.“
„Го запрел неговиот бес.“
„Ја оставил на едно паркиралиште. Додека оделе, на радиото се
слушала песната ’На полноќ’... потоа се онесвестила и повторно се
разбудила в болница. Ја прашавме како ги здобила повредите, а таа
не можеше да се сети. Дури и кога и ја покажавме фотографијата на
Горка, неговото лице ништо не и значеше... се до едно саботно
попладне, кога била сама дома и го вклучила радиото. Ја свиреле
истата песна на Вилсон Пикет. Тогаш и се вратило сеќавањето“,
Стерн ја фрли цигарата и се врати во зградата.
Мила сфати дека тимот му дал прекар на Горка дури откако го
фатиле. И дека го одбрале за да ги предупредува на сите нивни
грешки.

Т имот на Горан Гавила се распаѓаше. А со тоа колабираше и


истрагата. Бледнееше и надежта дека ќе ја спасат малата Сандра,
која сега некаде ги користеше последните остатоци од својата
енергија за да преживее. На крајот, неа нема да ја убие серискиот
убиец со измислено име, туку ќе ја убие себичноста на некои други
мажи и на некои други жени.
Тоа беше најдоброто финале што го замислуваше Алберт.

388
Додека ја формулираше мислата, Мила го забележа лицето на
Горан на стаклената врата пред неа. Тој беше зад неа. Но, не гледаше
во зградата. Во одразот го бараше погледот на нејзините очи.
Мила се заврти. Долго време, молкум, гледаа еден во друг. Беа
обединети со исто чувство на непријатност, со иста вознемиреност.
Беше сосем природно да се наведне накај него, да ги затвори очите и
да ги побара неговите усни. Беше природно да ги впие своите усни
во неговите, и тој да возврати.

В рз градот лееше валкана вода. Ги поплави улиците, навлезе низ


капаците на шахтите, олуците неуморно ја голтаа и потоа ја
исфрлаа повторно надвор. Таксито ги довезе до еден мал хотел близу
до станицата. Фасадата беше исцрнета од смогот, а капаците беа
постојано затворени, затоа што луѓето кои престојуваа во него немаа
време да ги отворат.
Постојано доаѓаа многу луѓе. И креветите постојано се местеа. Во
ходниците, собарките кои никогаш не спиеја ги туркаа количките со
постелина и со парчиња сапун. Во секое време се движеа количките
со појадок. Некои луѓе запираа таму само за да се освежат и да ја
сменат облеката. А некои за да водат љубов.
Портирот им го даде клучот од собата број 23. Се качија горе со
лифт, без да кажат макар збор, држејќи се за раце. Но, не како
љубовници. Како двајца луѓе кои се плашат да не се загубат еден со
друг.
Во собата, распарен мебел, мирис на дезодоранс и на никотин.
Повторно се бакнаа. Овојпат бакнежот беше уште поинтензивен.
Како за да ги отфрлат мислите пред да ја отфрлат облеката.
Тој ја стави раката на една од нејзините мали гради. Таа ги затвори
очите.
Надвор светеше знакот од блискиот кинески ресторан, пробивајќи
се низ дождот, и неговата светлина исцртуваше сенки во темницата.
Горан почна да ја соблекува.
Мила му дозволи да го прави тоа, очекувајќи ја неговата реакција.

389
Првин го откри нејзиниот рамен стомак, потоа се исправи накај
нејзините гради и ја бакна.
На нивото на бедрото, се појави првата лузна.
Тој со бескрајна нежност го соблече нејзиниот пуловер.
И потоа ги виде и другите.
Но, неговите очи не се задржаа на лузните. Таа задача беше
резервирана за неговите усни.
На големо изненадување на Мила, почна да ги бакнува сите нејзини
рани, многу бавно. Како да може да ги исцели на некој начин.
Потоа и ги соблече фармерките, и ја повтори операцијата со
нејзините нозе. Онаму каде што крвта и понатаму беше свежа, или
само што се беше засирила. Онаму каде што неодамна застанал
жилетот, пред да се нурне во нејзиното живо месо.
Мила повторно ја почувствува сета болка што ја сеќаваше кога си
го казнуваше телото за да си ја казни душата. Но заедно со таа стара
болка, сега чувствуваше нешто ново, слатко.
Како кога пулсира рана што заздравува, истовремено и болно и
пријатно.
Потоа нејзе и беше редот да го расоблече него. Го стори тоа како да
кине ливчиња од цвет. И тој носеше знаци на страдање. Тенок граден
кош, кој бавно се издигаше од очајот. И испакнати коски онаму каде
што месото го беше проголтала тага.
Водеа љубов со чудна насилност. Полна со лутина, со бес но, исто
така, и полна со итност. Небаре секој од нив, со тој акт, се обидуваше
се од себе да претури во телото на другиот. И, за миг, успеаја дури и
да заборават.
Кога се беше готово, лежеа еднододруго – одделени но сепак
обединети – слушајќи го ритамот со кој биеја нивните срца. Потоа се
појави прашањето, маскирано во тишина. Но. Мила можеше да види
како е надвиснато над нив како некоја црна птица.
Задираше во потеклото на болката, и нејзината и неговата.
Која првин беше отпечатена на нејзиното тело, а која таа потоа се
обидуваше да ја прикрие со облеката.
И, неизбежно, истрагата испреплетена со судбината на детето, на

390
Сандра. Додека ги разменуваа своите чувства, таа – некаде, блиску
или далеку – умираше.
Пред тој нешто да каже, Мила објасни: „Мојата работа се состои во
пронаоѓање исчезнати луѓе. Особено деца. Некои од нив се
исчезнати со години, и не се сеќаваат на ништо. Не знам дали тоа е
добро или лошо. Но, веројатно, тоа е аспектот на мојата работа кој
ми создава најмногу проблеми...“
„Зошто“, праша заинтересирано Горан.
„Затоа што кога ќе се нурнам во темницата за да извлечам нешто од
неа, секогаш морам да најдам мотив, некоја силна причина, за да
излезам повторно на светлината. Тоа е како некое безбедносно јаже
кое ме враќа назад. Затоа што, ако има нешто што сум го научила,
тоа е дека темницата те повикува, те заведува со својата
привлечност. И тешко е да се одолее на таквото искушение... Кога ќе
излезам со личноста што сум ја спасила, свесна сум дека не сме
сами. Секогаш има нешто што доаѓа со нас од таа црна дупка, нешто
што се залепило за нашите чевли. И тешко е да се ослободиш од
тоа.“
Горан се сврти за да ја погледне в очи: „Зошто ми го кажуваш ова?“
„Затоа што темницата е местото од каде што доаѓам. И на
темницата, одвреме-навреме, морам да и се вратам.“

391
36

П отпрена е на ѕидот, со рацете зад глава, во сенките. Колку


долго е овде и ја посматра?
Потоа решава да и се обрати. „Глорија...“
И таа доаѓа кај неа.
На лицето ја има вообичаената љубопитност, но сега на него има
и нешто друго. Сомнеж.
„Се сетив на нешто... имав мачор“, вели Глорија.
„И јас имам: се вика Худини.“
„Дали е убав?“
„Тој е лош“, вели, но веднаш знае дека тоа не е одговорот што
малата момичка сака да го чуе, и затоа се поправа: „Да. Има бело и
кафеаво крзно, секогаш спие и секогаш е гладен.“
Глорија мисли за миг, и потоа повторно прашува: „Зошто мислиш
дека сум го заборавила својот мачор?“
„Не знам.“
„Си помислив... ако сум го заборавила мачорот, исто така ќе
заборавам и многу други нешта. Можеби дури и своето вистинско
име.“
,Ми се допаѓа името Глорија“, вели таа охрабрувајќи ја, мислејќи
на нејзината реакција кога и кажа дека нејзиното име е Линда
Браун.
„Глорија...“
„Да?“
„Дали ќе ми раскажеш за Стив?“
„Стив не сака. И наскоро и ти ќе го засакаш него.“
„Зошто велиш дека не спасил?“
„Затоа што е вистина. Тој го стори тоа.“
„Не ми требаше спас од него.“
„Дали Френки е заканата?“
Глорија се плаши од името. Не може да реши. Не знае дали да
зборува или не. Ја одмерува ситуацијата, потоа се доближува до

392
креветот и изустува со многу тивок глас:
„Френки сака да не повреди. Тој не бара. Затоа мора да останеме
овде, скриени.“
„Не знам ниту кој е Френки, ниту зошто е лут на мене.“
„Тој не ни е лут нам, лут им е на нашите родители.“
„На моите? Зошто?“
Таа не може да поверува, тоа за нејзе е неверојатна приказна. Но
Глорија е многу убедена во тоа.
„Нашите родители го измамија, направија нешто што има врска
со пари.“
Таа повторно звучи како да кажува нешто што позајмила од некој
друг и пасивно го научила наизуст.
„Моите родители никому не му должат пари.“
„Моите родители се мртви. Френки ги уби. Сега ме брка мене за
да ја доврши работата. Но Стив е сигурен дека нема да ме најде
доколку останам овде.“
„Глорија, слушај ме...“
Одвреме-навреме Глорија се оддалечува, и таа мора да ја врати од
онаму каде што заталкала во мислите.
„Глорија, тебе ти зборувам...“
„Да, кажи...“
„Твоите родители се живи. Се сеќавам дека пред некое време сум
те видела на телевизија; учествуваа во некоја телевизиска шоу-
програма и зборуваа за тебе. Ти посакуваа среќен роденден.“
Таа не изгледа како да е изненадена од откритието. Но, сега
почнува да размислува за можноста тоа да е точно.
„Не можам да гледам телевизија. Само лентите што ми ги дава
Стив.“
„Стив. Стив е лош човек, Глорија. Френки не постои. Тој е само
измислица со која Стив се служи за да те држи овде.“
„Тој постои.“
„Размисли за следново: Дали некогаш си го видела?“
Таа размислува и одговара: „Не.“
„Зошто тогаш му веруваш?“

393
И покрај тоа што Глорија е на иста возраст со неа, изгледа многу
помлада од своите дванаесет години. Како мозокот да престанал да
и расте на девет години. Тогаш кога Стив ја киднапираше Лејла
Браун. Затоа секогаш мора малку да подразмисли за нештата.
„Стив ме сака“, повторува, повеќе за да се убеди себеси отколку
поради што и да е друго.
„Не, Глорија, не те сака.“
„Значи, ми велиш дека доколку се обидам и успеам да заминам
одозде, Френки нема да ме убие?“
„Тоа нема никогаш да се случи. И ние ќе живееме заедно, нема да
бидеш сама.“
,Дали ќе бидеш со мене?“
,Да. Но мораме да најдеме начин да избегаме од Стив.“
„Но ти си болна.“
„Знам. И не можам да ја движам раката.“
„Скршена е.“
„Како се случи тоа?“
„Не се сеќавам...“
„Ти падна по скалите кога Стив те донесе овде. Тој е многу лут
поради тоа: не сака да умреш. Тогаш нема да може да те научи како
да го сакаш. Тоа е многу важно, знаеш?“
„Никогаш нема да го засакам.“
Глорија почекува неколку секунди. „Ми се допаѓа името Линда.“
„Тогаш можеш така да ме викаш...“
„Во ред, Линда.“ Таа тоа јасно го изговара, и се насмевнува.
„Значи, сега сме пријателки.“
„Навистина?“
„Кога ќе си ги кажеш имињата еден со друг, станувате пријатели,
зарем никој не ти го кажал тоа?“
„Јас веќе го знам твоето име... ти си Марија Елена.“
,Да, но пријателите ме викаат Мила.“

394
37

И мето на копилето е Стив, Стив Смити.“


Мила го изговори името со презир, додека Горан ја држеше за
рака на огромниот хотелски кревет.
„Тој беше само идиот кој не направил ништо со својот живот. Се
моткаше од една на друга глупава работа, и никаде не успеа да
издржи подолго од еден месец. Повеќето време беше невработен.
Кога му починале родителите, ја наследил куќата – онаа во која не
држеше како затворенички – и парите од осигурителната полиса. Не
многу, но доволно конечно за да го спроведе својот ’голем план’ во
живот.“
Тоа го кажа со претерано нагласување. Потоа одмавна со главата на
перницата, размислувајќи за апсурдноста на приказната.
„Стив ги сакаше девојките, но не се осмелуваше да им пристапи
затоа што пенисот му беше со големина на мало прсте и се плашеше
дека ќе го исмејуваат“ Насмевка слична на одмазднички потсмев за
миг го осветли нејзиното лице. „Затоа почна да се интересира за
деца, сигурен дека со нив ќе има повеќе успех.“
„Се сеќавам на случајот на Линда Браун“, рече Горан. „Само што ја
добив првата работа на Универзитетот. Мислев дека полицијата има
направено неколку грешки.“
„Грешки? Направија хаос! Стив беше еден невешт лигавец, и зад
себе имаше оставено и траги и сведоци! Не можеа да го најдат
веднаш и затоа рекоа дека е умен. А, всушност, беше комплетна
будала! Будала со многу среќа..“
„Но успеа да ја убеди Линда...“
„Ја измачувал, користејќи го нејзиниот страв. Го измислил тој зол
лик – Френки – и му ја дал улогата на лош тип, за да може себеси да
се претстави како добар, како ’спасител’. Тој имбецил дури немаше
ни многу мечта: го нарекол Френки затоа што тоа било името на
желката што ја имал како дете!“
„Успеало.“

