Вы находитесь на странице: 1из 1

Текст за на веб страна

Збирката „Македонија во Втората светска војна“

Збирката „Македонија во Втората светска војна“ (1941-1945) ја сочинуваат музејски


предмети кои се живи сведоци на народно-ослободителната и антифашистичката борба на
македонскиот народ која се одвивала како дел од глобалната Втора светска војна. Повеќе
хетeрoгени историски материјали, сместени во постојаната поставка и депо на музејот,
класифирани во категории: оружје и воена опрема, лични фондови (легати), печатени книги и
весници, архивски збирки-документи, филателистички добра, фотографии, картографски
материјал и дополнителен материјал ја обликуваат музејската збирка со цел реалистична
илустрација на конкретниот временски период. Збирката нуди можност посетителот да се
запознае со носечките идеи на народнореволуционерната борба, како визијата за национално
ослободување и самоопределување на македонскиот народ, социјалната правда, желбата за
слобода и човековите права. Преку сториите за дел од најзначаните предводници на
партизанското движње - херои и хероини кои со својата челична храброст се втемелени во
државноста се доближуваат историскате вистини и целиот контраст кој со себе го носат војните.
Во музејската нарација претставена е и позицијата и активноста на Комунистичката партија на
Југославија, односно Покраинскиот Комитет на Комунистичката Партија во Македонија, како
доминантен политички фактор во процесот на мобилизација и обедување на народните маси,
како и делувањето на македонскиот народ во ослободителните движења во Бугарија, Грција.
Преку автентични историски документи и фотографии во експозицијата се истакнува најголемата
специфика на македонската народноослободителната борба, илинденската традиција.Токму како
резултат на целиот отпор, во виорот на воените дејствувања кога само еден мал дел од западна
Македонија бил ослободен, на еден од најголемите христијански празници Илинден со
одржување на Првото заседание на Антифашистичко собрание на народното ослободување на
Македонија (АСНОМ) и се удрени темелите на современата македонска држава. Овој настан од
1944 г. во македонската историја е именуван и како втор Илинден.

На крајот од антифашистичкиот отпор и народноослободителната војска повеќе од 24.000


цивилни жртви и борци се втемелија во македонската државност и во победата на човештвото. Со
Втората светска војна македонското прашање беше парцијално решено, по што следеше период
на нови премрежја кои го одбележаа патот на независноста.

Вам также может понравиться