395
Мила малку се смири. „Кај дете кое било преплашено и под стрес.
Во такви услови е лесно да го загубиш чувството за реалност. Јас
цело време мислев дека сум во некое проклето дувло и го нарекував
’утробата на монструмот’. Но, над мене имало куќа, а куќата била во
урбана област со многу куќи околу неа, сите исти како неа и сите
нормални. Луѓето поминувале покрај неа и не знаеле дека сум таму
долу. Најлошото е што Линда – или Глорија, како што тој ја прекрсти
со името на една од првите девојки која го одбила – можела слободно
да се движи. Но, не ни помислувала да излезе надвор од куќата, иако
влезната врата речиси постојано била отворена. Не ја заклучувал
дури ниту кога излегувал на прошетка, затоа што бил сигурен дека
приказната за Френки дејствува успешно.“
„Си имала среќа што си излегла жива оттаму“
„Раката ми ја беше зафатила гангрена. Лекарите долго време
очајнички се обидуваа да ја спасат. А и гладував, исто така.
Копилето ми даваше бебешка храна и ме лекуваше со лекови со
изминат рок, што ги украл од еден магацин за лекови. Немаше
потреба да ме дрогира: мојата крв беше толку затруена од
нечистотијата, што е вистинско чудо што сум била свесна!“
Надвор, дождот истураше и го измиваше преостанатиот снег од
улиците. Ненадејни налети на ветер ги помрднуваа завесите.
„Еднаш се разбудив од таквата кома слушајќи како некој го
спомнува моето име. Се обидов да привлечам внимание, но се појави
Линда и ме убеди да не го правам тоа. Затоа ја истргнував мојата
безбедност за малата среќна поволност – да не бидам сама. Но, не
грешев: горе, над мене, навистина биле двајца полицајци кои ја
пребарувале областа. И понатаму ме барале! Да викав малку
погласно, можеби ќе ме слушнеа. Во основа, единственото што не
делеше беше еден тенок дрвен под. Со нив беше и некоја жена, и таа
беше онаа што го извикуваше моето име. Но, таа тоа не го направила
гласно, туку само во своите мисли.“
„Тоа беше Никла Папакидис, нели? Така се запознавте...“
„Да, таа беше. Но, и покрај тоа што не одговорив, таа сепак
слушнала нешто. Затоа доаѓала повторно во неколкуте наредни

396
денови, и ја обиколувала куќата, надевајќи се дека повторно ќе ми го
чуе гласот...“
„Значи, не беше Линда таа која те спаси...“ Мила го собра носот.
„Таа? Таа секогаш го правеше она што ќе го кажеше Стив. Таа
дотогаш веќе беше негов мал, иако недоброволен, соучесник. Три
години тој беше целиот нејзин свет. Според она што таа го знаеше,
Стив беше последниот возрасен кој останал на Земјата. А децата
секогаш им веруваат на возрасните. Но, Стив веќе помислувал да се
ослободи од мене. Бил сигурен дека наскоро ќе умрам, па затоа ја
подготвил дупката под стреата зад куќата.“
Фотографиите од таа дупка ја погодија повеќе од сето друго.
„Кога излегов од куќата, бев повеќе мртва отколку жива. Не бев
свесна дека болничарите ме изнесуваат на носилка, нагоре по истите
скали низ кои ме турна тој акмак Стив кога ме носеше во визбата. Не
можев да ги видам ниту дузините полицајци собрани околу куќата.
Не го слушнав ни ракоплескањето на луѓето кои се беа собрале за да
го прослават моето ослободување. Но, ме следеше гласот на Никла,
која и понатаму ми објаснуваше што се случува и која ми велеше да
не одам накај светлината...“
„Каква светлина?“, љубопитно праша Горан. Мила се насмевна.
„Таа беше уверена дека има светлина. Можеби поради својата вера,
таа веруваше дека умираме затоа што се одделуваме од своите тела и,
откако брзо ќе поминеме низ еден тунел, пред нас се укажува
прекрасна светлина... Никогаш не и кажав дека не видов ништо.
Само темница. Не сакав да ја разочарам.“
Горан се наведна и ја бакна во рамото. „Мора да било ужасно.“
„Имав среќа“, рече таа. И одеднаш помисли на Сандра, момичката
број шест. „Требаше да ја спасам. Но не ја спасив. Каква шанса
имаше таа да преживее?“
„Тоа не е твоја вина.“
„Да, моја вина е.“
Мила се исправи, и понатаму седната на работ од креветот. Горан
повторно ја подаде раката накај неа. Но, веќе не можеше да ја допре.
Можеше да ја погали, но не можеше да ја допре, затоа што таа

397
повторно беше некаде далеку.
Тој го забележа тоа, и ја остави така. „Одам да се истуширам“, рече.
„Морам да одам дома. Му требам на Томи.“
Таа стоеше, неподвижна, додека не го слушна звукот на водата во
бањата. Сакаше да си го исчисти мозокот од тие ужасни спомени, да
има бела празнина во мозокот која може да ја исполни со лесни
спомени какви што децата обично имаат, привилегија што нејзе и
беше одземена.
Дупката под стреата зад куќата на Стив не беше оставена празна.
Нејзините емпатиски способности завршија таму.
Се протегна и од масичката покрај креветот го зеде далечинскиот
управувач за телевизорот. Го вклучи, надевајќи се дека, како водата
со која се тушираше Горан, и бесмислените слики и муабети на ист
начин ќе ги измијат остатоците од сета болка во нејзиниот ум.
На екранот, една жена цврсто држеше микрофон, додека ветрот и
дождот се обидуваа да го истргнат од нејзините раце. Од нејзината
десна страна беше логото на вестите. Под неа, подвижната лента
текст кажуваше дека станува збор за најнова вест. Во заднината,
далеку зад неа, беше куќа опкружена од полиција, а трепкавите
светла на полициските возила се пробиваа низ ноќта.
„...по еден час главниот инспектор Роше ќе даде официјална
изјава. Во меѓувреме, можам да потврдам дека веста е вистинска:
манијакот кој ја тероризираше земјава киднапирајќи и убивајќи
невини мали момички е идентификуван...“
Мила не можеше ниту да се помрдне, нејзините очи се фиксираа на
екранот.
„...тој е напаѓачот, пуштен на условна слобода, кој утрово отвори
оган на двајцата затворски службеници кои ја посетија неговата
куќа поради рутинска проверка...“
Мила не можеше да поверува.
„...откако во болницата почина повредениот затворски
службеник, на самото место се пратени специјалните единици кои
решија да провалат во куќата. По престрелката во која
престапникот е убиен, влегоа во куќата и дојдоа до неочекувано и

398
изненадувачко откритие..!“
„Момичката, кажи ми за малата момичка“
„...заради гледачите кои се вклучија во овој миг, да повторам:
името на напаѓачот е Винсент Кларисо...“
„Алберт“, ја поправи Мила во својата глава.
„...Одделот информира дека шестото дете и понатаму е во
куќата зад мене: веруваме дека во моментот прима прва помош од
медицинската единица за поддршка. Немаме потврда, но се чини
дека малечката Сандра е уште жива“

399
ИЗВЕШТАЈ ОД ЕЛЕКТРОНСКОТО НАБЉУДУВАЊЕ БР. 7
23 ДЕКЕМВРИ
03,25

ТРАЕЊЕ: 1 МИН. 35 СЕК.

ЗАТВОРЕНИКОТ РК-357/9:
... ЗНАЈ, БИДИ ГОТОВ, БИДИ ПОДГОТВЕН [ СЛЕДУВААТ ЗБОРОВИ КОИ СЕ
НЕРАЗБИРЛИВИ] . . . КОИ ГО ЗАСЛУЖУВААТ НАШИОТ ГНЕВ ... НАПРАВИ
НЕШТО ... ДОВЕРБА НАД СЕ ... [ НЕРАЗБИРЛИВА ФРАЗА ] ПРЕМНОГУ ДОБРО,
УДОСТОЈУВА. ... НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ИЗМАМЕН... ЗНАЈ, БИДИ ГОТОВ, БИДИ
ПОДГОТВЕН ... [ НЕРАЗБИРЛИВ ЗБОР ] СЕКОГАШ ИМА НЕКОЈ КОЈ ЌЕ НЕ
КОРИСТИ ... НЕОПХОДНА КАЗНА... СЛУЖИМЕ НАШАТА КАЗНА... НЕ Е
ДОВОЛНО НЕШТАТА ДА СЕ РАЗБЕРАТ, ПОНЕКОГАШ МОРАШ СООДВЕТНО ДА
РЕАГИРАШ ... ЗНАЈ, БИДИ ГОТОВ, БИДИ ПОДГОТВЕН [ НЕРАЗБИРЛИВ ЗБОР ]
... УБИЈ, УБИЈ, УБИЈ, УБИЈ, УБИЈ, УБИЈ, УБИЈ, УБИЈ, УБИЈ, УБИЈ, УБИЈ, УБИЈ,
УБИЈ, УБИЈ.

400
38

Оддел за бихевиорисшички науки 25 февруари

В инсент Кларисо беше Алберт. Или не беше?


Беше надвор од затворот помалку од два месеца, откако
отслужи дел од казната за оружен грабеж.
Штом се најде на слобода, почна да го спроведува својот план.
Нема докази за насилство. Нема симптоми на ментално заболување.
Ништо што би можело да го обележи како потенцијален сериски
убиец.
Оружениот грабеж бил „стапица“, така тврдеа адвокатите кои го
бранеа Винсент пред судот. Глупост на еден млад човек кој е
сериозно зависен од кодеин. Кларисо потекнува од добро буржоаско
семејство, неговиот татко бил адвокат, а мајка му била наставничка.
Студирал, завршил за медицински помошник. Едно време работел во
болница, како болничар во операциона сала. Веројатно таму се
здобил со знаењето потребно за да ја одржи Сандра во живот по
ампутацијата на раката.
Хипотезата на тимот на Гавила дека Алберт можеби е лекар не
била далеку од вистината.
Винсент Кларисо дозволил сите овие искуства да фатат место во
ембрионскиот слој од неговата личност, пред да стане монструм.
Но Мила не веруваше во тоа.
„Не е тој“, си повторуваше себеси додека со такси одеше накај
зградата на Федералната полиција.
Откако на телевизија ја слушна веста, Горан помина дваесетина
минути на телефон со Стерн, кој му ги раскажа најновите
информации. Под внимателниот надзор на Мила, криминологот
чекореше горе-долу низ хотелската соба. Потоа се разделија. Тој ја
повика госпоѓа Руна да остане ноќта со Томи и веднаш побрза до
местото каде што беше најдена Сандра. Мила сакаше да оди со него,

401
но немаше повеќе оправдување за нејзиното присуство. Се
договорија да се најдат подоцна, во Одделот за бихевиористички
науки.
Полноќта беше одминала, но градот беше жив. Луѓето излегуваа на
улици, без оглед на дождот, за да го прослават крајот на кошмарот.
Беше како сред новогодишна забава, затоа што свиреа автомобилски
сирени и сите се прегрнуваа со секого. Како дополнување на
сообраќајниот метеж, на патиштата беа поставени блокади за да се
оневозможи бегство на соучесниците на Кларисо, но исто така, и за
да се спречат љубопитните да навлезат во областа каде што се
случуваше епилогот на приказната.
Кога такси-возилото застана на пешачки премин, Мила можеше да
го слушне извештајот на новинарот на радиото. Теренс Моска беше
човекот на часот. Решавањето на случајот беше среќна околност. Но
како што честопати се случува, единствениот кој профитираше од
тоа, беше првиот човек на операцијата.
Уморна од чекањето да се помрднат возилата во колоната пред неа,
реши да му се противстави на дождот кој истураше и да излезе од
такси-возилото. Зградата на Федералната полиција беше само
неколку улици подалеку, затоа ја крена качулката на својата јакна и
продолжи пеш, задлабочена во своите размислувања.
Ликот на Винсент Кларисо не соодветствуваше со профилот на
Алберт кој го направи Гавила.
Според криминолозите, нивниот човек ги користел телата на шесте
момички како еден вид показатели. Ги поставувал на специфични
места за да се откријат злосторства кои никогаш не излегле во
јавноста, но за кои тој самиот имал сознанија. Нивната хипотеза
беше дека тој бил таен соработник на тие криминалци, и дека сите
тие некогаш во животот се запознале.
Тие се волци. А волците често ловат во глутница. Секоја глутница
има свој шеф. А Алберт ни вели дека тој е шефот, велеше Горан.
Мила беше уште повеќе уверена во тоа дека Алберт не е шефот
кога слушна за возраста на серискиот убиец – триесет години.
Премногу е млад за да го познава Роналд Дермис како момче во

402
сиропиталиштето, а уште повеќе Џозеф Б. Рокфорд – всушност, таа и
нејзиниот тим заклучија дека тој мора да е на возраст меѓу педесет и
шеесет години. Тој, исто така, не одговараше ниту на описот што го
даде Никла откако го виде во мислите на мултимилијардерот.
И, додека одеше по дождот, Мила откри уште нешто што го засили
нејзиниот скептицизам: Кларисо беше в затвор кога Фелдер ги
масакрираше Ивона Грес и нејзините деца во вилата во Капо Алто,
така што не можел да биде сведок на масакрот и да остави трага во
крв на ѕидот!
Не е тој, прават грешка. Но Горан ќе забележи, и стурна сум дека
во овој миг им го кажува тоа.
Стигна до седиштето на Федералната полиција и стана свесна дека
во ходниците владее вистинска еуфорија. Полицајците се тапкаа по
грб, многумина од нив беа вратени од местото на злосторството,
уште беа облечени во униформите на тимот за брзи интервенции, и
ги раскажуваа најновите информации. Потоа извештајот се
пренесуваше од уста на уста и се збогатуваше со детали.
Мила ја пресретна еден полицаец кој и рече дека главниот
инспектор Роше бара веднаш да ја види.
„Мене?“, праша таа вџасена.
„Да, Ве чека во својата канцеларија.“
Додека се качуваше по скалите, помисли дека Роше ја повикал
затоа што забележал дека нешто не соодветствува во
реконструкцијата на настаните. Можеби сета таа возбуда што ја виде
во ходниците наскоро ќе се смири или ќе ја снема.
Имаше само неколку комплетно облечени службеници во Одделот
за бихевиористички науки, и – никој од нив не славеше. Атмосферата
беше иста како и секој друг ден, освен што беше ноќно време и што
сите беа на работа.
Мораше долго да почека, пред секретарката на Роше да ја повика да
влезе во неговата канцеларија. Додека беше надвор, Мила можеше да
наслушне некои од зборовите на главниот инспектор, кој веројатно
разговараше по телефон. Но кога влезе внатре, виде дека не е сам.
Горан Гавила беше со него.

403
„Влезете, офицер Васкез“, Роше ја повика со рака. Тој и Горан
стоеја на спротивни страни од масата.
Мила влезе, пристапувајќи му на Гавила. Тој малку се сврти накај
неа, со неопределено кимање со главата. Целосно ја беше снемало
интимноста што ја споделуваа само еден час порано.
„Само што му кажав на Горан дека сакам двајцата да бидете на
прес-конференцијата што ќе ја држам утре изутрина. Капетан Моска
се согласува со мене. Немаше никогаш да го фатиме без вашата
помош. Мораме да ви се заблагодариме.“
Мила не можеше да го скрие изненадувањето. А виде и дека Роше е
збунет од нејзината реакција.
„Сер, со најголема почит... Мислам дека правиме грешка.“
Роше се сврти кон Горан. „Што зборува таа, да му се сневиди?“
„Мила, во ред е“, рече мирно криминологот.
„Не, не е. Овој тип не е Алберт, има премногу несогласувања, и
јас...“
„Нема ова да го кажеш на прес-конференцијата?“, протестираше
главниот инспектор. „Ако нештата се вакви, тогаш не можеш да
учествуваш.“
„Стерн ќе се согласи.“
Роше поттурна лист хартија од својата маса. „Специјалниот агент
Стерн поднесе неотповиклива оставка.“
„Што? Што се случува, по ѓаволите?“, Мила не можеше да
поверува. „Овој Винсент не соодветствува на профилот.“
Горан се обиде да објасни, и таа за миг во неговите очи ја виде
истата нежност со која ги бакнуваше нејзините лузни. „Има дузини
докази кои велат дека тој е нашиот човек. Вежбанки полни со
белешки за киднапирање деца и за тоа каде да се остават нивните
тела, нацрти на безбедносниот систем во Капо Алто, план на
интернатот на Деби Гордон и електронски и компјутерски
прирачници кои се доказ дека Кларисо почнал да ги проучува уште
додека бил во затворот...“
„А дали ги пронајдовте и врските со Александар Берман, Роналд
Дермис, Фелдер и со Рокфорд?“, праша Мила, разбеснета.

404
„Цел тим работи и се уште откриваат траги. Ќе видиш дека ќе
излезе нешто и за тие врски.“
„Тоа не е доволно, мислам дека...“
„Сандра го идентификуваше“, ја прекина Горан. „Ни рече дека тој е
оној кој ја киднапирал.“
Мила за миг се фокусира врз тоа. „Како е таа?“
„Лекарите се оптимисти.“
„Дали си сега задоволна?“, се уфрли Роше. „Ако сакаш да ми
предизвикаш проблеми, би требало веднаш да си одиш дома.“
Во тој миг, од интерфонот се слушна гласот на секретарката која на
главниот инспектор му рече дека градоначалникот сака веднаш да го
види, и дека треба веднаш да тргне. Роше го зеде своето палто од
столот и тргна, но претходно му рече на Горан: „Кажи им дека
официјалната верзија е следнава – или се согласувате, или откачете
се!“ Потоа излезе, треснувајќи ја вратата зад себе.
Мила се понадева дека Горан ќе и каже нешто поинакво сега, кога
беа сами. Но, наместо тоа, тој рече: „За несреќа, сите грешки беа
наши.“
„Како можеш да го кажеш тоа?“
„Целосно потфрливме. Креиравме погрешна трага и слепо ја
следевме. А јас сум главниот виновник за тоа – сите претпоставки
беа мои.“
„Зар не се прашуваш како Винсент Кларисо знаел за сите оние
криминалци? Тој беше оној што ни овозможи да ги фатиме.“
„Не е поентата во тоа... Поентата е зошто ни требаше толку многу
време за да го фатиме?“
„Мислам дека во моментов не си објективен, и мислам дека можам
да погодам зошто е така. Во времето на случајот на Вилсон Пикет,
Роше ти го зачува угледот и ти помогна да го зачуваш тимот кога
твоите шефови сакаа да го распуштат. Ти сега ја возвраќаш услугата
– доколку ја прифатиш оваа верзија на настаните, ќе одземеш малку
од славата на Теренс Моска и ќе му помогнеш да ја задржи
функцијата главен инспектор!“
„Доста е!“, експлодира Горан.

405
Неколку секунди молчеа и двајцата. Потоа криминологот тргна
накај вратата.
Таа остана сама во собата, со стиснати тупаници. Се проколнуваше
и себеси и тој миг. Потледот и се задржа на писмената оставка на
Стерн. Ја зеде. Во неколкуте формални реченици немаше трага од
вистинските причини за неговото повлекување. Но, за неа беше
очигледно дека специјалниот агент мора да се почувствувал
предаден, првин од Сара Роса, а сега и од Горан. Сево ова беше
грешка. Таа мораше да влезе во леглото на монструмот.

406
39

Т ркалата на такси-возилото ја распрскаа наоколу водата


насобрана на асфалтот, но, за среќа, дождот престана. Улиците
блескаа како сцена од мјузикл. Се чинеше дека во секој миг може да
се појави некој брилијантен танчар во вечерен костум.
„Ова е најдалеку до каде што можете да стигнете“, рече таксистот,
свртувајќи се накај неа.
„Во ред е. Стигнав.“
Плати и излезе од автомобилот. Пред неа имаше кордон полицајци
и дузини автомобили со трепкави светла. Комби возилата на
различните телевизиски канали беа наредени на улицата.
Камерманите ги имаа подготвено своите камери и насочено така што
постојано да имаат добар поглед на куќата.
Мила дојде на местото каде што се почна. Сцената на
злосторството со славно име нулта место.
Куќата на Винсент Кларисо.
Се уште не знаеше како ќе помине низ полициските блокади и како
ќе влезе во куќата. Ја извади својата пропусница и ја стави на вратот,
надевајќи се дека никој нема да забележи дека ги нема потребните
овластувања.
Додека се доближуваше, ги препознаваше лицата на колегите што
ги забележа во ходниците на Одделот. Некои од нив држеа
импровизирани состаноци, собрани околу автомобилите. Другите беа
на пауза за да каснат нешто и да се напијат кафе. Го забележа и
комбито на медицинските истражители. Ченг пишуваше извештај,
седнат пред вклучен екран, и не ја ни крена главата додека таа
поминуваше покрај него.
„Еј, каде одите?“
Се заврти и виде еден премногу дебел полицаец како оди накај неа.
Немаше подготвено образложение; требаше да размисли за тоа пред
да дојде, и сега веројатно нешто ќе оплеска.
„Таа е со мене.“

407
Накај нив доаѓаше Креп. Научникот имаше фластер на вратот, од
кој како да излегуваа глава и канџи на некој крилест змеј, очигледно
најновата тетоважа. Тој се сврти накај полицаецот: „Оставете ја. Таа
е лице со овластувања“
Полицаецот го прифати неговото објаснување и се сврти за да
замине таму од каде што и дојде.
Мила погледна во Креп, несигурна што би требало да каже. Тој и
намигна и потоа си продолжи по својот пат. На извесен начин, не
беше чудно што и помогна, помисли Мила. И двајцата – иако на
различен начин – носат знаци на своето лично минато отпечатени на
нивната кожа.
Патеката која водеше до влезната врата на куќата беше коса. На
чакалот имаше фишеци останати по пукотницата во која Винсент
Кларисо го загубил животот. Влезната врата беше извадена од
шарките, за да се влегува полесно.
Штом стапна внатре, Мила почувствува силен мирис на средства за
дезинфекција.
Дневната соба беше наместена со мебел во стилот на
седумдесеттите. Софата беше декорирана со кругови и уште беше во
пластичното пакување. Во каминот гореше слаб оган. На ѕидовите
имаше тапети со големи кафеави стилизирани цвеќиња кои прилегаа
на змеј.
Наместо халогени светилки, собата беше осветлена со светилки
поставени на масите. И тоа беше знак за новиот курс што го презеде
Теренс Моска. Нема „сцена“ за капетанот. Се мора да биде трезвено.
Полиција од старата школа, помисли Мила. А во кујната го здогледа
Моска, како држи мал самит со своите најблиски соработници. Ја
избегна таа насока: мораше да остане колку што може
понезабележлива.
Чевлите на сите им беа прекриени со пластични калоши и сите
носеа латекс гумени ракавици. И Мила ги стави и почна да
разгледува, движејќи се наоколу заедно со другите.
Еден детектив ги вадеше книгите од библиотеката. Една по една.
Ќе земеше книга, брзо ќе ја прелисташе и ја ставаше на подот. Друг

408
ги прегледуваше плакарите. Трет ги класифицираше украсите.
Онаму каде што предметите уште не беа истражени и поместени, се
беше опсесивно педантно подредено.
Немаше прав и се можеше да биде каталогизирано само со поглед,
небаре се имаше свое посебно место.
Мила не знаеше што треба да бара. Беше таму само затоа што беше
природно да се почне оттаму. Мораше да види дали навистина
станува збор за Алберт. Мораше да дознае зошто петтото тело беше
пронајдено во студиото.
Мила го откри изворот на мирис на средство за дезинфекција кога
ја виде собата на крајот од краткиот ходник.
Тоа беше аскетска соба, со болнички кревет покриен со шатор за
кислород. Имаше и големи количества лекови, стерилна облека и
медицинска опрема. Тоа беше операционата сала во која Винсент им
ги вршел ампутациите на своите мали пациенти, а потоа ја претворил
во соба во која ја одржувал Сандра во живот.
Одејќи до другата соба, забележа еден полицаец кој гледаше во
плазма-екранот со дигитална фото камера вклучена во него. Пред
екранот беше фотелја со аудио-сараунд звучници околу неа. Од двете
страни на телевизорот имаше цел ѕид мини-Ди-Ви-Ди касети,
класифицирани само според датумите. Детективот една по една ги
ставаше во камерата за да ја прегледа нивната содржина.
Во овој миг, гледаше снимки од некое игралиште. Деца како се
забавуваат во некој сончев зимски ден. Мила ја препозна Каролина,
последната мала момичка која Алберт ја киднапира и ја уби.
Винсент Кларисо методично ги проучувал своите жртви.
„Еј, може ли некој да ми помогне со ова? Не знам ништо за
електрониката!“, рече полицаецот обидувајќи се да го паузира
филмот. Кога ја забележа на вратата, во еден миг на лицето имаше
среќен израз како да добил одговор на својата молба, и покрај тоа
што веднаш потоа му стана јасно дека ја нема видено никогаш
порано. Пред да може да каже нешто, Мила продолжи по својот пат.
Третата соба беше најважна.
Внатре беше една маса од челик, а ѕидовите беа прекриени со

409
белешки и со ливчиња во најразлични бои и со секакви други нешта.
Материјалот до детали го разработуваше планот на Винсент. Мапи
на улиците и временски распореди. Нацрт на интернатот на Деби
Гордон, и нацрт на сиропиталиштето. Тука беше и регистарската
табличка на Александар Берман, како и рутите на неговите бизнис-
патувања. Фотографии на Ивона Грес и на нејзините деца, и слика на
депонијата на Фелдер. Имаше и исечоци од социјалните списанија за
богатството на Џозеф Б. Рокфорд. И, очигледно, фотографии на
убиените момички.
На челичната табла имаше и други графички прикази, со
збунувачки одредници. Небаре работата одненадеж била прекината.
Скриено меѓу листовите хартија – можеби засекогаш – беше
финалето што серискиот убиец го имаше замислено за својот план.
Мила се заврти и се стаписа. Ѕидот кој до тој миг беше зад неа,
беше целосно покриен со фотографии на кои беа членовите на тимот
истражители за насилни криминални дела снимени додека работат.
На фотографиите ја имаше и неа.
Сега и навистина сум во утробата на монструмот...
Винсент секогаш одблизу имал увид во она што го работеле.
„Лајна! Може ли некој да ми помогне со ова?“, се слушна гласот на
полицаецот од другата соба. „Добар ли си, Фред?“
Барем некој дошол да му помогне.
„Како можеш да кажеш такво нешто кога знаеш што гледам? И
како да класифицирам нешто што не знам што е?“
„Да видам...“
Мила се повлече од ѕидот со фотографиите, подготвувајќи се да
замине од куќата. Додека поминуваше покрај собата со телевизорот,
забележа нешто на екранот. Местото кое полицаецот по име Фред и
неговиот колега не можеа да го идентификуваат.
„Ова е некој стан, што друго да кажам?“
„Да, ама што да напишам во извештајот?“
„Напиши ’непознат стан’.“
„Дали си сигурен?“
„Да. Некој друг ќе открие каде е тоа.“

410
Но Мила знаеше каде е тој стан.
Во тој миг ја забележаа и се свртија накај неа, додека таа не
можеше да го тргне погледот од екранот.
„Можеме ли да Ви помогнеме?“
Таа не одговори ништо и си замина оттаму. Додека брзаше низ
дневната соба, погледна дали нејзиниот мобилен телефон е во џебот.
Се јави на бројот на Горан.
Кога тој одговори, таа веќе беше надвор од куќата.
„Што се случува?“
„Каде си сега?“, во нејзиниот глас се чувствуваше паника.
Тој не забележа. „Се уште сум во Одделот, се обидувам да
организирам Сара Роса да ја посети својата ќерка во болницата.“
„Кој е кај тебе дома во моментов?“
Горан почна да се загрижува. „Госпоѓа Руна е со Томи. Зошто?“
„Мора веднаш да одиш таму.“
„Зошто?“, повтори тој загрижено.
Мила помина покрај група полицајци. „Винсент има снимки од
твојот стан.“
„Што значи тоа?“
„Дека го пребарал твојот стан... што доколку имал соучесник?“
Горан за миг остана без зборови. „Дали и понатаму си на местото
на злосторството?“
„Да.“
„Тогаш си поблиску од мене. Замоли го Теренс Моска да ти даде
неколцина полицајци и оди до мојот стан. Јас во меѓувреме ќе ја
повикам госпоѓа Руна и ќе и кажам да се заклучат.“
„Добро.“
Мила го затвори телефонот, а потоа тргна назад кон куќата за да
разговара со Моска.
И да се надеваме дека нема да поставува премногу прашања.

411
40

М ила, госпоѓа Руна не се јавува на телефон!“


Веќе беше мугра.
„Не грижи се, речиси сме таму, нема да ни треба уште долго.“
„Јас сум на пат. Ќе бидам таму за неколку минути.“
Со чкрипење на гумите, полицискиот автомобил запре во мирната
улица на една богата населба. Жителите на околните куќи и натаму
спиеја. Само птиците имаа почнато да го поздравуваат новиот ден,
наредени во дрвјата и врз покривите.
Мила потрча кон влезната врата. Неколкупати заѕвони на ѕвончето.
Никој не се јавуваше. Потоа заѕвони на друго ѕвонче.
„Да, кој е?“
„Полиција, господине; Ве молам, отворете.“
Електронската брава се отвори автоматски. Мила ја турна вратата и
се стрча кон третиот кат, следена од двајцата полицајци кои дојдоа
со неа. Не го употребија товарниот лифт туку скалите, за да стигнат
побрзо.
Те молам, не дозволувај ништо да се случи... те молам, малиот да
е добро...
Мила го откриваше божественото суштество во кое одамна имаше
престанато да верува. Иако тоа беше истиот Господ кој, со помош на
дарбата на Никла Папакидис, ја спаси од незиниот мачител. Имаше
видено премногу деца со помалку среќа од неа за да може да ја
одржува својата верба.
Те молам, не дозволувај да се случи повторно, не давај да се случи
повторно...
Штом стигна на третиот кат, Мила веднаш почна да чука на
затворената врата.
Можеби госпоѓа Руна има длабок сон, помисли. Сеѓа ќе дојде и ќе ја
отвори вратата и се ќе биде в ред.
Но ништо не се случи.
Еден од полицајците застана пред неа. „Дали сакате да ја отвориме

412
вратата со сила?“
Немаше доволно воздух за да одговори, и само потврдно кимна со
главата. Виде како малку се залетуваат и како удираат во вратата.
Таа се отвори.
Тишина. Но не нормална тишина. Празна, сурова тишина.
Безживотна тишина.
Мила го извлече својот пиштол и тргна пред полицајците.
„Госпоѓо Руна!“
Нејзиниот глас одекнуваше во собите, но никој не одговараше. Со
глава им даде знак на двајцата полицајци да се раздвојат. Таа тргна
накај спалната соба.
Додека бавно се движеше низ ходникот, почувствува трпки во
десната рака, со која цврсто го стегаше пиштолот. Чувствуваше дека
нозете и стануваат тешки и дека мускулите на лицето и се затегаат
затоа што се џареше со очите.
Дојде до собата на Томи. Вратата беше полуотворена. Ја поттурна
со слободната рака и погледна во собата. Ролетните беа спуштени, но
ламбата во облик на кловн се вртеше правејќи на ѕидот фигури на
циркуски животни. Во креветот потпрен на ѕидот можеше да се
забележи како леш едно мало тело.
Беше свиткано во позиција на фетус. Мила внимателно тргна
натаму.
„Томи...“, рече со тивок глас. „Томи, разбуди се...“
Но малото тело не се помрднуваше.
Кога стигна до креветот, го остави пиштолот покрај ламбата. Лошо
се чувствуваше. Не сакаше да го потргне ќебето, не сакаше да го
открие она што веќе го знаеше. Всушност, сакаше да се откаже од
сево ова и веднаш да ја напушти собата. Да не мора, покрај сето
друго, да се соочи уште и со ова. Проклетство! Многупати видела
како се случува истото, и сега се плашеше дека и ова ќе заврши исто
како и секогаш.
Но, се присили да ја испружи раката до работ на ќебето. Го зграпчи
за аголот и во истиот миг го повлече.
Неколку секунди само така стоеше држејќи го ќебето со раката,

413
загледана во очите на едно старо мече кое и се насмевнуваше со
побожен и непроменлив израз.
„Се извинувам...“
Мила се сепна. Двајцата полицајци ја гледаа од вратата.
„Овде има една заклучена врата.“
Мила само што сакаше да им нареди да ја отворат со сила, кога
слушна како Горан влегува во станот и го повикува својот син:
„Томи! Томи!“
Таа тргна накај него. „Не е во својата соба.“ Горан беше очаен.
„Како мислиш не е тука? Каде е?“
„Долу има една заклучена соба, знаеш ли за тоа?“ Збунет и
анксиозен, Горан не ја разбра. „Што?“
„Собата е заклучена...“
Криминологот се стаписа... „Слушна ли?“
„Што?“
„Тој е...“
Мила не разбираше. Горан ја оттурна и брзо тргна накај работната
соба.

К ога го виде својот син како се крие зад масата од махагони, не


можеше да ги задржи солзите. Се наведна под масата и цврсто
го прегрна. „Тато, многу бев исплашен...“
„Да, знам, љубов. Но сега се е готово“
„Госпоѓа Руна замина. Се разбудив и таа не беше тука...“
„Но сега јас сум тука, во ред?“

М ила и понатаму стоеше на вратата, и го врати пиштолот во


футролата, убедена од она што го кажуваше Горан кога клекна
под масата.
„Сега ќе ти донесам појадок. Што би сакал да јадеш? Дали крофни
се во ред?“
Мила се насмевна. Ужасот помина.

414
Горан повторно рече: „А-јде, дај да те кренам...“
Потоа го виде како се појавува од под масата, обидувајќи се да се
одржи на нозе.
Но, тој во своите раце не држеше мало момче.

Б и сакал да се запознаеш со една моја пријателка. Нејзиното име е


Мила...“
Горан се надеваше дека Мила ќе му се допадне на неговиот син.
Често беше срамежлив во присуство на непознати луѓе. Томи не рече
ништо, само покажа на нејзиното лице. Потоа Горан повнимателно
се загледа; таа плачеше.

С олзите дојдоа одненадеж, којзнае од каде. Но, овојпат болката не


беше со механичко потекло. Раната што се отвори не беше во
нејзиното месо.
„Што е? Што се случува?“, ја праша Горан, однесувајќи се како
навистина во рацете да држи човечко суштество.
Таа не знаеше што да каже. Тој не изгледаше како некој кој се
преправа. Горан навистина мисли дека враце го држи својот син.
Во меѓувреме, двајцата полицајци кои ја придружуваа стоеја и ги
гледаа, беа подготвени да реагираат ако треба. Мила со главата им
покажа да останат таму каде што се.
„Почекајте ме долу.“
„Но не...“
„Одете долу и јавете се во Одделот, и кажете им да го испратат
агентот Стерн. Доколку чуете истрел, немојте да се грижите; тоа би
требало да сум јас.“
Неволно, двајцата полицајци ја послушаа. „Што се случува, Мила?“,
праша Горан со беспомошен глас. Се чинеше толку исплашен од
вистината што не можеше на ниту еден начин да реагира. „Зошто
сакаш да дојде Стерн?“
За да го замолчи, Мила му го стави прстот на уста.

415
Потоа се сврти и отиде назад во ходникот. Тргна накај собата со
заклучена врата. Истрела во бравата и таа се распадна, а потоа Мила
ја турна вратата.
Собата беше темна, но можеше да се почувствува мирис на тела во
распаѓање. На големиот брачен кревет лежеа две тела.
Едно големо, другото помало.
Поцрнетите скелети, и понатаму покриени со остатоци кожа која
прилегаше на платно, беа прегрнати.

Г оран влезе во собата. Помириса. Ги виде телата.


„О, мој Боже“, рече, неспособен да разбере кому му припаѓаат
овие две тела во неговата спална соба. Се сврти накај ходникот за да
спречи Томи да влезе... но не можеше да го види.
Погледна назад во креветот. Тоа мало тело. Вистината се струполи
врз него со безмилосна силина. И тогаш, се сети на се.

М ила го најде покрај прозорецот. Гледаше надвор. По денови


снег и дожд, сонцето повторно изгреа.
„Ова се обидуваше да ни го каже Алберт со петтата момичка.“
Горан ништо не рече.
Нејзиниот здив беше како стакло кое се крши секогаш кога ќе се
обидеше да земе воздух. „Зошто?“, праша Мила, со одвај чуен глас
кој се кршеше во нејзиното грло.
„Затоа што, откако замина, таа повторно се врати во куќава.
Сакаше да ми го одземе единственото нешто што ми остана да го
сакам. А тој сакаше да замине со неа...“
„Зошто?“, повтори Мила, неспособна да ги задржи солзите кои сега
се лееја.
„Едно утро се разбудив и го слушнав гласот на Томи како ме
довикува од кујната. Отидов таму и го видов како седи на своето
вообичаено место. Побара да му придготвам појадок. А јас бев толку
среќен што заборавив дека не е тука...“

416
„Зошто?“, го преколнуваше таа.
Овојпат, тој долго размислуваше пред да одговори: „Затоа што ги
сакав.“
И пред таа да може да го запре, тој го отвори прозорецот и се фрли
во длабочината.

417
41

С екогаш сакаше пони.


Памтеше колку ја тормозеше мајка си да и дозволи да има
пони. Без да размислува дека онаму каде што живееја нема место
каде што би можело да живее еден пони. Дворот од задниот дел на
куќата беше премногу мал, а покрај гаражата имаше едно тесно
парче земја каде што дедо и ја направи својата бавча со зеленчук.
Па, сепак, таа постојано инсистираше. Нејзините родители мислеа
дека, порано или подоцна, ќе се откаже од својата смешна желба, но
за секој роденден и во секое писмо до Дедо Мраз таа постојано ја
кажуваше истата желба.
Кога Мила излезе од утробата на монструмот за да си дојде дома,
по дваесет и еден ден затвор и по три месеци в болница, најде едно
прекрасно кафеаво и бело пони како ја чека во дворот.
Нејзината желба беше исполнета. Но таа не можеше да ужива во
неа.
Татко и побарал услуга од неколцина луѓе и убедил неколкумина
од своите пријатели заедно да постигнат добра цена. Нејзиното
семејство не се тркалаше во пари, и дома секогаш мораа да се стегаат
и да штедат. Економските услови беа главната причина што таа
остана единица.
Нејзините родители не можеа да си дозволат да и подарат брат или
сестра, затоа и купија пони. А таа не беше среќна поради тоа.
Толку многу пати замислуваше како конечно го добива тој подарок.
Постојано зборуваше за тоа. Замислуваше како го гушка, како става
разнобојни панделки во неговата грива и како темелно го четка.
Понекогаш ја тераше својата мачка да го помине истиот третман.
Можеби Худини затоа ја мразеше и се држеше настрана од неа.
Има причина зошто децата толку многу ги сакаат пони коњите.
Затоа што тие никогаш не пораснуваат и затоа што ги прават
бесмртни спомените на детството. Состојба на која може само да се
завидува.

418
Всушност, откако беше ослободена, Мила единствено сакаше
одеднаш да порасне, да воспостави дистанција меѓу себе и она што и
се случи. И, со малку среќа, можеби некогаш ќе може да заборави.
Но понито, кое немаше апсолутно никаква шанса да порасне, за неа
претставуваше неподнослив пакт со времето.
Кога беше извлечена, повеќе мртва отколку жива, од смрдливата
визба на Стив, за неа почна нов живот. По три месеци што ги помина
в болница за да може повторно да ја употребува левата рака, мораше
повторно да ја воспостави довербата во некои нешта во светот, не
само во секојдневниот живот дома, туку и со своите емоции.
Грациела, нејзината најдобра пријателка, со која, пред да исчезне,
го прослави обредот на сестринство, сега чудно се однесуваше кон
неа. Таа веќе не беше истата онаа со која секогаш дисциплинирано и
ригорозно ја делеше последната мастика за џвакање од пакетчето,
онаа која се срамеше да моча пред неа, онаа што ја „бакна по
француски“ за да вежбаат за мигот кога ќе дојдат момчињата. Не,
Грациела беше поинаква. Разговараше со неа со вештачка насмевка
на лицето, и Мила беше загрижена дека ако продолжи така да прави,
образите наскоро ќе почнат да ја болат. Се убедуваше да биде фина и
мила, дури и престана да ја задева, иако само до неодамна се
нарекуваа со имиња како „смрдлива стара крава“ и „абрашлива
развратничка.“
Ги боцнаа своите показалци со ’рѓосана шајка за да останат
пријателки секогаш, затоа што ниту едно момче никогаш нема да
застане меѓу нив. И, наместо да биде така, беа доволни само неколку
месеци да се појави јаз кој никогаш нема да може да се пополни.
Кога ќе се размисли, тоа боцнување со ’рѓосана шајка беше првата
рана што Мила некогаш ја имала. Но, кога заздрави, уште повеќе ја
болеше.
„Престанете да се однесувате со мене како да сум се вратила од
Месечината“, сакаше да им викне на сите. А, пак, изразот на лицето
на луѓето! Ги вртеа главите на другата страна и ги стискаа устите.
Дури и на училиште, каде што никогаш не била одлична, нејзините
грешки сега великодушно се толерираа.

419
Беше уморна од попувањето на другите луѓе. Се чувствуваше како
да е во црно-бел филм, како оние што ги прикажуваат на телевизија
во ситните саати, во кои жителите на Земјата се заменети со клонови
од Марс, а таа се спасила затоа што била во тоа чудно дувло.
Имаше две можности. Или светот навистина се променил, или по
дваесет и еднодневно носење, монструмот родил нова Мила.
Никој околу неа не го спомнуваше она што се случило. Ја оставија
да живее како да е затворена во балон, како да е направена од стакло
и како да може секој миг да експлодира и да се распрска на парчиња.
Не разбираа дека единствено сака малку автентичност по сета
илузија на која беше изложена.
По единаесет месеци, почна судењето на Стив.
Долго чекаше на тој миг. Јавниот обвинител полагаше многу надеж
во неа, затоа што нејзините преплашени содружнички затворенички
и понатаму го бранеа својот мачител. Таа бараше повторно да ја
викнат Глорија. Лекарите рекоа дека Линда страда од сериозни
ментални проблеми. Затоа, од Мила зависеше Стив да биде тргнат.
Во месеците по апсењето, Стив направи се што можеше за да се
претстави како ментално болен. Измислуваше апсурдни приказни за
хипотетички соучесници кои, велеше, се единствените што ги
почитува. Се обидуваше да го убеди светот во приказната што ја
употреби и кај Линда. Онаа за Френки, неговиот зол соучесник. Но
тоа наскоро беше побиено, кога полицијата откри дека тоа е името на
желката што ја имал како дете.
Но, луѓето сепак ја проголтаа приказната. Стив беше премногу
„нормален“ за да биде монструм. Премногу како нив самите.
Парадоксално, но идејата дека зад тоа стои некој друг, некој уште
непознат, вистинскиот монструм – ги разубеди.
Мила дојде на судењето решена да ја фрли целата вина врз Стив,
одмаздувајќи му се за она што и го стори. Ќе направи да изгние в
затвор, и поради тоа беше подготвена да ја игра улогата на невина
жртва, која, дотогаш, тврдоглаво одбиваше да ја игра.
Седна на клупата за сведоци, со лице кон кафезот во кој беше Стив
со лисици на рацете, и планираше се да каже без дури и да го симне

420
погледот од него.
Но кога го виде – во таа зелена кошула закопчана до врат,
преголема за него затоа што сега беше уште послаб и поковчест, со
раце кои се тресеа додека се обидуваше да фаќа белешки, со коса
која сам си ја потстрижуваше и која сега на едната страна беше
многу подолга – почувствува нешто што никогаш дотогаш не го
почувствувала – сожалување, но исто така и бес кон тој клетник,
токму затоа што го жалеше.
Тоа беше последниот пат кога Мила Васкез почувствува емпатија
за некого.

К ога ја откри тајната на Горан, липаше.


Зошто?
Сеќавањето запретано некаде длабоко во неа и велеше дека тоа се
солзи од емпатија.
Одеднаш некаде во неа експлодира браната, ослободувајќи
изненадувачки спектар емоции. Сега дури веруваше дека знае што
чувствуваат луѓето.
Како кога Роше се појави на местото, таа знаеше дека тој е свесен
дека деновите му се изброени, затоа што неговиот кум, врвот на
неговиот специјален тим, го внесол во најлошата можна отровна
мамка.
Теренс Моска, од друга страна, беше како фатен меѓу радоста
заради сигурното унапредување и непријатноста поради мотивите за
него.
Беше свесна за чувството на непријатност што го имаше Стерн
штом го помина прагот на куќата. И веднаш знаеше дека тој ќе ги
засука ракавите за да внесе малку ред во овој ужасен случај.
Емпатија.
Единствената личност за која ништо не можеше да почувствува
беше Горан.
Таа не падна во стапицата на Стив како Линда – Мила никогаш не
поверува во постоењето на Френки. Наместо тоа, подлегна на

421
илузијата дека во оваа куќа живее едно мало момче, Томи. Слушаше
за него. Но, исто така го слушаше и татко му како телефонира кај
дадилката за да праша како е и за да му посака добра ноќ. Дури
веруваше и дека го видела додека Горан го ставал в кревет. Никогаш
нема да може да си прости себеси за тие нешта, затоа што тие
направија да се чувствува како будала.
Горан Гавила го преживеа паѓањето од дванаесет метри, но сега
лежеше в кревет на интензивна нега, меѓу животот и смртта.
Неговата куќа беше под надзор, но само однадвор. Само двајца луѓе
влегуваа внатре. Специјалниот агент Стерн, кој ја замрзна својата
оставка поради случајот, и Мила.
Не бараа ништо, само се обидуваа да ги подредат настаните по
хронолошки редослед, да најдат одговори на единствените можни
прашања. Во кој миг едно смирено и урамнотежено човечко битие
како Горан Гавила почнал да го реализира својот смртоносен план?
Кога се ослободил нагонот за одмазда? Кога почнал својот бес да го
претвора во план?
Мила беше во работната соба кога слушна дека Стерн пребарува
низ соседната соба. Направил многу пребарувања во својата кариера.
Неверојатно е колку можат да откријат деталите од нечиј живот.
Додека го истражуваше засолништето во кое Гавила ги оформувал
своите теории, се обидуваше да не се вовлекува емоционално, да
води белешки за деталите, за малите навики кои можат, случајно, да
откријат нешто важно.
Горан ги чувал држачите за хартија во еден стаклен пепелник.
Моливите ги острел директно во кошницата за стара хартија. А на
масата држел рамка за фотографија, без фотографија во неа.
Таа празна рамка беше прозорецот во бездната на човекот кој Мила
мислеше дека може да го сака.
Мила го тргна погледот, плашејќи се да не ја обземе помислата.
Потоа ја отвори фиоката на страничниот дел од масата. Таму имаше
една папка. Ја зеде и ја стави врз оние кои веќе ги имаше прегледано.
Оваа беше поинаква, затоа што се чинеше дека се однесува на
последниот случај на кој работеше Гавила пред да стане приоритет

422
оној за исчезнатите момички.
Покрај документите, во папката имаше и серија аудио-касети.
Почна да ја чита содржината на документите; касетите ќе ги
преслуша доколку од нив се покаже дека треба да се направи тоа.
Тоа беше кореспонденцијата помеѓу директорот на еден затвор –
некој Алфонс Беренже – и канцеларијата на Јавниот обвинител. Таа
се однесуваше на чудното однесување на еден од затворениците кој
беше идентификуван само со својот затворски број.
РК-357/9.
Субјектот го нашле, неколку месеци претходно, двајца полицајци,
како талка низ ноќта некаде на село, сам и гол. Веднаш одбил да им
ги каже своите лични податоци на јавните службеници.
Испитувањето на отисоците од неговите прсти докажало само дека
нема криминално досие. Но, судијата го осудил поради недолично
однесување.
Се уште е на отслужување на казната.
Мила зеде една од аудио-касетите и се загледа во неа, обидувајќи се
да одгатне што би можела да содржи. Етикетата содржеше само
време и датум. Потоа го повика Стерн и накратко му раскажа што
открила.
„Но слушај што пишува директорот на затворот... ’Од моментот
кога стапна во казнената установа, затвореникот РК-357/9 никогаш
не покажа каков и да е знак на недисциплина, и секогаш ги почитува
затворските правила. Субјектот е сам во ќелија и не покажува желба
да се социјализира... Можеби поради тоа никој и не бил свесен за она
што само неодамна го забележа еден од чуварите. Затвореникот РК-
375/9 го брише и го трие секој предмет со кој ќе дојде во допир со
едно фирцано парче, секој ден ги собира сите влакна од косата, до
перфекција ги полира мијалникот, славините и тоалетот секогаш кога
ќе ги употреби’. Што мислиш?“
„Хм, не знам. Мојата жена е опседната со чистотата.“
„Но, слушај како продолжува: ’Јасно е дека имаме работа со некој
кој има манија за хигиена, или, уште поверојатно, со некој кој по
секоја цена се обидува да не остави зад себе „органски материјал.“

423
Оттаму, сериозно се сомневаме дека затвореникот РК-357/9 има
извршено некое особено тешко злосторство и сака да спречи да
земеме негова ДНК за да го идентификуваме’... Гледаш?“
Стерн зеде еден лист од купот пред неа и почна да чита. „Ова беше
во ноември... да не дознале нешто од неговата ДНК?“
„Се чини дека не можеле да го натераат да изврши тест, затоа што
тоа би било прекршување на неговите уставни права...“
„И, што направиле?“
„Се обиделе да земат малку кожа или коса со ненадејни инспекции
во неговата ќелија.“
„Дали го оставиле сам во ќелија?“
Мила брзо читаше, барајќи пасус во кој би прочитала нешто за
субјектот. Најде таков. „Еве, директорот пишува: ’Досега, субјектот
делеше ќелија со друг затвореник, што со сигурност му помогна да
ги измеша своите биолошки траги со другиот. Затоа, откако ја
откривме оваа навика, нашата прва мерка беше да го ставиме во
изолација’.“
„И, дали успеале да му земат ДНК или не?“
„Затвореникот очигледно бил поумен од нив, и секогаш ја оставал
својата ќелија совршено чиста. Но, тогаш забележале дека зборува
сам со себе и ја озвучиле неговата ќелија за да разберат што
зборува...“
„И што има доктор Гавила со тоа?“
„Не знам, веројатно побарале негово експертско мислење..“
Стерн остана малку замислен. „Можеби би требало да ги
преслушаме касетите.“
На малата масичка во работната соба имаше еден стар касетофон
кој Горан веројатно го користел за да ги снима своите усни
забелешки. Мила му подаде една од касетите на Стерн, кој отиде до
апаратот, ја стави касетата и таман сакаше да стисне на копчето за
емитување...
„Чекај.“
Изненаден, Стерн се сврти и ја погледна – таа беше побледена.
„Да му се сневиди!“

424
„Што не е во ред?“
„Името.“
„Кое име?“
„Името на затвореникот со кој ја делел ќелијата пред да биде
префрлен во самица.“
„Да?“
„Неговото име е Винсент... Винсент Кларисо.“

425
42

А лфонс Беренже беше шеесетгодишен човек со бебешко лице.


Се чинеше дека неговото црвено лице е составено само од
мрежа капилари. Секогаш кога ќе се насмееше, очите му се собираа
во два процепа. Дваесет и пет години беше управник на затворот и за
два месеца требаше да замине во пензија. Беше пасиониран рибар; во
аголот на својата канцеларија чуваше трска и шкаф со јадици и
конци. Тие наскоро ќе станат неговата главна окупација.
Беренже го сметаа за добар човек. За време на неговото управување
со затворот, не беа забележани сериозни епизоди на насилство. Со
затворениците имаше човечки однос, а неговите стражари многу
ретко употребуваа средства за принуда.
Алфонс Беренже беше атеист, но ја читаше Библијата. Веруваше во
втори шанси, и секогаш велеше дека секој поединец, ако сака, има
право на прочка. Какво злосторство и да сторил.
Имаше репутација на чесен човек и за себе мислеше дека живее во
мир со сиот свет. Но, веќе извесно време не можеше да спие мирно
навечер.
Неговата жена му велеше дека тоа е поради пензијата, но тој
знаеше дека причината не е во тоа. Она што му ги расипуваше
соништата беше помислата дека ќе мора да го ослободи затвореникот
РК-367/9 без да знае кој е и дали можеби сторил некакви страшни
злосторства.
„Овој човек е... апсурден“, и рече на Мила додека поминуваа низ
една од безбедносните врати, одејќи во крилото во кое беа самиците.
„Во која смисла?“
„Апсолутно е непоколеблив. Му ја запревме водата, надевајќи се
дека ќе престане да се мие. Тој почна темелно да се чисти со
крпчиња. И тие му ги конфискувавме. Почна да ја користи својата
униформа. Го теравме да го користи затворскиот прибор за јадење.
Тој престана да јаде.“
„И, што потоа?“

426
„Се разбира дека не можевме да го изгладнуваме! На сите наши
обиди тој одговараше со разоружувачка истрајност... или блага
решителност, изберете.“
„А научниците?“
„Поминаа три дни во таа ќелија, но не успеаја да најдат доволно
органски материјал за да ја утврдат неговата ДНК. И, се прашувам:
како е можно тоа? Сите ние губиме милиони ќелии секој ден, во вид
на ситни трепки или лушпи од кожата...“
Беренже ја имаше употребено сета своја рибарска трпеливост,
надевајќи се дека тоа би требало да е доволно. Но – не беше доволно.
Неговиот последен извор на надеж беше оваа полицајка која
ненадејно се појави тоа утро кажувајќи му приказна која беше толку
луда што звучеше како вистина.
Одејќи по долгиот коридор, дојдоа до една железна врата, обоена во
бело. Тоа беше самицата број 15.
Директорот погледна во Мила. „Дали сте сигурна?“
„За три дни овој човек ќе излезе одовде, и, имам чувство дека
никогаш веќе нема да го видиме. Значи, да, апсолутно сум сигурна.“
Тешката врата се отвори и веднаш се затвори зад неа. Мила го
направи првиот чекор во малиот универзум на затвореникот РК-
357/9.
Тој не беше онаков каков што таа замислуваше дека ќе биде според
идентификацискиот цртеж што го нацрта Никла Папакидис откако
навлезе во меморијата на Џозеф Б. Рокфорд. Освен еден детаљ.
Сивите очи.
Тој не беше висок човек. Беше тесен во рамената, а вратните коски
му беа испакнати. Портокаловата затворска униформа беше
преголема за него, толку што морал да ги завитка и ракавите и
ногавиците. Имаше многу малку коса и таа беше концентрирана од
двете страни на неговата глава.
Седеше на својот кревет на склопување, со челичен бокал во
рацете. Го бришеше со жолта крпа за прав. На креветот, наредени по
некој редослед, беа прибор за јадење, четка за заби и еден пластичен
чешел. Веројатно само што ги исполирал. Само малку ја крена

427
главата за да ја погледне Мила, продолжувајќи и понатаму со
полирањето.
Мила беше сигурна дека знае зошто е таа тука.
„Здраво“, му рече. „Дали ќе Ви пречи ако седнам малку?“
Тој пристојно кимна со главата, покажувајќи на столот покрај
ѕидот.
Единствениот звук во тој тесен простор беше упорното полирање
на металот со крпа. Типичните затворски звуци не допираа до
одделот со самици, правејќи ја осаменоста уште потешка. Но, се
чинеше дека тоа не му пречи на затвореникот РК-357/9.
„Сите овде се прашуваат кој сте“, почна Мила. „Мислам дека тоа
стана некој вид опсесија. Секако е така за директорот на затворот. А
и за канцеларијата на Јавниот обвинител. Другите затвореници
раскажуваат за вас како за легенда.“
Тој мирно гледаше во неа.
„Јас знам дека Вие сте личноста која ние ја викаме Алберт.
Личноста која ја бркаме.“
Човекот не реагираше.
„Вие бевте во фотелјата на Александер Берман во неговото
педофилско дувло. И се сретнавте со Роналд Дермис во религиозната
институција, во времето кога уште беше мало момче. Бевте во вилата
на Ивона Грес додека Фелдер ги касапеше жената и нејзините деца:
на ѕидот е вашата трага обиколена со крв. Бевте со Џозеф Б. Рокфорд
кога тој првпат изврши убиство во таа напуштена куќа... Тие беа
в а ш и следбеници. Вие го поттикнавте нивниот срам, бевте
инспирација за нивните зла, секогаш подучувајќи ги од сенка...“
Човекот продолжи да полира, не губејќи го ни за миг ритамот.
„Потоа, пред само четири месеца, решивте да дозволите да Ве
уапсат. Воопшто не се сомневам дека тоа го сторивте намерно. Во
затворот го запознавте Винсент Кларисо, вашиот цимер од ќелијата.
Имавте цел месец да го подучувате пред Кларисо да излезе од
затворот. Потоа Кларисо, само што излезе, почна да го остварува
вашиот план... киднапира шест деца, им ги ампутира левите раце и
ги оставаше нивните тела така за да се откријат сите оние ужаси за

428
кои никој порано не знаеше... Додека Винсент ја довршуваше својата
задача, Вие бевте овде. Така што никој нема да може да Ве обвини
Вас. Овие четири ѕида се совршено алиби... но Ваше ремек-дело
сепак е Горан Гавила.“
Мила извади од џебот една од аудио-касетите што ги најде во
работната соба на криминологот, и ја фрли на креветот. Човекот ја
гледаше како лета и како се спушта на неколку сантиметри од
неговата лева нога. Не се помрдна, не се ни обиде да ја избегне.
„Доктор Гавила никогаш Ве немаше видено, не Ве познаваше. Но,
Вие го знаевте него“
Мила почувствува дека срцето почнува побрзо да и чука. Тоа беше
и бес, и мака, и нешто друго.
„Најдовте начин да го контактирате, иако бевте в затвор. Тоа е
брилијантно – кога Ве ставија во самица, почнавте да зборувате сам
со себе како да сте некој кутар лудак, знаејќи дека ќе стават
микрофони во вашата ќелија за да може некој експерт да ги
преслуша снимките. Не некој стар експерт, туку некој кој е најдобар
во својата област...“
Мила покажа на касетата.
„Дали знаете дека ги ислушав сите? Часови и часови електронски
надзор... тие пораки не беа едноставно дрдорење. Тие беа за Горан...
’Убиј, убиј, убиј’... Тој Ви обрна внимание и, ги уби својата жена и
својот син. Ова беше случај кога пациентот работи врз својот
психијатар. Кажете ми само едно: како го правите тоа? Како
успевате? Брилијантен сте во тоа.“
Човекот или не го разбра нејзиниот сарказам, или не му беше
грижа. Всушност, изгледаше дека е љубопитен да го слушне
остатокот од приказната, затоа што не го симнуваше погледот од неа.
„Но, Вие не сте единствениот кој може да им влезе на луѓето во
умот... Неодамна научив многу за сериските убијци. Научив дека се
делат на четири категории: визионери, мисионери, хедонисти и луѓе
кои сакаат моќ... Но, има и петта категорија. Нив ги викаат
потсвесни убијци.“
Таа пребаруваше низ својот џеб, извади оттаму едно парче хартија

429
и го отвори.
„Најпознат е Чарлс Мејсон, кој ги инспирира членовите на
фамозната Фамилија да го направат масакрот во Сиело Драјв. Но, јас
мислам дека има два уште покарактеристични случаја...“ Почна да
чита. „Во 2005 година, Јапонец по име Фуџимацу успеа да убеди
осумнаесет луѓе од целиот свет, кои ги запознал преку чет-линиите
на интернет, да си ги одземат животите на денот на свети Валентин.
Различни по возраст, пол, финансиски статус и социјално потекло,
тие беа нормални мажи и жени, без какви и да било очигледни
проблеми.“
Погледна во затвореникот. „Како успеал сите да ги потчини
останува мистерија... но, слушајте, ова е едно од моите омилени: Во
1999 година, Роџер Блест од Акрон во Охајо уби шест жени. Кога
беше уапсен, на истражителите им кажал дека идејата била сугестија
на некојси Рудолф Мајгби. Судијата и поротата мислат дека се
обидува да помине како луд и го осудуваат на смртна казна која
треба да се изврши со инјекција. Во 2002 година, на Нов Зеланд, еден
неписмен работник по име Џери Хувер убива четири жени и потоа на
полицијата и вели дека тоа му го сугерирал некој Рудолф Мајгби.
Психијатарот на обвинението се потсетува на случајот од 1999
година и – со оглед на тоа дека не е веројатно Хувер да можел да
знае за случајот – открива дека човекот има колега по име Рудолф
Мајгби, кој живеел во Акрон, Охајо, во 1999 година.“ Повторно
погледна во човекот. „И, што велите? Дали гледате некои
сличности?“
Човекот ништо не вели. Неговиот бокал свети, но тој и понатаму не
е задоволен од резултатот.
„Еден ’потсвесен убиец’ не извршува злосторство во материјална
смисла на зборот. Тој не може да биде обвинет и не може да биде
казнет. Судењето на Чарл Мејсон резултираше со правен трик, а
смртната казна беше заменета со неколку доживотни казни затвор...
Некои психијатри ве нарекуваат шепнувачи, поради вашата
способност да импресионирате послаби личности од вас. Јас
претпочитам да ве викам волци... волците дејствуваат во глутница.

430
Секоја глутница има свој водач, и честопати, другите волци ловат за
него.“
Затвореникот РК-357/9 престана да го трие бокалот и го остави
покрај себе. Потоа ги стави рацете на колена, чекајќи што следува.
„Но Вие ги надминавте сите нив...“, Мила одмавна со главата.
„Нема ништо што укажува на вашата вмешаност во злосторствата
што ги извршија вашите следбеници. Без докази со кои можеме да
поведеме обвинение против Вас, наскоро ќе бидете слободен човек...
и никој нема да може да стори ништо.“
Мила длабоко воздивна. Гледаа еден во друг. „Срамота: само
доколку го знаевме Вашиот вистински идентитет, ќе станевте славен
и ќе влезевте директно во историјата. Во тоа Ве уверувам.“
Таа се наведна накај него, гласот одеднаш и стана прониклив и
заканувачки: „Во секој случај, јас ќе откријам кој сте.“
Станувајќи, таа од рацете ги истресе невидливите честици прав и
побрза кон излезот од ќелијата. Но, претходно, застана и уште
неколку секунди му посвети на човекот.
„Вашиот последен ученик не успеа: Винсент Кларисо не можеше да
го оствари вашиот план, затоа што детето број шест и понатаму е
живо ... што значи дека и Вие потфрливте.“
Ја проучуваше неговата реакција, и, за миг, помисли дека низ
неговото лице помина некаков израз, но тоа веднаш повторно стана
загадочно. „Ќе се видиме надвор.“
Му ја подаде раката. Тој беше изненаден, како да не го очекуваше
тоа. Долго ја проучуваше. Потоа ја крена млитавата рака и ја
прифати нејзината. При допирот на неговите меки прсти, Мила
почувствува одвратност.
Остави нејзината рака да се слизне од неговата.
Му го сврти грбот и отиде до железната врата. Чукна трипати и
почека, знаејќи дека неговите очи ја следат, и дека неговиот поглед ја
жеже на точката меѓу лопатките. Некој однадвор почна да го врти
клучот во бравата. Пред да се отвори вратата, затвореникот РК-357/9
првпат проговори.
„Момичка“, рече.

431
Мила се заврти накај него, не разбирајќи што сака да каже.
Затвореникот му се имаше повторно вратено на своето крпче и
повторно полираше еден друг сад.
Таа излезе, вратата се затвори зад неа, а Беренже тргна накај неа.
„И... дали успеавте?“
Мила кимна потврдно со главата. Ја подаде раката со која се
поздрави со затвореникот. Научниот експерт зеде неколку пинцети и
од нејзината рака внимателно го одвои проѕирниот филм во кој беа
заробени клетки од кожата на тој човек. За да ги зачува, веднаш го
стави филмот во епрувета со алкална течност.
„Сега ќе видиме кое е копилево.“

432
43

5 септември

Н ебото наместа беше испресечено со бели облаци кои само го


потенцираа неговото чисто синило. Да беа поблиску, облаците
ќе го засолнеа сонцето. Вака, само ги носеше ветерот.
Ваквото време долго траеше. Зимата отвори пат за летото, без
прекин. Беше топло.
Мила возеше со двата прозорци отворени, уживајќи во ветрето во
нејзината коса. Ја пушти косата да порасне, што беше само една од
малите промени што се случуваа во последно време. Другата беше
облеката што ја носеше. Ги имаше оставено фармерките и сега
носеше здолниште со цветен дезен.
На седиштето до неа се наоѓаше кутија со голема црвена панделка.
Подарокот го одбра без многу да размислува, затоа што сега целосно
се потпираше врз својот инстинкт.
Ја откри плодната непредвидливост на животот.
И се допаѓаше новиот тек на нештата. Но, сега проблем беше
каприциозноста на нејзините емоции. Некогаш ќе се фатеше како
замолкнува сред разговор, сред некоја работа, и – почнува да лее
солзи. Без некоја посебна причина, ја обземаше тоа чудно, но
пријатно чувство на тагување.
Веќе подолго се прашуваше дали ваквите емоции доаѓаат од оние
што постојано ја исполнуваа кога ќе почувствуваше налети на болка.
Сега знаеше. Но не сакаше да го знае полот на бебето.
„Момичка е.“
Мила избегнуваше да размислува за тоа, обидувајќи се да го
заборави целиот случај. Сега имаше поинакви приоритети. Тука беа
нападите на глад кои ги чувствуваше и премногу често и ненадејно,
но кои и додадоа малку женственост на нејзината фигура. Потоа,
тука беа и ненадејните, итни потреби да моча. И, конечно – ситните

433
клоцања во нејзиниот стомак, што неодамна почна да ги чувствува.
Благодарение на нив, учеше да мисли само на иднината.
Но, неизбежно, од време на време, мислите и бегаа назад кон
сеќавањата за настаните.
Еден вторник во месецот март, затвореникот РК-357/9 излезе од
затвор. Без име.
Но, трикот на Мила беше успешен.
Креп успеа да извади ДНК од клетките од неговиот епидерм, и тие
беа пратени до сите расположливи банки на податоци. Исто така, тие
беа споредени и со неидентификуваниот органски материјал останат
од нерешените случаи.
Ништо.
Можеби се уште не сме го откриле целиот план, си велеше Мила
во себе. Таквата можност ја загрижуваше.
Кога безимениот човек се најде повторно на слобода, полицијата во
почетокот го држеше под постојан надзор. Живееше во куќа што му
ја стави на располагање социјалната служба и – каква иронија – се
вработи како чистач во една голема стоковна куќа. Не откри за себе
ништо повеќе од она што веќе го знаеја. Така, со време, полициските
проверки престанаа. Повисоките функционери не беа подготвени да
плаќаат за часовите прекувремена работа, а доброволниот надзор
траеше само неколку недели. На крајот, се откажаа.
Мила внимаваше на него, но тоа и за неа стана исклучително
исцрпувачка задача. Откако откри дека е бремена, нејзините
проверки се проретчија.
Потоа, еден ден во средината на мај – тој исчезна.
Зад себе не остави никакви траги и никој не можеше ниту да
претпостави каде заминал. Мила првин беше многу лута, но потоа
откри дека чувствува некакво олеснување.
Полицајката која ги наоѓаше исчезнатите, во основа, сакаше овој
човек да исчезне.
Патоказот од нејзината десна страна го покажа патот кон
резиденцијалната област. Таа сврти.
Тоа беше убаво место. Дрворедите создаваа насекаде иста сенка,

434
како да не сакаа никој да биде навреден. Малите вили беа наредени
еднододруго, напред имаа земјиште и сите беа исти.
Насоките што на едно ливче ги напиша Стерн, завршуваа на
крстосницата пред неа. Ја намали брзината и погледна наоколу.
„Стерн, каде си, по ѓаволите?“, изговори во својот телефон.
Пред да и одговори, го забележа како со телефонот на уво, и мавта
од не многу далеку.
Го паркира автомобилот на местото што го посочи и излезе од него.
„Како се чувствуваш?“
„Освен мачнината, испотените нозе и трчањето в тоалет...
прилично добро.“
Тој ја прегрна: „Ајде, сите се одназад, во дворот.“
Беше чудно што го гледа без сако и без врска, со сини панталони и
кошула со цветен дезен, отпетлана на вратот. Да го немаше
неизбежниот мирис на мента, ќе беше речиси непрепознатлив.
Тој ја одведе Мила до градината од задната страна на куќата, каде
што сопругата на поранешниот специјален агент ја имаше поставено
масата. Таа побрза да ја прегрне.
„Здраво, Мари, прекрасно изгледаш!“
„Очигледно – цел ден сум дома!“, рече Стерн, смеејќи се.
Мари го плесна мажот си по задникот. „Замолчи и готви!“
Кога Стерн отиде накај скарата за да ги приготви колбасите и
парчињата пченка, и пристапи Борис со дополу испиено шише пиво
во раката. Ја прегрна Мила со своите силни раце и ја поткрена од
земјата. „Колку си се здебелила!“
„Ти си нашол да кажуваш!“
„Колку време ти требаше да стигнеш дотука?“
„Дали беше загрижен за мене?“
„Не, само бев гладен.“
Се насмеаја. Борис се беше здебелил како последица на многу
време поминато в стол по унапредувањето што го доби од Теренс
Моска. Веднаш по официјалното затворање на случајот, Роше
поднесе оставка, но претходно успеа да ’измолкне’ процедура за
своето повлекување која вклучуваше церемонија на доделување

435
медал и пофалница. Се зборуваше дека има намера да се вклучи во
политиката.
„Каков идиот сум јас – ја оставив кутијата во автомобилот!“, се сети
Мила. „Дали можеш да отидеш да ми ја донесеш, те молам?“
„Се разбира, веднаш ќе го сторам тоа.“ Штом Борис се тргна, таа
можеше да ги види и другите присутни.
Сандра седеше во својата инвалидска количка под црешата. Не
можеше да оди. Тоа се случи еден месец откако излезе од болницата.
Лекарите рекоа дека невролошката блокада е резултат на шок. Сега
беше на строга рехабилитација.
На местото каде што некогаш беше нејзината лева рака, сега имаше
протеза.
Покрај момичката стоеше татко и, Мајк. Мила го запозна Мајк кога
одеше да ја посети Сандра, и тој и се допадна. И покрај разделбата од
својата сопруга, тој, со љубов и посветеност, продолжи да се грижи
за својата ќерка. Сара Роза беше со нив. Многу се имаше променето.
Во затворот имаше загубено некој килограм, а косата многу брзо и
побелела. Доби голема казна – седум години затвор и отказ без
привилегии, што исто така значеше и дека нема да има право на
пензија. Беше на специјално отсуство. Недалеку од нив беше Дорис,
надзорничката која беше дојдена со неа. Таа ја поздрави Мила со
кимање на главата.
Сара Роза стана и дојде до неа. Се обиде да и се насмевне.
„Како си? Дали е се во ред со бременоста?“
„Најлошото нешто е облеката – големината постојано ми се менува,
а не заработувам доволно за да можам постојано да ја менувам
облеката. Еден ден ќе почнам да шетам во бањарка“
„Послушај ме: Уживај во овие мигови затоа што најлошото допрва
доаѓа. Првите три години, Сандра не ни дозволуваше око да
затвориме. Зар не е така, Мајк?“ И Мајк потврди.
Се среќаваа неколкупати. Но, никој никогаш не ја праша Мила кој е
татко на нејзиното дете. Господ знае како ќе реагираа да знаеја дека
носи дете на Горан.
Криминологот и понатаму беше во кома.

436
Мила само еднаш отиде да го посети. Го виде од зад стаклената
преграда, но успеа да издржи само неколку секунди и веднаш си
замина.
Последното нешто што и го кажа пред да се фрли во длабочината,
беше дека ги убил затоа што ги сакал. Тоа, неоспорно, беше логика
на некој кој го оправдува злото со љубов. А за Мила тоа беше
неприфатливо.
Во една друга пригода, Горан изјави: Мислиме дека знаеме се за
луѓето, а всушност не знаеме ништо...
Таа мислеше дека зборува за својата жена, и за тие зборови
размислуваше како за банална вистина, која не е сосема соодветна за
нивото на неговата интелигенција. Додека не се најде вовлечена во
она што го кажал. А токму таа повеќе од сите луѓе ќе го разбереше.
Таа која му рече: Затоа што доаѓам од темница. И, одвреме-навреме,
морам да се вратам во темницата.
Горан премногу често ја посетувал истата таа темница. Но, еден
ден, кога се вратил од неа, мора оттаму нешто да тргнало по него.
Нешто што никогаш потоа не го напуштило.
Борис се врати со подарокот.
„Зошто толку се задржа?“
„Не можев да ја затворам вратата на таа твоја стара крнтија. Би
требало да купиш нов автомобил.“
Мила ја зеде кутијата и и ја даде на Сандра.
„Еј, среќен роденден!“
Се наведна да ја бакне. Сандра секогаш се радуваше да ја види
Мила.
„Мама и тато ми подарија ај-под“
И го покажа. А Мила рече: „Фантастично. Сега можеме да слушаме
малку добар рок.“
Мајк не се согласи: „Јас би го претпочитал Моцарт.“
„Јас најмногу ги сакам Колдплеј“, рече Сандра.
Заедно го отворија подарокот на Мила. Тоа беше сомотско палто со
различни фарбели и копчиња.
„Вау!“, извика славеничката кога ја препозна етикетата на

437
прочуениот дизајнер.
„Дали ова вау значи дека ти се допаѓа?“
Сандра потврди со насмевка, не симнувајќи го погледот од палтото.
„Ајде да јадеме“, рече Стерн.
Седнаа на масата во сенката на тремот. Мила забележа дека Стерн
и неговата жена постојано си кажуваат нешто и се допираат како да
се млади љубовници. За доброто на својата ќерка, Сара Роза и Мајк ја
играа улогата на добри родители. Но тој, исто така, беше многу
внимателен и кон Сара. Борис цело време раскажуваше шеги и се
смееја толку многу што полицајката Дорис се засркна со храна. Тоа
беше пријатен и безгрижен ден. А Сандра веројатно, барем за малку,
заборави на својата состојба. Доби многу подароци и дуваше 13
свеќички на тортата од чоколада и од кокос.
Со ручекот завршија некаде по три часот. Дувкаше тивко ветре,
предизвикувајќи кај нив желба да легнат на тревата и да поспијат.
Жените ја раскренаа масата, но жена му на Стерн ја ослободи Мила
од обврската поради нејзината бременост. Таа ја искористи можноста
да дојде кај Сандра под сенката на црешата. Со малку напор, успеа
дури и да седне наземи, до количката на Сандра.
„Убаво е овде“, рече момичката. Потоа ја погледна мајка си како
носи валкани чинии и се насмеа: „Би сакала овој ден никогаш да не
заврши. Многу ми недостасуваше мајка ми.“
Употребата на имперфектот откриваше многу. Сандра зборуваше за
чувствата од времето пред да отиде в затвор нејзината мајка.
Зборуваше за она што го преживеа.
Мила многу добро знаеше дека овие мали навестувања се обид на
момичката да стави ред во минатото. Мораше да ги среди чувствата и
да да го надмине стравот кој, без оглед на тоа што сето тоа веќе беше
минато, уште многу години ќе живее во неа.
Еден ден, двете можеби ќе можат да разговараат за она што се
случи. Мила размислуваше дали на момичката да и ја раскаже
својата приказна. Можеби тоа ќе помогне. Имаа многу заеднички
нешта.
Првин најди ги сите зборови што ни се потребни, малечка, имаме

438
многу време пред нас.
Мила чувствуваше нежност кон Сандра. По еден час, Сара Роза пак
ќе замине в затвор. И секојпат разделбата ќе биде голем стрес и за
мајката и за ќерката.
„Решив да ти доверам една тајна“, рече, за да ја оттргне од мислите.
„Но, ќе ти ја кажам само тебе... Сакам да ти кажам кој е таткото на
моето дете.“
Сандра се насмеа. „Сите знаат.“
Мила за миг беше шокирана од изненаденост, а потоа двете почнаа
да се смеат.
Борис ги гледаше од далечина и на Стерн му рече само: „Жени.“
Кога конечно престанаа да се смеат, Мила се чувствуваше многу
подобро. Уште еднаш ги имаше потценето оние кои ја сакаат,
создавајќи проблем онаму каде што го нема. Всушност, нештата
некогаш беа толку едноставни.
„Тој чекаше некого...“, рече Сандра со сериозен глас. Мила разбра
дека таа зборува за Винсент Кларисо.
„Знам“, едноставно рече.
„Тој требаше да дојде и да ни се придружи.“
„Тој човек бил в затвор. Но, ние не го знаевме тоа. Имавме и име за
него, дали знаеше? Го викавме Алберт.“
„Не, Винсент не го викаше така...“
Низ лисјата задува топол ветар, но тоа не помогна Мила да не
почувствува како ненадејно ја облева студенило. Полека се заврти
накај Сандра и се соочи со погледот на нејзините големи очи кои
гледаа во неа, без да биде свесна Сандра за она што го рекла во тој
миг.
„Не...“, повтори смирено момичката. „Тој го викаше Френки.“
Тоа совршено попладне, сонцето сјаеше. Птиците пееја во дрвјата, а
воздухот беше исполнет со полен и со прекрасни мириси. Тревата
беше примамлива. Мила никогаш нема да го заборави мигот кога
откри дека со Сандра има многу повеќе заеднички нешта отколку
што можела и да претпостави. Па сепак, тие сличности секогаш
постоеле, и секогаш биле директно пред нејзините очи.

439
Тој секогаш земал момички, никогаш момчиња.
И Стив повеќе сакаше момички.
Тој одбираше семејства.
А, исто како и неа, и Сандра беше единица.
На секоја и ја сече левата рака.
Таа ја скрши левата рака кога падна по скалите.
Првите две беа посестрими.
Сандра и Деби. Како таа и Грациела пред многу години.
„Со она што го прават, сериските убијци се обидуваат да ни
раскажат некоја приказна“, еднаш рече Горан.
Секој детаљ ја враќаше во минатото, принудувајќи ја да се соочи со
ужасната вистина.
Вашиот последен ученик не успеа: Винсент Кларисо не можеше да
го оствари вашиот план, затоа што детето број шест и понатаму
е живо... што значи дека и Вие потфрливте.
Па, сепак, тоа не беше случајно. И тоа беше вистинскиот финален
потфат на Френки.
Сето тоа беше поради неа.
Некое движење зад неа ја врати назад од мислите. Мила погледна
во својот голем стомак. Се бореше да не мисли дали и тоа беше дел
од планот на Френки.
Господ молчи, помисли. Ѓаволот шепоти.
А сонцето и понатаму сјаеше тоа совршено попладне. Птиците не
се изморија од пеење на своите песни во круните на дрвјата, а
воздухот и понатаму беше исполнет со полен и со прекрасни мириси.
Тревата и понатаму мамеше.
Околу неа, и насекаде, светот ја имаше истата порака.
Дека секогаш се е исто како и порано.
Се.
Освен Френки.
Кој се врати, за да исчезне повторно во широките пространства на
сенката.

440
Белешка на авторот

К риминалистичката литература почна да се занимава со темата


на „шепнувачите“ за време на процутот на култовите и на
сектите, но има тешкотии да ја утврди дефиницијата за „шепнувач“
што би можела да се користи во судски процеси, затоа што е тешко
да се докаже постоењето сугестија.
Додека, од една страна, не постои директна причинска поврзаност
меѓу виновникот и шепнувачот, не е возможно да се дефинира
злосторство за кое вториот може да е одговорен. „Поттикнувањето
криминална активност“ обично е премногу слабо за да доведе до
казна. Активноста на овие психолошки контролори вклучува
комуникација на потсвесно ниво, кое не внесува злосторнички
намери во психата на посредникот, туку ја акшивира темната страна
– присутна во помалку или повеќе латентна форма кај секој од нас –
која потоа доведува до извршување сурови злосторства.
Честопати се цитира случајот Офелбек од 1986 година: една
домаќинка која добила серија анонимни телефонски повици и која,
потоа, го убила целото свое семејство ставајќи отров за глувци во
нивната супа.
Секој кој ќе си ги изгнаси рацете со ужасни злосторства, честопати
сака да ја сподели одговорноста со некој глас, со визија или со
замислен лик. Од тие причини, многу е тешко да се утврди кога
ваквите манифестации никнуваат од вистинската состојба на
психоза, а кога се дело на некој скриен шепнувач.
Меѓу изворите што ги користам во романот, покрај прирачниците
од криминологија, форензичка психијатрија и текстови од легалната
медицина, цитирам и проучувања на Еф-Би-Ај, организација со чија
заслуга се собрани највредните податоци што се однесуваат на
сериски убијци и насилен криминал.
Многу од случаите забележани на овие страници навистина се
случиле. За некои од нив, имињата на луѓето и на местата се
променети затоа што истрагите за нив се уште не се завршени или,

441
пак, не се одржани судењата.
Истражните и форензичарските техники опишани во романов се
вистински, и покрај тоа што во определени околности си зедов
слобода да ги адаптирам на потребите на приказнава.

442
Признанија

М нозина мислат дека пишувањето е самостојна авантура. Но,


вистината е дека мнозинството, иако несвесно, придонесуваат
во создавањето на приказната. Тоа се оние кои, во месеците додека
книгата созреваше, се грижеа за мене, кои ме поддржуваа и ме
охрабруваа, и кои, на овој или на оној начин, се дел од мојот живот.
Со надеж дека уште долго ќе останат со мене, би сакал да им се
заблагодарам:
– на Луиџи и Даниела Бернабо, за времето и за посветеноста и на
книгата и на нејзиниот автор. За нивните скапоцени совети кои ми
помогнаа да созреам како писател, помагајќи ми да ги дотерам
стилот и ефикасноста на овие страници. И за тоа што ги вложија
своите срца во тоа. Доколку овие зборови стигнале до вашите очи,
знајте дека тоа најмногу им го должам ним. Ви благодарам. Ви
благодарам. Ви благодарам;
– на Стефано и на Кристина Маури, кои го вложија своето име во
мене, и кои до крајот веруваа во мене;
– на Фабрицио, мојот „шепнувач“ за неговите принципиелни
совети, за неговата љубезна непопустливост и за тоа што ги сакаше
секоја страница и секој збор;
– на Отавио, пријател каков што секој би сакал да има до себе цел
свој живот. На Валентина, која навистина е посебна. На малите Кјара
и Џија, за чувствата со коишто ме исполнуваат;
– на Џанмауро и на Микаела, надевајќи се дека ќе бидам близу до
нив тогаш кога тоа навистина ќе е важно. И на Клаудија, мојата
светлина;
– на Масимо и на Роберта, за нивната поддршка и за нивното
искрено пријателство.
– на Мишел, мојот прв и најдобар пријател. Добро е што знам дека
тој секогаш ќе биде таму кога ќе ми треба. И добро е што и тој знае
дека и јас сум, исто така, тука;
– на Луиза, за нејзините заразни насмевки и за песните што ги пее

443
гласно ноќе, додека се возиме низ улиците на Рим;
– на Дарија, за судбината што ми ја подари. За начинот на кој го
гледа светот и што прави да го гледам и јас со нејзините очи;
– на Марија де Белис, која ги негуваше моите детски сништа.
Доколку сум писател, тоа и го должам и неа;
– на Уски, мојот „компањон“ кому му нема рамен;
– на Алфредо, компањон во илјадници авантури, со карактер како
вулкан;
– на Акиле, кој не е тука... но кој секогаш е тука;
– на Пјетро Валсеки и на Камила Незбит, и на цел Твду;
Им се заблагодарувам на сите во агенцијата Бернабо, кои ги следеа
првите фази на овој роман. И на сите пријатели кои го читаа уште од
почеток и, со своите скапоцени совети, ми помогнаа да го подобрам;
На целото мое големо семејство. На оние кои се и на оние кои беа...
и на оние кои ќе бидат;
На брат ми Вито. Првите очи што ја здогледаа оваа приказна, како и
многуте други. Дури и ако не можете да ја чуете, музиката на овие
страници му припаѓа нему. И на Барбара, која го прави среќен;
На моите родители, за она што ме научија и за она што ме оставија
да научам сам. За она што сум, и за она што ќе бидам;
На сестра ми Кјара, која верува во своите сништа, и во моите. Без
неа, мојот живот ќе беше страшно празен;
На сите кои дојдоа до крајот на овие страници. Со надеж дека сум
им подарил емоција.

Дел од приходите од книгава, ќе бидат доброволен прилог за


здружението кое се занимава со присвојување од далечина.

Донато Каризи

444
1 Песничка за деца од предучилишна возраст, веројатно народна
песна, што се игра и се пее на поголем простор, на отворено или во
просторија. Првпат се појавила во 1881 година, но се соопштува дека
нејзина верзија била испеана уште во 1790 година (заб. на прев.).
2 е-Вау (i-Baj) – американска интернет компанија што се занимава
со онлајн аукции и со продавање (заб. на прев.).
3 Уред за сателитска навигација (заб. на прев.).
4 Митолошки: име за крилести, како ветар брзи чудовишта
(половина девојки, а половина птици грабливки), симболи за
ненаситна лакомост, затоа што грабале со што ќе стигнеле (заб.на
прев).

445

Вам также может понравиться